Театар Пи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teatar-pi/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Nov 2023 07:55:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Театар Пи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teatar-pi/ 32 32 Изложба во „Мала станица“ во рамки на проектот „Ние, луѓето“ на Театар Пи https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-vo-mala-stanitsa-vo-ramki-na-proektot-nie-lugeto-na-teatar-pi/ Mon, 06 Nov 2023 07:55:49 +0000 https://republika.mk/?p=698619

Изложба на фотографии и инсталации во рамки на проектот „Ние, луѓето“ на Театар Пи, во кој се вклучени и лица со попреченост и атипичен развој, ќе биде отворена вечер во Национална галерија на Македонија - мала станица.

„Ние, луѓето“ е мултимедијален концепт со кој низ главно театарски, но и фотографски, сценографски, музички и психолошки работилници кои ги водат едукатори-професионалци во својата област, учесниците со типичен и атипичен развој поминуваат низ целосен процес на создавање на комплетно театарско дело, објаснуваат од Театар „Пи“.

Настанот е дел од кампањата за вклучување на лица со посебни потреби, како и лица со типичен и атипичен развој во културата, почната во јануари годинава, а ќе трае до мај следната година. Дел од изложбата е исто така големо платно со акрил кое што беше сликано за време за концертот од уметникот Тома Димовски и од малата и талентирана Кјара Нефовска. Темата е инспирација од писателот Јордан Радичков, идејата и концептот е на Златко Митрески и Македонка Илиевска, а проектот е финансиран со средства од Бугарска развојна помош.

The post Изложба во „Мала станица“ во рамки на проектот „Ние, луѓето“ на Театар Пи appeared first on Република.

]]>

Проект во кој се вклучени и лица со попреченост и атипичен развој: „Ние, луѓето“ – изложба на фотографии и концерт во Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proekt-vo-koj-se-vklucheni-i-litsa-so-poprechenost-i-atipichen-razvoj-nie-lugeto-izlozhba-na-fotografii-i-kontsert-vo-gorche-petrov/ Sat, 04 Nov 2023 08:04:51 +0000 https://republika.mk/?p=698015

Изложба на фотографии и концерт, во рамки на проектот „Ние, луѓето“ на Театар Пи, во кој се вклучени и лица со попреченост и атипичен развој, ќе се одржи вечерва во Центарот за култура во Ѓорче Петров, со почеток од 19 часот.

„Ние, луѓето“ е мултимедијален концепт со кој низ главно театарски, но и фотографски, сценографски, музички и психолошки работилници кои ги водат едукатори-професионалци во својата област, учесниците со типичен и атипичен развој ќе поминат низ целосен процес на создавање на комплетно театарско дело, објаснуваат од Театар „Пи“.

Оттаму додаваат дека настанот е дел од кампањата за вклучување на лица со посебни потреби како и лица со типичен и атипичен развој во културата, почната во јануари годинава, а ќе трае до мај следната година.

По изложувањето во Центарот за култура во Ѓорче Петров, изложбата од 6 до 11 ноември се префрла во „Мала станица“.

Во мај 2024 ќе имаат премиера на истоимената театарска претстава. Темата е инспирација од писателот Јордан Радичков, а проектот е финансиран со средства од Бугарска развојна помош, известуваат од Театар „Пи“.

Театар „Пи“ е создаден пред 13 години и единствениот на Балканот кој континуирано работи со лица со интелектуална попреченост и лица со типичен развој. Тој е основан и предводен од актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска.

The post Проект во кој се вклучени и лица со попреченост и атипичен развој: „Ние, луѓето“ – изложба на фотографии и концерт во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>

Изложба на фотографии и концерт, во рамки на проектот „Ние, луѓето“ на Театар Пи, во кој се вклучени и лица со попреченост и атипичен развој, ќе се одржи вечерва во Центарот за култура во Ѓорче Петров, со почеток од 19 часот.
„Ние, луѓето“ е мултимедијален концепт со кој низ главно театарски, но и фотографски, сценографски, музички и психолошки работилници кои ги водат едукатори-професионалци во својата област, учесниците со типичен и атипичен развој ќе поминат низ целосен процес на создавање на комплетно театарско дело, објаснуваат од Театар „Пи“.
Оттаму додаваат дека настанот е дел од кампањата за вклучување на лица со посебни потреби како и лица со типичен и атипичен развој во културата, почната во јануари годинава, а ќе трае до мај следната година. По изложувањето во Центарот за култура во Ѓорче Петров, изложбата од 6 до 11 ноември се префрла во „Мала станица“.
Во мај 2024 ќе имаат премиера на истоимената театарска претстава. Темата е инспирација од писателот Јордан Радичков, а проектот е финансиран со средства од Бугарска развојна помош, известуваат од Театар „Пи“.
Театар „Пи“ е создаден пред 13 години и единствениот на Балканот кој континуирано работи со лица со интелектуална попреченост и лица со типичен развој. Тој е основан и предводен од актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска.

The post Проект во кој се вклучени и лица со попреченост и атипичен развој: „Ние, луѓето“ – изложба на фотографии и концерт во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>
Златко Митрески и Македонка Илиевска со Театар „Пи“ освоија две награди на ФАТ 2022 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlatko-mitreski-i-makedonka-ilievska-so-teatar-pi-osvoija-dve-nagradi-na-fat-2022/ Tue, 20 Dec 2022 07:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=587860

Театарот „Пи“ од Скопје, предводен од актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска, од 16 до 18 декември 2022 година гостуваше на Софискиот фестивал на авторски театар – ФАТ 2022. Со претставата „Ништо не е страшно“ освоија две награди на фестивалот, награда за најдобра режија за Златко Митрески и Македонка Илиевска, а втората за синергија за актерска игра за истата претстава.

Во претставата учествуваат лица со интелектуална попреченост од ЦПЛИП Порака Скопје.

Како што информираат од Театарот „Пи“, на фестивалот имале голема конкуренција на професионални театри, како „Сатиричниот театар Софија“ , Театар 199, VOX POPULI, Театар „Драмеди“ и други.

ФАТ е еден од најавтентичните фестивали за авторски театар на Балканов, кој се одржува во Регионалниот центар за современа уметност „Топлоцентрала“ во Софија и е во организација на здружение „Творци“ и Театар „Драмеди“.

На фестивалот актерот Златко Митрески оддржа театарски работилници за методот и начинот на создавање на авторски театар, како и проекција на документарниот филм на Театар Пи „Прозорците што се смеат“.

Гостувањето на „Театар Пи“ се оддржа благодарение на организаторите на ФАТ 2022, КИЦ на РСМ и Сашко Насев, Адора инженеринг од Скопје и претставништво на „Витаминка” од Прилеп во Софија, градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојковски.

The post Златко Митрески и Македонка Илиевска со Театар „Пи“ освоија две награди на ФАТ 2022 appeared first on Република.

]]>

Театарот „Пи“ од Скопје, предводен од актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска, од 16 до 18 декември 2022 година гостуваше на Софискиот фестивал на авторски театар – ФАТ 2022. Со претставата „Ништо не е страшно“ освоија две награди на фестивалот, награда за најдобра режија за Златко Митрески и Македонка Илиевска, а втората за синергија за актерска игра за истата претстава. Во претставата учествуваат лица со интелектуална попреченост од ЦПЛИП Порака Скопје. Како што информираат од Театарот „Пи“, на фестивалот имале голема конкуренција на професионални театри, како „Сатиричниот театар Софија“ , Театар 199, VOX POPULI, Театар „Драмеди“ и други. ФАТ е еден од најавтентичните фестивали за авторски театар на Балканов, кој се одржува во Регионалниот центар за современа уметност „Топлоцентрала“ во Софија и е во организација на здружение „Творци“ и Театар „Драмеди“. На фестивалот актерот Златко Митрески оддржа театарски работилници за методот и начинот на создавање на авторски театар, како и проекција на документарниот филм на Театар Пи „Прозорците што се смеат“. Гостувањето на „Театар Пи“ се оддржа благодарение на организаторите на ФАТ 2022, КИЦ на РСМ и Сашко Насев, Адора инженеринг од Скопје и претставништво на „Витаминка” од Прилеп во Софија, градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојковски.  

The post Златко Митрески и Македонка Илиевска со Театар „Пи“ освоија две награди на ФАТ 2022 appeared first on Република.

]]>