телефон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/telefon/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 07:52:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png телефон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/telefon/ 32 32 Вртел над 1.300 пати на Брза помош и им дишел во слушалка: Јапонец така си го смирувал мозокот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vrtel-nad-1-300-pati-na-brza-pomosh-i-im-dishel-vo-slushalka-japonets-taka-si-go-smiruval-mozokot/ Thu, 10 Oct 2024 13:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=824986

Јапонец бил уапсен поради тоа што го повикал бројот за итни случаи во Токио повеќе од 1.000 пати, молчејќи по воспоставувањето телефонска врска. Приведен бил вчера под сомнение дека ја попречувал работата на полицијата, соопштија јапонските власти.

Тој повик ми го смирува мозокот! – рекол осомничениот Јошифуми Мураками (49) пред полицијата.

Тој тврди дека по професија е лекар, но полицијата допрва треба да ја потврди таа информација. Тој, според наводите, од 30 август до 17 септември имал вкупно 1.301 „итен“ повик, а само за еден ден се јавил 183 пати на полиција.

Покрај повиците наведени во предметниот извештај, полицијата се сомнева дека Мураками е одговорен за уште 1.300 слични злоупотреби други броеви за итни случаи.

The post Вртел над 1.300 пати на Брза помош и им дишел во слушалка: Јапонец така си го смирувал мозокот appeared first on Република.

]]>

Јапонец бил уапсен поради тоа што го повикал бројот за итни случаи во Токио повеќе од 1.000 пати, молчејќи по воспоставувањето телефонска врска. Приведен бил вчера под сомнение дека ја попречувал работата на полицијата, соопштија јапонските власти. Тој повик ми го смирува мозокот! – рекол осомничениот Јошифуми Мураками (49) пред полицијата. Тој тврди дека по професија е лекар, но полицијата допрва треба да ја потврди таа информација. Тој, според наводите, од 30 август до 17 септември имал вкупно 1.301 „итен“ повик, а само за еден ден се јавил 183 пати на полиција. Покрај повиците наведени во предметниот извештај, полицијата се сомнева дека Мураками е одговорен за уште 1.300 слични злоупотреби други броеви за итни случаи.

The post Вртел над 1.300 пати на Брза помош и им дишел во слушалка: Јапонец така си го смирувал мозокот appeared first on Република.

]]>
Како да го заштитите телефонот при високи температури https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kako-da-go-zashtitite-telefonot-pri-visoki-temperaturi/ Mon, 02 Sep 2024 20:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=812417

Заштитата на вашиот телефон за време на екстремни температури при топлотен бран е важна за да се спречи прегревање и оштетување на уредот. Екстремната топлина може да го оштети телефонот, а директната сончева светлина може брзо да ја зголеми температурата на уредот. Како да го заштитите во тој случај? Нудиме неколку совети. Ако мобилниот телефон се загрее премногу, некои функции може привремено да се оневозможат, а во екстремни услови уредот ќе престане да работи. Оставањето на вашиот паметен телефон во многу топли услови може трајно да го скрати векот на неговата батерија и да ги оштети другите делови.

Ако на екранот се појави порака за предупредување за температура, исклучете го телефонот, преместете го во поладна средина, подалеку од директна сончева светлина и оставете го да се излади најмалку 15 минути. Исклучете ги апликациите и функциите што не ги користите за да го намалите опсегот на работа на процесорот и да го намалите создавањето топлина. Избегнувајте да го ставате телефонот во близина на други уреди што испуштаат топлина, како што се лаптопи или таблети.

За да избегнете прегревање и вашиот паметен телефон да функционира правилно на топлина, не користете го постојано на директна сончева светлина. Полнењето на уредот може дополнително да ја зголеми температурата. Ако треба да го полните, обидете се да го направите тоа на поладно место. Не оставајте го во паркиран автомобил или во близина на извор на топлина. Отстранете го заштитниот капак од телефонот, бидејќи некои може да ја задржат топлината и користете го режимот со мала потрошувачка на енергија, што оневозможува некои активности во заднина.

The post Како да го заштитите телефонот при високи температури appeared first on Република.

]]>

Заштитата на вашиот телефон за време на екстремни температури при топлотен бран е важна за да се спречи прегревање и оштетување на уредот. Екстремната топлина може да го оштети телефонот, а директната сончева светлина може брзо да ја зголеми температурата на уредот. Како да го заштитите во тој случај? Нудиме неколку совети. Ако мобилниот телефон се загрее премногу, некои функции може привремено да се оневозможат, а во екстремни услови уредот ќе престане да работи. Оставањето на вашиот паметен телефон во многу топли услови може трајно да го скрати векот на неговата батерија и да ги оштети другите делови. Ако на екранот се појави порака за предупредување за температура, исклучете го телефонот, преместете го во поладна средина, подалеку од директна сончева светлина и оставете го да се излади најмалку 15 минути. Исклучете ги апликациите и функциите што не ги користите за да го намалите опсегот на работа на процесорот и да го намалите создавањето топлина. Избегнувајте да го ставате телефонот во близина на други уреди што испуштаат топлина, како што се лаптопи или таблети.
За да избегнете прегревање и вашиот паметен телефон да функционира правилно на топлина, не користете го постојано на директна сончева светлина. Полнењето на уредот може дополнително да ја зголеми температурата. Ако треба да го полните, обидете се да го направите тоа на поладно место. Не оставајте го во паркиран автомобил или во близина на извор на топлина. Отстранете го заштитниот капак од телефонот, бидејќи некои може да ја задржат топлината и користете го режимот со мала потрошувачка на енергија, што оневозможува некои активности во заднина.

The post Како да го заштитите телефонот при високи температури appeared first on Република.

]]>
Телефонот на врховниот судија Георгиев открил можно ново кривично дело, еве што е одземено од Академијата за судии https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/telefonot-na-vrhovniot-sudija-georgiev-otkril-mozhno-novo-krivichno-delo-eve-shto-e-odzemeno-od-akademijata-za-sudii/ Fri, 26 Jul 2024 08:25:50 +0000 https://republika.mk/?p=800392

Во рамките на предмет против врховен судија, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција при анализа на телефонот на осомничениот дојде до сознанија што упатуваат на можно сторување на друго кривично дело.

Како резултат на тоа, предметниот обвинител со цел да ги испита ваквите индиции оформи предмет со кој достави барање до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје за одземање на два мобилни телефони од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видео запис и две досиеја за еден поранешен и еден актуелен кандидат на Академијата, информираат од Обвинителството.

Во текот на вчерашниот ден, припадници на Одделот за крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапија по Наредбата на судијата и ги обезбедија бараните предмети.

За сите дополнителни активности и детали кои нема да влијаат на постапката обвинителството ќе ја информира јавноста навремено.

The post Телефонот на врховниот судија Георгиев открил можно ново кривично дело, еве што е одземено од Академијата за судии appeared first on Република.

]]>

Во рамките на предмет против врховен судија, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција при анализа на телефонот на осомничениот дојде до сознанија што упатуваат на можно сторување на друго кривично дело. Како резултат на тоа, предметниот обвинител со цел да ги испита ваквите индиции оформи предмет со кој достави барање до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје за одземање на два мобилни телефони од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видео запис и две досиеја за еден поранешен и еден актуелен кандидат на Академијата, информираат од Обвинителството. Во текот на вчерашниот ден, припадници на Одделот за крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапија по Наредбата на судијата и ги обезбедија бараните предмети. За сите дополнителни активности и детали кои нема да влијаат на постапката обвинителството ќе ја информира јавноста навремено.

The post Телефонот на врховниот судија Георгиев открил можно ново кривично дело, еве што е одземено од Академијата за судии appeared first on Република.

]]>
Се јавуваат на фиксен за сообраќајка, девојка вриска за да е поубедливо – МВР алармира за ваквите измами https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-javuvaat-na-fiksen-za-soobrakajka-devojka-vriska-za-da-e-poubedlivo-mvr-alarmira-za-vakvite-izmami/ Sat, 20 Jul 2024 19:28:42 +0000 https://republika.mk/?p=798821

На подрачјето на СВР Скопје изминатиов период регистрирани се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица.

Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша женски глас кој бара помош, велат од СВР Скопје.

Министерството за внатрешни работи и СВР Скопје ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираат до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани веднаш да пријават во полиција.

The post Се јавуваат на фиксен за сообраќајка, девојка вриска за да е поубедливо – МВР алармира за ваквите измами appeared first on Република.

]]>

На подрачјето на СВР Скопје изминатиов период регистрирани се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица.
Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша женски глас кој бара помош, велат од СВР Скопје.
Министерството за внатрешни работи и СВР Скопје ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираат до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани веднаш да пријават во полиција.

The post Се јавуваат на фиксен за сообраќајка, девојка вриска за да е поубедливо – МВР алармира за ваквите измами appeared first on Република.

]]>
Пронајден е телефонот на Вања и два пиштола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pronajden-e-telefonot-na-vana-i-dva-pishtola/ Tue, 05 Dec 2023 22:11:56 +0000 https://republika.mk/?p=720119

Пронајдени се два пиштола во текот на истрагата, сподели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција, но додаде и дека сé уште не се проверени дали станува збор за оружјата со кои се извршени убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

На прашањето дали се направени парафински ракавици на осомничените, рече дека сите истражни дејствија кои треба да се преземат ќе се направат и за сите има рок кога ќе се направат.

Исто така, објави и дека е пронајден мобилниот телефон на младата Вања.

Тој објави дека по распишаната меѓународна потерница во Турција уапсен е осомничениот за убиствата Љупчо Палевски Палчо.

https://republika.mk/vesti/makedonija/palcho-bil-faten-kako-odi-peshki-po-turski-avtopat-ova-e-negovata-traektorija-na-begstvo/

Додаде и дека со поднесувањето на кривичните пријави случајот целосно е предаден од МВР до Основното јавно обвинителство. На 100 страни, опсежно и со докази, како што сподели тој, напишани се пријавите против пет лица.

The post Пронајден е телефонот на Вања и два пиштола appeared first on Република.

]]>

Пронајдени се два пиштола во текот на истрагата, сподели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција, но додаде и дека сé уште не се проверени дали станува збор за оружјата со кои се извршени убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. На прашањето дали се направени парафински ракавици на осомничените, рече дека сите истражни дејствија кои треба да се преземат ќе се направат и за сите има рок кога ќе се направат. Исто така, објави и дека е пронајден мобилниот телефон на младата Вања. Тој објави дека по распишаната меѓународна потерница во Турција уапсен е осомничениот за убиствата Љупчо Палевски Палчо. https://republika.mk/vesti/makedonija/palcho-bil-faten-kako-odi-peshki-po-turski-avtopat-ova-e-negovata-traektorija-na-begstvo/ Додаде и дека со поднесувањето на кривичните пријави случајот целосно е предаден од МВР до Основното јавно обвинителство. На 100 страни, опсежно и со докази, како што сподели тој, напишани се пријавите против пет лица.

The post Пронајден е телефонот на Вања и два пиштола appeared first on Република.

]]>
Скопјанка скршила стакло од лифт, а потоа и телефон поради долг https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanka-skrshila-staklo-od-lift-a-potoa-i-telefon-poradi-dolg/ Sat, 04 Nov 2023 17:36:10 +0000 https://republika.mk/?p=698220

На 04.11.2023 година во 00.00 часот во СВР Скопје, Ш.А.(39) од Скопје пријавила дека на 03.11.2023 околу 11.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу должничко-доверителски односи, И.М. упатила закани кон семејството и ѝ го скршила телефонот.

Според пријавеното, таа претходно со тврд предмет оштетила и стакло од лифт од станбена зграда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Скопјанка скршила стакло од лифт, а потоа и телефон поради долг appeared first on Република.

]]>

На 04.11.2023 година во 00.00 часот во СВР Скопје, Ш.А.(39) од Скопје пријавила дека на 03.11.2023 околу 11.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу должничко-доверителски односи, И.М. упатила закани кон семејството и ѝ го скршила телефонот. Според пријавеното, таа претходно со тврд предмет оштетила и стакло од лифт од станбена зграда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Скопјанка скршила стакло од лифт, а потоа и телефон поради долг appeared first on Република.

]]>
Маж на возраст до 52-години праќал голи фотографии на малолетничка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-na-vozrast-do-52-godini-prakal-goli-fotografii-na-maloletnichka/ Sat, 18 Feb 2023 15:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=610516

Вчера во 10.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.Б.(52) од Велес. Тој се сомничи дека преку мобилна апликација на малолетничка од Скопје пуштал фотографии со експлицитна содржина.

Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со делото.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Маж на возраст до 52-години праќал голи фотографии на малолетничка appeared first on Република.

]]>

Вчера во 10.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.Б.(52) од Велес. Тој се сомничи дека преку мобилна апликација на малолетничка од Скопје пуштал фотографии со експлицитна содржина. Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со делото. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Маж на возраст до 52-години праќал голи фотографии на малолетничка appeared first on Република.

]]>
Нов Закон во Хрватска: Колегите и шефот не смеат да ве бараат на телефон, праќаат СМС пораки и мејлови по работното време https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nov-zakon-vo-hrvatska-kolegite-i-shefot-ne-smeat-da-ve-baraat-na-telefon-prakjaat-sms-poraki-i-mejlovi-po-rabotnoto-vreme/ Thu, 01 Dec 2022 14:17:10 +0000 https://republika.mk/?p=580553

Работодавецот или шефот не смее да му ѕвони на мобилен телефон на работникот, ниту да му испраќа СМС порака и меил по работно време, во неработни денови и за време на одмор. Ова е предвидено со измените на Законот за труд во Хрватска кој е во второ читање. Според измените, работењето во недела ќе се плаќа 50 отсто повеќе.

Работникот има право да биде недостапен по работното време или додека е на годишен одмор. Според извори во хрватската Влада, ниту колеги од работа нема да можат да звонат на телефон на други колеги по работно време, освен во случај на итна потреба.

„Итна потреба може да биде ако сте некој водоинсталатер, па пукне некаква цевка или ако некоја итна работа мора да се сработи за вие да дојдете на работа, тогаш се разбира работникот има право на платена прекувремена работа. Вие новинарите исто вие морате ако нешто се случи да интервенирате, бидејќи тоа е со цел информирање на јавноста, така што тоа ќе се гледа од случај до случај, изјави помошник-министерот за труд на Хрватска, Дражен Опалиќ.

 

The post Нов Закон во Хрватска: Колегите и шефот не смеат да ве бараат на телефон, праќаат СМС пораки и мејлови по работното време appeared first on Република.

]]>

Работодавецот или шефот не смее да му ѕвони на мобилен телефон на работникот, ниту да му испраќа СМС порака и меил по работно време, во неработни денови и за време на одмор. Ова е предвидено со измените на Законот за труд во Хрватска кој е во второ читање. Според измените, работењето во недела ќе се плаќа 50 отсто повеќе. Работникот има право да биде недостапен по работното време или додека е на годишен одмор. Според извори во хрватската Влада, ниту колеги од работа нема да можат да звонат на телефон на други колеги по работно време, освен во случај на итна потреба.
„Итна потреба може да биде ако сте некој водоинсталатер, па пукне некаква цевка или ако некоја итна работа мора да се сработи за вие да дојдете на работа, тогаш се разбира работникот има право на платена прекувремена работа. Вие новинарите исто вие морате ако нешто се случи да интервенирате, бидејќи тоа е со цел информирање на јавноста, така што тоа ќе се гледа од случај до случај, изјави помошник-министерот за труд на Хрватска, Дражен Опалиќ.
 

The post Нов Закон во Хрватска: Колегите и шефот не смеат да ве бараат на телефон, праќаат СМС пораки и мејлови по работното време appeared first on Република.

]]>
Турски пратеник со чекан си го искрши телефонот во парламентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/turski-pratenik-so-chekan-si-go-iskrshi-telefonot-vo-parlamentot/ Fri, 14 Oct 2022 08:21:23 +0000 https://republika.mk/?p=560948

Турски пратеник си го скршил мобилниот телефон со чекан додека зборувал во парламентот.

Бурак Ербај, кој е член на опозициската Републиканска народна партија, протестираше против предложениот нацрт-закон поддржан од владата, кој има за цел да се бори против „дезинформациите“ на интернетот.

Според оваа легислатива, социјалните мрежи и интернет-страниците ќе треба да објават детали за корисниците осомничени за „пропагирање на погрешни информации“ и може да резултира со затворска казна до три години на обвинетиот.

Критичарите велат дека законот, доколку биде усвоен во закон, ќе ги наруши слободите на медиумите и ќе доведе до широка цензура.

https://youtu.be/mC3uDS7-M_U

The post Турски пратеник со чекан си го искрши телефонот во парламентот appeared first on Република.

]]>

Турски пратеник си го скршил мобилниот телефон со чекан додека зборувал во парламентот. Бурак Ербај, кој е член на опозициската Републиканска народна партија, протестираше против предложениот нацрт-закон поддржан од владата, кој има за цел да се бори против „дезинформациите“ на интернетот. Според оваа легислатива, социјалните мрежи и интернет-страниците ќе треба да објават детали за корисниците осомничени за „пропагирање на погрешни информации“ и може да резултира со затворска казна до три години на обвинетиот. Критичарите велат дека законот, доколку биде усвоен во закон, ќе ги наруши слободите на медиумите и ќе доведе до широка цензура. https://youtu.be/mC3uDS7-M_U

The post Турски пратеник со чекан си го искрши телефонот во парламентот appeared first on Република.

]]>
Мистеријата за телефонот на Матеј продолжува: Производителот тврди дека е невозможно уредот да емитува сигнал по два часа во вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/misterijata-za-telefonot-na-matej-prodolzuva-proizvoditelot-tvrdi-deka-e-nevozmozno-uredot-da-emituva-signal-po-dva-chasa-vo-voda/ Sun, 13 Feb 2022 13:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=457888

Исчезнувањето на Матеј Периш, кому ноќта меѓу 30 и 31 јануари му се изгуби секоја трага, се уште е мистерија, а во потрагата е вклучена и полиција на повеќе земји. Според добро упатени извори, една од работите што ја отежнува полициската потрага е тоа што телефонот на исчезнатиот сплиќанец се уште не е пронајден.

Полицијата од технички причини не може да пристапи до комуникациите што ги имал Матеј Периш ноќта на неговото исчезнување. Ова пред се се однесува на комуникациите што можел да ги има преку различни апликации за разговор и допишување ноќта на неговото исчезнување.

Доколку се најде телефонот, би било многу полесно да се повратат тие податоци директно од него. Телефонот на Периш предизвика збунетост во случајот со истрагата за исчезнувањето, бидејќи прашање е како е можно апаратот да емитувал сигнал два и пол часа откако Матеј последен пат бил виден, ако се претпостави дека бил во вода. Производителот на уредот истакна дека тоа е невозможно.

Се верува дека тој би можел да биде клучен во разрешувањето на мистеријата за исчезнувањето на Матеј Периш.

И таткото на Матеј, Ненад Периш, изјави дека се уште го мачи прашањето што се случило со телефонот. Тој вели дека Матеј имал нов мобилен телефон кој има способност да биде во вода до половина час.

Ова е збунувачки, дали е можно мобилниот по два и пол часа да сигнализира? Дали е можно да се појави на површината? Мене ми е многу чудно. Врз основа на овие претпоставки не можам ништо да заклучам, дека ова е потрага по човекот, мислам дека врз основа на таквите сознанија не можеме да заклучиме ништо. Можеме да заклучиме дека тоа е навистина дилема што може да се реши на друг начин, тоа е недоволна информација - изјави Периш, пишува Ало.

The post Мистеријата за телефонот на Матеј продолжува: Производителот тврди дека е невозможно уредот да емитува сигнал по два часа во вода appeared first on Република.

]]>

Исчезнувањето на Матеј Периш, кому ноќта меѓу 30 и 31 јануари му се изгуби секоја трага, се уште е мистерија, а во потрагата е вклучена и полиција на повеќе земји. Според добро упатени извори, една од работите што ја отежнува полициската потрага е тоа што телефонот на исчезнатиот сплиќанец се уште не е пронајден. Полицијата од технички причини не може да пристапи до комуникациите што ги имал Матеј Периш ноќта на неговото исчезнување. Ова пред се се однесува на комуникациите што можел да ги има преку различни апликации за разговор и допишување ноќта на неговото исчезнување. Доколку се најде телефонот, би било многу полесно да се повратат тие податоци директно од него. Телефонот на Периш предизвика збунетост во случајот со истрагата за исчезнувањето, бидејќи прашање е како е можно апаратот да емитувал сигнал два и пол часа откако Матеј последен пат бил виден, ако се претпостави дека бил во вода. Производителот на уредот истакна дека тоа е невозможно. Се верува дека тој би можел да биде клучен во разрешувањето на мистеријата за исчезнувањето на Матеј Периш. И таткото на Матеј, Ненад Периш, изјави дека се уште го мачи прашањето што се случило со телефонот. Тој вели дека Матеј имал нов мобилен телефон кој има способност да биде во вода до половина час.
Ова е збунувачки, дали е можно мобилниот по два и пол часа да сигнализира? Дали е можно да се појави на површината? Мене ми е многу чудно. Врз основа на овие претпоставки не можам ништо да заклучам, дека ова е потрага по човекот, мислам дека врз основа на таквите сознанија не можеме да заклучиме ништо. Можеме да заклучиме дека тоа е навистина дилема што може да се реши на друг начин, тоа е недоволна информација - изјави Периш, пишува Ало.

The post Мистеријата за телефонот на Матеј продолжува: Производителот тврди дека е невозможно уредот да емитува сигнал по два часа во вода appeared first on Република.

]]>
ЈСП: Времен прекин на услугата за плаќање билет со мобилен телефон https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jsp-vremen-prekin-na-uslugata-za-plakjanje-bilet-so-mobilen-telefon/ Mon, 10 Jan 2022 17:58:44 +0000 https://republika.mk/?p=442777

Утре, од 22 часот, нема да функционира опцијата за плаќање билет во јавен превоз со мобилен телефон (валидација преку бројот 185).

Прекинот на оваа услуга, ќе биде од времен карактер, поради надградба на системот за електронска наплата.

Од среда (12.01.2022 год), опцијата за плаќање со мобилен телефон ќе биде достапна, информираат од ЈСП.

The post ЈСП: Времен прекин на услугата за плаќање билет со мобилен телефон appeared first on Република.

]]>

Утре, од 22 часот, нема да функционира опцијата за плаќање билет во јавен превоз со мобилен телефон (валидација преку бројот 185). Прекинот на оваа услуга, ќе биде од времен карактер, поради надградба на системот за електронска наплата. Од среда (12.01.2022 год), опцијата за плаќање со мобилен телефон ќе биде достапна, информираат од ЈСП.

The post ЈСП: Времен прекин на услугата за плаќање билет со мобилен телефон appeared first on Република.

]]>