тав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tav/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 09:29:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tav/ 32 32 ТАВ Македонија: Нашиот вработен не се обиде да и го одземе телефонот на косовската претседателка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tav-makedonija-nashiot-vraboten-ne-se-obide-da-i-go-odzeme-telefonot-na-kosovskata-pretsedatelka/ Fri, 02 Aug 2024 09:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=802577

Операторот на скопскиот меѓународен аеродром ТАВ Македонија категорично ги отфрла наводите дека нивниот вработен од одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот на косовската претседателка Вјоса Османи при вчерашниот преглед во ВИП-салонот на Меѓународниот аеродром Скопје.

Телефонот и беше побаран со цел да се подложи на задолжителен безбедносен скрининг преку уредот за рентген. Согласно Документот 30 (Doc.30) на ECAC и Националната програма за безбедност на цивилното воздухопловство, сите патници, кабински багаж и нивните лични предмети со кои патуваат на комерцијален лет, како во овој пример, се предмет на безбедносен преглед. Доколку не сме усогласени со овие правила, пилотот на летот ќе го одбие влегувањето во авион на патникот, посочуваат од ТАВ Македонија.

Оттаму нагласуваат дека Виенската конвенција за дипломатски односи ги ослободува од безбедносен преглед само официјалните гости на Владата на Република Македонија, а операторот на аеродромот добива официјално известување за таквите изземања од Министерството за внатрешни работи.

Насоките што ги доби нашиот Оддел за обезбедување од страна на Одделот за заштита на одредени лица и објекти јасно кажуваат дека членовите на делегацијата мора да поминат стандардна безбедносна проверка во согласност со утврдените процедури, потенцираат од ТАВ Македонија.

Обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, вчера им се заканувало на вработени во ТАВ Македонија кои побарале од претседателката на Косово да го остави телефонот за да помине на секенер кога поминувала низ гранична контрола на Меѓународниот аеродром Скопје.

https://republika.mk/vesti/makedonija/skeniraneto-na-mobilniot-na-kosovskata-pretsedatelka-bil-glavna-prichina-za-intsidentot-na-skopskiot-aerodrom/

Како што претходно информираа од МВР, вчера околу 10 часот додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа, сепак, багажот бил вратен и поминал низ скенер.

По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката. При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин, соопшти МВР.

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово, пак, изрази загриженост поради вчерашниот инцидент што ѝ се случи на косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром, за кој вели дека почнало да собира информации за случајот, јави дописникот на МИА од Приштина.

https://republika.mk/vesti/balkan/ofitsijalna-reaktsija-na-kosovskoto-mnr-nedostoinstven-odnos-kon-vjosa-osmani-na-skopskiot-aerodrom/

Нарекувајќи го „недостоинствен“ односот на аеродромското обезбедување кон Османи, косовското МНР во денешното соопштение наведува дека побарало официјални појаснувања во врска со инцидентот од амбасадата на Македонија во Приштина и од македонското МНР.

Министерството за надворешни работи и дијаспора со загриженост дозна за инцидентот предизвикан на скопскиот аеродром во врска со недостоинствениот однос кон претседателката на Република Косово, др. Вјоса Османи. Министерството за надворешни работи и дијаспора, преку Амбасадата на Косово во Скопје, започна со собирање информации и уште од раните утрински часови бара официјални појаснувања од амбасадата на Македонија во Приштина и од Министерството за надворешни работи на Македонија. Министерството за надворешни работи ќе ја информира јавноста за понатамошните активности, за да се расчисти оваа ситуација и да се погрижи во иднина да не се случуваат вакви инциденти во однос на шефовите на нашата држава, се вели во соопштението на косовското МНР.

Од кабинетот на Османи синоќа објавија дека обезбедувањето на скопскиот аеродром се обиде да ѝ го земе личниот телефон на претседателката, што е однесување „спротивно на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи“.

The post ТАВ Македонија: Нашиот вработен не се обиде да и го одземе телефонот на косовската претседателка appeared first on Република.

]]>

Операторот на скопскиот меѓународен аеродром ТАВ Македонија категорично ги отфрла наводите дека нивниот вработен од одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот на косовската претседателка Вјоса Османи при вчерашниот преглед во ВИП-салонот на Меѓународниот аеродром Скопје.
Телефонот и беше побаран со цел да се подложи на задолжителен безбедносен скрининг преку уредот за рентген. Согласно Документот 30 (Doc.30) на ECAC и Националната програма за безбедност на цивилното воздухопловство, сите патници, кабински багаж и нивните лични предмети со кои патуваат на комерцијален лет, како во овој пример, се предмет на безбедносен преглед. Доколку не сме усогласени со овие правила, пилотот на летот ќе го одбие влегувањето во авион на патникот, посочуваат од ТАВ Македонија.
Оттаму нагласуваат дека Виенската конвенција за дипломатски односи ги ослободува од безбедносен преглед само официјалните гости на Владата на Република Македонија, а операторот на аеродромот добива официјално известување за таквите изземања од Министерството за внатрешни работи.
Насоките што ги доби нашиот Оддел за обезбедување од страна на Одделот за заштита на одредени лица и објекти јасно кажуваат дека членовите на делегацијата мора да поминат стандардна безбедносна проверка во согласност со утврдените процедури, потенцираат од ТАВ Македонија.
Обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, вчера им се заканувало на вработени во ТАВ Македонија кои побарале од претседателката на Косово да го остави телефонот за да помине на секенер кога поминувала низ гранична контрола на Меѓународниот аеродром Скопје. https://republika.mk/vesti/makedonija/skeniraneto-na-mobilniot-na-kosovskata-pretsedatelka-bil-glavna-prichina-za-intsidentot-na-skopskiot-aerodrom/ Како што претходно информираа од МВР, вчера околу 10 часот додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа, сепак, багажот бил вратен и поминал низ скенер.
По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката. При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин, соопшти МВР.
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово, пак, изрази загриженост поради вчерашниот инцидент што ѝ се случи на косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром, за кој вели дека почнало да собира информации за случајот, јави дописникот на МИА од Приштина. https://republika.mk/vesti/balkan/ofitsijalna-reaktsija-na-kosovskoto-mnr-nedostoinstven-odnos-kon-vjosa-osmani-na-skopskiot-aerodrom/ Нарекувајќи го „недостоинствен“ односот на аеродромското обезбедување кон Османи, косовското МНР во денешното соопштение наведува дека побарало официјални појаснувања во врска со инцидентот од амбасадата на Македонија во Приштина и од македонското МНР.
Министерството за надворешни работи и дијаспора со загриженост дозна за инцидентот предизвикан на скопскиот аеродром во врска со недостоинствениот однос кон претседателката на Република Косово, др. Вјоса Османи. Министерството за надворешни работи и дијаспора, преку Амбасадата на Косово во Скопје, започна со собирање информации и уште од раните утрински часови бара официјални појаснувања од амбасадата на Македонија во Приштина и од Министерството за надворешни работи на Македонија. Министерството за надворешни работи ќе ја информира јавноста за понатамошните активности, за да се расчисти оваа ситуација и да се погрижи во иднина да не се случуваат вакви инциденти во однос на шефовите на нашата држава, се вели во соопштението на косовското МНР.
Од кабинетот на Османи синоќа објавија дека обезбедувањето на скопскиот аеродром се обиде да ѝ го земе личниот телефон на претседателката, што е однесување „спротивно на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи“.

The post ТАВ Македонија: Нашиот вработен не се обиде да и го одземе телефонот на косовската претседателка appeared first on Република.

]]>
ТАВ Македонија: Обезбедувањето постапи во рамките на своите овластувања и спроведе стандардна безбедносна проверка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tav-makedonija-obezbeduvaneto-postapi-vo-ramkite-na-svoite-ovlastuvana-i-sprovede-standardna-bezbednosna-proverka/ Thu, 01 Aug 2024 20:46:17 +0000 https://republika.mk/?p=802501

Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија постапи во рамките на своите овластувања и спроведе стандардна безбедносна проверка на претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу и на нејзиниот багаж на пунктот за безбедноста проверка во ВИП - салонот со што воопшто не беше загрозена авијациската безбедност и безбедноста на патниците, порачуваат од ТАВ Македонија.

-Во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство, ТАВ Македонија како аеродромски оператор има законска обврска за спроведување на безбедносен преглед на сите патници, багаж и стоки на летовите од Меѓународниот аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, вклучувајќи ги и патниците кои патуваат преку ВИП-салонот. Оттука, Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија, постапувајќи во рамките на своите овластувања спроведе стандардна безбедносна проверка на споменатиот патник како и на неговиот багаж, на пунктот за безбедноста проверка во ВИП- салонот, со цел обезбедување на конкретниот комерцијален лет, велат од ТАВ.

Сакаме да потенцираме, додаваат, дека авијациската безбедност не беше загрозена, поради тоа што споменатиот инцидент се случи во јавната зона на аеродромот, односно пред пунктот за безбедносна проверка на ВИП-салонот од каде ВИП-патниците откако ќе бидат проверени од Обезбедувањето се упатуваат во безбедносно-контролирана зона на аеродромот.

-ВИП-салонот е посебна зграда изолирана од главната терминална зграда на скопскиот аеродром, што значи дека е комплетно неточно дека била загрозена безбедноста на патниците. Со цел точна слика за случката и спречување на ширење дезинформации, за сите детали во однос на инцидентот, ги упатуваме медиумите да се обратат до надлежните институции, посочуваат од ТАВ Македонија.

Обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши денеска им се заканувало на вработени во ТАВ Македонија кои побарале од претседателката на Косово да го остави телефонот за да помине на секенер кога поминувала низ гранична контрола на Меѓународниот аеродром Скопје.

Како што информираа претходно од МВР, денеска околу 10 часот додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа, сепак, багажот бил вратен и поминал низ скенер.

-По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката. При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин, соопшти МВР.

The post ТАВ Македонија: Обезбедувањето постапи во рамките на своите овластувања и спроведе стандардна безбедносна проверка appeared first on Република.

]]>

Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија постапи во рамките на своите овластувања и спроведе стандардна безбедносна проверка на претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу и на нејзиниот багаж на пунктот за безбедноста проверка во ВИП - салонот со што воопшто не беше загрозена авијациската безбедност и безбедноста на патниците, порачуваат од ТАВ Македонија. -Во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство, ТАВ Македонија како аеродромски оператор има законска обврска за спроведување на безбедносен преглед на сите патници, багаж и стоки на летовите од Меѓународниот аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, вклучувајќи ги и патниците кои патуваат преку ВИП-салонот. Оттука, Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија, постапувајќи во рамките на своите овластувања спроведе стандардна безбедносна проверка на споменатиот патник како и на неговиот багаж, на пунктот за безбедноста проверка во ВИП- салонот, со цел обезбедување на конкретниот комерцијален лет, велат од ТАВ. Сакаме да потенцираме, додаваат, дека авијациската безбедност не беше загрозена, поради тоа што споменатиот инцидент се случи во јавната зона на аеродромот, односно пред пунктот за безбедносна проверка на ВИП-салонот од каде ВИП-патниците откако ќе бидат проверени од Обезбедувањето се упатуваат во безбедносно-контролирана зона на аеродромот. -ВИП-салонот е посебна зграда изолирана од главната терминална зграда на скопскиот аеродром, што значи дека е комплетно неточно дека била загрозена безбедноста на патниците. Со цел точна слика за случката и спречување на ширење дезинформации, за сите детали во однос на инцидентот, ги упатуваме медиумите да се обратат до надлежните институции, посочуваат од ТАВ Македонија. Обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши денеска им се заканувало на вработени во ТАВ Македонија кои побарале од претседателката на Косово да го остави телефонот за да помине на секенер кога поминувала низ гранична контрола на Меѓународниот аеродром Скопје. Како што информираа претходно од МВР, денеска околу 10 часот додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа, сепак, багажот бил вратен и поминал низ скенер. -По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката. При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин, соопшти МВР.

The post ТАВ Македонија: Обезбедувањето постапи во рамките на своите овластувања и спроведе стандардна безбедносна проверка appeared first on Република.

]]>
Зголемен бројот на патници и летови од аеродромите во Скопје и Охрид во првите два месеци од 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemen-brojot-na-patnitsi-i-letovi-od-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid-vo-prvite-dva-mesetsi-od-2024-godina/ Tue, 19 Mar 2024 19:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=756420

Бројот на патници услужени на двата меѓународни аеродроми во земјава достигна 432.678 во првите два месеци од годината, што е за 39,5 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти „Aeroports de Paris“ (АДП).

Според последното соопштение од „АДП“, само во февруари, бројот на патници достигнал 189.434, што е за 30,8 отсто повеќе од февруари 2023 година.

Остварениот сообраќај на аеродромите во Охрид и Скопје за првите два месеци годинава достигна 3.521 летови, што е за 34,5 проценти повеќе споредбено со истиот период лани. Само во февруари на двата аеродрома се реализирани 1.590 летови или 30,1 проценти повеќе отколку во февруари минатата година.

Инаку, компанијата „АДП“ поседува 46 проценти од акциите на компанијата „ТАВ аеродроми“, турскиот концерн што стопанисува со аеродромите во Скопје и Охрид.

The post Зголемен бројот на патници и летови од аеродромите во Скопје и Охрид во првите два месеци од 2024 година appeared first on Република.

]]>

Бројот на патници услужени на двата меѓународни аеродроми во земјава достигна 432.678 во првите два месеци од годината, што е за 39,5 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти „Aeroports de Paris“ (АДП). Според последното соопштение од „АДП“, само во февруари, бројот на патници достигнал 189.434, што е за 30,8 отсто повеќе од февруари 2023 година. Остварениот сообраќај на аеродромите во Охрид и Скопје за првите два месеци годинава достигна 3.521 летови, што е за 34,5 проценти повеќе споредбено со истиот период лани. Само во февруари на двата аеродрома се реализирани 1.590 летови или 30,1 проценти повеќе отколку во февруари минатата година. Инаку, компанијата „АДП“ поседува 46 проценти од акциите на компанијата „ТАВ аеродроми“, турскиот концерн што стопанисува со аеродромите во Скопје и Охрид.

The post Зголемен бројот на патници и летови од аеродромите во Скопје и Охрид во првите два месеци од 2024 година appeared first on Република.

]]>
Жител од Дебрешта на аеродром нападнал вработена во ТАВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitel-od-debreshta-na-aerodrom-napadnal-vrabotena-vo-tav/ Fri, 12 Jan 2024 15:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=732355

На 11.01.2024 во СВР Скопје А.И.(25) од Скопје пријавила дека околу 05.45 часот на „Меѓународен аеродром“ - Скопје, каде истата била вработена во делот на прифаќање на патници во ТАВ, била физички нападната од Е.Н.(47) од с.Дебрешта.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Жител од Дебрешта на аеродром нападнал вработена во ТАВ appeared first on Република.

]]>

На 11.01.2024 во СВР Скопје А.И.(25) од Скопје пријавила дека околу 05.45 часот на „Меѓународен аеродром“ - Скопје, каде истата била вработена во делот на прифаќање на патници во ТАВ, била физички нападната од Е.Н.(47) од с.Дебрешта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Жител од Дебрешта на аеродром нападнал вработена во ТАВ appeared first on Република.

]]>
На скопскиот аеродром веќе нема да се доаѓа три часа пред летот, заврши системот за ракување со багаж https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/na-skopskiot-aerodrom-veke-nema-da-se-doaga-tri-chasa-pred-letot-zavrshi-sistemot-za-rakuvane-so-bagazh/ Wed, 06 Dec 2023 15:33:50 +0000 https://republika.mk/?p=720422

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ја заврши надградбата на системот за ракување со багаж и инсталацијата на нов уред за скенирање багаж на скопскиот аеродром, што претставува уште една капитална инвестиција во вредност од 2,4 милиони евра.

Процесот на надградба на системот за ракување со багаж на Меѓународниот Аеродром Скопје и инсталацијата на новиот уред за скенирање почна на 9-ти октомври, а заврши на 28-ми ноември.

Целиот проект е завршен за помалку од 2 месеца, а во тој период активностите опфатија демонтирање на рендген уредот „Стандард 2“, инсталирање нов, уред за скенирање „Стандард 3“ и опрема и тестирање на најнова технологија пред пуштањето во употреба.

„ТАВ како водечки аеродромски оператор, со задоволство го објавува завршувањето на големиот проект и значајната инвестиција во надградбата на системот за ракување со багаж на Меѓународниот Аеродром Скопје. Оваа голема инвестиција од 2,4 милиони евра на скопскиот аеродром и самиот проект за надградба на системот за ракување со багаж ќе резултира со оптимизација на внатрешните аеродромски операции и значително ќе придонесе за подобрување на целокупното патничко искуство за нашите патници. Со најновата технологија за безбедносна проверка, компјутерска томографија, капацитетот за проверка на багажот сега е зголемен за 30%, или 1800 парчиња багаж на час. Новата, врвна технологија на системот за ракување со багаж, напредното следење на багажот, зголемениот капацитет и намаленото време на обработка, се дел од нашата визија за иднината на воздушниот сообраќај и ја докажуваат нашата посветеност да обезбедиме беспрекорно патничко искуство, оперативна ефикасност и патничко задоволство. Затоа, скопскиот аеродром сега е подготвен да ги редефинира стандардите за ракување со багажот во регионот. Уверени сме дека ваквите подобрувања и обезбедувањето неспоредлива услуга за нашите патници и авиокомпании дополнително ќе ја зајакнат позицијата на скопскиот аеродром во регионот.“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Сега патниците кои патуваат од скопскиот аеродром за да ги завршат сите аеродромски процедури, може да пристигнуваат на аеродромот 2 часа пред летот.  

The post На скопскиот аеродром веќе нема да се доаѓа три часа пред летот, заврши системот за ракување со багаж appeared first on Република.

]]>

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ја заврши надградбата на системот за ракување со багаж и инсталацијата на нов уред за скенирање багаж на скопскиот аеродром, што претставува уште една капитална инвестиција во вредност од 2,4 милиони евра. Процесот на надградба на системот за ракување со багаж на Меѓународниот Аеродром Скопје и инсталацијата на новиот уред за скенирање почна на 9-ти октомври, а заврши на 28-ми ноември. Целиот проект е завршен за помалку од 2 месеца, а во тој период активностите опфатија демонтирање на рендген уредот „Стандард 2“, инсталирање нов, уред за скенирање „Стандард 3“ и опрема и тестирање на најнова технологија пред пуштањето во употреба.
„ТАВ како водечки аеродромски оператор, со задоволство го објавува завршувањето на големиот проект и значајната инвестиција во надградбата на системот за ракување со багаж на Меѓународниот Аеродром Скопје. Оваа голема инвестиција од 2,4 милиони евра на скопскиот аеродром и самиот проект за надградба на системот за ракување со багаж ќе резултира со оптимизација на внатрешните аеродромски операции и значително ќе придонесе за подобрување на целокупното патничко искуство за нашите патници. Со најновата технологија за безбедносна проверка, компјутерска томографија, капацитетот за проверка на багажот сега е зголемен за 30%, или 1800 парчиња багаж на час. Новата, врвна технологија на системот за ракување со багаж, напредното следење на багажот, зголемениот капацитет и намаленото време на обработка, се дел од нашата визија за иднината на воздушниот сообраќај и ја докажуваат нашата посветеност да обезбедиме беспрекорно патничко искуство, оперативна ефикасност и патничко задоволство. Затоа, скопскиот аеродром сега е подготвен да ги редефинира стандардите за ракување со багажот во регионот. Уверени сме дека ваквите подобрувања и обезбедувањето неспоредлива услуга за нашите патници и авиокомпании дополнително ќе ја зајакнат позицијата на скопскиот аеродром во регионот.“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Сега патниците кои патуваат од скопскиот аеродром за да ги завршат сите аеродромски процедури, може да пристигнуваат на аеродромот 2 часа пред летот.  

The post На скопскиот аеродром веќе нема да се доаѓа три часа пред летот, заврши системот за ракување со багаж appeared first on Република.

]]>
Скопскиот аеродром го модернизира ракувањето со багаж, се размислува за нови субвенционирани летови https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/skopskiot-aerodrom-go-modernizira-rakuvaneto-so-bagazh-se-razmisluva-za-novi-subventsionirani-letovi/ Sun, 05 Nov 2023 07:37:57 +0000 https://republika.mk/?p=698305

Подобрување и модернизација на инфраструктурата и технологијата што се користи за ракување со регистрираниот багаж на патниците на Меѓународнот аеродром Скопје, најавува концесионерот, ТАВ Македонија. Од 9 октомври таму се врши надградба на системот за ракување со багаж - „baggage handling system“ (BHS), процес што се очекува да заврши до крајот на месецов. И концесионерот и Министерството за транспорт и врски велат дека преземаат активности за што повеќе нови дестинации за патниците и очекуваат да продолжи растот во секторот и покрај глобалната инфлаторната клима и најновите геополитички случувања.

Според ТАВ, општо земено, и со оглед на моменталната геополитичка ситуација на глобално ниво, одредени модели на поврзување можеби се променети, но изгледите за годинава и понатаму, во однос на воздушното поврзување се очекува да се подобрат. Ресорното Министерство, пак, информира дека има интерес од странски авиокомпании да влезат на македонскиот пазар, но се уште се прават анализи дали ќе се објави уште еден повик за субвенционирани летови до крајот на годинава.

Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, за МИА објасни дека системот што го надградуваат на Скопскиот аеродром, ја вклучува целата опрема, систем и софтвер кои работат за багажот што треба да се провери со рентген и да се сортира според летот и дестинацијата.

Досега го имавме системот за ракување со багаж кој работи со стандардна 2 конфигурација на скенери и систем за рендген. Со активностите кои се во тек, или редизајнирање и реконфигурирање на системот, ќе го надградиме со помоќна технологија која е како компјутерска томографија, односно со машини т.н. „стандард “. Во пракса, тоа значи демонтирање на опремата „стандард 2” и инсталирање на нова, „стандард 3“ опрема и најнова технологија, вели Курт.

Во периодот на демонтирање и инсталирање не се соочиле со никаков прекин во опслугата на багажот, а вработените од одделот за Техника нашле начин како да се ракува со багажот во овој преоден рок.

Надградбата не значи само физичко инсталирање на нови машини, туку целиот процес е проследен и со период на тестирање, кој исто така е од огромно значење. Ова е причината поради која се огласивме во јавноста и ги советувавме патниците да пристигнат на аеродромот 3 часа пред времето на поаѓање на нивниот лет. Ова го направивме со цел да имаме непречен процес на пријавување во случај да се појави некаков проблем со заднинските активности поврзани со процесот на ракување со багаж и да избегнеме доцнење на летовите, на авионите. Согласно планираните активности, а и според завршените фази досега, веруваме дека до крајот на ноември, а можеби и порано, ќе ја завршиме целата надградба, најавува Курт.

Курт работи во воздухопловниот сектор 23 години, а уште од влезот на ТАВ на македонскиот пазар е дел од високиот менаџмент на ТАВ Македонија.

Во однос на придобивките за патниците, тој посочува дека оваа надградба значи подобрување и модернизација на инфраструктурата и технологијата што се користи за ракување со регистрираниот багаж на патниците, со што, како што вели, се подобрува ефикасноста, сигурноста и безбедноста на процесот на ракување со багажот, како и обезбедување дека тој багаж е прецизно насочен кон правилните летови.

Надградбата на системот за ракување со багаж е еден од најважните проекти што ги имаме оваа година бидејќи ќе ги олесни нашите операции во позадина за проверка и сортирање на багажот, и како што веќе реков, ќе овозможи ефикасен, сигурен и безбеден процес на ракување со багажот, вели Курт.

Тој потсетува дека претходно на аеродромот беше воведена погодност за патниците со попреченост кои патуваат сами и на кои им е потребна помош на аеродромот. Своето пристигнување на аеродромот сега можат да го најават на влезот на паркингот – со јавување преку домофонот, специјално означен и инсталиран за оваа намена, можат да ја контактираат аеродромската Служба за специјална помош, која наскоро по јавувањето на патникот ќе го пречека на паркингот наменет за лица со попреченост и заедно ќе ги завршат сите аеродромски процедури потребни за авионско патување. Од неодамна е реновиран primeclass бизнис-салонот на Скопскиот аеродром, а според Курт работат и на други проекти кои дополнително го подобруваат квалитетот на аеродромското работење и го зголемуваат патничкото искуство на нивните патници.

Променети се одредени модели на поврзување, но во однос на воздушното поврзување очекува да се подобрат

Во однос на генералната состојба во авиосообраќајот и влијанието на најновите геополитички случувања во оваа област, тој нагласува дека воздухопловната индустрија е отпорна индустрија и може да отскокне и да се опорави од кризата, како што беше случај за време на кризата со Ковид-19 и денес, по таа криза.

За авијацијата и воздушниот транспорт да одговорат и да придонесат за економијата и нивниот развој, потребна е поврзаност меѓу градовите и земјите, а капацитетите и фреквенциите на тие рути помеѓу градовите и земјите играат важна улога. Општо земено, и со оглед на моменталната геополитичка ситуација на глобално ниво, одредени модели на поврзување можеби се променети, но изгледите за 2023 година и понатаму, во однос на воздушното поврзување се очекува да се подобрат. Меѓутоа, денес, за среќа, Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, а особено Меѓународниот аеродром Скопје, имаат одлична поврзаност со градовите и широко портфолио на мрежа на дестинации и рути, објаснува генералниот директор на ТАВ Македонија.

Говорејќи за инфлацискиот предизвик, посочува дека како аеродромски оператор не ги одредуваат цените на билетите за летови и оти тие се формираат од инпутите на авиокомпаниите од една страна и побарувачката за патување од друга страна, како и од интензитетот на конкуренцијата на пазарот.

Авионските патувања, вели Курт,  сè уште имаат конкурентска предност во однос на другите средства за патување, особено кога ги споредуваме со цените на различни видови копнен превоз, особено ако се земе предвид дека воздушниот сообраќај е најбезбедниот, најбрзиот и најзгодниот начин да стигнете од точка „А“ до точка „Б“.  Ќе ги вложат, како што најавува, сите напори да обезбедат поголем опсег на дестинации и авиокомпании кои летаат од аеродромите за да има конкурентност и патниците да имаат можност да изберат што најдобро им одговара на нивните потреби, барања и нивниот буџет.

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради КОВИД-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген-зоната, ТАВ Македонија заедно со генетската лабораторијата при Жан Митрев Кли

Актуелниот, зимски ред на летање за 2023/2024 година, што стапи во сила, брои 14 авиокомпании од Меѓународниот Аеродром Скопје, кои летаат до 41 дестинација, додека пак, по фрекфентната летна сезона исполнета со сезонски авиолинии на Охридскиот аеродром, сега таму ќе летаат три авиокомпании до четири дестинации до крајот на март следната година.

На Скопскиот аеродром во текот на оваа година отворени се нови авиолинии до Франкфурт, Осло, Сплит, Љубљана и Сараево, до кои летаат Луфтханза, Норвеџиан ерлајнс, Кроација ерлајнс, Виз Ер и Ејџиан ерлајнс.

Санекспрес ќе продолжи со летови до Измир и Анталија во текот на целата година, додека Виз ер ќе го базира својот 6-ти авион во базата на Скопскиот аеродром и ги зголемува своите фреквенции на летови на девет авиолинии, а авиолинијата Скопје – Луксембург најавија дека ќе ја отворат во втората половина на декември.

Од мај следната година, Ер Балтик ќе ја отвори авиолинијата Скопје – Рига, што, според Курт, ќе биде одлична можност за патниците да ги откријат Балтикот и Скандинавија, бидејќи оваа авиокомпанија има одлична поврзаност во овие географски региони.

Сите наведени авиолинии, заедно со извонредноста на нашите аеродромски услуги којашто ја обезбедуваат нашите посветени колеги кои се ориентирани кон клиентите, очекуваме да ја завршиме оваа година со нов рекорд, кој секако треба да биде надминат во 2024 година, со оглед на нашите проекции и прогнози во однос на воздушниот сообраќај, најавува генералниот извршен диретор на ТАВ Македонија.

Анализи за нов повик за субвенционирани летови, интерес за влез на нови авиокомпании    

По пауза од една година во април повторно стартуваше владината финансиска поддршка за нови летови, кога беа склучени договори со германска „Луфтханза“ за авиолинијата Скопје – Франкфурт и со „Визер“ за четири линии од Скопје до Луксембург, Штутгард, Салцбург и до Љубљана. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски тогаш кажа дека се воведени нови дестинации за кои имало голем интерес од граѓаните, но оти има дополнителни средства да се објави нов повик кон крајот на годината.

Виз ер ќе воведе три нови дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје – Болоња и Торино, двете во Италија, како и Билунд во Данска, додека од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, авиокомпанија

На прашање на МИА дали ќе има нов повик, од Министерството за транспорт и врски одговорија дека со сите надлежни институции во овој сектор прават анализи за развој на авиосообраќајот во државава што ќе го покажат начинот и времето кога е потребно да се распише друг јавен повик за субвенционирани летови.  Истакнуваат и дека има интерес за влез на нови авиокомпании на нашиот пазар.

Несомнено авиосообраќајот во земјава има континуирана нагорна линија и тоа ни дава дополнителен стимул да размислуваме дека капацитетите на домашните аеродроми се уште не се искористени и врз основа на тоа очекуваме дека и во следниот период ќе има потреба од нови јавни повици се со цел да  понудиме што поголем број дестинации, изјавија за МИА од ресорното Министерство.

Не можат да кажат колку би изнесувала финансиската поддршка во случај да има нов повик, но критериумите би останале како тие од претходниот повик, кои, како што потенцираат, биле усогласени со правилата на Европската унија.

Врз основа на договорите Луфтханза се согласи да лета од Скопскиот аеродром без надомест, а за субвенциите за Виз Ер се очекуваат првите фактури за да се утврди колкава ќе биде исплатата. Според Договорот, државата има обврска да исплаќа субвенции од седум евра по патник во заминување, информираат од Министерството за транспорт.

Нивните анализи покажуваат дека авиосообраќајот во земјава се уште има можност за континуиран  раст.

Тоа го покажуваат 2,6 милиони превезени патници до средината на октомври годинава, ни преостануваат уште два месеца до крај годината и очекуваме годинава да имаме рекорден број на превезени патници. Тоа е уште еден показател дека авиосообраќајот се уште има простор за развивање постојано и преку преговорите со државните органи има интерес од странски авиокомпании да влезат на македонскиот пазар.  Исто така и ТАВ на комерцијална основа преговара со останати компании да влезат на македонскиот пазар, информираат од ресорното Министерство.

Со зимскиот ред на летање на „Меѓународен аеродром Скопје” ќе се одржува воздушен сообраќај на 39 линии: Виена, Белград Атина, Загреб, Варшава, Франкфурт, Будимпешта, Стокхолм, Сандефјорд, Гетеборг, Малме, Копенхаген, Ајндховен, Брисел, Париз, Дортмунд, Келн, Фридрихсхафен, Меминген, Базел, Нирнберг, Берлин, Милано, Хамбург, Венеција, Бремен,  Братислава, Рим,  Баден Баден, Малта, Болоња, Љубљана, Луксембург, Лондон, Истанбул, Измир, Сараево, Цирих и Женева.  На аеродромот „Св. Апостол Павле-Охрид”, пак, ќе се опслужуваат линиите кон Цирих, Меминген, Дортмунд, и Виена од страна.

Во периодорт јануари-септември годинава има пораст од 30 проценти на бројот на превезенеи патници преку скопскиот и охридскиот аеродром во однос на 2022 година, а а кај летовите порастот изнесува 19 отсто.

ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, бележи 70 отсто пораст во патничкиот сообраќај во 202

Најчести дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје, според статистиката на патничкиот сообраќај на ТАВ Македонија, за периодот јануари – септември годинава се: Истанбул (двата аеродроми, ИГА и Сабиха Гокчен со 10,8 отсто пазарен удел), Базел Мулхаус (6,1 отсто), Цирих (5,5 отсто), Виена (4,7 отсто), Дортмунд (4,5 отсто), потоа Франкфурт (4,2 отсто), Минхен Меминген (4,1 отсто), Анталија (4 отсто), Малме (2,6 отсто) и Келн (2,6 отсто).

Топ пет земји со најмногу летови во периодот јануари – септември 2023 година се: Германија (27,3 отсто пазарен удел); Турција (16,9 отсто); Швајцарија (13,4 отсто); Шведска (6,7 отсто) и Италија (6,5 отсто).

The post Скопскиот аеродром го модернизира ракувањето со багаж, се размислува за нови субвенционирани летови appeared first on Република.

]]>

Подобрување и модернизација на инфраструктурата и технологијата што се користи за ракување со регистрираниот багаж на патниците на Меѓународнот аеродром Скопје, најавува концесионерот, ТАВ Македонија. Од 9 октомври таму се врши надградба на системот за ракување со багаж - „baggage handling system“ (BHS), процес што се очекува да заврши до крајот на месецов. И концесионерот и Министерството за транспорт и врски велат дека преземаат активности за што повеќе нови дестинации за патниците и очекуваат да продолжи растот во секторот и покрај глобалната инфлаторната клима и најновите геополитички случувања. Според ТАВ, општо земено, и со оглед на моменталната геополитичка ситуација на глобално ниво, одредени модели на поврзување можеби се променети, но изгледите за годинава и понатаму, во однос на воздушното поврзување се очекува да се подобрат. Ресорното Министерство, пак, информира дека има интерес од странски авиокомпании да влезат на македонскиот пазар, но се уште се прават анализи дали ќе се објави уште еден повик за субвенционирани летови до крајот на годинава. Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, за МИА објасни дека системот што го надградуваат на Скопскиот аеродром, ја вклучува целата опрема, систем и софтвер кои работат за багажот што треба да се провери со рентген и да се сортира според летот и дестинацијата.
Досега го имавме системот за ракување со багаж кој работи со стандардна 2 конфигурација на скенери и систем за рендген. Со активностите кои се во тек, или редизајнирање и реконфигурирање на системот, ќе го надградиме со помоќна технологија која е како компјутерска томографија, односно со машини т.н. „стандард “. Во пракса, тоа значи демонтирање на опремата „стандард 2” и инсталирање на нова, „стандард 3“ опрема и најнова технологија, вели Курт.
Во периодот на демонтирање и инсталирање не се соочиле со никаков прекин во опслугата на багажот, а вработените од одделот за Техника нашле начин како да се ракува со багажот во овој преоден рок.
Надградбата не значи само физичко инсталирање на нови машини, туку целиот процес е проследен и со период на тестирање, кој исто така е од огромно значење. Ова е причината поради која се огласивме во јавноста и ги советувавме патниците да пристигнат на аеродромот 3 часа пред времето на поаѓање на нивниот лет. Ова го направивме со цел да имаме непречен процес на пријавување во случај да се појави некаков проблем со заднинските активности поврзани со процесот на ракување со багаж и да избегнеме доцнење на летовите, на авионите. Согласно планираните активности, а и според завршените фази досега, веруваме дека до крајот на ноември, а можеби и порано, ќе ја завршиме целата надградба, најавува Курт.
Курт работи во воздухопловниот сектор 23 години, а уште од влезот на ТАВ на македонскиот пазар е дел од високиот менаџмент на ТАВ Македонија. Во однос на придобивките за патниците, тој посочува дека оваа надградба значи подобрување и модернизација на инфраструктурата и технологијата што се користи за ракување со регистрираниот багаж на патниците, со што, како што вели, се подобрува ефикасноста, сигурноста и безбедноста на процесот на ракување со багажот, како и обезбедување дека тој багаж е прецизно насочен кон правилните летови.
Надградбата на системот за ракување со багаж е еден од најважните проекти што ги имаме оваа година бидејќи ќе ги олесни нашите операции во позадина за проверка и сортирање на багажот, и како што веќе реков, ќе овозможи ефикасен, сигурен и безбеден процес на ракување со багажот, вели Курт.
Тој потсетува дека претходно на аеродромот беше воведена погодност за патниците со попреченост кои патуваат сами и на кои им е потребна помош на аеродромот. Своето пристигнување на аеродромот сега можат да го најават на влезот на паркингот – со јавување преку домофонот, специјално означен и инсталиран за оваа намена, можат да ја контактираат аеродромската Служба за специјална помош, која наскоро по јавувањето на патникот ќе го пречека на паркингот наменет за лица со попреченост и заедно ќе ги завршат сите аеродромски процедури потребни за авионско патување. Од неодамна е реновиран primeclass бизнис-салонот на Скопскиот аеродром, а според Курт работат и на други проекти кои дополнително го подобруваат квалитетот на аеродромското работење и го зголемуваат патничкото искуство на нивните патници.

Променети се одредени модели на поврзување, но во однос на воздушното поврзување очекува да се подобрат

Во однос на генералната состојба во авиосообраќајот и влијанието на најновите геополитички случувања во оваа област, тој нагласува дека воздухопловната индустрија е отпорна индустрија и може да отскокне и да се опорави од кризата, како што беше случај за време на кризата со Ковид-19 и денес, по таа криза.
За авијацијата и воздушниот транспорт да одговорат и да придонесат за економијата и нивниот развој, потребна е поврзаност меѓу градовите и земјите, а капацитетите и фреквенциите на тие рути помеѓу градовите и земјите играат важна улога. Општо земено, и со оглед на моменталната геополитичка ситуација на глобално ниво, одредени модели на поврзување можеби се променети, но изгледите за 2023 година и понатаму, во однос на воздушното поврзување се очекува да се подобрат. Меѓутоа, денес, за среќа, Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, а особено Меѓународниот аеродром Скопје, имаат одлична поврзаност со градовите и широко портфолио на мрежа на дестинации и рути, објаснува генералниот директор на ТАВ Македонија.
Говорејќи за инфлацискиот предизвик, посочува дека како аеродромски оператор не ги одредуваат цените на билетите за летови и оти тие се формираат од инпутите на авиокомпаниите од една страна и побарувачката за патување од друга страна, како и од интензитетот на конкуренцијата на пазарот. Авионските патувања, вели Курт,  сè уште имаат конкурентска предност во однос на другите средства за патување, особено кога ги споредуваме со цените на различни видови копнен превоз, особено ако се земе предвид дека воздушниот сообраќај е најбезбедниот, најбрзиот и најзгодниот начин да стигнете од точка „А“ до точка „Б“.  Ќе ги вложат, како што најавува, сите напори да обезбедат поголем опсег на дестинации и авиокомпании кои летаат од аеродромите за да има конкурентност и патниците да имаат можност да изберат што најдобро им одговара на нивните потреби, барања и нивниот буџет. Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради КОВИД-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген-зоната, ТАВ Македонија заедно со генетската лабораторијата при Жан Митрев Кли Актуелниот, зимски ред на летање за 2023/2024 година, што стапи во сила, брои 14 авиокомпании од Меѓународниот Аеродром Скопје, кои летаат до 41 дестинација, додека пак, по фрекфентната летна сезона исполнета со сезонски авиолинии на Охридскиот аеродром, сега таму ќе летаат три авиокомпании до четири дестинации до крајот на март следната година. На Скопскиот аеродром во текот на оваа година отворени се нови авиолинии до Франкфурт, Осло, Сплит, Љубљана и Сараево, до кои летаат Луфтханза, Норвеџиан ерлајнс, Кроација ерлајнс, Виз Ер и Ејџиан ерлајнс. Санекспрес ќе продолжи со летови до Измир и Анталија во текот на целата година, додека Виз ер ќе го базира својот 6-ти авион во базата на Скопскиот аеродром и ги зголемува своите фреквенции на летови на девет авиолинии, а авиолинијата Скопје – Луксембург најавија дека ќе ја отворат во втората половина на декември. Од мај следната година, Ер Балтик ќе ја отвори авиолинијата Скопје – Рига, што, според Курт, ќе биде одлична можност за патниците да ги откријат Балтикот и Скандинавија, бидејќи оваа авиокомпанија има одлична поврзаност во овие географски региони.
Сите наведени авиолинии, заедно со извонредноста на нашите аеродромски услуги којашто ја обезбедуваат нашите посветени колеги кои се ориентирани кон клиентите, очекуваме да ја завршиме оваа година со нов рекорд, кој секако треба да биде надминат во 2024 година, со оглед на нашите проекции и прогнози во однос на воздушниот сообраќај, најавува генералниот извршен диретор на ТАВ Македонија.

Анализи за нов повик за субвенционирани летови, интерес за влез на нови авиокомпании    

По пауза од една година во април повторно стартуваше владината финансиска поддршка за нови летови, кога беа склучени договори со германска „Луфтханза“ за авиолинијата Скопје – Франкфурт и со „Визер“ за четири линии од Скопје до Луксембург, Штутгард, Салцбург и до Љубљана. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски тогаш кажа дека се воведени нови дестинации за кои имало голем интерес од граѓаните, но оти има дополнителни средства да се објави нов повик кон крајот на годината. Виз ер ќе воведе три нови дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје – Болоња и Торино, двете во Италија, како и Билунд во Данска, додека од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, авиокомпанија На прашање на МИА дали ќе има нов повик, од Министерството за транспорт и врски одговорија дека со сите надлежни институции во овој сектор прават анализи за развој на авиосообраќајот во државава што ќе го покажат начинот и времето кога е потребно да се распише друг јавен повик за субвенционирани летови.  Истакнуваат и дека има интерес за влез на нови авиокомпании на нашиот пазар.
Несомнено авиосообраќајот во земјава има континуирана нагорна линија и тоа ни дава дополнителен стимул да размислуваме дека капацитетите на домашните аеродроми се уште не се искористени и врз основа на тоа очекуваме дека и во следниот период ќе има потреба од нови јавни повици се со цел да  понудиме што поголем број дестинации, изјавија за МИА од ресорното Министерство.
Не можат да кажат колку би изнесувала финансиската поддршка во случај да има нов повик, но критериумите би останале како тие од претходниот повик, кои, како што потенцираат, биле усогласени со правилата на Европската унија.
Врз основа на договорите Луфтханза се согласи да лета од Скопскиот аеродром без надомест, а за субвенциите за Виз Ер се очекуваат првите фактури за да се утврди колкава ќе биде исплатата. Според Договорот, државата има обврска да исплаќа субвенции од седум евра по патник во заминување, информираат од Министерството за транспорт.
Нивните анализи покажуваат дека авиосообраќајот во земјава се уште има можност за континуиран  раст.
Тоа го покажуваат 2,6 милиони превезени патници до средината на октомври годинава, ни преостануваат уште два месеца до крај годината и очекуваме годинава да имаме рекорден број на превезени патници. Тоа е уште еден показател дека авиосообраќајот се уште има простор за развивање постојано и преку преговорите со државните органи има интерес од странски авиокомпании да влезат на македонскиот пазар.  Исто така и ТАВ на комерцијална основа преговара со останати компании да влезат на македонскиот пазар, информираат од ресорното Министерство.
Со зимскиот ред на летање на „Меѓународен аеродром Скопје” ќе се одржува воздушен сообраќај на 39 линии: Виена, Белград Атина, Загреб, Варшава, Франкфурт, Будимпешта, Стокхолм, Сандефјорд, Гетеборг, Малме, Копенхаген, Ајндховен, Брисел, Париз, Дортмунд, Келн, Фридрихсхафен, Меминген, Базел, Нирнберг, Берлин, Милано, Хамбург, Венеција, Бремен,  Братислава, Рим,  Баден Баден, Малта, Болоња, Љубљана, Луксембург, Лондон, Истанбул, Измир, Сараево, Цирих и Женева.  На аеродромот „Св. Апостол Павле-Охрид”, пак, ќе се опслужуваат линиите кон Цирих, Меминген, Дортмунд, и Виена од страна. Во периодорт јануари-септември годинава има пораст од 30 проценти на бројот на превезенеи патници преку скопскиот и охридскиот аеродром во однос на 2022 година, а а кај летовите порастот изнесува 19 отсто. ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, бележи 70 отсто пораст во патничкиот сообраќај во 202 Најчести дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје, според статистиката на патничкиот сообраќај на ТАВ Македонија, за периодот јануари – септември годинава се: Истанбул (двата аеродроми, ИГА и Сабиха Гокчен со 10,8 отсто пазарен удел), Базел Мулхаус (6,1 отсто), Цирих (5,5 отсто), Виена (4,7 отсто), Дортмунд (4,5 отсто), потоа Франкфурт (4,2 отсто), Минхен Меминген (4,1 отсто), Анталија (4 отсто), Малме (2,6 отсто) и Келн (2,6 отсто). Топ пет земји со најмногу летови во периодот јануари – септември 2023 година се: Германија (27,3 отсто пазарен удел); Турција (16,9 отсто); Швајцарија (13,4 отсто); Шведска (6,7 отсто) и Италија (6,5 отсто).

The post Скопскиот аеродром го модернизира ракувањето со багаж, се размислува за нови субвенционирани летови appeared first on Република.

]]>
ТАВ: Аеродромите во Скопје и Охрид со 2,4 милиони патници во првите девет месеци годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tav-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid-so-2-4-milioni-patnitsi-vo-prvite-devet-mesetsi-godinava/ Wed, 18 Oct 2023 09:31:17 +0000 https://republika.mk/?p=692439

Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид бележат пораст од 30 отсто на патничкиот сообраќај за периодот јануари – септември 2023 година во однос на 2022 година и пораст од 15 проценти во однос на 2019 година, соопшти ТАВ Македонија.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, бележи зголемен број на патници за периодот јануари – септември 2023 година, кога вкупно 2,4 милиони (2 357 712) патувале преку двата аеродрома, во Скопје и Охрид, што претставува годишен пораст од 30 отсто во однос на 2022 година.

Во споредба со 2019-та, која се смета за референтна година во воздухопловството, како најдобрата година во однос на патничкиот сообраќај пред КОВИД-19, двата аеродрома бележат 15 отсто повеќе патници во периодот јануари – септември 2023 година.

Во однос на бројот летови за истиот период, годишниот пораст е 19 проценти, односно пет отсто споредено со 2022 и 2019 или на аеродромите во Скопје и Охрид се реализирани и опслужени вкупно 17 683 летови.

-Среќни сме што забележуваме зголемување на бројот на патници за 30 отсто за аеродромите во Скопје и Охрид во споредба со статистиката од 2022 година. Посебно ни е драго што за само девет месеци од 2023 година, со 2,4 милиони патници, речиси го достигнавме бројот на опслужени патници во целата 2022 година. Ова претставува продолжување на позитивниот тренд на закрепнување, а она што нè прави особено горди е што статистиката на воздушниот сообраќај за двата македонски аеродроми не само што ја надминува референтната 2019 година за 15 отсто, туку ги надминува прогнозите на ACI* за обем на патници на глобално ниво во 2023 година, што е 94,2% од нивото од 2019 година. Очекуваме до крајот на оваа година, со новите линии и новите авиокомпании кои влегоа на македонскиот пазар, заедно со извонредноста во нашите услуги што ги даваат нашите посветени и ориентирани кон клиентите колеги, ќе ја заокружиме 2023 година како година на рушење нови рекорди, вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Во 2023 година, досега, две нови авиокомпании влегоа на македонскиот авијациски пазар, Lufthansa и Norwegian, со редовни или сезонски летови до Франкфурт, односно Осло. Во меѓувреме, од скопскиот аеродром SunExpress најави дека чартер летовите до Измир и Анталија ќе продолжат да сообраќаат како редовни летови од претстојната зимска сезона, а Wizz Air започна со редовни летови до Љубљана. Дополнително, AEGEAN, од 2 октомври 2023 година започна да лета до Сараево. Охридскиот аеродром имаше одлична летна сезона засилена со сезонските и чартер летови до Белград, на Air Serbia и до Манчестер и Лондон (Гетвик), на TUI.

Најчести дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје, според статистиката на патничкиот сообраќај на ТАВ Македонија, за периодот јануари – септември 2023 година, биле Истанбул (двата аеродрома, IGA и Sabiha Gokcen со 10,8 отсто пазарен удел), Базел Милуз (6,1 отсто), Цирих (5,5), Виена (4,7), Дортмунд (4,5), Франкфурт (4,2), Минхен Меминген (4,1), Анталија (4), Малме (2,6) и Келн (2,6 поценти).

Топ 5 земји со директни летови за јануари – септември 2023 година беа Германија (27,3 отсто удел на пазарот), Турција (16,9) Швајцарија (13,4), Шведска (6,7) и Италија (6,5 проценти).

Што се однесува до учеството на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај за првите девет месеци од 2023 година на скопскиот аеродром, Wizz Air превезе најголем број патници (60,2 отсто удел на пазарот), потоа Turkish Airlines (7,4), Pegasus Airlines (6,1), Austrian Airlines (4,7), Chair Airlines (3,7).

Најчеста дестинација за патување за трите квартали од 2023 година, јануари – септември, од охридскиот аеродром е Базел (21,5 проценти удел на пазарот), потоа Виена (21), Дортмунд (16,4), Меминген (11,9), Малме (9,4), Цирих (9,3), Амстердам (8,8), а останатите дестинации имаат 0,5 отсто.

Во моментов, според распоредот на летови, од Меѓународниот аеродром Скопје летаат 14 авиокомпании до 41 дестинација, додека на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ две авиокомпании летаат до 6 дестинации.

The post ТАВ: Аеродромите во Скопје и Охрид со 2,4 милиони патници во првите девет месеци годинава appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид бележат пораст од 30 отсто на патничкиот сообраќај за периодот јануари – септември 2023 година во однос на 2022 година и пораст од 15 проценти во однос на 2019 година, соопшти ТАВ Македонија. ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, бележи зголемен број на патници за периодот јануари – септември 2023 година, кога вкупно 2,4 милиони (2 357 712) патувале преку двата аеродрома, во Скопје и Охрид, што претставува годишен пораст од 30 отсто во однос на 2022 година. Во споредба со 2019-та, која се смета за референтна година во воздухопловството, како најдобрата година во однос на патничкиот сообраќај пред КОВИД-19, двата аеродрома бележат 15 отсто повеќе патници во периодот јануари – септември 2023 година. Во однос на бројот летови за истиот период, годишниот пораст е 19 проценти, односно пет отсто споредено со 2022 и 2019 или на аеродромите во Скопје и Охрид се реализирани и опслужени вкупно 17 683 летови. -Среќни сме што забележуваме зголемување на бројот на патници за 30 отсто за аеродромите во Скопје и Охрид во споредба со статистиката од 2022 година. Посебно ни е драго што за само девет месеци од 2023 година, со 2,4 милиони патници, речиси го достигнавме бројот на опслужени патници во целата 2022 година. Ова претставува продолжување на позитивниот тренд на закрепнување, а она што нè прави особено горди е што статистиката на воздушниот сообраќај за двата македонски аеродроми не само што ја надминува референтната 2019 година за 15 отсто, туку ги надминува прогнозите на ACI* за обем на патници на глобално ниво во 2023 година, што е 94,2% од нивото од 2019 година. Очекуваме до крајот на оваа година, со новите линии и новите авиокомпании кои влегоа на македонскиот пазар, заедно со извонредноста во нашите услуги што ги даваат нашите посветени и ориентирани кон клиентите колеги, ќе ја заокружиме 2023 година како година на рушење нови рекорди, вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Во 2023 година, досега, две нови авиокомпании влегоа на македонскиот авијациски пазар, Lufthansa и Norwegian, со редовни или сезонски летови до Франкфурт, односно Осло. Во меѓувреме, од скопскиот аеродром SunExpress најави дека чартер летовите до Измир и Анталија ќе продолжат да сообраќаат како редовни летови од претстојната зимска сезона, а Wizz Air започна со редовни летови до Љубљана. Дополнително, AEGEAN, од 2 октомври 2023 година започна да лета до Сараево. Охридскиот аеродром имаше одлична летна сезона засилена со сезонските и чартер летови до Белград, на Air Serbia и до Манчестер и Лондон (Гетвик), на TUI. Најчести дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје, според статистиката на патничкиот сообраќај на ТАВ Македонија, за периодот јануари – септември 2023 година, биле Истанбул (двата аеродрома, IGA и Sabiha Gokcen со 10,8 отсто пазарен удел), Базел Милуз (6,1 отсто), Цирих (5,5), Виена (4,7), Дортмунд (4,5), Франкфурт (4,2), Минхен Меминген (4,1), Анталија (4), Малме (2,6) и Келн (2,6 поценти). Топ 5 земји со директни летови за јануари – септември 2023 година беа Германија (27,3 отсто удел на пазарот), Турција (16,9) Швајцарија (13,4), Шведска (6,7) и Италија (6,5 проценти). Што се однесува до учеството на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај за првите девет месеци од 2023 година на скопскиот аеродром, Wizz Air превезе најголем број патници (60,2 отсто удел на пазарот), потоа Turkish Airlines (7,4), Pegasus Airlines (6,1), Austrian Airlines (4,7), Chair Airlines (3,7). Најчеста дестинација за патување за трите квартали од 2023 година, јануари – септември, од охридскиот аеродром е Базел (21,5 проценти удел на пазарот), потоа Виена (21), Дортмунд (16,4), Меминген (11,9), Малме (9,4), Цирих (9,3), Амстердам (8,8), а останатите дестинации имаат 0,5 отсто. Во моментов, според распоредот на летови, од Меѓународниот аеродром Скопје летаат 14 авиокомпании до 41 дестинација, додека на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ две авиокомпании летаат до 6 дестинации.

The post ТАВ: Аеродромите во Скопје и Охрид со 2,4 милиони патници во првите девет месеци годинава appeared first on Република.

]]>
Од денеска на скопскиот аеродром три часа порано за чекирање на багажот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-deneska-na-skopskiot-aerodrom-tri-chasa-porano-za-chekirane-na-bagazhot/ Mon, 09 Oct 2023 08:06:44 +0000 https://republika.mk/?p=689417

Од денеска до крајот на ноември патниците кои ќе ги користат авионските услуги на Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигнат три часа пред летот.

Од „ТАВ Македонија“ во петокот информираа дека авиокомпанијата ќе врши надградба на системот за багаж.

- Почнувајќи од 9-ти октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж. Затоа, апелираме до сите вас коишто ќе патувате во наведениот временски период преку Меѓународниот Аеродром Скопје, да пристигнувате на аеродромот, односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, три часа пред планираното време на полетување на вашиот лет, стои во соопштението.

The post Од денеска на скопскиот аеродром три часа порано за чекирање на багажот appeared first on Република.

]]>

Од денеска до крајот на ноември патниците кои ќе ги користат авионските услуги на Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигнат три часа пред летот. Од „ТАВ Македонија“ во петокот информираа дека авиокомпанијата ќе врши надградба на системот за багаж. - Почнувајќи од 9-ти октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж. Затоа, апелираме до сите вас коишто ќе патувате во наведениот временски период преку Меѓународниот Аеродром Скопје, да пристигнувате на аеродромот, односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, три часа пред планираното време на полетување на вашиот лет, стои во соопштението.

The post Од денеска на скопскиот аеродром три часа порано за чекирање на багажот appeared first on Република.

]]>