Танос Плеврис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tanos-plevris/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Mar 2022 09:24:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Танос Плеврис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tanos-plevris/ 32 32 Плеврис: Од есен веројатно е да има ново зголемување на случаите на Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/plevris-od-esen-verojatno-e-da-ima-novo-zgolemuvanje-na-sluchaite-na-kovid-19/ Fri, 18 Mar 2022 09:24:51 +0000 https://republika.mk/?p=474815

Грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис, во интервју за грчката телевизија „Скај“ ја остави отворена можноста од есен да има ново зголемување на бројот на заразени со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Плеврис истакна дека во овој момент предвидувањата и според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) се дека ќе има зголемување на новозаразените, како што е веќе случај во Европа, но истакна дека тоа нема да донесе и нови мерки или враќање на рестрикциите бидејќи „процената е дека барем до крајот на летото нема да има такво зголемување на притисокот што може да ја промени нормалата“.

-Треба искрено, уште од сега, да им кажам на луѓето дека и ЕЦДЦ и во Европа се подготвени дека во овој период ќе имаме зголемувања и намалувања, без притисок врз здравствениот систем, но треба веројатно од есен па натаму да очекуваме зголемување на случаите на Ковид-19, па дури и со актуелната мутација, рече Плеврис.

За моменталната ситуација со пандемијата во Грција истакна дека во последните 10- 15 дена се забележува зголемување на новите случаи, повтори дека овој пораст се должи и на подваријантата Омикрон и на олабавувањето на мерките, додавајќи дека беше очекувано зголемувањето.

-Но, она што го следиме е колку овој раст ќе го притисне здравствениот систем. Во овој момент нема притисок, односно приемите и отпуштањата од болница се на задоволителен степен. Имавме намалување на приемите, а на одделите за интензивна нега постои деескалација. Исполнети се околу 350 кревети, а за Ковид имаме уште толку празни, објасни министерот за здравство на Грција.

Истакна дека актуелниот бран „во никој случај ги нема карактеристиките на страшен притисок од претходните бранови“.

За процесот на имунизација во земјата, Плеврис рече дека со 72-73 отсто целосно вакцинирано население, постигнат е европскиот просек, а за бустер дозата објасни дека 70-80 проценти од оние кои имаат право да ја примат веќе се вакцинирале.

Во изминатите 24 часа во Грција беа регистрирани 24.256 новозаразени, од 285.146 направени тестови, а починаа 59 лица.

Од почетокот на пандемијата во земјата потврдени се 2.732.866 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 26.792 лица.

The post Плеврис: Од есен веројатно е да има ново зголемување на случаите на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис, во интервју за грчката телевизија „Скај“ ја остави отворена можноста од есен да има ново зголемување на бројот на заразени со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис истакна дека во овој момент предвидувањата и според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) се дека ќе има зголемување на новозаразените, како што е веќе случај во Европа, но истакна дека тоа нема да донесе и нови мерки или враќање на рестрикциите бидејќи „процената е дека барем до крајот на летото нема да има такво зголемување на притисокот што може да ја промени нормалата“.
-Треба искрено, уште од сега, да им кажам на луѓето дека и ЕЦДЦ и во Европа се подготвени дека во овој период ќе имаме зголемувања и намалувања, без притисок врз здравствениот систем, но треба веројатно од есен па натаму да очекуваме зголемување на случаите на Ковид-19, па дури и со актуелната мутација, рече Плеврис.
За моменталната ситуација со пандемијата во Грција истакна дека во последните 10- 15 дена се забележува зголемување на новите случаи, повтори дека овој пораст се должи и на подваријантата Омикрон и на олабавувањето на мерките, додавајќи дека беше очекувано зголемувањето.
-Но, она што го следиме е колку овој раст ќе го притисне здравствениот систем. Во овој момент нема притисок, односно приемите и отпуштањата од болница се на задоволителен степен. Имавме намалување на приемите, а на одделите за интензивна нега постои деескалација. Исполнети се околу 350 кревети, а за Ковид имаме уште толку празни, објасни министерот за здравство на Грција.
Истакна дека актуелниот бран „во никој случај ги нема карактеристиките на страшен притисок од претходните бранови“. За процесот на имунизација во земјата, Плеврис рече дека со 72-73 отсто целосно вакцинирано население, постигнат е европскиот просек, а за бустер дозата објасни дека 70-80 проценти од оние кои имаат право да ја примат веќе се вакцинирале. Во изминатите 24 часа во Грција беа регистрирани 24.256 новозаразени, од 285.146 направени тестови, а починаа 59 лица. Од почетокот на пандемијата во земјата потврдени се 2.732.866 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 26.792 лица.

The post Плеврис: Од есен веројатно е да има ново зголемување на случаите на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Земјите од ЕУ планираат во март да се укинат рестриктивните мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zemjite-od-eu-planiraat-vo-mart-da-se-ukinat-restriktivnite-merki/ Thu, 17 Feb 2022 13:16:43 +0000 https://republika.mk/?p=459879

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, во интервју за грчката телевизија „Скај“, изјави дека логиката на земјите-членки на Европската Унија е до средината или крајот на март да се укинат рестриктивните мерки.

Минатата седмица одржавме состанок сите министри за здравство на Европската Унија и логиката на сите земји е дека до средината или до крајот на март ќе треба да се укинат рестриктивните мерки, секогаш во комбинација со притисокот што секоја од земјите го има врз здравствениот систем. Сепак, не треба да има опуштање, бидејќи сите експерти во Европа потенцираат дека треба да бидеме доста подготвени, особено од есен па натаму, бидејќи не знаеме што може да се случи со пандемијата, не постои крај на пандемијата - истакна Плеврис и изрази надеж дека сепак нема да има дополнителна ескалација на пандемијата.

За ситуацијата во Грција и одлуката да се олабават мерките, иако секојдневно во земјата има по 20 илјади нови случаи на Ковид-19, министерот за здравство објасни дека новозаразените се со сојот Омикрон и предизвикуваат многу помал притисок врз здравствениот систем во споредба со варијантата Делта, кога дневно имаше три до четири пати помалку нови случаи.

Во однос на четврта доза и дали ќе биде потребна, Плеврис изјави дека Владата функционира согласно одлуките на Европската агенција за лекови и додаде дека можеби ќе биде потребно вакцината против Ковид-19 да биде годишна како вакцината за грип, истакнувајќи дека сепак оваа дискусија сè уште е во рана фаза во Европа.

The post Земјите од ЕУ планираат во март да се укинат рестриктивните мерки appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, во интервју за грчката телевизија „Скај“, изјави дека логиката на земјите-членки на Европската Унија е до средината или крајот на март да се укинат рестриктивните мерки.
Минатата седмица одржавме состанок сите министри за здравство на Европската Унија и логиката на сите земји е дека до средината или до крајот на март ќе треба да се укинат рестриктивните мерки, секогаш во комбинација со притисокот што секоја од земјите го има врз здравствениот систем. Сепак, не треба да има опуштање, бидејќи сите експерти во Европа потенцираат дека треба да бидеме доста подготвени, особено од есен па натаму, бидејќи не знаеме што може да се случи со пандемијата, не постои крај на пандемијата - истакна Плеврис и изрази надеж дека сепак нема да има дополнителна ескалација на пандемијата.
За ситуацијата во Грција и одлуката да се олабават мерките, иако секојдневно во земјата има по 20 илјади нови случаи на Ковид-19, министерот за здравство објасни дека новозаразените се со сојот Омикрон и предизвикуваат многу помал притисок врз здравствениот систем во споредба со варијантата Делта, кога дневно имаше три до четири пати помалку нови случаи. Во однос на четврта доза и дали ќе биде потребна, Плеврис изјави дека Владата функционира согласно одлуките на Европската агенција за лекови и додаде дека можеби ќе биде потребно вакцината против Ковид-19 да биде годишна како вакцината за грип, истакнувајќи дека сепак оваа дискусија сè уште е во рана фаза во Европа.

The post Земјите од ЕУ планираат во март да се укинат рестриктивните мерки appeared first on Република.

]]>