Театар Охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teatar-ohrid/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Feb 2023 09:04:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Театар Охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/teatar-ohrid/ 32 32 Народен театар Охрид ја започнува новата сезона со „Енергични луѓе“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-teatar-ohrid-ja-zapochnuva-novata-sezona-so-energichni-luge/ Wed, 15 Feb 2023 09:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=609186

Со претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, Народен театар Охрид ја започнува новата сезона. Претставата ќе биде изведена во сабота на 18 февруари со почеток во 20.00 часот.

Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.

Во претставата играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.

Картите по цена од 200 денари може да се купат на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, како и да се резервираат на боревите 046/261-063 и 075/283-066.

The post Народен театар Охрид ја започнува новата сезона со „Енергични луѓе“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, Народен театар Охрид ја започнува новата сезона. Претставата ќе биде изведена во сабота на 18 февруари со почеток во 20.00 часот. Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни. Во претставата играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ. Картите по цена од 200 денари може да се купат на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, како и да се резервираат на боревите 046/261-063 и 075/283-066.

The post Народен театар Охрид ја започнува новата сезона со „Енергични луѓе“ appeared first on Република.

]]>
Народниот театар од Охрид ја подготвува „Секс, лаги и љубомора“, а премиерата е планирана на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/narodniot-teatar-od-ohrid-ja-podgotvuva-seks-lagi-i-ljubomora-a-premierata-e-planirana-na-ohridsko-leto/ Thu, 02 Jun 2022 07:52:05 +0000 https://republika.mk/?p=510021

Народниот театар од Охрид  започна со  подготовка на нова претстава, чија премиера е планирана на фестивалот "Охридско лето". Станува збор за  претставата „Секс, лаги и љубомора", текст на Марк Камолети, режијаа Коле Ангеловски, а гостин актер е Марија Новак. Играат и актерите од домашниот ансамбл: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска, Адријана Билaловиќ Тодороска и Биљана Билаловиќ Вељаноска.

Авторот Марк Камолети, го  третираат како легитимен наследник на Фејдо, совршено ја владее структурата на комедијата на ситуации. Станува збор за престава која ја елаборира љубовта, прељубата, вербата и надежта на два современи брачни пара преку емоционална вртелешка со интриги, замена на идентитет, професионално успешни а емоционално незрели со многу проблеми.

Текстот напишан во шеесетите години од минатиот век и денеска живее не само на сцената туку го живее и секојдневието. Несуден диригент на оваа лакрдија е куќната помошничка, која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа. Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта. За ведрата страна на животот, за оние мали искри во секој од нас, кои го стартуваат „joie de vivre”.

The post Народниот театар од Охрид ја подготвува „Секс, лаги и љубомора“, а премиерата е планирана на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Народниот театар од Охрид  започна со  подготовка на нова претстава, чија премиера е планирана на фестивалот "Охридско лето". Станува збор за  претставата „Секс, лаги и љубомора", текст на Марк Камолети, режијаа Коле Ангеловски, а гостин актер е Марија Новак. Играат и актерите од домашниот ансамбл: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска, Адријана Билaловиќ Тодороска и Биљана Билаловиќ Вељаноска.
Авторот Марк Камолети, го  третираат како легитимен наследник на Фејдо, совршено ја владее структурата на комедијата на ситуации. Станува збор за престава која ја елаборира љубовта, прељубата, вербата и надежта на два современи брачни пара преку емоционална вртелешка со интриги, замена на идентитет, професионално успешни а емоционално незрели со многу проблеми. Текстот напишан во шеесетите години од минатиот век и денеска живее не само на сцената туку го живее и секојдневието. Несуден диригент на оваа лакрдија е куќната помошничка, која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа. Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта. За ведрата страна на животот, за оние мали искри во секој од нас, кои го стартуваат „joie de vivre”.

The post Народниот театар од Охрид ја подготвува „Секс, лаги и љубомора“, а премиерата е планирана на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>