татко му Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tatko-mu/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Jan 2023 17:20:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png татко му Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tatko-mu/ 32 32 Ѓоковиќ за снимката: Не му се лутам на татко ми, го искористија, знаеме ние добро што е војна! https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-za-snimkata-ne-mu-se-lutam-na-tatko-mi-go-iskoristija-znaeme-nie-dobro-shto-e-vojna/ Fri, 27 Jan 2023 17:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=601737

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралија опен откако во три сета (7:5, 6:1, 6:2) го совлада Томи Пол, па за својот десетти пехар ќе се бори во Мелбурн против Стефанос Циципас. Успеа да се снајде со се, особено што во последните 24 часа неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ беше во фокусот на јавноста бидејќи се фотографираше со обожавателите кои имаа симболи на Русија, но и на Владимир Путин.

„Знаев што ќе ме прашаат“, рече Новак Ѓоковиќ во делот на конференцијата на српски јазик по неколку одговори во кои објасни што направил неговиот татко.

Видов како и сите други што се случи вчера. Жално е што сето тоа беше погрешно објавено, ќе кажам, многу зборуваат медиумите и организаторите. Се разбира, не ми е мило да го видам тоа. Татко ми, семејството, ние сите сме поминале низ неколку војни. Татко ми даде изјава велејќи дека е против војната, тоа е првото нешто што сакам да го кажам. Второ, по секој натпревар на Австралија опен, татко ми оди и покажува почит кон навивачите бидејќи тие повторно се со мене. Медиумите погрешно го протолкуваа и сигурен сум дека немало намера да ја поддржи војната или нешто слично. Имаше многу српски знамиња, мислеше дека се слика со некој од Србија, изјави Новак Ѓоковиќ, кој додаде дека му недостигнал неговиот татко кој не бил на полуфиналниот меч против Томи Пол.

The post Ѓоковиќ за снимката: Не му се лутам на татко ми, го искористија, знаеме ние добро што е војна! appeared first on Република.

]]>

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралија опен откако во три сета (7:5, 6:1, 6:2) го совлада Томи Пол, па за својот десетти пехар ќе се бори во Мелбурн против Стефанос Циципас. Успеа да се снајде со се, особено што во последните 24 часа неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ беше во фокусот на јавноста бидејќи се фотографираше со обожавателите кои имаа симболи на Русија, но и на Владимир Путин. „Знаев што ќе ме прашаат“, рече Новак Ѓоковиќ во делот на конференцијата на српски јазик по неколку одговори во кои објасни што направил неговиот татко. Видов како и сите други што се случи вчера. Жално е што сето тоа беше погрешно објавено, ќе кажам, многу зборуваат медиумите и организаторите. Се разбира, не ми е мило да го видам тоа. Татко ми, семејството, ние сите сме поминале низ неколку војни. Татко ми даде изјава велејќи дека е против војната, тоа е првото нешто што сакам да го кажам. Второ, по секој натпревар на Австралија опен, татко ми оди и покажува почит кон навивачите бидејќи тие повторно се со мене. Медиумите погрешно го протолкуваа и сигурен сум дека немало намера да ја поддржи војната или нешто слично. Имаше многу српски знамиња, мислеше дека се слика со некој од Србија, изјави Новак Ѓоковиќ, кој додаде дека му недостигнал неговиот татко кој не бил на полуфиналниот меч против Томи Пол.

The post Ѓоковиќ за снимката: Не му се лутам на татко ми, го искористија, знаеме ние добро што е војна! appeared first on Република.

]]>