Театар Војдан Чернодрински Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teatar-vojdan-chernodrinski/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 16:03:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Театар Војдан Чернодрински Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teatar-vojdan-chernodrinski/ 32 32 Театарот „Војдан Чернодрински“ вечерва настапува на фестивал во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teatarot-vojdan-chernodrinski-vecherva-nastapuva-na-festival-vo-srbija/ Wed, 28 Aug 2024 15:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=810961

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Аудиција“ од Галин, во режија на Владимир Милчин, вечерва, 28 август, од 20 часот ќе се претстави во официјалната програма на 11-то издание на амбиенталниот театарски фестивал Нови Тврдина Театар, што до 2 септември се одржува во Чортановци, во близина на Нови Сад, Србија.

„Аудиција“ настапува во конкуренција на други пет претстави од регионот, а изведбата е во вила Станковиќ, која од неодамна е промовирана како нова амбиентална театарска сцена.

Според уметничкиот директор на фестивалот Вида Огњановиќ, темата на годинашниот фестивал, кој е под мотото„ Смета ли иднината на нас?“, се проблемите кои се случуваат денес, a претставите говорат за човечките проблеми.

Претставата „Аудиција“ во која играат Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски, зборува за копнежот по малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината.

The post Театарот „Војдан Чернодрински“ вечерва настапува на фестивал во Србија appeared first on Република.

]]>

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Аудиција“ од Галин, во режија на Владимир Милчин, вечерва, 28 август, од 20 часот ќе се претстави во официјалната програма на 11-то издание на амбиенталниот театарски фестивал Нови Тврдина Театар, што до 2 септември се одржува во Чортановци, во близина на Нови Сад, Србија. „Аудиција“ настапува во конкуренција на други пет претстави од регионот, а изведбата е во вила Станковиќ, која од неодамна е промовирана како нова амбиентална театарска сцена. Според уметничкиот директор на фестивалот Вида Огњановиќ, темата на годинашниот фестивал, кој е под мотото„ Смета ли иднината на нас?“, се проблемите кои се случуваат денес, a претставите говорат за човечките проблеми. Претставата „Аудиција“ во која играат Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски, зборува за копнежот по малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината.

The post Театарот „Војдан Чернодрински“ вечерва настапува на фестивал во Србија appeared first on Република.

]]>
„Аудиција” на театарот „Војдан Чернодрински” на фестивал во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/auditsija-na-teatarot-vojdan-chernodrinski-na-festival-vo-srbija/ Tue, 27 Aug 2024 07:03:31 +0000 https://republika.mk/?p=810423

Театарот „Војдан Чернодрински” на 28 август со претставата „Аудиција” во режија на Владимир Милчин, ќе учествува на 11. издание на амбиенталниот театарски фестивал „Нови тврдина театар”, во Чортановци, Србија.

Сценографијата е на Крсте С. Џидров, а костимографија – на Марија Пупучевска. Улогите ги толкуваат: Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски.

Преводот е на Сузана Киранџиска, а изборот на музиката на Ема Маркоска Милчин и Владимир Милчин.

Горчливата комедија „Аудиција“, напишана 2000 година зборува за копнежот по малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината. Мајсторски напишаната пиеса е со динамичен развој на дејствието полно со пресврти. Битката за подобар живот ги дроби и изобличува ликовите кои се фрлени да пливаат во казан во кој нема да потонат само оние кои ќе се откажат од човечноста.

 

The post „Аудиција” на театарот „Војдан Чернодрински” на фестивал во Србија appeared first on Република.

]]>

Театарот „Војдан Чернодрински” на 28 август со претставата „Аудиција” во режија на Владимир Милчин, ќе учествува на 11. издание на амбиенталниот театарски фестивал „Нови тврдина театар”, во Чортановци, Србија. Сценографијата е на Крсте С. Џидров, а костимографија – на Марија Пупучевска. Улогите ги толкуваат: Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски. Преводот е на Сузана Киранџиска, а изборот на музиката на Ема Маркоска Милчин и Владимир Милчин. Горчливата комедија „Аудиција“, напишана 2000 година зборува за копнежот по малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината. Мајсторски напишаната пиеса е со динамичен развој на дејствието полно со пресврти. Битката за подобар живот ги дроби и изобличува ликовите кои се фрлени да пливаат во казан во кој нема да потонат само оние кои ќе се откажат од човечноста.  

The post „Аудиција” на театарот „Војдан Чернодрински” на фестивал во Србија appeared first on Република.

]]>
За 74 годино од формирањето на театарот „Војдан Чернодрински“ се одиграни над 7.500 претстави кои ги гледале повеќе од 1,7 милиони луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/za-74-godino-od-formiraneto-na-teatarot-vojdan-chernodrinski-se-odigrani-nad-7-500-pretstavi-koi-gi-gledale-poveke-od-1-7-milioni-luge/ Fri, 16 Feb 2024 10:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=744770

Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ќе прослави 74 години од формирањето. Годишнината ќе биде одбележана со изведбата на најновата претстава „Стапица за глувци“ според текст на Агата Кристи, во режија на младиот и талентиран режисер Борис Василески, од 19.30 часот. Во претставата се говори за тоа дека секој мисли дека неговата перспектива е правилната, но што е, всушност, вистината?

Низ годините различните генерации на актери ределе премиери една по друга, имало и падови, но и успеси на театарот. Досега прикажни се околу 360 премиери, одиграни над 7.500 претстави кои ги гледале над 1, 7 милиони луѓе. Најгледаната и најиграна, изведена стопати, е „Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски, па потоа „Од кол на кол„ во режија на истиот режисер.

Голем успех театарот постигна и со претставите „Тапани во ноќта“, „Кавкаскиот круг со креда“, „Швејк…“ во режија на Мартин Кочовски, со „Силјан Штркот” според Цепенков, во режија на Бранко Ставрев, потоа „Кумови”, „Собирен центар”, „Туѓо сакаме свое не даваме”, „Колобан”, „Молам за секс”…. Белег во повеќедеценискот растеж на театарот дале и претставите „Спиро Црне” од Б.Р. Платнар во режија на Владимир Милчин, „Колобан” од Блаже Алексоски во режија на Љубиша Георгиески, „Арсениј” од Б.Р. Платнар, „Полковникот птица” од Христо Бојчев и „Опера за три гроша” од Брехт и двете во режија на Владо Цветановски.

Претстава која најмногу го сврте вниманието не само на македонската, туку и на балканската публика е „Тапани во ноќта” од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Не помалку наградувана е „Кавкаскиот круг со креда“ која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот ЕХ Понто во Љубљана, Словенија. Десетина награди има освоено на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Театарот во земјава го има приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори. Од 2004 година работи во состав на ЦК “Марко Цепенков.

 

The post За 74 годино од формирањето на театарот „Војдан Чернодрински“ се одиграни над 7.500 претстави кои ги гледале повеќе од 1,7 милиони луѓе appeared first on Република.

]]>

Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ќе прослави 74 години од формирањето. Годишнината ќе биде одбележана со изведбата на најновата претстава „Стапица за глувци“ според текст на Агата Кристи, во режија на младиот и талентиран режисер Борис Василески, од 19.30 часот. Во претставата се говори за тоа дека секој мисли дека неговата перспектива е правилната, но што е, всушност, вистината? Низ годините различните генерации на актери ределе премиери една по друга, имало и падови, но и успеси на театарот. Досега прикажни се околу 360 премиери, одиграни над 7.500 претстави кои ги гледале над 1, 7 милиони луѓе. Најгледаната и најиграна, изведена стопати, е „Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски, па потоа „Од кол на кол„ во режија на истиот режисер. Голем успех театарот постигна и со претставите „Тапани во ноќта“, „Кавкаскиот круг со креда“, „Швејк…“ во режија на Мартин Кочовски, со „Силјан Штркот” според Цепенков, во режија на Бранко Ставрев, потоа „Кумови”, „Собирен центар”, „Туѓо сакаме свое не даваме”, „Колобан”, „Молам за секс”…. Белег во повеќедеценискот растеж на театарот дале и претставите „Спиро Црне” од Б.Р. Платнар во режија на Владимир Милчин, „Колобан” од Блаже Алексоски во режија на Љубиша Георгиески, „Арсениј” од Б.Р. Платнар, „Полковникот птица” од Христо Бојчев и „Опера за три гроша” од Брехт и двете во режија на Владо Цветановски. Претстава која најмногу го сврте вниманието не само на македонската, туку и на балканската публика е „Тапани во ноќта” од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Не помалку наградувана е „Кавкаскиот круг со креда“ која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот ЕХ Понто во Љубљана, Словенија. Десетина награди има освоено на МТФ „Војдан Чернодрински“. Театарот во земјава го има приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори. Од 2004 година работи во состав на ЦК “Марко Цепенков.  

The post За 74 годино од формирањето на театарот „Војдан Чернодрински“ се одиграни над 7.500 претстави кои ги гледале повеќе од 1,7 милиони луѓе appeared first on Република.

]]>