Татјана Васиќ Бозаџиева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tatjana-vasikj-bozadzieva/ За подобро да се разбереме Mon, 31 Oct 2022 14:18:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Татјана Васиќ Бозаџиева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tatjana-vasikj-bozadzieva/ 32 32 Новизбраните уставни судии Бозаџиева и Скендер денеска почнаа со работни обврски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novizbranite-ustavni-sudii-bozadzieva-i-skender-deneska-pochnaa-so-rabotni-obvrski/ Mon, 31 Oct 2022 14:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=567857

Новоизбраните судии Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер денеска почнаа со работа во Уставниот суд.

Двајцата судии утрово беа примени од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, добија работни материјали за следната седница закажана за 9 ноември. Судиите Бозаџиева и Скендер се запознаа со вработените во службата на Уставниот суд и во наредниот период ќе им бидат распределени предмети за работа, информираат од Судот.

Двајцата новоизбрани уставни судии имаат мандат од девет години.

Уставниот суд во соопштението апелира до пратениците да го почитуваат Уставот и да ги пополнат и останатите три судиски места за, како што е посочено, да може Судот да функционира во полн капацитет и да одлучува за сите предмети кои се од голема важност за државата и за граѓаните

The post Новизбраните уставни судии Бозаџиева и Скендер денеска почнаа со работни обврски appeared first on Република.

]]>

Новоизбраните судии Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер денеска почнаа со работа во Уставниот суд.
Двајцата судии утрово беа примени од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, добија работни материјали за следната седница закажана за 9 ноември. Судиите Бозаџиева и Скендер се запознаа со вработените во службата на Уставниот суд и во наредниот период ќе им бидат распределени предмети за работа, информираат од Судот.
Двајцата новоизбрани уставни судии имаат мандат од девет години. Уставниот суд во соопштението апелира до пратениците да го почитуваат Уставот и да ги пополнат и останатите три судиски места за, како што е посочено, да може Судот да функционира во полн капацитет и да одлучува за сите предмети кои се од голема важност за државата и за граѓаните

The post Новизбраните уставни судии Бозаџиева и Скендер денеска почнаа со работни обврски appeared first on Република.

]]>
Татјана Васиќ Бозаџиева изгласана да биде предлог судија на Уставен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tatjana-vasikj-bozadzieva-izglasana-da-bide-predlog-sudija-na-ustaven/ Fri, 02 Sep 2022 19:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=546907

Членовите на Комисија за прашања на изборите и именувањата, со седум гласови „за“, пет „против“ и без воздржани, ја изгласаа кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева да биде предлог судија на Уставниот суд. Седницата продолжи со расправа за кандидатот Тодор Витларов, вработен во штипското обвинителство.

Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница повторно кажа дека би било добро потенцијалните уставни судии сами да се претстават пред пратениците, со цел, како што посочи, пратениците да можат да постават прашања и потоа да направат евалуација.

Тој ја образложи кратката биографија за Витларов и порача дека доколку би го избрале, би имале уставен судија со кој, како што рече, „особено би се гордееле“.

Антонио Милошоски исто така од ВМРО-ДПМНЕ посочи на дел од наведените работи во биографијата на Витларов за кои смета дека се од голема важност и оти треба да се земат предвид при неговиот избор. Тој направи споредба на биографијата на Васиќ Бозаџиева и Витларов, и, посочи дека според истата, како што рече, „Витларов е истакнат правник, Васиќ Бозаџиева не е истакнат правник“.

Пратениците досега ја утврдија кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер, а по завршувањето на расправата за Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, треба да ја разгледаат биографијата и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески како предлози од владејачките партии.

Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска, обвинителот Тодор Витларов и Војислав Димовски јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена на четворица им е истечен мандатот.

The post Татјана Васиќ Бозаџиева изгласана да биде предлог судија на Уставен appeared first on Република.

]]>

Членовите на Комисија за прашања на изборите и именувањата, со седум гласови „за“, пет „против“ и без воздржани, ја изгласаа кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева да биде предлог судија на Уставниот суд. Седницата продолжи со расправа за кандидатот Тодор Витларов, вработен во штипското обвинителство. Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница повторно кажа дека би било добро потенцијалните уставни судии сами да се претстават пред пратениците, со цел, како што посочи, пратениците да можат да постават прашања и потоа да направат евалуација. Тој ја образложи кратката биографија за Витларов и порача дека доколку би го избрале, би имале уставен судија со кој, како што рече, „особено би се гордееле“. Антонио Милошоски исто така од ВМРО-ДПМНЕ посочи на дел од наведените работи во биографијата на Витларов за кои смета дека се од голема важност и оти треба да се земат предвид при неговиот избор. Тој направи споредба на биографијата на Васиќ Бозаџиева и Витларов, и, посочи дека според истата, како што рече, „Витларов е истакнат правник, Васиќ Бозаџиева не е истакнат правник“. Пратениците досега ја утврдија кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер, а по завршувањето на расправата за Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, треба да ја разгледаат биографијата и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески како предлози од владејачките партии. Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска, обвинителот Тодор Витларов и Војислав Димовски јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена на четворица им е истечен мандатот.

The post Татјана Васиќ Бозаџиева изгласана да биде предлог судија на Уставен appeared first on Република.

]]>
„Не може некој кој што менувал функција на секои шест месеци и ги прошетал сите министерства наеднаш да стане уставен судија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-moze-nekoj-koj-shto-menuval-funkcija-na-sekoi-shest-meseci-i-gi-proshetal-site-ministerstva-naednash-da-stane-ustaven-sudija/ Thu, 01 Sep 2022 16:30:54 +0000 https://republika.mk/?p=546525

Комисијата за прашања на изборите и именувањата попладнево ја заврши распрвата за предлогот за судија во Уставниот суд Татјана Васиќ Бозаџиева, третиот од вкупно девет кандидати. Седницата, како што најави претседателката на Комисијата, ќе продолжи утре во 14 часот.

За предложената кандидатка за уставен судија денеска зборуваа главно пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои, изнесуваа тези зошто таа не треба да биде избрана на оваа функција, а еден од аргументите беше дека таа е блиска до владејачката СДСМ.

Во Република Македонија се знае дека оние кои се достојни да бидат на едни вакви позиции треба да бидат угледни граѓани. Не може некој кој што менувал функција и позиција на секои шест месеци, кој ги прошетал сите министерства и бил блиско лице од доверба на секој еден министер наеднаш да стане уставен судија. Можеби ја знае добро администрацијата, но не може да биде уставен судија, да правораздава во највиското судско тело од целиот правен систем, рече заменик координаторката на ВМРО-ДПМНЕ пратеничката Ели Панова, според која со ваков избор на кандидати власта покажува дека не сака подобрување на судството.

Пратеникот Панчо Минов кој е дел од парламентарното мнозинство во реплика на еден од говорниците од ВМРО-ДПМНЕ побара од опозицијата да не ги омаловажуваа кандидатите за судии туку да се фокусираат на изборот на уставни судии со цел Уставниот суд да профункционира во полн капацитет.

Пратениците досега ја утврдија кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер, а по завршувањето на расправата за Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, треба да ја разгледаат биографијата и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески како предлози од владејачките партии.

Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска, обвинителот Тодор Витларов и Војислав Димовски јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена на четворица им е истечен мандатот.

The post „Не може некој кој што менувал функција на секои шест месеци и ги прошетал сите министерства наеднаш да стане уставен судија“ appeared first on Република.

]]>

Комисијата за прашања на изборите и именувањата попладнево ја заврши распрвата за предлогот за судија во Уставниот суд Татјана Васиќ Бозаџиева, третиот од вкупно девет кандидати. Седницата, како што најави претседателката на Комисијата, ќе продолжи утре во 14 часот. За предложената кандидатка за уставен судија денеска зборуваа главно пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои, изнесуваа тези зошто таа не треба да биде избрана на оваа функција, а еден од аргументите беше дека таа е блиска до владејачката СДСМ.
Во Република Македонија се знае дека оние кои се достојни да бидат на едни вакви позиции треба да бидат угледни граѓани. Не може некој кој што менувал функција и позиција на секои шест месеци, кој ги прошетал сите министерства и бил блиско лице од доверба на секој еден министер наеднаш да стане уставен судија. Можеби ја знае добро администрацијата, но не може да биде уставен судија, да правораздава во највиското судско тело од целиот правен систем, рече заменик координаторката на ВМРО-ДПМНЕ пратеничката Ели Панова, според која со ваков избор на кандидати власта покажува дека не сака подобрување на судството.
Пратеникот Панчо Минов кој е дел од парламентарното мнозинство во реплика на еден од говорниците од ВМРО-ДПМНЕ побара од опозицијата да не ги омаловажуваа кандидатите за судии туку да се фокусираат на изборот на уставни судии со цел Уставниот суд да профункционира во полн капацитет. Пратениците досега ја утврдија кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер, а по завршувањето на расправата за Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, треба да ја разгледаат биографијата и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески како предлози од владејачките партии. Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска, обвинителот Тодор Витларов и Војислав Димовски јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена на четворица им е истечен мандатот.

The post „Не може некој кој што менувал функција на секои шест месеци и ги прошетал сите министерства наеднаш да стане уставен судија“ appeared first on Република.

]]>