татјана димитровска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tatjana-dimitrovska/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 19:14:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png татјана димитровска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tatjana-dimitrovska/ 32 32 Димитровска: По верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrovska-po-verifikatsija-na-mandatot-imenuvanite-i-izbranite-litsa-treba-da-se-otkazhat-od-site-prethodni-funktsii/ Sun, 02 Jun 2024 19:14:15 +0000 https://republika.mk/?p=784230

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси Татјана Димитровска вечерва изјави дека по верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции.

Во Тема на денот на Сител телевизија прашана дали има колизија во законите и дали Талат Џафери, чиј пратенички мандат во Собранието беше верификуван треба да се откаже од функцијата технички премиер, Димитровска рече дека „на таа функција што ја извршува дефакто постои неспоивост“.

- Си има институции како што е Собранието да си ги делегираат овие активности, не кажувам јас дали да се заменици министри или вицепремиери, за тоа си постојат надлежности ...и секако ќе си одлучат надлежните органи, рече претседателката на ДКСК

Димитровска кажа и дека Законот за спречување корупција и судир на интереси предвидува глоба од 300 до 500 евра за лица кои извршуваат неспоиви функции.

- Но повторно ќе кажам дека тоа не е доволно бидејќи на кој начин би ги отстраниле последиците од ваквото постапување. Нашиот закон има слабост во тој дел, не го уредува таквото постапување. Меѓутоа верувам дека именуваните и избраните лица коишто имаат голема одговорна задача, имаат одговорност, спроведуваат санкцинирање на поведување кое е спротивно на закон нема да се доведат во ситуација самите тие да ги прекршуваат тие законски одредби од причина што пред нив стојат големи законски предизвици, рече Димитровска.

ДКСК, додаде таа. веднаш по верификација на мандатите за пратеници укажа итно постапување и почитување на уставните норми и законските одредби кои се однесуваат на неспоивост на највисоки јавни функции.

- Нашето законодавство брои многу закони меѓу кои Уставот, Законот за Собранието, Законот за пратениците и Законот за спречување на корупција и на судир на интереси кои недвосмислено, јасно и конкретно дефинираат неспоивост на функција односно дека претседател на Влада, претседател на Република, пратеници, министри, и градоначалници и други функции на избрани и именувани лица и друга функција е неспоива една со друга, потенцира претседателката на ДКСК.

Извесно е дека Владата ќе биде формирана за две до три недели, рече Димитровски предупредувајќи дека во услови кога е нарушено начелото на функционирање односно се доведува во прашање функционирањето, транспаретноста, и можеби најважното контролата од страна на Собранието врз извршната власт односно министерствата и Владата, постои потенцијален ризик од донесување на одлуки коишто можеби ќе имаат финансиски и други штетни последици за државата а секако и за нас граѓаните.

- Законот е јасен едно лице кое изврпува функција од извршна власт, во конкретниов случај претседател на Влада или министер не може истовремено да извршува и функција од законодавна власт односно пратеник, истакна претседателката на ДКСК.

ДКСК во текот на утрешниот ден ќе го објави електронскиот систем за пријава на имот, најави таа потенцирајќи дека сите актуелни функционери имаат законска обврска да го пријават имотот.

The post Димитровска: По верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси Татјана Димитровска вечерва изјави дека по верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции. Во Тема на денот на Сител телевизија прашана дали има колизија во законите и дали Талат Џафери, чиј пратенички мандат во Собранието беше верификуван треба да се откаже од функцијата технички премиер, Димитровска рече дека „на таа функција што ја извршува дефакто постои неспоивост“.
- Си има институции како што е Собранието да си ги делегираат овие активности, не кажувам јас дали да се заменици министри или вицепремиери, за тоа си постојат надлежности ...и секако ќе си одлучат надлежните органи, рече претседателката на ДКСК
Димитровска кажа и дека Законот за спречување корупција и судир на интереси предвидува глоба од 300 до 500 евра за лица кои извршуваат неспоиви функции.
- Но повторно ќе кажам дека тоа не е доволно бидејќи на кој начин би ги отстраниле последиците од ваквото постапување. Нашиот закон има слабост во тој дел, не го уредува таквото постапување. Меѓутоа верувам дека именуваните и избраните лица коишто имаат голема одговорна задача, имаат одговорност, спроведуваат санкцинирање на поведување кое е спротивно на закон нема да се доведат во ситуација самите тие да ги прекршуваат тие законски одредби од причина што пред нив стојат големи законски предизвици, рече Димитровска.
ДКСК, додаде таа. веднаш по верификација на мандатите за пратеници укажа итно постапување и почитување на уставните норми и законските одредби кои се однесуваат на неспоивост на највисоки јавни функции.
- Нашето законодавство брои многу закони меѓу кои Уставот, Законот за Собранието, Законот за пратениците и Законот за спречување на корупција и на судир на интереси кои недвосмислено, јасно и конкретно дефинираат неспоивост на функција односно дека претседател на Влада, претседател на Република, пратеници, министри, и градоначалници и други функции на избрани и именувани лица и друга функција е неспоива една со друга, потенцира претседателката на ДКСК.
Извесно е дека Владата ќе биде формирана за две до три недели, рече Димитровски предупредувајќи дека во услови кога е нарушено начелото на функционирање односно се доведува во прашање функционирањето, транспаретноста, и можеби најважното контролата од страна на Собранието врз извршната власт односно министерствата и Владата, постои потенцијален ризик од донесување на одлуки коишто можеби ќе имаат финансиски и други штетни последици за државата а секако и за нас граѓаните.
- Законот е јасен едно лице кое изврпува функција од извршна власт, во конкретниов случај претседател на Влада или министер не може истовремено да извршува и функција од законодавна власт односно пратеник, истакна претседателката на ДКСК.
ДКСК во текот на утрешниот ден ќе го објави електронскиот систем за пријава на имот, најави таа потенцирајќи дека сите актуелни функционери имаат законска обврска да го пријават имотот.

The post Димитровска: По верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции appeared first on Република.

]]>
ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-ke-bara-odgovornost-za-sluchajot-so-akademijata-na-sudii-i-obviniteli/ Sun, 05 May 2024 16:25:11 +0000 https://republika.mk/?p=774535

Одлуката на Управниот суд потврдена со одлуката на Вишиот управен суд, која се однесува на јавниот оглас на Академијата за суди и јавни обвинители за вработување на 130 идни јавни обвинители и судии нè охрабрува и ни дава потик и понатаму посветено да се вршиме нашата работа, вели претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во интервју за РСЕ.

Со ова не завршува постапката пред Државната комисија за спречување на корупција, согласно нашите законски надлежности и обврски, во рокот 15 дена, од правосилност на оваа одлука, имаме обврска да покренеме иницијатива за покренување одговорност кај надлежните институции. Тече рокот за спроведување на оваа активност и во законски утврдениот рок ке ја испочитуваме.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-povtorno-odluchi-vo-korist-na-siljanovska-davkova-asjo-treba-da-ja-stavi-vo-miruvane-postapkata-za-priem-na-130-slushateli/

The post ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители appeared first on Република.

Антикорупциска оформи вкупно 23 предмети од денот на распишување на изборите до денеска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-oformi-vkupno-23-predmeti-od-denot-na-raspishuvane-na-izborite-do-deneska/ Fri, 29 Mar 2024 20:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=760268

Почнувајќи од денот на распишување на изборите, до денеска, оформени се вкупно 23 предмети од кои три ги оформивме по сопствена иницијатива, истакна Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување на коруцпија (ДКСК), во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

Тие три предмети се добро познати на јавноста кои се однесуваат на набавката на хеликоптерите од министерството за одбрана, набавка на медицинските возила преку министерството за здравство и постапката за ангажирање на хонорарците во Младинскиот културен центар. Останатите предмети се оформени по претставки. За сите е отпочната постапка за достава на барање за потребна документација. Рокот тече, рокот на доставување на овие податоци, согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси, е 15 дена, изјави Димитровска.

The post Антикорупциска оформи вкупно 23 предмети од денот на распишување на изборите до денеска appeared first on Република.