Танц фест 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tants-fest-2024/ За подобро да се разбереме Wed, 15 May 2024 11:12:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Танц фест 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tants-fest-2024/ 32 32 Јубилејното издание на Танц Фест заврушува со „Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда Мурад Мерзуки https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jubilejnoto-izdanie-na-tants-fest-zavrushuva-so-mozaik-na-svetskata-koreografska-zvezda-murad-merzuki/ Wed, 15 May 2024 11:12:36 +0000 https://republika.mk/?p=778280

Со претставата „Мозаик“ в петок, на 17 мај, во Македонскиот народен театар (МНТ) на големата сцена завршува јубилејното, 20. издание на Фестивалот „Танц-фест“ Скопје 2024 кој се одржуваше под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“.

Воедно со оваа претстава ќе се означи почетокот на серија настани за прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје.

„Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда и официјален кореограф на претстојните летни олимписки игри во Париз, Франција, Мурад Мерзуки, донесува пресек на неговите најдобри остварувања и е програма која ќе биде премиерно изведена во Скопје, за завршницата на фестивалската програма.

Кореографијата ја потпишува Мерзуки, асистент е Кадер Белмоктар, костимограф Надин Чабаниер, а продукцијата на претставата е на „Pôle en Scènes“ - Кафиг танцова компанија Франција. Публиката ќе може да ужива во виртуозноста на изведувачите и кореографско и режиско мајсторство на Мурад, со оваа извонредна танцова компанија, која е актуелна на сцените низ светот. Мурад Мерзуки и е познат на нашата публика, по неговото гостување на Танц Фест Скопје во 2017 со претставата „Пиксел“.

Со оглед на тоа дека Интерарт културниот центар, од оформувањето во 1996 година има тесна соработка со Францускиот институт, ова е прекрасна прилика да се спојат во еден миг двата значајни јубилеја. Интерарт културниот центар во 1996 година ја започна програмата „Недела на модерен балет“ во рамки на фестивалот Охридско лето, од кога и започнува соработката со Францускиот институт. Тоа е првата организирана презентација на европски современи танцови претстави во Македонија. Се радувам на двата јубилеја, многу ни значи соработката со Францускиот институт низ годиниве наназад, и му го честитаме овој голем јубилеј.“ – вели уметничката директорка Рисима Рисимкин.

Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Виталија, Бовин, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ. Медиумски покровители се МРТВ, Радијата Антена5, Бубамара, Метрополис, Сити радио, Урбан ФМ.

 

The post Јубилејното издание на Танц Фест заврушува со „Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Мозаик“ в петок, на 17 мај, во Македонскиот народен театар (МНТ) на големата сцена завршува јубилејното, 20. издание на Фестивалот „Танц-фест“ Скопје 2024 кој се одржуваше под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“. Воедно со оваа претстава ќе се означи почетокот на серија настани за прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје. „Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда и официјален кореограф на претстојните летни олимписки игри во Париз, Франција, Мурад Мерзуки, донесува пресек на неговите најдобри остварувања и е програма која ќе биде премиерно изведена во Скопје, за завршницата на фестивалската програма. Кореографијата ја потпишува Мерзуки, асистент е Кадер Белмоктар, костимограф Надин Чабаниер, а продукцијата на претставата е на „Pôle en Scènes“ - Кафиг танцова компанија Франција. Публиката ќе може да ужива во виртуозноста на изведувачите и кореографско и режиско мајсторство на Мурад, со оваа извонредна танцова компанија, која е актуелна на сцените низ светот. Мурад Мерзуки и е познат на нашата публика, по неговото гостување на Танц Фест Скопје во 2017 со претставата „Пиксел“.
Со оглед на тоа дека Интерарт културниот центар, од оформувањето во 1996 година има тесна соработка со Францускиот институт, ова е прекрасна прилика да се спојат во еден миг двата значајни јубилеја. Интерарт културниот центар во 1996 година ја започна програмата „Недела на модерен балет“ во рамки на фестивалот Охридско лето, од кога и започнува соработката со Францускиот институт. Тоа е првата организирана презентација на европски современи танцови претстави во Македонија. Се радувам на двата јубилеја, многу ни значи соработката со Францускиот институт низ годиниве наназад, и му го честитаме овој голем јубилеј.“ – вели уметничката директорка Рисима Рисимкин.
Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Виталија, Бовин, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ. Медиумски покровители се МРТВ, Радијата Антена5, Бубамара, Метрополис, Сити радио, Урбан ФМ.  

The post Јубилејното издание на Танц Фест заврушува со „Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>
Публиката со огромен аплауз ја награди „Госпоѓиците од Авињон“ на 20. издание на „Танц фест“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/publikata-so-ogromen-aplauz-ja-nagradi-gospogitsite-od-avinon-na-20-izdanie-na-tants-fest/ Fri, 12 Apr 2024 10:39:15 +0000 https://republika.mk/?p=765364

Вчеравечер, во полниот салон на НОБ, со претставата „Госпоѓиците од Авињон“ на кореографката Олга Панго, на музика на Калиопи Букле, се отвори 20-то јубилејно издание на интернационалниот фестивал Танц-Фест Скопје 2024, кој годинава се одржува под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“. Со оваа претстава започна програмата „Паралели“, која ја означува соработката на фестивалот и Националната опера и балет и во која ќе се прикажат три современи кореографии на домашни автори.

Извонредните танчери на Националнито балет Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова, Саша Евтимова, Ивана Коцевска, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаш Лочеј, Ендру Кук и Агим Бафтии, донесоа прекрасна магија на сцената, на големо задоволство на публиката, која ги награди со стоечки аплаузи. Претставата е една од најзабележителните продукции на рецентната македонска балетска сцена, чии автори се Калиопи (музика), Олга Панго (кореографија), Сашо Димоски (либрето), Валентин Светозарев (сценографија), Раде Василев (костимографија), Емил Петров (мултимедија и дизајн).

Следна претстава во склоп на програмата „Паралели“ во рамки на фестивалот Танц Фест Скопје 2024 е претставата „Сага“, која ќе се одржи на 16 април во 20 часот на големата сцена на НОБ, во кореографија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, сценографија на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски. Во претставата учествуваат првенци, солисти и ансамблот на Националниот балет.

 

The post Публиката со огромен аплауз ја награди „Госпоѓиците од Авињон“ на 20. издание на „Танц фест“ appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер, во полниот салон на НОБ, со претставата „Госпоѓиците од Авињон“ на кореографката Олга Панго, на музика на Калиопи Букле, се отвори 20-то јубилејно издание на интернационалниот фестивал Танц-Фест Скопје 2024, кој годинава се одржува под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“. Со оваа претстава започна програмата „Паралели“, која ја означува соработката на фестивалот и Националната опера и балет и во која ќе се прикажат три современи кореографии на домашни автори. Извонредните танчери на Националнито балет Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова, Саша Евтимова, Ивана Коцевска, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаш Лочеј, Ендру Кук и Агим Бафтии, донесоа прекрасна магија на сцената, на големо задоволство на публиката, која ги награди со стоечки аплаузи. Претставата е една од најзабележителните продукции на рецентната македонска балетска сцена, чии автори се Калиопи (музика), Олга Панго (кореографија), Сашо Димоски (либрето), Валентин Светозарев (сценографија), Раде Василев (костимографија), Емил Петров (мултимедија и дизајн). Следна претстава во склоп на програмата „Паралели“ во рамки на фестивалот Танц Фест Скопје 2024 е претставата „Сага“, која ќе се одржи на 16 април во 20 часот на големата сцена на НОБ, во кореографија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, сценографија на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски. Во претставата учествуваат првенци, солисти и ансамблот на Националниот балет.  

The post Публиката со огромен аплауз ја награди „Госпоѓиците од Авињон“ на 20. издание на „Танц фест“ appeared first on Република.

]]>
Почнува 20. Танц-фест Скопје 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-20-tants-fest-skopje-2024/ Thu, 11 Apr 2024 08:20:29 +0000 https://republika.mk/?p=764826

Со изведба на програмата „Паралели“ во Националната опера и балет вечер во 20 часот почнува јубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц-фест Скопје 2024. Фествалското мото е „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“.

Програмата „Паралели“ ја означува соработката на фестивалот и Националната опера и балет и опфаќа три современи кореографии на домашни автори.

„Паралели“ претставува една парабола која го поврзува Националниот балет со современата танцова сцена. Таа е од големо значење и преставува сведоштво за имплементирање на модерниот израз во балетот врзан исклучиво за македонски кореографи. Развојот на македонските кореографи обединет во едно, се годинешниве „Паралели“, вели уметничкиот раководител на Националниот балет, кореографката Олга Панго, чија претстава, современиот балет „Госпоѓиците од Авињон вечер ќе го отвори фестивалот.

-Претставата е една од најзабележителните продукции на рецентната македонска балетска сцена, чии автори се Калиопи (музика), Олга Панго (кореографија), Сашо Димоски (либрето), Валентин Светозарев (сценографија) и Раде Василев (костимографија), ја имаше својата премиера на 9.3.2021 година, а покрај редовните изведби на репертоарот на НОБ, во изминативе неколку години претставата гостувала во Народно Позориште Белград, Пловдивската опера, Софискиот музикален театар, Народно позориште Сараево, била изведена на фестивалот „Охридско лето“, како и на сцените во Велес, Куманово и Битола. Покрај исклучителната авторска екипа, во балетската деконструкција/коментар на познатата слика на Пабло Пикасо учествуваат балетските уметници од НОБ: Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова, Саша Евтимова, Ивана Коцевска, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаш Лочеј, Ендру Кук и Агим Бафтии, информира прес-службата на Танц-фест Скопје.

На програмата „Паралели“ во рамки на фестивалот Танц-фест Скопје 2024 следуваат претставите „Сага“ на кореографката Рисима Рисимкин, со музика на Тони Китановски, сценографија на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, а на 23 април на сцената на НОБ ќе биде изведен балетскиот триптих, чиј идеен творец е костимографот Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џеперавоска, а кореографиите се на Ивана Коцевска, музика на Дарија Андоновска, Адријана Данчевска, Александар Гроздановски, Саша Ефтимова и Александар Пејовски.

Фестивалот ќе има одбележување на јубилејот на 30 април на сцената на МНТ, а се затвора со светската кореографска ѕвезда Мурад Мерзуки на 17 мај на сцената на Македонскиот народен театар.

Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Австриската амбасада во Скопје и приватни фирми, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ и Националната галерија.

 

The post Почнува 20. Танц-фест Скопје 2024 appeared first on Република.

]]>

Со изведба на програмата „Паралели“ во Националната опера и балет вечер во 20 часот почнува јубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц-фест Скопје 2024. Фествалското мото е „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“. Програмата „Паралели“ ја означува соработката на фестивалот и Националната опера и балет и опфаќа три современи кореографии на домашни автори.
„Паралели“ претставува една парабола која го поврзува Националниот балет со современата танцова сцена. Таа е од големо значење и преставува сведоштво за имплементирање на модерниот израз во балетот врзан исклучиво за македонски кореографи. Развојот на македонските кореографи обединет во едно, се годинешниве „Паралели“, вели уметничкиот раководител на Националниот балет, кореографката Олга Панго, чија претстава, современиот балет „Госпоѓиците од Авињон вечер ќе го отвори фестивалот.
-Претставата е една од најзабележителните продукции на рецентната македонска балетска сцена, чии автори се Калиопи (музика), Олга Панго (кореографија), Сашо Димоски (либрето), Валентин Светозарев (сценографија) и Раде Василев (костимографија), ја имаше својата премиера на 9.3.2021 година, а покрај редовните изведби на репертоарот на НОБ, во изминативе неколку години претставата гостувала во Народно Позориште Белград, Пловдивската опера, Софискиот музикален театар, Народно позориште Сараево, била изведена на фестивалот „Охридско лето“, како и на сцените во Велес, Куманово и Битола. Покрај исклучителната авторска екипа, во балетската деконструкција/коментар на познатата слика на Пабло Пикасо учествуваат балетските уметници од НОБ: Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова, Саша Евтимова, Ивана Коцевска, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаш Лочеј, Ендру Кук и Агим Бафтии, информира прес-службата на Танц-фест Скопје. На програмата „Паралели“ во рамки на фестивалот Танц-фест Скопје 2024 следуваат претставите „Сага“ на кореографката Рисима Рисимкин, со музика на Тони Китановски, сценографија на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, а на 23 април на сцената на НОБ ќе биде изведен балетскиот триптих, чиј идеен творец е костимографот Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џеперавоска, а кореографиите се на Ивана Коцевска, музика на Дарија Андоновска, Адријана Данчевска, Александар Гроздановски, Саша Ефтимова и Александар Пејовски. Фестивалот ќе има одбележување на јубилејот на 30 април на сцената на МНТ, а се затвора со светската кореографска ѕвезда Мурад Мерзуки на 17 мај на сцената на Македонскиот народен театар. Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Австриската амбасада во Скопје и приватни фирми, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ и Националната галерија.  

The post Почнува 20. Танц-фест Скопје 2024 appeared first on Република.

]]>
Јубилејното, 20. издание на „Танц фест“ се отвора во Опера и балет со „Госпоѓиците од Авињон“ в четврток https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jubilejnoto-20-izdanie-na-tants-fest-se-otvora-vo-opera-i-balet-so-gospogitsite-od-avinon-v-chetvrtok/ Tue, 09 Apr 2024 09:31:00 +0000 https://republika.mk/?p=764163

Во четврток, 11 април, во 20 часот, во Националната опера и балет, со црвен тепих започнува 20-то јубилејно издание на интернационалниот фестивал Танц-Фест Скопје 2024, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“.

Дваесеттото фестивалско издание започнува со програмата насловена „Паралели“, која ја означува соработката на фестивалот и Националната опера и балет и во која ќе се прикажат три современи кореографии на домашни автори.

Програмата „Паралели“ која годинава го отвара јубилејното издание на Скопје Танц Фест преставува една парабола која го поврзува Националниот балет со современата танцова сцена. Таа е од големо значење и преставува сведоштво за имплементирање на модерниот израз во балетот врзан исклучиво за македонски кореографи. Развојот на македонските кореографи обединет во едно, се годинешниве „Паралели“ – вели уметничкиот раководител на Националниот балет, кореографката Олга Панго, чија претстава, современиот балет „Госпоѓиците од Авињон во четврток, ќе го отвори фестивалот.

Претставата е една од најзабележителните продукции на рецентната македонска балетска сцена, чии автори се Калиопи (музика), Олга Панго (кореографија), Сашо Димоски (либрето), Валентин Светозарев (сценографија) и Раде Василев (костимографија), ја имаше својата премиера на 9 март 2021 година, а покрај редовните изведби на репертоарот на НОБ, во изминативе неколку години претставата гостувала во Народно Позориште Белград, Пловдивската опера, Софискиот музикален театар, Народно позориште Сараево, била изведена на фестивалот „Охридско лето“, како и на сцените во Велес, Куманово и Битола. Покрај исклучителната авторска екипа, во балетската деконструкција/коментар на познатата слика на Пабло Пикасо учествуваат балетските уметници од НОБ: Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова, Саша Евтимова, Ивана Коцевска, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаш Лочеј, Ендру Кук и Агим Бафтии.

Во склоп на програмата „Паралели“ во рамки на фестивалот Танц Фест Скопје 2024 следуваат претставите „Сага“ на кореографката Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, сценографија на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, а на 23 април на сцената на НОБ ќе го проследи балетскиот триптих, чиј идеен творец е костимографот Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џеперавоска, а кореографиите се на Ивана Коцевска, на музика на Дарија Андоновска, на Адријана Данчевска, на музика на Александар Гроздановски и на Саша Ефтимова, на музика на Александар Пејовски.

Програмата на фестивалот ќе има одбележување на Јубилејот на 30 април на сцената на МНТ, а се затвора со светската кореографска ѕвезда Мурад Мерзуки на 17 мај на сцената на Македонскиот народен театар.

The post Јубилејното, 20. издание на „Танц фест“ се отвора во Опера и балет со „Госпоѓиците од Авињон“ в четврток appeared first on Република.

]]>

Во четврток, 11 април, во 20 часот, во Националната опера и балет, со црвен тепих започнува 20-то јубилејно издание на интернационалниот фестивал Танц-Фест Скопје 2024, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“. Дваесеттото фестивалско издание започнува со програмата насловена „Паралели“, која ја означува соработката на фестивалот и Националната опера и балет и во која ќе се прикажат три современи кореографии на домашни автори.
Програмата „Паралели“ која годинава го отвара јубилејното издание на Скопје Танц Фест преставува една парабола која го поврзува Националниот балет со современата танцова сцена. Таа е од големо значење и преставува сведоштво за имплементирање на модерниот израз во балетот врзан исклучиво за македонски кореографи. Развојот на македонските кореографи обединет во едно, се годинешниве „Паралели“ – вели уметничкиот раководител на Националниот балет, кореографката Олга Панго, чија претстава, современиот балет „Госпоѓиците од Авињон во четврток, ќе го отвори фестивалот.
Претставата е една од најзабележителните продукции на рецентната македонска балетска сцена, чии автори се Калиопи (музика), Олга Панго (кореографија), Сашо Димоски (либрето), Валентин Светозарев (сценографија) и Раде Василев (костимографија), ја имаше својата премиера на 9 март 2021 година, а покрај редовните изведби на репертоарот на НОБ, во изминативе неколку години претставата гостувала во Народно Позориште Белград, Пловдивската опера, Софискиот музикален театар, Народно позориште Сараево, била изведена на фестивалот „Охридско лето“, како и на сцените во Велес, Куманово и Битола. Покрај исклучителната авторска екипа, во балетската деконструкција/коментар на познатата слика на Пабло Пикасо учествуваат балетските уметници од НОБ: Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова, Саша Евтимова, Ивана Коцевска, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаш Лочеј, Ендру Кук и Агим Бафтии. Во склоп на програмата „Паралели“ во рамки на фестивалот Танц Фест Скопје 2024 следуваат претставите „Сага“ на кореографката Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, сценографија на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, а на 23 април на сцената на НОБ ќе го проследи балетскиот триптих, чиј идеен творец е костимографот Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џеперавоска, а кореографиите се на Ивана Коцевска, на музика на Дарија Андоновска, на Адријана Данчевска, на музика на Александар Гроздановски и на Саша Ефтимова, на музика на Александар Пејовски. Програмата на фестивалот ќе има одбележување на Јубилејот на 30 април на сцената на МНТ, а се затвора со светската кореографска ѕвезда Мурад Мерзуки на 17 мај на сцената на Македонскиот народен театар.

The post Јубилејното, 20. издание на „Танц фест“ се отвора во Опера и балет со „Госпоѓиците од Авињон“ в четврток appeared first on Република.

]]>