телефонски разговор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/telefonski-razgovor/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 08:21:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png телефонски разговор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/telefonski-razgovor/ 32 32 По Пентагон, и Москва потврди дека имало телефонски разговор Остин – Белоусов, детали не се откриваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-pentagon-i-moskva-potvrdi-deka-imalo-telefonski-razgovor-ostin-belousov-detali-ne-se-otkrivaat/ Sat, 13 Jul 2024 10:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=796327

Министерите за одбрана на САД и на Русија, Лојд Остин и Андреј Белоусов вчера имале телефонски разговор, потврдија двете страни без да соопштат детали, пренесува ДПА.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека телефонскиот разговор бил „инициран од руска страна“, а Белоусов и Остин се осврнале „на прашањето за спречување на безбедносни закани и намалување на ризикот од потенцијална ескалација“.

Пентагон, пак, објави дека „секретарот (Остин) ја истакнал важноста од одржување на линиите на комуникација во услови на тековната војна на Русија против Украина“.

Остин и Белоусов има телефонски разговор и на 25 јуни.

Новиот контакт меѓу Вашингтон и Москва следува по најава на Германија и САД оваа недела на Самитот на НАТО дека постигнале договор за стационирање американски ракети со долг дострел на германска територија, почнувајќи од 2026 година. Тоа ќе биде првпат такво оружје да биде стационирано во Германија од крајот на Студената војна.

Оружјето на САД треба да вклучува крстосувачки ракети Томахавк со дострел до 2.500 километри способни да напаѓаат цели длабоко во Русија, како и ракети за воздушна одбрана СМ-6 и новоразвиено хиперсонично оружје.

Руските власти жестоко реагираа на објавата, обвинувајќи ги Германија и Соединетите Американски Држави дека ги зголемуваат тензиите и го туркаат светот кон нова трка во вооружување.

The post По Пентагон, и Москва потврди дека имало телефонски разговор Остин – Белоусов, детали не се откриваат appeared first on Република.

]]>

Министерите за одбрана на САД и на Русија, Лојд Остин и Андреј Белоусов вчера имале телефонски разговор, потврдија двете страни без да соопштат детали, пренесува ДПА. Руското Министерство за одбрана соопшти дека телефонскиот разговор бил „инициран од руска страна“, а Белоусов и Остин се осврнале „на прашањето за спречување на безбедносни закани и намалување на ризикот од потенцијална ескалација“. Пентагон, пак, објави дека „секретарот (Остин) ја истакнал важноста од одржување на линиите на комуникација во услови на тековната војна на Русија против Украина“. Остин и Белоусов има телефонски разговор и на 25 јуни. Новиот контакт меѓу Вашингтон и Москва следува по најава на Германија и САД оваа недела на Самитот на НАТО дека постигнале договор за стационирање американски ракети со долг дострел на германска територија, почнувајќи од 2026 година. Тоа ќе биде првпат такво оружје да биде стационирано во Германија од крајот на Студената војна. Оружјето на САД треба да вклучува крстосувачки ракети Томахавк со дострел до 2.500 километри способни да напаѓаат цели длабоко во Русија, како и ракети за воздушна одбрана СМ-6 и новоразвиено хиперсонично оружје. Руските власти жестоко реагираа на објавата, обвинувајќи ги Германија и Соединетите Американски Држави дека ги зголемуваат тензиите и го туркаат светот кон нова трка во вооружување.

The post По Пентагон, и Москва потврди дека имало телефонски разговор Остин – Белоусов, детали не се откриваат appeared first on Република.

]]>
Телефонски разговор Ципрас-Заев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/telefonski-razgovor-tsipras-zaev/ Mon, 13 May 2024 18:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=777727

Важноста што ја имаат доследното придржување до Договорот од Преспа и соработката на двете земји, како за европската перспектива на Македонија, така и за мирот и стабилноста на Западен Балкан во период на големи тензии во регионот, ја истакнале поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев во нивниот денешен телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас и Заев разговарале за политичкиот случувања кај нас, а освен важноста на Договорот од Преспа, според информациите на МИА од Атина, посочиле и „колку е лицемерен и опасен националистичкиот популизам што се разви и на двете страни“.

Паралелно се договориле во следниот период да преземат заеднички иницијативи за поддршка и имплементација на Договорот од Преспа, за унапредување на односите меѓу народите на Грција и Македонија и за мирот и стабилноста во поширокиот регион.

The post Телефонски разговор Ципрас-Заев appeared first on Република.

]]>

Важноста што ја имаат доследното придржување до Договорот од Преспа и соработката на двете земји, како за европската перспектива на Македонија, така и за мирот и стабилноста на Западен Балкан во период на големи тензии во регионот, ја истакнале поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев во нивниот денешен телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас и Заев разговарале за политичкиот случувања кај нас, а освен важноста на Договорот од Преспа, според информациите на МИА од Атина, посочиле и „колку е лицемерен и опасен националистичкиот популизам што се разви и на двете страни“. Паралелно се договориле во следниот период да преземат заеднички иницијативи за поддршка и имплементација на Договорот од Преспа, за унапредување на односите меѓу народите на Грција и Македонија и за мирот и стабилноста во поширокиот регион.  

The post Телефонски разговор Ципрас-Заев appeared first on Република.

]]>
Зеленски ѝ се заблагодари на Франција за нејзината непоколеблива поддршка во телефонскиот разговор со Макрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-se-zablagodari-na-frantsija-za-nejzinata-nepokolebliva-poddrshka-vo-telefonskiot-razgovor-so-makron/ Sat, 10 Feb 2024 16:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=742589

Претседателот на Украина и на Франција, Володимир Зеленски и Емануел Макрон во денешниот телефонски разговор ја истакнаа „потребата на Киев“ за оружје и муниција.

Потребите на Украина вклучуваат беспилотни летала, артилерија и муниција, електронски одбранбени системи и системи за противвоздушна одбрана, објави Зеленски на платформата Икс.

Според Зеленски, разговорот со Макрон бил „многу позитивен и конкретен“ и ѝ се за заблагодари на Франција за нејзината „непоколеблива поддршка“.

Елисејската палата соопшти дека Макрон ја повторил „решеноста на Франција да ја обезбеди сета потребна поддршка, долгорочна и со сите свои партнери, за Украина да го победи рускиот агресор“.

Макрон и Зеленски разговараа и за билатералниот договор за одбрана што Франција и Украина размислуваат да го склучат наскоро, по неодамнешниот договор на Киев со Велика Британија.

The post Зеленски ѝ се заблагодари на Франција за нејзината непоколеблива поддршка во телефонскиот разговор со Макрон appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина и на Франција, Володимир Зеленски и Емануел Макрон во денешниот телефонски разговор ја истакнаа „потребата на Киев“ за оружје и муниција.
Потребите на Украина вклучуваат беспилотни летала, артилерија и муниција, електронски одбранбени системи и системи за противвоздушна одбрана, објави Зеленски на платформата Икс.
Според Зеленски, разговорот со Макрон бил „многу позитивен и конкретен“ и ѝ се за заблагодари на Франција за нејзината „непоколеблива поддршка“. Елисејската палата соопшти дека Макрон ја повторил „решеноста на Франција да ја обезбеди сета потребна поддршка, долгорочна и со сите свои партнери, за Украина да го победи рускиот агресор“. Макрон и Зеленски разговараа и за билатералниот договор за одбрана што Франција и Украина размислуваат да го склучат наскоро, по неодамнешниот договор на Киев со Велика Британија.

The post Зеленски ѝ се заблагодари на Франција за нејзината непоколеблива поддршка во телефонскиот разговор со Макрон appeared first on Република.

]]>
Телефонски разговор Ердоган-Зеленски https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/telefonski-razgovor-erdogan-zelenski/ Sat, 21 Oct 2023 13:53:02 +0000 https://republika.mk/?p=693644

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски телефонски разговарале за случувањата на Блискиот Исток, јавува Анадолија.

Како што се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Турција, двајцата лидери разговарале за војната што Русија ја води во Украина, израелско-палестинскиот конфликт и хуманитарната криза во регионот.

Ердоган посочи дека е можно по мирен пат да се решат конфликтите во регионот, вклучително и израелско-палестинскиот конфликт. Тој рече дека Турција ќе продолжи да ги вложува сите можни напори за да го постигне тоа. ссм/

The post Телефонски разговор Ердоган-Зеленски appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски телефонски разговарале за случувањата на Блискиот Исток, јавува Анадолија. Како што се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Турција, двајцата лидери разговарале за војната што Русија ја води во Украина, израелско-палестинскиот конфликт и хуманитарната криза во регионот. Ердоган посочи дека е можно по мирен пат да се решат конфликтите во регионот, вклучително и израелско-палестинскиот конфликт. Тој рече дека Турција ќе продолжи да ги вложува сите можни напори за да го постигне тоа. ссм/  

The post Телефонски разговор Ердоган-Зеленски appeared first on Република.

]]>
Телефонски разговор Османи- Ал Сауд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/telefonski-razgovor-osmani-al-saud/ Mon, 15 May 2023 14:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=641058

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, Неговото Височество Принц Фаисал бин Фархан Ал Сауд.

Во фокусот на разговорите беа можностите за продлабочување на билатералните односи, со посебен осврт на економската соработка и трговските врски. Воедно, Османи се заблагодари за неодамнешната евакуација од Судан на четири државјани на Македонија, како знак на солидарност и потврда на пријателството меѓу двете земји.

Соговорниците се осврнаа на состојбите во Блискиот Исток, при што Османи ги поздрави континуираните заложби на Саудиска Арабија во насока на постигнување решение на ситуацијата во Јемен.

Воедно, беа разменети мислења и за соработката меѓу двете земји на мултилатерален план, како и за актуелните надворешно-политички прашања и состојби.

Во ноември минатата година Османи оствари прва официјална посета на Саудиска Арабија, каде акцентот беше поставен на презентација на поволностите кои земјава ги нуди за странски инвеститори.

The post Телефонски разговор Османи- Ал Сауд appeared first on Република.

Ковачевски – Зеленски: Македонија ќе продолжи со воена и хуманитарна поддршка на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-zelenski-makedonija-ke-prodolzhi-so-voena-i-humanitarna-poddrshka-na-ukraina/ Mon, 09 Jan 2023 11:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=594914

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во телефонски разговор со претседателот на Украина Володимир Зеленски ја пренесе поддршката на Македонија за украинскиот народ во бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина, соопшти владината прес-служба.

Војната која Русија ја започна пред речиси една година е флагрантно кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН. Украина е независна и суверена држава со целосно располагање на својот територијален интегритет. Агресијата која Русија ја врши е за најсилна осуда, бидејќи освен прекршување на нормите, таа предизвикува и големо човечко страдање и ја влошува глобалната економија, истакнал Ковачевски.

Во разговорот станало збор и за досегашната помош и поддршка која Македонија ја обезбедува за Украина. Претседателот Зеленски ја истакнал благодарноста до македонскиот народ за сета досегашна помош и поддршка. Македонија, било нагласено на средбата, и како НАТО членка ќе продолжи со помош за Украина на сите потребни начини.

Особен фокус на разговорот бил развојот на настаните на воениот фронт, како и улогата на ОБСЕ во можностите за прекин на војната. Како премиер на земја претседавач на ОБСЕ, Ковачевски најавил дека ќе ја посети Украина.

The post Ковачевски – Зеленски: Македонија ќе продолжи со воена и хуманитарна поддршка на Украина appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во телефонски разговор со претседателот на Украина Володимир Зеленски ја пренесе поддршката на Македонија за украинскиот народ во бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина, соопшти владината прес-служба. Војната која Русија ја започна пред речиси една година е флагрантно кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН. Украина е независна и суверена држава со целосно располагање на својот територијален интегритет. Агресијата која Русија ја врши е за најсилна осуда, бидејќи освен прекршување на нормите, таа предизвикува и големо човечко страдање и ја влошува глобалната економија, истакнал Ковачевски. Во разговорот станало збор и за досегашната помош и поддршка која Македонија ја обезбедува за Украина. Претседателот Зеленски ја истакнал благодарноста до македонскиот народ за сета досегашна помош и поддршка. Македонија, било нагласено на средбата, и како НАТО членка ќе продолжи со помош за Украина на сите потребни начини. Особен фокус на разговорот бил развојот на настаните на воениот фронт, како и улогата на ОБСЕ во можностите за прекин на војната. Како премиер на земја претседавач на ОБСЕ, Ковачевски најавил дека ќе ја посети Украина.

The post Ковачевски – Зеленски: Македонија ќе продолжи со воена и хуманитарна поддршка на Украина appeared first on Република.

]]>
Пендаровски телефонски разговарал со советникот на државниот секретар на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-telefonski-razgovaral-so-sovetnikot-na-drzavniot-sekretar-na-sad/ Wed, 14 Dec 2022 18:28:20 +0000 https://republika.mk/?p=585714

Претседателот Стево Пендаровски денеска телефонски разговарал со Дерек Шоле, советникот на државниот секретар на САД, Антони Блинкен.

Пендаровски на Фејсбук објави дека со Шоле разговарале за евроинтегративните процеси на земјава, за борбата против организираниот криминал и корупција, како и за ситуацијата во регионот.

Советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, требаше денеска, како што првично беше најавено од Стејт депратментот, да дојде во Скопје, но поради позитивен ковид-тест, ја одложи посетата по Нова година.

Шоле во земјава требаше да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.

Освен Макеоднија, во програмата на Шоле беа и посетите на Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија. Целта на посетите, како што информираа од Стејт департментот, е да се нагласи трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот.

The post Пендаровски телефонски разговарал со советникот на државниот секретар на САД appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска телефонски разговарал со Дерек Шоле, советникот на државниот секретар на САД, Антони Блинкен. Пендаровски на Фејсбук објави дека со Шоле разговарале за евроинтегративните процеси на земјава, за борбата против организираниот криминал и корупција, како и за ситуацијата во регионот. Советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, требаше денеска, како што првично беше најавено од Стејт депратментот, да дојде во Скопје, но поради позитивен ковид-тест, ја одложи посетата по Нова година. Шоле во земјава требаше да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот. Освен Макеоднија, во програмата на Шоле беа и посетите на Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија. Целта на посетите, како што информираа од Стејт департментот, е да се нагласи трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот.

The post Пендаровски телефонски разговарал со советникот на државниот секретар на САД appeared first on Република.

]]>
Путин телефонски разговараше со Макрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-telefonski-razgovarashe-so-makron/ Tue, 22 Mar 2022 19:44:36 +0000 https://republika.mk/?p=476850

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со францускиот колега Емануел Макрон, соопшти Кремљ.

Разговорот е одржан на иницијатива на шефот на француската држава.

Путин и Макрон разговарале за ситуацијата во Украина, како и напредокот на актуелните преговори меѓу руските и украинските претставници, се додава во соопштението на Кремљ.

The post Путин телефонски разговараше со Макрон appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со францускиот колега Емануел Макрон, соопшти Кремљ. Разговорот е одржан на иницијатива на шефот на француската држава. Путин и Макрон разговарале за ситуацијата во Украина, како и напредокот на актуелните преговори меѓу руските и украинските претставници, се додава во соопштението на Кремљ.

The post Путин телефонски разговараше со Макрон appeared first on Република.

]]>
Телефонски разговор Османи – Ле Дриан: Јасни и недвосмислени пораки за поддршка од страна на Франција за подготвеност за почеток на преговорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/telefonski-razgovor-osmani-le-drian-jasni-i-nedvosmisleni-poraki-za-poddrshka-od-strana-na-francija-za-podgotvenost-za-pochetok-na-pregovorite/ Thu, 17 Mar 2022 11:46:17 +0000 https://republika.mk/?p=474273

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари телефонски разговор со Жан-Ив Ле Дриан, министер за Европа и надворешни работи на Француската Република.

Во фокус на разговорот беше европското досие на Македонија, во светло на актуелното француско претседателство со Советот на Европската Унија и во таа насока за потенцијалите на ова претседателство за напредок во нашите европски интеграции. Стана збор и за текот на политичкиот дијалог со Република Бугарија и секако состојбите во Украина и како истите се рефлектираат на земјите од Западен Балкан, врз стабилноста и безбедноста на регионот и Европа во целост.

Министерот Османи му честиташе на својот француски колега, Ле Дриан за лидерството на француското претседателство со Унијата во овие тешки времиња, при што нагласи дека обединетоста на ЕУ го охрабри целиот демократски свет, а особено земјите во регионот. За време на телефонскиот разговор беа добиени јасни и недвосмислени пораки за поддршка од страна на Франција; пораки за нашата подготвеност за почеток на преговорите, како и за улогата на Франција во овој процес.

За време на разговорот Османи го информираше Ле Дриан дека Македонија постигна 100% усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика и во тој контекст потенцираше дека европската перспектива на земјата и регионот е суштински придонес за одржлива регионална и европска стабилност.

The post Телефонски разговор Османи – Ле Дриан: Јасни и недвосмислени пораки за поддршка од страна на Франција за подготвеност за почеток на преговорите appeared first on Република.

Заврши телефонскиот разговор Шолц – Макрон – Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zavrshi-telefonskiot-razgovor-sholc-makron-putin/ Sat, 12 Mar 2022 16:35:05 +0000 https://republika.mk/?p=471765

Германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателот на Франција, Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин денеска имаа телефонски разговараа за Украина.

За време на 75-минутниот разговор федералниот канцелар и францускиот претседател повикаа на итен прекин на огнот во Украина и да почне да се бара дипломатско решение за конфликтот, се наведува во соопштението на германската Влада, при што се наведува дека било договорено да не се изнесуваат повеќе детали за телефонскиот разговор.

Во соопштението на Кремљ се истакнува дека тројцата лидери разговарале за прашања поврзани со договорите што се разработуваат за исполнување на барањата на Русија за Украина.

Претседателот на Русија детално зборуваше за серијата разговори меѓу руските и украинските претставници, кои се одржаа изминатите денови во видео формат. Во таа насока, лидерите на трите земји разговараа за некои прашања поврзани за изработката на договори за спроведување на познатите руски барања. Договорено е да се продолжат контактите за украинските прашања, се посочува во соопштението на Кремљ.

Исто така се наведува дека Путин апелирал Макрон и Шолц да влијаат врз акциите на Киев против цивилното население.

Конкретно, беа наведени бројни факти за грубо кршење на меѓународното хуманитарно право од страна на украинските безбедносни сили, вонсудска репресија на противниците, земање заложници и употреба на цивили како жив штит, поставување тешко оружје во станбени области во близина на болници, училишта, градинки и слично, соопшти Кремљ.

The post Заврши телефонскиот разговор Шолц – Макрон – Путин appeared first on Република.

Телефонски разговор меѓу Путин и Шолц https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/telefonski-razgovor-megju-putin-i-sholc/ Wed, 09 Mar 2022 17:37:10 +0000 https://republika.mk/?p=470251

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц за дипломатските напори за прекин на непријателствата во Украина и воспоставување хуманитарни коридори.

Британските медиуми го пренесуваат соопштените на Кремљ во кое се наведува дека Путин и Шолц разговарале за последната рунда разговори меѓу Киев и Москва и дека двајцата лидери се договориле да продолжат со контактите за ова прашање.

Кремљ, истотака, наведува дека Путин на германскиот канцелар му кажа дека украинските националисти се обидуваат да го попречат безбедното евакуирање на цивилите.

Посебно внимание беше посветено на хуманитарните аспекти на ситуацијата во Украина и републиките во Донбас. Рускиот претседател го информираше германскиот канцелар за мерките за организирање хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од областите на борбени операции и за обидите на милитантите од националистичките единици да го попречат безбедното евакуирање на луѓето, се додава во соопштението.

The post Телефонски разговор меѓу Путин и Шолц appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц за дипломатските напори за прекин на непријателствата во Украина и воспоставување хуманитарни коридори. Британските медиуми го пренесуваат соопштените на Кремљ во кое се наведува дека Путин и Шолц разговарале за последната рунда разговори меѓу Киев и Москва и дека двајцата лидери се договориле да продолжат со контактите за ова прашање. Кремљ, истотака, наведува дека Путин на германскиот канцелар му кажа дека украинските националисти се обидуваат да го попречат безбедното евакуирање на цивилите.
Посебно внимание беше посветено на хуманитарните аспекти на ситуацијата во Украина и републиките во Донбас. Рускиот претседател го информираше германскиот канцелар за мерките за организирање хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од областите на борбени операции и за обидите на милитантите од националистичките единици да го попречат безбедното евакуирање на луѓето, се додава во соопштението.

The post Телефонски разговор меѓу Путин и Шолц appeared first on Република.

]]>
Телефонски разговор Мицотакис – Зеленски, Грција испраќа медицински материјал во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/telefonski-razgovor-micotakis-zelenski-grcija-isprakja-medicinski-materijal-vo-ukraina/ Sat, 26 Feb 2022 11:35:25 +0000 https://republika.mk/?p=464265

Целосна поддршка од Грција за Украина и подготвеност да се испрати помош доколку е потребно изразил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис до украинскиот претседател Володимир Зеленски во нивниот денешен телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Министерството за здравство за Грција испраќа медицински материјал за Украина.

Мицотакис повторил дека Грција уште од самиот почеток ги поддржала строгите санкции на Европската Унија против Русија и изразил подготвеност Грција да ѝ пружи помош на Украина во областите за кои ќе биде побарано.

Претседателот на Украина, според кабинетот на Мицотакис, му се заблагодарил на грчкиот премиер за јасната позиција на Грција и „побарал да продолжи поддршката во рамките на ЕУ“.

Дополнително, грчкиот премиер остварил телефоонски разговор и со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел и се согласиле „да останат целосно координирани на ниво на Европската Унија за пружање секаква можна помош до Украина и украинскиот претседател“.

The post Телефонски разговор Мицотакис – Зеленски, Грција испраќа медицински материјал во Украина appeared first on Република.

]]>

Целосна поддршка од Грција за Украина и подготвеност да се испрати помош доколку е потребно изразил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис до украинскиот претседател Володимир Зеленски во нивниот денешен телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Министерството за здравство за Грција испраќа медицински материјал за Украина. Мицотакис повторил дека Грција уште од самиот почеток ги поддржала строгите санкции на Европската Унија против Русија и изразил подготвеност Грција да ѝ пружи помош на Украина во областите за кои ќе биде побарано. Претседателот на Украина, според кабинетот на Мицотакис, му се заблагодарил на грчкиот премиер за јасната позиција на Грција и „побарал да продолжи поддршката во рамките на ЕУ“. Дополнително, грчкиот премиер остварил телефоонски разговор и со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел и се согласиле „да останат целосно координирани на ниво на Европската Унија за пружање секаква можна помош до Украина и украинскиот претседател“.

The post Телефонски разговор Мицотакис – Зеленски, Грција испраќа медицински материјал во Украина appeared first on Република.

]]>
Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/telefonski-razgovor-na-pretsedatelot-pendarovski-so-ser-stjuart-pich-specijalen-pretstavnik-na-obedinetoto-kralstvo-za-zapaden-balkan/ Tue, 04 Jan 2022 14:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=440550

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за Западен Балкан, соопштија од неговиот кабинет.

Честитајќи му за назначувањето на функцијата, претседателот Пендаровски оцени дека именувањето на специјален претставник за Западен Балкан од страна на премиерот Борис Џонсон е јасна потврда за посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Во разговорот, беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици во регионот, како и за штетните последици од високата корупција и организираниот криминал врз економскиот и демократскиот развој на регионот.

Специјалниот претставник Пич најави скорешна посета на Република Македонија.

The post Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан appeared first on Република.