театарски фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teatarski-festival/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Oct 2023 08:39:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png театарски фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teatarski-festival/ 32 32 Со претставата „Анатомија на неверството“ на Театар комедија затворен театарскиот фестивал во Крива Паланка https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-pretstavata-anatomija-na-neverstvoto-na-teatar-komedija-zatvoren-teatarskiot-festival-vo-kriva-palanka/ Sun, 08 Oct 2023 08:39:52 +0000 https://republika.mk/?p=689131

Завесата на јубилејното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски" во Крива Паланка е спуштена, а програмата ја затвори актерската екипа на Театар Комедија од Скопје со претставата „Анатомија на неверството".

Петнаесеттиот театарски фестивал траеше десет дена, настапија девет театри од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и од Македонија. Благодарност до сите театри и актерки што го збогатија фестивалот и ја почестија публиката со претстави за паметење. Благодарност до граѓаните што во сите десет дена театар во Крива Паланка беа редовни посетители на претставите на штиците што живот значат во НУ Центар за култура, велат од Општина Крива Паланка, организатор на театарскиот фестивал.

По повод 15- годишниот јубилеј на МТФ „Св.Јоаким Осоговски“ на посебна свеченост на актерот и режисер Владо Денчов му беше доделена специјална повелба „Св.Јоаким Осоговски" за придонес во аудиовизуелни уметности и медиуми.

За достигањата на Денчов како театарски актер и тетарски и филмски режисер говореше Гоце Ристовски, уметнички директор на фестивалот.

The post Со претставата „Анатомија на неверството“ на Театар комедија затворен театарскиот фестивал во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

Завесата на јубилејното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски" во Крива Паланка е спуштена, а програмата ја затвори актерската екипа на Театар Комедија од Скопје со претставата „Анатомија на неверството".
Петнаесеттиот театарски фестивал траеше десет дена, настапија девет театри од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и од Македонија. Благодарност до сите театри и актерки што го збогатија фестивалот и ја почестија публиката со претстави за паметење. Благодарност до граѓаните што во сите десет дена театар во Крива Паланка беа редовни посетители на претставите на штиците што живот значат во НУ Центар за култура, велат од Општина Крива Паланка, организатор на театарскиот фестивал.
По повод 15- годишниот јубилеј на МТФ „Св.Јоаким Осоговски“ на посебна свеченост на актерот и режисер Владо Денчов му беше доделена специјална повелба „Св.Јоаким Осоговски" за придонес во аудиовизуелни уметности и медиуми. За достигањата на Денчов како театарски актер и тетарски и филмски режисер говореше Гоце Ристовски, уметнички директор на фестивалот.

The post Со претставата „Анатомија на неверството“ на Театар комедија затворен театарскиот фестивал во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>
Претставата „Умри машки“ го отвори првиот Меѓународен театарски фестивал ,,Без рамка” во Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-umri-mashki-go-otvori-prviot-megjunaroden-teatarski-festival-bez-ramka-vo-demir-kapija/ Thu, 28 Jul 2022 07:34:57 +0000 https://republika.mk/?p=534100

Со претставата ,,Умри машки” на демиркапискиот аматерски театар ,,Мирка Гинова”, синоќа во Демир Капија беше отворен првиот меѓународен театарски фестивал ,,Без рамка”. Како што беше кажано, фестивалот е отворен за професионални и аматерски театри.

Демир Капија веќе шеесет години ја негува театарската уметност и нашите актери го прават тоа најпрофесионално што можат, рече демиркапискиот градоначалник Лазар Петров, нагласувајќи дека Општината ги поддржува ваквите и слични настани кои го подигнуваат животот во Демир Капија на едно повисоко ниво.

Тој рече дека шест децении, колку што всушност и постои демиркапискиот театар, се сонувало за една ваква манифестација и конечно сонот се остварува.

Претставата ,,Умри машки” во режија на Томе Атанасов, доби награда на два фестивала. Актерката Кристина Николовска беше наградена за најдобра главна женска улога.
Фестивалот што ќе трае неколку дена, го сочинуваат осум театарски претстави, ќе се претстават театри од земјава и странство.

The post Претставата „Умри машки“ го отвори првиот Меѓународен театарски фестивал ,,Без рамка” во Демир Капија appeared first on Република.

]]>

Со претставата ,,Умри машки” на демиркапискиот аматерски театар ,,Мирка Гинова”, синоќа во Демир Капија беше отворен првиот меѓународен театарски фестивал ,,Без рамка”. Како што беше кажано, фестивалот е отворен за професионални и аматерски театри.
Демир Капија веќе шеесет години ја негува театарската уметност и нашите актери го прават тоа најпрофесионално што можат, рече демиркапискиот градоначалник Лазар Петров, нагласувајќи дека Општината ги поддржува ваквите и слични настани кои го подигнуваат животот во Демир Капија на едно повисоко ниво.
Тој рече дека шест децении, колку што всушност и постои демиркапискиот театар, се сонувало за една ваква манифестација и конечно сонот се остварува. Претставата ,,Умри машки” во режија на Томе Атанасов, доби награда на два фестивала. Актерката Кристина Николовска беше наградена за најдобра главна женска улога. Фестивалот што ќе трае неколку дена, го сочинуваат осум театарски претстави, ќе се претстават театри од земјава и странство.

The post Претставата „Умри машки“ го отвори првиот Меѓународен театарски фестивал ,,Без рамка” во Демир Капија appeared first on Република.

]]>
„5ре“ – театарски фестивал во Велес посветен на Петре Прличко https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/5re-teatarski-festival-vo-veles-posveten-na-petre-prlichko/ Tue, 17 May 2022 14:51:51 +0000 https://republika.mk/?p=503413

Велес, родниот град на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко, во негова чест почнува да организира  нов фестивал – „5ре“. Фестивалот ќе има ревијален карактер и годинава ќе претстави седум хит комедии од македонските театари и две  претстави за деца.

Ќе биде отворен в четврток во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ кога ќе биде врачена и традиционалната награда „Петре Прличко“  за животно дело во актерската дејност, годинава на Игор Џамбазов, внук на Петре Прличко. Во чест на наградениот  ќе биде изведена претставата „Слуга на двајца господари“ на велешкиот театарски ансамбл со што ќе биде отворен фестивалот кој ќе трае до 28 мај.

Ненад Витанов, режисер и член на организациониот одбор, денеска на прес-конференција потенцира дека преку овој фестивал ќе му се оддаде почит на Петре Прчилко преку популарни претстави како што беше популарен и Петре.

Тој информираше дека на програмата се девет фестивалски претстави, од кои шест на сцената на Велешкиот театар, една на отворена сцена во Младинскиот парк, а во дополнителната програма и две претстави за деца.

Зоран Љутков, актер и актуелен претседател на Советот на Општина Велес, истакна  дека со години наназад велешката театарска публика може да види одлични театарски продукции, како и комедии кои се од потешките жанрови за играње.

Ова не е ниту случајно, ниту инцидентно, туку логичен потег, Велес да добие ваков театарски фестивал, со домашни популарни  претстави на македонските театри. Се надевам дека ќе доживее голем успех, рече Љутков.

Воедно информираше дека по подолга пауза велешани повторно ќе имаат секојдневни културни настани од мај  до октомври. Во претстојното лето ги најави:  забавната рекреативна манифестација во Градскиот  парк од 2 до 5 јуни,   Рациновите средби, потоа  Меѓународниот фолклорен фестивал, Фестивалот на античка драма „Стоби“,  Фестивалот на џез и светска музика и Скулпторската колонија.

Влезниците за новиот фестивал „5ре“ се веќе пуштени во продажба и се по цена од 200 денари,  освен за детските престави кои се бесплатни, но со претходно набавување на билетите.

Основач и покровител на фестивалот е Општина Велес која и го финансира, а организатор е велешкото Здружение  „Плус публика“.

The post „5ре“ – театарски фестивал во Велес посветен на Петре Прличко appeared first on Република.

]]>

Велес, родниот град на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко, во негова чест почнува да организира  нов фестивал – „5ре“. Фестивалот ќе има ревијален карактер и годинава ќе претстави седум хит комедии од македонските театари и две  претстави за деца. Ќе биде отворен в четврток во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ кога ќе биде врачена и традиционалната награда „Петре Прличко“  за животно дело во актерската дејност, годинава на Игор Џамбазов, внук на Петре Прличко. Во чест на наградениот  ќе биде изведена претставата „Слуга на двајца господари“ на велешкиот театарски ансамбл со што ќе биде отворен фестивалот кој ќе трае до 28 мај. Ненад Витанов, режисер и член на организациониот одбор, денеска на прес-конференција потенцира дека преку овој фестивал ќе му се оддаде почит на Петре Прчилко преку популарни претстави како што беше популарен и Петре. Тој информираше дека на програмата се девет фестивалски претстави, од кои шест на сцената на Велешкиот театар, една на отворена сцена во Младинскиот парк, а во дополнителната програма и две претстави за деца. Зоран Љутков, актер и актуелен претседател на Советот на Општина Велес, истакна  дека со години наназад велешката театарска публика може да види одлични театарски продукции, како и комедии кои се од потешките жанрови за играње.
Ова не е ниту случајно, ниту инцидентно, туку логичен потег, Велес да добие ваков театарски фестивал, со домашни популарни  претстави на македонските театри. Се надевам дека ќе доживее голем успех, рече Љутков.
Воедно информираше дека по подолга пауза велешани повторно ќе имаат секојдневни културни настани од мај  до октомври. Во претстојното лето ги најави:  забавната рекреативна манифестација во Градскиот  парк од 2 до 5 јуни,   Рациновите средби, потоа  Меѓународниот фолклорен фестивал, Фестивалот на античка драма „Стоби“,  Фестивалот на џез и светска музика и Скулпторската колонија. Влезниците за новиот фестивал „5ре“ се веќе пуштени во продажба и се по цена од 200 денари,  освен за детските престави кои се бесплатни, но со претходно набавување на билетите.