Танис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tanis/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Apr 2022 16:37:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Танис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tanis/ 32 32 Пронајден првиот фосил од диносаурус директно поврзан со ударот на астероид што ги истреби овие животни https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pronajden-prviot-fosil-od-dinosaurus-direktno-povrzan-so-udarot-na-asteroid-shto-gi-istrebi-ovie-zivotni/ Thu, 07 Apr 2022 17:10:15 +0000 https://republika.mk/?p=472766

Во американската држава Cеверна Дакота, во местото Танис, е пронајдена фосилизирана нога од диносаурус, на која е зачувана дури и кожата. Научниците тврдат дека диносаурусот на кој му припаѓала оваа нога најверојатно загинал на денот на ударот на астероидот, кој на крајот го истребил овој вид.

Она што особено ги израдувало научниците е што досега се пронајдени многу малку остатоци од диносауруси кои припаѓаат на периодот непосредно пред ударот на астероидот, јавува „Би-Би-Си“.

По должината на стапалото на диносаурусот има фосилизирани риби кои вдишувале остатоци додека паѓале од небото, желка прободена со дрвен кол, кожа на трицераптор, ембрион во јајцето на птеросаурус и нешто што се чини дека е остаток од самиот астероид.

Имаме толку многу детали кои ни кажуваат што се случувало од момент во момент, речиси како да гледате филм. Овде гледате фосил и ве враќа во тој ден - коментира водачот на студијата Роберт Де Палма од Универзитетот во Манчестер.

Професорот Пол Барет од Природонаучниот музеј во Лондон за „Би-Би-Си“ вели дека тоа е Теселосаурус. Овој вид диносаурус изгледаше како многу голем гуштер. Очигледно оваа нога им била откорната на диносаурусите многу брзо, според него нема докази за некаква болест на стапалото.

Во науката е општо прифатено дека астероид кој удрил во Земјата пред 66 милиони години го означил крајот на диносаурусите на земјата и создаде услови за цицачите да станат доминантен вид. Астероид со дијаметар од околу 12 километри удрил во областа на Мексиканскиот Залив и предизвикал изумирање на диносаурусите.

Тоа е 3.000 километри оддалечено од локацијата во Танис, но силината на ударот била таква што уништувањето можело да го зафати и ова подрачје.

 

 

 

The post Пронајден првиот фосил од диносаурус директно поврзан со ударот на астероид што ги истреби овие животни appeared first on Република.

]]>

Во американската држава Cеверна Дакота, во местото Танис, е пронајдена фосилизирана нога од диносаурус, на која е зачувана дури и кожата. Научниците тврдат дека диносаурусот на кој му припаѓала оваа нога најверојатно загинал на денот на ударот на астероидот, кој на крајот го истребил овој вид. Она што особено ги израдувало научниците е што досега се пронајдени многу малку остатоци од диносауруси кои припаѓаат на периодот непосредно пред ударот на астероидот, јавува „Би-Би-Си“. По должината на стапалото на диносаурусот има фосилизирани риби кои вдишувале остатоци додека паѓале од небото, желка прободена со дрвен кол, кожа на трицераптор, ембрион во јајцето на птеросаурус и нешто што се чини дека е остаток од самиот астероид.
Имаме толку многу детали кои ни кажуваат што се случувало од момент во момент, речиси како да гледате филм. Овде гледате фосил и ве враќа во тој ден - коментира водачот на студијата Роберт Де Палма од Универзитетот во Манчестер.
Професорот Пол Барет од Природонаучниот музеј во Лондон за „Би-Би-Си“ вели дека тоа е Теселосаурус. Овој вид диносаурус изгледаше како многу голем гуштер. Очигледно оваа нога им била откорната на диносаурусите многу брзо, според него нема докази за некаква болест на стапалото. Во науката е општо прифатено дека астероид кој удрил во Земјата пред 66 милиони години го означил крајот на диносаурусите на земјата и создаде услови за цицачите да станат доминантен вид. Астероид со дијаметар од околу 12 километри удрил во областа на Мексиканскиот Залив и предизвикал изумирање на диносаурусите. Тоа е 3.000 километри оддалечено од локацијата во Танис, но силината на ударот била таква што уништувањето можело да го зафати и ова подрачје.      

The post Пронајден првиот фосил од диносаурус директно поврзан со ударот на астероид што ги истреби овие животни appeared first on Република.

]]>