Тања Фајон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tanja-fajon/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 19:39:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тања Фајон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tanja-fajon/ 32 32 Словенечкото МНР го повика на разговор израелскиот амбасадор поради нападите во Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/slovenechkoto-mnr-go-povika-na-razgovor-izraelskiot-ambasador-poradi-napadite-vo-liban/ Tue, 24 Sep 2024 19:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=819382

Словенечкото Министерство за надворешни работи денеска го повика на разговор израелскиот амбасадор, поради нападите во Либан кои веќе однесоа повеќе од 500 животи, изјави министерката за надворешни работи Тања Фајон на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Според извори во словенечкото Министерство за надворешни работи, разговорот е закажан за утре.

Како што рече министерката Фајон, се чини дека „Либан станува новата Газа“, а ситуацијата ја оцени како загрижувачка. Таа рече дека Израел го „ескалира насилството“ во Либан, Газа и Западниот Брег.

-Словенија ќе направи се што е во нејзина моќ, истовремено почитувајќи го меѓународното право и, се разбира, Повелбата на Обединетите нации, најави таа.

Таа, исто така, најави дека наскоро ќе се сретне со либанскиот министер за надворешни работи за да разговара што друго може да се направи.

Франција, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, побара итен состанок на телото денеска откако Израел го започна најмоќниот бран воздушни напади против иранската милиција Хезболах во Либан во последните децении, во кои беа убиени стотици луѓе, вклучително и деца.

The post Словенечкото МНР го повика на разговор израелскиот амбасадор поради нападите во Либан appeared first on Република.

]]>

Словенечкото Министерство за надворешни работи денеска го повика на разговор израелскиот амбасадор, поради нападите во Либан кои веќе однесоа повеќе од 500 животи, изјави министерката за надворешни работи Тања Фајон на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Според извори во словенечкото Министерство за надворешни работи, разговорот е закажан за утре. Како што рече министерката Фајон, се чини дека „Либан станува новата Газа“, а ситуацијата ја оцени како загрижувачка. Таа рече дека Израел го „ескалира насилството“ во Либан, Газа и Западниот Брег.
-Словенија ќе направи се што е во нејзина моќ, истовремено почитувајќи го меѓународното право и, се разбира, Повелбата на Обединетите нации, најави таа.
Таа, исто така, најави дека наскоро ќе се сретне со либанскиот министер за надворешни работи за да разговара што друго може да се направи. Франција, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, побара итен состанок на телото денеска откако Израел го започна најмоќниот бран воздушни напади против иранската милиција Хезболах во Либан во последните децении, во кои беа убиени стотици луѓе, вклучително и деца.

The post Словенечкото МНР го повика на разговор израелскиот амбасадор поради нападите во Либан appeared first on Република.

]]>
Taња Фајон е во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tana-fajon-e-vo-bolnitsa/ Mon, 26 Feb 2024 16:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=748628

Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон е хоспитализирана, а лекарите се сомневаат на инфекција на бубрезите.

Словенечката новинска агенција (СТА) објави дека Фајон добро се чувствува и неколку денови ќе остане во болница.

Фајон е хоспитализирана бидејќи вчера се чувствувала лошо, по враќањето од Њујорк, каде на 23 февруари на состаноците на Генералното собрание на ОН и Советот за безбедност на ОН по повод втората годишнина од руската агресија врз Украина

The post Taња Фајон е во болница appeared first on Република.

]]>

Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон е хоспитализирана, а лекарите се сомневаат на инфекција на бубрезите. Словенечката новинска агенција (СТА) објави дека Фајон добро се чувствува и неколку денови ќе остане во болница. Фајон е хоспитализирана бидејќи вчера се чувствувала лошо, по враќањето од Њујорк, каде на 23 февруари на состаноците на Генералното собрание на ОН и Советот за безбедност на ОН по повод втората годишнина од руската агресија врз Украина

The post Taња Фајон е во болница appeared first on Република.

]]>
Фајон: ЕУ мора да ги заштити своите надворешни граници ако сака да ја зачува Шенген зоната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fajon-eu-mora-da-gi-zashtiti-svoite-nadvoreshni-granitsi-ako-saka-da-ja-zachuva-shengen-zonata/ Thu, 28 Sep 2023 10:23:05 +0000 https://republika.mk/?p=685976

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон денеска изјави дека Европската унија мора да ги заштити своите надворешни граници доколку сака да се зачува Шенген зоната.

Таа на заедничката конференција со нејзиниот австриски колега Александар Шаленберг укажа на зголемувањето на илегалните гранични премини долж западнобалканската рута и рече дека борбата против илегалната миграција и трговијата со луѓе е важна, пренесува СТА.

Шаленберг укажа и на важноста на соработката меѓу земјите и додаде дека единствениот успешен пристап за решавање на овој проблем е единството.

Четвртина од земјите од Шенген веќе спроведуваат гранични контроли, што покажува дека системот не работи како што треба, рече Шаленберг.

Зборувајќи за војната во Украина, австрискиот министер за надворешни работи повика на воспоставување праведен и траен мир со почитување на украинскиот суверенитет. Фајон се согласи со Шаленберг и повика на мир и стабилност во регионот.

Кога станува збор за Западен Балкан, официјалните лица рекоа дека го делат ставот дека земјите треба што поскоро да влезат во Европската унија, а шефот на словенечката дипломатија повика на забрзување на процесот на проширување.

Таа укажа на посветеноста на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за подготвеноста за проширување на ЕУ на Западен Балкан до 2030 година, но изрази загриженост дека со сета нестабилност во регионот, постои ризик од нови тензии или конфликти во регионот.

The post Фајон: ЕУ мора да ги заштити своите надворешни граници ако сака да ја зачува Шенген зоната appeared first on Република.

]]>

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон денеска изјави дека Европската унија мора да ги заштити своите надворешни граници доколку сака да се зачува Шенген зоната. Таа на заедничката конференција со нејзиниот австриски колега Александар Шаленберг укажа на зголемувањето на илегалните гранични премини долж западнобалканската рута и рече дека борбата против илегалната миграција и трговијата со луѓе е важна, пренесува СТА. Шаленберг укажа и на важноста на соработката меѓу земјите и додаде дека единствениот успешен пристап за решавање на овој проблем е единството. Четвртина од земјите од Шенген веќе спроведуваат гранични контроли, што покажува дека системот не работи како што треба, рече Шаленберг. Зборувајќи за војната во Украина, австрискиот министер за надворешни работи повика на воспоставување праведен и траен мир со почитување на украинскиот суверенитет. Фајон се согласи со Шаленберг и повика на мир и стабилност во регионот. Кога станува збор за Западен Балкан, официјалните лица рекоа дека го делат ставот дека земјите треба што поскоро да влезат во Европската унија, а шефот на словенечката дипломатија повика на забрзување на процесот на проширување. Таа укажа на посветеноста на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за подготвеноста за проширување на ЕУ на Западен Балкан до 2030 година, но изрази загриженост дека со сета нестабилност во регионот, постои ризик од нови тензии или конфликти во регионот.

The post Фајон: ЕУ мора да ги заштити своите надворешни граници ако сака да ја зачува Шенген зоната appeared first on Република.

]]>
Се сеќавате на Фајон, поддржувачот на „Шарената револуција“? Вели дека сега е клучно време https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-sekavate-na-fajon-poddrzhuvachot-na-sharenata-revolutsija-veli-deka-sega-e-kluchno-vreme/ Tue, 29 Aug 2023 19:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=677128

Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон изјави дека оваа година ја гледа како клучна за проширување на Европска Унија.

- Сега е клучно време и затоа 2030 година не треба да се гледа како неважна. Јас на тоа гледам сосема поинаку, истакна Фајон на Бледскиот стратешки форум.

Нејзината изјава уследи откако претседателот на Европски совет, Шарл Мишел ја наведе 2030 како година во која ЕУ и земјите на Западен Балкан треба да биде подготвени.

Фајон наведе дека во разговорите со лидерите на Западен Балкан и министрите за надворешни работи во Блед, истакнала дека за нив „многу е важно што сега има некаква временска рамка“.

- Доколку земјите од Западен Балкан би си ја работеле својата работа, барем во однос на тоа да бидат убедливи во својата посветеност, ќе има доволно политички аргументи и ќе можеме да бидеме многу посмели во декември, истакна Фајон.

На прашањето што конкретно треба да се постигне на Самитот на ЕУ во декември, Фајон наведе дека има многу идеи кои ќе се формулираат во она што е реално.

Меѓу другото, таа спомена комбинирање технички разговори со „побрз пристап“, како што е охрабрување на идните членки да се „навикнат на ЕУ, со тоа што, на пример, ќе добијат статус на набљудувач во Европски парламент или постепено влегување на единствениот пазар.

The post Се сеќавате на Фајон, поддржувачот на „Шарената револуција“? Вели дека сега е клучно време appeared first on Република.

]]>

Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон изјави дека оваа година ја гледа како клучна за проширување на Европска Унија.
- Сега е клучно време и затоа 2030 година не треба да се гледа како неважна. Јас на тоа гледам сосема поинаку, истакна Фајон на Бледскиот стратешки форум.
Нејзината изјава уследи откако претседателот на Европски совет, Шарл Мишел ја наведе 2030 како година во која ЕУ и земјите на Западен Балкан треба да биде подготвени. Фајон наведе дека во разговорите со лидерите на Западен Балкан и министрите за надворешни работи во Блед, истакнала дека за нив „многу е важно што сега има некаква временска рамка“.
- Доколку земјите од Западен Балкан би си ја работеле својата работа, барем во однос на тоа да бидат убедливи во својата посветеност, ќе има доволно политички аргументи и ќе можеме да бидеме многу посмели во декември, истакна Фајон.
На прашањето што конкретно треба да се постигне на Самитот на ЕУ во декември, Фајон наведе дека има многу идеи кои ќе се формулираат во она што е реално. Меѓу другото, таа спомена комбинирање технички разговори со „побрз пристап“, како што е охрабрување на идните членки да се „навикнат на ЕУ, со тоа што, на пример, ќе добијат статус на набљудувач во Европски парламент или постепено влегување на единствениот пазар.

The post Се сеќавате на Фајон, поддржувачот на „Шарената револуција“? Вели дека сега е клучно време appeared first on Република.

]]>
Фајон го охрабри Ковачевски за ново придвижување во евроинтеграцискиот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fajon-go-ohrabri-kovachevski-za-novo-pridvizhuvane-vo-evrointegratsiskiot-protses/ Mon, 03 Apr 2023 14:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=626779

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во Љубљана денеска се сретна и со вицепремиерката во Владата на Република Словенија и министерка за надворешни и европски прашања, Тања Фајон.

На состанокот се поздравени државничките политики на Владата на Република Македонија во правец на реализација на европските перспективи на државата, што е оценето како значаен придонес и во регионалната и европската стабилност.

Во таа насока, е пренесена силна поддршка за напредокот на Македонија кон ЕУ, со изразено охрабрување за Република Македонија во насока на ново придвижување во евроинтеграцискиот процес и фокусирајќи се на правење конкретни чекори во преговарачкиот процес и одржување на актуелниот реформски моментум.

The post Фајон го охрабри Ковачевски за ново придвижување во евроинтеграцискиот процес appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во Љубљана денеска се сретна и со вицепремиерката во Владата на Република Словенија и министерка за надворешни и европски прашања, Тања Фајон. На состанокот се поздравени државничките политики на Владата на Република Македонија во правец на реализација на европските перспективи на државата, што е оценето како значаен придонес и во регионалната и европската стабилност. Во таа насока, е пренесена силна поддршка за напредокот на Македонија кон ЕУ, со изразено охрабрување за Република Македонија во насока на ново придвижување во евроинтеграцискиот процес и фокусирајќи се на правење конкретни чекори во преговарачкиот процес и одржување на актуелниот реформски моментум.

The post Фајон го охрабри Ковачевски за ново придвижување во евроинтеграцискиот процес appeared first on Република.

]]>
Не е само Македонија: И Црна Гора е без Уставен суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ne-e-samo-makedonija-i-tsrna-gora-e-bez-ustaven-sud/ Thu, 26 Jan 2023 07:37:43 +0000 https://republika.mk/?p=601124

Доколку Црна Гора сака да го почитува владеењето на правото и да излезе од политичката и институционалната криза, првиот чекор е комплетирање на Уставниот суд, порача министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

 

„Во спротивно, легитимитетот на претседателските избори е доведен во прашање“, додаде таа за ТВЦГ.

Според неа, Европската унија не сака да и сврти грб на Црна Гора, Западен Балкан е дел од Европа, но пред изборот на судии, „политичарите мора да покажат дека се одговорни“.

„Ако се изберат еден или двајца судии, тоа нема да биде најдобра порака, но судот ќе биде функционален. Одговорноста на политичарите е да излезат од овој формат ‘кој ќе биде кој’, но да создадат функционален и независен суд. Има 27 кандидати, што е одлично бидејќи има поголем број од претходните кругови и сигурна сум дека има доволно експерти за да се изберат четворица судии“, рече Фајон.

Таа истакна дека политичарите во Црна Гора имаат голема одговорност пред се кон граѓаните.

„Не сум сигурна дека ЕУ сега би ги прекинала преговорите, тоа е само една од можностите“, рече словенечката министерка.

На прашањето што би значело евентуалното прекинување на преговорите со Европската унија за Црна Гора, Фајон одговори дека таа сигурно не е некој што сака ЕУ да и сврти грб на Црна Гора.

„Можеби вртењето грб би им одговарало на некои партии, но не и на 70 отсто од граѓаните. Не сме во ситуација Европската унија да ги прекине преговорите, тоа е само една можност. Црна Гора добива разни фондови, ние сакаме да и помагаме на Црна Гора, но во последните седум-осум години нема напредок и тоа е нешто што не загрижува“, рече таа.

Фајон посочи дека речиси сите во ЕУ се едногласни кога е во прашање политичката и институционалната криза во Црна Гора.

„Доколку сакаме да дојдеме во ситуација да можеме да разговараме како да одиме напред, потребна ни е согласност. Доаѓам во Црна Гора за да направиме одреден напредок, за Европската унија да не го сврти грбот, односно Црна Гора не скршнува од патот“, изјави Фајон

The post Не е само Македонија: И Црна Гора е без Уставен суд appeared first on Република.

]]>

Доколку Црна Гора сака да го почитува владеењето на правото и да излезе од политичката и институционалната криза, првиот чекор е комплетирање на Уставниот суд, порача министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.  
„Во спротивно, легитимитетот на претседателските избори е доведен во прашање“, додаде таа за ТВЦГ.
Според неа, Европската унија не сака да и сврти грб на Црна Гора, Западен Балкан е дел од Европа, но пред изборот на судии, „политичарите мора да покажат дека се одговорни“. „Ако се изберат еден или двајца судии, тоа нема да биде најдобра порака, но судот ќе биде функционален. Одговорноста на политичарите е да излезат од овој формат ‘кој ќе биде кој’, но да создадат функционален и независен суд. Има 27 кандидати, што е одлично бидејќи има поголем број од претходните кругови и сигурна сум дека има доволно експерти за да се изберат четворица судии“, рече Фајон. Таа истакна дека политичарите во Црна Гора имаат голема одговорност пред се кон граѓаните.
„Не сум сигурна дека ЕУ сега би ги прекинала преговорите, тоа е само една од можностите“, рече словенечката министерка.
На прашањето што би значело евентуалното прекинување на преговорите со Европската унија за Црна Гора, Фајон одговори дека таа сигурно не е некој што сака ЕУ да и сврти грб на Црна Гора. „Можеби вртењето грб би им одговарало на некои партии, но не и на 70 отсто од граѓаните. Не сме во ситуација Европската унија да ги прекине преговорите, тоа е само една можност. Црна Гора добива разни фондови, ние сакаме да и помагаме на Црна Гора, но во последните седум-осум години нема напредок и тоа е нешто што не загрижува“, рече таа. Фајон посочи дека речиси сите во ЕУ се едногласни кога е во прашање политичката и институционалната криза во Црна Гора. „Доколку сакаме да дојдеме во ситуација да можеме да разговараме како да одиме напред, потребна ни е согласност. Доаѓам во Црна Гора за да направиме одреден напредок, за Европската унија да не го сврти грбот, односно Црна Гора не скршнува од патот“, изјави Фајон

The post Не е само Македонија: И Црна Гора е без Уставен суд appeared first on Република.

]]>
Фајон: Во Словенија има голема поддршка за ЕУ ​​и нејзиното проширување https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/fajon-vo-slovenija-ima-golema-poddrshka-za-eu-i-nejzinoto-proshiruvanje/ Thu, 22 Dec 2022 18:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=588821

Словенија е пријател на сите земји од Западен Балкан и доколку сите држави од регионот се беа приклучиле кон Европската унија (ЕУ), немаше да ги имаме овие проблеми со границите или какви било отворени прашања, рече министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон и посочи дека во Словенија има голема поддршка за ЕУ ​​и нејзиното проширување.

Одговарајќи на прашањето што е реално кога станува збор за влезот на Србија во ЕУ, таа рече дека реалноста зависи од двете страни.

„Искрено мислам дека Србија треба да ни даде добри аргументи, да ги спроведеме економските и социјалните реформи, борбата против организираниот криминал и корупцијата, борбата за владеење на правото, слободата на медиумите. Кога го кажувам сето тоа, не мислам дека Србија сето ова треба го прави поради Брисел, туку поради своите граѓани. Тоа ќе им го подобри животот“, рече Фајон во интервју за српски „Телеграф“.

Додаде дека во Словенија се’ уште има голема поддршка за Европската Унија и нејзиното проширување.

Зборувајќи за ситуацијата во Косово, таа посочи дека очекува од една страна Приштина да ги прекине сите полициски акции, а од друга страна Србија, како што рече, да направи се’ со своето големо влијание за нормализирање на состојбата и нормализирање на односите за граѓаните.

Таа нагласи дека дијалогот е многу важен и дека Бриселскиот договор е обврзувачки за двете страни.

Исто така, дека меѓународната заедница и ЕУ, односно Словенија како дел од Унијата, бараат нормализација и конструктивен пристап.

The post Фајон: Во Словенија има голема поддршка за ЕУ ​​и нејзиното проширување appeared first on Република.

]]>

Словенија е пријател на сите земји од Западен Балкан и доколку сите држави од регионот се беа приклучиле кон Европската унија (ЕУ), немаше да ги имаме овие проблеми со границите или какви било отворени прашања, рече министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон и посочи дека во Словенија има голема поддршка за ЕУ ​​и нејзиното проширување. Одговарајќи на прашањето што е реално кога станува збор за влезот на Србија во ЕУ, таа рече дека реалноста зависи од двете страни.
„Искрено мислам дека Србија треба да ни даде добри аргументи, да ги спроведеме економските и социјалните реформи, борбата против организираниот криминал и корупцијата, борбата за владеење на правото, слободата на медиумите. Кога го кажувам сето тоа, не мислам дека Србија сето ова треба го прави поради Брисел, туку поради своите граѓани. Тоа ќе им го подобри животот“, рече Фајон во интервју за српски „Телеграф“.
Додаде дека во Словенија се’ уште има голема поддршка за Европската Унија и нејзиното проширување. Зборувајќи за ситуацијата во Косово, таа посочи дека очекува од една страна Приштина да ги прекине сите полициски акции, а од друга страна Србија, како што рече, да направи се’ со своето големо влијание за нормализирање на состојбата и нормализирање на односите за граѓаните. Таа нагласи дека дијалогот е многу важен и дека Бриселскиот договор е обврзувачки за двете страни. Исто така, дека меѓународната заедница и ЕУ, односно Словенија како дел од Унијата, бараат нормализација и конструктивен пристап.

The post Фајон: Во Словенија има голема поддршка за ЕУ ​​и нејзиното проширување appeared first on Република.

]]>
Тања Фајон го „преживеа“ гласањето за смена во словенечкиот Парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tanja-fajon-go-prezivea-glasanjeto-za-smena-vo-slovenechkiot-parlament/ Fri, 11 Nov 2022 07:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=572570

Пратениците во словенечкото Собрание ноќеска со мнозинство гласови го одбија барањето на опозициските партии за разрешување на министерката за надворешни работи Тања Фајон.
По целодневна дискусија, 22 пратеници гласаа за смена на Фајон, а 52 беа против, а за опозициската интерпелацијата да успее мораше да добие поддршка од 46 пратеници.

Опозициските партии ја обвинија Фајон дека ја злоупотребила службената положба и ја користела дипломатско-конзуларната мрежа за поддршка на кандидатката за претседател на Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Пред седницата на парламентот Фајон ги отфрли сите обвиненија.

-Денеска сум овде поради фактот што го почитував законот и постапив како што бев должна да постапам. Знам дека сите обвинувања во интерпелацијата се целосно неосновани, па можеби дури и апсурдни, рече Фајон.

Пирц Мусар и Анже Логар ќе бидат ривали во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 13 ноември. Анкетите покажуваат дека Логар, министерот за надворешни работи во владата на Јанез Јанша, има поддршка од 44,6 отсто од гласачите, додека Пирц Мусар има поддршка од 51,7 отсто.

The post Тања Фајон го „преживеа“ гласањето за смена во словенечкиот Парламент appeared first on Република.

]]>

Пратениците во словенечкото Собрание ноќеска со мнозинство гласови го одбија барањето на опозициските партии за разрешување на министерката за надворешни работи Тања Фајон. По целодневна дискусија, 22 пратеници гласаа за смена на Фајон, а 52 беа против, а за опозициската интерпелацијата да успее мораше да добие поддршка од 46 пратеници. Опозициските партии ја обвинија Фајон дека ја злоупотребила службената положба и ја користела дипломатско-конзуларната мрежа за поддршка на кандидатката за претседател на Словенија, Наташа Пирц Мусар. Пред седницата на парламентот Фајон ги отфрли сите обвиненија. -Денеска сум овде поради фактот што го почитував законот и постапив како што бев должна да постапам. Знам дека сите обвинувања во интерпелацијата се целосно неосновани, па можеби дури и апсурдни, рече Фајон. Пирц Мусар и Анже Логар ќе бидат ривали во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 13 ноември. Анкетите покажуваат дека Логар, министерот за надворешни работи во владата на Јанез Јанша, има поддршка од 44,6 отсто од гласачите, додека Пирц Мусар има поддршка од 51,7 отсто.

The post Тања Фајон го „преживеа“ гласањето за смена во словенечкиот Парламент appeared first on Република.

]]>
Фајон: Гарантирам дека билатералните прашања нема да бидат дел од пристапните преговори со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fajon-makedonija-vo-eu-do-2030-godina-e-realna-cel/ Thu, 20 Oct 2022 19:17:00 +0000 https://republika.mk/?p=563720

Mинистерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, во тема на денот на Сител телевизија изјави оти верува дека со тоа што Македонија е на пат за цврсти реформи, макотрпна работа, што ќе ја внесат државата во ЕУ во 2030 година.

Фајон наведе дека раговарала со многу претставници од политиката, граѓанското општество, со стопанственици и се што можам да кажам, истакна, е најнапред искрени честитки до Македонија за храброста, зашто не беше едноставно да се прифати францускиот предлог за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, но државата го направи единственото правилно.

Јас ќе гарантирам, исто така и Словенија, дека билатералните прашања нема да бидат дел од пристапните преговори. Посакувам во Македонија и опозицијата и власта и општеството да осознаат дека патот во ЕУ е единствен пат што ќе гарантира солидарност, цврсти вредности и благосостојба на луѓето - изјави Фајон.

Таа нагласи дека може да гарантира цврста поддршка од Словенија, со нејзините искуства и како пријателска држава дека ќе помогне да нема билатерални прашања, да не дојде до губење на идентитетот, јазикот.

Македонија оваа седмица го потпишува Договорот со Фронтекс каде многу јасно ќе стои македонски јазик. Значи стравот дека земјата го губи идентитетот е неоснован - истакна Фајон.

Таа вели дека сега почнува периодот на скрининг и порача дека е потребно државата, доколку е можно да се придржува кон временската рамка.

Знам дека е потребна промена на Уставот и за тоа е потребна политичка согласност. Искрено се надевам дека и опозицијата и коалицијата ќе соберат храброст, бидејќи не се работи за една или друга политика, се работи за иднината на државата - изјави шефицата на словенечката дипломатија.

Во однос на односите со Софија, Фајон посочи дека Бугарија секогаш ќе биде сосед на Македонија и затоа е важно политиката која е одговорна да бара решенија што не ги загрозуваат односите помеѓу луѓето.

Во општеството двете страни би требало нужно да постигнат взаемна согласност по однос на сите точки, сите прашања. Провокации, отворање на бугарски клубови, вакви или онакви провокации, што водат кон раздор на народот се неприфатливи. Словенија има свои соседи со кои живееме заедно и со кои имаме билатерални нерешени прашања, но ние сакаме да најдеме решенија бидејќи од тоа имаат корист луѓето - порача словенечката министерка за надворешни работи.

Според неа, потези на менување или поинакво интерпретирање на историјата или потези кои менуваат дел од општеството се неприфатливи.

Пред нас има многу заеднички предизвици, за Бугарија, за Македонија, за регионот и би требало да се стремиме кон тоа да бараме решенија што се прифатливи за сите и да не предизвикуваат помеѓу луѓето дополнителни спорови, напнатост или уште повеќе да ги разделуваат народите. Кога се работи за отворање на бугарските клубови, знам дека Парламентот неодамна донесе важна одлука и се надевам дека во иднина ќе биде можно да се избегнуваат имиња кои во јавноста ќе звучат провокативно - изјави Фајон.

Според неа, извештајот на ЕК бил критичен во делот кој се однесува на владеењето на правото, независното судство и тука, подвлече, државата ќе има многу работа.

Одговорната политика треба да спроведува реформи, и во последно време државата направи многу добри работи. Целта што си ја постави да влезе во ЕУ 2030 ја гледам како реална цел ако работиме искрено и совесно на двете страни - изјави министерката за надворешни работи на Словенија.

За Фајон, Македонија е многу важен актер за стабилноста на регионот.

The post Фајон: Гарантирам дека билатералните прашања нема да бидат дел од пристапните преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Mинистерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, во тема на денот на Сител телевизија изјави оти верува дека со тоа што Македонија е на пат за цврсти реформи, макотрпна работа, што ќе ја внесат државата во ЕУ во 2030 година. Фајон наведе дека раговарала со многу претставници од политиката, граѓанското општество, со стопанственици и се што можам да кажам, истакна, е најнапред искрени честитки до Македонија за храброста, зашто не беше едноставно да се прифати францускиот предлог за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, но државата го направи единственото правилно.
Јас ќе гарантирам, исто така и Словенија, дека билатералните прашања нема да бидат дел од пристапните преговори. Посакувам во Македонија и опозицијата и власта и општеството да осознаат дека патот во ЕУ е единствен пат што ќе гарантира солидарност, цврсти вредности и благосостојба на луѓето - изјави Фајон.
Таа нагласи дека може да гарантира цврста поддршка од Словенија, со нејзините искуства и како пријателска држава дека ќе помогне да нема билатерални прашања, да не дојде до губење на идентитетот, јазикот.
Македонија оваа седмица го потпишува Договорот со Фронтекс каде многу јасно ќе стои македонски јазик. Значи стравот дека земјата го губи идентитетот е неоснован - истакна Фајон.
Таа вели дека сега почнува периодот на скрининг и порача дека е потребно државата, доколку е можно да се придржува кон временската рамка.
Знам дека е потребна промена на Уставот и за тоа е потребна политичка согласност. Искрено се надевам дека и опозицијата и коалицијата ќе соберат храброст, бидејќи не се работи за една или друга политика, се работи за иднината на државата - изјави шефицата на словенечката дипломатија.
Во однос на односите со Софија, Фајон посочи дека Бугарија секогаш ќе биде сосед на Македонија и затоа е важно политиката која е одговорна да бара решенија што не ги загрозуваат односите помеѓу луѓето.
Во општеството двете страни би требало нужно да постигнат взаемна согласност по однос на сите точки, сите прашања. Провокации, отворање на бугарски клубови, вакви или онакви провокации, што водат кон раздор на народот се неприфатливи. Словенија има свои соседи со кои живееме заедно и со кои имаме билатерални нерешени прашања, но ние сакаме да најдеме решенија бидејќи од тоа имаат корист луѓето - порача словенечката министерка за надворешни работи.
Според неа, потези на менување или поинакво интерпретирање на историјата или потези кои менуваат дел од општеството се неприфатливи.
Пред нас има многу заеднички предизвици, за Бугарија, за Македонија, за регионот и би требало да се стремиме кон тоа да бараме решенија што се прифатливи за сите и да не предизвикуваат помеѓу луѓето дополнителни спорови, напнатост или уште повеќе да ги разделуваат народите. Кога се работи за отворање на бугарските клубови, знам дека Парламентот неодамна донесе важна одлука и се надевам дека во иднина ќе биде можно да се избегнуваат имиња кои во јавноста ќе звучат провокативно - изјави Фајон.
Според неа, извештајот на ЕК бил критичен во делот кој се однесува на владеењето на правото, независното судство и тука, подвлече, државата ќе има многу работа.
Одговорната политика треба да спроведува реформи, и во последно време државата направи многу добри работи. Целта што си ја постави да влезе во ЕУ 2030 ја гледам како реална цел ако работиме искрено и совесно на двете страни - изјави министерката за надворешни работи на Словенија.
За Фајон, Македонија е многу важен актер за стабилноста на регионот.

The post Фајон: Гарантирам дека билатералните прашања нема да бидат дел од пристапните преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Oд каде да знае Бесмира што е Словенија, а што Словачка: Пак ги утнаа знамињата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-kade-da-znae-besmira-shto-e-slovenija-a-shto-slovachka-pak-gi-utnaa-znaminjata/ Wed, 19 Oct 2022 10:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=562944

Кога нешто ќе се случи еднаш може да е случајност. Но, кога ќе се повтори неколкупати или станува збор за намера или за незнаење.

Таков е примерот со Владата и знамињата кога доаѓаат странски гости. Веќе стана праска да се грешат а тоа се случи и вчера за време на посеста на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон.

На масата каде што седеа со нејзиниот домаќин Османи наместо знамето на нејзината земја Словенија беше истакнато знамето на Словачка.

https://youtu.be/iQMSyMhuwAI?t=430

Знамињата на Словачка и Словенија навистина се слични, но како е можно протоколот на МНР да направи таква грешка?

 

https://republika.mk/sport/rakomet/znameto-na-avstrija-pak-smeshano-so-ona-na-latvija/

 

 

 

The post Oд каде да знае Бесмира што е Словенија, а што Словачка: Пак ги утнаа знамињата appeared first on Република.

]]>

Кога нешто ќе се случи еднаш може да е случајност. Но, кога ќе се повтори неколкупати или станува збор за намера или за незнаење. Таков е примерот со Владата и знамињата кога доаѓаат странски гости. Веќе стана праска да се грешат а тоа се случи и вчера за време на посеста на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон. На масата каде што седеа со нејзиниот домаќин Османи наместо знамето на нејзината земја Словенија беше истакнато знамето на Словачка. https://youtu.be/iQMSyMhuwAI?t=430 Знамињата на Словачка и Словенија навистина се слични, но како е можно протоколот на МНР да направи таква грешка?   https://republika.mk/sport/rakomet/znameto-na-avstrija-pak-smeshano-so-ona-na-latvija/      

The post Oд каде да знае Бесмира што е Словенија, а што Словачка: Пак ги утнаа знамињата appeared first on Република.

]]>
„Шарената“ Фајон поддржува да станеме членки на ЕУ до 2030 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sharenata-fajon-poddrzuva-da-staneme-chlenki-na-eu-do-2030/ Tue, 18 Oct 2022 11:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=562505

Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон денеска од Скопје со честитки до Владата и македонските граѓани за, како што рече, историски успех со отворањето на пристапните преговори за членство во Унијата. -Свесна сум дека ова беше болен и тежок пат и затоа на Македонија останува да направи се за луѓето, да се започне овој тежок процес на реформи. Поддржувам земјата до 2030 година да станете полноправна членка, цел што е реална, доколку сите државјани бидат на овој пат. Ние ќе ве поддржиме, важно е да бидеме свесни дека се почнати пристапните преговори, изјави денеска Фајон на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Фајон порача дека ќе направат сè што треба со цел државата непречено да продолжи по овој пат и при тоа да не биде загрозен македонскиот јазик.

– Ваков доказ е скорешниот потпис на договорот со ФРОНТЕКС, каде што македонскиот јазик многу јасно ќе биде јазик што ќе биде приоритет. Ако направам компарација, и ние имавме болни искуства, моравме да донесеме тешки компромисни улоги но ја достигнавме целта. Ќе бидат потребни многу напори, секако Извештајот јасно кажа кои се тие проблематични точки каде што мораме повеќе да се концентрираме, истакна таа.

Фајон додаде дека повеќе од 40 отсто од законодавството на земјава е усогласено со европското, што покажува дека Македонија ќе биде успешна на тој пат.

Османи нагласи дека средбата со Фајон ќе внесе нова динамика и нова содржина во односите и интересите на граѓаните од двете земји и додаде дека евроинтеграциите била една од темите на разговор.

– Една од темите на разговор беше почетокот на нашите евроинтеграции. Конечно влеговме во последната фаза пред членството, а тоа е почетокот на преговорите. Европската Комисија во Извештајот ги оцени преговорите како историски момент и тука ќе биде особено важно словенечкото искуство и поддршката во нашиот процес на преговори, истакна министерот Османи на денешната заедничка прес-конференција.

Информираше дека на средбата се говорело за почетокот на скринингот, резултатите од Извештајот на ЕК и надминување на политички прашања.

– Говоревме и за тоа како Словенија може да ни помогне, а побарав и поддршка во текот на целиот процес на преговори да се концентрира на реформите, а Словенија секогаш има недвосмислен став по однос на тоа прашање, дека овој процес треба да биде заснован на европските принципи и вредности, додаде Османи.

Двајцата говорници за време на средбата дискутирале и за членството на Македонија во НАТО, како важен партнер што придонесува, особено во овие важни моменти на воените случувања во Украина.

– Во делот на билатералната соработка имавме многу разговори. Трендовите на трговската размена се позитивни. Поставивме цел, а тоа е 500 милионска евра трговска размена на годишно ниво со Словенија. Активирањето на бизнис клубот помеѓу словенечките и нашите компании ќе биде додатен поттик, вели Османи и додаде дека претставува особено задоволство што македонските компании придонесуваат со 30 милиони евра инвестиции.

Двајцата шефови на дипломатијата говореле и за претседавањето со ОБСЕ на Република Македонија, околу подготовките и приоритетите во овие историски моменти.

– Во делот на поддршката во мултилатералните односи имаме добра традиција на меѓусебна поддршка во различни форми, додаде министерот Османи и заклучи дека средбата била плодна и успешна, во интерес на граѓаните од двете земји.

– Цела Европа е погодена поради војната во Украина, сите држави мораме да бидеме солидарни. Како што е тешко за македонскиот народ да се справи со високите цени, дали ќе имаат топол дом и дали ќе имаат да купат храна, така е и за словенечкиот народ. Дел од европскиот процес е и солидарност. ЕК ќе донесе одлука и ќе помогне, а дел од помошта ќе биде наменета за земјите од Западен Балкан, посочи Фајон.

Во однос на мултилатералните односи, вели дека има голема поддршка, бидејќи поради војната настојуваат да се задржи мирот и безбедноста, да не се загрози меѓународното право и мир. Додаде дека ставовите се идентични, и Македонија одлично ги приспособи санкциите и осудата на војната во Украина.

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон посочи дека од голема важност се односите помеѓу двете држави, опишувајќи ги како многу добри и пријателски.

– Годинава празнуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Република Македонија е исклучително важна како инвестициска дестинација и е особено странски директни вложувања, рече Фајон.

The post „Шарената“ Фајон поддржува да станеме членки на ЕУ до 2030 appeared first on Република.

]]>

Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон денеска од Скопје со честитки до Владата и македонските граѓани за, како што рече, историски успех со отворањето на пристапните преговори за членство во Унијата. -Свесна сум дека ова беше болен и тежок пат и затоа на Македонија останува да направи се за луѓето, да се започне овој тежок процес на реформи. Поддржувам земјата до 2030 година да станете полноправна членка, цел што е реална, доколку сите државјани бидат на овој пат. Ние ќе ве поддржиме, важно е да бидеме свесни дека се почнати пристапните преговори, изјави денеска Фајон на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Фајон порача дека ќе направат сè што треба со цел државата непречено да продолжи по овој пат и при тоа да не биде загрозен македонскиот јазик.
– Ваков доказ е скорешниот потпис на договорот со ФРОНТЕКС, каде што македонскиот јазик многу јасно ќе биде јазик што ќе биде приоритет. Ако направам компарација, и ние имавме болни искуства, моравме да донесеме тешки компромисни улоги но ја достигнавме целта. Ќе бидат потребни многу напори, секако Извештајот јасно кажа кои се тие проблематични точки каде што мораме повеќе да се концентрираме, истакна таа.
Фајон додаде дека повеќе од 40 отсто од законодавството на земјава е усогласено со европското, што покажува дека Македонија ќе биде успешна на тој пат. Османи нагласи дека средбата со Фајон ќе внесе нова динамика и нова содржина во односите и интересите на граѓаните од двете земји и додаде дека евроинтеграциите била една од темите на разговор. – Една од темите на разговор беше почетокот на нашите евроинтеграции. Конечно влеговме во последната фаза пред членството, а тоа е почетокот на преговорите. Европската Комисија во Извештајот ги оцени преговорите како историски момент и тука ќе биде особено важно словенечкото искуство и поддршката во нашиот процес на преговори, истакна министерот Османи на денешната заедничка прес-конференција. Информираше дека на средбата се говорело за почетокот на скринингот, резултатите од Извештајот на ЕК и надминување на политички прашања. – Говоревме и за тоа како Словенија може да ни помогне, а побарав и поддршка во текот на целиот процес на преговори да се концентрира на реформите, а Словенија секогаш има недвосмислен став по однос на тоа прашање, дека овој процес треба да биде заснован на европските принципи и вредности, додаде Османи. Двајцата говорници за време на средбата дискутирале и за членството на Македонија во НАТО, како важен партнер што придонесува, особено во овие важни моменти на воените случувања во Украина. – Во делот на билатералната соработка имавме многу разговори. Трендовите на трговската размена се позитивни. Поставивме цел, а тоа е 500 милионска евра трговска размена на годишно ниво со Словенија. Активирањето на бизнис клубот помеѓу словенечките и нашите компании ќе биде додатен поттик, вели Османи и додаде дека претставува особено задоволство што македонските компании придонесуваат со 30 милиони евра инвестиции. Двајцата шефови на дипломатијата говореле и за претседавањето со ОБСЕ на Република Македонија, околу подготовките и приоритетите во овие историски моменти. – Во делот на поддршката во мултилатералните односи имаме добра традиција на меѓусебна поддршка во различни форми, додаде министерот Османи и заклучи дека средбата била плодна и успешна, во интерес на граѓаните од двете земји. – Цела Европа е погодена поради војната во Украина, сите држави мораме да бидеме солидарни. Како што е тешко за македонскиот народ да се справи со високите цени, дали ќе имаат топол дом и дали ќе имаат да купат храна, така е и за словенечкиот народ. Дел од европскиот процес е и солидарност. ЕК ќе донесе одлука и ќе помогне, а дел од помошта ќе биде наменета за земјите од Западен Балкан, посочи Фајон. Во однос на мултилатералните односи, вели дека има голема поддршка, бидејќи поради војната настојуваат да се задржи мирот и безбедноста, да не се загрози меѓународното право и мир. Додаде дека ставовите се идентични, и Македонија одлично ги приспособи санкциите и осудата на војната во Украина. Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон посочи дека од голема важност се односите помеѓу двете држави, опишувајќи ги како многу добри и пријателски.
– Годинава празнуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Република Македонија е исклучително важна како инвестициска дестинација и е особено странски директни вложувања, рече Фајон.

The post „Шарената“ Фајон поддржува да станеме членки на ЕУ до 2030 appeared first on Република.

]]>
Тања Фајон којa ја поддржуваше „Шарената револуција“ денеска во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tanja-fajon-koj-ja-poddrzuvashe-sharenata-revolucija-utre-vo-skopje/ Tue, 18 Oct 2022 06:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=562157

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на словенечката вицепремиерка и министерка за надворешни работи Тања Фајон, која ќе престојува во официјална посета на земјава.

Како што соопшти МНР, покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и европското досие на земјата, регионалните прашања, геополитичките предизвици и соработката во рамките на НАТО, како и претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ.

Во рамки на нејзиниот престој во Скопје, Фајон се очекува да се сретне и со претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, со претседателот на Собрание на Република Македонија, Талат Џафери, како и со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи

The post Тања Фајон којa ја поддржуваше „Шарената револуција“ денеска во Скопје appeared first on Република.

]]>

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на словенечката вицепремиерка и министерка за надворешни работи Тања Фајон, која ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти МНР, покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и европското досие на земјата, регионалните прашања, геополитичките предизвици и соработката во рамките на НАТО, како и претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ. Во рамки на нејзиниот престој во Скопје, Фајон се очекува да се сретне и со претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, со претседателот на Собрание на Република Македонија, Талат Џафери, како и со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи

The post Тања Фајон којa ја поддржуваше „Шарената револуција“ денеска во Скопје appeared first on Република.

]]>
Тања Фајон: Предлогот на француското претседателство и ЕУ ќе го отвори патот, тоа ќе биде многу потребен позитивен сигнал за целиот регион https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tanja-fajon-predlogot-na-francuskoto-pretsedatelstvo-i-eu-kje-go-otvori-patot-toa-kje-bide-mnogu-potreben-pozitiven-signal-za-celiot-region/ Sun, 03 Jul 2022 16:41:42 +0000 https://republika.mk/?p=523171

Министерката за надворешни работи на Словенија , Тања Фајон, изрази поддршка за европскиот предлог со кој како што вели, Македонија треба што поскоро да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

Како вистински пријател на проширувањето на ЕУ на Западен Балкан, Словенија го поддржува отворањето на пристапните преговори со Македонија што е можно поскоро. Држам среќа, предлогот на француското претседателство и ЕУ ќе го отвори патот.Тоа ќе биде многу потребен позитивен сигнал за целиот регион“, напиша Фајон на Твитер.

The post Тања Фајон: Предлогот на француското претседателство и ЕУ ќе го отвори патот, тоа ќе биде многу потребен позитивен сигнал за целиот регион appeared first on Република.

]]>

Министерката за надворешни работи на Словенија , Тања Фајон, изрази поддршка за европскиот предлог со кој како што вели, Македонија треба што поскоро да ги почне пристапните преговори со ЕУ.
Како вистински пријател на проширувањето на ЕУ на Западен Балкан, Словенија го поддржува отворањето на пристапните преговори со Македонија што е можно поскоро. Држам среќа, предлогот на француското претседателство и ЕУ ќе го отвори патот.Тоа ќе биде многу потребен позитивен сигнал за целиот регион“, напиша Фајон на Твитер.

The post Тања Фајон: Предлогот на француското претседателство и ЕУ ќе го отвори патот, тоа ќе биде многу потребен позитивен сигнал за целиот регион appeared first on Република.

]]>
За високо место во словенечката изврша власт, Тања Фајон го напушта Европарламентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-visoko-mesto-vo-slovenechkata-izvrsha-vlast-tanja-fajon-go-napushta-evroparlamentot/ Wed, 27 Apr 2022 06:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=494042

Претседателката на словенечката партија на Социјални демократи Тања Фајон ќе ја напушти функцијата пратеник во Европскиот парламент (ЕП) и ќе биде претседателка на Парламентот или министерка во Владата на Словенија, неофицијално дознава весникот Данас од дипломатски кругови.

Додека други словенечките медиуми објавија дека Фајон може да биде новата министерка за надворешни работи.

Сè уште не е познато кој ќе ја наследи Фајон во ЕП, каде што таа е пратеник од 2009 година. Фајон беше и претставник на ЕП во меѓупартискиот дијалог за изборните услови во Србија.

На словенечките парламентарни избори, одржани во неделата, партијата на Фајон освои 6,66 отсто од гласовите и седум од 90 пратенички места.

По изборите Фајон најави дека Социјални демократи ќе коалицираат со Движењето за слобода на Роберт Голоб, кое ќе има 41 пратеник во новиот парламент.

The post За високо место во словенечката изврша власт, Тања Фајон го напушта Европарламентот appeared first on Република.

]]>

Претседателката на словенечката партија на Социјални демократи Тања Фајон ќе ја напушти функцијата пратеник во Европскиот парламент (ЕП) и ќе биде претседателка на Парламентот или министерка во Владата на Словенија, неофицијално дознава весникот Данас од дипломатски кругови. Додека други словенечките медиуми објавија дека Фајон може да биде новата министерка за надворешни работи. Сè уште не е познато кој ќе ја наследи Фајон во ЕП, каде што таа е пратеник од 2009 година. Фајон беше и претставник на ЕП во меѓупартискиот дијалог за изборните услови во Србија. На словенечките парламентарни избори, одржани во неделата, партијата на Фајон освои 6,66 отсто од гласовите и седум од 90 пратенички места. По изборите Фајон најави дека Социјални демократи ќе коалицираат со Движењето за слобода на Роберт Голоб, кое ќе има 41 пратеник во новиот парламент.

The post За високо место во словенечката изврша власт, Тања Фајон го напушта Европарламентот appeared first on Република.

]]>