Тедрос Аданом Гебрејесус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tedros-adanom-gebrejesus/ За подобро да се разбереме Sun, 12 Mar 2023 10:42:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тедрос Аданом Гебрејесус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tedros-adanom-gebrejesus/ 32 32 СЗО порача дека откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-poracha-deka-otkrivaneto-na-potekloto-na-kovid-19-e-moralen-i-nauchen-imperativ/ Sun, 12 Mar 2023 10:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=618711

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, порача дека откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив и сите хипотези мора да бидат истражени.

Гебрејесус на Твитер напиша дека разбирањето на потеклото на Ковид-19 е научен императив, бидејќи ќе помогне да се спречат нови избувнувања, но и морален императив поради милионите луѓе кои ги загубија животите.

Тедрос ја објави оваа објава по повод одбележувањето на три години откако СЗО првпат го употреби зборот пандемија за глобалната епидемија на Ковид-19.

Во 2021 година, тим предводен од СЗО помина со недели во и околу Вухан, Кина, каде беа пријавени првите случаи на човечка инфекција со корона вирусот. Во заедничкиот извештај се вели дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци на луѓе преку друго животно, но дека е потребно дополнително истражување.

Кина, сепак, соопшти дека не се потребни дополнителни посети.

СЗО оттогаш формираше научна советодавна група за опасни патогени, но се уште не се донесени заклучоци за тоа како почна пандемијата, затоа што се вели дека недостасуваат клучни податоци.

The post СЗО порача дека откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив appeared first on Република.

]]>

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, порача дека откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив и сите хипотези мора да бидат истражени. Гебрејесус на Твитер напиша дека разбирањето на потеклото на Ковид-19 е научен императив, бидејќи ќе помогне да се спречат нови избувнувања, но и морален императив поради милионите луѓе кои ги загубија животите. Тедрос ја објави оваа објава по повод одбележувањето на три години откако СЗО првпат го употреби зборот пандемија за глобалната епидемија на Ковид-19. Во 2021 година, тим предводен од СЗО помина со недели во и околу Вухан, Кина, каде беа пријавени првите случаи на човечка инфекција со корона вирусот. Во заедничкиот извештај се вели дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци на луѓе преку друго животно, но дека е потребно дополнително истражување. Кина, сепак, соопшти дека не се потребни дополнителни посети. СЗО оттогаш формираше научна советодавна група за опасни патогени, но се уште не се донесени заклучоци за тоа како почна пандемијата, затоа што се вели дека недостасуваат клучни податоци.

The post СЗО порача дека откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив appeared first on Република.

]]>
Гебрејесус е реизбран за шеф на СЗО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gebrejesus-e-reizbran-za-shef-na-szo/ Tue, 24 May 2022 16:15:10 +0000 https://republika.mk/?p=506438

Тедрос Аданом Гебрејесус е реизбран за шеф на Светската здравствена организација (СЗО) за нов петгодишен мандат, соопштено е во Женева.

Тедрос, првиот човек од Африка на чело на СЗО, немаше противници на годишното собрание на организацијата.

Честитки веднаш упати германскиот министер за здравство, кој на Твитер напиша дека Тедрос е избран со 155 гласови од вкупно 160.

 

The post Гебрејесус е реизбран за шеф на СЗО appeared first on Република.

]]>

Тедрос Аданом Гебрејесус е реизбран за шеф на Светската здравствена организација (СЗО) за нов петгодишен мандат, соопштено е во Женева. Тедрос, првиот човек од Африка на чело на СЗО, немаше противници на годишното собрание на организацијата. Честитки веднаш упати германскиот министер за здравство, кој на Твитер напиша дека Тедрос е избран со 155 гласови од вкупно 160.  

The post Гебрејесус е реизбран за шеф на СЗО appeared first on Република.

]]>