тартуф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tartuf/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jun 2024 09:47:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тартуф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tartuf/ 32 32 Ова може го имате во дворот, а немате поим: Вреди богатство, а побарувачката е огромна https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ova-mozhe-go-imate-vo-dvorot-a-nemate-poim-vredi-bogatstvo-a-pobaruvachkata-e-ogromna/ Thu, 06 Jun 2024 09:47:28 +0000 https://republika.mk/?p=785198

Белиот тартуф е „крал“ меѓу тартуфите и се развива во симбиоза со корени од даб, лешник, топола и бука. Расте и во пролет, но созрева дури наесен, а плодот може да има дијаметар до 12 cm и тежина до 500 грама, иако обично се многу помали.

Месото е бледа крем или кафена боја со бела мермерна текстура. Тешко е да се најде, бидејќи неговото живеалиште е диво и не може вештачки да се одгледува. Покрај специфичните услови за одгледување, тартуфите имаат и уникатна арома, која се добива од мешавина на дожд и недопрена земја, што му дава посебен шарм на секое јадење. Покрај нивната гастрономска вредност, тартуфите се исклучително здрави.

Она што најмногу привлекува внимание е цената која варира од 2.500 до 4.500 долари за килограм, иако одредени примероци се продавани и за многу поголеми износи. Во декември 2014 година, во Италијанскиот регион Умбрија е пронајден рекорден тартуф тежок 1,89 килограми, а кој беше купен на аукција во Сотби за вртоглави милион долари.

На прашањето каде растат овие печурки, Србинот Драган Бановачки од здружението „Лисичарка“ вели дека белиот тартуф успева во речните сливови. Тој информира дека цените на црните тартуфи се движат околу 70 евра за килограм, додека белите тартуфи од прва класа, со правилен облик, неоштетени чинат „само“ 800 евра за килограм.

The post Ова може го имате во дворот, а немате поим: Вреди богатство, а побарувачката е огромна appeared first on Република.

]]>

Белиот тартуф е „крал“ меѓу тартуфите и се развива во симбиоза со корени од даб, лешник, топола и бука. Расте и во пролет, но созрева дури наесен, а плодот може да има дијаметар до 12 cm и тежина до 500 грама, иако обично се многу помали. Месото е бледа крем или кафена боја со бела мермерна текстура. Тешко е да се најде, бидејќи неговото живеалиште е диво и не може вештачки да се одгледува. Покрај специфичните услови за одгледување, тартуфите имаат и уникатна арома, која се добива од мешавина на дожд и недопрена земја, што му дава посебен шарм на секое јадење. Покрај нивната гастрономска вредност, тартуфите се исклучително здрави. Она што најмногу привлекува внимание е цената која варира од 2.500 до 4.500 долари за килограм, иако одредени примероци се продавани и за многу поголеми износи. Во декември 2014 година, во Италијанскиот регион Умбрија е пронајден рекорден тартуф тежок 1,89 килограми, а кој беше купен на аукција во Сотби за вртоглави милион долари. На прашањето каде растат овие печурки, Србинот Драган Бановачки од здружението „Лисичарка“ вели дека белиот тартуф успева во речните сливови. Тој информира дека цените на црните тартуфи се движат околу 70 евра за килограм, додека белите тартуфи од прва класа, со правилен облик, неоштетени чинат „само“ 800 евра за килограм.

The post Ова може го имате во дворот, а немате поим: Вреди богатство, а побарувачката е огромна appeared first on Република.

]]>