тав македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tav-makedonija/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 06:51:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тав македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tav-makedonija/ 32 32 Новиот модел на субвенционирање на авиолетови ќе има огромен ефект, смета директорот Курт https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/noviot-model-na-subventsionirane-na-avio-letovi-ke-ima-ogromen-efekt-smeta-direktorot-kurt/ Fri, 20 Sep 2024 06:36:34 +0000 https://republika.mk/?p=818007

Новиот модел на субвенционирање на авиолетови преку субвенционирање на авиокомпаниите ќе има огромен ефект за зголемување на бројот на авиокомпании, но и на дестинации од македонските аеродроми, смета директорот на ТАВ Македонија Неџат Курт.

Колку што сум информиран има многу заинтересирани авиокомпании кои аплицирале на повикот, но во моментов не моќе да откријам точно кои. Веруваме дека ќе има огромен ефект за зголемување на бројот како на авиокомпании, така и на нови дестинации безз разлика дали тие нови дестинации ќе бидат од една иста компанија или од повеќе различни, изјави Курт во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Анталија каде ТАВ го реновира аеродромот со кој управува.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ima-golem-interes-od-aviokompanii-za-voveduvane-novi-destinatsii/

Тој нагласи дека пред да биде финализиран јавниот повик претставниците на ТАВ имале редовни состаноци со Комисијата од Министерството за транспорт и врски.

Има пријавено авиокомпании кои се заинтересирани за дестинации кои претходно беа оперирани од  аеродромите, но и за нови. Не би сакал да ги откривам имињата зошто сега се заинтересирани, вие можеби ќе објавите вест, а после можеби повеќе нема да бидат заинтересирани. Ние постојано градиме односи и преговараме со авиокомпаниите со министри, со амбасадори, особено со министрите за надворешни работи кога доаѓаат за отворање на некоја авиолинија која е барана. Имаме и наша програма за субвенции на авиокомпании, но сепак на крајот одлуката за тоа дали ќе се воведе некоја дестинација или не или, пак, дали некоја авиокомпанија ќе почне да оперира од аеродромите останува на самите авиокомпании ко ја носат финалната одлука. Се надевам дека ќе биде подобро. Ќе видиме каков ќе биде ефектот од субвенциите од Владата и како сето тоа ќе се проследи и ќе продолжи понатаму, рече Курт.

Најави дека наскоро ќе го финализираат мастер планот за развојот на македонските аеродроми во наредните 20 до 30 години и дека ќе и го престават на Владата.

Нашата концесија истекува во 2032 година, но обврска на секој аеродромски оператор е да ја предвиди и планира иднината, односно што е потребно да се направи со аеродромите и со околината и да ги сподели своите согледувања со властите без разлика дали ќе продолжи да управува или ќе си замине. Ние нашиот мастер план ќе го споделиме со Владата и тој не е поврзан со концесијата, рече Курт и додаде дека со мастерпланот сакаат на двата аеродроми да им го зголемат капацитетот и да ги направат поефикасни.

The post Новиот модел на субвенционирање на авиолетови ќе има огромен ефект, смета директорот Курт appeared first on Република.

]]>

Новиот модел на субвенционирање на авиолетови преку субвенционирање на авиокомпаниите ќе има огромен ефект за зголемување на бројот на авиокомпании, но и на дестинации од македонските аеродроми, смета директорот на ТАВ Македонија Неџат Курт.
Колку што сум информиран има многу заинтересирани авиокомпании кои аплицирале на повикот, но во моментов не моќе да откријам точно кои. Веруваме дека ќе има огромен ефект за зголемување на бројот како на авиокомпании, така и на нови дестинации безз разлика дали тие нови дестинации ќе бидат од една иста компанија или од повеќе различни, изјави Курт во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Анталија каде ТАВ го реновира аеродромот со кој управува.
https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ima-golem-interes-od-aviokompanii-za-voveduvane-novi-destinatsii/ Тој нагласи дека пред да биде финализиран јавниот повик претставниците на ТАВ имале редовни состаноци со Комисијата од Министерството за транспорт и врски.
Има пријавено авиокомпании кои се заинтересирани за дестинации кои претходно беа оперирани од  аеродромите, но и за нови. Не би сакал да ги откривам имињата зошто сега се заинтересирани, вие можеби ќе објавите вест, а после можеби повеќе нема да бидат заинтересирани. Ние постојано градиме односи и преговараме со авиокомпаниите со министри, со амбасадори, особено со министрите за надворешни работи кога доаѓаат за отворање на некоја авиолинија која е барана. Имаме и наша програма за субвенции на авиокомпании, но сепак на крајот одлуката за тоа дали ќе се воведе некоја дестинација или не или, пак, дали некоја авиокомпанија ќе почне да оперира од аеродромите останува на самите авиокомпании ко ја носат финалната одлука. Се надевам дека ќе биде подобро. Ќе видиме каков ќе биде ефектот од субвенциите од Владата и како сето тоа ќе се проследи и ќе продолжи понатаму, рече Курт.
Најави дека наскоро ќе го финализираат мастер планот за развојот на македонските аеродроми во наредните 20 до 30 години и дека ќе и го престават на Владата.
Нашата концесија истекува во 2032 година, но обврска на секој аеродромски оператор е да ја предвиди и планира иднината, односно што е потребно да се направи со аеродромите и со околината и да ги сподели своите согледувања со властите без разлика дали ќе продолжи да управува или ќе си замине. Ние нашиот мастер план ќе го споделиме со Владата и тој не е поврзан со концесијата, рече Курт и додаде дека со мастерпланот сакаат на двата аеродроми да им го зголемат капацитетот и да ги направат поефикасни.

The post Новиот модел на субвенционирање на авиолетови ќе има огромен ефект, смета директорот Курт appeared first on Република.

]]>
Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството на Меѓународниот аеродром – Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tsarina-ke-gi-zajaknuva-kontrolite-i-prisustvoto-na-megunarodniot-aerodrom-skopje/ Thu, 08 Aug 2024 12:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=804579

Унапредување на процесите на царинење преку унапредување на анализата на ризик со цел поголеми приходи во Буџетот, поголемо присуство на царинските службеници во делот на селекција на сомнителни пратки, како и подобрување на информираноста на граѓаните за пријавување на стоката при влез и излез од државата. Ова беа суштинските заклучоци од денешната средба на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски со генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, сооштуваат од Царинската управа.

Главен приоритет ми е жестока борба со криминалот и корупцијата, но и менување на свеста кај царинските службеници. Ова е тимска работа и заедно мора да водиме заедничка борба со цел да ги движиме работите напред. Секој царински службеник мора да стане свесен дека секој ден доаѓа на работа за да испорача конкретни резултати кои ќе бидат видливи преку поголеми приходи во Буџетот и да спречи криминал, истакнал Николовски.

Двете страни се согласиле дека ова е заедничка борба и оти заеднички мора да се работи на унапредување на соработката, сè со цел модернизација на процесите и подобрување на имиџот на институциите кои се огледало на државата, како и сузбивање на криминалот.

The post Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството на Меѓународниот аеродром – Скопје appeared first on Република.

Скенирањето на мобилниот на косовската претседателка бил главна причина за инцидентот на скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skeniraneto-na-mobilniot-na-kosovskata-pretsedatelka-bil-glavna-prichina-za-intsidentot-na-skopskiot-aerodrom/ Fri, 02 Aug 2024 08:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=802538

Не стивнуваат реакциите по тешкиот вооружен инцидент кој вчера утро се случил на аеродромот на ТАВ во Скопје, кога член од обезбедувањето на собранискиот спикер Африм Гаши се заканувал на вработен на аеродромот бидејќи не дозволил косовската претседателка Вјоса Османи да ја прескокне скен контролата.

Според информациите од МВР, во ВИП делот за проверка на патниците кои слетале од Париз била и косовската претседателска Вјоса Османи. Во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер.

По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши кој бил полициски службеник со уште две други лица исто така вработени во МВР и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој ѝ направил проблем на претседателката.

При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин.

Но, според написите на дел од медиумите расправијата прераснала во инцидент откако обезбедување на Гаши освен вербалните закани извадило и пиштол и го вперило кон вработени на ТАВ и вработен на граничниот премин на Аердоромот.

Од МВР, информираат дека веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со обвинителството при Одделнието за борба проитв организран криминал се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што, велат ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-na-skopskiot-aerodrom-obezbeduvaneto-na-pretsedatelkata-na-kosovo-ottrgnalo-vraboten-vo-tav-se-vmeshalo-i-obezbeduvaneto-na-gashi/

Од одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија реагираат дека постапиле во рамките на своите овластувања и спровеле стандардна безбедносна проверка на претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу и на нејзиниот багаж на пунктот за безбедноста проверка во ВИП-салонот со што, како што потенцираат - воопшто не беше загрозена авијациската безбедност и безбедноста на патниците.

-Во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство, ТАВ Македонија како аеродромски оператор има законска обврска за спроведување на безбедносен преглед на сите патници, багаж и стоки на летовите од Меѓународниот аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, вклучувајќи ги и патниците кои патуваат преку ВИП-салонот. Оттука, Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија, постапувајќи во рамките на своите овластувања спроведе стандардна безбедносна проверка на споменатиот патник како и на неговиот багаж, на пунктот за безбедноста проверка во ВИП- салонот, со цел обезбедување на конкретниот комерцијален лет, велат од ТАВ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tav-makedonija-obezbeduvaneto-postapi-vo-ramkite-na-svoite-ovlastuvana-i-sprovede-standardna-bezbednosna-proverka/

По повод инцидентот на Скопскиот аеродром, се огласија и од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, oд каде велат дека тој демантира какво била вмешаност на членови на неговото лично обезбедување во денешниот инцидент на скопскиот аеродром.

Наспроти овие информации, членовите на безбедносниот тим на претседателот на Собранието Гаши биле присутни само за да се смири ситуацијата настаната од недоразбирањето меѓу обезбедувањето на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, и припадниците на аеродромското обезбедување, велат од Кабинетот.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kabinet-na-gashi-obezbeduvaneto-interveniralo-za-da-ja-smiri-situatsijata/

The post Скенирањето на мобилниот на косовската претседателка бил главна причина за инцидентот на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Не стивнуваат реакциите по тешкиот вооружен инцидент кој вчера утро се случил на аеродромот на ТАВ во Скопје, кога член од обезбедувањето на собранискиот спикер Африм Гаши се заканувал на вработен на аеродромот бидејќи не дозволил косовската претседателка Вјоса Османи да ја прескокне скен контролата. Според информациите од МВР, во ВИП делот за проверка на патниците кои слетале од Париз била и косовската претседателска Вјоса Османи. Во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер. По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши кој бил полициски службеник со уште две други лица исто така вработени во МВР и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој ѝ направил проблем на претседателката. При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин. Но, според написите на дел од медиумите расправијата прераснала во инцидент откако обезбедување на Гаши освен вербалните закани извадило и пиштол и го вперило кон вработени на ТАВ и вработен на граничниот премин на Аердоромот. Од МВР, информираат дека веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со обвинителството при Одделнието за борба проитв организран криминал се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што, велат ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-na-skopskiot-aerodrom-obezbeduvaneto-na-pretsedatelkata-na-kosovo-ottrgnalo-vraboten-vo-tav-se-vmeshalo-i-obezbeduvaneto-na-gashi/ Од одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија реагираат дека постапиле во рамките на своите овластувања и спровеле стандардна безбедносна проверка на претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу и на нејзиниот багаж на пунктот за безбедноста проверка во ВИП-салонот со што, како што потенцираат - воопшто не беше загрозена авијациската безбедност и безбедноста на патниците.
-Во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство, ТАВ Македонија како аеродромски оператор има законска обврска за спроведување на безбедносен преглед на сите патници, багаж и стоки на летовите од Меѓународниот аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, вклучувајќи ги и патниците кои патуваат преку ВИП-салонот. Оттука, Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија, постапувајќи во рамките на своите овластувања спроведе стандардна безбедносна проверка на споменатиот патник како и на неговиот багаж, на пунктот за безбедноста проверка во ВИП- салонот, со цел обезбедување на конкретниот комерцијален лет, велат од ТАВ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/tav-makedonija-obezbeduvaneto-postapi-vo-ramkite-na-svoite-ovlastuvana-i-sprovede-standardna-bezbednosna-proverka/ По повод инцидентот на Скопскиот аеродром, се огласија и од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, oд каде велат дека тој демантира какво била вмешаност на членови на неговото лично обезбедување во денешниот инцидент на скопскиот аеродром. Наспроти овие информации, членовите на безбедносниот тим на претседателот на Собранието Гаши биле присутни само за да се смири ситуацијата настаната од недоразбирањето меѓу обезбедувањето на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, и припадниците на аеродромското обезбедување, велат од Кабинетот. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kabinet-na-gashi-obezbeduvaneto-interveniralo-za-da-ja-smiri-situatsijata/

The post Скенирањето на мобилниот на косовската претседателка бил главна причина за инцидентот на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Засега нема откажани летови, сите аеродромски услуги се во функција, велат од ТАВ Македонија во врска со глобалниот ИТ прекин https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zasega-nema-otkazhani-letovi-site-aerodromski-uslugi-se-vo-funktsija-velat-od-tav-makedonija-vo-vrska-so-globalniot-it-prekin/ Fri, 19 Jul 2024 13:17:51 +0000 https://republika.mk/?p=798485

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, известува дека сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови, во врска со глобалниот ИТ прекин.

Не се соочуваме со прекини или технички проблеми на нашите системи. Факт е дека одредени авиокомпании се соочуваат со тешкотии со нивните системи, но ние презедовме мерки за овозможување на непречени операции на аеродромите. Сепак, ги советуваме и апелираме до сите патници да ги проверат и потврдат информациите за нивниот лет со авиокомпанијата или туристичката агенција преку која резервирале авиобиле“, се истакнува во официјалното соопштение.

Од таму додаваат дека сите аеродромски сектори се во состојба на подготвеност поради глобалниот ИТ прекин и се преземаат сите неопходни мерки за опслужување на нивните патници на најдобар можен начин.

The post Засега нема откажани летови, сите аеродромски услуги се во функција, велат од ТАВ Македонија во врска со глобалниот ИТ прекин appeared first on Република.

Ова се дестинациите за летната сезона со летови од Скопје и Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ova-se-destinatsiite-za-letnata-sezona-so-letovi-od-skopje-i-ohrid/ Sat, 30 Mar 2024 09:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=760327

Во летната сезона од Скопскиот аеродром ќе се патува до Рига како нова дестинација, а покрај редовните ќе има и сезонски и чартер летови до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир. До Охридскиот аеродром, пак, ќе има чартер летови од Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер, а авиокомпанијата Ер Србија ќе почне да лета на релација Белград-Охрид-Белград, информираат за МИА од ТАВ Македонија.

Со летниот ред на летање, одобрен од Агенцијата за цивилно воздухопловство, што стапува во сила утре, на Меѓународниот Аеродром Скопје во летната сезона ќе има 59 дестинации управувани од 22 авиокомпании.

Со Виз ер: Базел-Мулхаус, Берлин, Братислава, Бремен, Брисел Шарлроа, Будимпешта, Келн, Копенхаген, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт Хан, Фридрихсхафен, Гетеборг, Хамбург , Малме, Малта, Милано Малпенса, Минхен Меминген, Нирнберг, Осло Сандефјорд, Париз Бове, Рим Чампино, Салцбург, Стокхолм Скавста, Венеција Тревизо, Карлсруе Баден-Баден, Љубљана, Лондон Лутон.

Дестинаците Атина и Сараево со Ејџијан Ерлајнс, Белград со Ер Србија, Виена со Аустриан ерлајнс, Цирих со Чаир ерлајнс и со Еделвајс, Загреб со Кроација ерлајнс, Женева со ИзиЏет, Варшава со ЛОТ, Франкфурт со Луфтханза, Истанбул (Сабиха Гокчен) и Измир со Пегасус ерлајнс, Анталија и Измир со СанЕксперс, Истанбул (IGA) со Туркиш Ерлајнс.

Сезонските и чартер-летовите во текот на летната сезона 2024 година од скопскиот аеродром, кои најголем дел од нашите патници ги користат за посета на туристичките дестинации, ќе бидат до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир, со авиокомпаниите - Anadolu Jet, AMC Airlines, BH Air, Freebird и Nouvelair, најавуваат од ТАВ Македонија.

Во однос на новините за патниците, истакнуваат дека од мај авиокомпанијата airBaltic, националниот авиопревозник на Латвија, ќе влезе на македонскиот воздухопловен пазар и ќе воведе нова сезонска авиолинија од Скопскиот аеродром, Скопје-Рига-Скопје.

Оваа линија на клиентите ќе им овозможи поврзување од витално значење со балтичките држави и светот и ќе им овозможи да ги истражуваат овие различни региони со огромна леснотија и удобност, посочуваат од ТАВ Аеродроми Македонија.

Во контекст на новините потенцираат дека Виз Ер почна да сообраќа до Салцбург, како и дека Кроациа Ерлајнс и Норвежијан ЕрШатл ќе продолжат со сезонските летови до Сплит и Осло, од Скопскиот аеродром, соодветно. Ги посочуават и летовите на Ер Србија на релација Белград – Охрид – Белград  како дополнителна удобност за патниците да избегнат долги патувања со возило.

Притоа, со оглед на статистиката за изминатата туристичка сезона во Охрид, и патниците и туристите кои го посетија Охрид, може да се забележи дека голем број туристи од Турција решија летниот одмор да го поминат во Охрид, па затоа, воведувањето авионска линија што го поврзува Охрид со аеродром во Турција би била одлична одлука за една авиокомпанија, велат за МИА од ТАВ Македонија.

Ако во текот на зимскиот ред на летање, две авиокомпании летаа до четири дестинации, или Виз ЕР до Виена, Дортмунд и Меминген, а Чер Ерлајнс до Цирих, со летниот распоред на летови, и Еделвајс ќе лета до Цирих, така што со летниот ред на летање, од Охрид ќе летаат осум авиокомпании до 11 дестинации.

Се преговара за нови сезонски летови од Скопскиот аеродром

Од ТАВ Македонија посочуваат дека  работат на привлекување нови авиокомпании за да започнат со собраќање до нови атрактивни дестинации и устакнуават дека она што може да се најави во овој момент е дека се очекува Ејџијан Ерлајнс да воведе нови сезонски летови од Скопскиот аеродром, како сезонска авиолинија до грчки остров.

За поголема конкурентност на аеродромот истакнуваат дека се работи на подобрување на квалитетот на аеродромските услуги.

Во овој момент, а со оглед на добрите резултати постигнати во изминатата 2023 година, како и прогнозите за претстојниот период, за скопскиот аеродром планирано е зголемување на капацитетот на шалтерите за пријавување на патници и багаж и одредени надградби на уредите за безбедносен преглед на патниците и кабинскиот багаж, како и на капацитетите на терминалната зграда, велат од ТАВ Македонија.

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид“ поради ковид пандемијата минатата година ја завршија со 782 876 патници, за 71 отсто помалку во однос на 2019 година. Е

Очекувања за зголемен физички обем на авиосообраќајот

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Томислав Тунтев во изјава за МИА вели дека со летниот ред на летање има извесно зголемување на физичкиот обем на сообраќај на македонските аеродроми во споредба со минатата година.

Според летниот ред на летање, односно според бројот на најавените операции на воздухоплови, во летната сезона 2024 може да се забележи извесно зголемување на физичкиот обем на сообраќај на македонските аеродроми, во споредба со истиот период минатата година. Евидентно е зголемен бројот на дестинации и на фреквенции  на скопскиот аеродром, додека на охридскиот бројот е сличен како и минатата година, вели Тунтев.

Според него, имајќи ја во предвид високата вредност на коефициентот на полнење на авионите за и од македонските дестинации, реално е да се очекува дека во текот на претстојната летна сезона, на нашите аеродроми ќе биде достигнато и надминато нивото на физички обем на сообраќајот од 2019 година.

Изразено во бројки, во 2024 година на Охридскиот аеродром можеме да очекуваме околу 240 илјади патници, додека на скопскиот аеродром се очекува да бидат прифатени и испратени повеќе од три милиони патници, наведува директорот на АЦВ.

Во јануари и февруари превезени 432 678 патници, пораст од 40 проценти

Статистиката за јануари и февруари годинава за двата аеродрома во државава, според аеродромскиот оператор, покажува значително зголемување на патничкиот авиосообраќај или 243 244 патници во јануари и 189 434 патници во февруари. Претворено во проценти, тоа претставува зголемување од 47 проценти и 31 процент во однос на јануари и февруари во минатата година, односно вкупно 432 678 патници и пораст од 40 проценти.

Со овој позитивен тренд како показател за протокот на патничкиот авиосообраќај, а предвидени со проценките и проекциите за оваа година, може да се забележи дека патничкиот авиосообраќај само дополнително ќе расте и може да има само зголемување на бројот на патници, велат од ТАВ Македонија.

Од ТАВ оценуваат дека со оглед на резултатите од изминатата 2023 година во однос на патничкиот авиосообраќај, 3,15 милиони патници, и досега расположливите статистички податоци за почетокот на 2024 година, може да се заклучи дека скопскиот и охридскиот аеродром продолжуваат со позитивниот тренд на пораст на бројот на патници и број на реализирани летови.

Со зимскиот ред на летање 13 авиокомпании оперираа од Меѓународниот Аеродром Скопје до 42 дестинации, а од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, три авиокомпании сообраќаа до четири дестинации.

The post Ова се дестинациите за летната сезона со летови од Скопје и Охрид appeared first on Република.

]]>

Во летната сезона од Скопскиот аеродром ќе се патува до Рига како нова дестинација, а покрај редовните ќе има и сезонски и чартер летови до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир. До Охридскиот аеродром, пак, ќе има чартер летови од Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер, а авиокомпанијата Ер Србија ќе почне да лета на релација Белград-Охрид-Белград, информираат за МИА од ТАВ Македонија. Со летниот ред на летање, одобрен од Агенцијата за цивилно воздухопловство, што стапува во сила утре, на Меѓународниот Аеродром Скопје во летната сезона ќе има 59 дестинации управувани од 22 авиокомпании. Со Виз ер: Базел-Мулхаус, Берлин, Братислава, Бремен, Брисел Шарлроа, Будимпешта, Келн, Копенхаген, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт Хан, Фридрихсхафен, Гетеборг, Хамбург , Малме, Малта, Милано Малпенса, Минхен Меминген, Нирнберг, Осло Сандефјорд, Париз Бове, Рим Чампино, Салцбург, Стокхолм Скавста, Венеција Тревизо, Карлсруе Баден-Баден, Љубљана, Лондон Лутон. Дестинаците Атина и Сараево со Ејџијан Ерлајнс, Белград со Ер Србија, Виена со Аустриан ерлајнс, Цирих со Чаир ерлајнс и со Еделвајс, Загреб со Кроација ерлајнс, Женева со ИзиЏет, Варшава со ЛОТ, Франкфурт со Луфтханза, Истанбул (Сабиха Гокчен) и Измир со Пегасус ерлајнс, Анталија и Измир со СанЕксперс, Истанбул (IGA) со Туркиш Ерлајнс.
Сезонските и чартер-летовите во текот на летната сезона 2024 година од скопскиот аеродром, кои најголем дел од нашите патници ги користат за посета на туристичките дестинации, ќе бидат до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир, со авиокомпаниите - Anadolu Jet, AMC Airlines, BH Air, Freebird и Nouvelair, најавуваат од ТАВ Македонија.
Во однос на новините за патниците, истакнуваат дека од мај авиокомпанијата airBaltic, националниот авиопревозник на Латвија, ќе влезе на македонскиот воздухопловен пазар и ќе воведе нова сезонска авиолинија од Скопскиот аеродром, Скопје-Рига-Скопје.
Оваа линија на клиентите ќе им овозможи поврзување од витално значење со балтичките држави и светот и ќе им овозможи да ги истражуваат овие различни региони со огромна леснотија и удобност, посочуваат од ТАВ Аеродроми Македонија.
Во контекст на новините потенцираат дека Виз Ер почна да сообраќа до Салцбург, како и дека Кроациа Ерлајнс и Норвежијан ЕрШатл ќе продолжат со сезонските летови до Сплит и Осло, од Скопскиот аеродром, соодветно. Ги посочуават и летовите на Ер Србија на релација Белград – Охрид – Белград  како дополнителна удобност за патниците да избегнат долги патувања со возило.
Притоа, со оглед на статистиката за изминатата туристичка сезона во Охрид, и патниците и туристите кои го посетија Охрид, може да се забележи дека голем број туристи од Турција решија летниот одмор да го поминат во Охрид, па затоа, воведувањето авионска линија што го поврзува Охрид со аеродром во Турција би била одлична одлука за една авиокомпанија, велат за МИА од ТАВ Македонија.
Ако во текот на зимскиот ред на летање, две авиокомпании летаа до четири дестинации, или Виз ЕР до Виена, Дортмунд и Меминген, а Чер Ерлајнс до Цирих, со летниот распоред на летови, и Еделвајс ќе лета до Цирих, така што со летниот ред на летање, од Охрид ќе летаат осум авиокомпании до 11 дестинации.

Се преговара за нови сезонски летови од Скопскиот аеродром

Од ТАВ Македонија посочуваат дека  работат на привлекување нови авиокомпании за да започнат со собраќање до нови атрактивни дестинации и устакнуават дека она што може да се најави во овој момент е дека се очекува Ејџијан Ерлајнс да воведе нови сезонски летови од Скопскиот аеродром, како сезонска авиолинија до грчки остров. За поголема конкурентност на аеродромот истакнуваат дека се работи на подобрување на квалитетот на аеродромските услуги.
Во овој момент, а со оглед на добрите резултати постигнати во изминатата 2023 година, како и прогнозите за претстојниот период, за скопскиот аеродром планирано е зголемување на капацитетот на шалтерите за пријавување на патници и багаж и одредени надградби на уредите за безбедносен преглед на патниците и кабинскиот багаж, како и на капацитетите на терминалната зграда, велат од ТАВ Македонија.
Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид“ поради ковид пандемијата минатата година ја завршија со 782 876 патници, за 71 отсто помалку во однос на 2019 година. Е

Очекувања за зголемен физички обем на авиосообраќајот

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Томислав Тунтев во изјава за МИА вели дека со летниот ред на летање има извесно зголемување на физичкиот обем на сообраќај на македонските аеродроми во споредба со минатата година.
Според летниот ред на летање, односно според бројот на најавените операции на воздухоплови, во летната сезона 2024 може да се забележи извесно зголемување на физичкиот обем на сообраќај на македонските аеродроми, во споредба со истиот период минатата година. Евидентно е зголемен бројот на дестинации и на фреквенции  на скопскиот аеродром, додека на охридскиот бројот е сличен како и минатата година, вели Тунтев.
Според него, имајќи ја во предвид високата вредност на коефициентот на полнење на авионите за и од македонските дестинации, реално е да се очекува дека во текот на претстојната летна сезона, на нашите аеродроми ќе биде достигнато и надминато нивото на физички обем на сообраќајот од 2019 година.
Изразено во бројки, во 2024 година на Охридскиот аеродром можеме да очекуваме околу 240 илјади патници, додека на скопскиот аеродром се очекува да бидат прифатени и испратени повеќе од три милиони патници, наведува директорот на АЦВ.

Во јануари и февруари превезени 432 678 патници, пораст од 40 проценти

Статистиката за јануари и февруари годинава за двата аеродрома во државава, според аеродромскиот оператор, покажува значително зголемување на патничкиот авиосообраќај или 243 244 патници во јануари и 189 434 патници во февруари. Претворено во проценти, тоа претставува зголемување од 47 проценти и 31 процент во однос на јануари и февруари во минатата година, односно вкупно 432 678 патници и пораст од 40 проценти.
Со овој позитивен тренд како показател за протокот на патничкиот авиосообраќај, а предвидени со проценките и проекциите за оваа година, може да се забележи дека патничкиот авиосообраќај само дополнително ќе расте и може да има само зголемување на бројот на патници, велат од ТАВ Македонија.
Од ТАВ оценуваат дека со оглед на резултатите од изминатата 2023 година во однос на патничкиот авиосообраќај, 3,15 милиони патници, и досега расположливите статистички податоци за почетокот на 2024 година, може да се заклучи дека скопскиот и охридскиот аеродром продолжуваат со позитивниот тренд на пораст на бројот на патници и број на реализирани летови. Со зимскиот ред на летање 13 авиокомпании оперираа од Меѓународниот Аеродром Скопје до 42 дестинации, а од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, три авиокомпании сообраќаа до четири дестинации.

The post Ова се дестинациите за летната сезона со летови од Скопје и Охрид appeared first on Република.

]]>
Наскоро лет од Скопје до Рига и обратно – се преговараат и нови дестинации! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/naskoro-let-od-skopje-do-riga-i-obratno-se-pregovaraat-i-novi-destinatsii/ Sun, 10 Mar 2024 19:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=753428

Од „ТАВ Македонија“ најавуваат нова дестинација – Рига.

Имено, директорот за приходи и развој во „ТАВ Македонија“, Владимир Граматиков во интервју за „Блумберг Адрија“ посочува дека компанијта е во преговори за уште нови дестинации.

„Во преговори сме за нови дестинации. Во следниот период ќе имаме отворање нова дестинација кон Рига, а во преговори сме и со други авиокомпании за нови линии, но сè уште рано да се каже“, вели тој.

Како што вели, секогаш во фокус, покрај Скопје, е и охридскиот аеродром, а интензивно се работи и на поврзување на Охрид со Турција.

The post Наскоро лет од Скопје до Рига и обратно – се преговараат и нови дестинации! appeared first on Република.

]]>

Од „ТАВ Македонија“ најавуваат нова дестинација – Рига. Имено, директорот за приходи и развој во „ТАВ Македонија“, Владимир Граматиков во интервју за „Блумберг Адрија“ посочува дека компанијта е во преговори за уште нови дестинации.
„Во преговори сме за нови дестинации. Во следниот период ќе имаме отворање нова дестинација кон Рига, а во преговори сме и со други авиокомпании за нови линии, но сè уште рано да се каже“, вели тој.
Како што вели, секогаш во фокус, покрај Скопје, е и охридскиот аеродром, а интензивно се работи и на поврзување на Охрид со Турција.

The post Наскоро лет од Скопје до Рига и обратно – се преговараат и нови дестинации! appeared first on Република.

]]>
Апел од ТАВ: Од 9 октомври патниците да пристигнуваат на шалтерите три часа пред летот https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/apel-od-tav-od-9-oktomvri-patnitsite-da-pristignuvaat-na-shalterite-tri-chasa-pred-letot/ Fri, 06 Oct 2023 09:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=688493

ТАВ апелира до патниците од 9 октомври да пристигнуваат на шалтерите три часа пред летот, бидејќи авиокомпанијата ќе врши надградба на системот за багаж.

Почнувајќи од 9-ти октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж. Затоа, апелираме до сите вас коишто ќе патувате во наведениот временски период преку Меѓународниот Аеродром Скопје, да пристигнувате на аеродромот, односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, три часа пред планираното време на полетување на вашиот лет, апелираат од компанијата.

The post Апел од ТАВ: Од 9 октомври патниците да пристигнуваат на шалтерите три часа пред летот appeared first on Република.

Нови летови од и до македонските аеродроми https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/novi-letovi-od-i-do-makedonskite-aerodromi/ Mon, 27 Mar 2023 07:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=624042

Нови летови и нови авиолинии од домашните аеродроми се најавуваат во текот на летната  сезона. Летниот ред на летови почна да се применува од полноќ. Од ТАВ Македонија за МИА велат дека очекуваат успешна летна сезона и оваа да биде година на целосно постпандемиско закрепнување.

„Lufthansa“ од 23 април ќе почне да лета на релација Франкфурт-Скопје-Франкфурт, со десет летови неделно. Нова дестинација, Сплит, ќе биде воведена од страна на „Croatia Airlines“ од скопскиот аеродром. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година, два пати неделно. Уште еден новитет доаѓа од охридскиот аеродром и од авиокомпанијата Air Serbia, која ќе ја обнови линијата Белград-Охрид од јуни 2023 година. Македонскиот туристички и културен центар Охрид ќе се поврзува авионски со Белград четири пати неделно, изјавија за МИА од ТАВ Македонија.

Како и во изминатите летни сезони, и оваа, ќе има сезонски летови од скопскиот аеродром до летните дестинации како Анталија, Измир, Бодрум, Хургада и Тунис (Монастир/Енфида). Овие сезонски летови најчесто почнуваат кон крајот на мај се до октомври.

Секако, очекуваме и повеќе патници од сезонските линии на Охридскиот аеродром од традиционалните дестинации/земји од/до кои се лета во текот на летната сезона, како што се Холандија (Амстердам и Мастрихт) и Полска (Варшава и Катовице). Со ова, ТАВ Македонија очекува успешна летна сезона и очекува оваа година да биде година на целосно постпандемиско закрепнување, велат од ТАВ Македонија.

Според актуелниот ред на летање за скопскиот аеродром, 20 авиокомпании сообраќаат до вкупно 44 дестинации, додека од охридскиот аеродром сообраќаат шест авиокомпании до девет дестинации. Сепак, како што потенцира аеродромскиот оператор, редот на летови секогаш може да претрпи промени, односно како што ги добиваат информациите од авиокомпаниите. Ова е причината поради која ТАВ Македонија секогаш ги советува патниците да ги следат веб-страниците на скопскиот и охридскиот аеродром за ажурирање во реално време и секако, да проверат кај авиокомпанијата со која патуваат.

Нови авиолинии во државава се очекуваат со повикот за доделување субвенции. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз ер”. Тековниот повик за субвенции следуваше по поништувањето на претходниот што го објави Министерството за транспорт и врски, на кој аплицираа авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“, но Комисијата за евалуација  констатираше дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација.

Со тековниот повик за субвенции се доделува финансиска поддршка за нови авиолинии за периодот 2023 - 2025 година. Износот за субвенциите за годинава изнесува 1,1 милион евра.

The post Нови летови од и до македонските аеродроми appeared first on Република.

]]>

Нови летови и нови авиолинии од домашните аеродроми се најавуваат во текот на летната  сезона. Летниот ред на летови почна да се применува од полноќ. Од ТАВ Македонија за МИА велат дека очекуваат успешна летна сезона и оваа да биде година на целосно постпандемиско закрепнување.
„Lufthansa“ од 23 април ќе почне да лета на релација Франкфурт-Скопје-Франкфурт, со десет летови неделно. Нова дестинација, Сплит, ќе биде воведена од страна на „Croatia Airlines“ од скопскиот аеродром. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година, два пати неделно. Уште еден новитет доаѓа од охридскиот аеродром и од авиокомпанијата Air Serbia, која ќе ја обнови линијата Белград-Охрид од јуни 2023 година. Македонскиот туристички и културен центар Охрид ќе се поврзува авионски со Белград четири пати неделно, изјавија за МИА од ТАВ Македонија.
Како и во изминатите летни сезони, и оваа, ќе има сезонски летови од скопскиот аеродром до летните дестинации како Анталија, Измир, Бодрум, Хургада и Тунис (Монастир/Енфида). Овие сезонски летови најчесто почнуваат кон крајот на мај се до октомври.
Секако, очекуваме и повеќе патници од сезонските линии на Охридскиот аеродром од традиционалните дестинации/земји од/до кои се лета во текот на летната сезона, како што се Холандија (Амстердам и Мастрихт) и Полска (Варшава и Катовице). Со ова, ТАВ Македонија очекува успешна летна сезона и очекува оваа година да биде година на целосно постпандемиско закрепнување, велат од ТАВ Македонија.
Според актуелниот ред на летање за скопскиот аеродром, 20 авиокомпании сообраќаат до вкупно 44 дестинации, додека од охридскиот аеродром сообраќаат шест авиокомпании до девет дестинации. Сепак, како што потенцира аеродромскиот оператор, редот на летови секогаш може да претрпи промени, односно како што ги добиваат информациите од авиокомпаниите. Ова е причината поради која ТАВ Македонија секогаш ги советува патниците да ги следат веб-страниците на скопскиот и охридскиот аеродром за ажурирање во реално време и секако, да проверат кај авиокомпанијата со која патуваат. Нови авиолинии во државава се очекуваат со повикот за доделување субвенции. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз ер”. Тековниот повик за субвенции следуваше по поништувањето на претходниот што го објави Министерството за транспорт и врски, на кој аплицираа авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“, но Комисијата за евалуација  констатираше дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација. Со тековниот повик за субвенции се доделува финансиска поддршка за нови авиолинии за периодот 2023 - 2025 година. Износот за субвенциите за годинава изнесува 1,1 милион евра.

The post Нови летови од и до македонските аеродроми appeared first on Република.

]]>
ТАВ Македонија: Организираме превоз и хотелско сместување за патниците од откажаните летови на Скопскиот аеродром поради маглата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tav-makedonija-organizirame-prevoz-i-hotelsko-smestuvane-za-patnitsite-od-otkazhanite-letovi-na-skopskiot-aerodrom-poradi-maglata/ Mon, 02 Jan 2023 15:03:56 +0000 https://republika.mk/?p=592841

Поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, на Скопскиот аеродром од 20 часот синоќа до девет часот изутрината се откажани девет лета, а  четири се пренасочени. Од 9 часот натаму, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се одвива по регуларниот распоред и до 17 часот не очекуваме нарушувања, информира аеродромскиот концесионер ТАВ Македонија.

Oд ТАВ Македонија почочуваат дека согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации,тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците од овие летови. За сите натамошни информации во врска со откажаните летови, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија.

Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница: skp.airports.com.mk, во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања), каде што евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваме информациите во нашите системи. Доколку им се потребни дополнителни информации, можат да се јават на шалтерот за информации, кој работи 24/7, на телефонскиот број +389 2 3148 333, се навеудва во изјавата од ТАВ Македонија за состојбата на Скопскиот аеродром како резултат на магла.

The post ТАВ Македонија: Организираме превоз и хотелско сместување за патниците од откажаните летови на Скопскиот аеродром поради маглата appeared first on Република.

]]>

Поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, на Скопскиот аеродром од 20 часот синоќа до девет часот изутрината се откажани девет лета, а  четири се пренасочени. Од 9 часот натаму, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се одвива по регуларниот распоред и до 17 часот не очекуваме нарушувања, информира аеродромскиот концесионер ТАВ Македонија. Oд ТАВ Македонија почочуваат дека согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации,тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците од овие летови. За сите натамошни информации во врска со откажаните летови, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија.
Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница: skp.airports.com.mk, во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања), каде што евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваме информациите во нашите системи. Доколку им се потребни дополнителни информации, можат да се јават на шалтерот за информации, кој работи 24/7, на телефонскиот број +389 2 3148 333, се навеудва во изјавата од ТАВ Македонија за состојбата на Скопскиот аеродром како резултат на магла.

The post ТАВ Македонија: Организираме превоз и хотелско сместување за патниците од откажаните летови на Скопскиот аеродром поради маглата appeared first on Република.

]]>
„Луфтанза“ ќе лета и од Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/luftanza-kje-leta-i-od-skopje/ Mon, 19 Dec 2022 19:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=587785

Германскиот авиопревозник Луфтханза влегува на македонскиот авијациски пазар со летови на линијата Франкфурт-Скопје, од 23 април 2023 година, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града.

Lufthansa ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот аеродром Скопје секој ден во неделата, а во некои денови ќе има по два лета, со авиони од типот Airbus A319, Airbus A320 и Airbus A321.

Среќни сме што Lufthansa одлучи да влезе на македонскиот пазар со отпочнување летови на релација Франкфурт-Скопје. Ова значи дека Меѓународниот аеродром Скопје од април следната година ќе биде поврзан со аеродромот во Франкфурт, кој е главното германско авијациско седиште и еден од најважните трансфер-аеродроми во Европа. Дополнително, високата честота на летовите – авиокомпанијата ќе лета секој ден во неделата, а во некои денови и по два пати дневно, дава одлична флексибилност за нашите патници кои патуваат за Германија и оние што се поврзуваат со Европа и Северна Америка. Оваа нова конекција е особено важна за патниците кои патуваат за бизнис-цели и ќе понуди нови опции за авионскиот карго-превоз кон Германија, која е главен трговски партнер на Македонија. Влезот на групацијата Луфтханза е резултат на континуираните маркетиншки активности на ТАВ, сѐ со цел да привлече нови авиокомпании и да ги убеди да отворат нови дестинации од македонските аеродроми. Одлично е што нашата мрежа на авиолинии ќе се прошири и веруваме дека Луфтханза ќе додаде на вредноста на услугите што им ги нудиме на нашите патници од Меѓународниот аеродром Скопје, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што велат од Луфтханза, летовите на релација Франкфурт-Скопје се планирани да бидат привлечни и за деловните патници и за туристите.

Германскиот авиопревозник го додава Скопје во својата мрежа на линии од летната сезона во 2023 година со цел да ја зајакне својата позиција во Источна Европа.

Продажбата на авиобилетите е веќе почната. Сите информации за цени и резервации на авионските карти се достапни на веб-страницата на Луфтханза https://www.lufthansa.com/, како и кај лиценцираните туристички агенции кои вршат продажба на авиобилети.

ТАВ Македонија ги заврши 11 месеци од 2022 година со 2,2 милиона (2.190.352) патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што е зголемување за 74 отсто во споредба со истиот период лани, но сепак за 12 отсто помалку споредбено со 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата пред појавувањето на кризата со ковид-19.

The post „Луфтанза“ ќе лета и од Скопје appeared first on Република.

]]>

Германскиот авиопревозник Луфтханза влегува на македонскиот авијациски пазар со летови на линијата Франкфурт-Скопје, од 23 април 2023 година, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града. Lufthansa ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот аеродром Скопје секој ден во неделата, а во некои денови ќе има по два лета, со авиони од типот Airbus A319, Airbus A320 и Airbus A321.
Среќни сме што Lufthansa одлучи да влезе на македонскиот пазар со отпочнување летови на релација Франкфурт-Скопје. Ова значи дека Меѓународниот аеродром Скопје од април следната година ќе биде поврзан со аеродромот во Франкфурт, кој е главното германско авијациско седиште и еден од најважните трансфер-аеродроми во Европа. Дополнително, високата честота на летовите – авиокомпанијата ќе лета секој ден во неделата, а во некои денови и по два пати дневно, дава одлична флексибилност за нашите патници кои патуваат за Германија и оние што се поврзуваат со Европа и Северна Америка. Оваа нова конекција е особено важна за патниците кои патуваат за бизнис-цели и ќе понуди нови опции за авионскиот карго-превоз кон Германија, која е главен трговски партнер на Македонија. Влезот на групацијата Луфтханза е резултат на континуираните маркетиншки активности на ТАВ, сѐ со цел да привлече нови авиокомпании и да ги убеди да отворат нови дестинации од македонските аеродроми. Одлично е што нашата мрежа на авиолинии ќе се прошири и веруваме дека Луфтханза ќе додаде на вредноста на услугите што им ги нудиме на нашите патници од Меѓународниот аеродром Скопје, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.
Како што велат од Луфтханза, летовите на релација Франкфурт-Скопје се планирани да бидат привлечни и за деловните патници и за туристите. Германскиот авиопревозник го додава Скопје во својата мрежа на линии од летната сезона во 2023 година со цел да ја зајакне својата позиција во Источна Европа. Продажбата на авиобилетите е веќе почната. Сите информации за цени и резервации на авионските карти се достапни на веб-страницата на Луфтханза https://www.lufthansa.com/, како и кај лиценцираните туристички агенции кои вршат продажба на авиобилети. ТАВ Македонија ги заврши 11 месеци од 2022 година со 2,2 милиона (2.190.352) патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што е зголемување за 74 отсто во споредба со истиот период лани, но сепак за 12 отсто помалку споредбено со 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата пред појавувањето на кризата со ковид-19.

The post „Луфтанза“ ќе лета и од Скопје appeared first on Република.

]]>
„ТАВ Македонија“: Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tav-makedonija-letovite-ne-se-otkazani-no-soobrakjajot-e-momentalno-zapren-se-dodeka-ne-dobieme-izvestuvanje-od-mvr/ Fri, 16 Dec 2022 10:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=586388

„ТАВ Македонија“ ја споделува следнава изјава по дојавите за бомби на скопскиот аеродром.

Меѓународниот Аеродром Скопје утрово преку електронска пошта прими закана за поставенa експлозивнa направa. Информацијата веднаш беше пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои беа затекнати на аеродромот беа безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи прават проверка на објектите на аеродромот. Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред, соопштија од „ТАВ Македонија“.

The post „ТАВ Македонија“: Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР appeared first on Република.

Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир од утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nova-sezonska-aviolinija-skopje-izmir-od-utre/ Wed, 01 Jun 2022 12:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=509747

Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир почнува од утре. Пегасус ерлајнс (Pegasus Airlines) и Санекспрес (Sunexpress), ќе летаат на оваа авио-рута, во текот на целата летна сезона, од почетокот на јуни до крајот на октомври.

Задоволни сме што се отвора оваа сезонска авиолинија, меѓу Скопје и Измир, како еден од главните туристички центри на Турција, до кој досега немаше директна авиоврска. Измир е атрактивна дестиција за македонските граѓани, како од аспект на туристички патувања, така и од бизнис-аспект, со оглед на тоа што е третиот најголем град во Турција каде е сместено најважното извозно пристаниште и каде што се одржуваат бројни саеми. Сигурни сме дека оваа линија ќе придонесе и за зголемување на бројот на туристи, како и за зајакнување на економската соработка меѓу двете држави. Со ваквиот потенцијал, се надеваме дека во иднина може да стане и редовна авиолинија во текот на целата година, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што соопштија од ТАВ Македонија, авиопревозникот Пегасус почнува да лета на релација Скопје-Измир од утре, втори јуни, и ќе лета до 27-ми октомври, секој четврток, со време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 14 часот и 20 минути и време на полетување за Аеродромот Аднан Мендерес во Измир, во 15 часот и 20 минути; како и секоја недела, со време на слетување во Скопје во 9 часот 55 минути и време на полетување за Измир во 10 часот и 45 минути.

Авиопревозникот Санекспрес, пак, ќе стартува со летови на истата авиолинија на 12-ти јуни и ќе лета до 2-ри октомври секоја недела, со време на слетување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 1 часот и 35 минути и време на полетување за Аеродромот Аднан Мендерес во Измир во 2 часот и 25 минути.

Од ТАВ Македонија очекуваат зголемен авиосообраќај во престојната летна сезона и на двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје, од каде што во моментов се лета до 43 дестинации и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, од каде што моментално има летови до 13 дестинации.

The post Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир од утре appeared first on Република.

]]>

Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир почнува од утре. Пегасус ерлајнс (Pegasus Airlines) и Санекспрес (Sunexpress), ќе летаат на оваа авио-рута, во текот на целата летна сезона, од почетокот на јуни до крајот на октомври.
Задоволни сме што се отвора оваа сезонска авиолинија, меѓу Скопје и Измир, како еден од главните туристички центри на Турција, до кој досега немаше директна авиоврска. Измир е атрактивна дестиција за македонските граѓани, како од аспект на туристички патувања, така и од бизнис-аспект, со оглед на тоа што е третиот најголем град во Турција каде е сместено најважното извозно пристаниште и каде што се одржуваат бројни саеми. Сигурни сме дека оваа линија ќе придонесе и за зголемување на бројот на туристи, како и за зајакнување на економската соработка меѓу двете држави. Со ваквиот потенцијал, се надеваме дека во иднина може да стане и редовна авиолинија во текот на целата година, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.
Како што соопштија од ТАВ Македонија, авиопревозникот Пегасус почнува да лета на релација Скопје-Измир од утре, втори јуни, и ќе лета до 27-ми октомври, секој четврток, со време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 14 часот и 20 минути и време на полетување за Аеродромот Аднан Мендерес во Измир, во 15 часот и 20 минути; како и секоја недела, со време на слетување во Скопје во 9 часот 55 минути и време на полетување за Измир во 10 часот и 45 минути. Авиопревозникот Санекспрес, пак, ќе стартува со летови на истата авиолинија на 12-ти јуни и ќе лета до 2-ри октомври секоја недела, со време на слетување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 1 часот и 35 минути и време на полетување за Аеродромот Аднан Мендерес во Измир во 2 часот и 25 минути. Од ТАВ Македонија очекуваат зголемен авиосообраќај во престојната летна сезона и на двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје, од каде што во моментов се лета до 43 дестинации и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, од каде што моментално има летови до 13 дестинации.

The post Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир од утре appeared first on Република.

]]>
Завршува обновата на пистата на скопскиот аеродром, од 17 часот нормализирање на летовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zavrshuva-obnovata-na-pistata-na-skopskiot-aerodrom-od-17-chasot-normaliziranje-na-letovite/ Sat, 28 May 2022 06:16:33 +0000 https://republika.mk/?p=507858

„ТАВ Македонија“ денеска ќе ја заврши реконструкцијата на пистата на Меѓународниот аеродром Скопје и од 17 часот летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на цело деноноќие.

Градежните работи на пистата  почнаа на 28 март откога и распоредот на летови беше изменет, односно летовите се одвиваа од 17 часот до 9 часот секој ден, а од 9 часот до 17 часот се работеше на пистата, која  е долга 2950 метри и широка 45 метри.

Пистата се обновува првпат по  1996 година, кога реконструкцијата траела два и пол месеца, а аеродромот тогаш бил целосно затворен и авиосообраќајот бил префрлен на охридскиот аеродром.

Овој голем инвестициски проект завршува по 62 дена градежни работи за обновување на асфалтот на пистата на скопскиот аеродром. Ние во ТАВ сме задоволни и уверени дека успешното завршување на проект од овој вид, првпат по реконструкцијата на пистата во 1996 година, ќе обезбеди повисок квалитет на аеродромските услуги. Би сакале да се заблагодариме на сите засегнати страни и чинители бидејќи навистина ја цениме нивната соработка, поддршка и придонес, изјави Метин Батак, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

„ТАВ Македонија“ ги советува патниците редовно да ги следат и проверуваат веб-страниците на авиокомпаниите, со цел да ги видат најновите/евентуалните измени за летовите од/до Меѓународниот аеродром Скопје.

На веб-страницата на аеродромот, во категоријата „Летови“ (Пристигнувања/Заминувања) информациите за евентуални промени во редот на летање се ажурираат редовно и во реално време, како што „ТАВ Македонија“ ги добива од авиокомпаниите.

The post Завршува обновата на пистата на скопскиот аеродром, од 17 часот нормализирање на летовите appeared first on Република.

]]>

„ТАВ Македонија“ денеска ќе ја заврши реконструкцијата на пистата на Меѓународниот аеродром Скопје и од 17 часот летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на цело деноноќие. Градежните работи на пистата  почнаа на 28 март откога и распоредот на летови беше изменет, односно летовите се одвиваа од 17 часот до 9 часот секој ден, а од 9 часот до 17 часот се работеше на пистата, која  е долга 2950 метри и широка 45 метри. Пистата се обновува првпат по  1996 година, кога реконструкцијата траела два и пол месеца, а аеродромот тогаш бил целосно затворен и авиосообраќајот бил префрлен на охридскиот аеродром.

Овој голем инвестициски проект завршува по 62 дена градежни работи за обновување на асфалтот на пистата на скопскиот аеродром. Ние во ТАВ сме задоволни и уверени дека успешното завршување на проект од овој вид, првпат по реконструкцијата на пистата во 1996 година, ќе обезбеди повисок квалитет на аеродромските услуги. Би сакале да се заблагодариме на сите засегнати страни и чинители бидејќи навистина ја цениме нивната соработка, поддршка и придонес, изјави Метин Батак, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

„ТАВ Македонија“ ги советува патниците редовно да ги следат и проверуваат веб-страниците на авиокомпаниите, со цел да ги видат најновите/евентуалните измени за летовите од/до Меѓународниот аеродром Скопје. На веб-страницата на аеродромот, во категоријата „Летови“ (Пристигнувања/Заминувања) информациите за евентуални промени во редот на летање се ажурираат редовно и во реално време, како што „ТАВ Македонија“ ги добива од авиокомпаниите.

The post Завршува обновата на пистата на скопскиот аеродром, од 17 часот нормализирање на летовите appeared first on Република.

]]>
ТАВ Македонија нема информации за прекин на летовите Софија-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tav-makedonija-nema-informacii-za-prekin-na-letovite-sofija-skopje/ Tue, 03 May 2022 14:14:17 +0000 https://republika.mk/?p=496951

Од „ТАВ Македонија“ соопштија дека во моментов немаат информација од авиокомпанијата „Гуливер“ за прекин на авилинијата Софија-Скопје.

Во моментов немаме никакви информации добиени од страна на авиокомпанијата за прекини во најавениот распоред на летање - се вели во одговорот што МИА го побарала од „ТАВ Македонија“ по информациите дека авиокомпанијата „Гуливер“ ја прекинува продажбата на карти за оваа линија.

Дел од медиумите, повикувајќи се на специјализираниот портал за авиони „Екс Ју авијација“ објавија дека од 21 мај прекинува продажбата на авиобилети за летот Софија-Скопје поради непрофитабилност.

Од Владата информираа дека воспоставувањето на авиолинијата не е субвенционирано од нивна страна и за сите одговори упатија на адреса на авиокомпанијата.

Во однос на авиолинија Софија - Скопје, Ве информираме дека авиокомпанијата која го оперира овој лет нема склучено договор за финансиска поддршка со Владата на Република Македонија, преку Министерството за транспорт и врски. Според информации со кои располагаме, авиокомпанијата има одобрено термини (слотови) за полетување и слетување и во текот на овој месец - стои во одговорот на Владата.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање рече дека најверојатно причина за прекинот се преговорите што ги води авиокомпанијата со бугарската Влада во делот на субвенционирањето.

Кога го разгледувавме ова прашање, разговаравме две опции. Првата опција беше да биде целосно комерцијална, односно дали ќе има интерес од страна на патниците, а втората опција – да биде субвенционирана од страна на владите при што Република Бугарија ја презеде обврската за субвенционирање. Мислам дека првата фаза беше обид да се види комерцијалната рентабилност. Според моите информации, мислам дека ова запирање е процес на преговори меѓу компанијата и Владата дали ќе има поддршка или не - изјави Османи.

The post ТАВ Македонија нема информации за прекин на летовите Софија-Скопје appeared first on Република.

]]>

Од „ТАВ Македонија“ соопштија дека во моментов немаат информација од авиокомпанијата „Гуливер“ за прекин на авилинијата Софија-Скопје.
Во моментов немаме никакви информации добиени од страна на авиокомпанијата за прекини во најавениот распоред на летање - се вели во одговорот што МИА го побарала од „ТАВ Македонија“ по информациите дека авиокомпанијата „Гуливер“ ја прекинува продажбата на карти за оваа линија.
Дел од медиумите, повикувајќи се на специјализираниот портал за авиони „Екс Ју авијација“ објавија дека од 21 мај прекинува продажбата на авиобилети за летот Софија-Скопје поради непрофитабилност. Од Владата информираа дека воспоставувањето на авиолинијата не е субвенционирано од нивна страна и за сите одговори упатија на адреса на авиокомпанијата.
Во однос на авиолинија Софија - Скопје, Ве информираме дека авиокомпанијата која го оперира овој лет нема склучено договор за финансиска поддршка со Владата на Република Македонија, преку Министерството за транспорт и врски. Според информации со кои располагаме, авиокомпанијата има одобрено термини (слотови) за полетување и слетување и во текот на овој месец - стои во одговорот на Владата.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање рече дека најверојатно причина за прекинот се преговорите што ги води авиокомпанијата со бугарската Влада во делот на субвенционирањето.
Кога го разгледувавме ова прашање, разговаравме две опции. Првата опција беше да биде целосно комерцијална, односно дали ќе има интерес од страна на патниците, а втората опција – да биде субвенционирана од страна на владите при што Република Бугарија ја презеде обврската за субвенционирање. Мислам дека првата фаза беше обид да се види комерцијалната рентабилност. Според моите информации, мислам дека ова запирање е процес на преговори меѓу компанијата и Владата дали ќе има поддршка или не - изјави Османи.

The post ТАВ Македонија нема информации за прекин на летовите Софија-Скопје appeared first on Република.

]]>
ТАВ го пречека првиот комерцијален лет на GullivAir од Софија на скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tav-go-precheka-prviot-komercijalen-let-na-gullivair-od-sofija-na-skopskiot-aerodrom/ Sat, 26 Mar 2022 09:10:14 +0000 https://republika.mk/?p=478788

ТАВ Македонија, утринава во 5 часот и 48 минути, со воден мост во форма на виножито го пречека првиот лет од Софија на бугарската авиокомпанија GullivAir на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Со авион од типот ATR 72 – 600 , којшто може да превезе 70 патници, авиокомпанијата го имаше својот прв редовен лет на Меѓународниот Аеродром Скопје, означувајќи го почетокот на нивното официјално комерцијално работење на македонскиот пазар.

„Како ТАВ возбудени сме да го одбележиме и прославиме влезот на GullivAir на македонскиот пазар, со денешниот лет на новата авиолинија од Софија до Скопје. Македонскиот главен град ќе биде поврзан со бугарскиот главен град, со авиолинија, два пати неделно, секоја сабота и секој понеделник, од денес, 26-ти март. Авиокомпанијата ќе сообраќа до Меѓународниот Аеродром Скопје првпат, па така можеме да ја додадеме GullivAir како нова авиокомпанија, а летовите на релација Софија-Скопје-Софија како нова авиолинија во портфолиото на Меѓународниот Аеродром Скопје и во портфолиото на македонскиот воздухопловен пазар воопшто, по подолг период. Среќни сме што авиокомпанијата почна да лета до и од скопскиот аеродром и покрај тековната криза со ковид-пандемијата. Авиолинијата Софија-Скопје-Софија сега ги поврзува двата главни града за само 30 минути. Веруваме дека оваа авиолинија има огромен потенцијал, како и за туристички,така и за деловни патувања. Бугарските и македонските патници може да сметаат дека оваа авиолинија е корисна за посета на главните градови на двете земји и во исто време тие можат да го продолжат своето патување до други подалечни дестинации во други странски земји. Оваа авиоконекција ќе придонесе не само за развојот на македонското воздухопловство, туку и за економската соработка меѓу двете земји. Се радуваме и очекуваме долготрајна и силна соработка и многу среќни и задоволни патници“, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Од ТАВ Македонија истакнаа дека оваа нова авиолинија ќе овозможи на патниците и од Македонија и од Бугарија да уживаат и да ги откријат убавините на двата града – живописните градски паркови на Софија или центарот на градот, или богатите културни знаменитости на Скопје и шармантните природни локалитети.

„Авиокомпанијата GullivAir е среќна да го најави воведувањето на нов редовен лет меѓу Софија и Скопје. Портфолиото на редовни летови на GullivAir сега се зголемува до 3 нови авиолинии (Бургас, Скопје, Тирана), додека во средината на летото очекуваме да ги претставиме нашите нови редовни прекуокеански летови до Њујорк и Њу Делхи. Ова ќе им овозможи на граѓаните на Македонија и нивните гости да истражуваат нови дестинации кои се достапни само со лет од 30 минути до Софија и поврзување со Црното Море – или до аеродромот во Бургас. Летовите на релација Софија-Скопје ќе летаат два пати неделно, или понеделник и сабота, со авион со 70 седишта во економска класа. Летот ќе трае само 30 минути, со што се создава погодна врска меѓу двата главни града, на кои во последните 15 години им недостигаше директна воздушна линија. Придобивките од овие летови ќе бидат суштински за нашите луѓе и ќе придонесат за зајакнување на добрите односи меѓу нас. Веруваме и очекуваме плодна соработка со ТАВ Македонија и скопскиот аеродром. Посебна благодарност до Министрите за транспорт и на Македонија и Република Бугарија.“, изјави Георги Колев, извршен директор на GullivAir.

Резервациите и продажбата на авиобилети се достапни на веб-страницата на GullivAir https://gullivair.com/ Летовите се закажани од денеска, 26.03.2022 година, секоја сабота и понеделник.

ТАВ Македонија ги заврши првите 2 месеца од 2022 година (јануари и февруари) со вкупно 215.227 патници, на двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што претставува 107% пораст споредено со истиот период во 2021 година, додека споредено со 2019 година, којашто се смета за референтна година за воздухопловството, има пад од 29%.

The post ТАВ го пречека првиот комерцијален лет на GullivAir од Софија на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

ТАВ Македонија, утринава во 5 часот и 48 минути, со воден мост во форма на виножито го пречека првиот лет од Софија на бугарската авиокомпанија GullivAir на Меѓународниот Аеродром Скопје. Со авион од типот ATR 72 – 600 , којшто може да превезе 70 патници, авиокомпанијата го имаше својот прв редовен лет на Меѓународниот Аеродром Скопје, означувајќи го почетокот на нивното официјално комерцијално работење на македонскиот пазар.
„Како ТАВ возбудени сме да го одбележиме и прославиме влезот на GullivAir на македонскиот пазар, со денешниот лет на новата авиолинија од Софија до Скопје. Македонскиот главен град ќе биде поврзан со бугарскиот главен град, со авиолинија, два пати неделно, секоја сабота и секој понеделник, од денес, 26-ти март. Авиокомпанијата ќе сообраќа до Меѓународниот Аеродром Скопје првпат, па така можеме да ја додадеме GullivAir како нова авиокомпанија, а летовите на релација Софија-Скопје-Софија како нова авиолинија во портфолиото на Меѓународниот Аеродром Скопје и во портфолиото на македонскиот воздухопловен пазар воопшто, по подолг период. Среќни сме што авиокомпанијата почна да лета до и од скопскиот аеродром и покрај тековната криза со ковид-пандемијата. Авиолинијата Софија-Скопје-Софија сега ги поврзува двата главни града за само 30 минути. Веруваме дека оваа авиолинија има огромен потенцијал, како и за туристички,така и за деловни патувања. Бугарските и македонските патници може да сметаат дека оваа авиолинија е корисна за посета на главните градови на двете земји и во исто време тие можат да го продолжат своето патување до други подалечни дестинации во други странски земји. Оваа авиоконекција ќе придонесе не само за развојот на македонското воздухопловство, туку и за економската соработка меѓу двете земји. Се радуваме и очекуваме долготрајна и силна соработка и многу среќни и задоволни патници“, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.
Од ТАВ Македонија истакнаа дека оваа нова авиолинија ќе овозможи на патниците и од Македонија и од Бугарија да уживаат и да ги откријат убавините на двата града – живописните градски паркови на Софија или центарот на градот, или богатите културни знаменитости на Скопје и шармантните природни локалитети.
„Авиокомпанијата GullivAir е среќна да го најави воведувањето на нов редовен лет меѓу Софија и Скопје. Портфолиото на редовни летови на GullivAir сега се зголемува до 3 нови авиолинии (Бургас, Скопје, Тирана), додека во средината на летото очекуваме да ги претставиме нашите нови редовни прекуокеански летови до Њујорк и Њу Делхи. Ова ќе им овозможи на граѓаните на Македонија и нивните гости да истражуваат нови дестинации кои се достапни само со лет од 30 минути до Софија и поврзување со Црното Море – или до аеродромот во Бургас. Летовите на релација Софија-Скопје ќе летаат два пати неделно, или понеделник и сабота, со авион со 70 седишта во економска класа. Летот ќе трае само 30 минути, со што се создава погодна врска меѓу двата главни града, на кои во последните 15 години им недостигаше директна воздушна линија. Придобивките од овие летови ќе бидат суштински за нашите луѓе и ќе придонесат за зајакнување на добрите односи меѓу нас. Веруваме и очекуваме плодна соработка со ТАВ Македонија и скопскиот аеродром. Посебна благодарност до Министрите за транспорт и на Македонија и Република Бугарија.“, изјави Георги Колев, извршен директор на GullivAir.
Резервациите и продажбата на авиобилети се достапни на веб-страницата на GullivAir https://gullivair.com/ Летовите се закажани од денеска, 26.03.2022 година, секоја сабота и понеделник. ТАВ Македонија ги заврши првите 2 месеца од 2022 година (јануари и февруари) со вкупно 215.227 патници, на двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што претставува 107% пораст споредено со истиот период во 2021 година, додека споредено со 2019 година, којашто се смета за референтна година за воздухопловството, има пад од 29%.

The post ТАВ го пречека првиот комерцијален лет на GullivAir од Софија на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Батак: Инвестираме 7,5 милиони евра во обнова на пистата на Скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/batak-investirame-7-5-milioni-evra-vo-obnova-na-pistata-na-skopskiot-aerodrom/ Sat, 19 Mar 2022 07:58:38 +0000 https://republika.mk/?p=475277

Со инвестиција од 7,5 милиони евра ќе биде обновена пистата на Меѓународниот аеродром Скопје. И покрај кризата, влегуваме во оваа капитална инвестиција бидејќи таа уште повеќе ќе го подобри квалитетот на работењето и на услугите што ги нуди Меѓународниот Аеродром Скопје, истакнува во интервју за МИА Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Со оперативниот план што го изработиле, како што вели, рехабилитацијата на пистата ќе има минимално влијание врз летовите и патниците.

На авиокомпаниите и на другите чинители во авиосообраќајот им ја најавиле рехабилитацијата на пистата една цела сезона однапред, со цел тие да можат да планираат и да ги адаптираат распоредите на летање навреме.

The post Батак: Инвестираме 7,5 милиони евра во обнова на пистата на Скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Со инвестиција од 7,5 милиони евра ќе биде обновена пистата на Меѓународниот аеродром Скопје. И покрај кризата, влегуваме во оваа капитална инвестиција бидејќи таа уште повеќе ќе го подобри квалитетот на работењето и на услугите што ги нуди Меѓународниот Аеродром Скопје, истакнува во интервју за МИА Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија. Со оперативниот план што го изработиле, како што вели, рехабилитацијата на пистата ќе има минимално влијание врз летовите и патниците. На авиокомпаниите и на другите чинители во авиосообраќајот им ја најавиле рехабилитацијата на пистата една цела сезона однапред, со цел тие да можат да планираат и да ги адаптираат распоредите на летање навреме.

The post Батак: Инвестираме 7,5 милиони евра во обнова на пистата на Скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>