тела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tela/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 16:02:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tela/ 32 32 Отворена изложбата „Тела“ во Музеј на Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorena-izlozhbata-tela-vo-muzej-na-grad-skopje/ Wed, 28 Aug 2024 16:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=810971

Новата самостојна изложба на уметницата Лина Дамјан е поставена во Музејот на Град Скопје. Насловена „Тела“, таа претставува енергично истражување на машките и женските форми низ објективот на Дамјан.

Оваа изложба навлегува во пресекот на телото, идентитетот и културата, замислувајќи го голото тело и како платно во шарениот свет на поп естетиката. Со смели бои преку графички медиум ве поканувам да го преиспитате телото не само како предмет на желба, туку како симбол на индивидуалниот и колективниот идентитет“, вели младата уметница за изложбата.

Делата се работени во поп-арт стилот со цел „да се издигне телото од обична репрезентација до главен учесник во дијалогот за културата, идентитетот и естетиката“.

Машката форма на оваа изложба е прикажана со впечатлив спој на самодоверба и интроспекција. Искористени се живи, заситени бои и графички линии за да ја истакнат мускулестоста и држењето на машкото тело. Машката фигура во нијанси со висок контраст и повторувачки линии, служи и како предмет на восхит и како критика на општествените очекувања, пишува во описот за изложбата.

„Спротивно на тоа, женската форма е прикажана со разиграно, но длабоко чувство на зајакнување. Употребата на живописни палети и референци од поп културата го трансформира женското тело во симбол на сила и самоизразување. Овие слики ја реконструираат женственоста преку објективот на самодоверба и независност, славејќи ја способноста на телото да ја пренесе и моќта. Естетиката на комерцијалните мотиви служи за деконструкција и повторно составување на традиционалните претстави на женската форма“, се додава во описот.

Изложбата е отворена до 3 септември.

The post Отворена изложбата „Тела“ во Музеј на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Новата самостојна изложба на уметницата Лина Дамјан е поставена во Музејот на Град Скопје. Насловена „Тела“, таа претставува енергично истражување на машките и женските форми низ објективот на Дамјан.
Оваа изложба навлегува во пресекот на телото, идентитетот и културата, замислувајќи го голото тело и како платно во шарениот свет на поп естетиката. Со смели бои преку графички медиум ве поканувам да го преиспитате телото не само како предмет на желба, туку како симбол на индивидуалниот и колективниот идентитет“, вели младата уметница за изложбата.
Делата се работени во поп-арт стилот со цел „да се издигне телото од обична репрезентација до главен учесник во дијалогот за културата, идентитетот и естетиката“.
Машката форма на оваа изложба е прикажана со впечатлив спој на самодоверба и интроспекција. Искористени се живи, заситени бои и графички линии за да ја истакнат мускулестоста и држењето на машкото тело. Машката фигура во нијанси со висок контраст и повторувачки линии, служи и како предмет на восхит и како критика на општествените очекувања, пишува во описот за изложбата.
„Спротивно на тоа, женската форма е прикажана со разиграно, но длабоко чувство на зајакнување. Употребата на живописни палети и референци од поп културата го трансформира женското тело во симбол на сила и самоизразување. Овие слики ја реконструираат женственоста преку објективот на самодоверба и независност, славејќи ја способноста на телото да ја пренесе и моќта. Естетиката на комерцијалните мотиви служи за деконструкција и повторно составување на традиционалните претстави на женската форма“, се додава во описот. Изложбата е отворена до 3 септември.  

The post Отворена изложбата „Тела“ во Музеј на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
ИДФ: На израелска територија пронајдени 1.500 тела на екстремисти од Хамас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/idf-na-izraelska-teritorija-pronajdeni-1-500-tela-na-ekstremisti-od-hamas/ Tue, 10 Oct 2023 07:58:05 +0000 https://republika.mk/?p=689706

Портпаролот на израелската војска Ричард Хехт денеска изјави дека на израелска територија биле пронајдени 1.500 тела на екстремисти на Хамс, откако армијата ја врати контролата над поголемиот дел од југот на земјата.

Хехт и главниот воен портпарол Даниел Хагари изјавија дека од синоќа ниту еден борец на Хамас не влегол во Израел, иако нивно уфрлување се уште е можно.

Синоќешните израелски воздушни контра-напади беа насочени кон населбата Римал во Газа Сити, каде што се наоѓаат министерствата и владините згради.

Жителите беа предупредени да се евакуираат пред нападот преку социјалните мрежи, рече Хехт, без да открие други детали.

Тој навести дека Палестинците можат да одат во Египет преку граничниот премин Рафа, но не објасни каде би оделе и како, бидејќи преминот повремено е затворен.

Појасот Газа е под блокада од Израел и Египет откако Хамас насилно ја презеде контролата врз територијата од ривалскиот, поумерен Фатах.

Израел вчера објави целосна опсада на Појасот Газа и дека нема да има снабдување, струја, ниту испорака на храна и гориво за областа во која живеат 2,3 милиони жители.

The post ИДФ: На израелска територија пронајдени 1.500 тела на екстремисти од Хамас appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на израелската војска Ричард Хехт денеска изјави дека на израелска територија биле пронајдени 1.500 тела на екстремисти на Хамс, откако армијата ја врати контролата над поголемиот дел од југот на земјата. Хехт и главниот воен портпарол Даниел Хагари изјавија дека од синоќа ниту еден борец на Хамас не влегол во Израел, иако нивно уфрлување се уште е можно. Синоќешните израелски воздушни контра-напади беа насочени кон населбата Римал во Газа Сити, каде што се наоѓаат министерствата и владините згради. Жителите беа предупредени да се евакуираат пред нападот преку социјалните мрежи, рече Хехт, без да открие други детали. Тој навести дека Палестинците можат да одат во Египет преку граничниот премин Рафа, но не објасни каде би оделе и како, бидејќи преминот повремено е затворен. Појасот Газа е под блокада од Израел и Египет откако Хамас насилно ја презеде контролата врз територијата од ривалскиот, поумерен Фатах. Израел вчера објави целосна опсада на Појасот Газа и дека нема да има снабдување, струја, ниту испорака на храна и гориво за областа во која живеат 2,3 милиони жители.

The post ИДФ: На израелска територија пронајдени 1.500 тела на екстремисти од Хамас appeared first on Република.

]]>
Осум тела се извлечени по несреќа при обиколка на канализациски систем во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osum-tela-se-izvlecheni-po-nesreka-pri-obikolka-na-kanalizatsiski-sistem-vo-moskva/ Tue, 22 Aug 2023 20:11:45 +0000 https://republika.mk/?p=674754

Силниот дожд што во неделата падна над Москва предизвика нагло зголемување на нивото на водата во понорницата Неглинки, оневозможувајќи им на луѓето да се извлечат од канализацијата.

„Пронајдени се телата на сите членови на водената тура по московскиот канализациски систем. Сите се мртви. Операцијата за пребарување е при крај“, изјави спасувач.

Руската Државна истражна комисија објави дека турнејата била нелегална, поради што е отворена истрага. Именувани се тројца осомничени, од кои едниот претходно е уапсен и обвинет, додека другиот вчера ја напушти земјата.

Инспекторите го започнаа процесот на идентификација на телата. Меѓу смртно настраданите, како што објавија медиумите, се вработен во компанијата, неговата петнаесетгодишна ќерка и седумнаесетгодишниот внук.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин инцидентот го нарече „ужасна трагедија“ и упати сочувство до семејствата на жртвите.

Бројни московски водичи нудат обиколки низ градскиот канализациски систем, чии делови датираат од 19 век.

The post Осум тела се извлечени по несреќа при обиколка на канализациски систем во Москва appeared first on Република.

]]>

Силниот дожд што во неделата падна над Москва предизвика нагло зголемување на нивото на водата во понорницата Неглинки, оневозможувајќи им на луѓето да се извлечат од канализацијата. „Пронајдени се телата на сите членови на водената тура по московскиот канализациски систем. Сите се мртви. Операцијата за пребарување е при крај“, изјави спасувач. Руската Државна истражна комисија објави дека турнејата била нелегална, поради што е отворена истрага. Именувани се тројца осомничени, од кои едниот претходно е уапсен и обвинет, додека другиот вчера ја напушти земјата. Инспекторите го започнаа процесот на идентификација на телата. Меѓу смртно настраданите, како што објавија медиумите, се вработен во компанијата, неговата петнаесетгодишна ќерка и седумнаесетгодишниот внук. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин инцидентот го нарече „ужасна трагедија“ и упати сочувство до семејствата на жртвите. Бројни московски водичи нудат обиколки низ градскиот канализациски систем, чии делови датираат од 19 век.

The post Осум тела се извлечени по несреќа при обиколка на канализациски систем во Москва appeared first on Република.

]]>
30 мигранти загинаа во бродолом кај италијанскиот брег https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/30-migranti-zaginaa-vo-brodolom-kaj-italijanskiot-breg/ Sun, 26 Feb 2023 11:40:32 +0000 https://republika.mk/?p=613325

Најмалку 30 тела на мигранти се пронајдени на плажа во јужна Италија по бродолом во близина на источниот брег на Калабрија, јавија италијанските медиуми.

Потврдено е дека се спасени околу 40 луѓе, а спасувачката операција се уште е во тек.

Италијанското државно радио јави дека мигрантите се удавиле откако нивниот брод со повеќе од 100 луѓе се превртел крај брегот на јужна Италија.

Пронајдени се околу 40 преживеани, изјави портпаролот на противпожарната служба и додаде дека спасувачката операција се уште трае.

The post 30 мигранти загинаа во бродолом кај италијанскиот брег appeared first on Република.

]]>

Најмалку 30 тела на мигранти се пронајдени на плажа во јужна Италија по бродолом во близина на источниот брег на Калабрија, јавија италијанските медиуми. Потврдено е дека се спасени околу 40 луѓе, а спасувачката операција се уште е во тек. Италијанското државно радио јави дека мигрантите се удавиле откако нивниот брод со повеќе од 100 луѓе се превртел крај брегот на јужна Италија. Пронајдени се околу 40 преживеани, изјави портпаролот на противпожарната служба и додаде дека спасувачката операција се уште трае.  

The post 30 мигранти загинаа во бродолом кај италијанскиот брег appeared first on Република.

]]>
Во „Азовстал“ пронајдено минирано комбе полно со тела на милитанти од „Азов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-azovstal-pronajdeno-minirano-kombe-polno-so-tela-na-militanti-od-azov/ Tue, 31 May 2022 14:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=509210

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија во подземјите простории на индустрискиот комплекс „Азовстал“ во Мариупол пронашла комбе со тела на украински милитанти, под кое имало поставено четири мини. Забележано е дека во комбето имало 152 тела.

Министерството за одбрана нагласи дека врз основа на резултатите од сослушувањето на заробените милитанти од баталјонот „Азов“, биле добиени информации дека телата на загинатите биле минирани по директна наредба на режимот во Киев и лично украинскиот лидер Володимир Зеленски, со цел да се обвини Русија за намерно уништување на смртните останки и спречување на нивното предавање на роднините.

Руското Министерство за одбрана додава дека во блиска иднина телата на украинските милитанти и војници пронајдени во „Азовстал“ ќе им бидат предадени на претставниците на Украина.

The post Во „Азовстал“ пронајдено минирано комбе полно со тела на милитанти од „Азов“ appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија во подземјите простории на индустрискиот комплекс „Азовстал“ во Мариупол пронашла комбе со тела на украински милитанти, под кое имало поставено четири мини. Забележано е дека во комбето имало 152 тела. Министерството за одбрана нагласи дека врз основа на резултатите од сослушувањето на заробените милитанти од баталјонот „Азов“, биле добиени информации дека телата на загинатите биле минирани по директна наредба на режимот во Киев и лично украинскиот лидер Володимир Зеленски, со цел да се обвини Русија за намерно уништување на смртните останки и спречување на нивното предавање на роднините. Руското Министерство за одбрана додава дека во блиска иднина телата на украинските милитанти и војници пронајдени во „Азовстал“ ќе им бидат предадени на претставниците на Украина.

The post Во „Азовстал“ пронајдено минирано комбе полно со тела на милитанти од „Азов“ appeared first on Република.

]]>
Телата на руските војници се складираат во „ладни“ возови https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/telata-na-ruskite-vojnici-se-skladiraat-vo-ladni-vozovi/ Sun, 15 May 2022 13:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=502527

Една од мрачните реалности на војната е справувањето со телата на загинатите во конфликтот – а тоа ги вклучува и руските војници.

Ројтерс ја раскажува приказната за специјализираните ладни возови со ладилници кои Украина ги користи за складирање на мртвите.

Во овој фрижидерски воз се чуваат неколку стотици тела на руски окупатори. Повеќето од нив [биле] донесени од регионот на Киев, има и од регионот Чернихив, а исто така и од некои други региони, изјави официјален претставник за новинската агенција.

Володимер Лајамзин, задолжен за цивилно-воена соработка, рече дека телата се складираат на овој начин за на крајот да бидат вратени во нивната татковина.

Според нормите на меѓународното хуманитарно право, а Украина строго ги следи, по завршувањето на активната фаза на конфликтот, страните треба да ги вратат телата на војската на друга земја, рече тој.

Има неколку такви возови низ целата земја, додаде тој.

The post Телата на руските војници се складираат во „ладни“ возови appeared first on Република.

]]>

Една од мрачните реалности на војната е справувањето со телата на загинатите во конфликтот – а тоа ги вклучува и руските војници. Ројтерс ја раскажува приказната за специјализираните ладни возови со ладилници кои Украина ги користи за складирање на мртвите.
Во овој фрижидерски воз се чуваат неколку стотици тела на руски окупатори. Повеќето од нив [биле] донесени од регионот на Киев, има и од регионот Чернихив, а исто така и од некои други региони, изјави официјален претставник за новинската агенција.
Володимер Лајамзин, задолжен за цивилно-воена соработка, рече дека телата се складираат на овој начин за на крајот да бидат вратени во нивната татковина.
Според нормите на меѓународното хуманитарно право, а Украина строго ги следи, по завршувањето на активната фаза на конфликтот, страните треба да ги вратат телата на војската на друга земја, рече тој.
Има неколку такви возови низ целата земја, додаде тој.  

The post Телата на руските војници се складираат во „ладни“ возови appeared first on Република.

]]>
Пронајдени над 1.200 тела во регионот околу Киев! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pronajdeni-nad-1-200-tela-vo-regionot-okolu-kiev/ Sun, 10 Apr 2022 14:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=486254

Украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова денеска изјави дека досега се пронајдени 1.222 тела во регионот околу главниот град Киев.

Пронајдовме 1.222 мртви само во регионот на Киев“, изјави Венедиктова во интервју за британски „Скај њуз“. 

The post Пронајдени над 1.200 тела во регионот околу Киев! appeared first on Република.

Пронајдени уште две тела на исчезнати патници од тракетот на Крф https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pronajdeni-ushte-dve-tela-na-ischeznati-patnici-od-traketot-na-krf/ Thu, 24 Feb 2022 12:23:57 +0000 https://republika.mk/?p=463138

Безживотните тела на двајца патници, кои се водеа за исчезнати, утрово беа пронајдени во гаражите на траектот „Euroferry Olympia“ на островот Крф, со што бројот на жртви од пожарот што избувна во петокот наутро се зголеми на четири лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Синоќа беше пронајдено уште едно тело, седум лица и понатаму се водат за исчезнати, а спасувачката акција продолжува веќе седми ден.

Пожарот изби во петокот, по четири часот наутро додека италијанскиот траект „Euroferry Olympia“ пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса, а тргнал од Игуменица за Бриндизи.

Според официјалниот список, имало 239 патници и 51 член на екипажот, како и автомобили и камиони.

Дополнително произлезе дека меѓу спасените се и две лица, веројатно мигранти кои патувале нелегално, без билет.

Спасени се вкупно 281 лице, седум лица се водат за исчезнати, а беа пронајдени и извлечени четири безживотни тела.

The post Пронајдени уште две тела на исчезнати патници од тракетот на Крф appeared first on Република.

]]>

Безживотните тела на двајца патници, кои се водеа за исчезнати, утрово беа пронајдени во гаражите на траектот „Euroferry Olympia“ на островот Крф, со што бројот на жртви од пожарот што избувна во петокот наутро се зголеми на четири лица, јави дописничката на МИА од Атина. Синоќа беше пронајдено уште едно тело, седум лица и понатаму се водат за исчезнати, а спасувачката акција продолжува веќе седми ден. Пожарот изби во петокот, по четири часот наутро додека италијанскиот траект „Euroferry Olympia“ пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса, а тргнал од Игуменица за Бриндизи. Според официјалниот список, имало 239 патници и 51 член на екипажот, како и автомобили и камиони. Дополнително произлезе дека меѓу спасените се и две лица, веројатно мигранти кои патувале нелегално, без билет. Спасени се вкупно 281 лице, седум лица се водат за исчезнати, а беа пронајдени и извлечени четири безживотни тела.

The post Пронајдени уште две тела на исчезнати патници од тракетот на Крф appeared first on Република.

]]>
Две тела пронајдени покрај пругата во Табановце https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-tela-pronajdeni-pokraj-prugata-vo-tabanovce/ Wed, 26 Jan 2022 07:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=449500

Во текот на вчерашниот ден, околу 15.42 часот, екипите на СВР Куманово информираат дека добиле дојава за пронајдемни две мртви тела на починати мигранти.

На 25.1.2022г. во 15:42 часот во СВР Куманово било пријавено дека покрај железничка пруга во село Табановце, кумановско биле пронајдени две тела на починати лица-мигранти и се уште се вршат проверки за утврдување на нивниот идентитет, информираат надлежните служби на полицијата.

Оттаму додаваат дека СВР Куманово извршил увид на лице место и се работело на утврдување на идентитетот на починатите лица.

The post Две тела пронајдени покрај пругата во Табановце appeared first on Република.