течен гас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/techen-gas/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 08:48:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png течен гас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/techen-gas/ 32 32 Почнува со работа терминалот за течен природен гас во Александруполи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochnuva-so-rabota-terminalot-za-techen-priroden-gas-vo-aleksandrupoli/ Tue, 01 Oct 2024 08:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=821232

Терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот град Александруполи од денеска започнува со комерцијална работа, преку кој низа земји од југоисточна и централна Европа, меѓу кои и Македонија ќе се снабдуваат со природен гас, јави дописничката на МИА од Атина.

Од „Гастрејд“, компанијата-оператор велат дека станува збор за еден од наважните енергетски проекти на европско, регионално, национално и локално ниво и ќе придонесе за енергетската безбедност и развој, за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија на Југоисточна и Централна Европа, „надградувајќи ја улогата и важноста на Грција на модерната енергетска карта на Европа, што ја прави енергетска порта за повеќе од девет земји“.

Терминалот за ЛНГ Александруполи, освен од пловната единица за складирање и регасификација (FSRU), се состои и од подморски и копнен гасовод за пренос на природен гас, кој го поврзува FSRU со грчкиот преносен систем и преку него ќе испорачува природен гас надвор од Грција и до Бугарија, Романија, Македонија, Србија, на исток до Молдавија и Украина, како и до Унгарија и Словачка на запад. Пловната единица, „АЛЕКСАНДРОУПОЛИС“ именувана во чест на градот и неговите жители, кои го прифатија овој амбициозен проект од самиот почеток, располага со најсовремена технологија, со максимален капацитет за регасификација од 5,5 милијарди кубни метри годишно, соопштија од „Гастрејд“.

Посочија дека веќе 14 грчки и меѓународни компании комерцијално учествуваат во проектот, искористувајќи го речиси целиот капацитет најмалку до 2030 година и додадоа дека паралелно „почетокот на комерцијалната работа на проектот го означува проширувањето на иницијативата Вертикален коридор, со што значително ја зајакнува својата динамика со цел да се создаде центар за трговија со природен гас во Централна и Југоисточна Европа“.

Имплементацијата на проектот започна да се обликува со добивањето на Конечната инвестициска одлука на 27 јануари 2022 година, потоа следеа градежните работи во Александруполи, кои напредуваа брзо, а во февруари 2023 година започна изградбата на пловната единица за складирање и регасификација на ЛНГ во Сингапур, а бродот стигна во Александруполи и се закотви на својата постојана позиција на средината на декември минатата година.

Со успешното завршување на сите оперативни тестови и издавањето на дозволата за работа од Министерството за енергетика и животна средина минатото лето, проектот беше ставен во оперативна готовност и официјално овозможи отпочнување со комерцијална работа на проектот, соопштија од компанијата.

„Гастрејд“ е првата компанија во Грција која доби лиценца за независен систем за природен гас и го разви и ќе управува со проектот во Александруполи, што е кофинансиран од средства на Европскиот фонд за регионален развој на Европската Унија преку Оперативната програма „Конкурентност, претприемништво и Иновации“ во рамките на НСРФ 2014-2020 година.

Во мај 2022 година во присуство на тогашните премиери на Македонија, Грција, Бугарија, на претседателот на Србија, како и на претседателот на Европскиот совет во Александруполи се одржа свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (LNG).

На крајот на март 2021 година,  Македонија официјално стана дел од проектот за изградба на терминалот за течен природен гас, откако беа потпишани Меморандуми за соработка на АД ЕСМ и АД Национални енергетски ресурси со компании од Грција,

Тогаш, од тогашната македонска Влада соопштија дека „согласно договорот нашата земја учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во Александруполи која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра“ и дека е предвидено учество и „со 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра во инвестицијата во гасниот терминал“.

 

The post Почнува со работа терминалот за течен природен гас во Александруполи appeared first on Република.

]]>

Терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот град Александруполи од денеска започнува со комерцијална работа, преку кој низа земји од југоисточна и централна Европа, меѓу кои и Македонија ќе се снабдуваат со природен гас, јави дописничката на МИА од Атина. Од „Гастрејд“, компанијата-оператор велат дека станува збор за еден од наважните енергетски проекти на европско, регионално, национално и локално ниво и ќе придонесе за енергетската безбедност и развој, за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија на Југоисточна и Централна Европа, „надградувајќи ја улогата и важноста на Грција на модерната енергетска карта на Европа, што ја прави енергетска порта за повеќе од девет земји“. Терминалот за ЛНГ Александруполи, освен од пловната единица за складирање и регасификација (FSRU), се состои и од подморски и копнен гасовод за пренос на природен гас, кој го поврзува FSRU со грчкиот преносен систем и преку него ќе испорачува природен гас надвор од Грција и до Бугарија, Романија, Македонија, Србија, на исток до Молдавија и Украина, како и до Унгарија и Словачка на запад. Пловната единица, „АЛЕКСАНДРОУПОЛИС“ именувана во чест на градот и неговите жители, кои го прифатија овој амбициозен проект од самиот почеток, располага со најсовремена технологија, со максимален капацитет за регасификација од 5,5 милијарди кубни метри годишно, соопштија од „Гастрејд“. Посочија дека веќе 14 грчки и меѓународни компании комерцијално учествуваат во проектот, искористувајќи го речиси целиот капацитет најмалку до 2030 година и додадоа дека паралелно „почетокот на комерцијалната работа на проектот го означува проширувањето на иницијативата Вертикален коридор, со што значително ја зајакнува својата динамика со цел да се создаде центар за трговија со природен гас во Централна и Југоисточна Европа“. Имплементацијата на проектот започна да се обликува со добивањето на Конечната инвестициска одлука на 27 јануари 2022 година, потоа следеа градежните работи во Александруполи, кои напредуваа брзо, а во февруари 2023 година започна изградбата на пловната единица за складирање и регасификација на ЛНГ во Сингапур, а бродот стигна во Александруполи и се закотви на својата постојана позиција на средината на декември минатата година. Со успешното завршување на сите оперативни тестови и издавањето на дозволата за работа од Министерството за енергетика и животна средина минатото лето, проектот беше ставен во оперативна готовност и официјално овозможи отпочнување со комерцијална работа на проектот, соопштија од компанијата. „Гастрејд“ е првата компанија во Грција која доби лиценца за независен систем за природен гас и го разви и ќе управува со проектот во Александруполи, што е кофинансиран од средства на Европскиот фонд за регионален развој на Европската Унија преку Оперативната програма „Конкурентност, претприемништво и Иновации“ во рамките на НСРФ 2014-2020 година. Во мај 2022 година во присуство на тогашните премиери на Македонија, Грција, Бугарија, на претседателот на Србија, како и на претседателот на Европскиот совет во Александруполи се одржа свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (LNG). На крајот на март 2021 година,  Македонија официјално стана дел од проектот за изградба на терминалот за течен природен гас, откако беа потпишани Меморандуми за соработка на АД ЕСМ и АД Национални енергетски ресурси со компании од Грција, Тогаш, од тогашната македонска Влада соопштија дека „согласно договорот нашата земја учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во Александруполи која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра“ и дека е предвидено учество и „со 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра во инвестицијата во гасниот терминал“.  

The post Почнува со работа терминалот за течен природен гас во Александруполи appeared first on Република.

]]>
Испораките на руски течен гас во Европа достигнаа историски рекорд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/isporakite-na-ruski-techen-gas-vo-evropa-dostignaa-istoriski-rekord/ Sat, 16 Dec 2023 10:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=723590

Обемот на рускиот извоз на течен гас (ЛНГ) во Европа во ноември изнесувал 1,75 милиони тони, што е рекорд на сите времиња. Спротивно на тоа, испораките во Кина нагло паднале.

Севкупно, испораките на ЛНГ од Русија во ноември се зголемиле за 9,3% на годишно ниво, на 2,914 милиони тони. Толку испорачуваат Русите низ светот, пишува „Берлинер цајтунг“.

Околу 60% од испораките се упатуваат кон Европа.

Трендот очигледно расте од декември 2017 година - почетокот на испораките на ЛНГ од Русија во ЕУ - но не е ни блиску до обемот на увоз од САД, кои во моментов испорачуваат четири до пет пати повеќе ЛНГ во Европа, во зависност од месецот.

Според податоците за следење на танкерите, извозот на ЛНГ на САД во ноември се искачи на второто највисоко месечно ниво на сите времиња со 7,99 милиони тони. Тоа е еквивалентно на околу 19 милиони метри кубни ЛНГ или 11,4 милијарди метри кубни природен гас.

The post Испораките на руски течен гас во Европа достигнаа историски рекорд appeared first on Република.

]]>

Обемот на рускиот извоз на течен гас (ЛНГ) во Европа во ноември изнесувал 1,75 милиони тони, што е рекорд на сите времиња. Спротивно на тоа, испораките во Кина нагло паднале. Севкупно, испораките на ЛНГ од Русија во ноември се зголемиле за 9,3% на годишно ниво, на 2,914 милиони тони. Толку испорачуваат Русите низ светот, пишува „Берлинер цајтунг“. Околу 60% од испораките се упатуваат кон Европа. Трендот очигледно расте од декември 2017 година - почетокот на испораките на ЛНГ од Русија во ЕУ - но не е ни блиску до обемот на увоз од САД, кои во моментов испорачуваат четири до пет пати повеќе ЛНГ во Европа, во зависност од месецот. Според податоците за следење на танкерите, извозот на ЛНГ на САД во ноември се искачи на второто највисоко месечно ниво на сите времиња со 7,99 милиони тони. Тоа е еквивалентно на околу 19 милиони метри кубни ЛНГ или 11,4 милијарди метри кубни природен гас.

The post Испораките на руски течен гас во Европа достигнаа историски рекорд appeared first on Република.

]]>
Цената на течниот гас во Европа достигна двомесечен максимум по ултиматумот за штрајк на работниците во Австралија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tsenata-na-techniot-gas-vo-evropa-dostigna-dvomesechen-maksimum-po-ultimatumot-za-shtrajk-na-rabotnitsite-vo-avstralija/ Thu, 24 Aug 2023 14:28:45 +0000 https://republika.mk/?p=675310

Заканите за штрајк во Австралија земаат замав. Како што пишува „Блумберг“, тие може да почнат веќе на 2 септември, доколку не се постигне договор за зголемување на платите.

За време на тргувањето во реперниот центар TTФ во Холандија, цената на гасот со испораки во септември утрото на 21 август се зголеми за 11%, покажуваат податоците на ИЦЕ . Еквивалентниот договор во Обединетот Кралство исто така беше зголемен за 12%. Таквите скокови може да бидат краткотрајни, бидејќи во моментов подземните складишта за гас во Европа се веќе исполнети до околу 91%.

Значајните промени на европскиот пазар ќе бараат значителен дел од австралискиот капацитет за производство на ЛНГ да биде затворен на подолг временски период, најмалку еден или два месеци.

Сè уште нема добри вести за азискиот и европскиот пазар во врска со идните штрајкови. Преговорите меѓу претставниците на синдикатот на работниците за гас и раководството на Шеврон и Вудсајд енерџи заглавија, бидејќи двете страни заземаа непомирливи позиции. Тоа значи дека сè уште не е можно да се постигне договор и веројатноста за штрајк е сериозно зголемена.

Во исто време, веќе може да се погоди каков ќе биде исходот од следниот конфликт меѓу корпорациите и австралиските синдикати.

Пред сè, мора јасно да се разбере дека енергетскиот пазар е предмет на манипулација од големи инвестициски фондови, кои поседуваат значителни удели во Шеврон и другите нафтени и гасни гиганти.

А конфронтацијата со синдикатите редовно се користи за зголемување на конечните цени. Во овој случај, интересите на гасните работници и синдикатите се совпаѓаат. Синдикатите бараат повисоки плати, кои нивните работодавци ќе можат да ги исполнат доколку дојде до значително зголемување на конечните цени на ЛНГ.

На медиумското поле, ова се претставува како тешка конфронтација меѓу капиталистите и работниците, но во реалноста, дополнителните трошоци едноставно се пренесуваат на крајните потрошувачи. Исклучително важен момент е неможноста на доволно голем дел од потрошувачите да ги платат сметките за гас по новите цени, особено во Европа.

Ова ќе ги поттикне локалните европски влади да ја субвенционираат потрошувачката и во индустријата и кај домаќинствата. Ако високите цени на бензинот продолжат долго време, државните субвенции ќе ги преоптоварат локалните буџети, стеснувајќи го просторот за економски маневар за владите.

Одржувањето на ваква „хронична“ ситуација ќе реши два проблема во интерес на големите инвестициски фондови зад сегашната конфронтација меѓу работниците на гас и синдикатите.

Прво, значително ќе се намали ефикасноста на јавната администрација, главно во земјите на ЕУ, поради преоптоварување на буџетот.

Второ, значително ќе го забрза воведувањето на системот на безусловен основен приход, бидејќи значителен дел од населението едноставно нема да има средства да ги плати сметките за гас, а нема да има изгледи за подобрување на нивната финансиска состојба поради непречен пад на производството во ЕУ. А производството, како што гледаме, исто така е заложник на високите цени на енергијата.

Високите цени на ЛНГ се од корист првенствено за глобалистите, кои вештачки создаваат критична ситуација и во индустријата и меѓу домаќинствата, што ќе предизвика поплава од стечајци. А највредните производствени средства може да се купат едноставно за долгови, помалку вредните може да се уништат како конкуренти или баласт, а на домаќинствата може да им се наметне безусловен основен приход во врска со социјалниот рејтинг, како единствено неспорно решение.

The post Цената на течниот гас во Европа достигна двомесечен максимум по ултиматумот за штрајк на работниците во Австралија appeared first on Република.

]]>

Заканите за штрајк во Австралија земаат замав. Како што пишува „Блумберг“, тие може да почнат веќе на 2 септември, доколку не се постигне договор за зголемување на платите. За време на тргувањето во реперниот центар TTФ во Холандија, цената на гасот со испораки во септември утрото на 21 август се зголеми за 11%, покажуваат податоците на ИЦЕ . Еквивалентниот договор во Обединетот Кралство исто така беше зголемен за 12%. Таквите скокови може да бидат краткотрајни, бидејќи во моментов подземните складишта за гас во Европа се веќе исполнети до околу 91%. Значајните промени на европскиот пазар ќе бараат значителен дел од австралискиот капацитет за производство на ЛНГ да биде затворен на подолг временски период, најмалку еден или два месеци. Сè уште нема добри вести за азискиот и европскиот пазар во врска со идните штрајкови. Преговорите меѓу претставниците на синдикатот на работниците за гас и раководството на Шеврон и Вудсајд енерџи заглавија, бидејќи двете страни заземаа непомирливи позиции. Тоа значи дека сè уште не е можно да се постигне договор и веројатноста за штрајк е сериозно зголемена. Во исто време, веќе може да се погоди каков ќе биде исходот од следниот конфликт меѓу корпорациите и австралиските синдикати. Пред сè, мора јасно да се разбере дека енергетскиот пазар е предмет на манипулација од големи инвестициски фондови, кои поседуваат значителни удели во Шеврон и другите нафтени и гасни гиганти. А конфронтацијата со синдикатите редовно се користи за зголемување на конечните цени. Во овој случај, интересите на гасните работници и синдикатите се совпаѓаат. Синдикатите бараат повисоки плати, кои нивните работодавци ќе можат да ги исполнат доколку дојде до значително зголемување на конечните цени на ЛНГ. На медиумското поле, ова се претставува како тешка конфронтација меѓу капиталистите и работниците, но во реалноста, дополнителните трошоци едноставно се пренесуваат на крајните потрошувачи. Исклучително важен момент е неможноста на доволно голем дел од потрошувачите да ги платат сметките за гас по новите цени, особено во Европа. Ова ќе ги поттикне локалните европски влади да ја субвенционираат потрошувачката и во индустријата и кај домаќинствата. Ако високите цени на бензинот продолжат долго време, државните субвенции ќе ги преоптоварат локалните буџети, стеснувајќи го просторот за економски маневар за владите. Одржувањето на ваква „хронична“ ситуација ќе реши два проблема во интерес на големите инвестициски фондови зад сегашната конфронтација меѓу работниците на гас и синдикатите. Прво, значително ќе се намали ефикасноста на јавната администрација, главно во земјите на ЕУ, поради преоптоварување на буџетот. Второ, значително ќе го забрза воведувањето на системот на безусловен основен приход, бидејќи значителен дел од населението едноставно нема да има средства да ги плати сметките за гас, а нема да има изгледи за подобрување на нивната финансиска состојба поради непречен пад на производството во ЕУ. А производството, како што гледаме, исто така е заложник на високите цени на енергијата. Високите цени на ЛНГ се од корист првенствено за глобалистите, кои вештачки создаваат критична ситуација и во индустријата и меѓу домаќинствата, што ќе предизвика поплава од стечајци. А највредните производствени средства може да се купат едноставно за долгови, помалку вредните може да се уништат како конкуренти или баласт, а на домаќинствата може да им се наметне безусловен основен приход во врска со социјалниот рејтинг, како единствено неспорно решение.

The post Цената на течниот гас во Европа достигна двомесечен максимум по ултиматумот за штрајк на работниците во Австралија appeared first on Република.

]]>
На Германците сега не им пречат „човековите права“: Катар и Германија склучија 15-годишен договор за снабдување со гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/katar-i-germanija-skluchija-15-godishen-dogovor-za-snabduvanje-so-gas/ Tue, 29 Nov 2022 19:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=579748

Катар и Германија потпишале 15-годишен договор за снабдување на Германците со природен течен гас. Овој договор доаѓа во услови на глобална енергетска криза предизвикана од војната во Украина.

Договорот меѓу катарската државна фирма „Катар енерџи“ и американската компанија „КонкоФилипс“ ќе придонесе за напорите за поддршка на енергетската безбедност во Германија и Европа, на прес-конференција изјави катарскиот министер за енергетика Саад Шерида Ал-Каби.

Тој појасни дека, според договорот, почнувајќи од 2026 година Катар ќе испорачува до два милиони тони течен природен гас (ЛНГ) годишно на гасниот терминал во изградба во Брунсбител на северот на Германија.

„КонокоФилипс“ (ConocoPhillips) има удел во морското гасно поле на Катар во Персискиот Залив, кое Катар го дели со Иран.

Германија, која беше водечки увозник на руски гас пред почетокот на војната во Украина, од крајот на август нема добиено ниту една испорака на гас од Русија.

Германија гради пет терминали за течен природен гас како клучен дел од планот за замена на испораките на руски гас, а првиот терминал се очекува наскоро да биде оперативен. Повеќето од сегашните испораки на гас за Германија доаѓаат преку Норвешка, Холандија и Белгија.

Кина, Јапонија и Јужна Кореја се главните пазари на Катар за извоз на гас, додека европските земји сè повеќе бараат договори со Доха од почетокот на војната во Украина во обид да обезбедат различни извори на енергија.

The post На Германците сега не им пречат „човековите права“: Катар и Германија склучија 15-годишен договор за снабдување со гас appeared first on Република.

]]>

Катар и Германија потпишале 15-годишен договор за снабдување на Германците со природен течен гас. Овој договор доаѓа во услови на глобална енергетска криза предизвикана од војната во Украина.
Договорот меѓу катарската државна фирма „Катар енерџи“ и американската компанија „КонкоФилипс“ ќе придонесе за напорите за поддршка на енергетската безбедност во Германија и Европа, на прес-конференција изјави катарскиот министер за енергетика Саад Шерида Ал-Каби.
Тој појасни дека, според договорот, почнувајќи од 2026 година Катар ќе испорачува до два милиони тони течен природен гас (ЛНГ) годишно на гасниот терминал во изградба во Брунсбител на северот на Германија. „КонокоФилипс“ (ConocoPhillips) има удел во морското гасно поле на Катар во Персискиот Залив, кое Катар го дели со Иран. Германија, која беше водечки увозник на руски гас пред почетокот на војната во Украина, од крајот на август нема добиено ниту една испорака на гас од Русија. Германија гради пет терминали за течен природен гас како клучен дел од планот за замена на испораките на руски гас, а првиот терминал се очекува наскоро да биде оперативен. Повеќето од сегашните испораки на гас за Германија доаѓаат преку Норвешка, Холандија и Белгија. Кина, Јапонија и Јужна Кореја се главните пазари на Катар за извоз на гас, додека европските земји сè повеќе бараат договори со Доха од почетокот на војната во Украина во обид да обезбедат различни извори на енергија.

The post На Германците сега не им пречат „човековите права“: Катар и Германија склучија 15-годишен договор за снабдување со гас appeared first on Република.

]]>
Танкери полни со течен гас заглавени чекаат крај брегот на Европа поради немање капацитети за складирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tankeri-polni-so-techen-gas-zaglaveni-chekaat-kraj-bregot-na-evropa-poradi-nemanje-kapaciteti-za-skladiranje/ Tue, 25 Oct 2022 14:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=565506

Огромни танкери полни со течен природен гас (ЛНГ) се заглавени во близина на бреговите на Шпанија, Португалија, Велика Британија и други европски земји во моменти кога Европа се обидува да се ослободи од зависноста од рускиот гас што се испорачува преку гасоводи и се врти кон увоз на течен гас, пишува Би-Би-Си.

Западот воведе опсежни санкции кон Русија поради нејзината воена операција во Украина, а официјална Москва одговори со декрет за плаќања во рубљи и намалени пратки во текот на летото.

Првично имаше проблем со поправката на турбината за испорака на руски гас преку гасоводот Северен тек 1, а потоа и експлозии во Балтичкото Море, кои европските земји ги припишуваа на саботажа. Русија не е вклучена во истрагата, а виновникот се уште не е познат.

Цените на гасот нагло пораснаа, а Европа го засили увозот на течен гас за да обезбеди снабдување во текот на зимата. Бродовите со ЛНГ се веќе пред европските брегови, но товарот се уште не е истоварен.

Бројот на бродови пред пристаништата се зголемува изминативе пет до шест недели. Јасно е како ден дека тоа е голема приказна, вели за „Би-Би-Си“ Аугустин Прејт, потпретседател за енергетски и стоковни пазари во Кајрос, кој е еден од многуте набљудувачи кои го следат развојот на ситуацијата.

Аналитичарот на „Wood Mackenzie“, Фрејзер Карсон, изброил 268 од нив во водите ширум светот во октомври, што е значително повеќе од годишниот просек од 241 брод. Од оние кои моментално се на море, 51 брод се во близина на европските брегови.

Европските земји купуваа многу гас во текот на летото за да ги наполнат складиштата и да обезбедат покриеност на зимската побарувачка, објаснува Карсон.

Според првичната цел, до 1 ноември нивото на гас во магацините требаше да биде 80 проценти. Целта беше исполнета и надмината далеку пред планираниот рок и најновите податоци покажуваат дека капацитетот за складирање е исполнет 95 проценти.

Увезениот ЛНГ одигра клучна улога во постигнувањето на таа цел во Европа.

Сепак, бидејќи ЛНГ продолжува да пристигнува, побарувачката за капацитети за складирање на течен гас останува висока. Нема многу од нив во Европа, делумно затоа што континентот долго време се потпира на гас што доаѓа преку гасоводи од Русија.

Поради тоа бродовите стојат во ред пред терминалите за гасификација. Германија и Холандија инвестираа во нови капацитети и се очекува дел од нив да почнат со работа за неколку месеци.

Истовремено, Европа во моментов троши помалку гас од вообичаено поради невообичаено високите температури за октомври. На тоа треба да се додаде и пониското ниво на индустриски активности кои се потпираат на гас. Производството на цемент и челик во Европа е драматично намалено, забележува ко-основачот на Kaјрос, Антоан Халф.

Во таква ситуација, цената на течниот гас кај терминските договори со подолги рокови на испорака е повисока отколку кај договорите со термини за испорака веќе во ноември.

Можете да добиете повисока цена за испорака во јануари отколку во ноември, вели Халф.

Дури и да доцни испораката за само еден месец, до декември, тоа може да значи и до неколку десетици милиони долари поголема заработка по пратка, објаснува уредничката на специјализираното издание „Lloyd’s List“, Мишел Визе Бокман.

Иако купувачите во другите делови на светот би можеле да преземат дел од товарот, Европа би можела да има корист и од вишокот снабдување со ЛНГ што буквално плута пред нејзините брегови. Добро е што бродовите чекаат затоа што рационално сакате да имате гас при рака доколку ви треба, објаснуваат некои аналитичари.

Единствениот проблем е што во прашање се огромни суми. Поради побарувачка за гас, некои земји веќе платија исклучително високи суми за да го добијат.

Германија на тој начин потрошила 49,5 милијарди евра за увоз на гас од јануари до август, објави „Би-Би-Си“ цитирајќи го „Ројтерс“. Во истиот период лани нејзиниот увоз чинел 17,1 милијарди евра.

Така функционира пазарот, вели Бокман, додавајќи дека европските земји „се во најдобра позиција во која можат да бидат, со оглед на геополитичката ситуација“.

The post Танкери полни со течен гас заглавени чекаат крај брегот на Европа поради немање капацитети за складирање appeared first on Република.

]]>

Огромни танкери полни со течен природен гас (ЛНГ) се заглавени во близина на бреговите на Шпанија, Португалија, Велика Британија и други европски земји во моменти кога Европа се обидува да се ослободи од зависноста од рускиот гас што се испорачува преку гасоводи и се врти кон увоз на течен гас, пишува Би-Би-Си. Западот воведе опсежни санкции кон Русија поради нејзината воена операција во Украина, а официјална Москва одговори со декрет за плаќања во рубљи и намалени пратки во текот на летото. Првично имаше проблем со поправката на турбината за испорака на руски гас преку гасоводот Северен тек 1, а потоа и експлозии во Балтичкото Море, кои европските земји ги припишуваа на саботажа. Русија не е вклучена во истрагата, а виновникот се уште не е познат. Цените на гасот нагло пораснаа, а Европа го засили увозот на течен гас за да обезбеди снабдување во текот на зимата. Бродовите со ЛНГ се веќе пред европските брегови, но товарот се уште не е истоварен.
Бројот на бродови пред пристаништата се зголемува изминативе пет до шест недели. Јасно е како ден дека тоа е голема приказна, вели за „Би-Би-Си“ Аугустин Прејт, потпретседател за енергетски и стоковни пазари во Кајрос, кој е еден од многуте набљудувачи кои го следат развојот на ситуацијата.
Аналитичарот на „Wood Mackenzie“, Фрејзер Карсон, изброил 268 од нив во водите ширум светот во октомври, што е значително повеќе од годишниот просек од 241 брод. Од оние кои моментално се на море, 51 брод се во близина на европските брегови.
Европските земји купуваа многу гас во текот на летото за да ги наполнат складиштата и да обезбедат покриеност на зимската побарувачка, објаснува Карсон.
Според првичната цел, до 1 ноември нивото на гас во магацините требаше да биде 80 проценти. Целта беше исполнета и надмината далеку пред планираниот рок и најновите податоци покажуваат дека капацитетот за складирање е исполнет 95 проценти. Увезениот ЛНГ одигра клучна улога во постигнувањето на таа цел во Европа. Сепак, бидејќи ЛНГ продолжува да пристигнува, побарувачката за капацитети за складирање на течен гас останува висока. Нема многу од нив во Европа, делумно затоа што континентот долго време се потпира на гас што доаѓа преку гасоводи од Русија. Поради тоа бродовите стојат во ред пред терминалите за гасификација. Германија и Холандија инвестираа во нови капацитети и се очекува дел од нив да почнат со работа за неколку месеци.
Истовремено, Европа во моментов троши помалку гас од вообичаено поради невообичаено високите температури за октомври. На тоа треба да се додаде и пониското ниво на индустриски активности кои се потпираат на гас. Производството на цемент и челик во Европа е драматично намалено, забележува ко-основачот на Kaјрос, Антоан Халф.
Во таква ситуација, цената на течниот гас кај терминските договори со подолги рокови на испорака е повисока отколку кај договорите со термини за испорака веќе во ноември.
Можете да добиете повисока цена за испорака во јануари отколку во ноември, вели Халф.
Дури и да доцни испораката за само еден месец, до декември, тоа може да значи и до неколку десетици милиони долари поголема заработка по пратка, објаснува уредничката на специјализираното издание „Lloyd’s List“, Мишел Визе Бокман. Иако купувачите во другите делови на светот би можеле да преземат дел од товарот, Европа би можела да има корист и од вишокот снабдување со ЛНГ што буквално плута пред нејзините брегови. Добро е што бродовите чекаат затоа што рационално сакате да имате гас при рака доколку ви треба, објаснуваат некои аналитичари. Единствениот проблем е што во прашање се огромни суми. Поради побарувачка за гас, некои земји веќе платија исклучително високи суми за да го добијат. Германија на тој начин потрошила 49,5 милијарди евра за увоз на гас од јануари до август, објави „Би-Би-Си“ цитирајќи го „Ројтерс“. Во истиот период лани нејзиниот увоз чинел 17,1 милијарди евра.
Така функционира пазарот, вели Бокман, додавајќи дека европските земји „се во најдобра позиција во која можат да бидат, со оглед на геополитичката ситуација“.

The post Танкери полни со течен гас заглавени чекаат крај брегот на Европа поради немање капацитети за складирање appeared first on Република.

]]>
Германија се жали дека САД и продава течен за гас за премногу високи цени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-se-zali-deka-sad-i-prodava-techen-za-gas-za-premnogu-visoki-ceni/ Wed, 05 Oct 2022 15:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=557661

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек се пожали на „астрономските“ цени што ги бараат „пријателски“ земји, првенствено САД, за испорака на гас, што е замена за рускиот гас.

Некои земји, дури и пријателски, бараат астрономски цени - посочи Хабек во интервју за дневен весник „Ноје оснабрикер цајтунг“.

Тој pora;a дека „тоа е проблем“ и побара од Европска комисија да „разговара“ со тие држави.

По почетокот на руската воена операција во Украина, Русија прво значително го намали снабдувањето со гас за Германија, а на почетокот на септември го прекина. Пред конфликтот, Германија 55 отсто од гасот го увезуваше од Русија.

За да ја гарантира својата енергетска сигурност и да ја спаси индустријата, која е голем потрошувач на гас, официјален Берлин мораше да ги диверзифицира своите извори на снабдување и значително да го зголеми купувањето на течен природен гас (ЛНГ), што е многу поевтин за увоз.

Германија, како и речиси цела Европа се сврте кон САД, а европскиот увоз на ЛНГ, што во 2021 година изнесуваше 28 проценти годинава изнесува 45 отсто.

The post Германија се жали дека САД и продава течен за гас за премногу високи цени appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек се пожали на „астрономските“ цени што ги бараат „пријателски“ земји, првенствено САД, за испорака на гас, што е замена за рускиот гас.
Некои земји, дури и пријателски, бараат астрономски цени - посочи Хабек во интервју за дневен весник „Ноје оснабрикер цајтунг“.
Тој pora;a дека „тоа е проблем“ и побара од Европска комисија да „разговара“ со тие држави. По почетокот на руската воена операција во Украина, Русија прво значително го намали снабдувањето со гас за Германија, а на почетокот на септември го прекина. Пред конфликтот, Германија 55 отсто од гасот го увезуваше од Русија. За да ја гарантира својата енергетска сигурност и да ја спаси индустријата, која е голем потрошувач на гас, официјален Берлин мораше да ги диверзифицира своите извори на снабдување и значително да го зголеми купувањето на течен природен гас (ЛНГ), што е многу поевтин за увоз. Германија, како и речиси цела Европа се сврте кон САД, а европскиот увоз на ЛНГ, што во 2021 година изнесуваше 28 проценти годинава изнесува 45 отсто.

The post Германија се жали дека САД и продава течен за гас за премногу високи цени appeared first on Република.

]]>
Преодната влада на Бугарија ќе земе само една од седумте танкери со гас договорени од Петков https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/preodnata-vlada-na-bugarija-kje-zeme-samo-edna-od-sedumte-tankeri-so-gas-dogovoreni-od-petkov/ Fri, 19 Aug 2022 18:31:33 +0000 https://republika.mk/?p=542136

Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија, Росен Христов, на брифинг најави дека само еден танкер за течен гас на американската компанија „Шиниер“ ќе купи „Булгаргаз“ и тоа ќе биде за октомври.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Христов, одбиени се преостанатите шест од седумте танкери договорени за време на редовната влада на Бугарија на Кирил Петков.

Понудата на американската компанија „Шиниер“ за танкерите истече вечерва. Купувањето само на еден танкер е затоа што е договорено само едно место за истовар и тоа е на терминал во Турција.

Христов му се заблагодари на „Шиниер“ за нивната флексибилност бидејќи не ја променија понудата иако танкерот беше еден, како и на заменик-министерот за енергетика на Турција Бајрактар ​​за нивната помош во обезбедувањето слот на терминалот за негово истовар.

The post Преодната влада на Бугарија ќе земе само една од седумте танкери со гас договорени од Петков appeared first on Република.

]]>

Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија, Росен Христов, на брифинг најави дека само еден танкер за течен гас на американската компанија „Шиниер“ ќе купи „Булгаргаз“ и тоа ќе биде за октомври. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Христов, одбиени се преостанатите шест од седумте танкери договорени за време на редовната влада на Бугарија на Кирил Петков. Понудата на американската компанија „Шиниер“ за танкерите истече вечерва. Купувањето само на еден танкер е затоа што е договорено само едно место за истовар и тоа е на терминал во Турција. Христов му се заблагодари на „Шиниер“ за нивната флексибилност бидејќи не ја променија понудата иако танкерот беше еден, како и на заменик-министерот за енергетика на Турција Бајрактар ​​за нивната помош во обезбедувањето слот на терминалот за негово истовар.

The post Преодната влада на Бугарија ќе земе само една од седумте танкери со гас договорени од Петков appeared first on Република.

]]>
Teчниот гас за Бугарија набавен од Грција ќе биде за 40 долари поевтин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/techniot-gas-za-bugarija-nabaven-od-grcija-kje-bide-za-40-dolari-poevtin/ Thu, 28 Jul 2022 14:00:38 +0000 https://republika.mk/?p=534326

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков го прекина владиниот состанок за да соопшти дека е обезбедено пристаниште во Грција за истовар на првиот од седумте обезбедени танкери со течен гас .

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков пред новинарите во зградата на владата кажа дека услов за добивање на ова количество течен гас во август останува идното Министерство за енергетика да ја обезбеди потребната инфраструктура од Грција и Турција, за да го транспортира гасорт на своја територија.

Петков најави дека со овој договор Бугарија ќе има по еден брод за течен гас од октомври годинава до април следната година. Тој најави дека денеска ќе биде потпишан договор за набавка на течен гас, но тој ќе има можност до 19 август да го потврди новата бугарска Влада.

Според Петков, договорениот гас ќе биде поевтин за 40 долари.

Денешната седница на бугарската Влада во оставка со голема веројатност е последна, бидејќи следната недела се очекува да стапи на функција новата преодна влада, која ќе биде четврта што ќе ја именува претседателот на Бугарија Румен Радев откако стапи на функцијата во 2017 година.

The post Teчниот гас за Бугарија набавен од Грција ќе биде за 40 долари поевтин appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков го прекина владиниот состанок за да соопшти дека е обезбедено пристаниште во Грција за истовар на првиот од седумте обезбедени танкери со течен гас . Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков пред новинарите во зградата на владата кажа дека услов за добивање на ова количество течен гас во август останува идното Министерство за енергетика да ја обезбеди потребната инфраструктура од Грција и Турција, за да го транспортира гасорт на своја територија. Петков најави дека со овој договор Бугарија ќе има по еден брод за течен гас од октомври годинава до април следната година. Тој најави дека денеска ќе биде потпишан договор за набавка на течен гас, но тој ќе има можност до 19 август да го потврди новата бугарска Влада. Според Петков, договорениот гас ќе биде поевтин за 40 долари. Денешната седница на бугарската Влада во оставка со голема веројатност е последна, бидејќи следната недела се очекува да стапи на функција новата преодна влада, која ќе биде четврта што ќе ја именува претседателот на Бугарија Румен Радев откако стапи на функцијата во 2017 година.

The post Teчниот гас за Бугарија набавен од Грција ќе биде за 40 долари поевтин appeared first on Република.

]]>
Петков: Бугарија во текот на јуни ќе има два брода со течен гас од САД  https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-bugarija-vo-tekot-na-juni-kje-ima-dva-broda-so-techen-gas-od-sad/ Thu, 12 May 2022 07:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=501271

Бугарскиот премиер Кирил Петков по враќањето од САД најави дека во јуни неговата земја ќе има два брода со течен природен гас од САД, чија цена ќе биде малку под онаа на „Газпром“.

Ваквиот договор беше постигнат на разговорите меѓу бугарскиот премиер и американската потпретседателка Камала Харис на последниот ден од неговата посета на Вашингтон.

Како што дописникот на МИА од Софија го пренесува Петков, почнати се преговорите за долгорочен договор, што ќе биде директно меѓу американската компанија и „Булгаргаз“, без посредници.

Природниот гас ќе се испорачува со брод, најверојатно преку терминалите на Грција или Турција, рече Петков.

Цената е договорена и е далеку под пазарната цена во моментов“, рече Петков. Според него, важно е Бугарија да има најниски цени, а бугарскиот бизнис да биде конкурентен, да има диверзификација и Бугарија да биде сигурна дека испораките нема еднострано да запрат. Договорено е количество, што е конкретно за Бугарија и ја покажува поддршката од партнерите во САД“, изјави премиерот Кирил Петков.

Бугарија и натаму очекува количество гас од Азербејџан, се разговара одделно со други земји, никој да не мисли дека заменуваме еден снабдувач со друг, туку избираме најевтини цени од сите добавувачи, изјави бугарскиот премиер пшо враќањето од САД.

The post Петков: Бугарија во текот на јуни ќе има два брода со течен гас од САД  appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков по враќањето од САД најави дека во јуни неговата земја ќе има два брода со течен природен гас од САД, чија цена ќе биде малку под онаа на „Газпром“. Ваквиот договор беше постигнат на разговорите меѓу бугарскиот премиер и американската потпретседателка Камала Харис на последниот ден од неговата посета на Вашингтон. Како што дописникот на МИА од Софија го пренесува Петков, почнати се преговорите за долгорочен договор, што ќе биде директно меѓу американската компанија и „Булгаргаз“, без посредници.
Природниот гас ќе се испорачува со брод, најверојатно преку терминалите на Грција или Турција, рече Петков.
Цената е договорена и е далеку под пазарната цена во моментов“, рече Петков. Според него, важно е Бугарија да има најниски цени, а бугарскиот бизнис да биде конкурентен, да има диверзификација и Бугарија да биде сигурна дека испораките нема еднострано да запрат. Договорено е количество, што е конкретно за Бугарија и ја покажува поддршката од партнерите во САД“, изјави премиерот Кирил Петков. Бугарија и натаму очекува количество гас од Азербејџан, се разговара одделно со други земји, никој да не мисли дека заменуваме еден снабдувач со друг, туку избираме најевтини цени од сите добавувачи, изјави бугарскиот премиер пшо враќањето од САД.

The post Петков: Бугарија во текот на јуни ќе има два брода со течен гас од САД  appeared first on Република.

]]>
Солидарност во време на криза – и земјава дел од Платформата за заедничко купување течен гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/solidarnost-vo-vreme-na-kriza-i-zemjava-del-od-platformata-za-zaednichko-kupuvanje-techen-gas/ Sun, 27 Mar 2022 07:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=479136

Владата вчера соопшти дека земјава, како и другите држави од Западен Балкан, ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас (LNG) и хидроген што го договорија ЕУ и Соединетите Американски Држави (САД).

Меѓу заклучоците за заедничките политики на ЕУ и САД, се и мерките за обезбедување алтернативни извори на енергенси.

– Ова е резултат на политиката на солидарност во овие времиња на предизвици во кое заедничката стратегија дава резултати, се вели меѓу другото во заклучоците на Европскиот Совет. Благодарение на стратегијата за справување со последиците од војната и енергетската криза, Македонија станува дел од оваа платформа на ЕУ за заедничко купување течен природен гас од САД за да се ослободиме делумно од зависноста од рускиот гас, информира Владата.

Европскиот Совет во Брисел овие заклучоци ги донесе по состанокот на лидерите на ЕУ со претседателот на САД Џо Бајден. Притоа, уште еднаш воената агресија на Русија на Украина е оценета како грубо кршење на меѓународното право што предизвика огромен број цивилни жртви и масовна хуманитарна бегалска криза.

-Меѓу заклучоците за заедничките политики на ЕУ и САД како одговор на оваа неприфатлива воена агресија во Европа, кои се однесуваат на помошта за Украина и за соодветно прифаќање на бегалците и менаџирање на хуманитарната криза, донесени се и повеќе заклучоци кои се однесуваат на справување со последиците од економската криза со посебен акцент на енергенсите. За таа цел се договорени повеќе политики и мерки кои се однесуваат на обезбедување алтернативни извори на енергенси, пред сѐ на гас од САД и за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар додека трае војната во Украина, наведе Владата.

Премиерот Димитар Ковачевски упати голема благодарност до ЕУ зашто во време на енергетска криза донесе одлука Македонија да стане дел од Платформата за заедничко купување течен природен гас.

Како што напиша Ковачевски на својот фејсбук профил, во ова време полно предизвици, заедничката стратегија „заедно сме посилни“ дава резултати.

-Како резултат на политиката на солидарност, Македонија се приклучува кон Платформата на ЕУ за заедничко купување течен гас и хидроген. Преку колективно настапување на пазарот, целта е да се обезбеди пониска цена за гас. Благодарност до ЕУ што во време на енергетска криза донесе одлука Македонија да стане дел од оваа платформата за заедничко купување течен природен гас како дел од стратегијата за справување со последиците од руската агресија врз Украина, истакна премиерот.

И министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите рече дека Европскиот совет донесе одлука за колективна набавка на гас и други извори на енергија во име на земјите членки на ЕУ со цел да се намали зависноста од гас и нафта од Русија.

Земјите од Западен Балкан, напомена, првпат се вклучени рамноправно во овој нов механизам. Тоа, според него, значи дека колку што земјава ќе има потреби за гас и нафта, Европската комисија ќе набавува во наше име.

-Кога ЕК набавуваше вакцини за земјите членки, ние не бевме вклучени на почетокот. Сега ЕУ се поставува така како што треба и ние сме рамноправно вклучени. Мислам дека кај нас тоа ќе влијае во намалената зависност. На ваков начин, добиваме во цена, бидејќи кога купувате поголеми количини, се разбира и цената е пониска, рече Османи.

Снабдувањето со природен гас беше главна тема и на состанокот на разговорите на Македонско-бугарската работна група што се одржа завчера во Скопје. Се разговараше за продолжување на интерконекторот Петрич – Струмица до ТЕЦ Неготино преку ревидирање на посточеката студија, како долгорочно решение за набавка на гас во земјава. Како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши, уште едно долгорочно решение е и нашето учество во терминалот во Александропулос.

Министерот за енергетика на Бугарија Александар Николов не откри дали неговата земја ќе го продолжи договорот за набавка на природен гас со „Гаспром“ кој истекува на крајот на годинава и од кој зависи и нашето снабдување на природен гас, но гарантираше дека Македонија сепак ќе биде снабдена со овој енергенс. Според Николов, мора да се размислува за алтернативни начини кои ќе овозможат снабдување со природен гас, за да се минимизира зависноста од Русија.

 

The post Солидарност во време на криза – и земјава дел од Платформата за заедничко купување течен гас appeared first on Република.

]]>

Владата вчера соопшти дека земјава, како и другите држави од Западен Балкан, ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас (LNG) и хидроген што го договорија ЕУ и Соединетите Американски Држави (САД). Меѓу заклучоците за заедничките политики на ЕУ и САД, се и мерките за обезбедување алтернативни извори на енергенси.
– Ова е резултат на политиката на солидарност во овие времиња на предизвици во кое заедничката стратегија дава резултати, се вели меѓу другото во заклучоците на Европскиот Совет. Благодарение на стратегијата за справување со последиците од војната и енергетската криза, Македонија станува дел од оваа платформа на ЕУ за заедничко купување течен природен гас од САД за да се ослободиме делумно од зависноста од рускиот гас, информира Владата.
Европскиот Совет во Брисел овие заклучоци ги донесе по состанокот на лидерите на ЕУ со претседателот на САД Џо Бајден. Притоа, уште еднаш воената агресија на Русија на Украина е оценета како грубо кршење на меѓународното право што предизвика огромен број цивилни жртви и масовна хуманитарна бегалска криза.
-Меѓу заклучоците за заедничките политики на ЕУ и САД како одговор на оваа неприфатлива воена агресија во Европа, кои се однесуваат на помошта за Украина и за соодветно прифаќање на бегалците и менаџирање на хуманитарната криза, донесени се и повеќе заклучоци кои се однесуваат на справување со последиците од економската криза со посебен акцент на енергенсите. За таа цел се договорени повеќе политики и мерки кои се однесуваат на обезбедување алтернативни извори на енергенси, пред сѐ на гас од САД и за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар додека трае војната во Украина, наведе Владата.
Премиерот Димитар Ковачевски упати голема благодарност до ЕУ зашто во време на енергетска криза донесе одлука Македонија да стане дел од Платформата за заедничко купување течен природен гас. Како што напиша Ковачевски на својот фејсбук профил, во ова време полно предизвици, заедничката стратегија „заедно сме посилни“ дава резултати.
-Како резултат на политиката на солидарност, Македонија се приклучува кон Платформата на ЕУ за заедничко купување течен гас и хидроген. Преку колективно настапување на пазарот, целта е да се обезбеди пониска цена за гас. Благодарност до ЕУ што во време на енергетска криза донесе одлука Македонија да стане дел од оваа платформата за заедничко купување течен природен гас како дел од стратегијата за справување со последиците од руската агресија врз Украина, истакна премиерот.
И министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите рече дека Европскиот совет донесе одлука за колективна набавка на гас и други извори на енергија во име на земјите членки на ЕУ со цел да се намали зависноста од гас и нафта од Русија. Земјите од Западен Балкан, напомена, првпат се вклучени рамноправно во овој нов механизам. Тоа, според него, значи дека колку што земјава ќе има потреби за гас и нафта, Европската комисија ќе набавува во наше име.
-Кога ЕК набавуваше вакцини за земјите членки, ние не бевме вклучени на почетокот. Сега ЕУ се поставува така како што треба и ние сме рамноправно вклучени. Мислам дека кај нас тоа ќе влијае во намалената зависност. На ваков начин, добиваме во цена, бидејќи кога купувате поголеми количини, се разбира и цената е пониска, рече Османи.
Снабдувањето со природен гас беше главна тема и на состанокот на разговорите на Македонско-бугарската работна група што се одржа завчера во Скопје. Се разговараше за продолжување на интерконекторот Петрич – Струмица до ТЕЦ Неготино преку ревидирање на посточеката студија, како долгорочно решение за набавка на гас во земјава. Како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши, уште едно долгорочно решение е и нашето учество во терминалот во Александропулос. Министерот за енергетика на Бугарија Александар Николов не откри дали неговата земја ќе го продолжи договорот за набавка на природен гас со „Гаспром“ кој истекува на крајот на годинава и од кој зависи и нашето снабдување на природен гас, но гарантираше дека Македонија сепак ќе биде снабдена со овој енергенс. Според Николов, мора да се размислува за алтернативни начини кои ќе овозможат снабдување со природен гас, за да се минимизира зависноста од Русија.  

The post Солидарност во време на криза – и земјава дел од Платформата за заедничко купување течен гас appeared first on Република.

]]>
Османи: Колку ќе имаме потреба од гас и нафта, толку ЕК ќе набави во наше име https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-kolku-kje-imame-potreba-od-gas-i-nafta-tolku-ek-kje-nabavi-vo-nashe-ime/ Sat, 26 Mar 2022 10:46:12 +0000 https://republika.mk/?p=478852

Од она што можам да го издвојам, а веќе информиравме уште ноќеска, Европскиот совет донесе одлука за колективна набавка на гас и други извори на енергија во име на земјите членки со цел да се намали зависноста од гас и нафта од Русија, информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција.

Меѓутоа, тоа што е важно е дека земјите од Западен Балкан за прв пат се вклучени рамноправно во овој нов механизам за набавка на гас и нафта, што значи дека колку што ќе имаме потреби за гас и нафта Европската комисија ќе набавува во наше име што не беше случај за вакцините односно кога Европската комисија исто вака набавуваше вакцини за земјите членки, сега сме рамноправно вклучени. Ова значи дека кај нас тоа ќе влијае во намалената зависност бидејќи добиваме на цена и дава одредена сигурност, изјави Османи.

Министерот Османи уште еднаш потенцираше дека Европската комисија ќе набави онолку колку ние ќе имаме потреба на извори на енергија.

The post Османи: Колку ќе имаме потреба од гас и нафта, толку ЕК ќе набави во наше име appeared first on Република.

]]>

Од она што можам да го издвојам, а веќе информиравме уште ноќеска, Европскиот совет донесе одлука за колективна набавка на гас и други извори на енергија во име на земјите членки со цел да се намали зависноста од гас и нафта од Русија, информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција.
Меѓутоа, тоа што е важно е дека земјите од Западен Балкан за прв пат се вклучени рамноправно во овој нов механизам за набавка на гас и нафта, што значи дека колку што ќе имаме потреби за гас и нафта Европската комисија ќе набавува во наше име што не беше случај за вакцините односно кога Европската комисија исто вака набавуваше вакцини за земјите членки, сега сме рамноправно вклучени. Ова значи дека кај нас тоа ќе влијае во намалената зависност бидејќи добиваме на цена и дава одредена сигурност, изјави Османи.
Министерот Османи уште еднаш потенцираше дека Европската комисија ќе набави онолку колку ние ќе имаме потреба на извори на енергија.

The post Османи: Колку ќе имаме потреба од гас и нафта, толку ЕК ќе набави во наше име appeared first on Република.

]]>
Солидарност: ЕУ ќе набавува гас за нас од САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/solidarnost-eu-kje-nabavuva-gas-za-nas-od-sad/ Sat, 26 Mar 2022 10:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=478822

Македонија, како и другите земји на Западен Балкан, ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас (LNG) и хидроген што вчера го договорија ЕУ и Соединетите Американски Држави.

Како што соопшти владината прес-служба, ова е резултат на политиката на солидарност во овие времиња на предизвици во кое заедничката стратегија дава резултати, се вели меѓу другото во заклучоците на Европскиот Совет.

-Благодарение на оваа стратегија за справување со последиците од војната и енергетската криза Македонија станува дел од оваа платформа на ЕУ за заедничко купување течен природен гас од САД за да се ослободиме делумно од зависноста од рускиот гас, се вели во соопштението.

Европскиот Совет во Брисел овие заклучоци ги донесе вчера после состанокот на лидерите на ЕУ со претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден, каде уште еднаш воената агресија на Русија на Украина е оценета како грубо кршење на меѓународното право која што предизвика огромен број цивилни жртви и масовна хуманитарна бегалска криза.

Меѓу заклучоците за заедничките политики на ЕУ и САД како одговор на оваа неприфатлива воена агресија во Европа, кои се однесуваат на помошта за Украина и за соодветно прифаќање на бегалците и менаџирање на хуманитарната криза, донесени се и повеќе заклучоци кои се однесуваат на справување со последиците од економската  криза со посебен акцент на енергенсите.

За таа цел договорени се повеќе политики и мерки кои се однесуваат на обезбедување алтернативни извори на енергенси, пред сѐ на гас од САД и за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар додека трае војната во Украина. 

The post Солидарност: ЕУ ќе набавува гас за нас од САД appeared first on Република.

]]>

Македонија, како и другите земји на Западен Балкан, ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас (LNG) и хидроген што вчера го договорија ЕУ и Соединетите Американски Држави. Како што соопшти владината прес-служба, ова е резултат на политиката на солидарност во овие времиња на предизвици во кое заедничката стратегија дава резултати, се вели меѓу другото во заклучоците на Европскиот Совет. -Благодарение на оваа стратегија за справување со последиците од војната и енергетската криза Македонија станува дел од оваа платформа на ЕУ за заедничко купување течен природен гас од САД за да се ослободиме делумно од зависноста од рускиот гас, се вели во соопштението. Европскиот Совет во Брисел овие заклучоци ги донесе вчера после состанокот на лидерите на ЕУ со претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден, каде уште еднаш воената агресија на Русија на Украина е оценета како грубо кршење на меѓународното право која што предизвика огромен број цивилни жртви и масовна хуманитарна бегалска криза. Меѓу заклучоците за заедничките политики на ЕУ и САД како одговор на оваа неприфатлива воена агресија во Европа, кои се однесуваат на помошта за Украина и за соодветно прифаќање на бегалците и менаџирање на хуманитарната криза, донесени се и повеќе заклучоци кои се однесуваат на справување со последиците од економската  криза со посебен акцент на енергенсите. За таа цел договорени се повеќе политики и мерки кои се однесуваат на обезбедување алтернативни извори на енергенси, пред сѐ на гас од САД и за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар додека трае војната во Украина. 

The post Солидарност: ЕУ ќе набавува гас за нас од САД appeared first on Република.

]]>
Египет ги укинува попустите за транзит на течен гас преку Суецкиот канал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/egipet-gi-ukinuva-popustite-za-tranzit-na-techen-gas-preku-sueckiot-kanal/ Mon, 14 Mar 2022 22:09:16 +0000 https://republika.mk/?p=472891

Раководството на Суецкиот канал најави дека од утре ќе ги укине попустите на танкерите кои превезуваат течен природен гас.

До 1 јули попустот за танкери кои превезуваат течен гас од Мексиканскиот залив до Азија требаше да биде од 30 до 70 проценти.

Управата на Суецкиот канал денеска преку циркуларно писмо ги информираше превозниците дека ќе ги укине сите попусти од 15 март, што се совпаѓа со зголемениот сообраќај на танкери на пат од Азија кон Европа поради кризата со гас, што се влоши со руската инвазија на Украина.

Во меѓувреме, американските и катарските производители ги пренасочуваат пратките од Азија во Европа, привлечени од високите цени, а Суецкиот канал е на клучна сообраќајна рута.

The post Египет ги укинува попустите за транзит на течен гас преку Суецкиот канал appeared first on Република.

]]>

Раководството на Суецкиот канал најави дека од утре ќе ги укине попустите на танкерите кои превезуваат течен природен гас. До 1 јули попустот за танкери кои превезуваат течен гас од Мексиканскиот залив до Азија требаше да биде од 30 до 70 проценти. Управата на Суецкиот канал денеска преку циркуларно писмо ги информираше превозниците дека ќе ги укине сите попусти од 15 март, што се совпаѓа со зголемениот сообраќај на танкери на пат од Азија кон Европа поради кризата со гас, што се влоши со руската инвазија на Украина. Во меѓувреме, американските и катарските производители ги пренасочуваат пратките од Азија во Европа, привлечени од високите цени, а Суецкиот канал е на клучна сообраќајна рута.

The post Египет ги укинува попустите за транзит на течен гас преку Суецкиот канал appeared first on Република.

]]>
САД во 2022 година ќе станат најголемиот извозник на течен природен гас во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-vo-2022-godina-kje-stanat-najgolemiot-izvoznik-na-techen-priroden-gas-vo-svetot/ Wed, 12 Jan 2022 09:45:21 +0000 https://republika.mk/?p=443563

САД во 2022 година ќе станат најголемиот извозник на течен природен гас во светот надминувајќи ги Австралија и Катар.

Ваквата проценка на рејтинг агенцијата „Фич“ се должи на зголемените испораки на американски ТПГ во Кина, што растат со брзо темпо, а се очекува голема побарувачка и во други азиски земји.

Во меѓувреме, американскиот гас го истиснува рускиот од пазарот во Европа.

Производителите на ТПГ во САД се надеваат дека ќе склучат долгорочни договори за испорака на својата продукција до кинеските потрошувачи.

Според оценките на рејтинг агенцијата, во 2021 година увозот на американски ТПГ во Кина изнесувал 83 милиони тони. Тој показател во 2020 година изнесувал 68 милиони тони, а годинава се очекува да надмине 85 милиони тони.

За 2022 година владее оптимизам. Очекуван раст на извозот годинава е 9.3 отсто. Побарувачката на гас расте заедно со економскиот раст. Политиката на владата е насочена кон зголемување на уделот на природниот гас во опшиот енергетски баланс - истакнуваат од агенцијата.

Агенцијата „Блумберг“ соопшти дека испораките на природен гас од САД во Европа постепено се зголемуваат и почнуваат да го истиснуваат природниот гас од Русија.

Цената на гасот во Европа се намалува втор ден по ред откако група од танкери со горивото од САД ја намалува загриженоста по повод понудата во текот на зимскиот период. Регионот на Европа стана најпривлечен за производителите бидејќи цената на овој енергенс овде е највисока.

Блумберг истакнува дека терминалите за течен природен гас во северозападна Европа се на највисоко можно ниво од декември 2019 година.

The post САД во 2022 година ќе станат најголемиот извозник на течен природен гас во светот appeared first on Република.

]]>

САД во 2022 година ќе станат најголемиот извозник на течен природен гас во светот надминувајќи ги Австралија и Катар. Ваквата проценка на рејтинг агенцијата „Фич“ се должи на зголемените испораки на американски ТПГ во Кина, што растат со брзо темпо, а се очекува голема побарувачка и во други азиски земји. Во меѓувреме, американскиот гас го истиснува рускиот од пазарот во Европа. Производителите на ТПГ во САД се надеваат дека ќе склучат долгорочни договори за испорака на својата продукција до кинеските потрошувачи. Според оценките на рејтинг агенцијата, во 2021 година увозот на американски ТПГ во Кина изнесувал 83 милиони тони. Тој показател во 2020 година изнесувал 68 милиони тони, а годинава се очекува да надмине 85 милиони тони.
За 2022 година владее оптимизам. Очекуван раст на извозот годинава е 9.3 отсто. Побарувачката на гас расте заедно со економскиот раст. Политиката на владата е насочена кон зголемување на уделот на природниот гас во опшиот енергетски баланс - истакнуваат од агенцијата.
Агенцијата „Блумберг“ соопшти дека испораките на природен гас од САД во Европа постепено се зголемуваат и почнуваат да го истиснуваат природниот гас од Русија. Цената на гасот во Европа се намалува втор ден по ред откако група од танкери со горивото од САД ја намалува загриженоста по повод понудата во текот на зимскиот период. Регионот на Европа стана најпривлечен за производителите бидејќи цената на овој енергенс овде е највисока. Блумберг истакнува дека терминалите за течен природен гас во северозападна Европа се на највисоко можно ниво од декември 2019 година.

The post САД во 2022 година ќе станат најголемиот извозник на течен природен гас во светот appeared first on Република.

]]>