телефони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/telefoni/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 11:10:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png телефони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/telefoni/ 32 32 Нема телефони за време на состанок во холандската Влада, страв им е да не ги шпионираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nema-telefoni-za-vreme-na-sostanok-vo-holandskata-vlada-strav-im-e-da-ne-gi-shpioniraat/ Fri, 23 Aug 2024 11:10:44 +0000 https://republika.mk/?p=809424

Новиот холандски министерски тим е принуден да ги чува телефоните и паметните часовници во трезорот кога ќе се состанат да разговараат за државните работи, изјави денеска холандскиот премиер и поранешен шпион Дик Шуф.

Паметните телефони, таблетите и другите поврзани уреди, како што се паметните часовници, мора да бидат ставени во трезорот за време на официјалните состаноци, вклучително и неделниот Совет на министри. Заканата од шпионажа отсекогаш постоела. Електронски уреди, паметни телефони, iPad... сите тие се микрофони. Странските сили се заинтересирани да дознаат повеќе за холандските работи „и вие сакате да го спречите тоа“, изјави Шуф за јавниот радиодифузен сервис НОС.

Мерката е во сила откако тој ја презеде функцијата на почетокот на јули.

Премиерот додаде дека дозволува паузи за министрите да одат да си ги проверат телефоните.

Во претходната холандска Влада, паметните телефони беа забранети само кога се разговараше за одредени безбедносни теми, објави вчера холандскиот дневен весник АД.

Чувствителноста на Шуф за безбедносни и шпионски ризици не е изненадување. Пред да го преземе раководството на холандската Влада, тој беше најстариот државен службеник во холандското Министерство за правда и безбедност. Меѓу 2018 и 2020 година тој ги водеше и холандските разузнавачки служби. Пред тоа беше национален координатор на државата за борба против тероризмот.

The post Нема телефони за време на состанок во холандската Влада, страв им е да не ги шпионираат appeared first on Република.

]]>

Новиот холандски министерски тим е принуден да ги чува телефоните и паметните часовници во трезорот кога ќе се состанат да разговараат за државните работи, изјави денеска холандскиот премиер и поранешен шпион Дик Шуф. Паметните телефони, таблетите и другите поврзани уреди, како што се паметните часовници, мора да бидат ставени во трезорот за време на официјалните состаноци, вклучително и неделниот Совет на министри. Заканата од шпионажа отсекогаш постоела. Електронски уреди, паметни телефони, iPad... сите тие се микрофони. Странските сили се заинтересирани да дознаат повеќе за холандските работи „и вие сакате да го спречите тоа“, изјави Шуф за јавниот радиодифузен сервис НОС. Мерката е во сила откако тој ја презеде функцијата на почетокот на јули. Премиерот додаде дека дозволува паузи за министрите да одат да си ги проверат телефоните. Во претходната холандска Влада, паметните телефони беа забранети само кога се разговараше за одредени безбедносни теми, објави вчера холандскиот дневен весник АД. Чувствителноста на Шуф за безбедносни и шпионски ризици не е изненадување. Пред да го преземе раководството на холандската Влада, тој беше најстариот државен службеник во холандското Министерство за правда и безбедност. Меѓу 2018 и 2020 година тој ги водеше и холандските разузнавачки служби. Пред тоа беше национален координатор на државата за борба против тероризмот.

The post Нема телефони за време на состанок во холандската Влада, страв им е да не ги шпионираат appeared first on Република.

]]>
На овие телефонски броеви можете да пријавите повреда на избирачкото право https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-ovie-telefonski-broevi-mozhete-da-prijavite-povreda-na-izbirachkoto-pravo/ Tue, 23 Apr 2024 11:30:58 +0000 https://republika.mk/?p=769712

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре среда – 24 април, 2024 г., од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на Република Македонија, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Исто така, утре на денот на изборите дежурства ќе има и во Подрачните канцеларии:Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

The post На овие телефонски броеви можете да пријавите повреда на избирачкото право appeared first on Република.

]]>

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре среда – 24 април, 2024 г., од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на Република Македонија, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. Освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза). Исто така, утре на денот на изборите дежурства ќе има и во Подрачните канцеларии:Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488. Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

The post На овие телефонски броеви можете да пријавите повреда на избирачкото право appeared first on Република.

]]>
Царина поднесе кривични пријави за случајот со мобилните телефони, цариникот доби и суспензија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsarina-podnese-krivichni-prijavi-za-sluchajot-so-mobilnite-telefoni-tsarinikot-dobi-i-suspenzija/ Fri, 22 Mar 2024 14:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=757481

Секторот за контрола и истраги при Царинската управа поднесе кривична пријава против правното лице и управителот поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Царинска измама“ по член 278-а став 2 в.в. со став 1 од Кривичниот законик.

Исто така, Секторот за професионална одговорност при Царинската управа поднесе кривична пријава против царински службеник поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353, став 4 в.в. со став 1 од Кривичниот законик.

Кривичната пријава против правното лице и управителот е поднесена поради основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Царинска измама“, на начин што пријавениот се обидел да увезе стока што се разликува од стоката во царинската декларација која била оцаринета и со тоа нанел штета на Буџетот на РМ.

Кривичната пријава против царинскиот службеник е поднесена поради сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, на начин што со неизвршување на својата службена должност, не постапил согласно важечките закони и прописите на Царинската управа и овозможил наплата на царински и други давачки во помал износ отколку што реално требало да се наплати и со тоа нанел штета на Буџетот на РМ.
Исто така, против царинскиот службеник е поднесена суспензија на работното место.

Царинската управа испраќа јасна порака дека има искрени заложби во борбата за нулта толеранција за криминалот и корупцијата и дека секој што се огрешил пред Законот мора да одговора!

The post Царина поднесе кривични пријави за случајот со мобилните телефони, цариникот доби и суспензија! appeared first on Република.

]]>

Секторот за контрола и истраги при Царинската управа поднесе кривична пријава против правното лице и управителот поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Царинска измама“ по член 278-а став 2 в.в. со став 1 од Кривичниот законик. Исто така, Секторот за професионална одговорност при Царинската управа поднесе кривична пријава против царински службеник поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353, став 4 в.в. со став 1 од Кривичниот законик. Кривичната пријава против правното лице и управителот е поднесена поради основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Царинска измама“, на начин што пријавениот се обидел да увезе стока што се разликува од стоката во царинската декларација која била оцаринета и со тоа нанел штета на Буџетот на РМ. Кривичната пријава против царинскиот службеник е поднесена поради сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, на начин што со неизвршување на својата службена должност, не постапил согласно важечките закони и прописите на Царинската управа и овозможил наплата на царински и други давачки во помал износ отколку што реално требало да се наплати и со тоа нанел штета на Буџетот на РМ. Исто така, против царинскиот службеник е поднесена суспензија на работното место. Царинската управа испраќа јасна порака дека има искрени заложби во борбата за нулта толеранција за криминалот и корупцијата и дека секој што се огрешил пред Законот мора да одговора!

The post Царина поднесе кривични пријави за случајот со мобилните телефони, цариникот доби и суспензија! appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Дали директорот на Царина дозволил шверц на 1.200 кг скапи телефони? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-dali-direktorot-na-tsarina-dozvolil-shverts-na-1-200-kg-skapi-telefoni/ Thu, 14 Mar 2024 14:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=754671

Дали директорот на Царина, Стефан Богоев дозволил шверц на 1.200 кг скапи телефони? Зошто Царина молчи за скандал од стотици илјади евра, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, комбе полно со скапи телефони, со тежина од 1.200 кг е фатено на автопатот Петровец – Скопје откако веќе ја поминало Царината која евидентирала дека истото превезува друга стока, а не телефони.

Да не била акцијата на полицијата 1.200 кг скапи телефони ќе завршеле на црниот пазар. Доколку се направи едноставна математика и се земе дека во комбето имало само 1.200 телефони, кои би се продавале по цена од 500 до 1.000 евра се доаѓа до сума од над половина милион до еден милион евра. Тоа е сериозен криминал, кој очигледно е правен во содејство со власта, обвинуваат од најголемата опозициска партија.

Уште пред два дена, Царинската управа соопшти дека на ден 11.03.2024 година во попладневните часови, на патниот правец Петровец – Скопје од страна на СВР Скопје е извршен претрес на патничко моторно возило, кое превезувало разна стока, увозно оцаринета на ЦИ Аеродном Скопје, поради сомневање дека во возилото се превезуваат наркотични средства.

Контролата е извршена со асистенција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и царинско куче. Притоа не се пронајдени наркотични средства, но констатирани се неправилности во однос на пријавената стока по увозната декларација и фактичката состојба на стоката во возилото.

Со цел да се изврши детална контрола, возилото е пломбирано и привремено задржано заедно со стоката со вкупна тежина од 1.2 тони. За прегледот е побарана асистенција и од крим полиција, а за случајот е известено и надлежното основно јавно обвинителство. Откако ќе се изврши детална контрола и ќе се утврди фактичката состојба, ќе бидат покренати соодветни постапки, информираа од Царината.

Скопската полиција соопшти извршила голема заплена на мобилни телефони од моделите на iPhone и Samsung,

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-tsarina-pominala-pratka-so-dva-tona-mobilni-telefoni-shvertsot-sinoka-go-otkri-i-go-sprechi-skopskata-politsija/

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дали директорот на Царина дозволил шверц на 1.200 кг скапи телефони? appeared first on Република.

]]>

Дали директорот на Царина, Стефан Богоев дозволил шверц на 1.200 кг скапи телефони? Зошто Царина молчи за скандал од стотици илјади евра, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, комбе полно со скапи телефони, со тежина од 1.200 кг е фатено на автопатот Петровец – Скопје откако веќе ја поминало Царината која евидентирала дека истото превезува друга стока, а не телефони.
Да не била акцијата на полицијата 1.200 кг скапи телефони ќе завршеле на црниот пазар. Доколку се направи едноставна математика и се земе дека во комбето имало само 1.200 телефони, кои би се продавале по цена од 500 до 1.000 евра се доаѓа до сума од над половина милион до еден милион евра. Тоа е сериозен криминал, кој очигледно е правен во содејство со власта, обвинуваат од најголемата опозициска партија.
Уште пред два дена, Царинската управа соопшти дека на ден 11.03.2024 година во попладневните часови, на патниот правец Петровец – Скопје од страна на СВР Скопје е извршен претрес на патничко моторно возило, кое превезувало разна стока, увозно оцаринета на ЦИ Аеродном Скопје, поради сомневање дека во возилото се превезуваат наркотични средства.

Контролата е извршена со асистенција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и царинско куче. Притоа не се пронајдени наркотични средства, но констатирани се неправилности во однос на пријавената стока по увозната декларација и фактичката состојба на стоката во возилото.

Со цел да се изврши детална контрола, возилото е пломбирано и привремено задржано заедно со стоката со вкупна тежина од 1.2 тони. За прегледот е побарана асистенција и од крим полиција, а за случајот е известено и надлежното основно јавно обвинителство. Откако ќе се изврши детална контрола и ќе се утврди фактичката состојба, ќе бидат покренати соодветни постапки, информираа од Царината.

Скопската полиција соопшти извршила голема заплена на мобилни телефони од моделите на iPhone и Samsung, https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-tsarina-pominala-pratka-so-dva-tona-mobilni-telefoni-shvertsot-sinoka-go-otkri-i-go-sprechi-skopskata-politsija/

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дали директорот на Царина дозволил шверц на 1.200 кг скапи телефони? appeared first on Република.

]]>
На Царина поминала пратка со два тона мобилни телефони, шверцот синоќа го откри и го спречи скопската полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-tsarina-pominala-pratka-so-dva-tona-mobilni-telefoni-shvertsot-sinoka-go-otkri-i-go-sprechi-skopskata-politsija/ Tue, 12 Mar 2024 11:00:45 +0000 https://republika.mk/?p=753980

Скопската полиција синоќа спречила шверц на 2 тони мобилни телефони од Марките Iphone и Samsung.

Случајот, како што објави Курир, е пријавен кај мобилна Царина и кај надлежен Јавен обвинител.

На потег е Царината да истражи како оваа огромна пратка нелегално е помината преку граница.

The post На Царина поминала пратка со два тона мобилни телефони, шверцот синоќа го откри и го спречи скопската полиција appeared first on Република.

]]>

Скопската полиција синоќа спречила шверц на 2 тони мобилни телефони од Марките Iphone и Samsung. Случајот, како што објави Курир, е пријавен кај мобилна Царина и кај надлежен Јавен обвинител. На потег е Царината да истражи како оваа огромна пратка нелегално е помината преку граница.

The post На Царина поминала пратка со два тона мобилни телефони, шверцот синоќа го откри и го спречи скопската полиција appeared first on Република.

]]>
Албанија забранува користење телефони за учениците и за наставниците за време на настава https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanija-zabranuva-koristene-telefoni-za-uchenitsite-i-za-nastavnitsite-za-vreme-na-nastava/ Sat, 19 Aug 2023 15:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=673729

Албанија забранува употреба на мобилни телефони, за време на настава, во основните и средните училишта и за учениците и за наставниот кадар.

-За елиминирање на масовната појава на употреба на мобилни телефони за време на наставата, Министерствата за образование  и за финансии, потпишаа заедничка наредба, која има за цел забрана на  користењето мобилни телефони на учениците од предуниверзитетското образовани. Истото се однесува и за просветните работници, јавија медиумите.

Тоа значи дека, за разлика од претходната наредба, која речиси и не се почитуваше,  овојпат забраната не е наменета само за учениците, туку и за самите наставници кои ќе работат внатре во училиштето.

Документот  е потпишан од министрката за образование Евис Куши и за финансии Делина Ибрахимај.

- Институциите надлежни за предуниверзитетско образование и управите на учклиштата да преземат мерки за спроведување на наредбата за забрана на употреба на мобилни телефони за време на наставниот процес. Мерките за забрана за користење на мобилни телефони во текот на процесот на учење треба да се вметнат во интерната регулатива на предуниверзитетската образовна установа, стои во уредбата.

Во случај да не се почитува наредбата и да се користи мобилен телефон од страна на ученици или наставници во просториите на училиштето, управата на установата ќе го одземе мобилниот телефон а  ќе примени и дисциплински мерки.

Училиштата се задолжени со оваа мерка навреме да ги запознаат родителите на децата до средината на идниот месец, кога почнува новата учебна година

The post Албанија забранува користење телефони за учениците и за наставниците за време на настава appeared first on Република.

]]>

Албанија забранува употреба на мобилни телефони, за време на настава, во основните и средните училишта и за учениците и за наставниот кадар.
-За елиминирање на масовната појава на употреба на мобилни телефони за време на наставата, Министерствата за образование  и за финансии, потпишаа заедничка наредба, која има за цел забрана на  користењето мобилни телефони на учениците од предуниверзитетското образовани. Истото се однесува и за просветните работници, јавија медиумите.
Тоа значи дека, за разлика од претходната наредба, која речиси и не се почитуваше,  овојпат забраната не е наменета само за учениците, туку и за самите наставници кои ќе работат внатре во училиштето. Документот  е потпишан од министрката за образование Евис Куши и за финансии Делина Ибрахимај.
- Институциите надлежни за предуниверзитетско образование и управите на учклиштата да преземат мерки за спроведување на наредбата за забрана на употреба на мобилни телефони за време на наставниот процес. Мерките за забрана за користење на мобилни телефони во текот на процесот на учење треба да се вметнат во интерната регулатива на предуниверзитетската образовна установа, стои во уредбата.
Во случај да не се почитува наредбата и да се користи мобилен телефон од страна на ученици или наставници во просториите на училиштето, управата на установата ќе го одземе мобилниот телефон а  ќе примени и дисциплински мерки. Училиштата се задолжени со оваа мерка навреме да ги запознаат родителите на децата до средината на идниот месец, кога почнува новата учебна година

The post Албанија забранува користење телефони за учениците и за наставниците за време на настава appeared first on Република.

]]>
Ирски град се обединува во обидот да забрани паметни телефони за деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/irski-grad-se-obedinuva-vo-obidot-da-zabrani-pametni-telefoni-za-detsa/ Sun, 04 Jun 2023 14:42:45 +0000 https://republika.mk/?p=647678

Родителите во ирскиот град Грејстоунс се здружија за да им кажат на своите деца дека не можат да имаат паметен телефон до средно училиште. Здруженијата на родители низ осумте основни училишта во областа усвоија слоган без паметни телефони за да претставуваат обединет фронт против детското лобирање.

Многу е полесно да се каже не. Колку подолго можеме да ја зачуваме нивната невиност, толку подобро“, вели Лора Борн, која има дете во основно училиште.

Училиштата и родителите во Каунти Виклоу ја презедоа иницијативата минатиот месец поради загриженоста дека паметните телефони поттикнуваат анксиозност и ги изложуваат децата на материјал за возрасни. Тоа е редок пример цел град да презема заеднички активности за тоа прашање.

Доброволниот пакт е да се задржат паметните телефони на децата – дома, во училиште, насекаде – додека не влезат во средно училиште. Се надеваат дека ако се примени на сите деца во областа, ќе се намали притисокот од врсниците и ќе ја намали секоја огорченост.

Детството станува се пократко и пократко. Деветгодишните деца почнаа да бараат паметни телефони“, вели Рејчел Харпер, директорка на училиштето Сент Патрик, која ја предводи иницијативата.

Претходно училиштата ги забрануваа или ограничуваа уредите на нивна основа, но сепак го видоа ефектот на социјалните мрежи врз децата кои имаат телефони, но и како тоа ја поттикна љубопитноста на другите ученици.

Политиката ширум градот ја намалува можноста детето да има врсник со паметен телефон и родителите можат да го претстават слоганот како училишно правило. Тие го сакаат тоа – сега можат да ги обвинат училиштата, вели Харпер.

Иницијативата привлече интерес од здруженијата на родители во Ирска и во странство и го поттикна ирскиот министер за здравство, Стивен Донели, кој живее во близина на Грејстоунс, да ја препорача како политика на национално ниво.

Ирска може да биде и мора да биде светски лидер во обезбедувањето дека децата и младите нема да бидат цел и да не бидат повредени од нивните интеракции со дигиталниот свет. Мораме да им олесниме на родителите да ја ограничат содржината на која се изложени нивните деца“, напиша тој во „Ајриш тајмсs“ оваа недела.

Харпер вели дека пактот Грејстоунс произлегол од децата кои покажуваат нивоа на анксиозност само делумно што се припишуваат на адаптацијата од ерата на Ковид.

Училиштата дистрибуираа прашалници меѓу родителите, што доведе до состанок на засегнатите страни во заедницата и иницијатива наречена „потребно е село“. Не сите родители ќе им одбијат паметен телефон на нивните деца од основно училиште. Тоа е доброволно, но доволно се пријавиле за да создадат чувство на критична маса. Се надевам дека по линијата ќе стане нова норма, вели Харпер.

Ники Бари, која има 11-годишно дете во основно училиште, вели дека ударот бил моментален.

Овој слоган прави голема разлика во мојот живот. Ако знам дека 90% од класот се согласуваат, тоа ми ја олеснува работата да кажам не“, вели таа.

Бари сака договорот да се прошири на раните години од средното училиште со оглед на ефектот на паметниот телефон врз нејзиното 13-годишно дете.

Тоа беше пропаст на мојот живот, ја изгубив ќерка ми. Кога е вклучена технологијата, тие седат таму како роботи зафатени во овој свет на ТикТок или што и да е, вели Бери.

Десетгодишната Џејн Капатина, ученичка на Свети Патрик, прифатила да нема паметен телефон најмалку уште две години.

Би сакала едно, би сакал да им праќам пораки на моите пријатели. Но, не сакам да станам зависна од тоа“, вели таа.

Нејзината осумгодишна сестра Рејчел го одобрува пактот.

Фер е ако никој не може да го има“, вели таа.

The post Ирски град се обединува во обидот да забрани паметни телефони за деца appeared first on Република.

]]>

Родителите во ирскиот град Грејстоунс се здружија за да им кажат на своите деца дека не можат да имаат паметен телефон до средно училиште. Здруженијата на родители низ осумте основни училишта во областа усвоија слоган без паметни телефони за да претставуваат обединет фронт против детското лобирање.
Многу е полесно да се каже не. Колку подолго можеме да ја зачуваме нивната невиност, толку подобро“, вели Лора Борн, која има дете во основно училиште.
Училиштата и родителите во Каунти Виклоу ја презедоа иницијативата минатиот месец поради загриженоста дека паметните телефони поттикнуваат анксиозност и ги изложуваат децата на материјал за возрасни. Тоа е редок пример цел град да презема заеднички активности за тоа прашање. Доброволниот пакт е да се задржат паметните телефони на децата – дома, во училиште, насекаде – додека не влезат во средно училиште. Се надеваат дека ако се примени на сите деца во областа, ќе се намали притисокот од врсниците и ќе ја намали секоја огорченост.
Детството станува се пократко и пократко. Деветгодишните деца почнаа да бараат паметни телефони“, вели Рејчел Харпер, директорка на училиштето Сент Патрик, која ја предводи иницијативата.
Претходно училиштата ги забрануваа или ограничуваа уредите на нивна основа, но сепак го видоа ефектот на социјалните мрежи врз децата кои имаат телефони, но и како тоа ја поттикна љубопитноста на другите ученици.
Политиката ширум градот ја намалува можноста детето да има врсник со паметен телефон и родителите можат да го претстават слоганот како училишно правило. Тие го сакаат тоа – сега можат да ги обвинат училиштата, вели Харпер.
Иницијативата привлече интерес од здруженијата на родители во Ирска и во странство и го поттикна ирскиот министер за здравство, Стивен Донели, кој живее во близина на Грејстоунс, да ја препорача како политика на национално ниво.
Ирска може да биде и мора да биде светски лидер во обезбедувањето дека децата и младите нема да бидат цел и да не бидат повредени од нивните интеракции со дигиталниот свет. Мораме да им олесниме на родителите да ја ограничат содржината на која се изложени нивните деца“, напиша тој во „Ајриш тајмсs“ оваа недела.
Харпер вели дека пактот Грејстоунс произлегол од децата кои покажуваат нивоа на анксиозност само делумно што се припишуваат на адаптацијата од ерата на Ковид.
Училиштата дистрибуираа прашалници меѓу родителите, што доведе до состанок на засегнатите страни во заедницата и иницијатива наречена „потребно е село“. Не сите родители ќе им одбијат паметен телефон на нивните деца од основно училиште. Тоа е доброволно, но доволно се пријавиле за да создадат чувство на критична маса. Се надевам дека по линијата ќе стане нова норма, вели Харпер.
Ники Бари, која има 11-годишно дете во основно училиште, вели дека ударот бил моментален.
Овој слоган прави голема разлика во мојот живот. Ако знам дека 90% од класот се согласуваат, тоа ми ја олеснува работата да кажам не“, вели таа.
Бари сака договорот да се прошири на раните години од средното училиште со оглед на ефектот на паметниот телефон врз нејзиното 13-годишно дете.
Тоа беше пропаст на мојот живот, ја изгубив ќерка ми. Кога е вклучена технологијата, тие седат таму како роботи зафатени во овој свет на ТикТок или што и да е, вели Бери.
Десетгодишната Џејн Капатина, ученичка на Свети Патрик, прифатила да нема паметен телефон најмалку уште две години.
Би сакала едно, би сакал да им праќам пораки на моите пријатели. Но, не сакам да станам зависна од тоа“, вели таа.
Нејзината осумгодишна сестра Рејчел го одобрува пактот.
Фер е ако никој не може да го има“, вели таа.

The post Ирски град се обединува во обидот да забрани паметни телефони за деца appeared first on Република.

]]>
Намалена продажбата на мобилни телефони во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/namalena-prodazbata-na-mobilni-telefoni-vo-svetot/ Mon, 25 Jul 2022 08:55:05 +0000 https://republika.mk/?p=532867

Во светот, во вториот квартал од годината продадени се 316 милиони паметни телефони или девет проценти помалку во споредба со истиот период од 2021 година. Падот на продажбата се должи на инфлацијата и другите економски пречки, се наведува во извештајот на аналитичката компанија „Каналис“ (Canalys).

И покрај вкупниот пад, продажбата на паметни телефони на „Епл“ (Apple) и на „Самсунг“ (Samsung) и понатаму се на првите две места по продажба.

„Самсунг“ сè уште е број еден во светот и по вториот квартал од 2022 година има најголем пазарен удел во однос на испораките на паметни телефони, со 21 отсто, што е зголемување од 18 проценти во споредба со истото тримесечје од 2021 година, додека втор е „Епл“ со пазарен удел од 17 отсто, исто така зголемен, од минатогодишните 14 проценти.

Меѓу првите пет добавувачи кои бележат пад од три до еден отсто на продажбата се „Шаоми“ (Xiaomi), „Опо“ (Oppo) и „Виво“ (Vivo). „Шаоми“ минатата година имаше 17 отсто удел на пазарот, а годинава 14, додека „Опо“ од 11 падна на 10, а „Виво“ од 10 на девет проценти.

Според аналитичарите на „Каналис“, прекумерната понуда на телефони од средна класа и цена, доведува до трупање на резерви поради тоа што купувачите поради инфлацијата купуваат телефони со пониски цени и се очекува продавачите да ги засилат промоциите и специјалните понуди во наредните месеци за да ја поттикнат продажба и пред периодот на празници кон крајот на годината.

The post Намалена продажбата на мобилни телефони во светот appeared first on Република.

]]>

Во светот, во вториот квартал од годината продадени се 316 милиони паметни телефони или девет проценти помалку во споредба со истиот период од 2021 година. Падот на продажбата се должи на инфлацијата и другите економски пречки, се наведува во извештајот на аналитичката компанија „Каналис“ (Canalys). И покрај вкупниот пад, продажбата на паметни телефони на „Епл“ (Apple) и на „Самсунг“ (Samsung) и понатаму се на првите две места по продажба. „Самсунг“ сè уште е број еден во светот и по вториот квартал од 2022 година има најголем пазарен удел во однос на испораките на паметни телефони, со 21 отсто, што е зголемување од 18 проценти во споредба со истото тримесечје од 2021 година, додека втор е „Епл“ со пазарен удел од 17 отсто, исто така зголемен, од минатогодишните 14 проценти. Меѓу првите пет добавувачи кои бележат пад од три до еден отсто на продажбата се „Шаоми“ (Xiaomi), „Опо“ (Oppo) и „Виво“ (Vivo). „Шаоми“ минатата година имаше 17 отсто удел на пазарот, а годинава 14, додека „Опо“ од 11 падна на 10, а „Виво“ од 10 на девет проценти. Според аналитичарите на „Каналис“, прекумерната понуда на телефони од средна класа и цена, доведува до трупање на резерви поради тоа што купувачите поради инфлацијата купуваат телефони со пониски цени и се очекува продавачите да ги засилат промоциите и специјалните понуди во наредните месеци за да ја поттикнат продажба и пред периодот на празници кон крајот на годината.

The post Намалена продажбата на мобилни телефони во светот appeared first on Република.

]]>
Русија: НАТО ги прислушува мобилните телефони на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-nato-gi-prislushuva-mobilnite-telefoni-na-gragjanite/ Fri, 15 Apr 2022 10:42:56 +0000 https://republika.mk/?p=488912

Разузнавачките служби на НАТО се поврзуваат со мобилни телефони на цивилни корисници со цел да ја блокираат комуникацијата или да испратат лажни аларми со цел да го дезинформираат населението, тврди денеска шефот на руските сили за радио-електронско војување, генерал-полковник Јуриј Ласточкин.

Разузнавачките служби на НАТО веќе активно користат лажни базни станици за насилно поврзување со мобилни телефони, и можат не само да ги прислушуваат мобилните телефони на корисниците и да ги читаат нивните текстуални пораки, туку и да блокираат избрани корисници или да ги дезинформираат со лажни пораки.

Тим од млади истражувачи од областа на електронското војување смислил систем за да се спротивстави на неовластен пристап до корисничките телефони и може да идентификува лажна базна станица и нејзината локација, а потоа да го блокира каналот за протекување информации, по што врската со легитимните базни станици повторно ќе се воспостави, рече Ласточкин.

The post Русија: НАТО ги прислушува мобилните телефони на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Разузнавачките служби на НАТО се поврзуваат со мобилни телефони на цивилни корисници со цел да ја блокираат комуникацијата или да испратат лажни аларми со цел да го дезинформираат населението, тврди денеска шефот на руските сили за радио-електронско војување, генерал-полковник Јуриј Ласточкин. Разузнавачките служби на НАТО веќе активно користат лажни базни станици за насилно поврзување со мобилни телефони, и можат не само да ги прислушуваат мобилните телефони на корисниците и да ги читаат нивните текстуални пораки, туку и да блокираат избрани корисници или да ги дезинформираат со лажни пораки. Тим од млади истражувачи од областа на електронското војување смислил систем за да се спротивстави на неовластен пристап до корисничките телефони и може да идентификува лажна базна станица и нејзината локација, а потоа да го блокира каналот за протекување информации, по што врската со легитимните базни станици повторно ќе се воспостави, рече Ласточкин.

The post Русија: НАТО ги прислушува мобилните телефони на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Арсовски: Наместо да се луксузираат пратениците со скапи телефони, да се пренаменат средствата во образование и болници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arsovski-namesto-da-se-luksuziraat-pratenicite-so-skapi-telefoni-da-se-prenamenat-sredstvata-vo-obrazovanie-i-bolnici/ Thu, 17 Feb 2022 12:52:33 +0000 https://republika.mk/?p=459870

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на Џафери за информацијата која што излезе во јавноста во однос на набавката на телефони за пратениците, истакна дека наместо за луксузирање на пратениците, средствата за телефони може да се пренаменат за инвестиции во образованието, градинките, болниците или да се спаси нечиј живот за лекување ,на некој на кој што му е потребно а фондот за здравство не му одобрува средства.

Сакам јасно да порачам дека сепак, треба да му биде јасно на господинот Џафери дека парите, кои што ќе бидат дадени за тие телефони за пратениците се пари на граѓаните. Не е точно дека не се пари на граѓаните, туку се пари на граѓаните, бидејќи се исплаќаат директно од буџетот на Република Македонија, а буџетот на Република Македонија го полнат граѓаните на Република Македонија. И да, тие пари кои што ќе бидат дадени за телефони за пратениците кои што ќе бидат потрошени, сериозна, огромна сума на пари, се пари на граѓаните, не се ниту на Собранието, ниту на Талат Џафери, ниту на пратениците, туку на граѓаните. Е сега наместо тоа луксузирање многу едноставно може тие пари наместо за телефони Талат Џафери да ги пренамени дали во образованието, да се инвестира во некое училиште, дали да се инвестира во некоја градинка, дали да се инвестира во некој универзитетска секција од клиниките во Република Македонија, односно во некоја клиника каде што им е потребно да бидат инвестирани или многу едноставно може да отвори некој од луѓето во кабинетот на Талат Џафери, да разлиста по социјалните мрежи, секојдневно гледа и може да види безброј повици за донации, за мали деца, кои што немаат средства нивните родители да ги лечат. Наместо да ги дадат тие пари за телефони и да се луксузираат пратениците, може да ги пренамени за лекување на некој на кој што му е потребно а фондот за здравство не му одобрува средства. Многу едноставно треба само волја да се спаси нечиј живот, наместо да се луксузираат пратениците во Собранието, истакна Арсовски.

The post Арсовски: Наместо да се луксузираат пратениците со скапи телефони, да се пренаменат средствата во образование и болници appeared first on Република.

А кој го полни буџетот: Џафери тврди дека пратениците ќе добијат нови телефони, ама не од пари на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/a-koj-go-polni-budzetot-dzaferi-tvrdi-deka-pratenicite-kje-dobijat-novi-telefoni-ama-ne-od-pari-na-gragjanite/ Wed, 16 Feb 2022 21:21:36 +0000 https://republika.mk/?p=459550

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата „24 анализа“ во врска со набавката на мобилните телефони за пратениците истакна дека има јавно објавен договор.

Не се купуваат мобилни. Тоа е јава набавка за две години. Јавна набавка е обезбедување телефонија за работа на Собранието, 300 луѓе служба, 120 луѓе пратеници. Тоа не е купување телефони, туку е субвенција кога ќе заврши договорот. Од име на поените што ќе се трошат, од име на Собранието. Пратениците ќе добијат нови телефони ако има потреба. Тоа го плаќа буџетот она што е планирано да функционирање на институцијата - рече Џафери.

The post А кој го полни буџетот: Џафери тврди дека пратениците ќе добијат нови телефони, ама не од пари на граѓаните appeared first on Република.