театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teatar/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 12:05:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teatar/ 32 32 Прилеп доби готов проект за нов театар, се чекаат средства за изградба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prilep-dobi-gotov-proekt-za-nov-teatar-se-chekaat-sredstva-za-izgradba/ Tue, 05 Nov 2024 12:05:24 +0000 https://republika.mk/?p=834361

Центарот за култура „Марко Цепенков“ го доби проектот за изградба на нов театар во Прилеп. Од Министерството за транспорт и врски се чека одобрение за градба, а од Министерството за култура и туризам средства за реализација во програмата за 2025 година.

Проектантите неодамна го завршија проектот и Центарот за култура „Марко Цепенков“ располага со комплетна ревидирана проектна документација од проектот за реконструкција со доградба и надградба на објектот наменет за обезбедување простор за потребите на театарот. Всушност, станува збор за два одделни проекти по барање на Министерството за транспорт и врски: еден е за реконструкција на постојниот објект на Центарот, а другиот е за доградба и надградба на постојниот објект, изјави Марија Попова Јованоска, в.д. директорка на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Реконструкцијата на објектот се однесува на содржинско збогатување и функционално редефинирање на просторот како и подобрување на постојната физичка состојба на просторот и замена на дотраените материјали и техничка опрема, а доградбата и надградбата се однесуваат на обезбедување целосно нов простор за потребите на театарот во рамките на Центарот за култура со претходно отстранување дел од просторните целини.

Театарот е предвиден да ги опфати просторните делови од сегашното кино „Мис Стон“, од „Арт“ кагулето и дел од ликовната галерија.

Двата дела, предвидената реконструкцијата и доградбата со надградбата, ќе делуваат како една содржинска целина, со можност за работа како самостојни целини во иднина, објаснува Попова Јованоска.

Центарот се обрати до Министерството за култура за да одобри финансиски средства за изградба на новиот театар во Прилеп во програмата за наредната 2025 година.

За овие два проекти веќе се обративме до Министерството за култура и туризам и побаравме да обезбеди финансиски средства за реализација и да ги одобри во годишната програма за изградба на нови објекти и реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2025 година, рече Марија Попова Јованоска.

Според проектантите, за изградба на театарот ќе бидат потребни околу 18.000.000 евра, а за реконструкција на Центарот за култура околу 9.000.000 евра.

Проектант на проектите е Друштвото за производство, промет и услуги Архиум Љупчо ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, а ревидент е Друштвото за проектирање и инженеринг Хидро градежен инженеринг Скопје.

За реализација на двата проекти од Министерството за култура и туризам беа одобрени 60.000 евра.

The post Прилеп доби готов проект за нов театар, се чекаат средства за изградба appeared first on Република.

]]>

Бугарската хит-комедија „Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bugarskata-hit-komedija-boing-boing-go-zatvori-godinashnoto-izdanie-na-megunarodniot-teatarski-festival-vo-kriva-palanka/ Sun, 06 Oct 2024 09:07:52 +0000 https://republika.mk/?p=823365

Со настапот на актерите од Општинскиот театар од Ќустендил, Бугарија на последната фестивалска вечер на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка беше затворено годинашното издание на фестивалот што во изминатите девет дена ја полнеше салата на Центарот за култура во „Градот на културата“.

Гостите од Бугарија настапија со хит-комедијата „Боинг Боинг“ што ја расположи публиката со актуелните комични и непредвидливи ситуации на интриги и атрактивни „стјуардеси“.

16-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ ќе остане запаметено по богатата фестивалска програма од повеќе македонски театри: МНТ, Драмски театар - Скопје,  НТ НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово, НТ при НУЦК „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ - Велес, како и театрите од Балканот: ГТ „Јоза Ивакиќ“, Винковци, Хрватска, НТ „Серија“, Вршац и уметничка работилница „Призор“, Белград и Драган Маца Маринковиќ, Република Србија и Општински театар, Ќустендил, Република Бугарија.

Признанието лауреат на годинашното издание му беше дозволено на познатиот македонски актер Никола Ристановски, а во рамки на фестивалската програма беше промовирана и монографијата на Гоце Ристовски, „Со театар до Балкан без граници“ посветена на 15 години театар во Крива Паланка.

Организаторите, Општина Крива Паланка и Здружението на меѓународниот театарски фестивал велат дека публиката секоја година е сѐ побројна и со нетрпение го очекува секое ново театарско издание.

Фестивалот е дел од манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата 2024“.

The post Бугарската хит-комедија „Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

Со настапот на актерите од Општинскиот театар од Ќустендил, Бугарија на последната фестивалска вечер на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка беше затворено годинашното издание на фестивалот што во изминатите девет дена ја полнеше салата на Центарот за култура во „Градот на културата“. Гостите од Бугарија настапија со хит-комедијата „Боинг Боинг“ што ја расположи публиката со актуелните комични и непредвидливи ситуации на интриги и атрактивни „стјуардеси“. 16-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ ќе остане запаметено по богатата фестивалска програма од повеќе македонски театри: МНТ, Драмски театар - Скопје,  НТ НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово, НТ при НУЦК „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ - Велес, како и театрите од Балканот: ГТ „Јоза Ивакиќ“, Винковци, Хрватска, НТ „Серија“, Вршац и уметничка работилница „Призор“, Белград и Драган Маца Маринковиќ, Република Србија и Општински театар, Ќустендил, Република Бугарија. Признанието лауреат на годинашното издание му беше дозволено на познатиот македонски актер Никола Ристановски, а во рамки на фестивалската програма беше промовирана и монографијата на Гоце Ристовски, „Со театар до Балкан без граници“ посветена на 15 години театар во Крива Паланка. Организаторите, Општина Крива Паланка и Здружението на меѓународниот театарски фестивал велат дека публиката секоја година е сѐ побројна и со нетрпение го очекува секое ново театарско издание. Фестивалот е дел од манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата 2024“.

The post Бугарската хит-комедија „Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>
Театарот е вечна промена: Награди за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teatarot-e-vechna-promena-nagradi-za-zhivotno-delo-na-mtf-vojdan-chernodrinski/ Mon, 10 Jun 2024 15:06:04 +0000 https://republika.mk/?p=786286

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој е во полн ек на одржувањето во Прилеп, ги слави годинашниве добитници на наградата за животно дело: актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов.

И за двајцата доајени на македонското глумиште, фестивалската награда е посебна чест и задоволство како „круна“ на децениското актерско творење на „штиците што живот значат“, особено им е вредна зашто доаѓа од „фелата“.  Потврдуваат дека за актерот нема „пензија“.

Актерот Јордан Витанов кој долги години работи на сцената од велешкиот театар, а има остварено и телевизиски и филмски улоги ја доби наградата за животно дело и го следи текот на Фестивалот со кој има долгогодишни „врски“, и во фестивалското Собрание и како дел од организацијата на оваа најреномирана театарска манифестација кај нас. Двапати ја добил наградата за главна машка улога.

Фестивалот ми направи големо задоволство. Секогаш сум се чувствувал многу пријатно во Прилеп и Фестивалот сум го чувствувал како свој. Сум бил на многу други фестивали, ама овде се чувствувам како дома. На моите млади колеги би им посакал да работат посветено. Театарот е страст, уметност, од која, на некој начин, егзистираме, но, најважно е што тој нѐ прави среќни, нас и публиката. И, доколку имаме да ѝ порачаме, да ѝ пренесеме на публиката некои наши пораки и приказни, би бил многу среќен. Ја добивам оваа награда и ја чувствувам многу блиска, зашто е од еснафот, изјави Витанов, кој долги години работи во велешкиот театар, но има остварено и телевизиски и филмски улоги.

По 15-годишното искуство во МНТ во Скопје, актерката Таневска Србиновска, добитничка на наградата за животно дело, премина, како професор на ФДУ. Таневска Србиновска смета дека е корисно искуството да го сподели со студентите.

Досега имам пет генерации студенти. И, може да кажам, тоа се тие новите сили што нѝ доаѓаат. Јас, од сѐ срце би сакала да ги поддржиме. Како ние постарите, така и институциите, бидејќи, новот театар го носат новите луѓе. Тие носат нови идеи, создаваат нови содржини, и, всушност, ја наоѓаат новата смисла во театарот, рече Таневска Србиновска.

Мотото на Фестивалот „Промени се, промени сѐ“, соодветствува со театарот и театарската уметност. За Јордан Витанов театарот е вечна промена.

Логото на Фестивалот е погодено, а театарот никогаш не се задоволувал со комотни позиции. Постојано истражувал, барал нешто ново, препорачувал, нудел модели, општествени и секакви други. Инаку, моја нереализирана желба остана Хамлет. Да сме здрави и живи, може ќе го режираме. А јас да го играм, рече актерот Витанов.

Слично размислува и актерката и професорка Таневска Србиновска. Според неа, театарот имал подеми и падови, што е нормален процес.

Ми се допаѓа фестивалското мото. За да промениме нешто во театарот, односно да промениме сѐ, е најбитно да се промениме себе си, а потоа сѐ друго. Ама, мислам дека сме на добар пат. А, јас никогаш не сум ја напуштила сцената. Тоа никогаш нема да го направам. Сега не би бирала улога. Мислам дека улогите, низ животот, ме избирале мене, изјави актерката и професорка Таневска Србиновска.

На годинашниов МТФ „Војдан Чернодрински“ од отворањето на 7 јуни, од 11-те претстави во официјалната конкуренција се одиграни три, а вечер на програмата се уште две претстави. Се одржуваат промоции, разговори на тркалезната маса за одиграните претстави, работилници, а неделата беше ден посветена на авторот во фокусот, Горан Стефановски. Фестивалот се одржува до 14 јуни кога ќе бидат познати наградите од жирито и од публиката.

The post Театарот е вечна промена: Награди за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој е во полн ек на одржувањето во Прилеп, ги слави годинашниве добитници на наградата за животно дело: актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов. И за двајцата доајени на македонското глумиште, фестивалската награда е посебна чест и задоволство како „круна“ на децениското актерско творење на „штиците што живот значат“, особено им е вредна зашто доаѓа од „фелата“.  Потврдуваат дека за актерот нема „пензија“. Актерот Јордан Витанов кој долги години работи на сцената од велешкиот театар, а има остварено и телевизиски и филмски улоги ја доби наградата за животно дело и го следи текот на Фестивалот со кој има долгогодишни „врски“, и во фестивалското Собрание и како дел од организацијата на оваа најреномирана театарска манифестација кај нас. Двапати ја добил наградата за главна машка улога.
Фестивалот ми направи големо задоволство. Секогаш сум се чувствувал многу пријатно во Прилеп и Фестивалот сум го чувствувал како свој. Сум бил на многу други фестивали, ама овде се чувствувам како дома. На моите млади колеги би им посакал да работат посветено. Театарот е страст, уметност, од која, на некој начин, егзистираме, но, најважно е што тој нѐ прави среќни, нас и публиката. И, доколку имаме да ѝ порачаме, да ѝ пренесеме на публиката некои наши пораки и приказни, би бил многу среќен. Ја добивам оваа награда и ја чувствувам многу блиска, зашто е од еснафот, изјави Витанов, кој долги години работи во велешкиот театар, но има остварено и телевизиски и филмски улоги.
По 15-годишното искуство во МНТ во Скопје, актерката Таневска Србиновска, добитничка на наградата за животно дело, премина, како професор на ФДУ. Таневска Србиновска смета дека е корисно искуството да го сподели со студентите.
Досега имам пет генерации студенти. И, може да кажам, тоа се тие новите сили што нѝ доаѓаат. Јас, од сѐ срце би сакала да ги поддржиме. Како ние постарите, така и институциите, бидејќи, новот театар го носат новите луѓе. Тие носат нови идеи, создаваат нови содржини, и, всушност, ја наоѓаат новата смисла во театарот, рече Таневска Србиновска.
Мотото на Фестивалот „Промени се, промени сѐ“, соодветствува со театарот и театарската уметност. За Јордан Витанов театарот е вечна промена.
Логото на Фестивалот е погодено, а театарот никогаш не се задоволувал со комотни позиции. Постојано истражувал, барал нешто ново, препорачувал, нудел модели, општествени и секакви други. Инаку, моја нереализирана желба остана Хамлет. Да сме здрави и живи, може ќе го режираме. А јас да го играм, рече актерот Витанов.
Слично размислува и актерката и професорка Таневска Србиновска. Според неа, театарот имал подеми и падови, што е нормален процес.
Ми се допаѓа фестивалското мото. За да промениме нешто во театарот, односно да промениме сѐ, е најбитно да се промениме себе си, а потоа сѐ друго. Ама, мислам дека сме на добар пат. А, јас никогаш не сум ја напуштила сцената. Тоа никогаш нема да го направам. Сега не би бирала улога. Мислам дека улогите, низ животот, ме избирале мене, изјави актерката и професорка Таневска Србиновска.
На годинашниов МТФ „Војдан Чернодрински“ од отворањето на 7 јуни, од 11-те претстави во официјалната конкуренција се одиграни три, а вечер на програмата се уште две претстави. Се одржуваат промоции, разговори на тркалезната маса за одиграните претстави, работилници, а неделата беше ден посветена на авторот во фокусот, Горан Стефановски. Фестивалот се одржува до 14 јуни кога ќе бидат познати наградите од жирито и од публиката.

The post Театарот е вечна промена: Награди за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Полноќен театар од СДСМ, го испратија заменикот да пречека обрасци за пасоши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/polnoken-teatar-od-sdsm-go-ispratija-zamenikot-da-precheka-obrastsi-za-pasoshi/ Fri, 23 Feb 2024 07:36:02 +0000 https://republika.mk/?p=747228

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, синоќа, на Граничниот премин Богородица, ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши. Со тоа, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тој го демонстрираше концептот „МВР за Граѓаните” на дело.

Претходно, Бојмацалиев информираше дека покрај оваа пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што се комплетира најавената бројка од 225.000 обрасци .

Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600, информираше Бојмацалиев.

Во оваа прилика, се додава, Бојмацалиев упати апел до сите граѓани навремено да ги поднесат барањата за промена на своите пасоши, а вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи.

МВР продолжува со одржување на континуитетот на подготвеност да одговори на зголемената побарувачка и да ги задоволиме потребите на нашите граѓани во процесот на промена на личните документи, стои во соопштението.

The post Полноќен театар од СДСМ, го испратија заменикот да пречека обрасци за пасоши appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, синоќа, на Граничниот премин Богородица, ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши. Со тоа, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тој го демонстрираше концептот „МВР за Граѓаните” на дело. Претходно, Бојмацалиев информираше дека покрај оваа пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што се комплетира најавената бројка од 225.000 обрасци .
Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600, информираше Бојмацалиев.
Во оваа прилика, се додава, Бојмацалиев упати апел до сите граѓани навремено да ги поднесат барањата за промена на своите пасоши, а вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи.
МВР продолжува со одржување на континуитетот на подготвеност да одговори на зголемената побарувачка и да ги задоволиме потребите на нашите граѓани во процесот на промена на личните документи, стои во соопштението.

The post Полноќен театар од СДСМ, го испратија заменикот да пречека обрасци за пасоши appeared first on Република.

]]>
„Парови“ – музичко сценски перформанс по повод денот на љубовта и виното во Битолски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/parovi-muzichko-stsenski-performans-po-povod-denot-na-lubovta-i-vinoto-vo-bitolski-teatar/ Wed, 14 Feb 2024 09:09:38 +0000 https://republika.mk/?p=743938

Во НУ Народен Театар – Битола, во среда на 14 февруари 2024 година, со почеток во 20:00 часот, ќе може да го погледнете музичко сценскиот перформанс по повод денот на љубовта и виното.

Режија: Благој Мицевски

Влезниците по цена од 200 денари, можете да ги набавите од следниот линк на веб страната на НУ Народен театар Битола https://narodenteatarbitola.com или од билетарата на НУ Народен театар, која ќе работи од
18.00 до 20.00 часот.

The post „Парови“ – музичко сценски перформанс по повод денот на љубовта и виното во Битолски театар appeared first on Република.

]]>

Во НУ Народен Театар – Битола, во среда на 14 февруари 2024 година, со почеток во 20:00 часот, ќе може да го погледнете музичко сценскиот перформанс по повод денот на љубовта и виното. Режија: Благој Мицевски   Влезниците по цена од 200 денари, можете да ги набавите од следниот линк на веб страната на НУ Народен театар Битола https://narodenteatarbitola.com или од билетарата на НУ Народен театар, која ќе работи од 18.00 до 20.00 часот.

The post „Парови“ – музичко сценски перформанс по повод денот на љубовта и виното во Битолски театар appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Да се продолжи речиси шестдецениската традиција на МТФ „Војдан Чернодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/pendarovski-da-se-prodolzhi-rechisi-shestdetseniskata-traditsija-na-mtf-vojdan-chernodrinski/ Tue, 06 Feb 2024 20:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=741171

Претседателот Стево Пендаровски ја прими Ана Стојаноска, уметнички директор и претседател на Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На средбата, Стојаноска го информирала претседателот Пендаровски за тековните активности во насока на организирање на овогодинешното издание на фестивалот којшто ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп.

Истакнувајќи дека од минатата година концептот на „Војдан Чернодрински“ е „Враќање дома“, Стојаноска посочи дека целта на најстариот театарски фестивал е симболично да ги врати дома сите театарски уметници, а Прилеп да биде град на театарот, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Говорејќи за дел од предизвиците со кои се соочуваат, Стојаноска подвлекла дека на фестивалот во континуитет се изведуваат најдобрите театарски остварувања од македонска театарска продукција и се афирмира македонското драмско творештво.

На средбата, потенцирајќи дека одржувањето на фестивалот е од државен интерес, Пендаровски потенцирал дека е особено важно да се продолжи речиси шест децениската традицијата на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

The post Пендаровски: Да се продолжи речиси шестдецениската традиција на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски ја прими Ана Стојаноска, уметнички директор и претседател на Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На средбата, Стојаноска го информирала претседателот Пендаровски за тековните активности во насока на организирање на овогодинешното издание на фестивалот којшто ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп.
Истакнувајќи дека од минатата година концептот на „Војдан Чернодрински“ е „Враќање дома“, Стојаноска посочи дека целта на најстариот театарски фестивал е симболично да ги врати дома сите театарски уметници, а Прилеп да биде град на театарот, информираат од кабинетот на Пендаровски.
Говорејќи за дел од предизвиците со кои се соочуваат, Стојаноска подвлекла дека на фестивалот во континуитет се изведуваат најдобрите театарски остварувања од македонска театарска продукција и се афирмира македонското драмско творештво. На средбата, потенцирајќи дека одржувањето на фестивалот е од државен интерес, Пендаровски потенцирал дека е особено важно да се продолжи речиси шест децениската традицијата на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

The post Пендаровски: Да се продолжи речиси шестдецениската традиција на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Бисера Костадиновска-Стојчевска: Во Тетово оваа година се инвестирани 147 милиони денари, најмногу за театарот и библиотеката https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-vo-tetovo-ovaa-godina-se-investirani-147-milioni-denari-najmnogu-za-teatarot-i-bibliotekata/ Tue, 12 Dec 2023 12:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=722183

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска за време на нејзината посета на Општина Тетово информираше дека за санација на Музејот на тетовскиот крај се вложени 4,5 милиони денари и се обезбедени подобри услови за континуирана работа на една од носечките културни институции во Тетово.

Костадиновска Стојчевска, која го посети Тетово заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, изјави дека Министерството за култура само како поддршка вложи над 14,5 милиони денари во тетовските културни установи.

Таа информираше дека во 2023 година се инвестирани речиси 147 милиони денари, од кои најголем дел се наменети за изградба на капиталниот објект наменет за театар и библиотека во Тетово. За во следната 2024 година се планирани уште финансиски средства.

Инвестираме во културата и го збогатуваме разновидното културно живеење на граѓаните, особено на младите во Тетово и во околината. Корисниците на конкурсот „Култура во лето“ покажаа талент и знаење со кој донесоа нова свежина во културната понуда за Тетовчани во сите уметнички области, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа потсети дека основале и нова Национална установа Музички ансамбл во Република Македонија во Тетово, чија основна дејност е изведба, промоција и афирмација на албанската класична џез вокална и вокално инструментална музика.

Подеднакво вложуваме и во заштитата на културното наследство како еден од најголемите приоритети на Владата и на Министерството за култура. Продолжија активностите за целосна конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во црквата „Света Богородица“ во Лешок, рече Костадиновска Стојчевска.

Потсети дека е завршен и повеќегодишниот проект за конзервација и реставрација, санација и ревитализација на заштитеното недвижно добро „Алимбеговата куќа“. За проектот беа издвоени 2,5 милиони денари.

Прашана во врска со реставрацијата на Тетовското кале, Костадиновска Стојчевска рече дека управувањето со Тетовско кале е исто како што е и Скопско кале во Скопје, односно е под надлежност и на локалната самоуправа.

Конзервацијата, реставрацијата и реновирањето е под надлежност на Националната установа од областа на заштита на културно наследство. Самото управување со Тетовско кале е исто како што и Скопско кале во Скопје, односно е под надлежност и на локалната самоуправа. Ова значи дена надлежностата е поделена, но тука треба локалната самоуправа да си преземе мерки, додаде Костадиновска Стојчевска.

The post Бисера Костадиновска-Стојчевска: Во Тетово оваа година се инвестирани 147 милиони денари, најмногу за театарот и библиотеката appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска за време на нејзината посета на Општина Тетово информираше дека за санација на Музејот на тетовскиот крај се вложени 4,5 милиони денари и се обезбедени подобри услови за континуирана работа на една од носечките културни институции во Тетово.
Костадиновска Стојчевска, која го посети Тетово заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, изјави дека Министерството за култура само како поддршка вложи над 14,5 милиони денари во тетовските културни установи.
Таа информираше дека во 2023 година се инвестирани речиси 147 милиони денари, од кои најголем дел се наменети за изградба на капиталниот објект наменет за театар и библиотека во Тетово. За во следната 2024 година се планирани уште финансиски средства.
Инвестираме во културата и го збогатуваме разновидното културно живеење на граѓаните, особено на младите во Тетово и во околината. Корисниците на конкурсот „Култура во лето“ покажаа талент и знаење со кој донесоа нова свежина во културната понуда за Тетовчани во сите уметнички области, рече Костадиновска Стојчевска.
Таа потсети дека основале и нова Национална установа Музички ансамбл во Република Македонија во Тетово, чија основна дејност е изведба, промоција и афирмација на албанската класична џез вокална и вокално инструментална музика.
Подеднакво вложуваме и во заштитата на културното наследство како еден од најголемите приоритети на Владата и на Министерството за култура. Продолжија активностите за целосна конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во црквата „Света Богородица“ во Лешок, рече Костадиновска Стојчевска.
Потсети дека е завршен и повеќегодишниот проект за конзервација и реставрација, санација и ревитализација на заштитеното недвижно добро „Алимбеговата куќа“. За проектот беа издвоени 2,5 милиони денари. Прашана во врска со реставрацијата на Тетовското кале, Костадиновска Стојчевска рече дека управувањето со Тетовско кале е исто како што е и Скопско кале во Скопје, односно е под надлежност и на локалната самоуправа.
Конзервацијата, реставрацијата и реновирањето е под надлежност на Националната установа од областа на заштита на културно наследство. Самото управување со Тетовско кале е исто како што и Скопско кале во Скопје, односно е под надлежност и на локалната самоуправа. Ова значи дена надлежностата е поделена, но тука треба локалната самоуправа да си преземе мерки, додаде Костадиновска Стојчевска.

The post Бисера Костадиновска-Стојчевска: Во Тетово оваа година се инвестирани 147 милиони денари, најмногу за театарот и библиотеката appeared first on Република.

]]>
Остатоците на театарот на Нерон откриени во градината каде што ќе биде хотелот Four Seasons во Рим https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ostatotsite-na-teatarot-na-neron-otkrieni-vo-gradinata-kade-shto-ke-bide-hotelot-four-seasons-vo-rim/ Sun, 30 Jul 2023 14:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=666937

Следниот луксузен хотел во Рим има многу добри коски: археолозите во средата рекоа дека урнатините на Театарот на Нерон, царски театар кој се споменува во старите римски текстови, но никогаш не бил пронајден, се откриени под градината на идниот хотел Four Seasons, на чекор од Ватикан.

Археолозите ископуваат длабоко под заградената градина на Палацо дела Ровере од 2020 година, како дел од планираните реновирања на фрескоживописната ренесансна зграда. Палатата, која зафаќа градски блок долж широката Via della Conciliazione што води до плоштадот Свети Петар, е дом на древниот ватикански витешки ред кој го издава просторот на хотел за да собере пари за христијаните во Светата земја.

Генералниот гувернер на Редот на Светиот гроб на Ерусалим, Леонардо Висконти ди Модроне, за време на прес-конференцијата на која го објави археолошкото откритие потврди дека дојдовниот синџир хотели е Four Seasons. Новинските извештаи велат дека хотелот се очекува да биде отворен навреме за јубилејот на Ватикан во 2025 година, кога се очекува околу 30 милиони луѓе и аџии да се соберат во Рим.

The post Остатоците на театарот на Нерон откриени во градината каде што ќе биде хотелот Four Seasons во Рим appeared first on Република.

]]>

Следниот луксузен хотел во Рим има многу добри коски: археолозите во средата рекоа дека урнатините на Театарот на Нерон, царски театар кој се споменува во старите римски текстови, но никогаш не бил пронајден, се откриени под градината на идниот хотел Four Seasons, на чекор од Ватикан. Археолозите ископуваат длабоко под заградената градина на Палацо дела Ровере од 2020 година, како дел од планираните реновирања на фрескоживописната ренесансна зграда. Палатата, која зафаќа градски блок долж широката Via della Conciliazione што води до плоштадот Свети Петар, е дом на древниот ватикански витешки ред кој го издава просторот на хотел за да собере пари за христијаните во Светата земја. Генералниот гувернер на Редот на Светиот гроб на Ерусалим, Леонардо Висконти ди Модроне, за време на прес-конференцијата на која го објави археолошкото откритие потврди дека дојдовниот синџир хотели е Four Seasons. Новинските извештаи велат дека хотелот се очекува да биде отворен навреме за јубилејот на Ватикан во 2025 година, кога се очекува околу 30 милиони луѓе и аџии да се соберат во Рим.

The post Остатоците на театарот на Нерон откриени во градината каде што ќе биде хотелот Four Seasons во Рим appeared first on Република.

]]>
Велешкиот театар со „Едвард втори“ ќе настапи на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/veleshkiot-teatar-so-edvard-vtori-ke-nastapi-na-ohridsko-leto/ Fri, 14 Jul 2023 20:57:42 +0000 https://republika.mk/?p=661522

Театарскиот ансамбл на велешкиот Театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ на 6 август, со претставата „Едвард втори“ во режија на Андриј Жолдак ќе настапи на годинешното 63. „Охридско лето“.

Директорот на велешкиот Театар, Сашо Димоски информира за МИА дека претставата е копродукциски проект на НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константиов-Џинот“ и Драмскиот театар Н.О Масалитинов од Пловдив, Бугарија.

Како што пишува режисерот Андриј Жолдак во писмената објава на програмата за 63 то „Охридско лето“, оваа претстава има неколку различни насоки: главната насока е приказната за „Едвард втори“ во драмата на Марлоу, проследена од „Ричард втори“ од Шекспир.

Темите на главната драма кои се интересни за мене и за кои зборуваме се: односот татко и син, во отсуство на мајката, мотивите на моќта и луксузот а со тоа и прекумерното уживање, енергијата на младите луѓе и нивната дирекност. Исто така, бракот на Едвард и создавањето семејство…и некомпатибилноста. Понатаму, промената на сексуалната ориентација на Едвард и неговата страсна љубов кон мажите. Смртта на таткото, на кралот, а со тоа и исчезнувањето на сите бариери и пречки за синот. Есенцијално е и лудилото на напуштената жена – сопругата и кралицата и планот да се убие сопругот. Исто така, темнината на човечката психа, психолошките и сексуалните односи помеѓу луѓето. Сепак, крајниот конфликт на 21 век е конфликтот за превласт, меѓу мажот и жената, и во текот на оваа претстава ќе видиме како тоа се одвива. Овие нишки се раскажуваат низ различни театарски форми, од психолошки вистинити ситуации до ритуален театар и од современиот физички театар до можниот театар на иднината. Во центарот на приказната се актерите кои се вистински личности и преку нив можеме да видиме и нешто за луѓето кои живеат денес, во 2023 година, појаснува Жолдак.

Тој потсетува дека по постановките на „Електра“ и „Соларис“ во МНТ, „Едвард втори“ е негова трета претстава со македонски актери.

Токму кај нив ме фасцинира нивната отвореност кон театарот и нивната желба да живеат, вели режисерот Андриј Жолдак.

The post Велешкиот театар со „Едвард втори“ ќе настапи на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Театарскиот ансамбл на велешкиот Театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ на 6 август, со претставата „Едвард втори“ во режија на Андриј Жолдак ќе настапи на годинешното 63. „Охридско лето“. Директорот на велешкиот Театар, Сашо Димоски информира за МИА дека претставата е копродукциски проект на НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константиов-Џинот“ и Драмскиот театар Н.О Масалитинов од Пловдив, Бугарија. Како што пишува режисерот Андриј Жолдак во писмената објава на програмата за 63 то „Охридско лето“, оваа претстава има неколку различни насоки: главната насока е приказната за „Едвард втори“ во драмата на Марлоу, проследена од „Ричард втори“ од Шекспир.
Темите на главната драма кои се интересни за мене и за кои зборуваме се: односот татко и син, во отсуство на мајката, мотивите на моќта и луксузот а со тоа и прекумерното уживање, енергијата на младите луѓе и нивната дирекност. Исто така, бракот на Едвард и создавањето семејство…и некомпатибилноста. Понатаму, промената на сексуалната ориентација на Едвард и неговата страсна љубов кон мажите. Смртта на таткото, на кралот, а со тоа и исчезнувањето на сите бариери и пречки за синот. Есенцијално е и лудилото на напуштената жена – сопругата и кралицата и планот да се убие сопругот. Исто така, темнината на човечката психа, психолошките и сексуалните односи помеѓу луѓето. Сепак, крајниот конфликт на 21 век е конфликтот за превласт, меѓу мажот и жената, и во текот на оваа претстава ќе видиме како тоа се одвива. Овие нишки се раскажуваат низ различни театарски форми, од психолошки вистинити ситуации до ритуален театар и од современиот физички театар до можниот театар на иднината. Во центарот на приказната се актерите кои се вистински личности и преку нив можеме да видиме и нешто за луѓето кои живеат денес, во 2023 година, појаснува Жолдак.
Тој потсетува дека по постановките на „Електра“ и „Соларис“ во МНТ, „Едвард втори“ е негова трета претстава со македонски актери.
Токму кај нив ме фасцинира нивната отвореност кон театарот и нивната желба да живеат, вели режисерот Андриј Жолдак.

The post Велешкиот театар со „Едвард втори“ ќе настапи на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Владата ќе обезбеди пари за довршување на реконструкцијата на Театар Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vladata-ke-obezbedi-pari-za-dovrshuvane-na-rekonstruktsijata-na-teatar-kumanovo/ Fri, 17 Feb 2023 12:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=610151

Средства за продолжување на реконструкцијата на зградата на Кумановскиот тетар ќе се одобрат од владина програма за капитални инвестиции, поради тоа овој проект не се најде во годишната програма на Министерството за култура, велат надлежните.

Според директорот на Центарот за култура Сашо Тодоровски, во објавената програма нема ставки за реализација на капитални објекти, вклучително и за Театар Куманово, но парите за овие проекти преку владата се обезбедуваат на предлог на министерката за култура. Висината на одобрените средства ќе биде позната откако одлуката ќе помина на седница на Влада, која треба да се одржи овие денови.

„Обезбедени се средства за третата фаза од реконструкцијата на Театар Куманово за 2023 година од големата владина програма.  Најавено ни е дека износот ќе биде поголем од побараното. Очекуваме дека во целост ќе може да ја реализираме реконструкцијата на кровот и светлечкиот мост. Засега не можеме ништо да планираме додека не добиеме повратна информација од Владата колку средства ќе обезбедат за овој проект. Ние се надеваме дека планот за 2023 ќе се оствари во целост“, изјави Тодоровски.

Реконструкцијата на зградата на Театар Куманово започна во летото 2021 година и првите две фази се успешно завршени, а со планот  предвидено е реконструкцијата да трае 2 до 3 години. Во меѓувреме сите активности на Кумановскиот театар се одвиваат во зградата на Центарот за култура.

извор: Кумановоњуз

The post Владата ќе обезбеди пари за довршување на реконструкцијата на Театар Куманово appeared first on Република.

]]>

Средства за продолжување на реконструкцијата на зградата на Кумановскиот тетар ќе се одобрат од владина програма за капитални инвестиции, поради тоа овој проект не се најде во годишната програма на Министерството за култура, велат надлежните. Според директорот на Центарот за култура Сашо Тодоровски, во објавената програма нема ставки за реализација на капитални објекти, вклучително и за Театар Куманово, но парите за овие проекти преку владата се обезбедуваат на предлог на министерката за култура. Висината на одобрените средства ќе биде позната откако одлуката ќе помина на седница на Влада, која треба да се одржи овие денови.
„Обезбедени се средства за третата фаза од реконструкцијата на Театар Куманово за 2023 година од големата владина програма.  Најавено ни е дека износот ќе биде поголем од побараното. Очекуваме дека во целост ќе може да ја реализираме реконструкцијата на кровот и светлечкиот мост. Засега не можеме ништо да планираме додека не добиеме повратна информација од Владата колку средства ќе обезбедат за овој проект. Ние се надеваме дека планот за 2023 ќе се оствари во целост“, изјави Тодоровски.
Реконструкцијата на зградата на Театар Куманово започна во летото 2021 година и првите две фази се успешно завршени, а со планот  предвидено е реконструкцијата да трае 2 до 3 години. Во меѓувреме сите активности на Кумановскиот театар се одвиваат во зградата на Центарот за култура. извор: Кумановоњуз

The post Владата ќе обезбеди пари за довршување на реконструкцијата на Театар Куманово appeared first on Република.

]]>
Претставите „Јазли“ и „Грета“ на денешната програма на МТФ „Војдан Чернодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavite-jazli-i-greta-na-deneshnata-programa-na-mtf-vojdan-chernodrinski/ Sun, 05 Jun 2022 12:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=511397

На третиот ден од 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ на програмата се две претстави, од кои едната во конкуренција за наградите.

Во официјалната програма, од 19 часот на сцената во Центарот за култура „Марко Цепенков“ е претставата на албански театар „Јазли“ од Рефет Абази во режија на Куштрим Бектеши. Во придружниот дел од програмата е претставата „Грета“ во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на театар „Златен Елец“ од Скопје. Изведбата е од 22 часот на сцената од народниот театар „Војдан Чернодрински“.

Од отворањето на Фестивалот во петокот, публиката виде три претстави во конкуренцијата за награди: „Народен непријател“ на МНТ, „Моето име е Горан Стефановски“ на Драмски театар и „Декамерон“ на прилепскиот анасамбл. Промовирана е и книгата „Клиентот на Шекспир“ од Милош Латиновиќ, драмски писател, есеист, романописец, актуелен директор на Битеф театар. Книгата ја промовираше Жељко Јовановиќ.

Утре напладне во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“, во рамките на Фестивалот ќе биде промовирана книгата „Никогаш не е доцна“ од Добрила Ивановиќ Чабриќ, актерка, член на МНТ од 1946 до 1957 година, член на „Позориште на теразијама“. Утревечер од 19 часот  на сцената од Центарот за култура  во конкуренцијата, ансамблот на струмичкиот народен театар „Антон Панов“ ќе ја изведе „Бракот на Марија Браун“ според Рајнер Вернер Фасбиндер во режија на Драгана Таневска. Од 22 часот во прилепскиот народен театар публиката ќе ја види „Семејство“, Дипломска претстава на студентите при ФДУ од Скопје, како дел од придружната програма.

The post Претставите „Јазли“ и „Грета“ на денешната програма на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

На третиот ден од 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ на програмата се две претстави, од кои едната во конкуренција за наградите. Во официјалната програма, од 19 часот на сцената во Центарот за култура „Марко Цепенков“ е претставата на албански театар „Јазли“ од Рефет Абази во режија на Куштрим Бектеши. Во придружниот дел од програмата е претставата „Грета“ во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на театар „Златен Елец“ од Скопје. Изведбата е од 22 часот на сцената од народниот театар „Војдан Чернодрински“. Од отворањето на Фестивалот во петокот, публиката виде три претстави во конкуренцијата за награди: „Народен непријател“ на МНТ, „Моето име е Горан Стефановски“ на Драмски театар и „Декамерон“ на прилепскиот анасамбл. Промовирана е и книгата „Клиентот на Шекспир“ од Милош Латиновиќ, драмски писател, есеист, романописец, актуелен директор на Битеф театар. Книгата ја промовираше Жељко Јовановиќ. Утре напладне во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“, во рамките на Фестивалот ќе биде промовирана книгата „Никогаш не е доцна“ од Добрила Ивановиќ Чабриќ, актерка, член на МНТ од 1946 до 1957 година, член на „Позориште на теразијама“. Утревечер од 19 часот  на сцената од Центарот за култура  во конкуренцијата, ансамблот на струмичкиот народен театар „Антон Панов“ ќе ја изведе „Бракот на Марија Браун“ според Рајнер Вернер Фасбиндер во режија на Драгана Таневска. Од 22 часот во прилепскиот народен театар публиката ќе ја види „Семејство“, Дипломска претстава на студентите при ФДУ од Скопје, како дел од придружната програма.

The post Претставите „Јазли“ и „Грета“ на денешната програма на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Интензивно тече изградбата на новиот објект предвиден за театар и библиотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/intenzivno-teche-izgradbata-na-noviot-objekt-predviden-za-teatar-i-biblioteka/ Tue, 10 May 2022 13:31:50 +0000 https://republika.mk/?p=500532

Министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска беше во работна посета на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово каде што се сретна со директорот на оваа Национална установа, Арлинд Хусеини. Костадиновска-Стојчевска беше информирана за состојбата на објектот кој е изграден во 1973 година, за проблемите со кои се соочуваат во текот на работата, како и за културните содржини што ќе се реализираат во следниот период.

Во Центарот за култура од Тетово, преку Годишната програма на Министерството за култура, се одобрени проекти од сите дејности, меѓу кои и по една претстава на македонски и на албански јазик, групни и самостојни изложби, а ќе се реализира и Интернационалната графичка колонија Тетово. Издвоени се средства за „Вечер на американски џез“, како и за годишни концерти од областа на фолклорната дејност.

Преку проектот за реконструкција на покривната конструкција (купола) на објектот, за што од буџетот на Министерството за култура се издвоени 2,5 милиони денари, како и со реконструкцијата на дел од Центарот за култура, значително ќе се подобрат условите за функционирање на Националната установа. За овие проекти се во тек постапки за склучување договори, а нивната реализација ќе биде во втората половина од годинава.

Министерката Костадиновска-Стојчевска го посети и објектот предвиден за театар и библиотека, кој во последниот период интензивно се гради, за што оваа година се издвоени 220 милиони денари. Овој проект се реализира преку Центарот за култура Тетово, кој е инвеститор на објектот, а во моментов се реализира втората фаза од проектот – ентериерно уредување со придружните фази.

The post Интензивно тече изградбата на новиот објект предвиден за театар и библиотека appeared first on Република.

]]>

Министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска беше во работна посета на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово каде што се сретна со директорот на оваа Национална установа, Арлинд Хусеини. Костадиновска-Стојчевска беше информирана за состојбата на објектот кој е изграден во 1973 година, за проблемите со кои се соочуваат во текот на работата, како и за културните содржини што ќе се реализираат во следниот период. Во Центарот за култура од Тетово, преку Годишната програма на Министерството за култура, се одобрени проекти од сите дејности, меѓу кои и по една претстава на македонски и на албански јазик, групни и самостојни изложби, а ќе се реализира и Интернационалната графичка колонија Тетово. Издвоени се средства за „Вечер на американски џез“, како и за годишни концерти од областа на фолклорната дејност. Преку проектот за реконструкција на покривната конструкција (купола) на објектот, за што од буџетот на Министерството за култура се издвоени 2,5 милиони денари, како и со реконструкцијата на дел од Центарот за култура, значително ќе се подобрат условите за функционирање на Националната установа. За овие проекти се во тек постапки за склучување договори, а нивната реализација ќе биде во втората половина од годинава. Министерката Костадиновска-Стојчевска го посети и објектот предвиден за театар и библиотека, кој во последниот период интензивно се гради, за што оваа година се издвоени 220 милиони денари. Овој проект се реализира преку Центарот за култура Тетово, кој е инвеститор на објектот, а во моментов се реализира втората фаза од проектот – ентериерно уредување со придружните фази.

The post Интензивно тече изградбата на новиот објект предвиден за театар и библиотека appeared first on Република.

]]>
„Волкот и трите прасиња“- нова претстава на кумановскиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/volkot-i-trite-prasinja-nova-pretstava-na-kumanovskiot-teatar/ Sat, 07 May 2022 11:21:44 +0000 https://republika.mk/?p=498992

„Волкот и трите прасиња“, е новата детска претстава на кумановскиот театар, која премиерно ќе беше изведена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, најавија на денешната прес-конференција од установата. Претставата е работена според истоимената приказна, во режија на Бојана Краљевска, а играат Марко Трајковиќ, Нина Максимова, Александра Михајловска и Владанка Крстевски.

Актерите ги повикаа најмладите и родителите да ја видат претставата која преку игри, песни испраќа пораки до најмалите.

Преку претставата испраќаме две пораки до најмладите. Првата дека пријателството е богатство без разлика на различноста, големината. Втората е дека работата секогаш се исплаќа. Двете помали прасенца не го слушаат братчето и на потежок начин ја учат оваа лекција. Приказната има среќен крај, ги учи помалите дека треба да бидат послушни, вели режисерката Краљевска.

Првата реприза ќе се игра во понеделник со почеток во 18 часот во Центарот за културата, бидејќи театарот сè уште се реконструира.

The post „Волкот и трите прасиња“- нова претстава на кумановскиот театар appeared first on Република.

Театарот „Чекори“ вечерва премиерно ќе ја изведе најновата претстава „Гласови“, во режија на Маја Ѓурчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teatarot-chekori-vecherva-premierno-kje-ja-izvede-najnovata-pretstava-glasovi-vo-rezija-na-maja-gjurchevska/ Wed, 27 Apr 2022 07:34:57 +0000 https://republika.mk/?p=494122

На 27 април, среда, со почеток во 20 часот, театарот ,,Чекори" премиерно ќе ја изведе својата најнова театарска претстава ,,Гласови", во режија на Маја Ѓурчевска.

Улогите ги толкуваат Марко Џамбазоски и Никола Димевски, инспициент е Ангела Наумовска, а тон и светло мајстор е Михаил Митевски.

Влезот е наменет за сите посетители, без разлика на возраста. Делото спаѓа во жанрот комедија, а картите можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата, по симболична цена од 100 денари.

Театарот се наоѓа во скопската населба Автокоманда, во склоп на Домот на култура ,,Димитар Влахов".

Со своето 48 годишно постоење Театар ,,Чекори" е  најстариот алтернативен театар во Македонија.

The post Театарот „Чекори“ вечерва премиерно ќе ја изведе најновата претстава „Гласови“, во режија на Маја Ѓурчевска appeared first on Република.

„Слуга на двајца господари“ во режија на Ненад Витанов вечерва на сцената на велешкиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sluga-na-dvajca-gospodari-vo-rezija-na-nenad-vitanov-vecherva-na-scenata-na-veleshkiot-teatar/ Thu, 21 Apr 2022 07:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=491588

По пауза од две и пол години поради корона пандемијата, на сцената не велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ на 21 април во 20 часот повторно ќе биде изведена популарната комедија „Слуга на двајца господари“ во режија на Ненад Витанов.

Претставата премиера беше узведена на 2 ноември 2019 година. Во претставата настапува речиси целиот театарски ансамбл на велешкиот Народен театар. Како Труфалдино – Благојчо Стојанов, Флориндо – Жарко Спасовски, Беатриче – Симона Димковска, Пандолфо – Самоил Стојановски, Розаура – Славица Манаскова, Ломбарди – Зорица П. Панчиќ, Силвио – Кристијан Саздовски, Тебалдо – Фаик Мефаилоски, Бландона – Сандра Танчева, Софија – Весна Димитровска Бобевски и Џовани – Јордан Витанов.

„Слуга на двајца господари“ е позната и популарна комедија во историјата на светската драма и театар, напишана во 1746 година како типична комедија дел арте. Дејството е сместено во Венеција, а во основата се актерската импровизација и бурлеската со кои се карикираат личности од сите општествени слоеви.

Претставата е комедија, која зборува на современ јазик, за проблемите кои се вечни. Тоа е светот на богатите и сиромашните. Во животот е социјална драма а во театарот е комедија. Главниот јунак се бори да врзе крај со крај, не месец за месец, туку ден за ден. Низ неговата приказна го следиме цело едно општество, што се случува. Претставата е во современ контекст и секој од публиката ќе се пронајде во неа.

Сценографијата е на Филип Витанов, а костимографијата на Катерина Чукниева.

The post „Слуга на двајца господари“ во режија на Ненад Витанов вечерва на сцената на велешкиот театар appeared first on Република.

]]>

По пауза од две и пол години поради корона пандемијата, на сцената не велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ на 21 април во 20 часот повторно ќе биде изведена популарната комедија „Слуга на двајца господари“ во режија на Ненад Витанов. Претставата премиера беше узведена на 2 ноември 2019 година. Во претставата настапува речиси целиот театарски ансамбл на велешкиот Народен театар. Како Труфалдино – Благојчо Стојанов, Флориндо – Жарко Спасовски, Беатриче – Симона Димковска, Пандолфо – Самоил Стојановски, Розаура – Славица Манаскова, Ломбарди – Зорица П. Панчиќ, Силвио – Кристијан Саздовски, Тебалдо – Фаик Мефаилоски, Бландона – Сандра Танчева, Софија – Весна Димитровска Бобевски и Џовани – Јордан Витанов. „Слуга на двајца господари“ е позната и популарна комедија во историјата на светската драма и театар, напишана во 1746 година како типична комедија дел арте. Дејството е сместено во Венеција, а во основата се актерската импровизација и бурлеската со кои се карикираат личности од сите општествени слоеви. Претставата е комедија, која зборува на современ јазик, за проблемите кои се вечни. Тоа е светот на богатите и сиромашните. Во животот е социјална драма а во театарот е комедија. Главниот јунак се бори да врзе крај со крај, не месец за месец, туку ден за ден. Низ неговата приказна го следиме цело едно општество, што се случува. Претставата е во современ контекст и секој од публиката ќе се пронајде во неа. Сценографијата е на Филип Витанов, а костимографијата на Катерина Чукниева.

The post „Слуга на двајца господари“ во режија на Ненад Витанов вечерва на сцената на велешкиот театар appeared first on Република.

]]>
„Аудиција сега“ – Иницијатива на театарските работници бара средба со министерката за култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/audicija-sega-inicijativa-na-teatarskite-rabotnici-bara-sredba-so-ministerkata-za-kultura/ Sun, 27 Mar 2022 11:05:40 +0000 https://republika.mk/?p=479268

„Аудиција сега“ бараат над 60 дипломци, дел од Иницијативата на невработени театарџии во државава.

Над 160 дипломирани театарски работилници, од кои еден дел се на професионално доусовршување во странство, дел се имаат откажано од театарот, а над 60 театарџии- невработени и вработени, но не во својата струка, актери, режисери, продуценти и драматурзи/драмски автори, ја формираа иницијативата „Аудиција сега“, барајќи да се сретнат со надлежните.

Нашата порака за Светскиот ден на театарот е малку поразлична од другите, има форма на Листа на барања, кои претставниците  сакаат да ги продискутираат на средба со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која и формално беше побарана на 25 март годинава“, велат од „Аудиција сега“.

Приоритетно барање на Иницијативата е формирање на работна група за разработка на веќе постоечките, но и креирање нови културни политики, отворање нови работни места, воведување нови критериуми за оценување на проектите за независната сцена, водење сметка за процентот на учество на невработени/вработени театарџии во театарските продукции при бодувањето, задолжително ангажирање невработени режисери со по минимум еден проект во институциите годишно, ангажирање невработени актери во секоја претстава во продукција на институционалните театри и редовни конкурси за драми на македонски драмски автори.

Сосема случајно, дел од пораката по повод Светскиот ден на театарот на д-р Ана Стојаноска, театролог, писател и професор на Факултетот за драмски уметности при УКИМ – Скопје, го објаснува она што нè поттикна да ја формираме оваа Иницијатива ‘Најважно од сѐ, публиката, критиката, театролозите, професорите да се искрени пред себе и пред театарските уметници, да се говори јавно, отворено, да се критикува, но не да се критизира, да се инспирира, да се отвораат можностите, да не се дозволува еден или двајца луѓе да креираат програма на една театарска заедница, да се даде шанса на сите што ја заслужуваат, затоа што ние сите му требаме на театарот’, истакнуваат од Иницијативата.

Оттаму дополнуваат дека очекуваат позитивен одговор и покана од министерката за култура, а нагласуваат дека сите заинтересирани театарции може да се приклучат на Иницијативата преку допис на audicijasegainicijativa@gmail.com.

The post „Аудиција сега“ – Иницијатива на театарските работници бара средба со министерката за култура appeared first on Република.

]]>

„Аудиција сега“ бараат над 60 дипломци, дел од Иницијативата на невработени театарџии во државава. Над 160 дипломирани театарски работилници, од кои еден дел се на професионално доусовршување во странство, дел се имаат откажано од театарот, а над 60 театарџии- невработени и вработени, но не во својата струка, актери, режисери, продуценти и драматурзи/драмски автори, ја формираа иницијативата „Аудиција сега“, барајќи да се сретнат со надлежните.
Нашата порака за Светскиот ден на театарот е малку поразлична од другите, има форма на Листа на барања, кои претставниците  сакаат да ги продискутираат на средба со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која и формално беше побарана на 25 март годинава“, велат од „Аудиција сега“.
Приоритетно барање на Иницијативата е формирање на работна група за разработка на веќе постоечките, но и креирање нови културни политики, отворање нови работни места, воведување нови критериуми за оценување на проектите за независната сцена, водење сметка за процентот на учество на невработени/вработени театарџии во театарските продукции при бодувањето, задолжително ангажирање невработени режисери со по минимум еден проект во институциите годишно, ангажирање невработени актери во секоја претстава во продукција на институционалните театри и редовни конкурси за драми на македонски драмски автори.
Сосема случајно, дел од пораката по повод Светскиот ден на театарот на д-р Ана Стојаноска, театролог, писател и професор на Факултетот за драмски уметности при УКИМ – Скопје, го објаснува она што нè поттикна да ја формираме оваа Иницијатива ‘Најважно од сѐ, публиката, критиката, театролозите, професорите да се искрени пред себе и пред театарските уметници, да се говори јавно, отворено, да се критикува, но не да се критизира, да се инспирира, да се отвораат можностите, да не се дозволува еден или двајца луѓе да креираат програма на една театарска заедница, да се даде шанса на сите што ја заслужуваат, затоа што ние сите му требаме на театарот’, истакнуваат од Иницијативата.
Оттаму дополнуваат дека очекуваат позитивен одговор и покана од министерката за култура, а нагласуваат дека сите заинтересирани театарции може да се приклучат на Иницијативата преку допис на audicijasegainicijativa@gmail.com.

The post „Аудиција сега“ – Иницијатива на театарските работници бара средба со министерката за култура appeared first on Република.

]]>
Гранатиран театарот во Мариупол, се користел како скривница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/granatiran-teatarot-vo-mariupol-se-koristel-kako-skrivnica/ Wed, 16 Mar 2022 18:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=473939

Властите во опколениот украински пристанишен град Мариупол денеска соопштија дека руските сили грантирале театар во кој се засолнувале „стотици“ цивили.

„Русија намерно го погоди Драмскиот театар, каде што се кријат стотици луѓе“, соопштија локалните власти на Мариупол на Телеграм.

The post Гранатиран театарот во Мариупол, се користел како скривница appeared first on Република.

]]>

Властите во опколениот украински пристанишен град Мариупол денеска соопштија дека руските сили грантирале театар во кој се засолнувале „стотици“ цивили. „Русија намерно го погоди Драмскиот театар, каде што се кријат стотици луѓе“, соопштија локалните власти на Мариупол на Телеграм.

The post Гранатиран театарот во Мариупол, се користел како скривница appeared first on Република.

]]>
Директорката на московскиот државен театар даде отказ поради Украина https://arhiva3.republika.mk/scena/film/direktorkata-na-moskovskiot-drzaven-teatar-dade-otkaz-poradi-ukraina/ Fri, 25 Feb 2022 17:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=463954

Елена Ковалскаја, актуелната директорка на Московскиот државен театар, реши да поднесе оставка поради ситуацијата во Украина. Таа во својата објава на Фејсбук индиректно „пука“ кон претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Пријатели, во знак на протест против руската инвазија на Украина, поднесувам оставка од функцијата директор на државниот театар. Невозможно е да се работи за убиец и да се зема плата од него. Работите што беа започнати ќе ги завршам, на доброволна основа – напиша Елена Ковалскаја.

The post Директорката на московскиот државен театар даде отказ поради Украина appeared first on Република.

Прилепскиот Народен театар ќе добие нов објект, во тек е подготовката на проектна документација https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prilepskiot-naroden-teatar-kje-dobie-nov-objekt-vo-tek-e-podgotovkata-na-proektna-dokumentacija/ Mon, 21 Feb 2022 14:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=461552

До крајот на јуни треба да биде готова проектната документација за изградбата на новиот театар којшто ќе биде во склоп на прилепскиот Дом на културата „Марко Цепенков", а надежта е до крајот на годинава да има тендер за изведувач, изјави в.д директорката на Центарот за култура, Јасмина Мицовска-Станкоска.

За оваа намена, од Министерството за култура одобрени се шест милиона денари.

Според Мицовска-Станковска, во тек е подготовката на документацијата, а потоа треба да се премине на практичниот дел за прилепскиот Народен театар да добие нов објект.

Се работи на проектно-техничката документација за да стигнеме до изградбата на нов театар, кој ќе биде во склопот на Домот на културата „Марко Цепенков". Потребна е реконструкција, доградба и надградба на Домот на културата што ќе обезбеди простор за новиот театар. Документацијата ќе биде готова до крајот на јуни. Веќе имаме шест милиона денари од Министерството за култура. Потоа е другата фаза, подготовката и почетокот на изградбата, што ќе ја опфати реконструкцијата на Домот на културата. Ова се први конкретни чекори за изградба на нов театар во Прилеп по повеќе од две децении. Засега не можеме да кажеме точен рок кога ќе биде готов новиот театар, рече Мицовска-Станкоска.

На денешната прес-конференција беше образложена годишната програма на културните активности, финансирани од Министерството за култура. На програмата се 40-тина настани од сите дејности. За ова и некои инвестициони зафати од Министерството, Центарот за култура доби 5,6 милиона денари и средствата се зголемени.

Според програмата ќе има четири премиерни претстави – „Дупло дно"во режија на Наташа Поплавска, „Хамлет"во режија на Бранко Брезовец, „Круг" во режија Јован Ристовски, „Мистеријата Буфо" во режија на Андреј Цветановски. Петтата премиера што е според ланската програма, претставата „Декамерон" во режија на Мартин Кочовски ќе биде во почетокот на март. Од музичката и музичко-сценската дејност се 10 концерти, од фолклорната во прогр амата се три концерти, 19 групни и самостојни изложби, а продолжува и издавањето на списанието за литература, култура и уметност „Стремеж". Од Министерството добивме повеќе средства со кои може да ги реализираме културните настани, посочи Мицовска-Станкоска.

Во Центарот за култура „Марко Цепенков" годинава ќе има и неколку инвестициони зафати, поточно ќе се санира хидрантската мрежа, ќе се постават подови во канцелариите и во ходникот, а предвидени се и набавки на аудиоопрема и штафелаи за галериската дејност.

The post Прилепскиот Народен театар ќе добие нов објект, во тек е подготовката на проектна документација appeared first on Република.

]]>

До крајот на јуни треба да биде готова проектната документација за изградбата на новиот театар којшто ќе биде во склоп на прилепскиот Дом на културата „Марко Цепенков", а надежта е до крајот на годинава да има тендер за изведувач, изјави в.д директорката на Центарот за култура, Јасмина Мицовска-Станкоска. За оваа намена, од Министерството за култура одобрени се шест милиона денари. Според Мицовска-Станковска, во тек е подготовката на документацијата, а потоа треба да се премине на практичниот дел за прилепскиот Народен театар да добие нов објект.