Ташкент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tashkent/ За подобро да се разбереме Tue, 28 May 2024 18:33:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ташкент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tashkent/ 32 32 Русија ќе гради нуклеарна централа во Узбекистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-ke-gradi-nuklearna-tsentrala-vo-uzbekistan/ Tue, 28 May 2024 18:33:20 +0000 https://republika.mk/?p=782570

Рускиот претседател Владимир Путин на средбата во Ташкент со узбекистанскиот колега Шавкат Мирзијојев потпишаа договор Русија да изгради мала нуклеарна централа во централноазиската држава.

Според Мирзијоев проектот е од витално значење за Узбекистан, кој има „големи резерви на ураниум“.

Доколку договорот биде имплементиран, тоа ќе биде првата нуклеарна централа во Централна Азија, што дополнително ќе го зголеми влијанието на Русија во регионот.

Проектот предвидува изградба на шест реактори со вкупно 330 мегавати, иако претходно двете земји разговараа за изградба на многу поголема нуклеарна централа од 2,4 гигавати.

Путин вети и дека ќе ја зголеми испораката на гас за Узбекистан.

Тоа е трето патување во странство на Путин од неговата инаугурација за петти претседателски мандат на почетокот на мај. Тој прво ја посети Кина, каде му се заблагодари на Пекинг за предлозите да се преговара за крај на војната во Украина, а потоа беше во Белорусија, каде што Русија има распоредено тактичко нуклеарно оружје.

The post Русија ќе гради нуклеарна централа во Узбекистан appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин на средбата во Ташкент со узбекистанскиот колега Шавкат Мирзијојев потпишаа договор Русија да изгради мала нуклеарна централа во централноазиската држава. Според Мирзијоев проектот е од витално значење за Узбекистан, кој има „големи резерви на ураниум“. Доколку договорот биде имплементиран, тоа ќе биде првата нуклеарна централа во Централна Азија, што дополнително ќе го зголеми влијанието на Русија во регионот. Проектот предвидува изградба на шест реактори со вкупно 330 мегавати, иако претходно двете земји разговараа за изградба на многу поголема нуклеарна централа од 2,4 гигавати. Путин вети и дека ќе ја зголеми испораката на гас за Узбекистан. Тоа е трето патување во странство на Путин од неговата инаугурација за петти претседателски мандат на почетокот на мај. Тој прво ја посети Кина, каде му се заблагодари на Пекинг за предлозите да се преговара за крај на војната во Украина, а потоа беше во Белорусија, каде што Русија има распоредено тактичко нуклеарно оружје.

The post Русија ќе гради нуклеарна централа во Узбекистан appeared first on Република.

]]>
Десет лица повредени во пожар по експлозија во близина на аеродромот во Ташкент https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/deset-litsa-povredeni-vo-pozhar-po-eksplozija-vo-blizina-na-aerodromot-vo-tashkent/ Thu, 28 Sep 2023 06:38:01 +0000 https://republika.mk/?p=685816

Десет лица се повредени во пожар предизвикан од силна експлозија во магацин во близина на аеродромот во узбекистанскиот главен град Ташкент. Еден од повредените е во тешка состојба. Пожарот рано утринава е локализиран и ситуацијата е под контрола, соопшти узбекистанското Министерство за вонредни состојби.

Причините за експлозијата се уште не се разјаснети, но според една од верзиите удрил гром. На местото е поставена специјална теренска лабораторија која ќе ја испита експлозијата.

Како резултат на брзите активности на претставниците на Министерството за вонредни состојби, пожарот е ставен под контрола. Ситуацијата е под целосна контрола“, соопшти узбекистанското Министерство за вонредни состојби на Телеграм.

 

The post Десет лица повредени во пожар по експлозија во близина на аеродромот во Ташкент appeared first on Република.

]]>

Десет лица се повредени во пожар предизвикан од силна експлозија во магацин во близина на аеродромот во узбекистанскиот главен град Ташкент. Еден од повредените е во тешка состојба. Пожарот рано утринава е локализиран и ситуацијата е под контрола, соопшти узбекистанското Министерство за вонредни состојби. Причините за експлозијата се уште не се разјаснети, но според една од верзиите удрил гром. На местото е поставена специјална теренска лабораторија која ќе ја испита експлозијата.
Како резултат на брзите активности на претставниците на Министерството за вонредни состојби, пожарот е ставен под контрола. Ситуацијата е под целосна контрола“, соопшти узбекистанското Министерство за вонредни состојби на Телеграм.
 

The post Десет лица повредени во пожар по експлозија во близина на аеродромот во Ташкент appeared first on Република.

]]>