тефтер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tefter/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Oct 2023 13:32:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тефтер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tefter/ 32 32 Mицкоски: Судиите од тефтерчињата станаа нивни слуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sudiite-od-tefterchinata-stanaa-nivni-slugi/ Mon, 23 Oct 2023 13:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=694206

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на денешниот настан по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба и 130 години ВМРО, насловен „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“, истакна дека Одвратно и со мачнина е за гледање е сликата со која ја уништуваат правдата, и тоа оние кои скокаа на ладата и збореа за правда кога беа опозиција.

Мицкоски потенцираше дека во овој момент во Македонија нема вистинска одговорност и овие 30 години не одговарал ниту еден бандит кој на грбот на овој народ се збогатил.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pandov-vmro-dpmne-ke-ostane-da-bide-zashtitnik-na-makedonija-i-makedonskite-natsionalni-interesi-vmro-e-zavet-za-sekoj-eden-makedonets/

– Судиите од тефтерчињата станаа нивни слуги, но само треба да знаат, гледајќи ја нивната лукавост, дека нема во новата влада на доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ да најдат нова прегратка, туку и тие ќе се соочат со правда. Може криво да седат, ама требале право да судат. Срамот и вината за секоја неправда е на оваа власт, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека затоа важно е да се бориме за неселективна правда, за вистинска правда која ќе биде за секого.

– За секој еден човек во Македонија. За правда која ќе го заштити народот од неправда, каде ќе профункционира судството и обвинителството. Каде ќе има страв од казна и законот ќе важи за секого. Член на ВМРО-ДПМНЕ бил или на друга партија ако стори криминал ќе одговара, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека оваа влада ја елиминира правдата со неправда.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-predlog-do-kovachevski-neka-zeme-bel-list-hartija-i-neka-napishe-koj-bilo-datum-saka-za-dvojni-izbori-pomegu-dvata-najgolemi-verski-praznitsi/

–  Јустиција која е римска божица на правдата и нејзиниот лик често се користи како алегорија или олицетворение на моралните вредности во правниот систем е целосно девастирана. И зариваат нож на правдата иако дојдоа во фотелјите со нема правда нема мир, изјави Мицкоски.

The post Mицкоски: Судиите од тефтерчињата станаа нивни слуги appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на денешниот настан по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба и 130 години ВМРО, насловен „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“, истакна дека Одвратно и со мачнина е за гледање е сликата со која ја уништуваат правдата, и тоа оние кои скокаа на ладата и збореа за правда кога беа опозиција. Мицкоски потенцираше дека во овој момент во Македонија нема вистинска одговорност и овие 30 години не одговарал ниту еден бандит кој на грбот на овој народ се збогатил. https://republika.mk/vesti/makedonija/pandov-vmro-dpmne-ke-ostane-da-bide-zashtitnik-na-makedonija-i-makedonskite-natsionalni-interesi-vmro-e-zavet-za-sekoj-eden-makedonets/
– Судиите од тефтерчињата станаа нивни слуги, но само треба да знаат, гледајќи ја нивната лукавост, дека нема во новата влада на доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ да најдат нова прегратка, туку и тие ќе се соочат со правда. Може криво да седат, ама требале право да судат. Срамот и вината за секоја неправда е на оваа власт, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека затоа важно е да се бориме за неселективна правда, за вистинска правда која ќе биде за секого.
– За секој еден човек во Македонија. За правда која ќе го заштити народот од неправда, каде ќе профункционира судството и обвинителството. Каде ќе има страв од казна и законот ќе важи за секого. Член на ВМРО-ДПМНЕ бил или на друга партија ако стори криминал ќе одговара, изјави Мицкоски.
Мицкоски посочи дека оваа влада ја елиминира правдата со неправда. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-predlog-do-kovachevski-neka-zeme-bel-list-hartija-i-neka-napishe-koj-bilo-datum-saka-za-dvojni-izbori-pomegu-dvata-najgolemi-verski-praznitsi/
–  Јустиција која е римска божица на правдата и нејзиниот лик често се користи како алегорија или олицетворение на моралните вредности во правниот систем е целосно девастирана. И зариваат нож на правдата иако дојдоа во фотелјите со нема правда нема мир, изјави Мицкоски.

The post Mицкоски: Судиите од тефтерчињата станаа нивни слуги appeared first on Република.

]]>
„Тефтерчето“ беше преувеличено, вели сопругот на Јанкулоска и одговара дали таа се кае што до крај му остана верна на Груевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/teftercheto-beshe-preuvelicheno-veli-soprugot-na-jankuloska-i-odgovara-dali-taa-se-kae-shto-do-kraj-mu-ostana-verna-na-gruevski/ Sat, 01 Apr 2023 08:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=626008

Гордана Јанкулоска има чувство на каење што не си заминала порано од политиката, бидејќи тој труд и време што го одвојувала за министерството со кое раководела и со ангажманот во партијата, можела да го канализира во други работи со кои денеска би имала полагоден, поубав и комфорен живот, рече во вчерашното интервју за „360 степени“ нејзиниот сопруг и адвокат Влатко Илиевски, одговарајќи на прашањето дали ексминистерката за внатрешни работи чувствува каење за тоа што била дел од систем што ЕУ го нарече „заробена држава“ и што до крај му остана верна соработничка на Никола Груевски.

Илиевски вели дека од денешна гледна точка може многу полесно да се оцени каква била ситуацијата тогаш, но додава дека кога сте „во машината“, со огромни проблеми на дневна основа, човек не може да ја согледа целата слика и да се повлече од политиката кога е неопходен таков чекор.

Ако сме реални и искрени, од тие разговори што беа пуштени во јавноста на фамозните прес-конференции на Заев, може да се каже дека единствено Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески се гласот на разумот, рече Илиевски.

На новинарска констатација дека дилемата зошто останала до крај во тој систем е токму поради очигледната свесност оти нешто не било во ред, Илиевски вели дека Јанкулоска не требало да остане дел од системот, но повтори дека од секојдневните проблеми со кои таа се соочувала и жестокиот ритам на работа, не можела да ги согледа работите од поинаква перспектива.

Кога станува збор за „тефтерчето“ на Јанкулоска од кое, според телефонските разговори, се бирале судии во тоа време, Илиевски вели дека таа во ниту една пригода не одлучувала кој судија да влезе или да биде разрешен и дека на тоа „тефтерче“ му се дало премногу внимание и било предимензионирано во јавноста.

Проблем е што сега тоа „тефтерче“ се институционализираше преку Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители и гледаме какви скандалозни избори или неизбори има на судии. Еве, вчера, поради партиски недоразбирања не беше избран ниту еден судија за кривичниот оддел во Врховниот суд. Сведоци сме какви кандидати влегоа и станаа судии и обвинители од Академијата и мислам дека ситуацијата во општеството е влошена, а за тоа зборуваат бројките за доверба во судството, рече Илиевски.

The post „Тефтерчето“ беше преувеличено, вели сопругот на Јанкулоска и одговара дали таа се кае што до крај му остана верна на Груевски appeared first on Република.

]]>

Гордана Јанкулоска има чувство на каење што не си заминала порано од политиката, бидејќи тој труд и време што го одвојувала за министерството со кое раководела и со ангажманот во партијата, можела да го канализира во други работи со кои денеска би имала полагоден, поубав и комфорен живот, рече во вчерашното интервју за „360 степени“ нејзиниот сопруг и адвокат Влатко Илиевски, одговарајќи на прашањето дали ексминистерката за внатрешни работи чувствува каење за тоа што била дел од систем што ЕУ го нарече „заробена држава“ и што до крај му остана верна соработничка на Никола Груевски. Илиевски вели дека од денешна гледна точка може многу полесно да се оцени каква била ситуацијата тогаш, но додава дека кога сте „во машината“, со огромни проблеми на дневна основа, човек не може да ја согледа целата слика и да се повлече од политиката кога е неопходен таков чекор.
Ако сме реални и искрени, од тие разговори што беа пуштени во јавноста на фамозните прес-конференции на Заев, може да се каже дека единствено Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески се гласот на разумот, рече Илиевски.
На новинарска констатација дека дилемата зошто останала до крај во тој систем е токму поради очигледната свесност оти нешто не било во ред, Илиевски вели дека Јанкулоска не требало да остане дел од системот, но повтори дека од секојдневните проблеми со кои таа се соочувала и жестокиот ритам на работа, не можела да ги согледа работите од поинаква перспектива. Кога станува збор за „тефтерчето“ на Јанкулоска од кое, според телефонските разговори, се бирале судии во тоа време, Илиевски вели дека таа во ниту една пригода не одлучувала кој судија да влезе или да биде разрешен и дека на тоа „тефтерче“ му се дало премногу внимание и било предимензионирано во јавноста.