текстилци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tekstilci/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 07:10:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png текстилци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tekstilci/ 32 32 Фирма од Битола ги држела вработените под клуч како робови, инспекторите морале да викнат полиција да влезат во погоните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/firma-od-bitola-gi-drzhela-vrabotenite-pod-kluch-kako-robovi-inspektorite-morale-da-viknat-politsija-da-vlezat-vo-pogonite/ Tue, 13 Aug 2024 15:30:09 +0000 https://republika.mk/?p=806241

Гласен Текстилец на својата Фејсбук страна објави шокантна вест за фирма од Битола, „Стар Фешн ДООЕЛ“ која ги држела вработените под клуч како робови. Од таму додаваат дека откако поднеле претставка компанијата ја посетиле инспектори. Но на нивно изненадување вратите биле заклучени при што морала да биде повикана полиција за да може да се влезе во просториите на фабриката.

Во ова правно лице, инспекторатот при вршење на инспекцискиот надзор наиде на заклучени врати додека работниците работеле во погоните. По неуспешни обиди за влез на инспекторите истите побарале асистенција од МВР. Пристапот на инспекторите бил овозможен дури после 20 минути чекање пред затворени врати“, се вели во објавата.

Внатре биле затечени 30 работници кои работеле под клуч. Притоа биле констатирани бројни неправилности но и немало евиденција за работното време.

Исто така работодавачот организира и воведува прекувремена работа и саботи и ангажира и лица без регуларен работен однос. Работодавачот не им исплаќал додаток на плата по основ на минат труд на вработените што исто така е спротивно Законот за работните односи. За констатираните неправилности Државниот трудов инспекторат изрече соодветна инспекциска мерка за правното лице ДПТУ СТАР ФЕЈШН ДООЕЛ Битола“, се додава во соопштението на Гласен Текстилец.

The post Фирма од Битола ги држела вработените под клуч како робови, инспекторите морале да викнат полиција да влезат во погоните appeared first on Република.

]]>

Се затвараат текстилни фирми: По минималецот, скапата струја им е капак https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-zatvaraat-tekstilni-firmi-po-minimalecot-skapata-struja-im-e-kapak/ Tue, 04 Oct 2022 07:40:29 +0000 https://republika.mk/?p=557093

Текстилната индустрија ќе ја преживее зимава, но изгледите од потреси напролет се големи со оглед дека нивните европски партнери може да ги намалат нарачките за следната зима, пишува Слободен печат.

Партнерите на нашите текстилни компании се главно во Германија, или 70 отсто од произведеното во земјава оди на тој пазар. Се зголемува стравувањето кај нашите фабрики за тоа како Германија и другите европски земји ќе ја поминат зимата и како тоа ќе се одрази врз нивното работење.

Од секторот велат дека високата цена на струјата го почна затворањето на фирмите, но доколку се случи намалување на нарачките за следната зима процесот на затворање на фирмите и отпуштање од работа ќе биде неминовен.

Кај нас проблемите доаѓаат 6 месеци подоцна отколку кај другите сектори бидејќи работиме по сезони. Така беше и во ковид кризата во 2020 година. Кога сета индустрија во 2021 година тргна напред, кај нас се почувствува одгласот на кризата од претходната година. Летово работевме за оваа зима, имавме нарачки, но некаде во март-април кога почнуваме да работиме за следната зима може да биде критично за компаниите, ако европските земји оваа зима лошо ја поминат. Сѐ зависи од тоа колку состојбата во Европа и посебно Германија ќе биде лоша и како тоа ќе се одрази на потрошувачката на домаќинствата таму. Од тоа зависат и нивните нарачки за следната зима. Ако бидеме принудени да го намалиме или целосно да го запреме производството секако ќе има и отпуштања – вели Ангел Димитров од конфекцијата „Мода“ од Свети Николе и претседател на Здружението на текстилна индустрија во Стопанската комора.

Според него, состојбата со струјата, моментално е непроменета во однос на јули и сметките за струја на компаниите во текстилната индустрија се со цена од околу 600 евра, но Димитров очекува владата да обезбеди струја со пониска цена со што и трошокот би се намалил.

Ние не сакаме бесплатно да добиваме струја, туку таа да има некоја нормална цена од околу 300 евра. Се надеваме дека владата ќе обезбеди таква струја. Ако не биде така, не знам колку од компаниите со цена повисока од таа ќе можат долго да издржат – додава тој.

Маријана Перковска од текстилниот кластер алармира дека секторот уште од сега не може да го издржи притисокот на цената на струјата, а намалените нарачки само се сигнал дека голем број компании ќе затворат. Таа смета дека сликата од пандемската 2021 година во текстилната индустрија, кога една третина од вработените беа отпуштени, ќе се повтори.

Случувањата во Европа, посебно во Германија ќе имаат големо влијание во земјава бидејќи најголем дел од производството оди токму во оваа земја. Компаниите и сега не можат да ги издржат трошоците поради високата цена на струјата и високиот удел на издатокот за плати. Ако нема и работа поради намалената побарувачка на производите тоа ќе значи затворање на компаниите. Моментално имаме затворени неколку фирми во секторот со по 100 и 200 вработени и тука нема да запре овој процес. Дел од компаниите нема да ја издржат зимата – вели Перковска.

Целиот текст на линкот

The post Се затвараат текстилни фирми: По минималецот, скапата струја им е капак appeared first on Република.

]]>

Текстилната индустрија ќе ја преживее зимава, но изгледите од потреси напролет се големи со оглед дека нивните европски партнери може да ги намалат нарачките за следната зима, пишува Слободен печат. Партнерите на нашите текстилни компании се главно во Германија, или 70 отсто од произведеното во земјава оди на тој пазар. Се зголемува стравувањето кај нашите фабрики за тоа како Германија и другите европски земји ќе ја поминат зимата и како тоа ќе се одрази врз нивното работење. Од секторот велат дека високата цена на струјата го почна затворањето на фирмите, но доколку се случи намалување на нарачките за следната зима процесот на затворање на фирмите и отпуштање од работа ќе биде неминовен.
Кај нас проблемите доаѓаат 6 месеци подоцна отколку кај другите сектори бидејќи работиме по сезони. Така беше и во ковид кризата во 2020 година. Кога сета индустрија во 2021 година тргна напред, кај нас се почувствува одгласот на кризата од претходната година. Летово работевме за оваа зима, имавме нарачки, но некаде во март-април кога почнуваме да работиме за следната зима може да биде критично за компаниите, ако европските земји оваа зима лошо ја поминат. Сѐ зависи од тоа колку состојбата во Европа и посебно Германија ќе биде лоша и како тоа ќе се одрази на потрошувачката на домаќинствата таму. Од тоа зависат и нивните нарачки за следната зима. Ако бидеме принудени да го намалиме или целосно да го запреме производството секако ќе има и отпуштања – вели Ангел Димитров од конфекцијата „Мода“ од Свети Николе и претседател на Здружението на текстилна индустрија во Стопанската комора.
Според него, состојбата со струјата, моментално е непроменета во однос на јули и сметките за струја на компаниите во текстилната индустрија се со цена од околу 600 евра, но Димитров очекува владата да обезбеди струја со пониска цена со што и трошокот би се намалил.
Ние не сакаме бесплатно да добиваме струја, туку таа да има некоја нормална цена од околу 300 евра. Се надеваме дека владата ќе обезбеди таква струја. Ако не биде така, не знам колку од компаниите со цена повисока од таа ќе можат долго да издржат – додава тој.
Маријана Перковска од текстилниот кластер алармира дека секторот уште од сега не може да го издржи притисокот на цената на струјата, а намалените нарачки само се сигнал дека голем број компании ќе затворат. Таа смета дека сликата од пандемската 2021 година во текстилната индустрија, кога една третина од вработените беа отпуштени, ќе се повтори.
Случувањата во Европа, посебно во Германија ќе имаат големо влијание во земјава бидејќи најголем дел од производството оди токму во оваа земја. Компаниите и сега не можат да ги издржат трошоците поради високата цена на струјата и високиот удел на издатокот за плати. Ако нема и работа поради намалената побарувачка на производите тоа ќе значи затворање на компаниите. Моментално имаме затворени неколку фирми во секторот со по 100 и 200 вработени и тука нема да запре овој процес. Дел од компаниите нема да ја издржат зимата – вели Перковска.
Целиот текст на линкот

The post Се затвараат текстилни фирми: По минималецот, скапата струја им е капак appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: СДСМ биле да се сликаат кај текстилци, да одеа до „Баргала“ каде газдата од СДСМ ги остави со 2 денари плата и ги излажа за да ги истера од работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-sdsm-bile-da-se-slikaat-kaj-tekstilci-da-odea-do-bargala-kade-gazdata-od-sdsm-gi-ostavi-so-2-denari-plata-i-gi-izlaza-za-da-gi-istera-od-rabota/ Sat, 26 Mar 2022 20:57:35 +0000 https://republika.mk/?p=479084

Тоа е СДСМ, бесрамно како и секогаш, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на својот фејсбук профил.

Пратеници од СДСМ биле да се сликаат кај текстилци, претпоставувам некаде во скопско, можеби и кај работникот- повратник што живее "исто како во Германија".

Барем еднаш да отидоа да ги видат текстилците од "Баргала", коишто газдата од СДСМ ги остави со 2 денари плата и потоа ги излажа за да ги истера од работа.

Нив ги заборавија, не постојат. Бидејќи "не блескаат", како што не е блескаво ништо освен лагите на СДСМ.

*Фото1: Фб на СДСМ;

*Фото2: Тајм.мк листа на поврзани вести

The post Стоилковски: СДСМ биле да се сликаат кај текстилци, да одеа до „Баргала“ каде газдата од СДСМ ги остави со 2 денари плата и ги излажа за да ги истера од работа appeared first on Република.

Текстилците на мака: Не можат да постигнат, имаат зголемени нарачки од странските партнери https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tekstilcite-na-maka-ne-mozat-da-postignat-imaat-zgolemeni-narachki-od-stranskite-partneri/ Tue, 22 Mar 2022 10:28:46 +0000 https://republika.mk/?p=476518

Пазарите во Европа се отворија по коронакризата, по што македонските текстилни компанија бележат зголемени нарачки од странските партнери. Ангел Димитров менаџер на фабриката „Мода“ во Свети Николе и член на Организацијата на работодавачи вели дека дел од странските компании производството на текстил во моментов сакаат да го преселат од Украина или некои други земји. Посочи дека барањата на странските компании се толку големи што во моментов тешко може и да се задоволат, од причина што лани во текстилниот сектор е намален и бројот на вработени.

Сега се повеќе се бараат текстилните производи, но доаѓа проблемот со порастот на цените на енeргенсите, електрична енергија, што ја плаќаме на слободен пазар, која е четири пати поскапа, него таа што ја плаќавме лани, исто и храната се покачи, ние даваме храна на работниците и тоа се се зголеми. Прашањето е колку нашите партнери можат да ги покачат нашите услуги, цени за да ние ги покриемe тие трошоци. Не е работа само да работите, ако создавате само загуба една или две години, после тоа не можете да функционирате - вели Димитров.

Компаниите се соочуваат со проблем тоа што работниците им се на возраст од над 45 години, а младите не се заiнтересирани да работат во овој сектор, тоа се гледа и во бројот на запишани ученици во стручните училишта. Зголемени се трошоците за струја и енергенси, во компанијата на Димитров последната сметка за струја е 15.000 евра. Македонските текстилни компании од партнерите бараат повисоки цени на производите кои ги шијат, но ова зголемување не го следи растот на трошоците. Анализите колку ќе влијае зголемувањето на минималната плата во текстилниот и кожарскиот сектор ќе се прават кон крајот на месецов, кога ќе се спремаат мартовските плати за исплата на работниците.

The post Текстилците на мака: Не можат да постигнат, имаат зголемени нарачки од странските партнери appeared first on Република.

Текстилците се жалат: Газдите не исплаќаат К-15 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tekstilcite-se-zalat-gazdite-ne-isplakjaat-k-15/ Fri, 21 Jan 2022 10:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=447575

Работници од 62 фирми низ земјава пријавиле до НВО „Гласен текстилец“ дека не им е исплатено или добиле минимален износ од 100 или 500 денари регрес за годишен одмор, познат како К-15. Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец“ вели дека пријави имаат од Штип, Скопје, Куманово, но и од останатите градови низ земјава. Според нивните податоци, 46 македонски компании воопшто не исплатиле регрес за годишен одмор до законски предвидениот рок. До „Гласен текстилец“ пристигнале и пријави за уште 16 фирми кои само делумно исплатиле К-15.

Повторно имаме по 500 денари, по 100 денари исплата. Од тие вкупно 62 фирми кои што се пријавени, 46 не исплатиле воопшто. Државен трудов инспекторат ќе отиде, ќе им каже дека треба да исплатат К-15, меѓутоа, колективниот договор дозволува исплата на тие срамни суми од 500, од 100 денари да поминат, па дури и таму каде што има синдикално организирање - рече Ампева.

Таа смета дека постојните законски решенија им дозволуваат на фирмите, кои ќе прикажат дека работеле со загуба, да исплаќаат минимални износи. Според неа, решението за да се надминат ваквите манипулации е во новиот Закон за работни односи.

Да се донесе новиот Закон за работни односи и внатре да стои децидно дека К-15 им следува и во јавен и во приватен сектор, да биде определен минималниот износ, за да не се наоѓаме во вакви ситуации - вели Ампева.

Најголем број од пријавените фирми се од текстилната и кожарската индустрија, но има и приватни здравствени установи, карго услуги, автошколи, фирми кои се занимаваат со угостителски дејности, продавници и казина.

Посочи дека фирмите кои константно го кршат Законот за исплата на минималната плата наместо прекршочни треба да добиваат кривични пријави. Ампева вели дека сегашните глоби во Законот за прекршоци се прениски и тоа за фирмите што со исплатата на плата доцнат со месеци.

НВО „Гласен текстилец“ испратиле барање до Инспекторат за труд за една компанија, што според нив треба да биде пример за останатите дека треба да се почитува Законот.

Се надевам дека Државниот трудов инспекторат ќе покренат кривична постапка и за вакви фирми коишто постојано го прават тоа. Мислам дека кривичните пријави ќе имаат некој импакт поголем, бидејќи не секој сака да биде под финансиска истрага, под истрага на Управа за јавни приходи или, пак, од Јавното обвинителство, па нека решат останатите дали ќе сакаат да го следат тој пример - додаде Ампева.

Според неа, очекувано беше Законот за недела неработен ден да биде оспорен пред Уставниот суд. Очекува работничките права да се подобрат со новиот Закон за работни односи на кој се чека веќе три години.

The post Текстилците се жалат: Газдите не исплаќаат К-15 appeared first on Република.

]]>

Работници од 62 фирми низ земјава пријавиле до НВО „Гласен текстилец“ дека не им е исплатено или добиле минимален износ од 100 или 500 денари регрес за годишен одмор, познат како К-15. Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец“ вели дека пријави имаат од Штип, Скопје, Куманово, но и од останатите градови низ земјава. Според нивните податоци, 46 македонски компании воопшто не исплатиле регрес за годишен одмор до законски предвидениот рок. До „Гласен текстилец“ пристигнале и пријави за уште 16 фирми кои само делумно исплатиле К-15.
Повторно имаме по 500 денари, по 100 денари исплата. Од тие вкупно 62 фирми кои што се пријавени, 46 не исплатиле воопшто. Државен трудов инспекторат ќе отиде, ќе им каже дека треба да исплатат К-15, меѓутоа, колективниот договор дозволува исплата на тие срамни суми од 500, од 100 денари да поминат, па дури и таму каде што има синдикално организирање - рече Ампева.
Таа смета дека постојните законски решенија им дозволуваат на фирмите, кои ќе прикажат дека работеле со загуба, да исплаќаат минимални износи. Според неа, решението за да се надминат ваквите манипулации е во новиот Закон за работни односи.
Да се донесе новиот Закон за работни односи и внатре да стои децидно дека К-15 им следува и во јавен и во приватен сектор, да биде определен минималниот износ, за да не се наоѓаме во вакви ситуации - вели Ампева.
Најголем број од пријавените фирми се од текстилната и кожарската индустрија, но има и приватни здравствени установи, карго услуги, автошколи, фирми кои се занимаваат со угостителски дејности, продавници и казина. Посочи дека фирмите кои константно го кршат Законот за исплата на минималната плата наместо прекршочни треба да добиваат кривични пријави. Ампева вели дека сегашните глоби во Законот за прекршоци се прениски и тоа за фирмите што со исплатата на плата доцнат со месеци. НВО „Гласен текстилец“ испратиле барање до Инспекторат за труд за една компанија, што според нив треба да биде пример за останатите дека треба да се почитува Законот.