ТЕ-ТО Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/te-to/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Sep 2023 06:05:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ТЕ-ТО Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/te-to/ 32 32 Бислимоски: Aко немаме функционално ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовна катастрофа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-ako-nemame-funktsionalno-te-to-ke-ni-se-sluchi-tsenovna-katastrofa/ Sat, 16 Sep 2023 06:45:08 +0000 https://republika.mk/?p=682323

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) нема да носи одлука за цената на топлинската енергија во Скопје се додека не бидеме сигурни дека ТЕ-ТО ќе работи и ќе биде ставено на мрежа. Ако ТЕ-ТО оваа година го немаме функционално на мрежа ќе ни се случи ценовна  катастрофа, а тоа не ни е на крај на памет да го дозволиме. Додека не се знае дека ќе можеме да ги искористиме придобивките од ТЕ-ТО нема да имаме одлука, истакна претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во разговор за МИА.

Топлинската енергија од ТЕ-ТО, како што рече, е многу битна бидејќи во 2022 година таа беше три пати поевтина од цената што ја имаа топланите во Градот Скопје.

Технолошкиот процес во когенеративните постројки овозможува да има производство на топлинска енергија со пониска цена и тоа ќе го искористиме до максимум. За да го направиме тоа сериозен проблем ни е топловодот кој поминуваше на мостот „Беласица“ и кој беше оштетен од пожарот што го зафати мостот. Не сакам да навлегувам кој е надлежен - дали Град Скопје или ЕСМ, но верувам дека Градот Скопје и ЕСМ ќе преземат се за да се санира топловодот и да ја добиеме таа топлинска енергија од ТЕ-ТО. Топловодот ќе ни помогне топлината од когенеративната електрана да дојде во другиот дел на Скопје, бидејќи има други пумпни станици кои овозможуваат оваа топлина да дојде и до општина Карпош. Додека не добиеме јасна сигурност дека ТЕ-ТО ќе работи и дека ќе ја добиваме топлината од ТЕ-ТО ние нема да донесеме одлука за цената на топлинската енергија, бидејќи не можеме да го префрлиме товарот кај потрошувачите за работа која може да се среди за две недели и за помалку, рече Бислимоски.

Посочи дека е вообичаено Град Скопје да каже дека е се во ред  со мостот „Беласица“ и да им даде дозвола  на ЕСМ Дистрибуција да ги постави новите цевки на топловодот под мостот.

Ова е пресериозна работа за да се чека да се изврши, порача Бислимоски.

Цената на топлинската енергија од ТЕ-ТО три пати пониска од цената на топланите

Цената на ТЕ-ТО е три пати пониска од цената на топланите во Скопје кои се во добра кондиција, но таков им е работниот процес и коефициентот на полезно дејство и е 33 до 34 проценти за разлика од ТЕ-ТО кое кога произведува и топлинска енергија има коефициент на полезно дејство и до 90 проценти, вели Бислимоски.

Токму тоа е придобивката од когенеративната  електрана и срамота е да не ја користиме имајќи таква централа во Скопје. Ако не ја користиме цената на парното греење ќе треба да се зголеми за 100 проценти, бидејќи трошокот за гас е најголем во производството на топлинска енергија, посочи Бислимоски.

Таков луксуз, додаде, не можеме да си дозволиме, бидејќи сите потрошувачи ќе се исклучат од системот за централно греење.

Тоа не смее да се дозволи зашто потрошувачката на топлинска енергија во Скопје е битна за цела Македонија. Скопје е проектирано во делот на дистрибутивна мрежа дека најголем дел од зградите во Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром и дел во Гази Баба, како и мал дел во Чаир да се греат на топлинска енергија. Ако не се греат на топлинска енергија ќе ни се запалат трафостаниците, зашто енормно ќе се зголеми потрошувачката на електрична енергија. Затоа до моментот додека не сме сигурни дека топловодот ќе биде ставен во функција ние нема да ја донесеме одлуката и ќе останат постојните цени. Уште еден момент е заемот што го даде Владата од 6 милиони евра во јануари 2022 година. Тие средства треба да се вратат, но не може тоа да оди само на товар на потрошувачите, прецизира Бислимоски.

Потребна е нова методолгија за цената на парното во Скопје

Со новата одлука за цената на парното греење во Скопје РКЕ треба да реши неколку работи кои се исклучително комплицирани и затоа е потребна нова методологија и нов концепт за цената по која ќе продава ТЕ-ТО, порачува Бислимоски.

Сакаме максимално да ја искористиме когенеративната електрана ТЕ-ТО, бидејќи токму тоа е идејата на когенеративната постројка. Сега ТЕ-ТО е компанија која нема никаква сопственичка поврзаност со новите компании кои стопанисуваат со парното греење во Скопје и затоа ни е потребна нова методологија и нов концепт по која цена ТЕ-ТО ќе продава на операторот на системот за дистрибуција – ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, рече Бислимоски.

Појасни дека ТЕ-ТО кога дава топлинска енергија намалува производство на електрична енергија и затоа новата методологија треба да овозможи трошоците за топлинска енергија на граѓаните да се одржат на соодветно ниво, а во исто време да се овозможи ТЕ-ТО да продава електрична енергија на пазарот на електрична енергија.

Во текот на 2022 година се сменија носителите на лиценците, а процесот продолжи и заврши во 2023 година. Со одлуката треба да направиме јасна слика до каде е БЕГ, колку пари треба да даде или да земе, а колку трошоци да им се признаваат на компаниите кои произлегоа од ЕСМ. Дополнително, треба да определиме цени на компании – ЕСМ Производство на топлинска енергија, ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија и ЕСМ Снабдување со топлинска енергија за кои немаме никаква историја. Поради тоа прво го менуваме правилникот и регулираниот период во делот на трошоци, амортизација и поврат на капитал што беше три години го враќаме назад на една година за да бидеме попрецизни и да видиме како се снаоѓаат новоформираните компании кои добија нови лиценци, појасни Бислимоски.

Сериозен проблем, додаде, ни претставува и  инфлацијата поради која се зголеми и цената на многу материјали како што се металите и останатите берзански производи кои се користат за одржување не само во делот на топлинската енергија, туку и кај електричната енергија.

Во моментов цената на природниот гас е околу 34 до 35 евра за мегават час и е пониска од цената што беше во изминатата грејна сезона кога се  движеше од 80 до 120 евра. Сепак, се уште не е на нивото кое беше претходно, рече Бислимоски.

Вообичаено РКЕ одуката за цената на топлинската енергија во Скопје ја носи во август.

Извор: МИА

The post Бислимоски: Aко немаме функционално ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовна катастрофа appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) нема да носи одлука за цената на топлинската енергија во Скопје се додека не бидеме сигурни дека ТЕ-ТО ќе работи и ќе биде ставено на мрежа. Ако ТЕ-ТО оваа година го немаме функционално на мрежа ќе ни се случи ценовна  катастрофа, а тоа не ни е на крај на памет да го дозволиме. Додека не се знае дека ќе можеме да ги искористиме придобивките од ТЕ-ТО нема да имаме одлука, истакна претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во разговор за МИА. Топлинската енергија од ТЕ-ТО, како што рече, е многу битна бидејќи во 2022 година таа беше три пати поевтина од цената што ја имаа топланите во Градот Скопје.
Технолошкиот процес во когенеративните постројки овозможува да има производство на топлинска енергија со пониска цена и тоа ќе го искористиме до максимум. За да го направиме тоа сериозен проблем ни е топловодот кој поминуваше на мостот „Беласица“ и кој беше оштетен од пожарот што го зафати мостот. Не сакам да навлегувам кој е надлежен - дали Град Скопје или ЕСМ, но верувам дека Градот Скопје и ЕСМ ќе преземат се за да се санира топловодот и да ја добиеме таа топлинска енергија од ТЕ-ТО. Топловодот ќе ни помогне топлината од когенеративната електрана да дојде во другиот дел на Скопје, бидејќи има други пумпни станици кои овозможуваат оваа топлина да дојде и до општина Карпош. Додека не добиеме јасна сигурност дека ТЕ-ТО ќе работи и дека ќе ја добиваме топлината од ТЕ-ТО ние нема да донесеме одлука за цената на топлинската енергија, бидејќи не можеме да го префрлиме товарот кај потрошувачите за работа која може да се среди за две недели и за помалку, рече Бислимоски.
Посочи дека е вообичаено Град Скопје да каже дека е се во ред  со мостот „Беласица“ и да им даде дозвола  на ЕСМ Дистрибуција да ги постави новите цевки на топловодот под мостот.
Ова е пресериозна работа за да се чека да се изврши, порача Бислимоски.

Цената на топлинската енергија од ТЕ-ТО три пати пониска од цената на топланите

Цената на ТЕ-ТО е три пати пониска од цената на топланите во Скопје кои се во добра кондиција, но таков им е работниот процес и коефициентот на полезно дејство и е 33 до 34 проценти за разлика од ТЕ-ТО кое кога произведува и топлинска енергија има коефициент на полезно дејство и до 90 проценти, вели Бислимоски.
Токму тоа е придобивката од когенеративната  електрана и срамота е да не ја користиме имајќи таква централа во Скопје. Ако не ја користиме цената на парното греење ќе треба да се зголеми за 100 проценти, бидејќи трошокот за гас е најголем во производството на топлинска енергија, посочи Бислимоски.
Таков луксуз, додаде, не можеме да си дозволиме, бидејќи сите потрошувачи ќе се исклучат од системот за централно греење.
Тоа не смее да се дозволи зашто потрошувачката на топлинска енергија во Скопје е битна за цела Македонија. Скопје е проектирано во делот на дистрибутивна мрежа дека најголем дел од зградите во Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром и дел во Гази Баба, како и мал дел во Чаир да се греат на топлинска енергија. Ако не се греат на топлинска енергија ќе ни се запалат трафостаниците, зашто енормно ќе се зголеми потрошувачката на електрична енергија. Затоа до моментот додека не сме сигурни дека топловодот ќе биде ставен во функција ние нема да ја донесеме одлуката и ќе останат постојните цени. Уште еден момент е заемот што го даде Владата од 6 милиони евра во јануари 2022 година. Тие средства треба да се вратат, но не може тоа да оди само на товар на потрошувачите, прецизира Бислимоски.

Потребна е нова методолгија за цената на парното во Скопје

Со новата одлука за цената на парното греење во Скопје РКЕ треба да реши неколку работи кои се исклучително комплицирани и затоа е потребна нова методологија и нов концепт за цената по која ќе продава ТЕ-ТО, порачува Бислимоски.
Сакаме максимално да ја искористиме когенеративната електрана ТЕ-ТО, бидејќи токму тоа е идејата на когенеративната постројка. Сега ТЕ-ТО е компанија која нема никаква сопственичка поврзаност со новите компании кои стопанисуваат со парното греење во Скопје и затоа ни е потребна нова методологија и нов концепт по која цена ТЕ-ТО ќе продава на операторот на системот за дистрибуција – ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, рече Бислимоски.
Појасни дека ТЕ-ТО кога дава топлинска енергија намалува производство на електрична енергија и затоа новата методологија треба да овозможи трошоците за топлинска енергија на граѓаните да се одржат на соодветно ниво, а во исто време да се овозможи ТЕ-ТО да продава електрична енергија на пазарот на електрична енергија.
Во текот на 2022 година се сменија носителите на лиценците, а процесот продолжи и заврши во 2023 година. Со одлуката треба да направиме јасна слика до каде е БЕГ, колку пари треба да даде или да земе, а колку трошоци да им се признаваат на компаниите кои произлегоа од ЕСМ. Дополнително, треба да определиме цени на компании – ЕСМ Производство на топлинска енергија, ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија и ЕСМ Снабдување со топлинска енергија за кои немаме никаква историја. Поради тоа прво го менуваме правилникот и регулираниот период во делот на трошоци, амортизација и поврат на капитал што беше три години го враќаме назад на една година за да бидеме попрецизни и да видиме како се снаоѓаат новоформираните компании кои добија нови лиценци, појасни Бислимоски.
Сериозен проблем, додаде, ни претставува и  инфлацијата поради која се зголеми и цената на многу материјали како што се металите и останатите берзански производи кои се користат за одржување не само во делот на топлинската енергија, туку и кај електричната енергија.
Во моментов цената на природниот гас е околу 34 до 35 евра за мегават час и е пониска од цената што беше во изминатата грејна сезона кога се  движеше од 80 до 120 евра. Сепак, се уште не е на нивото кое беше претходно, рече Бислимоски.
Вообичаено РКЕ одуката за цената на топлинската енергија во Скопје ја носи во август. Извор: МИА

The post Бислимоски: Aко немаме функционално ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовна катастрофа appeared first on Република.

]]>
Од 1 ноември ќе работи ТЕ-ТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-1-noemvri-kje-raboti-te-to/ Thu, 27 Oct 2022 08:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=566198

Од 1 ноември ќе работи когенеративната термоелектрана ТЕ-ТО, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што рече Бектеши по средбата со претставници на прехранбената индустрија, топлинска енергија ќе има.

The post Од 1 ноември ќе работи ТЕ-ТО appeared first on Република.

]]>

Од 1 ноември ќе работи когенеративната термоелектрана ТЕ-ТО, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Бектеши по средбата со претставници на прехранбената индустрија, топлинска енергија ќе има.

The post Од 1 ноември ќе работи ТЕ-ТО appeared first on Република.

]]>
ЕСМ бара доволни количини гас за вклучување во режим на работа и на приватната гасна централа ТЕ-ТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-bara-dovolni-kolichini-gas-za-vkluchuvanje-vo-rezim-na-rabota-i-na-privatnata-gasna-centrala-te-to/ Sat, 22 Oct 2022 06:28:14 +0000 https://republika.mk/?p=564195

Имаме потреба од природен гас кој ќе биде со пониска цена што ќе биде прифатлива за производство на топлинска и на електрична енергија без разлика од каде доаѓа - порача генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој посочи дека најголем дел од природниот гас што се уште се испорачува во Европа доаѓа од Русија. Ковачевски потенцира дека како држава, сме ограничени само на еден извор на гас - од Русија преку интерконекторот со Бугарија. како што кажа, во моментов се прават напори да се ослободат дополнителни количини во гасоводот со Бугарија, за што е потпишан договор, преку кои ќе се обезбедат доволни количини, но и конкурентност во делот на испораката на природен гас.

ЕСМ ги очекува понудите за обезбедување на природен гас за топланите Исток и Запад кои веќе ги имаме во закуп и евентуално Скопје Север доколку склучиме договор, но исто така бараме и предвидени количини за вклучување во режим на работа на приватната гасна централа ТЕ-ТО - изјави Ковачевски во емисијата Трилинг на ТВ 24.

Тој додаде дека вкупните количини што се бараат за шест месеци, односно од 1 ноември до 30 април се околу 225 милиони нормални кубни метри природен гас кои, како што кажа, се доволни за производство на топлинска и на електрична енергија, односно се доволни за работа и на топланите и на ТЕ-ТО.

Ковачевски вети дека понудите ќе бидат објавени јавно веднаш откако ќе стигнат при што ќе се направи споредба на моменталните цени на берзата со понудените цени.

Претходно донесовме одлука да набавиме природен гас само за првите 15 дена од грејната сезона затоа што цените во октомври веќе имаа надолна линија на берзите. Доколку склучевме договор пред месец дена или порано цените беа двојно или тројно повисоки од сегашните со што ќе направевме штетен договор и ќе го оштетевме буџетот на државата и на компанијата за повеќе милиони евра - посочи Ковачевски.

Тој додаде дека ЕСМ ќе се вклучи и во делот на обезбедување на поевтина електрична енергија за бизнис секторот.

Во текот на наредната недела ќе доставиме информација до Влада да може да се стави во функција домашниот капацитет ТЕ-ТО и да обезбедиме природен гас за негова работа. Токму затоа ги правиме сите напори да се обезбедат квалитетни понуди на природен гас со доволни количини и ниска цена за да може преку ТЕ-ТО да ги обезбедиме количините кои се потребни. Како компанија имаме обврска да испорачаме 100 проценти кон универзалниот снабдувач ЕВН хоум и да ги снабдиме техничките загуби во системот на ЕВН дистрибуција и во преносниот систем на МЕПСО.

Презедовме обврска да ги снабдуваме и здравствените институции, училиштата, градинките, дел од јавните институции. Со вклучувањето на ТЕ-ТО и ТЕЦ Неготино преземаме обврска да се обезбедат и дополнителни количини на електрична енергија кои по некоја стабилна и разумна цена треба да им се понудат на стопанството и на бизнис секторот кои се на отворениот пазар за колку - толку да се ублажи ценовниот удар на нивните производи или услуги во делот на електричната енергија - прецизира Ковачевски.

Тој нагласи дека смета оти најголемиот капаците во земјава за производство на електрична енергија, РЕК Битола, е подготвен да го издржи товарот на енергетската криза во текот на грејната сезона.

The post ЕСМ бара доволни количини гас за вклучување во режим на работа и на приватната гасна централа ТЕ-ТО appeared first on Република.

]]>

Имаме потреба од природен гас кој ќе биде со пониска цена што ќе биде прифатлива за производство на топлинска и на електрична енергија без разлика од каде доаѓа - порача генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Тој посочи дека најголем дел од природниот гас што се уште се испорачува во Европа доаѓа од Русија. Ковачевски потенцира дека како држава, сме ограничени само на еден извор на гас - од Русија преку интерконекторот со Бугарија. како што кажа, во моментов се прават напори да се ослободат дополнителни количини во гасоводот со Бугарија, за што е потпишан договор, преку кои ќе се обезбедат доволни количини, но и конкурентност во делот на испораката на природен гас.
ЕСМ ги очекува понудите за обезбедување на природен гас за топланите Исток и Запад кои веќе ги имаме во закуп и евентуално Скопје Север доколку склучиме договор, но исто така бараме и предвидени количини за вклучување во режим на работа на приватната гасна централа ТЕ-ТО - изјави Ковачевски во емисијата Трилинг на ТВ 24.
Тој додаде дека вкупните количини што се бараат за шест месеци, односно од 1 ноември до 30 април се околу 225 милиони нормални кубни метри природен гас кои, како што кажа, се доволни за производство на топлинска и на електрична енергија, односно се доволни за работа и на топланите и на ТЕ-ТО. Ковачевски вети дека понудите ќе бидат објавени јавно веднаш откако ќе стигнат при што ќе се направи споредба на моменталните цени на берзата со понудените цени.
Претходно донесовме одлука да набавиме природен гас само за првите 15 дена од грејната сезона затоа што цените во октомври веќе имаа надолна линија на берзите. Доколку склучевме договор пред месец дена или порано цените беа двојно или тројно повисоки од сегашните со што ќе направевме штетен договор и ќе го оштетевме буџетот на државата и на компанијата за повеќе милиони евра - посочи Ковачевски.
Тој додаде дека ЕСМ ќе се вклучи и во делот на обезбедување на поевтина електрична енергија за бизнис секторот.
Во текот на наредната недела ќе доставиме информација до Влада да може да се стави во функција домашниот капацитет ТЕ-ТО и да обезбедиме природен гас за негова работа. Токму затоа ги правиме сите напори да се обезбедат квалитетни понуди на природен гас со доволни количини и ниска цена за да може преку ТЕ-ТО да ги обезбедиме количините кои се потребни. Како компанија имаме обврска да испорачаме 100 проценти кон универзалниот снабдувач ЕВН хоум и да ги снабдиме техничките загуби во системот на ЕВН дистрибуција и во преносниот систем на МЕПСО.   Презедовме обврска да ги снабдуваме и здравствените институции, училиштата, градинките, дел од јавните институции. Со вклучувањето на ТЕ-ТО и ТЕЦ Неготино преземаме обврска да се обезбедат и дополнителни количини на електрична енергија кои по некоја стабилна и разумна цена треба да им се понудат на стопанството и на бизнис секторот кои се на отворениот пазар за колку - толку да се ублажи ценовниот удар на нивните производи или услуги во делот на електричната енергија - прецизира Ковачевски.
Тој нагласи дека смета оти најголемиот капаците во земјава за производство на електрична енергија, РЕК Битола, е подготвен да го издржи товарот на енергетската криза во текот на грејната сезона.

The post ЕСМ бара доволни количини гас за вклучување во режим на работа и на приватната гасна централа ТЕ-ТО appeared first on Република.

]]>
Скопје ќе има парно без разлика дали ќе работи ТЕ-ТО или не, тврди Бектеши https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/skopje-kje-ima-parno-bez-razlika-dali-kje-raboti-te-to-ili-ne-tvrdi-bekteshi/ Mon, 10 Oct 2022 12:13:00 +0000 https://republika.mk/?p=559452

Топлинска енергија од 15 октомври ќе има за сите потрошувачи во град Скопје без разлика дали ќе работи или нема да работи когенеративната електрана ТЕ-ТО, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Ако не работи ТЕ-ТО во делот на производство на електрична енергија со чиј нус производ се обезбедуваат 60 до 70 отсто од производството на топлинска енергија за градот Скопје топланите Исток и Запад со набавката на гас ќе ја покријат целата потрошувачка во делот на топлинска енергија која ја има во градот Скопје. Ако работи ТЕ-ТО топланите Исток и Запад ќе работат со помал интензитет, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање по официјалното пуштање во употреба на соларната електрана на ГЕНИ со капацитет од 17 мегавати лоцирана во светиниколско Амзабегово.

Нагласи дека со моменталните цени на електричната енергија на регионалната берза ХУПЕКС на компаниите кои се на слободниот пазар им е поевтино да набават струја од увоз отколку да ја произведе ТЕ-ТО.

Ако ја земеме во предвид моменталната цена на природниот гас од 1500 евра за 1000 нормални кубни метри, цената на производство на електрична енергија од ТЕ-ТО ќе биде околу 280 евра по мегават час. Цената, пак, на берзата на ХУПЕКС моментално е 200 евра за мегават час што значи дека на компаниите на слободниот пазар им е подобро да увезат струја отколку да ја преработи ТЕ-ТО, прецизира Бектеши.

Посочи дека јавно ги повикал одговорните во топланата Скопје Север, која е во стечајна постапка, да се обратат до ЕСМ за набавкана природен гас.

Ако имаат законска можност можат директно да се обратат и до Макпетрол за набавка на гас, рече Бектеши.

Нагласи дека како одговорна Влада до Собранието веќе доставиле измени на Законот за стокови резерви со цел да се обезбедат алтернативни енергенси доколку има проблеми во снабдувањето со гас поради последните настани во војната во Украина.

Со Република Бугарија имаме договор да не се затвораат прекуграничните капацитети за електрична енергија што е многу важно за стабилноста на електроенергетскиот систем во нашата држава. Голема работа заврши и премиерот Димитар Ковачевски со бугарскиот претседател Румен Радев со која е договорено до крајот на неделава да се зголемат капацитетите на постојниот гасовод што го имаме со Бугарија за да можеме да користиме и други извори во делот на снабдување со природен гас, истакна Бектеши и како алтернативни ги посочи ЛНГ терминалите во Грција и во Турција.

The post Скопје ќе има парно без разлика дали ќе работи ТЕ-ТО или не, тврди Бектеши appeared first on Република.

Бектеши гарантира дека Скопје ќе има парно без разлика дали ќе работи ТЕ-ТО или не https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/bekteshi-garantira-deka-skopje-kje-ima-parno-bez-razlika-dali-kje-raboti-te-to-ili-ne/ Mon, 10 Oct 2022 12:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=559449

Mинистерот за економија, Крешник Бектеши, порача дека од 15 октомври ќе топлинска енергија за сите потрошувачи во Скопје, без разлика дали ќе работи или нема да работи когенеративната електрана ТЕ-ТО.

Ако не работи ТЕ-ТО во делот на производство на електрична енергија со чиј нус производ се обезбедуваат 60 до 70 отсто од производството на топлинска енергија за градот Скопје топланите Исток и Запад со набавката на гас ќе ја покријат целата потрошувачка во делот на топлинска енергија која ја има во градот Скопје. Ако работи ТЕ-ТО топланите Исток и Запад ќе работат со помал интензитет - изјави Бектеши во одговор на новинарско прашање по официјалното пуштање во употреба на соларната електрана на ГЕНИ со капацитет од 17 мегавати лоцирана во светиниколско Амзабегово.

Бектеши нагласи дека со моменталните цени на електричната енергија на регионалната берза ХУПЕКС на компаниите кои се на слободниот пазар им е поевтино да набават струја од увоз отколку да ја произведе ТЕ-ТО.

Ако ја земеме во предвид моменталната цена на природниот гас од 1500 евра за 1000 нормални кубни метри, цената на производство на електрична енергија од ТЕ-ТО ќе биде околу 280 евра по мегават час. Цената, пак, на берзата на ХУПЕКС моментално е 200 евра за мегават час што значи дека на компаниите на слободниот пазар им е подобро да увезат струја отколку да ја преработи ТЕ-ТО - прецизира Бектеши.

Тој посочи дека јавно ги повикал одговорните во топланата Скопје Север, која е во стечајна постапка, да се обратат до ЕСМ за набавкана природен гас.

Ако имаат законска можност можат директно да се обратат и до Макпетрол за набавка на гас - рече Бектеши.

Тој нагласи дека како одговорна влада, до Собранието веќе доставиле измени на Законот за стокови резерви со цел да се обезбедат алтернативни енергенси доколку има проблеми во снабдувањето со гас поради последните настани во војната во Украина.

Со Република Бугарија имаме договор да не се затвораат прекуграничните капацитети за електрична енергија што е многу важно за стабилноста на електроенергетскиот систем во нашата држава. Голема работа заврши и премиерот Димитар Ковачевски со бугарскиот претседател Румен Радев со која е договорено до крајот на неделава да се зголемат капацитетите на постојниот гасовод што го имаме со Бугарија за да можеме да користиме и други извори во делот на снабдување со природен гас - истакна Бектеши и како алтернативни ги посочи ЛНГ терминалите во Грција и во Турција.

The post Бектеши гарантира дека Скопје ќе има парно без разлика дали ќе работи ТЕ-ТО или не appeared first on Република.

ТЕ-ТО не гарантира дека ќе има доволно топлина за граѓаните кои се греат на парно https://arhiva3.republika.mk/vesti/te-to-ne-garantira-deka-kje-ima-dovolno-toplina-za-gragjanite-koi-se-great-na-parno/ Mon, 01 Aug 2022 09:37:37 +0000 https://republika.mk/?p=535631

Неизвесно е дали ТЕ-ТО и оваа зима ќе има капацитет да  ги олесни проблемите  со парното и струјата.

Од компанијата не гарантираат дека ќе може да испорачаат 70 проценти од потребната топлинска енергија за граѓаните кои се на парно, колку што очекува Регуалторната комисија, за да нема сериозни проблеми со цената на греењето. Од  таму за Телма велат дека производството на топлина  на ТЕ-ТО, ќе зависи прво од тоа дали  ќе има  гас на пазарот, нешто за што нема гаранции, но и  каква ќе биде неговата цена.

Во моментов цената на топлината предвидена од РКЕ за компанијата дистрибутер на топлинска енергија е околу 60 eur/ MWh при цена на природниот гас од 200 eur/ mwh на берзите, односно предвидената цена на топлината е 3 пати пониска од моменталната цена на природниот гас на берзите за претстојната грејна сезона. Ваква цена на топлината при моменталните берзански цени на гасот, ТЕ-ТО не може да постигне. ТЕ-ТО ќе понуди цени за своите продукти согласно движењата на цените на берзите на природен гас и електрична енергија и трошоците на работењето на компанијата. ТЕ-ТО е независен производител на струја и на топлина, чија цена не ја одредува РКЕ, туку отворениот  пазар, а целта на ТЕ-ТО како и на секој  субјект на отворен пазар е   да оставри максимално производство и позитивни финансиски резултати“ – велат од ТЕ-ТО за Телма.

Од ТЕ-ТО нема гаранција ниту дали  ќе можат да ја произведат  и потребната електрична енергија.

Ликвидноста на компанијата била сериозно нарушена, затоа што  на почетокот на годинава, за време на претходната кризна состојба, по барање на Владата, од  Тето се согласија својата струја, но и топлинска енергија да ги продаваат  по многу пониска цена од  оние на берзите, по кои ТЕ-ТО всушност работи и со тоа на централата и се нанесени сериозни штети.

ТЕ-ТО ја продаваше ел.енергија по цени од 170 и 190 eur/ MWh кога пазарните се движеа од 240 до 310 eur/ MWh ,а топлината  по цена од 32 eur/ MWh при цена на природниот гас од 100 eur/MWh.  Со тоа ТЕ-ТО претрпи штета на име загуба и изгубена добивка во износ од 37 милиони евра. Компанијата е со крајно нарушена ликвидност, и во летниов период произведува и продава струја само на дневно ниво со мало искористување на производниот капацитет. Негативно влијание врз ликвидноста има и  неможноста  компанијата се уште целосно да ја наплати испорачаната топлинска енергија од изминатата грејна сезона - додаваат од ТЕ-ТО.

Од  друга страна пак  сите надежи на РКЕ за полесно да се преброди  престојната зима, која се очекува да биде многу тешка, се во ТЕ-ТО. Предупредуваат,  ако  централата не  работи, ќе има  проблеми  и со  парното, но и со струјата.

Без да работи ТЕ-ТО, цената на парното драстично ќе се зголеми и дополнително , ако го немаме ТЕ-ТО да произведува струја ние оваа зима ќе имаме сериозни проблеми и со снабдувањето со електрична енергија. Во тој случај ќе мора да користиме мазут за струја кои е еколошки многу лош – вели Бислимовски.

Од први август парното добива  нова повисока цена за 14 проценти.

Допрва ќе се одлучува и кој ќе ја преземе работата на БЕГ,  кој остана без трите лиценци.

Не се знае ниту од каде ќе се обезбеди  потребниот гас, ниту кога ќе се случи тоа. Но, и покрај се  властите уверуваат дека грејната сезона ќе почне на време.

The post ТЕ-ТО не гарантира дека ќе има доволно топлина за граѓаните кои се греат на парно appeared first on Република.

]]>

Неизвесно е дали ТЕ-ТО и оваа зима ќе има капацитет да  ги олесни проблемите  со парното и струјата. Од компанијата не гарантираат дека ќе може да испорачаат 70 проценти од потребната топлинска енергија за граѓаните кои се на парно, колку што очекува Регуалторната комисија, за да нема сериозни проблеми со цената на греењето. Од  таму за Телма велат дека производството на топлина  на ТЕ-ТО, ќе зависи прво од тоа дали  ќе има  гас на пазарот, нешто за што нема гаранции, но и  каква ќе биде неговата цена.
Во моментов цената на топлината предвидена од РКЕ за компанијата дистрибутер на топлинска енергија е околу 60 eur/ MWh при цена на природниот гас од 200 eur/ mwh на берзите, односно предвидената цена на топлината е 3 пати пониска од моменталната цена на природниот гас на берзите за претстојната грејна сезона. Ваква цена на топлината при моменталните берзански цени на гасот, ТЕ-ТО не може да постигне. ТЕ-ТО ќе понуди цени за своите продукти согласно движењата на цените на берзите на природен гас и електрична енергија и трошоците на работењето на компанијата. ТЕ-ТО е независен производител на струја и на топлина, чија цена не ја одредува РКЕ, туку отворениот  пазар, а целта на ТЕ-ТО како и на секој  субјект на отворен пазар е   да оставри максимално производство и позитивни финансиски резултати“ – велат од ТЕ-ТО за Телма.
Од ТЕ-ТО нема гаранција ниту дали  ќе можат да ја произведат  и потребната електрична енергија. Ликвидноста на компанијата била сериозно нарушена, затоа што  на почетокот на годинава, за време на претходната кризна состојба, по барање на Владата, од  Тето се согласија својата струја, но и топлинска енергија да ги продаваат  по многу пониска цена од  оние на берзите, по кои ТЕ-ТО всушност работи и со тоа на централата и се нанесени сериозни штети.
ТЕ-ТО ја продаваше ел.енергија по цени од 170 и 190 eur/ MWh кога пазарните се движеа од 240 до 310 eur/ MWh ,а топлината  по цена од 32 eur/ MWh при цена на природниот гас од 100 eur/MWh.  Со тоа ТЕ-ТО претрпи штета на име загуба и изгубена добивка во износ од 37 милиони евра. Компанијата е со крајно нарушена ликвидност, и во летниов период произведува и продава струја само на дневно ниво со мало искористување на производниот капацитет. Негативно влијание врз ликвидноста има и  неможноста  компанијата се уште целосно да ја наплати испорачаната топлинска енергија од изминатата грејна сезона - додаваат од ТЕ-ТО.
Од  друга страна пак  сите надежи на РКЕ за полесно да се преброди  престојната зима, која се очекува да биде многу тешка, се во ТЕ-ТО. Предупредуваат,  ако  централата не  работи, ќе има  проблеми  и со  парното, но и со струјата.
Без да работи ТЕ-ТО, цената на парното драстично ќе се зголеми и дополнително , ако го немаме ТЕ-ТО да произведува струја ние оваа зима ќе имаме сериозни проблеми и со снабдувањето со електрична енергија. Во тој случај ќе мора да користиме мазут за струја кои е еколошки многу лош – вели Бислимовски.
Од први август парното добива  нова повисока цена за 14 проценти. Допрва ќе се одлучува и кој ќе ја преземе работата на БЕГ,  кој остана без трите лиценци. Не се знае ниту од каде ќе се обезбеди  потребниот гас, ниту кога ќе се случи тоа. Но, и покрај се  властите уверуваат дека грејната сезона ќе почне на време.