тел авив Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tel-aviv/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 18:15:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тел авив Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tel-aviv/ 32 32 Терористички напад во Тел Авив, убиени се осум луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/teroristichki-napad-vo-tel-aviv-ubieni-se-osum-luge/ Tue, 01 Oct 2024 18:15:10 +0000 https://republika.mk/?p=821506

Осум лица загинаа, а уште осум се повредени во пукање во Тел Авив, соопшти израелската служба за итни случаи.

Полицијата соопшти дека ги неутрализирала двајцата напаѓачи, кои ги опишаа како „очигледни терористи“.

Националната служба за итни случаи на Израел извести дека инцидентот се случил во близина на железничката станица во Јафа.

На вознемирувачките снимки кои се појавија на социјалните мрежи, може да се видат луѓе како лежат безживотно на станицата, додека се уште се слушаат истрели.

Израелските лекари претходно рекоа дека на местото на несреќата имало најмалку седум повредени лица.

 

The post Терористички напад во Тел Авив, убиени се осум луѓе appeared first on Република.

]]>

Осум лица загинаа, а уште осум се повредени во пукање во Тел Авив, соопшти израелската служба за итни случаи. Полицијата соопшти дека ги неутрализирала двајцата напаѓачи, кои ги опишаа како „очигледни терористи“. Националната служба за итни случаи на Израел извести дека инцидентот се случил во близина на железничката станица во Јафа. На вознемирувачките снимки кои се појавија на социјалните мрежи, може да се видат луѓе како лежат безживотно на станицата, додека се уште се слушаат истрели. Израелските лекари претходно рекоа дека на местото на несреќата имало најмалку седум повредени лица.  

The post Терористички напад во Тел Авив, убиени се осум луѓе appeared first on Република.

]]>
Седуммина ранети во сомнителен напад во трговски центар во Тел Авив https://arhiva3.republika.mk/vesti/sedummina-raneti-vo-somnitelen-napad-vo-trgovski-tsentar-vo-tel-aviv/ Tue, 01 Oct 2024 17:02:06 +0000 https://republika.mk/?p=821494

Најмалку седум лица се ранети во пукање доцна попладнево во трговски центар во Тел Авив, според службите за итни случаи, во, како што соопшти полицијата, сомнителен „терористички“ напад.

Најмалку седум лица се ранети на две различни места“, рече шефот на итната медицинска помош, Ели Бин.

Две од застреланите лица се во критична состојба.

Најмалку двајца терористи, од кои едниот е вооружен со автоматска пушка, извршија напад во Јафа, според инсерти од надзорните камери.

Според дел од израелските медиуми, еден од нив бил застрелан од полицијата.

The post Седуммина ранети во сомнителен напад во трговски центар во Тел Авив appeared first on Република.

]]>

Најмалку седум лица се ранети во пукање доцна попладнево во трговски центар во Тел Авив, според службите за итни случаи, во, како што соопшти полицијата, сомнителен „терористички“ напад.
Најмалку седум лица се ранети на две различни места“, рече шефот на итната медицинска помош, Ели Бин.
Две од застреланите лица се во критична состојба. Најмалку двајца терористи, од кои едниот е вооружен со автоматска пушка, извршија напад во Јафа, според инсерти од надзорните камери. Според дел од израелските медиуми, еден од нив бил застрелан од полицијата.

The post Седуммина ранети во сомнителен напад во трговски центар во Тел Авив appeared first on Република.

]]>
Хезболах со ракета гаѓаше кон седиштето на Мосад, крај Тел Авив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hezbolah-so-raketa-gagashe-kon-sedishteto-na-mosad-kraj-tel-aviv/ Wed, 25 Sep 2024 08:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=819449

Сирените за тревога утрово се огласиле во Тел Авив и централен Израел, по што војската на земјата соопшти дека пресретнала проектил кој бил истрелан од Либан, пренесува Би-би-си. Хезболах ја презеде одговорноста за утринскиот ракетен напад врз централен Израел и соопшти дека со балистичка ракета „Кадер 1“ го гаѓала седиштето на Мосад во близина на Тел Авив.

Во соопштението се наведува дека нападот е одговор на неодамнешните експлозии на пејџери и воки-токи од членови на Хезболах во Либан, како и на убиството на високи команданти на групата, пишува „Тајмс оф Израел“.

Во меѓувреме, израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека гаѓале лансирна рампа на Хезболах во Либан, што била искористена за истрелување на проектил земја-земја рано утринава.

ИДФ, исто така, соопшти дека во текот на изминатата ноќ израелските борци извршиле уште еден бран воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан, насочени кон оперативците на групата и десетици складишта за оружје со крстаречки ракети и прецизно наведувани ракетни лансири.

Сирените за воздушен напад се огласија рано утринава во Тел Авив и низ централен Израел, а командата на домашниот фронт на израелските одбранбени сили (ИДФ) им наложи на граѓаните да се засолнат. Тоа беше првпат сирените да се огласат во Тел Авив и централниот дел на земјата откако се интензивираа судирите меѓу Израел и либанската група Хезболах.

Најмалку 569 лица се убиени, од кои 50 деца и 94 жени, во израелските напади врз Либан од понеделникот наутро, изјави вчера либанскиот министер за здравство Фирас Абиадтелс за ТВ Ал Џезира Мубашер.

The post Хезболах со ракета гаѓаше кон седиштето на Мосад, крај Тел Авив appeared first on Република.

]]>

Сирените за тревога утрово се огласиле во Тел Авив и централен Израел, по што војската на земјата соопшти дека пресретнала проектил кој бил истрелан од Либан, пренесува Би-би-си. Хезболах ја презеде одговорноста за утринскиот ракетен напад врз централен Израел и соопшти дека со балистичка ракета „Кадер 1“ го гаѓала седиштето на Мосад во близина на Тел Авив. Во соопштението се наведува дека нападот е одговор на неодамнешните експлозии на пејџери и воки-токи од членови на Хезболах во Либан, како и на убиството на високи команданти на групата, пишува „Тајмс оф Израел“. Во меѓувреме, израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека гаѓале лансирна рампа на Хезболах во Либан, што била искористена за истрелување на проектил земја-земја рано утринава. ИДФ, исто така, соопшти дека во текот на изминатата ноќ израелските борци извршиле уште еден бран воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан, насочени кон оперативците на групата и десетици складишта за оружје со крстаречки ракети и прецизно наведувани ракетни лансири. Сирените за воздушен напад се огласија рано утринава во Тел Авив и низ централен Израел, а командата на домашниот фронт на израелските одбранбени сили (ИДФ) им наложи на граѓаните да се засолнат. Тоа беше првпат сирените да се огласат во Тел Авив и централниот дел на земјата откако се интензивираа судирите меѓу Израел и либанската група Хезболах. Најмалку 569 лица се убиени, од кои 50 деца и 94 жени, во израелските напади врз Либан од понеделникот наутро, изјави вчера либанскиот министер за здравство Фирас Абиадтелс за ТВ Ал Џезира Мубашер.

The post Хезболах со ракета гаѓаше кон седиштето на Мосад, крај Тел Авив appeared first on Република.

]]>
Тел Авив: Палестинец уби жена и повреди повеќе од 17 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tel-aviv-palestinets-ubi-zhena-i-povredi-poveke-od-17-litsa/ Mon, 15 Jan 2024 14:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=733328

Една 70-годишна жена е убиена, а најмалку 17 лица, меѓу кои и неколку деца, се повредени во Ранана, во централниот дел на Израел, недалеку од Тел Авив, кога осомничен палестински напаѓач нападнал неколку лица со нож и со своето возило влетал во минувачи на три одделни локации, соопштија израелските служби за итни случаи.

Петмина од повредените се во тешка состојба, јавија израелските медиуми.

Полицијата ги истражува околностите на нападот, но портпаролот Ели Леви веднаш изјави дека нападот „изгледа како терористички“.

Како што се испоставило малку подоцна, напаѓачот избодел возач и му го украл возилото, а потоа намерно удрил во три лица.

Потоа излегол од тоа возило, украл друго и продолжил да вози и удрил во друга група луѓе.

Засега не е јасно дали прободувањето и обидите за прегазување на луѓето се поврзани.

The post Тел Авив: Палестинец уби жена и повреди повеќе од 17 лица appeared first on Република.

]]>

Една 70-годишна жена е убиена, а најмалку 17 лица, меѓу кои и неколку деца, се повредени во Ранана, во централниот дел на Израел, недалеку од Тел Авив, кога осомничен палестински напаѓач нападнал неколку лица со нож и со своето возило влетал во минувачи на три одделни локации, соопштија израелските служби за итни случаи. Петмина од повредените се во тешка состојба, јавија израелските медиуми. Полицијата ги истражува околностите на нападот, но портпаролот Ели Леви веднаш изјави дека нападот „изгледа како терористички“. Како што се испоставило малку подоцна, напаѓачот избодел возач и му го украл возилото, а потоа намерно удрил во три лица. Потоа излегол од тоа возило, украл друго и продолжил да вози и удрил во друга група луѓе. Засега не е јасно дали прободувањето и обидите за прегазување на луѓето се поврзани.

The post Тел Авив: Палестинец уби жена и повреди повеќе од 17 лица appeared first on Република.

]]>
Силен ракетен напад врз Ерусалим и Тел Авив ги принуди пратениците од Кнесетот да бегаат во засолништа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/silen-raketen-napad-vrz-erusalim-i-tel-aviv-gi-prinudi-pratenitsite-od-knesetot-da-begaat-vo-zasolnishta/ Mon, 16 Oct 2023 18:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=691808

Силен ракетен напад е извршен врз Ерусалим и Тел Авив, поради што пратениците од Кнесетот сред седница морале да одат во засолништа.

Сирените за воздушен напад се огласиле во Ерусалим и Тел Авив, а членовите на палестинската милитантна група Хамас од Појасот Газа лансираа ракети со долг дострел.

„Тајмс оф Израел“ наведува дека ова е веројатно најголемата канонада од баражен ракетен оган од првиот напад на Хамас на 7 октомври. Неколку силни експлозии се слушнале во двата најголеми града во Израел, но засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Седницата на Кнесетот, на чиј почеток зборуваше премиерот Израел, Бенјамин Нетанјаху, е одложена, а пратениците и останатите присутни отидоа во засолништа.

https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-svetot-da-se-obedini-za-da-go-pobedi-hamas/

The post Силен ракетен напад врз Ерусалим и Тел Авив ги принуди пратениците од Кнесетот да бегаат во засолништа appeared first on Република.

]]>

Силен ракетен напад е извршен врз Ерусалим и Тел Авив, поради што пратениците од Кнесетот сред седница морале да одат во засолништа. Сирените за воздушен напад се огласиле во Ерусалим и Тел Авив, а членовите на палестинската милитантна група Хамас од Појасот Газа лансираа ракети со долг дострел. „Тајмс оф Израел“ наведува дека ова е веројатно најголемата канонада од баражен ракетен оган од првиот напад на Хамас на 7 октомври. Неколку силни експлозии се слушнале во двата најголеми града во Израел, но засега нема извештаи за повредени или материјална штета. Седницата на Кнесетот, на чиј почеток зборуваше премиерот Израел, Бенјамин Нетанјаху, е одложена, а пратениците и останатите присутни отидоа во засолништа. https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-svetot-da-se-obedini-za-da-go-pobedi-hamas/

The post Силен ракетен напад врз Ерусалим и Тел Авив ги принуди пратениците од Кнесетот да бегаат во засолништа appeared first on Република.

]]>
Сирени за воздушен напад во Тел Авив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sireni-za-vozdushen-napad-vo-tel-aviv/ Sun, 15 Oct 2023 12:10:58 +0000 https://republika.mk/?p=691387

Сирените за можен воздушен напад денеска се огласија во Тел Авив и неговите предградија, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Во изминатите неколку часа имаше ракетни напади од Појасот Газа врз јужните израелски градови, а последен пат доцна синоќа беа лансирани ракети со долг дострел.

Засега нема информации за повредени или материјална штета, пренесува „Тајмс оф Израел

The post Сирени за воздушен напад во Тел Авив appeared first on Република.

]]>

Сирените за можен воздушен напад денеска се огласија во Тел Авив и неговите предградија, пренесува „Тајмс оф Израел“. Во изминатите неколку часа имаше ракетни напади од Појасот Газа врз јужните израелски градови, а последен пат доцна синоќа беа лансирани ракети со долг дострел. Засега нема информации за повредени или материјална штета, пренесува „Тајмс оф Израел

The post Сирени за воздушен напад во Тел Авив appeared first on Република.

]]>
Владата да организира евакуација на над 100 Македонци од Тел Авив, бараат од Демократски сојуз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-da-organizira-evakuatsija-na-nad-100-makedontsi-od-tel-aviv-baraat-od-demokratski-sojuz/ Wed, 11 Oct 2023 12:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=690161

Демократскиот сојуз ја повикува Владата, посебно МНР, да направат сѐ што е потребно за да се обезбеди безбедна евакуација на над 100 македонски државјани на Аеродромот во Тел Авив.

Блокираните граѓани во Тел Авив прават очајнички напори да го напуштат Тел Авив, но авиокомпаниите кои имаат летови од Тел Авив приоритет даваат на нивните државјани. Во Израел е прогласена воена состојба и ракетните напади на Тел Авив се постојани поради што состојбата е исклучително тешка и бара ангажирање на Владата за да се евакуираат нашите државјани.

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-gragani-zatecheni-vo-zagrozenite-podrachja-vo-izrael-chekaat-instruktsii-kako-da-se-evakuiraat/

The post Владата да организира евакуација на над 100 Македонци од Тел Авив, бараат од Демократски сојуз appeared first on Република.

]]>

Демократскиот сојуз ја повикува Владата, посебно МНР, да направат сѐ што е потребно за да се обезбеди безбедна евакуација на над 100 македонски државјани на Аеродромот во Тел Авив. Блокираните граѓани во Тел Авив прават очајнички напори да го напуштат Тел Авив, но авиокомпаниите кои имаат летови од Тел Авив приоритет даваат на нивните државјани. Во Израел е прогласена воена состојба и ракетните напади на Тел Авив се постојани поради што состојбата е исклучително тешка и бара ангажирање на Владата за да се евакуираат нашите државјани. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-gragani-zatecheni-vo-zagrozenite-podrachja-vo-izrael-chekaat-instruktsii-kako-da-se-evakuiraat/

The post Владата да организира евакуација на над 100 Македонци од Тел Авив, бараат од Демократски сојуз appeared first on Република.

]]>
Во Тел Авив се огласија сирените за воздушен напад, Хамас го нападна аеродромот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-tel-aviv-se-oglasija-sirenite-za-vozdushen-napad-hamas-go-napadna-aerodromot/ Tue, 10 Oct 2023 13:14:03 +0000 https://republika.mk/?p=689939

Сирените за воздушен напад денеска се огласија низ Тел Авив и други околни градови, а палестинската милитантна група Хамас соопшти дека повторно ги нападнала градот и аеродромот Бен Гурион.

Во градот се регистрирани силни детонации, јавија локалните медиуми. Според нив активиран е и заштитиниот ПВО систем Железна купола.

По делумно затишје тоа е нов голем напад, објавија израелските медиуми.

Портпаролот на бригадата на Хамас, Ал Касам Абу Убаида изјави дека нападот бил одговор на убиствата на цивили.

Во исто време, на населението во Ашкелон му е даден рок да го напушти тој град до 17 часот по локално време.

The post Во Тел Авив се огласија сирените за воздушен напад, Хамас го нападна аеродромот appeared first on Република.

]]>

Сирените за воздушен напад денеска се огласија низ Тел Авив и други околни градови, а палестинската милитантна група Хамас соопшти дека повторно ги нападнала градот и аеродромот Бен Гурион. Во градот се регистрирани силни детонации, јавија локалните медиуми. Според нив активиран е и заштитиниот ПВО систем Железна купола. По делумно затишје тоа е нов голем напад, објавија израелските медиуми. Портпаролот на бригадата на Хамас, Ал Касам Абу Убаида изјави дека нападот бил одговор на убиствата на цивили. Во исто време, на населението во Ашкелон му е даден рок да го напушти тој град до 17 часот по локално време.

The post Во Тел Авив се огласија сирените за воздушен напад, Хамас го нападна аеродромот appeared first on Република.

]]>
Македонската амбасада во Тел Авив: Постојано се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskata-ambasada-vo-tel-aviv-postojano-se-zgolemuva-brojot-na-nashi-drzhavjani-koi-se-prijavuvaat-deka-se-zatecheni-vo-i-okolu-zagrozenite-podrachja/ Sun, 08 Oct 2023 09:54:44 +0000 https://republika.mk/?p=689170

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на својот колега од Израел, Ели Коен, му изразил сочувство за жртвите и последиците, притоа силно осудувајќи ги континуираните напади врз Израел, кои почнаа со вчерашниот напад од страна на Хамас. Османи го реафирмираше ставот на Министерството, за итно ослободување на сите цивили кои се држат во заложништво од страна на Хамас, како и итно прекинување на било какви насилни дејствија врз Израел.

Со оглед на влошената безбедносна состојба, утрово Османи по итна постапка оформил кризен штаб во рамките на Министерството, чија задача е да ги следи, координира и систематизира сите постапки поврзани со нашите државјани кои се наоѓаат во и околу загрозените подрачја, и на кои им биде потребна помош или асистенција за нивно безбедно евакуирање.

Според информациите на Амбасадата на Македонија во Тел Авив, како и според јавувањата на СОС телефонот во Министерството за надворешни работи во Скопје, во Израел и на Западниот Брег постојано се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја. Со сите пријавени наши државјани се одржува постојан контакт од страна на Амбасадата, при што се преземаат подготвителни мерки за евентуална асистенција за нивната безбедна евакуација.

Покрај активностите на Амбасадата во Израел, утрово е испратена итна инструкција до дипломатско-конзуларната мрежа на Република Македонија во околните земји, за нивна посебна подготовка за евентуални активности и нивна 24 часовна достапност како за централата во Скопје, така и за евентуалната комуникација со граѓаните. Дипломатската мрежа е во контакт и со колегите од дипломатските претставништва на пријателските земји, кои исто така се во подготовка за организирана асистенција на затекнатите граѓани во и околу загрозените подрачја.

Уште еднаш ги повикуваме нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, како и да се пријават во амбасадата во Тел Авив или на дежурните телефони во централата во Скопје, порачуваат од МНР.

Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378

The post Македонската амбасада во Тел Авив: Постојано се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на својот колега од Израел, Ели Коен, му изразил сочувство за жртвите и последиците, притоа силно осудувајќи ги континуираните напади врз Израел, кои почнаа со вчерашниот напад од страна на Хамас. Османи го реафирмираше ставот на Министерството, за итно ослободување на сите цивили кои се држат во заложништво од страна на Хамас, како и итно прекинување на било какви насилни дејствија врз Израел. Со оглед на влошената безбедносна состојба, утрово Османи по итна постапка оформил кризен штаб во рамките на Министерството, чија задача е да ги следи, координира и систематизира сите постапки поврзани со нашите државјани кои се наоѓаат во и околу загрозените подрачја, и на кои им биде потребна помош или асистенција за нивно безбедно евакуирање. Според информациите на Амбасадата на Македонија во Тел Авив, како и според јавувањата на СОС телефонот во Министерството за надворешни работи во Скопје, во Израел и на Западниот Брег постојано се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја. Со сите пријавени наши државјани се одржува постојан контакт од страна на Амбасадата, при што се преземаат подготвителни мерки за евентуална асистенција за нивната безбедна евакуација. Покрај активностите на Амбасадата во Израел, утрово е испратена итна инструкција до дипломатско-конзуларната мрежа на Република Македонија во околните земји, за нивна посебна подготовка за евентуални активности и нивна 24 часовна достапност како за централата во Скопје, така и за евентуалната комуникација со граѓаните. Дипломатската мрежа е во контакт и со колегите од дипломатските претставништва на пријателските земји, кои исто така се во подготовка за организирана асистенција на затекнатите граѓани во и околу загрозените подрачја.
Уште еднаш ги повикуваме нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, како и да се пријават во амбасадата во Тел Авив или на дежурните телефони во централата во Скопје, порачуваат од МНР.
Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378

The post Македонската амбасада во Тел Авив: Постојано се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја appeared first on Република.

]]>
Израелската армија погоди две високи згради во Газа, Хамас му се заканува на Тел Авив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelskata-armija-pogodi-dve-visoki-zgradi-vo-gaza-hamas-mu-se-zakanuva-na-tel-aviv/ Sat, 07 Oct 2023 16:44:07 +0000 https://republika.mk/?p=688983

Израелската армија вечерва соопшти дека извршила воздушни напади врз две високи згради во Појасот Газа што ги користел исламскиот екстремистички Хамас, кој е на власт во палестинската територија.

Терористичката организација Хамас намерно ја става својата воена опрема во срцето на цивилното население во Појасот Газа“, соопшти армијата.

Како што се наведува, станарите биле однапред предупредени и побарано било да се евакуираат пред ударот.

Хамас се закани дека ќе истрела ракети кон Тел Авив како одмазда.

The post Израелската армија погоди две високи згради во Газа, Хамас му се заканува на Тел Авив appeared first on Република.

]]>

Израелската армија вечерва соопшти дека извршила воздушни напади врз две високи згради во Појасот Газа што ги користел исламскиот екстремистички Хамас, кој е на власт во палестинската територија.
Терористичката организација Хамас намерно ја става својата воена опрема во срцето на цивилното население во Појасот Газа“, соопшти армијата.
Како што се наведува, станарите биле однапред предупредени и побарано било да се евакуираат пред ударот. Хамас се закани дека ќе истрела ракети кон Тел Авив како одмазда.

The post Израелската армија погоди две високи згради во Газа, Хамас му се заканува на Тел Авив appeared first on Република.

]]>
МНР со апел до македонските граѓани кои се во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-so-apel-do-makedonskite-gragani-koi-se-vo-izrael-da-gi-pochituvaat-upatstvata-na-bezbednosnite-vlasti/ Sat, 07 Oct 2023 11:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=688871

Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, соопштуваат од македонското МНР.

Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx

Инаку според информациите на нашата амбасада во Тел Авив, Израел, седум државјани на Република Македонија се наоѓаат во градот Виетлем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања.

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Израел +972-54-926-7378, стои во соопштението.

The post МНР со апел до македонските граѓани кои се во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти appeared first on Република.

]]>

Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, соопштуваат од македонското МНР.

Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx

Инаку според информациите на нашата амбасада во Тел Авив, Израел, седум државјани на Република Македонија се наоѓаат во градот Виетлем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања.

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Израел +972-54-926-7378, стои во соопштението.

The post МНР со апел до македонските граѓани кои се во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти appeared first on Република.

]]>
Терористички напад во Тел Авив, Израел почнува мобилизација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/teroristichki-napad-vo-tel-aviv-izrael-pochnuva-mobilizatsija/ Sat, 08 Apr 2023 07:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=628541

Маж со автомобил налетал на пешаци во Тел Авив, убил еден и ранил седум други, а осомничениот терорист е „неутрализиран“.

По нападот терористот излегол од возилото и се обидел да пука во полицајците, но му се заглавило оружјето, па полицијата успеала да го совлада и убие. Полицијата констатирала и дека автомобилот се превртел.

Наводно, осомничениот е израелски државјанин од Кафр Касим, 45-годишниот Јусеф Абу Џабер, кој работи во Тел Авив.

Потврдена е смртта на 30-годишен маж, за кој се претпоставува дека е италијански државјанин, а покрај него, во болница се пренесени уште три лица кои биле удрени од возилото.

Наводно, уште четири повредени лица се вратиле во нивниот хотел.

МДА соопшти дека сите жртви се туристи, а лицето кое е убиено во нападот е идентификувано како Алесандро Фарини, 35-годишен турист од Италија, додека британски и италијански државјани се повредени.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху и нареди на израелската полиција да го мобилизира целиот свој персонал, вклучително и граничната полиција, како и дополнителни безбедносни сили. Тој ги повикува граѓаните да ги почитуваат упатствата на безбедносните сили во овој период на ескалација на насилството.

Се наведува дека осомничениот терорист е Палестинец од Западниот Брег кој го украл автомобилот користен во нападот.

Израелските власти наредија мобилизација на израелската гранична полиција и резервистите на израелската армија (ИДФ) по терористичкиот напад во Тел Авив. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди мобилизација на четири единици на резервните полициски единици, додека шест единици во моментов работат во Ерусалим, според „Тајмс оф Израел“.

Израелската полиција соопшти дека мобилизацијата започнала во неделата и дека засилени сили ќе бидат распоредени во Ерусалим и мешаниот арапско-еврејски град Лод во централен Израел поради претстојниот месец Рамазан, кој обично е придружен со немири меѓу Палестинците и израелските сили.

ВИДЕО ОД НАПАДОТ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

The post Терористички напад во Тел Авив, Израел почнува мобилизација appeared first on Република.

]]>

Маж со автомобил налетал на пешаци во Тел Авив, убил еден и ранил седум други, а осомничениот терорист е „неутрализиран“. По нападот терористот излегол од возилото и се обидел да пука во полицајците, но му се заглавило оружјето, па полицијата успеала да го совлада и убие. Полицијата констатирала и дека автомобилот се превртел. Наводно, осомничениот е израелски државјанин од Кафр Касим, 45-годишниот Јусеф Абу Џабер, кој работи во Тел Авив. Потврдена е смртта на 30-годишен маж, за кој се претпоставува дека е италијански државјанин, а покрај него, во болница се пренесени уште три лица кои биле удрени од возилото. Наводно, уште четири повредени лица се вратиле во нивниот хотел. МДА соопшти дека сите жртви се туристи, а лицето кое е убиено во нападот е идентификувано како Алесандро Фарини, 35-годишен турист од Италија, додека британски и италијански државјани се повредени. Премиерот Бенјамин Нетанјаху и нареди на израелската полиција да го мобилизира целиот свој персонал, вклучително и граничната полиција, како и дополнителни безбедносни сили. Тој ги повикува граѓаните да ги почитуваат упатствата на безбедносните сили во овој период на ескалација на насилството. Се наведува дека осомничениот терорист е Палестинец од Западниот Брег кој го украл автомобилот користен во нападот. Израелските власти наредија мобилизација на израелската гранична полиција и резервистите на израелската армија (ИДФ) по терористичкиот напад во Тел Авив. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди мобилизација на четири единици на резервните полициски единици, додека шест единици во моментов работат во Ерусалим, според „Тајмс оф Израел“. Израелската полиција соопшти дека мобилизацијата започнала во неделата и дека засилени сили ќе бидат распоредени во Ерусалим и мешаниот арапско-еврејски град Лод во централен Израел поради претстојниот месец Рамазан, кој обично е придружен со немири меѓу Палестинците и израелските сили. ВИДЕО ОД НАПАДОТ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

The post Терористички напад во Тел Авив, Израел почнува мобилизација appeared first on Република.

]]>
Брачен пар го остави своето бебе на аеродром во Тел Авив бидејќи немале билет за него https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/brachen-par-go-ostavi-svoeto-bebe-na-aerodrom-vo-tel-aviv-bidejki-nemale-bilet-za-nego/ Thu, 02 Feb 2023 09:58:06 +0000 https://republika.mk/?p=603730

Брачен пар го остави своето бебе на шалтерот за пријавување на аеродромот во Тел Авив во Израел бидејќи за него немале билет.

Неименуваната двојка се пријавила со бебето на летот на Ryanair од меѓународниот аеродром Бен Гурион до Брисел, Белгија, пишува Си-ен-ен.

Се испоставило дека бебето нема билет, а парот продолжил да се качи на летот, оставајќи го своето дете на шалтерот за пријавување.

Случајот е проследен во полиција, изјави портпаролката на Ryanair за Си-ен-ен.

Таа тврдеше дека парот се пријавил за лет без резервација за нивното бебе, а потоа го оставиле бебето на шалтерот за пријавување и дека агентот за пријавување на аеродромот Бен Гурион го контактирал обезбедувањето на аеродромот.

Аеродромските власти го потврдија инцидентот и изјавија дека парот немал билет за бебето и дека исто така доцнеле на летот.

Двојката, наводно, го оставила бебето во корпа и истрчала кон безбедносната проверка во обид да стигне до капијата за да се качи на летот.

Портпаролот на израелската полиција изјави дека проблемот е решен до доаѓањето на полицијата на местото на настанот, а бебето било со неговите родители, пренесуваат медиумите.

 

The post Брачен пар го остави своето бебе на аеродром во Тел Авив бидејќи немале билет за него appeared first on Република.

]]>

Брачен пар го остави своето бебе на шалтерот за пријавување на аеродромот во Тел Авив во Израел бидејќи за него немале билет. Неименуваната двојка се пријавила со бебето на летот на Ryanair од меѓународниот аеродром Бен Гурион до Брисел, Белгија, пишува Си-ен-ен. Се испоставило дека бебето нема билет, а парот продолжил да се качи на летот, оставајќи го своето дете на шалтерот за пријавување. Случајот е проследен во полиција, изјави портпаролката на Ryanair за Си-ен-ен. Таа тврдеше дека парот се пријавил за лет без резервација за нивното бебе, а потоа го оставиле бебето на шалтерот за пријавување и дека агентот за пријавување на аеродромот Бен Гурион го контактирал обезбедувањето на аеродромот. Аеродромските власти го потврдија инцидентот и изјавија дека парот немал билет за бебето и дека исто така доцнеле на летот. Двојката, наводно, го оставила бебето во корпа и истрчала кон безбедносната проверка во обид да стигне до капијата за да се качи на летот. Портпаролот на израелската полиција изјави дека проблемот е решен до доаѓањето на полицијата на местото на настанот, а бебето било со неговите родители, пренесуваат медиумите.  

The post Брачен пар го остави своето бебе на аеродром во Тел Авив бидејќи немале билет за него appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ го освои турнирот во Тел Авив https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-go-osvoi-turnirot-vo-tel-aviv/ Sun, 02 Oct 2022 18:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=556606

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на турнирот во Тел Авив.

Тој во финалето го победи хрватскиот претставник Марин Чилиќ со 2:0, по сетови 6:3 и 6:4. Тенисерите на теренот поминаа 1 час и 35 минути.

За Ѓоковиќ титулата во Израел беше 89-та во кариерата (сингл).

Србинот планира следната недела да учествува на натпревари во Астана.

Наградниот фонд на турнирот во Тел Авив изнесуваше 949.475 долари.

The post Ѓоковиќ го освои турнирот во Тел Авив appeared first on Република.

]]>

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на турнирот во Тел Авив. Тој во финалето го победи хрватскиот претставник Марин Чилиќ со 2:0, по сетови 6:3 и 6:4. Тенисерите на теренот поминаа 1 час и 35 минути. За Ѓоковиќ титулата во Израел беше 89-та во кариерата (сингл). Србинот планира следната недела да учествува на натпревари во Астана. Наградниот фонд на турнирот во Тел Авив изнесуваше 949.475 долари.

The post Ѓоковиќ го освои турнирот во Тел Авив appeared first on Република.

]]>
Во Газа се пука, небезбедно е Јуве и Атлетико да играат во Тел Авив https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/vo-gaza-se-puka-nebezbedno-e-juve-i-atletiko-da-igraat-vo-tel-aviv/ Sat, 06 Aug 2022 14:28:14 +0000 https://republika.mk/?p=537431

Пријателскиот натпревар меѓу мадридски Атлетико и Јувентус од Торино што требаше утре да се игра во Израел е откажан од безбедносни причини.

– Имајќи ја предвид безбедносната состојба, натпреварот со Јувентус што требаше да се игра в недела на стадионот „Блумфилд“ во Тел Авив е откажан од безбедносни причини, соопшти попладнево шпанскиот прволигаш.

Израелски авиони бомбардираа денеска цели во Појасот Газа, а палестинските милитантни возвратија со ракетни напади врз израелски градови.

Борбите траат втор ден по повеќе од една година релативно затишје долж границата.

The post Во Газа се пука, небезбедно е Јуве и Атлетико да играат во Тел Авив appeared first on Република.

]]>

Пријателскиот натпревар меѓу мадридски Атлетико и Јувентус од Торино што требаше утре да се игра во Израел е откажан од безбедносни причини. – Имајќи ја предвид безбедносната состојба, натпреварот со Јувентус што требаше да се игра в недела на стадионот „Блумфилд“ во Тел Авив е откажан од безбедносни причини, соопшти попладнево шпанскиот прволигаш. Израелски авиони бомбардираа денеска цели во Појасот Газа, а палестинските милитантни возвратија со ракетни напади врз израелски градови. Борбите траат втор ден по повеќе од една година релативно затишје долж границата.

The post Во Газа се пука, небезбедно е Јуве и Атлетико да играат во Тел Авив appeared first on Република.

]]>
Во Тел Авив отворен најголемиот ургентен центар во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-tel-aviv-otvoren-najgolemiot-urgenten-centar-vo-svetot/ Thu, 28 Jul 2022 18:08:23 +0000 https://republika.mk/?p=534370

Во Израел е отворен најголемиот ургентен центар во светот, со 8.000 квадратни метри, наменет за вообичаени итни потреби, како и за ненадејно голем број ранети во случај на војна или терористички напади.

Центарот во болницата Ихилов во Тел Авив го отворија претседателот на преодната влада на Израел Јаир Лапид, израелскиот претседател Исак Херцог, министерот за здравство Ницан Хоровиц и филантропот Силван Адамс.

Адамс, Израелец кој има и канадско државјанство и финансираше неколку проекти во Израел во претходните години, донираше 28 милиони долари на болницата, поради што ургентниот центар го носи неговото име.

На отворањето тој порача дека Израел е веќе лидер во медицината во светот, дека израелските научници и лекари наоѓаат важни решенија во областа на истражувањето, иновациите и здравствената заштита и оти земјата може да биде предводник и во ургентното згрижување.

Центарот има 100 болнички кревети, а тој број може да се удвои во итни случаи.

Пациентите кои се чувствуваат доволно добро ќе можат да се пријават, а потоа да се подложат на само-тријажа, каде што автоматските системи ќе ја проверуваат нивната температура, крвен притисок, пулс и заситеност со кислород во крвта.

Резултатите се внесуваат во компјутерскиот систем на болницата, а вработените во центарот веднаш ќе бидат известени доколку пациентите се изложени на висок ризик.

Мобилни роботи ќе им помагаат на пациентите да го пронајдат одделот што им е потребен, а преку апликација ќе се информираат што се случува со нивните тестови, резултати и третман.

Портпаролот на болницата Аву Шусан изјави дека податоците се внимателно проверени и дека се укажува оти ургентниот центар отворен денеска е најголемиот во светот.

The post Во Тел Авив отворен најголемиот ургентен центар во светот appeared first on Република.

]]>

Во Израел е отворен најголемиот ургентен центар во светот, со 8.000 квадратни метри, наменет за вообичаени итни потреби, како и за ненадејно голем број ранети во случај на војна или терористички напади. Центарот во болницата Ихилов во Тел Авив го отворија претседателот на преодната влада на Израел Јаир Лапид, израелскиот претседател Исак Херцог, министерот за здравство Ницан Хоровиц и филантропот Силван Адамс. Адамс, Израелец кој има и канадско државјанство и финансираше неколку проекти во Израел во претходните години, донираше 28 милиони долари на болницата, поради што ургентниот центар го носи неговото име. На отворањето тој порача дека Израел е веќе лидер во медицината во светот, дека израелските научници и лекари наоѓаат важни решенија во областа на истражувањето, иновациите и здравствената заштита и оти земјата може да биде предводник и во ургентното згрижување. Центарот има 100 болнички кревети, а тој број може да се удвои во итни случаи. Пациентите кои се чувствуваат доволно добро ќе можат да се пријават, а потоа да се подложат на само-тријажа, каде што автоматските системи ќе ја проверуваат нивната температура, крвен притисок, пулс и заситеност со кислород во крвта. Резултатите се внесуваат во компјутерскиот систем на болницата, а вработените во центарот веднаш ќе бидат известени доколку пациентите се изложени на висок ризик. Мобилни роботи ќе им помагаат на пациентите да го пронајдат одделот што им е потребен, а преку апликација ќе се информираат што се случува со нивните тестови, резултати и третман. Портпаролот на болницата Аву Шусан изјави дека податоците се внимателно проверени и дека се укажува оти ургентниот центар отворен денеска е најголемиот во светот.

The post Во Тел Авив отворен најголемиот ургентен центар во светот appeared first on Република.

]]>
Израелските сили го убиле Палестинецот кој изврши напад во Тел Авив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelskite-sili-go-ubile-palestinecot-koj-izvrshi-napad-vo-tel-aviv/ Fri, 08 Apr 2022 05:45:49 +0000 https://republika.mk/?p=456985

Израелските безбедносни сили го убиле вооружениот маж кој уби две лица и рани неколку други во терористички напад во центарот на крајбрежниот град Тел Авив.

Терористот кој го изврши вчерашниот вооружен напад во Тел Авив е лоциран и неутрализиран - соопштија официјални лица.

Во соопштението се додава дека човекот, кој бил Палестинец од Западниот Брег, бил убиен во близина на џамија во населбата Јафа.

https://republika.mk/vesti/svet/tel-aviv-vo-prestrelkata-dve-lica-zaginaa-a-chetvorica-se-povredeni/

The post Израелските сили го убиле Палестинецот кој изврши напад во Тел Авив appeared first on Република.

]]>

Израелските безбедносни сили го убиле вооружениот маж кој уби две лица и рани неколку други во терористички напад во центарот на крајбрежниот град Тел Авив.
Терористот кој го изврши вчерашниот вооружен напад во Тел Авив е лоциран и неутрализиран - соопштија официјални лица.
Во соопштението се додава дека човекот, кој бил Палестинец од Западниот Брег, бил убиен во близина на џамија во населбата Јафа. https://republika.mk/vesti/svet/tel-aviv-vo-prestrelkata-dve-lica-zaginaa-a-chetvorica-se-povredeni/

The post Израелските сили го убиле Палестинецот кој изврши напад во Тел Авив appeared first on Република.

]]>
Тел Авив: Во престрелката две лица загинаа, а четворица се повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tel-aviv-vo-prestrelkata-dve-lica-zaginaa-a-chetvorica-se-povredeni/ Thu, 07 Apr 2022 20:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=485004

Две лица загинаа, а осум се повредени во пукотница вечерва во центарот на Тел Авив, соопшти болницата.

Израелската амбуланта соопшти дека тоа се случило во улицата Дизенгоф, полна со луѓе на место на кое има неколку барови и ресторани и на неколку други места околу центарот на градот.

The post Тел Авив: Во престрелката две лица загинаа, а четворица се повредени appeared first on Република.

]]>

Две лица загинаа, а осум се повредени во пукотница вечерва во центарот на Тел Авив, соопшти болницата. Израелската амбуланта соопшти дека тоа се случило во улицата Дизенгоф, полна со луѓе на место на кое има неколку барови и ресторани и на неколку други места околу центарот на градот.

The post Тел Авив: Во престрелката две лица загинаа, а четворица се повредени appeared first on Република.

]]>