текстил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tekstil/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 08:40:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png текстил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tekstil/ 32 32 Царинските службеници спречиле обиди за криумчарење на цигари, пури и облека https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsarinskite-sluzhbenitsi-sprechile-obidi-za-kriumcharene-na-tsigari-puri-i-obleka/ Wed, 31 Jul 2024 08:40:01 +0000 https://republika.mk/?p=801913

Во текот на изминатата седмица, покрај заплените на 30.000 евра на граничен премин Богородица, рачни часовници на Аеродромот во Скопје, 6.800 евра на граничен премин Табановце за кои веќе информиравме, царинските службеници спречија обиди за криумчарење на цигари, пури и облека, и тоа:

 

Цигари

- 69 штеки цигари без акцизни маркички од марката Karelia,  Ome и Parliament Aqua Blue, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон. По завршување на чекирањето патникот се упатил на царинска,пасошка и безбедносна контрола за излез без да пријави и да декларира нешто, но при преглед на неговиот куфер царинските службеници пронашле 69 штеки непријавени цигари без акцизни маркички. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена соодветна постапка.

 

Пури

- 100 пури од марките Cohiba, Bolivar, Trinidad и Montecristo, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автобус со странски регистарски таблички, на граничен премин Деве Баир на влез во државата. При преглед на автобусот, позади возачкото седиште во кеси со храна и во ранец со гардероба на возачот, пронајдени се непријавените 100 пури. Стоката е задржана, а против лицето е започната соодветна постапка.

 

Облека

- 413 парчиња облека (фустани, женски пантолони, маици и кошули), откриени на влез во државта на граничен премин Табановце при контрола на автобус со македонски  регистарски таблички. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, возачот на автобусот изјавил дека нема ништо за пријавување. При царинска контрола на автобусот, во задна гума и во багажниот простор помеѓу торби и куфери на патници, замотани во најлонски кеси и торби излепени со леплива трака, била пронајдена  непријавената стока. Текстилните производи се привремено задржани а против возачот е поведена прекршочна постапка.

The post Царинските службеници спречиле обиди за криумчарење на цигари, пури и облека appeared first on Република.

]]>

Во текот на изминатата седмица, покрај заплените на 30.000 евра на граничен премин Богородица, рачни часовници на Аеродромот во Скопје, 6.800 евра на граничен премин Табановце за кои веќе информиравме, царинските службеници спречија обиди за криумчарење на цигари, пури и облека, и тоа:   Цигари - 69 штеки цигари без акцизни маркички од марката Karelia,  Ome и Parliament Aqua Blue, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон. По завршување на чекирањето патникот се упатил на царинска,пасошка и безбедносна контрола за излез без да пријави и да декларира нешто, но при преглед на неговиот куфер царинските службеници пронашле 69 штеки непријавени цигари без акцизни маркички. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена соодветна постапка.   Пури - 100 пури од марките Cohiba, Bolivar, Trinidad и Montecristo, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автобус со странски регистарски таблички, на граничен премин Деве Баир на влез во државата. При преглед на автобусот, позади возачкото седиште во кеси со храна и во ранец со гардероба на возачот, пронајдени се непријавените 100 пури. Стоката е задржана, а против лицето е започната соодветна постапка.   Облека - 413 парчиња облека (фустани, женски пантолони, маици и кошули), откриени на влез во државта на граничен премин Табановце при контрола на автобус со македонски  регистарски таблички. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, возачот на автобусот изјавил дека нема ништо за пријавување. При царинска контрола на автобусот, во задна гума и во багажниот простор помеѓу торби и куфери на патници, замотани во најлонски кеси и торби излепени со леплива трака, била пронајдена  непријавената стока. Текстилните производи се привремено задржани а против возачот е поведена прекршочна постапка.

The post Царинските службеници спречиле обиди за криумчарење на цигари, пури и облека appeared first on Република.

]]>
Панел дискусија на тема: Намалување на текстилниот отпад преку кружни економии https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/panel-diskusija-na-tema-namaluvanje-na-tekstilniot-otpad-preku-kruzni-ekonomii/ Wed, 30 Mar 2022 07:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=480638

Во рамки на проектот "ФИЛТЕР", здружението на граѓани за нови уметности, технологија и екологија "3.14 Брокули", организира панел дискусија на тема: "Намалување на текстилниот отпад преку кружни економии".

"ФИЛТЕР" е проект за одржливи системи и кружна (циркуларна) економија.
Во согласност со присуството на отпад и неговата селективност, идејата на "ФИЛТЕР" е да обезбеди неформална едукативна и практична програма за работа со повеќе од 7 типови на органски и неоргански отпад.

"ФИЛТЕР" е медиум каде можат да се споделат нови идеи, модели и пракси, со цел креирање на функционални и еколошки одржливи производи.

Првата епизода под наслов: "ФИЛТЕР - Текстилна индустрија" e за намалување на текстилниот отпад преку кружни економии. Планирано е да се обработат повеќе теми: текстилниот отпад како нов ресурс за работа, нови "зелени" материјали за работа, циркуларна економија, еколошки менаџмент, започнување на сопствен бизнис, моден дизајн и други.

Проектот "ФИЛТЕР - Текстилна индустрија" е организиран со финансиска поддршка од Британскиот совет во Република Македонија, во соработка со "Кинотека на Република Македонија", Текстилната компанија "ММЦ Прогрес" и "КОКОС Продукција".

Настанот ќе се одвива според протоколите за заштита од КОВИД-19 назначени од Влада на Република Македонија.

Локацијата е "Кинотека на Република Македонија", на ден 02.04.2022 година, со почеток во 12 часот.

Информации за настанот:

Модератор:

- Мартин Анастасовски

Панелисти:

- Проф. д-р Пеце Недановски (Економски факултет - Скопје)

- Марија Божиновска Богојевска (Директор за Увоз-Извоз во Окитекс ДОО)

- Проф. д-р Игор Јорданов (Институт за текстилно инженерство)

- Христина Алексовска (Одговорен соработник во "Копче")

- Александра Спасеска (Новинар, преведувач, активист, дел од тимот на Fashion Revolution Macedonia)

- Ирина Тошева (Моден дизајнер)

- Драган Христов (Моден дизајнер)

ПРИЈАВA: https://docs.google.com/.../1FAIpQLScOWfhZ9E0.../viewform...

The post Панел дискусија на тема: Намалување на текстилниот отпад преку кружни економии appeared first on Република.

]]>

Во рамки на проектот "ФИЛТЕР", здружението на граѓани за нови уметности, технологија и екологија "3.14 Брокули", организира панел дискусија на тема: "Намалување на текстилниот отпад преку кружни економии". "ФИЛТЕР" е проект за одржливи системи и кружна (циркуларна) економија. Во согласност со присуството на отпад и неговата селективност, идејата на "ФИЛТЕР" е да обезбеди неформална едукативна и практична програма за работа со повеќе од 7 типови на органски и неоргански отпад. "ФИЛТЕР" е медиум каде можат да се споделат нови идеи, модели и пракси, со цел креирање на функционални и еколошки одржливи производи. Првата епизода под наслов: "ФИЛТЕР - Текстилна индустрија" e за намалување на текстилниот отпад преку кружни економии. Планирано е да се обработат повеќе теми: текстилниот отпад како нов ресурс за работа, нови "зелени" материјали за работа, циркуларна економија, еколошки менаџмент, започнување на сопствен бизнис, моден дизајн и други. Проектот "ФИЛТЕР - Текстилна индустрија" е организиран со финансиска поддршка од Британскиот совет во Република Македонија, во соработка со "Кинотека на Република Македонија", Текстилната компанија "ММЦ Прогрес" и "КОКОС Продукција". Настанот ќе се одвива според протоколите за заштита од КОВИД-19 назначени од Влада на Република Македонија. Локацијата е "Кинотека на Република Македонија", на ден 02.04.2022 година, со почеток во 12 часот. Информации за настанот: Модератор: - Мартин Анастасовски Панелисти: - Проф. д-р Пеце Недановски (Економски факултет - Скопје) - Марија Божиновска Богојевска (Директор за Увоз-Извоз во Окитекс ДОО) - Проф. д-р Игор Јорданов (Институт за текстилно инженерство) - Христина Алексовска (Одговорен соработник во "Копче") - Александра Спасеска (Новинар, преведувач, активист, дел од тимот на Fashion Revolution Macedonia) - Ирина Тошева (Моден дизајнер) - Драган Христов (Моден дизајнер) ПРИЈАВA: https://docs.google.com/.../1FAIpQLScOWfhZ9E0.../viewform...

The post Панел дискусија на тема: Намалување на текстилниот отпад преку кружни економии appeared first on Република.

]]>