тажна судбина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tazna-sudbina/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Nov 2022 07:39:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тажна судбина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tazna-sudbina/ 32 32 Девојчето кое никого не остава рамнодушен: Се вика Зорица, живее во сопче без струја, ама баба ѝ пази секогаш да е чиста и среќна https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/devojcheto-koe-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-se-vika-zorica-zivee-vo-sopche-bez-struja-ama-baba-pazi-sekogash-da-e-chista-i-srekjna/ Wed, 23 Nov 2022 20:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=577493

Фотографијата наречена „Животот од другата страна“ никого не остави рамнодушен. Од едната страна, уредно, добро облечено девојче безгрижно пие сок, несвесно дека од другата страна на прозорецот на еден ресторан во Ваљево ја гледа - таа. Фотографијата на ваљевскиот фотограф Ѓорѓе Ѓоковиќ од тој тажен, копнежлив поглед низ стаклото го обиколи светот, а и денес остава грутка во грлото.

Екипата на „Експлозив“ успеа да го пронајде девојчето. Нејзиното име е Зорица. Таа има пет години и целиот товар на нејзиниот грб кој се гледа на фотографијата е всушност реалноста на Зорица, која таа ја живее секој ден - во трошна куќа со баба ѝ и дедо ѝ кои се грижат за неа.

Струјата ни е исклучена од бандера, вода имавме до неодамна, ама ни ја исклучија оти беше приклучена „на диво“, раскажува дедото на Зорица, Вељко Маринковиќ кој открива дека нивното семејство сега вода позајмува од соседот.

Душица, пак, вели дека се грижи нејзината внука Зорица секогаш да биде чиста и средена.

Ѝ ја кратам косата, ја облекувам, и мијам, и сè, ама живееме само од мојата пензија, имам пензија од 20.000 динари (под 10.000 денари), вели бабата.

Од телевизиската екипа која дошла да ја посети, Зорица добила подароци, торта и забава со кловн, за барем еден ден да се чувствува како принцеза. Иако не зборува, девојчето цело време се насмевнува и ужива во подароците што ги добива, срамежливо зема едно по едно и само задоволно кимнува со главата.

Најголемиот подарок е една недела целосно платен одмор на планина за целото семејство.

https://youtu.be/pOlUVTYr8l4

The post Девојчето кое никого не остава рамнодушен: Се вика Зорица, живее во сопче без струја, ама баба ѝ пази секогаш да е чиста и среќна appeared first on Република.

]]>

Фотографијата наречена „Животот од другата страна“ никого не остави рамнодушен. Од едната страна, уредно, добро облечено девојче безгрижно пие сок, несвесно дека од другата страна на прозорецот на еден ресторан во Ваљево ја гледа - таа. Фотографијата на ваљевскиот фотограф Ѓорѓе Ѓоковиќ од тој тажен, копнежлив поглед низ стаклото го обиколи светот, а и денес остава грутка во грлото. Екипата на „Експлозив“ успеа да го пронајде девојчето. Нејзиното име е Зорица. Таа има пет години и целиот товар на нејзиниот грб кој се гледа на фотографијата е всушност реалноста на Зорица, која таа ја живее секој ден - во трошна куќа со баба ѝ и дедо ѝ кои се грижат за неа.
Струјата ни е исклучена од бандера, вода имавме до неодамна, ама ни ја исклучија оти беше приклучена „на диво“, раскажува дедото на Зорица, Вељко Маринковиќ кој открива дека нивното семејство сега вода позајмува од соседот.
Душица, пак, вели дека се грижи нејзината внука Зорица секогаш да биде чиста и средена.
Ѝ ја кратам косата, ја облекувам, и мијам, и сè, ама живееме само од мојата пензија, имам пензија од 20.000 динари (под 10.000 денари), вели бабата.
Од телевизиската екипа која дошла да ја посети, Зорица добила подароци, торта и забава со кловн, за барем еден ден да се чувствува како принцеза. Иако не зборува, девојчето цело време се насмевнува и ужива во подароците што ги добива, срамежливо зема едно по едно и само задоволно кимнува со главата. Најголемиот подарок е една недела целосно платен одмор на планина за целото семејство. https://youtu.be/pOlUVTYr8l4

The post Девојчето кое никого не остава рамнодушен: Се вика Зорица, живее во сопче без струја, ама баба ѝ пази секогаш да е чиста и среќна appeared first on Република.

]]>
„Извини што не успеав да го победам ракот“: Си го теши братчето откако му кажува дека нема уште долго да се заедно https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/izvini-shto-ne-uspeav-da-go-pobedam-rakot-si-go-teshi-bratcheto-otkako-mu-kazuva-deka-nema-ushte-dolgo-da-se-zaedno/ Sat, 20 Aug 2022 14:19:22 +0000 https://republika.mk/?p=542329

Трогателната фотографија од две момчиња во прегратка го потресе светот. Направена е моменти откако кога постариот му кажува на помаладиот брат дека неговиот рак се вратил и дека нема да живее уште долго.

На 15-годишниот Иан во 2019 година му бил дијагностициран остеосарком. Неговото семејство било пресреќно кога по операцијата и неколку циклуси на хемотерапија им било кажано дека ракот го нема. За жал, во ноември 2021 година дознале дека болеста не само што се вратила, туку се проширила низ телото.

Сега на Иан и неговото семејство им било кажано дека ништо повеќе не може да се направи и дека момчето наскоро ќе почине.

Кога тој му ја соопштил трагичната вест на својот помлад брат Питер, тој притрчал во прегратките на Иан и неутешно плачел. Иан, од друга страна, останал храбар, го тешел својот брат и му се извинил што не можеше да го победи ракот.

Потресната фотографија од трогателниот момент беше објавена на Фејсбук од човек од Орегон по име Бенџамин Елиот, чија врска со Иан и Петра е непозната, и брзо се прошири на интернет, оставајќи многу корисници потресени.

Без зборови, оваа фотографија испраќа многу посилна порака отколку што некогаш можеле зборовите, напишал Бенџамин со фотографијата.

The post „Извини што не успеав да го победам ракот“: Си го теши братчето откако му кажува дека нема уште долго да се заедно appeared first on Република.

]]>

Трогателната фотографија од две момчиња во прегратка го потресе светот. Направена е моменти откако кога постариот му кажува на помаладиот брат дека неговиот рак се вратил и дека нема да живее уште долго. На 15-годишниот Иан во 2019 година му бил дијагностициран остеосарком. Неговото семејство било пресреќно кога по операцијата и неколку циклуси на хемотерапија им било кажано дека ракот го нема. За жал, во ноември 2021 година дознале дека болеста не само што се вратила, туку се проширила низ телото. Сега на Иан и неговото семејство им било кажано дека ништо повеќе не може да се направи и дека момчето наскоро ќе почине. Кога тој му ја соопштил трагичната вест на својот помлад брат Питер, тој притрчал во прегратките на Иан и неутешно плачел. Иан, од друга страна, останал храбар, го тешел својот брат и му се извинил што не можеше да го победи ракот. Потресната фотографија од трогателниот момент беше објавена на Фејсбук од човек од Орегон по име Бенџамин Елиот, чија врска со Иан и Петра е непозната, и брзо се прошири на интернет, оставајќи многу корисници потресени.
Без зборови, оваа фотографија испраќа многу посилна порака отколку што некогаш можеле зборовите, напишал Бенџамин со фотографијата.

The post „Извини што не успеав да го победам ракот“: Си го теши братчето откако му кажува дека нема уште долго да се заедно appeared first on Република.

]]>