танкер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tanker/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Mar 2024 08:46:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png танкер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tanker/ 32 32 Се преврте танкер во Јапонија, пет членови на екипажот се водат за исчезнати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-prevrte-tanker-vo-japonija-pet-chlenovi-na-ekipazhot-se-vodat-za-ischeznati/ Wed, 20 Mar 2024 08:46:07 +0000 https://republika.mk/?p=756577

Пет членови на екипажот се водат како исчезнати откако јужнокорејски танкер се преврте денеска кај западниот јапонски град Шимоносеки, соопшти канцеларијата на крајбрежната стража.

Во моментот на инцидентот, на бродот имало 11 членови на екипажот, од кои осум биле Индонезијци, двајца Јужнокорејци и еден Кинез. Не е позната состојбата на шестмината спасени членови на екипажот.

Танкерот превезувал 980 тони акрилна киселина, соопшти канцеларијата на крајбрежната стража. Во моментот на инцидентот беа издадени предупредувања за силен ветер и високи бранови, соопшти Кјодо.

The post Се преврте танкер во Јапонија, пет членови на екипажот се водат за исчезнати appeared first on Република.

]]>

Пет членови на екипажот се водат како исчезнати откако јужнокорејски танкер се преврте денеска кај западниот јапонски град Шимоносеки, соопшти канцеларијата на крајбрежната стража. Во моментот на инцидентот, на бродот имало 11 членови на екипажот, од кои осум биле Индонезијци, двајца Јужнокорејци и еден Кинез. Не е позната состојбата на шестмината спасени членови на екипажот. Танкерот превезувал 980 тони акрилна киселина, соопшти канцеларијата на крајбрежната стража. Во моментот на инцидентот беа издадени предупредувања за силен ветер и високи бранови, соопшти Кјодо.

The post Се преврте танкер во Јапонија, пет членови на екипажот се водат за исчезнати appeared first on Република.

]]>
Танкер полн со нафта налета на мина во Црното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tanker-poln-so-nafta-naleta-na-mina-vo-tsrnoto-more/ Mon, 16 Oct 2023 18:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=691799

Танкер полн со нафта, што пловел под знамето на Либерија, налетал на мина во Црното Море во близина на брегот на Романија. Танкерот „Али Најафов“ претрпел мала штета, а екипажот е безбеден.

Во време на инцидентот, бродот пловел во близина на каналот Сулина, изјави Јорук Исик, шеф на консултантската компанија „Босфор Обсервер“.

Ова е втор танкер овој месец што налета на пловечка мина во Црното Море.

 

The post Танкер полн со нафта налета на мина во Црното Море appeared first on Република.

]]>

Танкер полн со нафта, што пловел под знамето на Либерија, налетал на мина во Црното Море во близина на брегот на Романија. Танкерот „Али Најафов“ претрпел мала штета, а екипажот е безбеден.
Во време на инцидентот, бродот пловел во близина на каналот Сулина, изјави Јорук Исик, шеф на консултантската компанија „Босфор Обсервер“.
Ова е втор танкер овој месец што налета на пловечка мина во Црното Море.  

The post Танкер полн со нафта налета на мина во Црното Море appeared first on Република.

]]>
Ирански командоси скокаат на танкер со нафта за САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iranski-komandosi-skokaat-na-tanker-so-nafta-za-sad/ Fri, 28 Apr 2023 20:32:41 +0000 https://republika.mk/?p=635145

Иранската државна телевизија објави видео од маскирани поморски командоси како скокаат од хеликоптер во Оманскиот Залив на танкер што пренесува нафта во САД.

Иранските власти тврдат дека танкерот бил запленет откако се судрил со ирански брод, но нема докази за тоа . Досега Техеран ги користеше запленетите бродови како договор за пазарење во преговорите со Западот.

Видеото покажува како командоси се спуштаат на палубата на танкерот од хеликоптер во воздух користејќи јажиња. Се гледа еден командос со крената тупаница откако очигледно ја презел командата со бродот.

Петтата флота на американската морнарица соопшти дека запленетиот танкер е најмалку петти комерцијален брод запленет од Техеран во последните две години.

https://www.youtube.com/watch?v=gatgEOgSLRg

The post Ирански командоси скокаат на танкер со нафта за САД appeared first on Република.

]]>

Иранската државна телевизија објави видео од маскирани поморски командоси како скокаат од хеликоптер во Оманскиот Залив на танкер што пренесува нафта во САД. Иранските власти тврдат дека танкерот бил запленет откако се судрил со ирански брод, но нема докази за тоа . Досега Техеран ги користеше запленетите бродови како договор за пазарење во преговорите со Западот. Видеото покажува како командоси се спуштаат на палубата на танкерот од хеликоптер во воздух користејќи јажиња. Се гледа еден командос со крената тупаница откако очигледно ја презел командата со бродот. Петтата флота на американската морнарица соопшти дека запленетиот танкер е најмалку петти комерцијален брод запленет од Техеран во последните две години. https://www.youtube.com/watch?v=gatgEOgSLRg

The post Ирански командоси скокаат на танкер со нафта за САД appeared first on Република.

]]>
Иран ги ослободи грчките танкери https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/iran-gi-oslobodi-grchkite-tankeri/ Wed, 16 Nov 2022 14:52:27 +0000 https://republika.mk/?p=574597

Двата танкери под грчко знаме, кои на крајот на мај годинава беа насилно окупирани и закотвени во Персискиот залив денеска, по речиси шест месеци се ослободени, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за поморство на Грција соопштија дека бродовите „Prudent Warrior“ и „Delta Poseidon“,„кои беа закотвени од 27 мај 2022 година, заминаа по повеќемесечни разговори со Иран“, а конечниот договор со Техеран бил постигнат денеска во присуство заменикот министер за поморство Костас Кацафаду.

Министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис рече „по систематските напори на грчката Влада, денеска се стави крај на еден непријатен и особено сложен случај“, им се заблагодари на членовите на екипажот за трпението и довербата што ја покажале, но и на бродските компании за соработката.

Двата танкери заедно со членовите на екипажот, меѓу кои и девет грчки државјани, на крајот на мај, според Министерството за надворешни работи на Грција беа насилно окупирани во Персискиот залив, за што беше упатен демарш до Иран.

Грчките медиуми тогаш пишуваа дека зад нападот стојат Чувари на исламската револуција

The post Иран ги ослободи грчките танкери appeared first on Република.

]]>

Двата танкери под грчко знаме, кои на крајот на мај годинава беа насилно окупирани и закотвени во Персискиот залив денеска, по речиси шест месеци се ослободени, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за поморство на Грција соопштија дека бродовите „Prudent Warrior“ и „Delta Poseidon“,„кои беа закотвени од 27 мај 2022 година, заминаа по повеќемесечни разговори со Иран“, а конечниот договор со Техеран бил постигнат денеска во присуство заменикот министер за поморство Костас Кацафаду. Министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис рече „по систематските напори на грчката Влада, денеска се стави крај на еден непријатен и особено сложен случај“, им се заблагодари на членовите на екипажот за трпението и довербата што ја покажале, но и на бродските компании за соработката. Двата танкери заедно со членовите на екипажот, меѓу кои и девет грчки државјани, на крајот на мај, според Министерството за надворешни работи на Грција беа насилно окупирани во Персискиот залив, за што беше упатен демарш до Иран. Грчките медиуми тогаш пишуваа дека зад нападот стојат Чувари на исламската револуција

The post Иран ги ослободи грчките танкери appeared first on Република.

]]>
Повторно хаос во Суцкиот канал: Огромен танкер се насука и целосно го блокираше сообраќајот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povtorno-haos-vo-suckiot-kanal-ogromen-tanker-se-nasuka-i-celosno-go-blokirashe-soobrakjajot/ Thu, 01 Sep 2022 11:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=546416

Поморскиот сообраќај во Суецкиот канал бил прекинат, откако се насукал огромен танкер за нафта, што било причина реморкери да работат на негово „ослободување“.

Како што пренесува Дејли Мејл, повикувајќи се на локални извори, танкерот „Афинити В“ долг 252 метри го блокирал сообраќајот низ каналот.

Друг извор, од канцеларијата на Суецкиот канал, за локалните медиуми, соопштил дека бродот бил откачен по неколку часа и сообраќајот е обновен.

https://twitter.com/LoperfidoFranco/status/1565107332597571585?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565107332597571585%7Ctwgr%5Ef140a4fd19a88f28abbf1a3b0413c2a41a0f26aa%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4001521%2Fprivremeno-blokiran-suecki-kanal

Бродот изгубил контрола додека минувал низ каналот долг 193 километри, кој ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море и претставува кратенка меѓу Азија и Европа.

Танкерот привремено го блокираше сообраќајот и сега повторно се движи кон југ, но оди бавно и со помош на ремокери кои го влечат - објави TankerTrakers, компанија која го следи движењето на танкери низ светот.

https://twitter.com/TankerTrackers/status/1565111625518030848?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565111625518030848%7Ctwgr%5Ef140a4fd19a88f28abbf1a3b0413c2a41a0f26aa%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4001521%2Fprivremeno-blokiran-suecki-kanal

Инцидентот доаѓа 18 месеци откако бродот Ever Given шест дена беше насукан во каналот, предизвикувајќи хаос во снабдувањето низ целиот свет.

Во март минатата година, товарен брод долг 400 метри се заглави во каналот, кога беше исфрлен на брегот од силните ветрови.

Светската трговија беше нарушена бидејќи стотици бродови не можеа да пловат на една од најпрометните и најважните морски патишта во светот.

The post Повторно хаос во Суцкиот канал: Огромен танкер се насука и целосно го блокираше сообраќајот appeared first on Република.

]]>

Поморскиот сообраќај во Суецкиот канал бил прекинат, откако се насукал огромен танкер за нафта, што било причина реморкери да работат на негово „ослободување“. Како што пренесува Дејли Мејл, повикувајќи се на локални извори, танкерот „Афинити В“ долг 252 метри го блокирал сообраќајот низ каналот. Друг извор, од канцеларијата на Суецкиот канал, за локалните медиуми, соопштил дека бродот бил откачен по неколку часа и сообраќајот е обновен. https://twitter.com/LoperfidoFranco/status/1565107332597571585?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565107332597571585%7Ctwgr%5Ef140a4fd19a88f28abbf1a3b0413c2a41a0f26aa%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4001521%2Fprivremeno-blokiran-suecki-kanal Бродот изгубил контрола додека минувал низ каналот долг 193 километри, кој ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море и претставува кратенка меѓу Азија и Европа.
Танкерот привремено го блокираше сообраќајот и сега повторно се движи кон југ, но оди бавно и со помош на ремокери кои го влечат - објави TankerTrakers, компанија која го следи движењето на танкери низ светот.
https://twitter.com/TankerTrackers/status/1565111625518030848?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565111625518030848%7Ctwgr%5Ef140a4fd19a88f28abbf1a3b0413c2a41a0f26aa%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4001521%2Fprivremeno-blokiran-suecki-kanal Инцидентот доаѓа 18 месеци откако бродот Ever Given шест дена беше насукан во каналот, предизвикувајќи хаос во снабдувањето низ целиот свет. Во март минатата година, товарен брод долг 400 метри се заглави во каналот, кога беше исфрлен на брегот од силните ветрови. Светската трговија беше нарушена бидејќи стотици бродови не можеа да пловат на една од најпрометните и најважните морски патишта во светот.

The post Повторно хаос во Суцкиот канал: Огромен танкер се насука и целосно го блокираше сообраќајот appeared first on Република.

]]>
Танкерот „Душата на Москва“ испорачува нафта од Емиратите во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tankerot-dushata-na-moskva-isporachuva-nafta-od-emiratite-vo-evropa/ Wed, 25 May 2022 17:52:38 +0000 https://republika.mk/?p=506821

Обединетите Арапски Емирати почнаа со испораки на нафта во Европа, затоа што европските купувачи одбиваат увоз од Русија поради воената акција во Украина, пренесува „Блумберг“.

Пристанишните агенции кои го следат движењето на танкерите собрани од „Блумберг“, танкерот „Духот на Москва“ (Moscow Spirit) - ангажиран од „Тотал енерџи“ - плови кон холандското пристаниште Ротердам во Холандија со товар од околу еден милион барели сурова нафта од Емиратите.

Последен пат пратки на нафта од Обединетите Арапски Емирати беа испорачани во Европа во мај 2020 година, кога пандемијата на Ковид-19 ги ​​потресе нафтените пазари.

Пред воената акција во Украина, Русија беше најголемиот снабдувач на сурова нафта во Европа, а сега голем дел од вкупните количества што претходно ги испорачуваше на Стариот Континент се транспортираат во Азија.

The post Танкерот „Душата на Москва“ испорачува нафта од Емиратите во Европа appeared first on Република.

]]>

Обединетите Арапски Емирати почнаа со испораки на нафта во Европа, затоа што европските купувачи одбиваат увоз од Русија поради воената акција во Украина, пренесува „Блумберг“. Пристанишните агенции кои го следат движењето на танкерите собрани од „Блумберг“, танкерот „Духот на Москва“ (Moscow Spirit) - ангажиран од „Тотал енерџи“ - плови кон холандското пристаниште Ротердам во Холандија со товар од околу еден милион барели сурова нафта од Емиратите. Последен пат пратки на нафта од Обединетите Арапски Емирати беа испорачани во Европа во мај 2020 година, кога пандемијата на Ковид-19 ги ​​потресе нафтените пазари. Пред воената акција во Украина, Русија беше најголемиот снабдувач на сурова нафта во Европа, а сега голем дел од вкупните количества што претходно ги испорачуваше на Стариот Континент се транспортираат во Азија.

The post Танкерот „Душата на Москва“ испорачува нафта од Емиратите во Европа appeared first on Република.

]]>
Активисти на Гринпис блокираа руски танкер во Норвешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/aktivisti-na-grinpis-blokiraa-ruski-tanker-vo-norveshka/ Mon, 25 Apr 2022 12:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=493334

Активисти на Гринпис блокираа руски танкер со нафта во Норвешка за да спречат испорака на гориво кое, како што велат, „ја финансира војната на Путин“, соопшти денеска невладината организација.

Бродот е изнајмен од руската нафтена групација Новатек и е регистриран во Хонг Конг. Превезува 95.000 тони керозин до терминалот Есо во Осгорстра, во југоисточна Норвешка.

Танкерот Уст Луга отплови од истоимениот руски град Уст Луга во Ленинградската област, се наведува на веб-страницата за следење на поморскиот сообраќај.

Активистите на Гринпис ги врзале гумените чамци со кои пловеле до танкерот за бродот, додека друга група активисти во кајаци развиле транспарент со натпис дека „нафтата додава гориво на војната“.

Портпаролката на компанијата Есо Норвешка изјави дека предметната пратка не потпаѓа под западните санкции против Русија и дека е нарачана пред рускиот напад на Украина.

– Есо Норвешка нема други договори за купување производи со потекло од Русија, додаде портпаролката.

Норвешка иако не е членка на Европската унија, од 18 март ги применува речиси сите санкции што Унијата и ги воведе на Москва.

The post Активисти на Гринпис блокираа руски танкер во Норвешка appeared first on Република.

]]>

Активисти на Гринпис блокираа руски танкер со нафта во Норвешка за да спречат испорака на гориво кое, како што велат, „ја финансира војната на Путин“, соопшти денеска невладината организација. Бродот е изнајмен од руската нафтена групација Новатек и е регистриран во Хонг Конг. Превезува 95.000 тони керозин до терминалот Есо во Осгорстра, во југоисточна Норвешка. Танкерот Уст Луга отплови од истоимениот руски град Уст Луга во Ленинградската област, се наведува на веб-страницата за следење на поморскиот сообраќај. Активистите на Гринпис ги врзале гумените чамци со кои пловеле до танкерот за бродот, додека друга група активисти во кајаци развиле транспарент со натпис дека „нафтата додава гориво на војната“. Портпаролката на компанијата Есо Норвешка изјави дека предметната пратка не потпаѓа под западните санкции против Русија и дека е нарачана пред рускиот напад на Украина. – Есо Норвешка нема други договори за купување производи со потекло од Русија, додаде портпаролката. Норвешка иако не е членка на Европската унија, од 18 март ги применува речиси сите санкции што Унијата и ги воведе на Москва.

The post Активисти на Гринпис блокираа руски танкер во Норвешка appeared first on Република.

]]>