текстови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tekstovi/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Jun 2023 12:23:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png текстови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tekstovi/ 32 32 Откупените текстови на Мила Јовановиќ-Миленковиќ и на Мики Душански објавени на интернет-страницата на МТФ „Војдан Черднодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otkupenite-tekstovi-na-mila-jovanovik-milenkovik-i-na-miki-dushanski-objaveni-na-internet-stranitsata-na-mtf-vojdan-cherdnodrinski/ Thu, 29 Jun 2023 08:21:25 +0000 https://republika.mk/?p=656324

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп денеска ги постави на својата интернет-страница трите откупени текстa на конкурсот што го распиша Министерството за култура, во соработка со театарскиот фестивал. Станува збор за текстовите „Бреме“ на Мила Јовановиќ-Миленковиќ и „Измислена приказна“ и „Не застанувај продолжи понатаму: Лукавиот“, и двата од Мики Душански.

Идејата на конкурсот беше да се збогати домашното драмско творештво, но и да се влијае на поттикот овие текстови да бидат поставени на националните театарски сцени каде наголемо недостига домашната драма. Еден од најважните заклучоци на 57. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, што се реализираше од 9 до 16 јуни во Прилеп е дека треба што повеќе да се фокусираме токму на новата македонска драма и нејзиното оживување на театарските сцени.

Пријавените 48 текстови ги оцени комисија од компетентни членови, кои за време на траењето на конкурсот беа анонимни. Процесот на работа беше таков што секој член од тричлената комисија работеше независно и требаше секој од доставените текстови под шифра да го оцени со оценка од 1 до 5. По добивањето на оценките за секој драмски текст од секој член на комисијата посебно, беше избрана средна оценка.

За комисија за откуп беа избрани: Маја Стевановиќ, професор на ФДУ, драмски автор и драматург, Нина Николиќ, театарска режисерка и Васил Михаил, актер, драмски автор и режисер.

Министерството за култура на авторите на македонските драмски текстови, за откуп на авторските права за објавување и поставување на драмскиот текст, обезбеди авторски надомест во нето-износ од по 120.000 денари.

The post Откупените текстови на Мила Јовановиќ-Миленковиќ и на Мики Душански објавени на интернет-страницата на МТФ „Војдан Черднодрински“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп денеска ги постави на својата интернет-страница трите откупени текстa на конкурсот што го распиша Министерството за култура, во соработка со театарскиот фестивал. Станува збор за текстовите „Бреме“ на Мила Јовановиќ-Миленковиќ и „Измислена приказна“ и „Не застанувај продолжи понатаму: Лукавиот“, и двата од Мики Душански. Идејата на конкурсот беше да се збогати домашното драмско творештво, но и да се влијае на поттикот овие текстови да бидат поставени на националните театарски сцени каде наголемо недостига домашната драма. Еден од најважните заклучоци на 57. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, што се реализираше од 9 до 16 јуни во Прилеп е дека треба што повеќе да се фокусираме токму на новата македонска драма и нејзиното оживување на театарските сцени. Пријавените 48 текстови ги оцени комисија од компетентни членови, кои за време на траењето на конкурсот беа анонимни. Процесот на работа беше таков што секој член од тричлената комисија работеше независно и требаше секој од доставените текстови под шифра да го оцени со оценка од 1 до 5. По добивањето на оценките за секој драмски текст од секој член на комисијата посебно, беше избрана средна оценка. За комисија за откуп беа избрани: Маја Стевановиќ, професор на ФДУ, драмски автор и драматург, Нина Николиќ, театарска режисерка и Васил Михаил, актер, драмски автор и режисер. Министерството за култура на авторите на македонските драмски текстови, за откуп на авторските права за објавување и поставување на драмскиот текст, обезбеди авторски надомест во нето-износ од по 120.000 денари.

The post Откупените текстови на Мила Јовановиќ-Миленковиќ и на Мики Душански објавени на интернет-страницата на МТФ „Војдан Черднодрински“ appeared first on Република.

]]>
„Ги запознаваме ретките болести“: Од утре до 28 февруари „Република“ ќе објавува по еден информативен текст https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/gi-zapoznavame-retkite-bolesti-od-utre-do-28-fevruari-republika-kje-objavuva-po-eden-informativen-tekst/ Mon, 31 Jan 2022 10:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=451856

Од утре, 1. февруари 2022 година започнува новата, 4-та сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ која „Република“, како и секоја година ја поддржува. Од утре до 28 ќе објавуваме по еден информативен текст за ретките болести во кој се објаснуваат симптомите на болеста, дали и како се лекува, какви се прогнозите.

На пациентите со ретки болести, но и на нивните семејства постојано им треба помош и поддршка, бидејќи кога страда член од едно семејство страда и целото семејство, вели во разговор за „Република“ Гордана Лолеска, активистка и волентерка на Здружението за ретки болести.

Лолеска, Здружението „Ретко е да си редок“, Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ во 2019 година го започнаа проектот „Ги запознаваме ретките болести“. Од тогаш, секоја година ја запознаваат јавноста со ретките болести во Република Македонија, со надеж дека преку ретките дијагнози ќе успеат да го кренат гласот за проблемите со кои се среќаваат лицата со ретки болести, но и нивните семејства.

Заклучно со декември 2021 година во Регистерот на ретки болести има регистрирано вкупно 652 лица, со околу 70 различни дијагнози од кои за околу 225 лица се обезбедуваат лекови преку Програмата за ретки болести.

За жал, во Македонија има ултра ретки дијагнози кои се јавуваат со преваленца од еден на милион како што се Болест на Шимке, ХИДС,ФОП…

Оваа година, со четвртата сезона, се заокружуваат точно 111 обработени дојагнози, во насока на подобро запознавање на јавноста со ретките болести. Новината е дека овој февруари 2022 филателијата на Пошта ќе стане побогата за уште една поштенска марка со ретка дијагноза Деца со ретки болести – Булозна епидермолиза. Македонија е прва земја во светот која ќе издаде ваква поштенска марка, но и со тоа што на ваков редок начин се запознаваат граганите со ретките болести.

The post „Ги запознаваме ретките болести“: Од утре до 28 февруари „Република“ ќе објавува по еден информативен текст appeared first on Република.

]]>

Од утре, 1. февруари 2022 година започнува новата, 4-та сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ која „Република“, како и секоја година ја поддржува. Од утре до 28 ќе објавуваме по еден информативен текст за ретките болести во кој се објаснуваат симптомите на болеста, дали и како се лекува, какви се прогнозите. На пациентите со ретки болести, но и на нивните семејства постојано им треба помош и поддршка, бидејќи кога страда член од едно семејство страда и целото семејство, вели во разговор за „Република“ Гордана Лолеска, активистка и волентерка на Здружението за ретки болести. Лолеска, Здружението „Ретко е да си редок“, Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ во 2019 година го започнаа проектот „Ги запознаваме ретките болести“. Од тогаш, секоја година ја запознаваат јавноста со ретките болести во Република Македонија, со надеж дека преку ретките дијагнози ќе успеат да го кренат гласот за проблемите со кои се среќаваат лицата со ретки болести, но и нивните семејства. Заклучно со декември 2021 година во Регистерот на ретки болести има регистрирано вкупно 652 лица, со околу 70 различни дијагнози од кои за околу 225 лица се обезбедуваат лекови преку Програмата за ретки болести. За жал, во Македонија има ултра ретки дијагнози кои се јавуваат со преваленца од еден на милион како што се Болест на Шимке, ХИДС,ФОП… Оваа година, со четвртата сезона, се заокружуваат точно 111 обработени дојагнози, во насока на подобро запознавање на јавноста со ретките болести. Новината е дека овој февруари 2022 филателијата на Пошта ќе стане побогата за уште една поштенска марка со ретка дијагноза Деца со ретки болести – Булозна епидермолиза. Македонија е прва земја во светот која ќе издаде ваква поштенска марка, но и со тоа што на ваков редок начин се запознаваат граганите со ретките болести.

The post „Ги запознаваме ретките болести“: Од утре до 28 февруари „Република“ ќе објавува по еден информативен текст appeared first on Република.

]]>