тања царовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tanja-carovska/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Aug 2023 11:52:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тања царовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tanja-carovska/ 32 32 Го дишат ли браќата Заеви, газди на „Слога“, истиот воздух како бебињата во Преспа? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/go-dishat-li-brakata-zaevi-gazdi-na-sloga-istiot-vozduh-kako-bebinata-vo-prespa/ Thu, 03 Aug 2023 09:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=668191

Враќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа?, прашува пејачката Тања Царовска, споделувајќи ја алармантната состојба во која се наоѓа Преспа, каде воздухот смрди од отровот во него.

Ќе си легнував. Ама не можам да спијам, зашто надвор не се дише, откако отворив ме запече грло и очи. Не драги луѓе, не сум во Скопје. Во Преспа сум. Во село на 8 километри од Ресен, на надморска височина од скоро 900м, а близу Отешево, местото каде што се лекуваат пациенти во специјализираната болница за белодробни заболувања заради чистиот воздух. Кога бев мала овде мирисаше на трева, сено и лепешки, со воздух кој беше толку чист што просто го чувствуваш на лицето како те лади и “бања”. Рај за сетилата!
Но, од пред неколку години, славните браќа Заеви ја купија фабриката за глина “Слога” во Ресен. Од тогаш градот труе, а еве, и околните села. Кога нема силен ветер, а најчесто нема - смрди до неможење да дишеш! И тоа баш навечер, после почнувањето на третата работничка смена во Слога.
Со ова би сакала да отворам неколку големи прашања - на што гориво работи фабриката? Или поточно - што се гори во неа?
Ресенчани и Преспанци - зошто молчите? Не ви пречи ли да дишете отров? Или ако има некаков отпор а не знам - ве молам упатете ме, да се придружиме сите!
Има ли новинари кои би сакале ова да го истражат???
И последно прашање - браќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа?
Ај добра ноќ, одам да повраќам од воздухот. Нај, најсериозно! Преспа еееј, воздушната бања!!!
(А ко се пакував во Скопје за навака - го гледам прочистувачот за воздух и си викам: Е, барем ова за таму не ми треба!!😖), пишува таа.

The post Го дишат ли браќата Заеви, газди на „Слога“, истиот воздух како бебињата во Преспа? appeared first on Република.

]]>

Враќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа?, прашува пејачката Тања Царовска, споделувајќи ја алармантната состојба во која се наоѓа Преспа, каде воздухот смрди од отровот во него.
Ќе си легнував. Ама не можам да спијам, зашто надвор не се дише, откако отворив ме запече грло и очи. Не драги луѓе, не сум во Скопје. Во Преспа сум. Во село на 8 километри од Ресен, на надморска височина од скоро 900м, а близу Отешево, местото каде што се лекуваат пациенти во специјализираната болница за белодробни заболувања заради чистиот воздух. Кога бев мала овде мирисаше на трева, сено и лепешки, со воздух кој беше толку чист што просто го чувствуваш на лицето како те лади и “бања”. Рај за сетилата! Но, од пред неколку години, славните браќа Заеви ја купија фабриката за глина “Слога” во Ресен. Од тогаш градот труе, а еве, и околните села. Кога нема силен ветер, а најчесто нема - смрди до неможење да дишеш! И тоа баш навечер, после почнувањето на третата работничка смена во Слога. Со ова би сакала да отворам неколку големи прашања - на што гориво работи фабриката? Или поточно - што се гори во неа? Ресенчани и Преспанци - зошто молчите? Не ви пречи ли да дишете отров? Или ако има некаков отпор а не знам - ве молам упатете ме, да се придружиме сите! Има ли новинари кои би сакале ова да го истражат??? И последно прашање - браќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа? Ај добра ноќ, одам да повраќам од воздухот. Нај, најсериозно! Преспа еееј, воздушната бања!!! (А ко се пакував во Скопје за навака - го гледам прочистувачот за воздух и си викам: Е, барем ова за таму не ми треба!!😖), пишува таа.

The post Го дишат ли браќата Заеви, газди на „Слога“, истиот воздух како бебињата во Преспа? appeared first on Република.

]]>