Теа Беговска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tea-begovska/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Jun 2022 15:14:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Теа Беговска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tea-begovska/ 32 32 Вечерва во Драмски премиера на „Вернисаж“ од Вацлав Хавел, во режија на Теа Беговска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-vo-dramski-premiera-na-vernisaz-od-vaclav-havel-vo-rezija-na-tea-begovska/ Wed, 15 Jun 2022 15:14:07 +0000 https://republika.mk/?p=515627

На малата сцена на Драмски театар-Скопје вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Вернисаж“ од Вацлав Хавел, во режија на Теа Беговска.

Што е слободниот човек денес и дали тој воопшто постои е темата на „Вернисаж”. Беговска, која првпат режира во Драмски театар, вели дека била мотивирана од тоа што темата е актуелна и денес, иако чешкиот драматург, дисидент и политичар Хавел текстот го напишал во 1973 година.

Раскажува за луѓето жртви на доброобмислен општествен систем, конвенционален свет во кој дури и среќата и љубовта, вели режисерката, се на некој начин организирани и однапред испланирани.

„Вернисаж“ – што значи „откривање“, е смешен коментар на маргинализираниот човек. Тоа е откривање на нашето вистинско лице, откривање на вистинската слика на општеството и на вистинската слика на системот, рече Беговска на прес-конференција во понеделникот.

По денешната премиера, утре ќе има и репризната изведба на „Вернисаж“.

Во претставата играат актерите Роберт Вељановски, Гордана Ендровска и Предраг Павловски. Преводот на текстот е на Никола Маџиров. Сценограф е Енес Деари, костимограф Раде Василев, композитор Енес Беговски, автор на визуализација и анимации – Милчо Узунов.

 

The post Вечерва во Драмски премиера на „Вернисаж“ од Вацлав Хавел, во режија на Теа Беговска appeared first on Република.

]]>

На малата сцена на Драмски театар-Скопје вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Вернисаж“ од Вацлав Хавел, во режија на Теа Беговска. Што е слободниот човек денес и дали тој воопшто постои е темата на „Вернисаж”. Беговска, која првпат режира во Драмски театар, вели дека била мотивирана од тоа што темата е актуелна и денес, иако чешкиот драматург, дисидент и политичар Хавел текстот го напишал во 1973 година. Раскажува за луѓето жртви на доброобмислен општествен систем, конвенционален свет во кој дури и среќата и љубовта, вели режисерката, се на некој начин организирани и однапред испланирани.
„Вернисаж“ – што значи „откривање“, е смешен коментар на маргинализираниот човек. Тоа е откривање на нашето вистинско лице, откривање на вистинската слика на општеството и на вистинската слика на системот, рече Беговска на прес-конференција во понеделникот.
По денешната премиера, утре ќе има и репризната изведба на „Вернисаж“. Во претставата играат актерите Роберт Вељановски, Гордана Ендровска и Предраг Павловски. Преводот на текстот е на Никола Маџиров. Сценограф е Енес Деари, костимограф Раде Василев, композитор Енес Беговски, автор на визуализација и анимации – Милчо Узунов.  

The post Вечерва во Драмски премиера на „Вернисаж“ од Вацлав Хавел, во режија на Теа Беговска appeared first on Република.

]]>