тц мавровка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tc-mavrovka/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Apr 2024 14:20:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тц мавровка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tc-mavrovka/ 32 32 Kривична пријава за таткото на Цуфи Кока кој пукаше кај „Мавровка“ на протестот на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-tatkoto-na-tsufi-koka-koj-pukashe-kaj-mavrovka-na-protestot-na-vmro-dpmne/ Fri, 05 Apr 2024 13:35:10 +0000 https://republika.mk/?p=762672

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.E. (67) од Скопје за сторено кривично дело „бесправна градба" од чл.244 а, од КЗ на РСМ.

Пријавениот во својство на инвеститор, иако знаел дека пред да започне со доградба и надградба на објект согласно чл.63 ст.1 од Законот за градење потребно е да поседува одобрение за градење од територијално надлежната општина, во случајот општина Чаир, сепак, без да поседува такво одобрение започнал со доградба и надградба на објект лоциран на плоштад „Скендер бег".

Станува збор за татко на Цуфи Кока кој пукаше кон демонстрантите за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ кај „Мавровка“ на 6 јули 2022 година.

А.Е. постапил спротивно на чл.56 ст 1 од Законот за градење, со што го сторил кривичното дело „бесправна градба" по чл.244-а, во кое што е наведено дека „тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган е всушност сторител на горенаведеното кривично дело и ќе се казни согласно пропишаниот закон".

The post Kривична пријава за таткото на Цуфи Кока кој пукаше кај „Мавровка“ на протестот на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.E. (67) од Скопје за сторено кривично дело „бесправна градба" од чл.244 а, од КЗ на РСМ. Пријавениот во својство на инвеститор, иако знаел дека пред да започне со доградба и надградба на објект согласно чл.63 ст.1 од Законот за градење потребно е да поседува одобрение за градење од територијално надлежната општина, во случајот општина Чаир, сепак, без да поседува такво одобрение започнал со доградба и надградба на објект лоциран на плоштад „Скендер бег".

Станува збор за татко на Цуфи Кока кој пукаше кон демонстрантите за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ кај „Мавровка“ на 6 јули 2022 година.

А.Е. постапил спротивно на чл.56 ст 1 од Законот за градење, со што го сторил кривичното дело „бесправна градба" по чл.244-а, во кое што е наведено дека „тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган е всушност сторител на горенаведеното кривично дело и ќе се казни согласно пропишаниот закон".

The post Kривична пријава за таткото на Цуфи Кока кој пукаше кај „Мавровка“ на протестот на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Почнуваат од крстосницата кај „Мавровка“: До исполнување на барањата приватните автобуси ќе го блокираат Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pochnuvaat-od-krstosnicata-kaj-mavrovka-do-ispolnuvanje-na-baranjata-privatnite-avtobusi-kje-go-blokiraat-skopje/ Mon, 28 Nov 2022 06:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=578744

Приватните превозници вклучени во Јавниот линиски превоз од утрово протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“.

Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица.

Не е исклучена можноста и не е потврдена информацијата дали поедини превозници ќе ги блокиранаат излезите, односно влезовите на ЈСП-Скопје. Исто така времетраењето на протестот не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата кои ако брзо не се решат во наредните денови ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје, посочуваат од „Слобода превоз“.

Во рамките на своите активности за решавање на актуелниот проблем утре „Слобода превоз“ треба да оствари средба со УО на ЈСП. Исто така претставници на „Слобода Превоз“ ќе присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје.

На средбата со УО на ЈСП на која се очекува да присуствува и директорот на ЈСП ќе побараме информации поврзани со долгот на ЈСП-Скопје и зошто директорот не ги исполнува обврските од договорот, како и информации за изнесените невистини од страна на градоначалникот за наводен криминал со билетите за превоз и кражба на пари, кои одговори секако дека ги имаат службите на ЈСП, бидејќи тие се најинволвираните, задолжени и компетентни во целиот процес од набавка , дистрибуција до продажба на билети и за функционирање на АВЛ системот и системот за наплата. Тие како такви точно знаат за тоа каква е вистинската состојба и документација во овој процес наспроти „Слобода превоз“ која нема никаква ниту улога во тој процес и нема никаков пристап до тие податоци. Јавноста не смее да биде дезинформирана особено за состојби за кои постојат записи, аргументи и факти, стои во соопштението.

Од „Слобода превоз“ додаваат дека „во врска со клеветите и долгот, во текот на следната недела преку адвокатската канцеларија Апостолски, ќе бидат доставени потребните поднесоци до надлежните институции“.

Со оглед дека постои голем интерес на јавноста за овие случувања ги повикуваме медиумите да закажуваат дебати со соочување на наши претставници, на ЈСП, на Град Скопје и Секторот за сообраќај на Град Скопје за правилно да се презентираат аргументи и факти и да не се дозволи една личност од позиција градоначалник да ја дезинформира јавноста прикривајќи ги опствените слабости со неосновани напади и клевети врз дуги лица и компании, наведуваат во соопштението од „Слобода превоз“.

The post Почнуваат од крстосницата кај „Мавровка“: До исполнување на барањата приватните автобуси ќе го блокираат Скопје appeared first on Република.

]]>

Приватните превозници вклучени во Јавниот линиски превоз од утрово протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица.