Таравари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/taravari/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 19:50:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Таравари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/taravari/ 32 32 За една недела регистрирани 131 нов случај на ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/za-edna-nedela-registrirani-131-nov-sluchaj-na-kovid-19/ Mon, 02 Sep 2024 19:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=812410

Од појавата на првиот случај на ковид-19 се пријавени вкупно 351 708 заболени и 9 995 починати лица асоцирани со коронавирус. Во текот на 2024 година, регистрирани се вкупно 1 392 заболени и 16 починати лица асоцирани со коронавирус.

Министерот за здравство Арбен Таравари минатата недела најави донација од 11 илјади вакцини против ковид-19, која во наредните десетина дена треба да пристигне во земјава.

Најавата на Таравари дојде откако изминатиот период се регистрирани зголемен број позитивни случаи на вирусот.

Претходно, поради зголемениот број позитивни случаи на ковид-19, Комисијата за заразни болести повика граѓаните да се придржуваат до општите мерки за превенција од респираторни инфекции. Тоа подразбира да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица.

The post За една недела регистрирани 131 нов случај на ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Од појавата на првиот случај на ковид-19 се пријавени вкупно 351 708 заболени и 9 995 починати лица асоцирани со коронавирус. Во текот на 2024 година, регистрирани се вкупно 1 392 заболени и 16 починати лица асоцирани со коронавирус.
Министерот за здравство Арбен Таравари минатата недела најави донација од 11 илјади вакцини против ковид-19, која во наредните десетина дена треба да пристигне во земјава. Најавата на Таравари дојде откако изминатиот период се регистрирани зголемен број позитивни случаи на вирусот. Претходно, поради зголемениот број позитивни случаи на ковид-19, Комисијата за заразни болести повика граѓаните да се придржуваат до општите мерки за превенција од респираторни инфекции. Тоа подразбира да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица.

The post За една недела регистрирани 131 нов случај на ковид-19 appeared first on Република.

]]>
За шест месеци, онколошки лекови ќе има на Позитивната листа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/za-shest-mesetsi-onkoloshki-lekovi-ke-ima-na-pozitivnata-lista/ Mon, 19 Aug 2024 13:24:53 +0000 https://republika.mk/?p=807983

За незадоволството од страна на онколошки пациенти, во врска со ревидирањето на позитивната листа на лекови,министерот Таравари вели дека тие ќе бидат вклучени во следното ревидирање, кое според него ќе се случи за шест месеци.

Секогаш треба да анализираме што се можностите и што се потребите и според тоа да ја направиме што порационална Позитивната листа. Меѓу другото, тука министерот е само како член во Комисијата. Ние ќе се обидеме повторно да бидеме рационални и ефикасни во изборот на следните лекови и јас гарантирам дека за шест месеци ќе подготвиме нови лекови со што ќе биде надополнета оваа листа-вели Таравари.

Тој смета дека недостигот од радиолози и патолози е проблем што онколошки пациенти чекаат за резултати од патологија. Таравари најави на листата на вработување приоритет ќе имаат токму овие кадри.

The post За шест месеци, онколошки лекови ќе има на Позитивната листа appeared first on Република.

Претседателот на Владата Мицкоски во посета на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-vladata-mitskoski-vo-poseta-na-klinikata-za-digestivna-hirurgija-vo-skopje/ Fri, 16 Aug 2024 07:34:59 +0000 https://republika.mk/?p=807058

Денеска 16.08.2024 година (петок) во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за здравство, Арбен Таравари ќе ја посетат ЈЗУ Универзитетската Клиниката за дигестивна хирургија Скопје, соопшти владината прес служба.

Воедно, ќе се отвори комплетно реновираното одделение за дигестивна хирургија кое започна со реконструкција пред 30 дена во вредност од околу 700.000 евра, донација од Јапонската амбасада и подразбира набавка на нови кревети, плакари, врати и осветлување.

Исто така преку Министерството за здравство годинава е набавена апаратура во вредност од 1.000.000 евра за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст, стои во соопштението.

The post Претседателот на Владата Мицкоски во посета на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје appeared first on Република.

]]>

Денеска 16.08.2024 година (петок) во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за здравство, Арбен Таравари ќе ја посетат ЈЗУ Универзитетската Клиниката за дигестивна хирургија Скопје, соопшти владината прес служба.
Воедно, ќе се отвори комплетно реновираното одделение за дигестивна хирургија кое започна со реконструкција пред 30 дена во вредност од околу 700.000 евра, донација од Јапонската амбасада и подразбира набавка на нови кревети, плакари, врати и осветлување. Исто така преку Министерството за здравство годинава е набавена апаратура во вредност од 1.000.000 евра за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст, стои во соопштението.

The post Претседателот на Владата Мицкоски во посета на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје appeared first on Република.

]]>
Таравари именуваше нови в.д. директори во неколку јавни здравствени установи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/taravari-imenuvashe-novi-v-d-direktori-vo-nekolku-javni-zdravstveni-ustanovi/ Tue, 06 Aug 2024 13:10:52 +0000 https://republika.mk/?p=803919

Министерството за здравство информира дека министерот д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именуваше нови в.д. директори во следните јавни здравствени установи:

Центар за јавно здравје Скопје – Муамет Демири

Клиничка болница Штип – Владко Захариев

Општа болница Кичево  – Маја Цветановска Трајковска

Општа болница Струга – Владимир Бунчевски

Општа болница со проширена дејност Дебар – Севдије Коџа

Здравствен дом Струга – Арбен Лабеништа

Психијатриска болница Демир Хисар – Жан Лозановски

Центар за јавно здравје Куманово – Херољинд Сакипи

Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања – Отешево Благоја Китановски

Универзитетска клиника за урологија – Башким Шабани

The post Таравари именуваше нови в.д. директори во неколку јавни здравствени установи appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира дека министерот д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именуваше нови в.д. директори во следните јавни здравствени установи:
Центар за јавно здравје Скопје – Муамет Демири Клиничка болница Штип – Владко Захариев Општа болница Кичево  – Маја Цветановска Трајковска Општа болница Струга – Владимир Бунчевски Општа болница со проширена дејност Дебар – Севдије Коџа
Здравствен дом Струга – Арбен Лабеништа Психијатриска болница Демир Хисар – Жан Лозановски Центар за јавно здравје Куманово – Херољинд Сакипи Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања – Отешево Благоја Китановски Универзитетска клиника за урологија – Башким Шабани

The post Таравари именуваше нови в.д. директори во неколку јавни здравствени установи appeared first on Република.

]]>
Таравари: Тримесечно бебе со траги на насилство, виновниците ќе бидат пронајдени и казнети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-trimesechno-bebe-so-tragi-na-nasilstvo-vinovnitsite-ke-bidat-pronajdeni-i-kazneti/ Sat, 13 Jul 2024 10:37:32 +0000 https://republika.mk/?p=796330

Министерот за здравство Арбен Таравари, синоќа во објава на Фејсбук информираше дека дознал за, како што вели монструозен случај, во кој тримесечно бебе имало траги на насилство по телото.

Таравари вели дека семејството на бебето тврди дека тоа било тепано на  педијатрија од медицинската сестра бидејќи мајката на детето не знаела македонски.

-Доколку овој случај е вистина, оваа медицинска сестра веднаш ќе биде отпуштена и јас лично ќе се погрижам веднаш да биде упатена до правните органи. Каква и да е вистината, виновниците за овој грозен и болен чин ќе бидат пронајдени и казнети
Сега одам лично на местото на настанот за да се сретнам со семејството и персоналот!, напиша Таравари.

Таравари синоќа заедно со директорот на Детската клиника отиде и лично да се сретне со семејството на детето, по што потврди дека бебето има повреди по телото и повтори дека ќе се преземат мерки.

-Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Клиниката. Заедно со директорот дојдовме одблизу да видиме што се случува. Сите пациенти се важни, но децата се посебно важни. Од утре треба специјална комисија на Клиниката да разгледа и да ја слушне и другата страна. Ви гарантирам дека веднаш ќе преземеме мерки против тие коишто постапиле лошо кон детето коешто дојдовме вечерва да го посетиме. Не смееме да се однесуваме лошо кон пациентите, рече Таравари.

За случајот со повреденото тримесечно бебе претходно информираше порталот „Икс“

The post Таравари: Тримесечно бебе со траги на насилство, виновниците ќе бидат пронајдени и казнети appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари, синоќа во објава на Фејсбук информираше дека дознал за, како што вели монструозен случај, во кој тримесечно бебе имало траги на насилство по телото. Таравари вели дека семејството на бебето тврди дека тоа било тепано на  педијатрија од медицинската сестра бидејќи мајката на детето не знаела македонски. -Доколку овој случај е вистина, оваа медицинска сестра веднаш ќе биде отпуштена и јас лично ќе се погрижам веднаш да биде упатена до правните органи. Каква и да е вистината, виновниците за овој грозен и болен чин ќе бидат пронајдени и казнети Сега одам лично на местото на настанот за да се сретнам со семејството и персоналот!, напиша Таравари. Таравари синоќа заедно со директорот на Детската клиника отиде и лично да се сретне со семејството на детето, по што потврди дека бебето има повреди по телото и повтори дека ќе се преземат мерки. -Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Клиниката. Заедно со директорот дојдовме одблизу да видиме што се случува. Сите пациенти се важни, но децата се посебно важни. Од утре треба специјална комисија на Клиниката да разгледа и да ја слушне и другата страна. Ви гарантирам дека веднаш ќе преземеме мерки против тие коишто постапиле лошо кон детето коешто дојдовме вечерва да го посетиме. Не смееме да се однесуваме лошо кон пациентите, рече Таравари. За случајот со повреденото тримесечно бебе претходно информираше порталот „Икс“

The post Таравари: Тримесечно бебе со траги на насилство, виновниците ќе бидат пронајдени и казнети appeared first on Република.

]]>
Аеродром, Гостивар и Сарај да добијат нови градоначалници без избори, Таравари откри детали за законот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aerodrom-gostivar-i-saraj-da-dobijat-novi-gradonachalnitsi-bez-izbori-taravari-otkri-detali-za-zakonot/ Tue, 11 Jun 2024 20:58:00 +0000 https://republika.mk/?p=786751

Арбен Таравари вечерва и официјално потврди дека е подготвен законот со кој се очекува до локалните избори во октомври следната година да нема нови избори во Гостивар, Аеродром и Сарај.

-Замислете кампања да направи некој кандидат за градоначалник само за десет месеци и да излезат да речеме 30, 50, 701 илјади граѓани да гласаат за да изберат градоначалник кој ќе биде за само десет месеци. Ако сакаме да ги редуцираме трошоците, истиот в.д. градоначалник практично би имал два пати по шест месеци мандат. Тоа е решението што го предлагаме како Алијанса за Албанците. Се надевам да биде поддржана и од другите партии, рече Таравари панел-дискусијата „Ни ‘ваши’, ни ‘наши’ – Реформа  за поддршка на стручните лекари“.

Коалицијата Вреди деновиве се очекува да поднесе предлог за да не се организираат избори ако до редовниот термин има помалку од две години, што е половина од мандатот. Законите се очекува да одат по скратена постапка и треба да се донесат до изборот на новата влада.

Во  Општина Сарај веќе е назначен Иљас Весели на местото на пратеникот Блерим Беџети.

Повеќе информации, како што објави ТВ Телма, ќе донесе утрешната координација кај спикерот Африм Гаши, каде ќе се договори динамиката за работа на Собранието и дали до крајот на оваа недела ќе има нова седница за избор на потпретседатели.

Според Телма, ако се изберат, обврските на Гаши нема да го попречат менувањето на законите и изборот на Влада, како што се планира, кон средината на наредната недела.

The post Аеродром, Гостивар и Сарај да добијат нови градоначалници без избори, Таравари откри детали за законот appeared first on Република.

]]>

Арбен Таравари вечерва и официјално потврди дека е подготвен законот со кој се очекува до локалните избори во октомври следната година да нема нови избори во Гостивар, Аеродром и Сарај. -Замислете кампања да направи некој кандидат за градоначалник само за десет месеци и да излезат да речеме 30, 50, 701 илјади граѓани да гласаат за да изберат градоначалник кој ќе биде за само десет месеци. Ако сакаме да ги редуцираме трошоците, истиот в.д. градоначалник практично би имал два пати по шест месеци мандат. Тоа е решението што го предлагаме како Алијанса за Албанците. Се надевам да биде поддржана и од другите партии, рече Таравари панел-дискусијата „Ни ‘ваши’, ни ‘наши’ – Реформа  за поддршка на стручните лекари“. Коалицијата Вреди деновиве се очекува да поднесе предлог за да не се организираат избори ако до редовниот термин има помалку од две години, што е половина од мандатот. Законите се очекува да одат по скратена постапка и треба да се донесат до изборот на новата влада. Во  Општина Сарај веќе е назначен Иљас Весели на местото на пратеникот Блерим Беџети. Повеќе информации, како што објави ТВ Телма, ќе донесе утрешната координација кај спикерот Африм Гаши, каде ќе се договори динамиката за работа на Собранието и дали до крајот на оваа недела ќе има нова седница за избор на потпретседатели. Според Телма, ако се изберат, обврските на Гаши нема да го попречат менувањето на законите и изборот на Влада, како што се планира, кон средината на наредната недела.

The post Аеродром, Гостивар и Сарај да добијат нови градоначалници без избори, Таравари откри детали за законот appeared first on Република.

]]>
Таравари: По овие избори ќе се смени власта во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-po-ovie-izbori-ke-se-smeni-vlasta-vo-makedonija/ Wed, 08 May 2024 17:41:04 +0000 https://republika.mk/?p=775738

Гостиварскиот градоначалник и кандидат за претседател во првиот круг од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ, Арбен Таравари на гласање дојде со потесното семејство и порача дека по овие избори ќе се смени власта во Македонија. Тој во изјавата за медиумите по гласањето апелираше на до граѓаните на помасовна излезност.

– Ние гласавме. Апелирам и до сите граѓани што помасовно да ја изразат својата волја и на крајот на денот да ги изброиме ливчињата. Да видиме кој е победникот. Според единствената анкета која постои меѓу двата круга најверојатно следната влада ќе биде составена од ВМРО и ВЛЕН/ВРЕДИ, рече Таравари.

На прашање на МИА каков исход очекува, Таравари напомена дека ова ќе биде историска победа на Албанците во Македонија.

– За албанскиот блок ова е историски ден. Кажав и претходно, 8 мај ќе биде историја за Албанците и за ова ќе пишува во книгите. По 22-годишен режим на ДУИ, мислам дека ДУИ од денес е во опозиција. И тие се свесни и го знаат тоа, подвлече Таравари.

Според неговите информации имало нарушување на изборниот процес и посочи дека вчера е откриен поткуп на гласачи од страна на оџи и функционери на ДУИ.

-Тоа е јавна тајна. Секогаш го правеле тоа и го повторуваат, меѓутоа ќе има одговорност. Претходно не одговараа, бидејќи беа на власт. Сега ќе одговараат. Од утре ќе има одговорност и ги повикувам сите луѓе да овозможат гласањето да биде фер и што демократско, рече Арбен Таравари.

The post Таравари: По овие избори ќе се смени власта во Македонија appeared first on Република.

]]>

Гостиварскиот градоначалник и кандидат за претседател во првиот круг од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ, Арбен Таравари на гласање дојде со потесното семејство и порача дека по овие избори ќе се смени власта во Македонија. Тој во изјавата за медиумите по гласањето апелираше на до граѓаните на помасовна излезност. – Ние гласавме. Апелирам и до сите граѓани што помасовно да ја изразат својата волја и на крајот на денот да ги изброиме ливчињата. Да видиме кој е победникот. Според единствената анкета која постои меѓу двата круга најверојатно следната влада ќе биде составена од ВМРО и ВЛЕН/ВРЕДИ, рече Таравари. На прашање на МИА каков исход очекува, Таравари напомена дека ова ќе биде историска победа на Албанците во Македонија. – За албанскиот блок ова е историски ден. Кажав и претходно, 8 мај ќе биде историја за Албанците и за ова ќе пишува во книгите. По 22-годишен режим на ДУИ, мислам дека ДУИ од денес е во опозиција. И тие се свесни и го знаат тоа, подвлече Таравари. Според неговите информации имало нарушување на изборниот процес и посочи дека вчера е откриен поткуп на гласачи од страна на оџи и функционери на ДУИ. -Тоа е јавна тајна. Секогаш го правеле тоа и го повторуваат, меѓутоа ќе има одговорност. Претходно не одговараа, бидејќи беа на власт. Сега ќе одговараат. Од утре ќе има одговорност и ги повикувам сите луѓе да овозможат гласањето да биде фер и што демократско, рече Арбен Таравари.

The post Таравари: По овие избори ќе се смени власта во Македонија appeared first on Република.

]]>
Таравари: Треба да имаме децентрализирано здравство односно да развиеме центри за здравствени услуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-treba-da-imame-detsentralizirano-zdravstvo-odnosno-da-razvieme-tsentri-za-zdravstveni-uslugi/ Sun, 07 Apr 2024 13:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=763453

Кандидатот за претседател на државата од коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, оствари средба со лекари во Тетово, по повод Денот на здравјето - 7 Април. Претседателскиот кандидат посочи дека ќе се залага за децентрализација во здравството, како начин на поквалитетни медицински услуги за граѓаните.

- Имајте предвид дека тоа беше дел и од нашата програма и од пред четири години да имаме децентрализирано здравство односно да развиеме одредени центри, на пример во Тетово, во Струга, Охрид, коишто ќе бидат клинички центри, клинички болница, меѓутоа во права смисла на зборот кои ќе функционираат и ќе дадат одредени здравствени услуги на пациентите и граѓаните да не мора секој од пациентите од сите градови да одат сите во Скопје. Така да почнеме да децентрализираме и зборувавме и за другите предлози кои се интересни, кажани од нашите колеги, не само за медицина, фармацевтски, стоматолошки дел, изјави Таравари.

На новинарските барања за коментар на тоа што билборд од неговата кампања беше опожарен во Скопје, Таравари изрази надеж дека институциите на системот ќе утврдат што точно се случило.

- До сега кампањата е релативно коректна, освен што институциите на системот за жал, се политизирани и од тоа за жал не можеме да побегнеме. Дека има одредени притисоци врз луѓето, тоа е вообичаено, и не го сметаме за нешто, да речам вонредно, и нешто што не го предвидувавме. Се надевам дека институциите на системот ќе покажат и докажат што точно се случило. Знам само едно нешто дека јас не би го направил тоа на ниеден мој противкандидат, така што да се надеваме дека не е ништо намерно и смислено, рече Таравари.

Попладнево заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, Таравари продолжи со средби со граѓани на Попова Шапка.

The post Таравари: Треба да имаме децентрализирано здравство односно да развиеме центри за здравствени услуги appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за претседател на државата од коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, оствари средба со лекари во Тетово, по повод Денот на здравјето - 7 Април. Претседателскиот кандидат посочи дека ќе се залага за децентрализација во здравството, како начин на поквалитетни медицински услуги за граѓаните. - Имајте предвид дека тоа беше дел и од нашата програма и од пред четири години да имаме децентрализирано здравство односно да развиеме одредени центри, на пример во Тетово, во Струга, Охрид, коишто ќе бидат клинички центри, клинички болница, меѓутоа во права смисла на зборот кои ќе функционираат и ќе дадат одредени здравствени услуги на пациентите и граѓаните да не мора секој од пациентите од сите градови да одат сите во Скопје. Така да почнеме да децентрализираме и зборувавме и за другите предлози кои се интересни, кажани од нашите колеги, не само за медицина, фармацевтски, стоматолошки дел, изјави Таравари. На новинарските барања за коментар на тоа што билборд од неговата кампања беше опожарен во Скопје, Таравари изрази надеж дека институциите на системот ќе утврдат што точно се случило. - До сега кампањата е релативно коректна, освен што институциите на системот за жал, се политизирани и од тоа за жал не можеме да побегнеме. Дека има одредени притисоци врз луѓето, тоа е вообичаено, и не го сметаме за нешто, да речам вонредно, и нешто што не го предвидувавме. Се надевам дека институциите на системот ќе покажат и докажат што точно се случило. Знам само едно нешто дека јас не би го направил тоа на ниеден мој противкандидат, така што да се надеваме дека не е ништо намерно и смислено, рече Таравари. Попладнево заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, Таравари продолжи со средби со граѓани на Попова Шапка.

The post Таравари: Треба да имаме децентрализирано здравство односно да развиеме центри за здравствени услуги appeared first on Република.

]]>
Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sela-tvrdi-deka-gi-dobil-pechatite-od-aa-taravari-najavuva-zhalba-dokolku-e-donesena-vakva-odluka/ Tue, 02 Apr 2024 17:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=761427

Печатите од Алијанса за Албанците ги доби крилото на Зијадин Села. Ваква одлука донел Судот во Тетово. Од крилото на Села ја потврдуваат информацијата, а претседателот на АА Арбен Таравари најавува жалба.

- Судот одлучи дека нашето барање за регистрација на Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците е прифатено. За оваа одлука се известени сите странки и сега официјално претседател на АА е Зијадин Села, изјавија за МИА од крилото на Села.

Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари реагираше преку „Фејбук“ по објавата дека печатите од партијата со одлука на судот во Тетово ги добил Села.

- Велат дека денеска добиле печати од Алијансата за да ги дадат на ДУИ... и да е вистина ќе се жалиме ама и да ги добијат со заробениот систем што го имаат во рака, имам прашање ... што е со народот?! Без вера, со ниеден суд не можете да го освоите народот. Промената започна и нема печат што ја спречува, вели Таравари во објавата на Фејсбук.

МИА се обиде да стапи во контакт со Основниот суд Тетово од каде ни беше посочено да испратиме официјален меил во текот на утрешниот ден.

Алијанса за Албанците се подели на две крила откако Таравари го повика членството да ги поддржи во одлуката да настапат заедно со албанската опозиција. Села и Таравари најавија дека ќе водат правна битка за печатите на партијата. Крилото на Таравари одлучи на претстојните избори да оди со албанската опозиција, а Села со ДУИ

The post Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука appeared first on Република.

]]>

Печатите од Алијанса за Албанците ги доби крилото на Зијадин Села. Ваква одлука донел Судот во Тетово. Од крилото на Села ја потврдуваат информацијата, а претседателот на АА Арбен Таравари најавува жалба. - Судот одлучи дека нашето барање за регистрација на Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците е прифатено. За оваа одлука се известени сите странки и сега официјално претседател на АА е Зијадин Села, изјавија за МИА од крилото на Села. Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари реагираше преку „Фејбук“ по објавата дека печатите од партијата со одлука на судот во Тетово ги добил Села. - Велат дека денеска добиле печати од Алијансата за да ги дадат на ДУИ... и да е вистина ќе се жалиме ама и да ги добијат со заробениот систем што го имаат во рака, имам прашање ... што е со народот?! Без вера, со ниеден суд не можете да го освоите народот. Промената започна и нема печат што ја спречува, вели Таравари во објавата на Фејсбук. МИА се обиде да стапи во контакт со Основниот суд Тетово од каде ни беше посочено да испратиме официјален меил во текот на утрешниот ден. Алијанса за Албанците се подели на две крила откако Таравари го повика членството да ги поддржи во одлуката да настапат заедно со албанската опозиција. Села и Таравари најавија дека ќе водат правна битка за печатите на партијата. Крилото на Таравари одлучи на претстојните избори да оди со албанската опозиција, а Села со ДУИ

The post Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука appeared first on Република.

]]>
Таравари: Нема што да делиме, се договоривме во Скопје да ја користат тие канцеларијата, а во Тетово да ја користиме ние https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-nema-shto-da-delime-se-dogovorivme-vo-skopje-da-ja-koristat-tie-kantselarijata-a-vo-tetovo-da-ja-koristime-nie/ Mon, 26 Feb 2024 07:58:38 +0000 https://republika.mk/?p=748081

Доскорешниот лидер на Алијанса за Албанците, а од неодана, по партискиот раскол, лидер на дел од таа парија и кандидат за претседател на опозициската коалиција Вредин, Арбен Таравари вели дека по разидувањето со Зијади Села веројатно разврската ќе биде пред судот, но и информира како со Села поделиле дел од партискиот имот. Таравари ја потврди средбата со Села.

Имаше еден состанок пред повеќе од две недели каде што се видовме и уште еднаш се обидовме дали може, да речам, да ги испегламе разликите. Ние имаме две канцеларии и да нема конфликт, да не се случуваат недоразбирања, одлучивме во Скопје да ја користат тие канцеларијата, а во Тетово да ја користиме ние како официјално седиште на партијата – рече Таравари.

The post Таравари: Нема што да делиме, се договоривме во Скопје да ја користат тие канцеларијата, а во Тетово да ја користиме ние appeared first on Република.

На Села му кажав, ако одиме со ДУИ ќе ја напуштам партијата, вели Таравари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-sela-mu-kazhav-ako-odime-so-dui-ke-ja-napushtam-partijata-veli-taravari/ Mon, 19 Feb 2024 21:11:52 +0000 https://republika.mk/?p=745909

Му кажав на Села, ако одиме со ДУИ јас ќе излезам од партијата, а да настапиме сами немам против. Ако настапиме сами и да изгубиме не е некаков проблем, тогаш Таравари ќе даде оставка од претседател и толку. Народот сакаше промена, заедно со ДУИ не е промена, вели Таравари во дебатниот магазин „Click Plus“ .

Тој вели дека реалноста е дека ако оделе сами на изборите само ќе му направеле услуга на ДУИ.

Само здружени со опозицијата може да ги победиме. Кога му се придружив на Села тогаш беше заради тоа да ја донесеме промената, а не да направиме услуга на некого, порача Таравари.

The post На Села му кажав, ако одиме со ДУИ ќе ја напуштам партијата, вели Таравари appeared first on Република.

Таравари имал понуди од ДУИ: Да побарав да бидам прв премиер Албанец, би прифатиле, да побарав да бидам заеднички кандидат за претседател и тоа би прифатиле https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-imal-ponudi-od-dui-da-pobarav-da-bidam-prv-premier-albanets-bi-prifatile-da-pobarav-da-bidam-zaednichki-kandidat-za-pretsedatel-i-toa-bi-prifatile/ Mon, 19 Feb 2024 20:50:46 +0000 https://republika.mk/?p=745907

Лидерот на АА и кандидат за претседател Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека да побарал да биде првиот премиер Албанец, ДУИ ќе прифателе, но сепак одлучил да го слуша гласот на народот.

Тој додава дека имал понуди од ДУИ.

Нудеа се. Да побарав да бидам прв премиер Албанец, и тоа би прифатиле. Да побарав да бидам заеднички кандидат за претседател, и тоа би прифатиле, но одлучив да го слушам гласот на народот, кој сака промени после 22 години, порача Таравари.

The post Таравари имал понуди од ДУИ: Да побарав да бидам прв премиер Албанец, би прифатиле, да побарав да бидам заеднички кандидат за претседател и тоа би прифатиле appeared first on Република.

]]>

Лидерот на АА и кандидат за претседател Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека да побарал да биде првиот премиер Албанец, ДУИ ќе прифателе, но сепак одлучил да го слуша гласот на народот. Тој додава дека имал понуди од ДУИ.
Нудеа се. Да побарав да бидам прв премиер Албанец, и тоа би прифатиле. Да побарав да бидам заеднички кандидат за претседател, и тоа би прифатиле, но одлучив да го слушам гласот на народот, кој сака промени после 22 години, порача Таравари.

The post Таравари имал понуди од ДУИ: Да побарав да бидам прв премиер Албанец, би прифатиле, да побарав да бидам заеднички кандидат за претседател и тоа би прифатиле appeared first on Република.

]]>
Таравари: Куршумот е заканувачка мафијашка порака, промената почна и ништо нема да ја запре https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-kurshumot-e-zakanuvachka-mafijashka-poraka-promenata-pochna-i-nishto-nema-da-ja-zapre/ Mon, 05 Feb 2024 18:07:30 +0000 https://republika.mk/?p=740647

Претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Општина Гостивар, Арбен Таравари преку својот Фејсбук профил реагира за денешниот настан со оставен куршум пред вратата на неговиот дом, оценувајќи го како „јасна заканувачка мафијашка порака“ и  дека „промената почнала и нема ништо што би ја запрело“.

-Силите на државната полиција денеска беа кај мене дома како што видовте од медиумите, бидејќи таму беше пронајден куршум кој беше пуштен со јасна заканувачка мафијашка порака. Жал ми е за моето семејство и особено за мајка ми која особено лошо ја доживеа оваа ситуација. Жал ми е за оние политичари кои покажуваат дека нивниот аргумент да се замолчи нечиј глас се куршуми, куршуми кои ме потсетуваат на Италија од 1992 година каде мафијата го уби познатиот судија Џовани Фалконе... Но за тоа ми е жал...тука завршува мојата тага и започнува мојата радост затоа што разбирам дека тие што ја држеа оваа земја во заложништво се во очај на загуба! Секој кој ќе остане без зборови, а му останал само куршум е во голема неволја..., наведува Таравари во објавата на Фејсбук.

На кој и да го испукал тој куршум, дополнува Таравари, му велам дека и да испукаш тешка артилерија, промената почна и нема ништо што би ја запрело.

-Вие можете да ме убиете и тоа би било голема загуба за моето семејство и жал ми е што и моите деца го читаат ова...но вие би убиле само еден човек, но што ќе направите со илјадници, стотици илјади и милиони луѓе кои веќе станале на нозе? Вие не можете да замолчите, да убивате, да запрете еден народ! Ви благодарам на сите што ме поддржувате! Срцето ми го правите планина! Ја започнавте промената со мене или без мене. Промената е завршена!, напиша Таравари.

Од Европскиот сојуз за промена преку соопштение потенцираа дека заканата кон претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, „е сериозен чин против демократијата и европските вредности“.

-Јасно се гледа дека ДУИ не може да излезе од минатото и да стане дел од европските вредности. Криминализираната власт, сега поддржана и од Зиадин Села, продолжува со стилот на закани и убиства кон сите кои ја загрозуваат нејзината позиција во Владата. Денешната случка, каде во дворот на куќата на Арбен Таравари му беше оставен куршум, докажува дека ДУИ и Зиадин Села како партнери на СДСМ немаат ништо заедничко со Европа и нејзините вредности. Ги разоткрива и проруските и просрпските политики. Денешната закана против Таравари докажува дека оваа влада спроведува антиевропски акции. Познати се само Владимир Путин и Александар Вучиќ кои се закануваат во ваков стил. Додека за ДУИ јасно говори и минатото. Бидејќи пред централниот штаб на оваа партија имаше размена на оган, повредени и загинати, во штабот на ДУИ во Куманово беше убиен командант Шќипоња, по војната беа убиени стотици војници и команданти на ОВК, меѓу кои и Харун Алиу, велат од Европски сојуз за промена.

Европскиот сојуз за промена бара случајот со заканата против Арбен Таравари, полицијата во најбрз можен рок да го реши и да го пронајде лицето кое го ставило куршумот во дворот, како и нарачателот.

Од СВР Тетово претходно информираа дека во 9 часот и 34 минути Ј.Џ.(42) од Гостивар пријавил дека пред влезната врата од куќата на 50-годишниот гостиварец А.Т. во Гостивар било пронајдено зрно од автоматско оружје калибар 7, 62 милиметри. Екипа од СВР Тетово-ОВР Гостивар извршила комплетен увид, пронајденото зрно е фотодокументирано и подигнато за вештачење.

The post Таравари: Куршумот е заканувачка мафијашка порака, промената почна и ништо нема да ја запре appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Општина Гостивар, Арбен Таравари преку својот Фејсбук профил реагира за денешниот настан со оставен куршум пред вратата на неговиот дом, оценувајќи го како „јасна заканувачка мафијашка порака“ и  дека „промената почнала и нема ништо што би ја запрело“. -Силите на државната полиција денеска беа кај мене дома како што видовте од медиумите, бидејќи таму беше пронајден куршум кој беше пуштен со јасна заканувачка мафијашка порака. Жал ми е за моето семејство и особено за мајка ми која особено лошо ја доживеа оваа ситуација. Жал ми е за оние политичари кои покажуваат дека нивниот аргумент да се замолчи нечиј глас се куршуми, куршуми кои ме потсетуваат на Италија од 1992 година каде мафијата го уби познатиот судија Џовани Фалконе... Но за тоа ми е жал...тука завршува мојата тага и започнува мојата радост затоа што разбирам дека тие што ја држеа оваа земја во заложништво се во очај на загуба! Секој кој ќе остане без зборови, а му останал само куршум е во голема неволја..., наведува Таравари во објавата на Фејсбук. На кој и да го испукал тој куршум, дополнува Таравари, му велам дека и да испукаш тешка артилерија, промената почна и нема ништо што би ја запрело. -Вие можете да ме убиете и тоа би било голема загуба за моето семејство и жал ми е што и моите деца го читаат ова...но вие би убиле само еден човек, но што ќе направите со илјадници, стотици илјади и милиони луѓе кои веќе станале на нозе? Вие не можете да замолчите, да убивате, да запрете еден народ! Ви благодарам на сите што ме поддржувате! Срцето ми го правите планина! Ја започнавте промената со мене или без мене. Промената е завршена!, напиша Таравари. Од Европскиот сојуз за промена преку соопштение потенцираа дека заканата кон претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, „е сериозен чин против демократијата и европските вредности“. -Јасно се гледа дека ДУИ не може да излезе од минатото и да стане дел од европските вредности. Криминализираната власт, сега поддржана и од Зиадин Села, продолжува со стилот на закани и убиства кон сите кои ја загрозуваат нејзината позиција во Владата. Денешната случка, каде во дворот на куќата на Арбен Таравари му беше оставен куршум, докажува дека ДУИ и Зиадин Села како партнери на СДСМ немаат ништо заедничко со Европа и нејзините вредности. Ги разоткрива и проруските и просрпските политики. Денешната закана против Таравари докажува дека оваа влада спроведува антиевропски акции. Познати се само Владимир Путин и Александар Вучиќ кои се закануваат во ваков стил. Додека за ДУИ јасно говори и минатото. Бидејќи пред централниот штаб на оваа партија имаше размена на оган, повредени и загинати, во штабот на ДУИ во Куманово беше убиен командант Шќипоња, по војната беа убиени стотици војници и команданти на ОВК, меѓу кои и Харун Алиу, велат од Европски сојуз за промена. Европскиот сојуз за промена бара случајот со заканата против Арбен Таравари, полицијата во најбрз можен рок да го реши и да го пронајде лицето кое го ставило куршумот во дворот, како и нарачателот. Од СВР Тетово претходно информираа дека во 9 часот и 34 минути Ј.Џ.(42) од Гостивар пријавил дека пред влезната врата од куќата на 50-годишниот гостиварец А.Т. во Гостивар било пронајдено зрно од автоматско оружје калибар 7, 62 милиметри. Екипа од СВР Тетово-ОВР Гостивар извршила комплетен увид, пронајденото зрно е фотодокументирано и подигнато за вештачење.

The post Таравари: Куршумот е заканувачка мафијашка порака, промената почна и ништо нема да ја запре appeared first on Република.

]]>
Таравари: За АА прифатливи термини се крајот на април или почетокот на мај да се одржат парламентарните избори и вториот круг од претседателските избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-za-aa-prifatlivi-termini-se-krajot-na-april-ili-pochetokot-na-maj-da-se-odrzhat-parlamentarnite-izbori-i-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori/ Mon, 04 Dec 2023 11:05:13 +0000 https://republika.mk/?p=719338

Лидерот на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари потврди дека ќе учествува на лидерската средба која е закажана за денеска. На прашање на МИА кои ставови и барања ќе ги изнесе, тој го посочи и терминот на одржување на претстојните избори кој е прифатлив за нив.

- За АА прифатливи термини на одржување на изборите се крајот на април или почетокот на мај да се одржат парламентарните избори и вториот круг од претседателските избори. На оваа средба очекувам тоа да го синхронизираме, рече Арбен Таравари по настан поврзан со денот на лицата со посебни потреби и посочи дека по тоа ќе замине за Скопје на средбата.

Околу прашањето за укинување на техничката влада, според него, сега не е моментот за тоа, бидејќи, како што рече за такво нешто и како тема требало да се разговара пред една година, а не сега пред избори.

Таравари, уште еднаш потврди дека на претстојните избори, се планира неговата партија да настапи самостојно и со свои кандидати, но како што нагласи, конечната одлука треба да ја донесе Централното собрание, деновиве.

The post Таравари: За АА прифатливи термини се крајот на април или почетокот на мај да се одржат парламентарните избори и вториот круг од претседателските избори appeared first on Република.

]]>

Лидерот на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари потврди дека ќе учествува на лидерската средба која е закажана за денеска. На прашање на МИА кои ставови и барања ќе ги изнесе, тој го посочи и терминот на одржување на претстојните избори кој е прифатлив за нив. - За АА прифатливи термини на одржување на изборите се крајот на април или почетокот на мај да се одржат парламентарните избори и вториот круг од претседателските избори. На оваа средба очекувам тоа да го синхронизираме, рече Арбен Таравари по настан поврзан со денот на лицата со посебни потреби и посочи дека по тоа ќе замине за Скопје на средбата. Околу прашањето за укинување на техничката влада, според него, сега не е моментот за тоа, бидејќи, како што рече за такво нешто и како тема требало да се разговара пред една година, а не сега пред избори. Таравари, уште еднаш потврди дека на претстојните избори, се планира неговата партија да настапи самостојно и со свои кандидати, но како што нагласи, конечната одлука треба да ја донесе Централното собрание, деновиве.

The post Таравари: За АА прифатливи термини се крајот на април или почетокот на мај да се одржат парламентарните избори и вториот круг од претседателските избори appeared first on Република.

]]>
Таравари: АА нема да оди со заеднички листи со ДУИ на претстојните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-aa-nema-da-odi-so-zaednichki-listi-so-dui-na-pretstojnite-izbori/ Tue, 14 Nov 2023 13:27:51 +0000 https://republika.mk/?p=701461

Последната одлука на партиското раководство на политичката партија Алијанса за Албанците (АА) е на претстојните избори да настапат самостојно, изјави лидерот на АА, Арбен Таравари денеска одговарајќи на новинарско прашање околу понудата на Али Ахмети за настап на Алијанса и ДУИ со заеднички листи на претстојните избори.

- Засега последната одлука на партиското раководство е на избори да одиме самостојно. Сепак оваа одлука треба да помине и на централното собрание што ќе се одржи до крајот на оваа година, некаде во декември. Дефинитивно, Алијанса за Албанците нема да оди со ДУИ со заеднички листи и тоа му го повторив на последната средба со Ахмети. Се подготвуваме за самостоен настап и го мобилизираме членството. Тоа е мој и став на претседателството, а дали ќе се смени, тоа ќе биде јасно по седница на највисокиот орган на партијата, рече Таравари.

Околу прозивките кои доаѓаат од академските кругови на Македонците дека прави раздор и оживува идеи кои не и носат добра иднина на државата, Таравари напомена дека како политичар има право да размислува и да артикулира решенија, а едно од можните е да се изгласаат уставните измени. Во спротивно, како што напомена, ќе се отворат прашања кои стануваат легитимни за дискусија.

Според него, овие прашања се наметнуваат во реториката која Левица и ВМРО - ДПМНЕ што ја користат во нивните настапи.

- Често ги анализираме состојбите и легитимно е за мене како политичар да ги истакнам дилемите со кои се соочувам. Очигледно е дека по толку смени на власта во која низ годиниве учестувале речиси сите партии, не успеавме да обезбедиме и да ја најдеме формулата добро владеење и затоа ни треба некаков надворешен фактор да нè контролира. Јас потполно се согласувам со претседателот Пендаровски кога вели дека ни треба нов устав и да се редефинираме како општество. Многу ни е важно да обезбедиме подобра иднина и просперитет, вели Таравари.

Тој повтори дека тоа го гледа во дводомниот парламент, поголемата фискална децентрализација, формирање на економско развојни реони кои подобро ќе ги решаваат потребите на граѓаните.

The post Таравари: АА нема да оди со заеднички листи со ДУИ на претстојните избори appeared first on Република.

]]>

Последната одлука на партиското раководство на политичката партија Алијанса за Албанците (АА) е на претстојните избори да настапат самостојно, изјави лидерот на АА, Арбен Таравари денеска одговарајќи на новинарско прашање околу понудата на Али Ахмети за настап на Алијанса и ДУИ со заеднички листи на претстојните избори. - Засега последната одлука на партиското раководство е на избори да одиме самостојно. Сепак оваа одлука треба да помине и на централното собрание што ќе се одржи до крајот на оваа година, некаде во декември. Дефинитивно, Алијанса за Албанците нема да оди со ДУИ со заеднички листи и тоа му го повторив на последната средба со Ахмети. Се подготвуваме за самостоен настап и го мобилизираме членството. Тоа е мој и став на претседателството, а дали ќе се смени, тоа ќе биде јасно по седница на највисокиот орган на партијата, рече Таравари. Околу прозивките кои доаѓаат од академските кругови на Македонците дека прави раздор и оживува идеи кои не и носат добра иднина на државата, Таравари напомена дека како политичар има право да размислува и да артикулира решенија, а едно од можните е да се изгласаат уставните измени. Во спротивно, како што напомена, ќе се отворат прашања кои стануваат легитимни за дискусија. Според него, овие прашања се наметнуваат во реториката која Левица и ВМРО - ДПМНЕ што ја користат во нивните настапи. - Често ги анализираме состојбите и легитимно е за мене како политичар да ги истакнам дилемите со кои се соочувам. Очигледно е дека по толку смени на власта во која низ годиниве учестувале речиси сите партии, не успеавме да обезбедиме и да ја најдеме формулата добро владеење и затоа ни треба некаков надворешен фактор да нè контролира. Јас потполно се согласувам со претседателот Пендаровски кога вели дека ни треба нов устав и да се редефинираме како општество. Многу ни е важно да обезбедиме подобра иднина и просперитет, вели Таравари. Тој повтори дека тоа го гледа во дводомниот парламент, поголемата фискална децентрализација, формирање на економско развојни реони кои подобро ќе ги решаваат потребите на граѓаните.

The post Таравари: АА нема да оди со заеднички листи со ДУИ на претстојните избори appeared first on Република.

]]>
Таравари: Претседателските и парламентарните избори да се одржат во ист термин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-pretsedatelskite-i-parlamentarnite-izbori-da-se-odrzhat-vo-ist-termin/ Sat, 14 Oct 2023 13:28:59 +0000 https://republika.mk/?p=691198

Претседателските и парламентарните избори да се одржат на ист датум - предлага лидерот на политичката партија Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, нагласувајќи дека има изгледи да се постигне консензус за ова прашање.

Одговарајќи на новинарско прашање околу одржувањето на претстојните избори, Таравари напомена дека не го сменил ставот искажан и пред една година.

- За Македонија како сиромашна држава подобро е овие избори да се одржат заедно, на ист датум, и да не се двојат. Против идејата сум во декември да има парламентарни, па во март претседателски. Исто сум против и за опцијата претседателски во март или април, а во јуни или јули парламентарни, рече Таравари.

Лидерот на Алијанса за Албанците смета дека тие идеи ќе бидат голем трошок што ќе падне врз обичниот граѓанин.

- Народот е исцрпен и тоа се дополнителни трошоци. Одвоените избори непотребно ќе потрошат многу енергија - и на народот и на политичките партии. Потребна е голема кондиција за да се издржат два круга избори за три месеци и тоа ќе генерира дополнителни трошоци, додаде Таравари.

Очекува решението да дојде од средби на заедничка маса, бидејќи, како што потенцира, за датумите за избори политичките партии досега се договарале и одлучувале со консензус.

The post Таравари: Претседателските и парламентарните избори да се одржат во ист термин appeared first on Република.

]]>

Претседателските и парламентарните избори да се одржат на ист датум - предлага лидерот на политичката партија Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, нагласувајќи дека има изгледи да се постигне консензус за ова прашање. Одговарајќи на новинарско прашање околу одржувањето на претстојните избори, Таравари напомена дека не го сменил ставот искажан и пред една година. - За Македонија како сиромашна држава подобро е овие избори да се одржат заедно, на ист датум, и да не се двојат. Против идејата сум во декември да има парламентарни, па во март претседателски. Исто сум против и за опцијата претседателски во март или април, а во јуни или јули парламентарни, рече Таравари. Лидерот на Алијанса за Албанците смета дека тие идеи ќе бидат голем трошок што ќе падне врз обичниот граѓанин. - Народот е исцрпен и тоа се дополнителни трошоци. Одвоените избори непотребно ќе потрошат многу енергија - и на народот и на политичките партии. Потребна е голема кондиција за да се издржат два круга избори за три месеци и тоа ќе генерира дополнителни трошоци, додаде Таравари. Очекува решението да дојде од средби на заедничка маса, бидејќи, како што потенцира, за датумите за избори политичките партии досега се договарале и одлучувале со консензус.

The post Таравари: Претседателските и парламентарните избори да се одржат во ист термин appeared first on Република.

]]>
Таравари: Засега не планираме да го отстапиме местото во ДИК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-zasega-ne-planirame-da-go-otstapime-mestoto-vo-dik/ Thu, 28 Sep 2023 13:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=686068

Местото во Државната изборна комисија (ДИК) и натаму ќе го држи Алијанса за Албанците, вака одговори лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на новинарско прашање по посетата на средно училиште во Гостивар.

За можноста околу отстапување на местото во ДИК, каде Алијанса за Албанците има еден член, тоа да и припадне на опозицијата, Таравари појасни дека засега тоа не е во план, а за такавата можност, ќе решавале партиските тела.

Ние претходно го баравме тоа место како опозицонери и не го добивме од движењето Беса. Подоцна со смената на составот на ДИК, Алијанса доби место заради изборните резултати. Таму до скоро беше Кренар Лога, кој замина на министерска функција и тоа место е уште испразнето. За номинирање на нов член во ДИК ќе разговараме деновиве внатре во партијата, рече Таравари.

За јавните покани на лидери на други политички партии за коалицирање со некоја од партиите на албанците во Македонија, Таравари не одговори директно, но посочи дека во политиката владеат други правила и како што рече, никогаш не се вели никогаш.

Моментно не се водат такви разговори и не е отворено како можност. Сепак таквите понуди и покани не треба да доаѓаат преку телевизиски обраќања, потенцира лидерот на АА.

Запрашан за коментар и негово видување околу одлуката на Уставен суд, со која се поништи Упатството за изменување и дополнување на упатството кое предвидуваше и графа националност во матичната евиденција, Таравари не сакаше да коментира. Одговорајќи на новинарското прашање, тој додаде дека би било добро и во иднина оваа институција да биде доследна при носењето на одлуки, како што тоа било и во овој случај и да нема двојни аршини.

The post Таравари: Засега не планираме да го отстапиме местото во ДИК appeared first on Република.

]]>

Местото во Државната изборна комисија (ДИК) и натаму ќе го држи Алијанса за Албанците, вака одговори лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на новинарско прашање по посетата на средно училиште во Гостивар. За можноста околу отстапување на местото во ДИК, каде Алијанса за Албанците има еден член, тоа да и припадне на опозицијата, Таравари појасни дека засега тоа не е во план, а за такавата можност, ќе решавале партиските тела.
Ние претходно го баравме тоа место како опозицонери и не го добивме од движењето Беса. Подоцна со смената на составот на ДИК, Алијанса доби место заради изборните резултати. Таму до скоро беше Кренар Лога, кој замина на министерска функција и тоа место е уште испразнето. За номинирање на нов член во ДИК ќе разговараме деновиве внатре во партијата, рече Таравари.
За јавните покани на лидери на други политички партии за коалицирање со некоја од партиите на албанците во Македонија, Таравари не одговори директно, но посочи дека во политиката владеат други правила и како што рече, никогаш не се вели никогаш.
Моментно не се водат такви разговори и не е отворено како можност. Сепак таквите понуди и покани не треба да доаѓаат преку телевизиски обраќања, потенцира лидерот на АА.
Запрашан за коментар и негово видување околу одлуката на Уставен суд, со која се поништи Упатството за изменување и дополнување на упатството кое предвидуваше и графа националност во матичната евиденција, Таравари не сакаше да коментира. Одговорајќи на новинарското прашање, тој додаде дека би било добро и во иднина оваа институција да биде доследна при носењето на одлуки, како што тоа било и во овој случај и да нема двојни аршини.

The post Таравари: Засега не планираме да го отстапиме местото во ДИК appeared first on Република.

]]>
Таравари: Неизгласувањето на уставните измени, ќе ја отвори пандорината кутија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-neizglasuvaneto-na-ustavnite-izmeni-ke-ja-otvori-pandorinata-kutija/ Tue, 22 Aug 2023 11:39:56 +0000 https://republika.mk/?p=674593

Ако не се случат уставните промени, ќе се отворат многу проблеми коишто можеби ќе отворат нови прашања кои политичките партии ги немаат кажано, смета Арбен Таравари лидер на Алијанса за Албанците.

На новинарско прашање во Гостивар на настан за промоција на бесплатна правна помош тој кажа дека доколку францускиот предлог не биде прифатен во Собранието и не поминат уставните промени, партијата ќе гради нова стратегија.

Ние како партија имаме конзистентен став по ова прашање и ќе ги поддржиме, но мислам дека ако не успеат уставните промени, во Македонија ќе се отвори Пандорината кутија. Во тој случај мислам дека ќе се отворат многу проблеми коишто можеби тлеат кај луѓето и кај политичките партии коишто не досега не се кажани, а можеби во наредниот период ќе бидат кажани. А Алијанса за Албанците ако не поминат уставните промени, нормално ќе си има своја стратегија како понатаму ќе продолжиме со нашата стратегија, рече Таравари.

Околу контактите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и дали се водат разговори, Таравари потврдно одговори и потенцира дека во ВМРО -ДПМНЕ има членови кои поинаку мислат од раководството

Официјално не сме разговарале, но не можам да кријам дека имаме канали на комуникација и со нив, луѓе коишто се членови на ВМРО ДПМНЕ. Знам за неколкумина таму коишто мислат поинаку отколку актуелното раководство, меѓутоа повторно би кажал дека тоа е одлука на партијата, дали некои пратеници би гласале поинаку тоа не и сакал да влегувам во такви шпекулации. Но дека има мислење спротивно од тоа што го кажуваат на прес конференции и јавно, постои дефинитивно во ВМРО ДПМНЕ; меѓутоа, јас мислам дека постојат шанси и целата партија некако, со нови услови, да одлучат поинаку во претстојниот период, се надевам дека ВМРО ДПМНЕ ќе собере сили за да поминат уставните промени, подвлече Таравари.

The post Таравари: Неизгласувањето на уставните измени, ќе ја отвори пандорината кутија appeared first on Република.

]]>

Ако не се случат уставните промени, ќе се отворат многу проблеми коишто можеби ќе отворат нови прашања кои политичките партии ги немаат кажано, смета Арбен Таравари лидер на Алијанса за Албанците. На новинарско прашање во Гостивар на настан за промоција на бесплатна правна помош тој кажа дека доколку францускиот предлог не биде прифатен во Собранието и не поминат уставните промени, партијата ќе гради нова стратегија.
Ние како партија имаме конзистентен став по ова прашање и ќе ги поддржиме, но мислам дека ако не успеат уставните промени, во Македонија ќе се отвори Пандорината кутија. Во тој случај мислам дека ќе се отворат многу проблеми коишто можеби тлеат кај луѓето и кај политичките партии коишто не досега не се кажани, а можеби во наредниот период ќе бидат кажани. А Алијанса за Албанците ако не поминат уставните промени, нормално ќе си има своја стратегија како понатаму ќе продолжиме со нашата стратегија, рече Таравари.
Околу контактите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и дали се водат разговори, Таравари потврдно одговори и потенцира дека во ВМРО -ДПМНЕ има членови кои поинаку мислат од раководството
Официјално не сме разговарале, но не можам да кријам дека имаме канали на комуникација и со нив, луѓе коишто се членови на ВМРО ДПМНЕ. Знам за неколкумина таму коишто мислат поинаку отколку актуелното раководство, меѓутоа повторно би кажал дека тоа е одлука на партијата, дали некои пратеници би гласале поинаку тоа не и сакал да влегувам во такви шпекулации. Но дека има мислење спротивно од тоа што го кажуваат на прес конференции и јавно, постои дефинитивно во ВМРО ДПМНЕ; меѓутоа, јас мислам дека постојат шанси и целата партија некако, со нови услови, да одлучат поинаку во претстојниот период, се надевам дека ВМРО ДПМНЕ ќе собере сили за да поминат уставните промени, подвлече Таравари.

The post Таравари: Неизгласувањето на уставните измени, ќе ја отвори пандорината кутија appeared first on Република.

]]>
Таравари: Оптимист сум за уставните измени, Алијанса за Aлбанците останува во владината коалиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-optimist-sum-za-ustavnite-izmeni-alijansa-za-albantsite-ostanuva-vo-vladinata-koalitsija/ Mon, 07 Aug 2023 13:09:53 +0000 https://republika.mk/?p=669670

Лидерот на Алијанса за Aлбанците и градоначалник на општина Гостивар е оптимист дека уставните измени ќе поминат во парламентот, а доколку не добијат поддршка тогаш во партијата ќе ги разгледуваат натамошните чекори.

На новинарско прашање на настан во Гостивар, Таравари околу претстојната седница на Собранието на РСМ на која ќе се расправа за измени на Уставот го пренесе ставот на партијата.

Очекувам за две недели да се одржи пленарна седница во парламентот за уставните измени. Во таа насока АА минатата недела имаше состанок на централното претседателство на која беше разгледано ова прашање. Воопшто не стана збор за напуштање на владината коалиција и излегување од владата. Пред сè, битно ни е да поминат уставните промени и сè уште сме оптимисти дека ќе поминат. Доколку не, тогаш во склад и со текот на настаните потоа, партиските тела ќе решаваат, рече Таравари.

Според него, предвремени избори не се опција бидејќи како што потенцира, ноември и декември не се добар термин за избори.

Набрзо во март-април ќе има претседателски избори, па затоа не треба да има ниту парламентарни во јули. Организирање на два круга избори во краток период е нерационално и ќе чини многу пари, но, сепак за да има парламентарни избори потребен е консензус на политичките партии, подвлече Таравари.

The post Таравари: Оптимист сум за уставните измени, Алијанса за Aлбанците останува во владината коалиција appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Алијанса за Aлбанците и градоначалник на општина Гостивар е оптимист дека уставните измени ќе поминат во парламентот, а доколку не добијат поддршка тогаш во партијата ќе ги разгледуваат натамошните чекори. На новинарско прашање на настан во Гостивар, Таравари околу претстојната седница на Собранието на РСМ на која ќе се расправа за измени на Уставот го пренесе ставот на партијата.
Очекувам за две недели да се одржи пленарна седница во парламентот за уставните измени. Во таа насока АА минатата недела имаше состанок на централното претседателство на која беше разгледано ова прашање. Воопшто не стана збор за напуштање на владината коалиција и излегување од владата. Пред сè, битно ни е да поминат уставните промени и сè уште сме оптимисти дека ќе поминат. Доколку не, тогаш во склад и со текот на настаните потоа, партиските тела ќе решаваат, рече Таравари.
Според него, предвремени избори не се опција бидејќи како што потенцира, ноември и декември не се добар термин за избори.
Набрзо во март-април ќе има претседателски избори, па затоа не треба да има ниту парламентарни во јули. Организирање на два круга избори во краток период е нерационално и ќе чини многу пари, но, сепак за да има парламентарни избори потребен е консензус на политичките партии, подвлече Таравари.

The post Таравари: Оптимист сум за уставните измени, Алијанса за Aлбанците останува во владината коалиција appeared first on Република.

]]>
Таравари: Ако не успеат уставните измени, ќе се разговара во партијата за евентуално излегување од Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-ako-ne-uspeat-ustavnite-izmeni-ke-se-razgovara-vo-partijata-za-eventualno-izleguvane-od-vladata/ Mon, 07 Aug 2023 12:15:32 +0000 https://republika.mk/?p=669621

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари се уште е оптимист дека ќе се изгласаат уставните измени.

Доколку не се случи тоа, внатрепартиските органи ќе разговараат за евентуалното излегување или останување во владината коалиција. Ова на последниот состанок на централното претседателство не било разговарано.

За две недели на пленарна седница во Парламентот ќе излезат уставните измени. Алијасна за Албанците минатата недела имаше состанок на централното претседателство. Воопшто не дискутиравме за тоа дали остануваме или излегуваме во Влада. Важно е да поминат уставните измени и ние сè уште сме оптимисти дека има шанси тие да се случат.. Ако не, во таков случај ќе видиме како понатаму. Како ќе се одвиваат работите потоа така и ќе одлучуваат партиските тела на Алијанса за Албанците – рече Таравари.

Тој смета дека не е добро предвремени избори да има во ноември или декември годинава, но не сака да се одржат ниту во редовниот термин во јули 2024 година

Како што мислам дека ноември и декември не е добро да се одржат избори, бидејќи редовните претседателски се во март или април. Исто така и редовни парлементарни не би требало да има во јули бидејќи три месеци пред тоа се претседателските и ни требаат и многу пари .Ова е само мој став. Сепак треба консензус за датумот кога ќе се одржат парламентарниите избори, за претседателските се знае – додаде лидерот на Алијанса.

The post Таравари: Ако не успеат уставните измени, ќе се разговара во партијата за евентуално излегување од Владата appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари се уште е оптимист дека ќе се изгласаат уставните измени. Доколку не се случи тоа, внатрепартиските органи ќе разговараат за евентуалното излегување или останување во владината коалиција. Ова на последниот состанок на централното претседателство не било разговарано.