Танец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tanec/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Dec 2023 13:50:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Танец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tanec/ 32 32 Два концерта на „Танец“ во Бугарија, во Гоце Делчев и во Белица https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dva-kontserta-na-tanets-vo-bugarija-vo-gotse-delchev-i-vo-belitsa/ Mon, 25 Dec 2023 15:42:54 +0000 https://republika.mk/?p=726535

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ - Скопје одржа два концерта во Бугарија, во општините Гоце Делчев и во Белица. Како што информира денеска „Танец“, на покана на градоначалникот на бугарската општина Гоце Делчев Владимир Москов и неговата соработка со градоначалникот на општина Белица Радослав Ревански, ансамблот „Танец“ одржа концерти на 21 и 22 декември. „Танец“, како што се наведува, уште еднаш потврди дека е трајна вредност која на свој единствен начин, преку своето уникатно презентирање на македонската култура ги премостува сите бариери кои не можат да ги решат ниту бројните самити и политички договори.

Концертот во Белица се одржа по 60 години од последното гостувањето на ансамблот во ова место во далечната 1964 година, а концертот во Гоце Делчев уште еднаш покажа дека оваа публика особено го цени македонското фолклорно наследство и музичко-сценското богатство кое веќе 75 години го негува „Танец“.

Гостувањето на „Танец“ во Бугарија, во тамошните медиуми, како што се наведува, се коментира како незаборавен спектакл.

„Полна сала, прекрасни изведби, возбудена и задоволна публика и многу расположение за претстојните празници, создадоа пејачите, играорците и инструменталистите на најголемиот македонски ансамбл „Танец“. Концертот во спортската сала „Неврокоп Арена“ беше божиќно-новогодишен подарок за народот. Националниот ансамбл „Танец“ е најголемиот фолклорен ансамбл основан во 1949 година со цел зачувување, негување и презентирање на богатото културно наследство на Македонија. Од тогаш до денес, ансамблот „Танец“ ги проучува, обработува и сценски ги презентира народните ора, песни, иснтрументални мелодии и носии. Високо професионалното претставување на автентичниот фолклор ја плени публиката ширум светот. Директор на ансамблот е Мартин Вучиќ, а во ансамблот работат 80 професионални играорци, инструменталисти, пејачи, автори на музика и кореографи“, стои во објавата на официјалната страница на општината Гоце Делчев, со која раководи градоначалникот Владимир Москов, чија содржина беше преземена и од бугарските портали.

„Танец“, како што се наведува, е познат по својата совршена игра, пеење и ненадмината колоритност на своите изведби.

„Токму во таквиот уникатен спектакл - екстраваганца од песни, ора, музика, народни носии, насмевки и многу талент, беше потопена публиката во Гоце Делчев за време на настапувањето на ансамблот“, се вели во соопштението.

На концертот присуствувале градоначалникот на општина Гоце Делчев Владимир Москов, Неврокопскиот митрополит Серафим, народниот пратеник Богдан Боцев, претседателот на Советот на општината Иван Геров, заменик-градоначалникот Саид Иброш, над 1000 луѓе од градот Гоце Делчев кои го сакаат фолклорот и го ценат богатството на народната музика.

По успешното гостување, анасамблот „Танец“ имал прием кај Невропскиот митрополит Серафим, кој им посакал добро здравје, среќа и уште многу концерти.

 

The post Два концерта на „Танец“ во Бугарија, во Гоце Делчев и во Белица appeared first on Република.

]]>

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ - Скопје одржа два концерта во Бугарија, во општините Гоце Делчев и во Белица. Како што информира денеска „Танец“, на покана на градоначалникот на бугарската општина Гоце Делчев Владимир Москов и неговата соработка со градоначалникот на општина Белица Радослав Ревански, ансамблот „Танец“ одржа концерти на 21 и 22 декември. „Танец“, како што се наведува, уште еднаш потврди дека е трајна вредност која на свој единствен начин, преку своето уникатно презентирање на македонската култура ги премостува сите бариери кои не можат да ги решат ниту бројните самити и политички договори. Концертот во Белица се одржа по 60 години од последното гостувањето на ансамблот во ова место во далечната 1964 година, а концертот во Гоце Делчев уште еднаш покажа дека оваа публика особено го цени македонското фолклорно наследство и музичко-сценското богатство кое веќе 75 години го негува „Танец“. Гостувањето на „Танец“ во Бугарија, во тамошните медиуми, како што се наведува, се коментира како незаборавен спектакл. „Полна сала, прекрасни изведби, возбудена и задоволна публика и многу расположение за претстојните празници, создадоа пејачите, играорците и инструменталистите на најголемиот македонски ансамбл „Танец“. Концертот во спортската сала „Неврокоп Арена“ беше божиќно-новогодишен подарок за народот. Националниот ансамбл „Танец“ е најголемиот фолклорен ансамбл основан во 1949 година со цел зачувување, негување и презентирање на богатото културно наследство на Македонија. Од тогаш до денес, ансамблот „Танец“ ги проучува, обработува и сценски ги презентира народните ора, песни, иснтрументални мелодии и носии. Високо професионалното претставување на автентичниот фолклор ја плени публиката ширум светот. Директор на ансамблот е Мартин Вучиќ, а во ансамблот работат 80 професионални играорци, инструменталисти, пејачи, автори на музика и кореографи“, стои во објавата на официјалната страница на општината Гоце Делчев, со која раководи градоначалникот Владимир Москов, чија содржина беше преземена и од бугарските портали. „Танец“, како што се наведува, е познат по својата совршена игра, пеење и ненадмината колоритност на своите изведби. „Токму во таквиот уникатен спектакл - екстраваганца од песни, ора, музика, народни носии, насмевки и многу талент, беше потопена публиката во Гоце Делчев за време на настапувањето на ансамблот“, се вели во соопштението. На концертот присуствувале градоначалникот на општина Гоце Делчев Владимир Москов, Неврокопскиот митрополит Серафим, народниот пратеник Богдан Боцев, претседателот на Советот на општината Иван Геров, заменик-градоначалникот Саид Иброш, над 1000 луѓе од градот Гоце Делчев кои го сакаат фолклорот и го ценат богатството на народната музика. По успешното гостување, анасамблот „Танец“ имал прием кај Невропскиот митрополит Серафим, кој им посакал добро здравје, среќа и уште многу концерти.  

The post Два концерта на „Танец“ во Бугарија, во Гоце Делчев и во Белица appeared first on Република.

]]>
„Фолклорно-класична симбиоза“ на Националната опера и балет и „Танец“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/folklorno-klasichna-simbioza-na-natsionalnata-opera-i-balet-i-tanets/ Thu, 14 Dec 2023 08:56:48 +0000 https://republika.mk/?p=722797

Музичко-сценскиот спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ на Националните установи Националната опера и балет и ансмблот за народни игри и ора „Танец“ ќе се одржи вечер од 21 часот на сцената на НОБ.

Од Националната опера и балет информираат дека на сцената ќе има повеќе од 130 учесници во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на Танец.

Концертот ќе се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ „Танец“, заедно со оркестарот и хорот на НУ Национална опера и балет.

– Фолклорно-класична симбиоза е замислен како музичка фузија на две различни традиции – класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски, истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на Танец, велат од НОБ.

 

The post „Фолклорно-класична симбиоза“ на Националната опера и балет и „Танец“ appeared first on Република.

]]>

Музичко-сценскиот спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ на Националните установи Националната опера и балет и ансмблот за народни игри и ора „Танец“ ќе се одржи вечер од 21 часот на сцената на НОБ. Од Националната опера и балет информираат дека на сцената ќе има повеќе од 130 учесници во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на Танец. Концертот ќе се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ „Танец“, заедно со оркестарот и хорот на НУ Национална опера и балет. – Фолклорно-класична симбиоза е замислен како музичка фузија на две различни традиции – класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски, истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на Танец, велат од НОБ.  

The post „Фолклорно-класична симбиоза“ на Националната опера и балет и „Танец“ appeared first on Република.

]]>
Концерт на „Танец“ во чест на 100 години од раѓањето на Васка Илиева https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-tanets-vo-chest-na-100-godini-od-raganeto-na-vaska-ilieva/ Thu, 09 Nov 2023 07:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=699705

Сто години од раѓањето на Васка Илиева (1923 - 2001), доајенка на македонската народна песна и една од најпознатите македонски изведувачки на народна музика, ќе бидат одбележани со концерт на Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, вечер од 20 часот во Дом на АРМ.

НУ „Танец“, каде што Васка Илиева ја почнала својата музичка кариера во 1950 година, соопшти дека концертот, насловен „Песната, судбината“, е замислен како ексклузивна гала вечер, на која солистите и ансамблите ќе изведат петнаесетина антологиски песни од нејзиниот богат изворен, но и авторски репертоар. Ќе бидат прикажани и вредни архивски материјали поврзани со животот и делото на Илиева.

Со својот уникатен стил на изведба и неповторливиот глас, оваа знаменита скопјанка многу брзо станува популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во светот. И денеска, нејзините изведби на песните: „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол Невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“, „Сестра кани брата на вечера“ се македонски песнопоен белег со трајни вредности за македонската културна историја. Оттука, заслужени се сите епитети со кои Илиева се здоби за време на својата долга музичка кариера, меѓу кои и „Кралица на македонската народна песна“, соопшти НУ Танец.

На концертот ќе настапат: Сузана Спасовска, Елена Андоновска, Драган Николовски, Ивана Серафимовска, Гоце Цоневски, Габриела Новевска и Кирил Митоски. Музичките адаптации, аранжмани и оркестрации за НУ Танец се на Дарко Илиевски.

Ќе биде изведен и фрагмент од кореографијата „Драчевка“, поставена во 1959 година, во која Васка Илиева премиерно ја извела песната „Засвирил Стојан, посвирил“. Кореографијата е на Атанас Коларовски, музичката обработка на Трајко Прокопиев и Кочо Петровски и оркестрацијата на Дарко Илиевски.

Во рамки на концертот ќе бидат прикажани документарни огледи за ликот и делото на Васка Илиева, на авторката Бранка Костиќ-Марковиќ.

 

The post Концерт на „Танец“ во чест на 100 години од раѓањето на Васка Илиева appeared first on Република.

]]>

Сто години од раѓањето на Васка Илиева (1923 - 2001), доајенка на македонската народна песна и една од најпознатите македонски изведувачки на народна музика, ќе бидат одбележани со концерт на Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, вечер од 20 часот во Дом на АРМ. НУ „Танец“, каде што Васка Илиева ја почнала својата музичка кариера во 1950 година, соопшти дека концертот, насловен „Песната, судбината“, е замислен како ексклузивна гала вечер, на која солистите и ансамблите ќе изведат петнаесетина антологиски песни од нејзиниот богат изворен, но и авторски репертоар. Ќе бидат прикажани и вредни архивски материјали поврзани со животот и делото на Илиева.
Со својот уникатен стил на изведба и неповторливиот глас, оваа знаменита скопјанка многу брзо станува популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во светот. И денеска, нејзините изведби на песните: „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол Невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“, „Сестра кани брата на вечера“ се македонски песнопоен белег со трајни вредности за македонската културна историја. Оттука, заслужени се сите епитети со кои Илиева се здоби за време на својата долга музичка кариера, меѓу кои и „Кралица на македонската народна песна“, соопшти НУ Танец.
На концертот ќе настапат: Сузана Спасовска, Елена Андоновска, Драган Николовски, Ивана Серафимовска, Гоце Цоневски, Габриела Новевска и Кирил Митоски. Музичките адаптации, аранжмани и оркестрации за НУ Танец се на Дарко Илиевски. Ќе биде изведен и фрагмент од кореографијата „Драчевка“, поставена во 1959 година, во која Васка Илиева премиерно ја извела песната „Засвирил Стојан, посвирил“. Кореографијата е на Атанас Коларовски, музичката обработка на Трајко Прокопиев и Кочо Петровски и оркестрацијата на Дарко Илиевски. Во рамки на концертот ќе бидат прикажани документарни огледи за ликот и делото на Васка Илиева, на авторката Бранка Костиќ-Марковиќ.  

The post Концерт на „Танец“ во чест на 100 години од раѓањето на Васка Илиева appeared first on Република.

]]>
Почина познатиот македонски пејач и солист во Танец – Далибор Ѓошиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochina-poznatiot-makedonski-pejach-i-solist-vo-tanets-dalibor-goshik/ Tue, 10 Oct 2023 15:59:07 +0000 https://republika.mk/?p=689970

По кратко боледување денеска почина познатиот пејач на народна музика и солист во Танец – Далибор Ѓошиќ. Веста на својата фејсбук страна ја објави ансамблот. Колегите и пријатели на ансамблот и на Далибор упатуваат пораки со сочувство.

„Со длабока тага ја примивме веста дека денеска, по кусо и тешко боледување, на 41-годишна возраст не напушти нашиот колега Далибор Ѓошиќ, кој ќе остане запаметен по неговите врвни вокални интерпретации со ансамблот Танец, насекаде низ светот.“, напишаа во соопштението.

Роден е во 1982 година и целиот својот животен и професионален пат го поминува во својот роден град. Музиката е негова љубов и определба уште од најрана возраст, а неговото музичко образование се протега од нижото и средното музичко училиште, сѐ до Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Во Националниот ансамбл Танец се вработува во 2007 година, каде за време на 16-те активни години, како вокален солист и како дел од различни камерни состави, остварува 363 настапи на концерти, дома и надвор. За само четврт век, со Танец настапил во 23 држави во Европа, САД, Азија, Африка. А статистиката вели и дека има исполнето над 300 песни пред вкупен аудиториум од речиси 100 илјади посетители. Незаборавни се неговите изведби на песните „Дејгиди, луди, млади години“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Кирјана вино продава“, „Јовано, Јованке“ и многу други.

Покрај успешната кариера со ансамблот Танец, Далибор Ѓошиќ беше присутен и на фестивалската сцена. За време на својот краток, но плодотворен живот, остави голем број на безвременски интерпретации на изворни и новосоздадени песни во народен дух, кои трајно ќе останат во аналите на македонската народна музика. Ѓошиќ со право важеше за еден од најдобрите гласови во Македонија.

Вработените во НУ Танец преку фејсбук статус изразија длабоко сочуство до неговиот син Стефан и до неговото семејството, а познаниците и пријателите преку коментари упатуваат пораки со сочувство.

The post Почина познатиот македонски пејач и солист во Танец – Далибор Ѓошиќ appeared first on Република.

]]>

По кратко боледување денеска почина познатиот пејач на народна музика и солист во Танец – Далибор Ѓошиќ. Веста на својата фејсбук страна ја објави ансамблот. Колегите и пријатели на ансамблот и на Далибор упатуваат пораки со сочувство.
„Со длабока тага ја примивме веста дека денеска, по кусо и тешко боледување, на 41-годишна возраст не напушти нашиот колега Далибор Ѓошиќ, кој ќе остане запаметен по неговите врвни вокални интерпретации со ансамблот Танец, насекаде низ светот.“, напишаа во соопштението.
Роден е во 1982 година и целиот својот животен и професионален пат го поминува во својот роден град. Музиката е негова љубов и определба уште од најрана возраст, а неговото музичко образование се протега од нижото и средното музичко училиште, сѐ до Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во Националниот ансамбл Танец се вработува во 2007 година, каде за време на 16-те активни години, како вокален солист и како дел од различни камерни состави, остварува 363 настапи на концерти, дома и надвор. За само четврт век, со Танец настапил во 23 држави во Европа, САД, Азија, Африка. А статистиката вели и дека има исполнето над 300 песни пред вкупен аудиториум од речиси 100 илјади посетители. Незаборавни се неговите изведби на песните „Дејгиди, луди, млади години“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Кирјана вино продава“, „Јовано, Јованке“ и многу други. Покрај успешната кариера со ансамблот Танец, Далибор Ѓошиќ беше присутен и на фестивалската сцена. За време на својот краток, но плодотворен живот, остави голем број на безвременски интерпретации на изворни и новосоздадени песни во народен дух, кои трајно ќе останат во аналите на македонската народна музика. Ѓошиќ со право важеше за еден од најдобрите гласови во Македонија. Вработените во НУ Танец преку фејсбук статус изразија длабоко сочуство до неговиот син Стефан и до неговото семејството, а познаниците и пријателите преку коментари упатуваат пораки со сочувство.

The post Почина познатиот македонски пејач и солист во Танец – Далибор Ѓошиќ appeared first on Република.

]]>
Заеднички концерт на „Танец“ и „Коло“ во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zaednichki-kontsert-na-tanets-i-kolo-vo-bitola/ Fri, 09 Jun 2023 08:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=649462

Во рамки на прославата на 75-годишнината од своето основање, српскиот ансамбл „Коло“ вечерва во Центарот за култура во Битола ќе одржи концерт со ансамблот „Танец“, како дел од регионалната турнеја наречена „Колодром“.

Ансамблот „Коло“ е основан во 1948-та, една година пред основањето на Танец. Двата ансамбли имаат долгогодишна успешна соработка, а последен пат настапија заедно на Новогодишниот концерт на Танец во 2019 година, во рамките на чествувањето на јубилејната 70-та година од постоењето на македонскиот национален ансамбл. Тогаш на сцената на Македонскиот народен театар заиграа заедно над 120 учесници, спектакл во кој уживаа сите љубители на врвниот македонски и српски музичко-сценски фолклор.

Македонската јавност на концертот во Битола, како што известуваат организаторите, ќе има можност да ужива во раскошните кореографии и сценски адаптации како Радовишки собор, Водарки, Копачка, На Мегдан, Врањска свита, Игри од Шумадија, Влашки игри, Игри од Биначка Морава, Тројно, како и во прекрасните вокално-инструментални сплетови на народни мелодии од богатиот репертоар на двата ансамбли.

 

The post Заеднички концерт на „Танец“ и „Коло“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Во рамки на прославата на 75-годишнината од своето основање, српскиот ансамбл „Коло“ вечерва во Центарот за култура во Битола ќе одржи концерт со ансамблот „Танец“, како дел од регионалната турнеја наречена „Колодром“. Ансамблот „Коло“ е основан во 1948-та, една година пред основањето на Танец. Двата ансамбли имаат долгогодишна успешна соработка, а последен пат настапија заедно на Новогодишниот концерт на Танец во 2019 година, во рамките на чествувањето на јубилејната 70-та година од постоењето на македонскиот национален ансамбл. Тогаш на сцената на Македонскиот народен театар заиграа заедно над 120 учесници, спектакл во кој уживаа сите љубители на врвниот македонски и српски музичко-сценски фолклор. Македонската јавност на концертот во Битола, како што известуваат организаторите, ќе има можност да ужива во раскошните кореографии и сценски адаптации како Радовишки собор, Водарки, Копачка, На Мегдан, Врањска свита, Игри од Шумадија, Влашки игри, Игри од Биначка Морава, Тројно, како и во прекрасните вокално-инструментални сплетови на народни мелодии од богатиот репертоар на двата ансамбли.  

The post Заеднички концерт на „Танец“ и „Коло“ во Битола appeared first on Република.

]]>
Велигденски концерт на „Танец“ во чест на Милан Завков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/veligdenski-kontsert-na-tanets-vo-chest-na-milan-zavkov/ Mon, 10 Apr 2023 07:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=629255

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ вечер во Националната опера и балет со почеток во 20 часот, ја започнува својата 74. сезона, традиционално, со голем Велигденски концерт.

Оваа година, како што наведуваат од ансамблот, концертот е со посебен предзнак - програмата е посветена на музиката која првенецот Милан Завков ја твореше за својата матична институција, ансамблот „Танец“.

На репертоарот се неговите познати кореографии „Беломорски бисер“, „На мегдан“ и „Охридски игри“, кои тој ги создаде заедно со својот долгогодишен колега, играорецот и кореограф Симеон Чулев, како и кореографијата „Копачија“, која е производ на соработката на Завков со кореографот Стојче Каранфилов. На концертот се застапени и повеќе вокално-инструментални точки и од неколку други кореографски постановки, на кои стои потписот на големиот музички автор, композитор и аранжер, инструменталист, првенец и долгогодишен раководител на оркестарот на Танец, Милан Завков.

Милан Завков (1 јули 1962 – 6 февруари 2023) е вљубен во музиката од најраното детство. Свири на хармоника од осумгодишна возраст, а веќе на 14 години станува член на оркестарот на тогашниот "Млад Танец". Младинските денови ги поминува свирејќи во КУД „Мирче Ацев“, а својата музичка наобразба ја добива на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде успешно дипломира на инструментот контрабас, заради немањето студии по хармоника. Тоа сепак не го колеба својата професионална кариера да продолжи да ја гради на својот прв и единствен избор – хармониката и со неа ќе оствари неверојатно богата изведувачка и творечка кариера.

Со голема популарност се здобива уште после издавањето на првито албум со "Октет Македонија“, а потоа таа само расте низ делувањето со групата "Македонски мерак". Така Завков во својот богат творечки пат, како композитор, аранжер и изведувач ќе ни остави над 150 авторски творби, многу трајни снимки и десетици дискографски изданија, со цела низа на безвременски народни хит-мелодии.

Секако, низ годините се истакнuva и како солист-инструменталист на многу ора и чочеци и заслужено се здобиva со статусот на еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија.

-Сепак, неотуѓив и многу важен дел од неговиот музички корпус е делувањето во Националниот ансамбл за народни игри и песни "Танец”, каде што уште како младинец, потоа и како надворешен соработник, а од 2000-та година и како редовно вработен музичар-инструметалист првенец и долгогодишен раководител на оркестарот, остварува бројни концерти и турнеи во земјата и светот, создава вредни музички партитури и каде со својата неприкосновеност, трајно се втиснува во аналите на музичко-сценскиот фолклор, но и во целокупната македонска музичка историја, се посочува во соопштението од „Танец“. 

The post Велигденски концерт на „Танец“ во чест на Милан Завков appeared first on Република.

]]>

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ вечер во Националната опера и балет со почеток во 20 часот, ја започнува својата 74. сезона, традиционално, со голем Велигденски концерт. Оваа година, како што наведуваат од ансамблот, концертот е со посебен предзнак - програмата е посветена на музиката која првенецот Милан Завков ја твореше за својата матична институција, ансамблот „Танец“. На репертоарот се неговите познати кореографии „Беломорски бисер“, „На мегдан“ и „Охридски игри“, кои тој ги создаде заедно со својот долгогодишен колега, играорецот и кореограф Симеон Чулев, како и кореографијата „Копачија“, која е производ на соработката на Завков со кореографот Стојче Каранфилов. На концертот се застапени и повеќе вокално-инструментални точки и од неколку други кореографски постановки, на кои стои потписот на големиот музички автор, композитор и аранжер, инструменталист, првенец и долгогодишен раководител на оркестарот на Танец, Милан Завков. Милан Завков (1 јули 1962 – 6 февруари 2023) е вљубен во музиката од најраното детство. Свири на хармоника од осумгодишна возраст, а веќе на 14 години станува член на оркестарот на тогашниот "Млад Танец". Младинските денови ги поминува свирејќи во КУД „Мирче Ацев“, а својата музичка наобразба ја добива на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде успешно дипломира на инструментот контрабас, заради немањето студии по хармоника. Тоа сепак не го колеба својата професионална кариера да продолжи да ја гради на својот прв и единствен избор – хармониката и со неа ќе оствари неверојатно богата изведувачка и творечка кариера. Со голема популарност се здобива уште после издавањето на првито албум со "Октет Македонија“, а потоа таа само расте низ делувањето со групата "Македонски мерак". Така Завков во својот богат творечки пат, како композитор, аранжер и изведувач ќе ни остави над 150 авторски творби, многу трајни снимки и десетици дискографски изданија, со цела низа на безвременски народни хит-мелодии. Секако, низ годините се истакнuva и како солист-инструменталист на многу ора и чочеци и заслужено се здобиva со статусот на еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија.
-Сепак, неотуѓив и многу важен дел од неговиот музички корпус е делувањето во Националниот ансамбл за народни игри и песни "Танец”, каде што уште како младинец, потоа и како надворешен соработник, а од 2000-та година и како редовно вработен музичар-инструметалист првенец и долгогодишен раководител на оркестарот, остварува бројни концерти и турнеи во земјата и светот, создава вредни музички партитури и каде со својата неприкосновеност, трајно се втиснува во аналите на музичко-сценскиот фолклор, но и во целокупната македонска музичка историја, се посочува во соопштението од „Танец“. 

The post Велигденски концерт на „Танец“ во чест на Милан Завков appeared first on Република.

]]>
„Танец“ организира Комеморативен собир во спомен на маестро Милан Завков денеска во Фоајето на Националната опера и балет https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/tanets-organizira-komemorativen-sobir-vo-spomen-na-maestro-milan-zavkov-deneska-vo-foajeto-na-natsionalnata-opera-i-balet/ Wed, 08 Feb 2023 10:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=606396

НУ Танец извести дека денеска, 8 февруари 2023, среда, ќе се одржи Комеморативен собир во спомен на врвниот инструменталист и музички автор, Милан Завков. Комеморацијата ќе започне во 10 часот во Фоајето на Националната опера и балет, а последното испраќање ќе се одржи во 12 часот, во капелата на Градските гробишта во Бутел.

The post „Танец“ организира Комеморативен собир во спомен на маестро Милан Завков денеска во Фоајето на Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

НУ Танец извести дека денеска, 8 февруари 2023, среда, ќе се одржи Комеморативен собир во спомен на врвниот инструменталист и музички автор, Милан Завков. Комеморацијата ќе започне во 10 часот во Фоајето на Националната опера и балет, а последното испраќање ќе се одржи во 12 часот, во капелата на Градските гробишта во Бутел.

The post „Танец“ организира Комеморативен собир во спомен на маестро Милан Завков денеска во Фоајето на Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>
Изложба и новогодишен концерт на ансамблот „Танец“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-i-novogodishen-koncert-na-ansamblot-tanec/ Fri, 23 Dec 2022 08:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=589009

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и вечерва со почеток во 20 часот во Националната опера и балет ќе одржи ексклузивен новогодишен концерт.

На програмата е богата музичко-сценска програма во која учествува целиот ансамбл. Публиката ќе може да ужива во познатите сценски постановки „Кумановка“, „Лазаренки“, „Беранче“, „Раштак“, „Црногорка“, „Пијанец“, „Рудо јагне“, „Калајџиско“ и во изборот на композиции од раскошниот вокално-инструментален репертоар на „Танец“, меѓи кои и сплетот инструментални ора посветени на виртуозот Тале Огненовски, по повод 100-годишнината од неговото раѓање.

Како и секогаш, „Танец“ подготовува и точка-изненадување, оваа година заедно со учениците од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, која ќе му даде посебна нота на целиот настан.

Воедно, НУ Танец организира и завршната изложба на студентите од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која ќе биде отворена во пресрет на самиот новогодишен концерт (23 декември) со почеток во 19 часот, во Фоајето на НОБ. Изложбата ќе ги претстави студентските архитектонски решенија за нов мултинаменски објект за НУ Танец, со соодветна концертна сала, проектна задача која младите архитекти ја работеа под менторство на педагошки тим од факултетот, а во рамките на Архитектонското студио 8/3, во летниот семестар од оваа учебна година. Овие индустриски објекти се наменети за една поинаква “индустрија” и оттука програмата на архитектонското студио го носеше насловот „Институт за производство, истражување и едукација на материјално и нематеријално културно наследство“. Во таа прилика ќе бидат доделени и благодарници на студентите кои учествуваа во проектот, но и на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ кои беа дел од Летната академија ТАНЕЦ.

 

The post Изложба и новогодишен концерт на ансамблот „Танец“ appeared first on Република.

]]>

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и вечерва со почеток во 20 часот во Националната опера и балет ќе одржи ексклузивен новогодишен концерт. На програмата е богата музичко-сценска програма во која учествува целиот ансамбл. Публиката ќе може да ужива во познатите сценски постановки „Кумановка“, „Лазаренки“, „Беранче“, „Раштак“, „Црногорка“, „Пијанец“, „Рудо јагне“, „Калајџиско“ и во изборот на композиции од раскошниот вокално-инструментален репертоар на „Танец“, меѓи кои и сплетот инструментални ора посветени на виртуозот Тале Огненовски, по повод 100-годишнината од неговото раѓање. Како и секогаш, „Танец“ подготовува и точка-изненадување, оваа година заедно со учениците од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, која ќе му даде посебна нота на целиот настан. Воедно, НУ Танец организира и завршната изложба на студентите од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која ќе биде отворена во пресрет на самиот новогодишен концерт (23 декември) со почеток во 19 часот, во Фоајето на НОБ. Изложбата ќе ги претстави студентските архитектонски решенија за нов мултинаменски објект за НУ Танец, со соодветна концертна сала, проектна задача која младите архитекти ја работеа под менторство на педагошки тим од факултетот, а во рамките на Архитектонското студио 8/3, во летниот семестар од оваа учебна година. Овие индустриски објекти се наменети за една поинаква “индустрија” и оттука програмата на архитектонското студио го носеше насловот „Институт за производство, истражување и едукација на материјално и нематеријално културно наследство“. Во таа прилика ќе бидат доделени и благодарници на студентите кои учествуваа во проектот, но и на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ кои беа дел од Летната академија ТАНЕЦ.  

The post Изложба и новогодишен концерт на ансамблот „Танец“ appeared first on Република.

]]>
Влатко Стефановски и „Танец“ направија спектакл во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vlatko-stefanovski-i-tanec-napravija-spektakl-vo-belgrad/ Mon, 26 Sep 2022 07:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=554197

Двата најпознати македонски музички бренда, угледниот гитарист Влатко Стефановски и националниот фолклорен ансамбл на Македонија „Танец“, синоќа во Коларчевата задужбина во Белград, пред преполна сала направија незаборавен сценски спектакл, јави дописникот на МИА од Белград.

-Првиот ваков заеднички настап го имавме минатата есен во Скопје, после тоа следеа вакви концерти во Охрид, во Битола, фестивалот ЛЕНТ во Марибор во Словенија. Ваквиот настап значи есенција и е најдоброто што можете да го чуете од Македонија. Јас ги пратам „Танец“ уште како дете и верувам дека членовите на „Танец“ ме пратат и мене и мојот музички пат, така што се сретнавме заедно на мое огромно задоволство, а верувам и на задоволсто на публиката, изјави Влатко Стефановски пред одржување на концертот во Белград.

Како што оцени, покрај спортот од ова подобра презентација во странство за Македонија нема.

На концертот пред преполната сала можеа да се слушнат интересни комбинации на традиционални нумери од богатиот фолклор на македонската музика, вокали, инструментални нумери и импровизации, со нивна фузија и свртување кон џез музиката.

-Ова е многу добра и исклучителна можност, луѓето од Белград и од поранешните југословенски републики да го доживеат овој проект со Влатко Стефановски, затоа што и „Танец“, самиот по себе и Влатко, самиот по себе, преставуваат еден бисер на македонската култура и задно тие значат многу и за целиот Балкан, со самото тоа што го докажуваат со преполнетите сали, изјави Мартин Вучиќ, директор на „Танец“.

Специјално за овој проект за народниот оркестар на „Танец“, но во малку помодерен дух се направени специјални аранжмани од врвниот македонски инструменталист и автор Дамир Имери.

Влатко Стефановски и „Танец“ со фузијата во еден интересен инструментален и вокален спој ги изведоа антологиските ора „Пелистерско“, „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии „Елена, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, кои наидоа на одличен прием кај белградската публика и незаборавен спекктакл и презентација на македонската музика и култура.

The post Влатко Стефановски и „Танец“ направија спектакл во Белград appeared first on Република.

]]>

Двата најпознати македонски музички бренда, угледниот гитарист Влатко Стефановски и националниот фолклорен ансамбл на Македонија „Танец“, синоќа во Коларчевата задужбина во Белград, пред преполна сала направија незаборавен сценски спектакл, јави дописникот на МИА од Белград. -Првиот ваков заеднички настап го имавме минатата есен во Скопје, после тоа следеа вакви концерти во Охрид, во Битола, фестивалот ЛЕНТ во Марибор во Словенија. Ваквиот настап значи есенција и е најдоброто што можете да го чуете од Македонија. Јас ги пратам „Танец“ уште како дете и верувам дека членовите на „Танец“ ме пратат и мене и мојот музички пат, така што се сретнавме заедно на мое огромно задоволство, а верувам и на задоволсто на публиката, изјави Влатко Стефановски пред одржување на концертот во Белград. Како што оцени, покрај спортот од ова подобра презентација во странство за Македонија нема. На концертот пред преполната сала можеа да се слушнат интересни комбинации на традиционални нумери од богатиот фолклор на македонската музика, вокали, инструментални нумери и импровизации, со нивна фузија и свртување кон џез музиката. -Ова е многу добра и исклучителна можност, луѓето од Белград и од поранешните југословенски републики да го доживеат овој проект со Влатко Стефановски, затоа што и „Танец“, самиот по себе и Влатко, самиот по себе, преставуваат еден бисер на македонската култура и задно тие значат многу и за целиот Балкан, со самото тоа што го докажуваат со преполнетите сали, изјави Мартин Вучиќ, директор на „Танец“. Специјално за овој проект за народниот оркестар на „Танец“, но во малку помодерен дух се направени специјални аранжмани од врвниот македонски инструменталист и автор Дамир Имери. Влатко Стефановски и „Танец“ со фузијата во еден интересен инструментален и вокален спој ги изведоа антологиските ора „Пелистерско“, „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии „Елена, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, кои наидоа на одличен прием кај белградската публика и незаборавен спекктакл и презентација на македонската музика и култура.

The post Влатко Стефановски и „Танец“ направија спектакл во Белград appeared first on Република.

]]>
Сузана Спасовска, Влатко Стефановски, Наум Петрески на концертот на „Танец“ посветен на Александар Сариевски https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/suzana-spasovska-vlatko-stefanovski-naum-petreski-na-koncertot-na-tanec-posveten-na-aleksandar-sarievski/ Fri, 16 Sep 2022 13:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=551420

Вчеравечер во Македонската Опера и балет се одржа голем концерт насловен како „Славејот од Галичник" на ансамблот Танец и пријателите во чест на 100-годишнината од раѓањето на доајенот на македонската народна песна Александар Сариевски.

Во рамките на емотивниот концерт Сузана Спасовска и Влатко Стефановски ја изведоа безвеременската „Зајди зајди", а покрај нив настапија и бројни звучни имиња од сцената на македонската народна музика, како Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, кои заедно оживеаја голем број македонски фолклорни музички бисери, вклучително и „Абер дојде, Донке", „Учи ме мајко, карај ме", „Филизој моме", „Нарочува бело Менде, порочува", „Саноќ ми булбул пропеа", „Сулејман седит на кула", „Те кажувает, бре, Илиној моме", „Нит прела гора, нит ткала", „Ор, невесто, Стојанице", „Седна баба да вечера една еребица„, „Дејгиди, луди, млади години", „Сношти го видов убавото Стојне" и многу други.

Внуците на Сариевски ја примија благодарницата од Бранка Костиќ-Марковиќ,  уметнички раководител во НУ „Танец", а концертот заврши со емотивна изведба на „Дејгиди, луди, млади години".

Со својот богат авторски и изведувачки опус, Александар Сариевски зазема значајно место во македонска културна историја и народна музика. За време на своето шестдецениско творештво, Сариевски создаде повеќе од 400 звучни записи за продукцијата на Македонската Радио и Телевизија, но и за други познати дискографски куќи. Александар Сариевски е исто така и еден од основачите на ансамблот „Танец", дел од неговата прва генерација и тапанџија на „Тешкото".

The post Сузана Спасовска, Влатко Стефановски, Наум Петрески на концертот на „Танец“ посветен на Александар Сариевски appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во Македонската Опера и балет се одржа голем концерт насловен како „Славејот од Галичник" на ансамблот Танец и пријателите во чест на 100-годишнината од раѓањето на доајенот на македонската народна песна Александар Сариевски. Во рамките на емотивниот концерт Сузана Спасовска и Влатко Стефановски ја изведоа безвеременската „Зајди зајди", а покрај нив настапија и бројни звучни имиња од сцената на македонската народна музика, како Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, кои заедно оживеаја голем број македонски фолклорни музички бисери, вклучително и „Абер дојде, Донке", „Учи ме мајко, карај ме", „Филизој моме", „Нарочува бело Менде, порочува", „Саноќ ми булбул пропеа", „Сулејман седит на кула", „Те кажувает, бре, Илиној моме", „Нит прела гора, нит ткала", „Ор, невесто, Стојанице", „Седна баба да вечера една еребица„, „Дејгиди, луди, млади години", „Сношти го видов убавото Стојне" и многу други. Внуците на Сариевски ја примија благодарницата од Бранка Костиќ-Марковиќ,  уметнички раководител во НУ „Танец", а концертот заврши со емотивна изведба на „Дејгиди, луди, млади години". Со својот богат авторски и изведувачки опус, Александар Сариевски зазема значајно место во македонска културна историја и народна музика. За време на своето шестдецениско творештво, Сариевски создаде повеќе од 400 звучни записи за продукцијата на Македонската Радио и Телевизија, но и за други познати дискографски куќи. Александар Сариевски е исто така и еден од основачите на ансамблот „Танец", дел од неговата прва генерација и тапанџија на „Тешкото".

The post Сузана Спасовска, Влатко Стефановски, Наум Петрески на концертот на „Танец“ посветен на Александар Сариевски appeared first on Република.

]]>
„Танец“ организира голем концерт во чест на 100 години од раѓањето на Александар Сариевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tanec-organizira-golem-koncert-vo-chest-na-100-godini-od-ragjanjeto-na-aleksandar-sarievski/ Tue, 06 Sep 2022 12:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=547987

На 15.септември (четврток) во Македонската Опера и балет ќе се одржи голем концерт насловен како „Славејот од Галичник“ на ансамблот Танец и пријателите во чест на големиот Александар Сариевски, по повод 100-годишнината од неговото раѓање.

Овој вокално-инструментален спектакл во чест на неповторливиот глас на македонската народна песна, на сцената ќе ја обедини македонската изведувачка елита - Сузана Спасовска, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, Влатко Стефановски, кои заедно со хорот и оркестарот на Танец ќе ги оживеат македонските бисери „Абер дојде, Донке“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Филизој моме“, „Нарочува бело Менде, порочува“, „Зајди, зајди јасно сонце“, „Саноќ ми булбул пропеа“, „Сулејман седит на кула“, „Те кажувает, бре, Илиној моме“, „Нит прела гора, нит ткала“, „Ор, невесто, Стојанице“, „Седна баба да вечера една еребица„, „Дејгиди, луди, млади години“, „Сношти го видов убавото Стојне“ и многу други.

Александар Сариевски е инспирација за многу генерации. Со својот уметнички профил и богат авторски и изведувачки опус го вгнезди своето име во севкупната македонска културна историја и претставува една од најмаркантните фигури на македонската народна музика.

За време на своето шестдецениско уметничко творење, Александар Сариевски зад себе остави над четиристотини трајни звучни записи за продукцијата на Македонската Радио и Телевизија, но и за други познати дискографски куќи, легат што вечно ќе потсетуваат на личноста, која даде огромен придонес во негувањето и афирмирањето на македонската народна песна кај нас и насекаде во светот.

Александар Сариевски е исто така и еден од основачите на ансамблот „Танец“, дел од неговата прва генерација и знаменит тапанџија на „Тешкото“. Со „Танец“ тој патувал насекаде низ светот, ширејќи го автентичниот македонски фолклор, а заедно со целокупниот музички опус, недвосмислено претставува еден важен дел од македонското културно наследство.

 

The post „Танец“ организира голем концерт во чест на 100 години од раѓањето на Александар Сариевски appeared first on Република.

]]>

На 15.септември (четврток) во Македонската Опера и балет ќе се одржи голем концерт насловен како „Славејот од Галичник“ на ансамблот Танец и пријателите во чест на големиот Александар Сариевски, по повод 100-годишнината од неговото раѓање. Овој вокално-инструментален спектакл во чест на неповторливиот глас на македонската народна песна, на сцената ќе ја обедини македонската изведувачка елита - Сузана Спасовска, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, Влатко Стефановски, кои заедно со хорот и оркестарот на Танец ќе ги оживеат македонските бисери „Абер дојде, Донке“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Филизој моме“, „Нарочува бело Менде, порочува“, „Зајди, зајди јасно сонце“, „Саноќ ми булбул пропеа“, „Сулејман седит на кула“, „Те кажувает, бре, Илиној моме“, „Нит прела гора, нит ткала“, „Ор, невесто, Стојанице“, „Седна баба да вечера една еребица„, „Дејгиди, луди, млади години“, „Сношти го видов убавото Стојне“ и многу други. Александар Сариевски е инспирација за многу генерации. Со својот уметнички профил и богат авторски и изведувачки опус го вгнезди своето име во севкупната македонска културна историја и претставува една од најмаркантните фигури на македонската народна музика. За време на своето шестдецениско уметничко творење, Александар Сариевски зад себе остави над четиристотини трајни звучни записи за продукцијата на Македонската Радио и Телевизија, но и за други познати дискографски куќи, легат што вечно ќе потсетуваат на личноста, која даде огромен придонес во негувањето и афирмирањето на македонската народна песна кај нас и насекаде во светот. Александар Сариевски е исто така и еден од основачите на ансамблот „Танец“, дел од неговата прва генерација и знаменит тапанџија на „Тешкото“. Со „Танец“ тој патувал насекаде низ светот, ширејќи го автентичниот македонски фолклор, а заедно со целокупниот музички опус, недвосмислено претставува еден важен дел од македонското културно наследство.  

The post „Танец“ организира голем концерт во чест на 100 години од раѓањето на Александар Сариевски appeared first on Република.

]]>
Музиката на Влатко и „Танец“ уште еднаш покажа дека тие се национално богатство од непроценливо значење https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/muzikata-na-vlatko-i-tanec-ushte-ednash-pokaza-deka-tie-se-nacionalno-bogatstvo-od-neprocenlivo-znachenje/ Sat, 30 Jul 2022 16:38:22 +0000 https://republika.mk/?p=535169

Во извонреден аранжман тие со многу емоции заеднички изведоа некои од најубавите македонски песни како Елено ќерко, Зајди зајди, Јано мори… кои беа проследени со долги аплаузи од публиката која уживаше во секој момент од прекрасната музичка вечер, каква што ретко се доживува.

 

The post Музиката на Влатко и „Танец“ уште еднаш покажа дека тие се национално богатство од непроценливо значење appeared first on Република.

]]>

Во извонреден аранжман тие со многу емоции заеднички изведоа некои од најубавите македонски песни како Елено ќерко, Зајди зајди, Јано мори… кои беа проследени со долги аплаузи од публиката која уживаше во секој момент од прекрасната музичка вечер, каква што ретко се доживува.  

The post Музиката на Влатко и „Танец“ уште еднаш покажа дека тие се национално богатство од непроценливо значење appeared first on Република.

]]>
Вечерва концерт на Влатко Стефановски и „Танец“ на Антички во Охрид https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/vecherva-koncert-na-vlatko-stefanovski-i-tanec-na-antichki-vo-ohrid/ Fri, 29 Jul 2022 16:31:36 +0000 https://republika.mk/?p=534790

На Античкиот театар во Охрид вечерва ќе се одржи целовечерен концерт на Влатко Стефановски и националниот ансамбл „Танец“.

Оваа врвна фузија, од која излезе уникатно парче музика, заслужено го живее својот продолжен концертен живот, дома и надвор од границите на земјата.

Влатко Стефановски е стар пријател на „Танец“, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапено со ансамблот, и дома и надвор. Секогаш соработките со „Танец“ ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, како за македонската музичка култура во целост. Но, иако македонските фолклорни мотиви, како и фрагментите од репертоарот на „Танец“, се неизоставен дел од неговите изведви, Влатко, освен повремените еднократни настапи, никогаш досега не остварил целовечерен концерт со ансамблот.

Во рамките на проектот „Танец и Влатко“ овие два бренда ја делат сцената на голем концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“ , „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии на „Елено, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, специјално ги напиша познатиот македонски композитор, аранжер и инструменталист, Дамир Имери.

Пред Охрид, Влатко и „Танец“ одржаа концерт на Хераклеа во Битола, во рамките на традиционалната манифестација „Илинденски денови“.

The post Вечерва концерт на Влатко Стефановски и „Танец“ на Антички во Охрид appeared first on Република.

]]>

На Античкиот театар во Охрид вечерва ќе се одржи целовечерен концерт на Влатко Стефановски и националниот ансамбл „Танец“. Оваа врвна фузија, од која излезе уникатно парче музика, заслужено го живее својот продолжен концертен живот, дома и надвор од границите на земјата. Влатко Стефановски е стар пријател на „Танец“, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапено со ансамблот, и дома и надвор. Секогаш соработките со „Танец“ ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, како за македонската музичка култура во целост. Но, иако македонските фолклорни мотиви, како и фрагментите од репертоарот на „Танец“, се неизоставен дел од неговите изведви, Влатко, освен повремените еднократни настапи, никогаш досега не остварил целовечерен концерт со ансамблот. Во рамките на проектот „Танец и Влатко“ овие два бренда ја делат сцената на голем концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“ , „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии на „Елено, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, специјално ги напиша познатиот македонски композитор, аранжер и инструменталист, Дамир Имери. Пред Охрид, Влатко и „Танец“ одржаа концерт на Хераклеа во Битола, во рамките на традиционалната манифестација „Илинденски денови“.

The post Вечерва концерт на Влатко Стефановски и „Танец“ на Антички во Охрид appeared first on Република.

]]>
Со настап на „Танец“ ќе почне 61. Балкански фестивал на народни песни и игри https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-nastap-na-tanec-kje-pochne-61-balkanski-festival-na-narodni-pesni-i-igri/ Wed, 06 Jul 2022 08:19:01 +0000 https://republika.mk/?p=524643

Традиционлано, со настап на ансамблот „Танец“ в четврток ќе почне 61. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на центарот за култура „Григор Прличев”.

На сцената на Долни Сарај, до 11 овој месец љубителите на фолклорот ќе има можност да погледнат настапи на ансмбли и културни уметнички друштва од државата, но и од Албанија, Србија, Словачка, Босна и Херцеговина.

Најстарата фолклорна манфестација на Балканот, се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија, а ќе ја отвори потпретседателот, Горан Мисовски.

Во рамките на програмата предвидено е оторање на изложбата „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Салвко Упевче.

 

The post Со настап на „Танец“ ќе почне 61. Балкански фестивал на народни песни и игри appeared first on Република.

]]>

Традиционлано, со настап на ансамблот „Танец“ в четврток ќе почне 61. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на центарот за култура „Григор Прличев”. На сцената на Долни Сарај, до 11 овој месец љубителите на фолклорот ќе има можност да погледнат настапи на ансмбли и културни уметнички друштва од државата, но и од Албанија, Србија, Словачка, Босна и Херцеговина. Најстарата фолклорна манфестација на Балканот, се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија, а ќе ја отвори потпретседателот, Горан Мисовски. Во рамките на програмата предвидено е оторање на изложбата „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Салвко Упевче.  

The post Со настап на „Танец“ ќе почне 61. Балкански фестивал на народни песни и игри appeared first on Република.

]]>
На „Скопско лето“ концерт на „Танец“ во Сули ан https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-skopsko-leto-koncert-na-tanec-vo-suli-an/ Thu, 30 Jun 2022 07:32:39 +0000 https://republika.mk/?p=521404

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ ќе одржи вокално-инструментален концерт вечерва во 20.30 часот во Сули ан во Скопје. На концертот ќе бидат изведен богат репертоар на песни, а гостувањето е во рамките на 43. издание на манифестацијата Скопско лето, каде „Танец“ редовно учествува.

Програмата на фестивалот предвидува 30 настани, а најзастапена е музиката. Исто така има и театарски претстави, изложби, фото изложби, програми за деца. И оваа година основата на програмата ја претставуваат нашите домашни уметници, но има и богат избор на меѓународни програми.

Влезниците се во продажба од 200 денари.

 

The post На „Скопско лето“ концерт на „Танец“ во Сули ан appeared first on Република.

]]>

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ ќе одржи вокално-инструментален концерт вечерва во 20.30 часот во Сули ан во Скопје. На концертот ќе бидат изведен богат репертоар на песни, а гостувањето е во рамките на 43. издание на манифестацијата Скопско лето, каде „Танец“ редовно учествува. Програмата на фестивалот предвидува 30 настани, а најзастапена е музиката. Исто така има и театарски претстави, изложби, фото изложби, програми за деца. И оваа година основата на програмата ја претставуваат нашите домашни уметници, но има и богат избор на меѓународни програми. Влезниците се во продажба од 200 денари.  

The post На „Скопско лето“ концерт на „Танец“ во Сули ан appeared first on Република.

]]>
Летна академија „Танец“ до 18 јуни во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/letna-akademija-tanec-do-18-juni-vo-ohrid/ Thu, 16 Jun 2022 14:21:16 +0000 https://republika.mk/?p=516019

Со гордост го објавуваме почетокот на нашиот најнов проект посветен на младите генерации „Летна академија ТАНЕЦ“, кој од вчера започна да се реализира на брегот на Охридското езеро, а ќе трае до 18 јуни.

„Танец“ е недвосмислено еден од најважните национални репрезенти на музичкиот и музичко-сценскиот фолклор и е препознатлив по својата автентичност и професионалност во секој свој сегмент. Тој е главен центар за собирање, негување и архивирање на македонскиот музичко-сценскиот фолклор, а со тоа претставува и репер за фолклорни ансамбли и други установи кои делуваат во областа на музичкиот и танцовиот фолклор. Оттука, „Танец“ несомнено е дел од едукацијата на идните генерации и бесценета платформа преку која младите се во поблизок контакт со фолклорниот извор, особено кога цивилизацијата сѐ повеќе не оддалечува од него.

Затоа сметаме дека „Летната академија Танец“ е одличен концепт, зашто нуди практична работа фокусирана врз изучување на народните игри, инструменти и песни од репертоарот на Танец, но дава и други знаења за фолклорот кои ги пренесуваат врвни експерти од областа. Цениме дека оваа неколкудневна програма, која првата година е бесплатна за учениците од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“), ќе им биде непроценлива дополнителна настава за музичкиот и музичко-сценски фолклор.

Летната академија „Танец“ е проект базиран врз оригинален концепт кој подразбира теориска и практична работа фокусирана врз изучување на народните игри, инструменти и песни од репертоарот на Танец, запознавање со целиот процес на нивното изворно создавање и егзистирање на теренот, собирање и трансформирање во уметничка сценска творба (обработка, адаптација и краирање на кореографија и поставка на сцената ). Предавањата се однесуваат и на самиот музички и играорен фолклор, но и на теренската и научната работа поврзани со фолклорната материја, како и нејзина уметничка транспозиција, односно сценска поставка и презентација. Исто така, учениците ќе можат низ придружните работилници да се запознаат и со технологијата на изработка на традиционалните инструменти, како и со спецификите на облековните елементи на народните носии. Идејата е низ интензивна еднонеделна работа да се здобијат со знаења од областа на изворниот и сценскиот фолклор, нешто што Танец успешно го прави над седум децении.

Предавачите се врвните професионалци вработени во Танец, етнокореолозите и играорци Катерина Кузмановска и Марјан Андоновски, како и надворешните стручни соработници од областа, етномузикологот проф. д-р Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и етноорганологот проф. д-р Горанчо Ангелов од Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во оваа прва година на реализирањето, Летната академијата „Танец“ вклучи 30 ученици од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ "Илија Николовски - Луј" од Скопје, со кој склучи и меморандум за идна соработка. Во придружба на учениците, за целото времетраење на семинарот се нивните професорки Благица Илиќ и Теодора Ѓорѓиева.

Летната академијата „Танец“ е проект од годишната програма на НУ Танец и е целосно финансиран од Министерството за култура на РСМ.

Интенцијата е Академијата во иднина да ја продолжи, достигне, па и унапреди големината на поранешните летни школи во Отешево, на нашиот најпознат гајдаџија и играорец Пеце Атанасовски, кои биле меѓународно прочуени и придонеле во ширењето на македонскиот фолклор насекаде низ светот, а кои за жал замреле со неговото заминување. Летната академија е предвидено да се одржува во некој од хотелските капацитети на брегот на Охридското езеро и да вклучува целодневна неделна работа (претпладневни и попладневни сесии), како и неколку организиран посети на природни и културни богатства на Охридскиот регион. Вечерните часови се предвидени за заеднички дружби на сите учесници, со видео проекции на ретки снимки од архивата на Танец, но и за мини концертни настапи за локалното население. Сите учесици, по завршувањето на Летната академија ТАНЕЦ ќе добијат сертификат за учество, што ќе претставува вредна референца во нивната биографија. НУ ТАНЕЦ не случајно првата година ги вклучи учениците од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, зашто со овој центар планира да оствари и идна потесна соработка. За останатите идни посетители на Академијата е предвидена симболична котизација. НУ Танец во иднина планира организациски и содржински да ја прошири Академијата организирајќи ја наставата и за групи со одредени предзнаења кои се стекнати и формално, преку школска едукација, но и неформално, преку членувања во фолклорни друштва, а секако и за сите останати вљубеници во македонскиот фолклор, кои сакаат за прв пат да се запознаат со традицијата. Во зависност од интересот, односно во согласност со бројот на пријавени кандидати, групите ќе бидат адаптирани и според старосните категории.

The post Летна академија „Танец“ до 18 јуни во Охрид appeared first on Република.

]]>

Со гордост го објавуваме почетокот на нашиот најнов проект посветен на младите генерации „Летна академија ТАНЕЦ“, кој од вчера започна да се реализира на брегот на Охридското езеро, а ќе трае до 18 јуни.

„Танец“ е недвосмислено еден од најважните национални репрезенти на музичкиот и музичко-сценскиот фолклор и е препознатлив по својата автентичност и професионалност во секој свој сегмент. Тој е главен центар за собирање, негување и архивирање на македонскиот музичко-сценскиот фолклор, а со тоа претставува и репер за фолклорни ансамбли и други установи кои делуваат во областа на музичкиот и танцовиот фолклор. Оттука, „Танец“ несомнено е дел од едукацијата на идните генерации и бесценета платформа преку која младите се во поблизок контакт со фолклорниот извор, особено кога цивилизацијата сѐ повеќе не оддалечува од него.

Затоа сметаме дека „Летната академија Танец“ е одличен концепт, зашто нуди практична работа фокусирана врз изучување на народните игри, инструменти и песни од репертоарот на Танец, но дава и други знаења за фолклорот кои ги пренесуваат врвни експерти од областа. Цениме дека оваа неколкудневна програма, која првата година е бесплатна за учениците од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“), ќе им биде непроценлива дополнителна настава за музичкиот и музичко-сценски фолклор.

Летната академија „Танец“ е проект базиран врз оригинален концепт кој подразбира теориска и практична работа фокусирана врз изучување на народните игри, инструменти и песни од репертоарот на Танец, запознавање со целиот процес на нивното изворно создавање и егзистирање на теренот, собирање и трансформирање во уметничка сценска творба (обработка, адаптација и краирање на кореографија и поставка на сцената ). Предавањата се однесуваат и на самиот музички и играорен фолклор, но и на теренската и научната работа поврзани со фолклорната материја, како и нејзина уметничка транспозиција, односно сценска поставка и презентација. Исто така, учениците ќе можат низ придружните работилници да се запознаат и со технологијата на изработка на традиционалните инструменти, како и со спецификите на облековните елементи на народните носии. Идејата е низ интензивна еднонеделна работа да се здобијат со знаења од областа на изворниот и сценскиот фолклор, нешто што Танец успешно го прави над седум децении.

Предавачите се врвните професионалци вработени во Танец, етнокореолозите и играорци Катерина Кузмановска и Марјан Андоновски, како и надворешните стручни соработници од областа, етномузикологот проф. д-р Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и етноорганологот проф. д-р Горанчо Ангелов од Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во оваа прва година на реализирањето, Летната академијата „Танец“ вклучи 30 ученици од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ "Илија Николовски - Луј" од Скопје, со кој склучи и меморандум за идна соработка. Во придружба на учениците, за целото времетраење на семинарот се нивните професорки Благица Илиќ и Теодора Ѓорѓиева.

Летната академијата „Танец“ е проект од годишната програма на НУ Танец и е целосно финансиран од Министерството за култура на РСМ.

Интенцијата е Академијата во иднина да ја продолжи, достигне, па и унапреди големината на поранешните летни школи во Отешево, на нашиот најпознат гајдаџија и играорец Пеце Атанасовски, кои биле меѓународно прочуени и придонеле во ширењето на македонскиот фолклор насекаде низ светот, а кои за жал замреле со неговото заминување. Летната академија е предвидено да се одржува во некој од хотелските капацитети на брегот на Охридското езеро и да вклучува целодневна неделна работа (претпладневни и попладневни сесии), како и неколку организиран посети на природни и културни богатства на Охридскиот регион. Вечерните часови се предвидени за заеднички дружби на сите учесници, со видео проекции на ретки снимки од архивата на Танец, но и за мини концертни настапи за локалното население. Сите учесици, по завршувањето на Летната академија ТАНЕЦ ќе добијат сертификат за учество, што ќе претставува вредна референца во нивната биографија. НУ ТАНЕЦ не случајно првата година ги вклучи учениците од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, зашто со овој центар планира да оствари и идна потесна соработка. За останатите идни посетители на Академијата е предвидена симболична котизација. НУ Танец во иднина планира организациски и содржински да ја прошири Академијата организирајќи ја наставата и за групи со одредени предзнаења кои се стекнати и формално, преку школска едукација, но и неформално, преку членувања во фолклорни друштва, а секако и за сите останати вљубеници во македонскиот фолклор, кои сакаат за прв пат да се запознаат со традицијата. Во зависност од интересот, односно во согласност со бројот на пријавени кандидати, групите ќе бидат адаптирани и според старосните категории.

The post Летна академија „Танец“ до 18 јуни во Охрид appeared first on Република.

]]>
Традиционален Велигденски концерт на „Танец“ во Националната опера и балет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tradicionalen-veligdenski-koncert-na-tanec-vo-nacionalnata-opera-i-balet/ Tue, 19 Apr 2022 07:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=490336

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“, вечер, во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, ќе го одржи традиционалниот голем Велигденски концерт.

На овој гала концерт ќе биде изведена атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата, на кои се создавало македонското фолклорно богатство. Со учество на целиот ансамбл, на концертот ќе можат да се проследат одушевувачки кореографски постановки како „Малешевка“, „Сретсело“, „Копачија“ и други бројни бисери од богатата вокално-инструментална ризница.

На нашиот културниот амбасадор „Танец“, му претстои особено динамична меѓународна сезона, која ќе започне во мај со гостувањето во Канада и Америка.

Во рамки на новата концертна сезона насловена „Печат на времето“, Танец годинава одржа серија концерти низ земјава, и тоа во Делчево, Радовиш, Свети Николе, Пробиштип и Кичево, како и во Скопје, на јубилејното издание на фестивалот за македонско музичко творештво „Денови на македонска музика“.

The post Традиционален Велигденски концерт на „Танец“ во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“, вечер, во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, ќе го одржи традиционалниот голем Велигденски концерт. На овој гала концерт ќе биде изведена атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата, на кои се создавало македонското фолклорно богатство. Со учество на целиот ансамбл, на концертот ќе можат да се проследат одушевувачки кореографски постановки како „Малешевка“, „Сретсело“, „Копачија“ и други бројни бисери од богатата вокално-инструментална ризница. На нашиот културниот амбасадор „Танец“, му претстои особено динамична меѓународна сезона, која ќе започне во мај со гостувањето во Канада и Америка. Во рамки на новата концертна сезона насловена „Печат на времето“, Танец годинава одржа серија концерти низ земјава, и тоа во Делчево, Радовиш, Свети Николе, Пробиштип и Кичево, како и во Скопје, на јубилејното издание на фестивалот за македонско музичко творештво „Денови на македонска музика“.

The post Традиционален Велигденски концерт на „Танец“ во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>
„Танец“ со велигденски концерт во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tanec-so-veligdenski-koncert-vo-mnt/ Wed, 13 Apr 2022 08:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=487703

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ на 19 април ќе одржи голем велигденски концерт во МНТ.

На концертот, кој традиционално се одржува секоја година, ќе биде изведена интересна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата на кои се создавало македонското фолклорно богатство. На концертот ќе можат да се видат кореографии како „Малешевка“, „Сретсело“, „Копачија“.

Концертот под мотото „Печат на времето“, почнува во 20 часот, а картите се веќе пуштени во продажба.

 

The post „Танец“ со велигденски концерт во МНТ appeared first on Република.

]]>

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ на 19 април ќе одржи голем велигденски концерт во МНТ. На концертот, кој традиционално се одржува секоја година, ќе биде изведена интересна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата на кои се создавало македонското фолклорно богатство. На концертот ќе можат да се видат кореографии како „Малешевка“, „Сретсело“, „Копачија“. Концертот под мотото „Печат на времето“, почнува во 20 часот, а картите се веќе пуштени во продажба.  

The post „Танец“ со велигденски концерт во МНТ appeared first on Република.

]]>
ДММ 2022: Концерт на Н.У. Ансамбл за народни игри и песни „ТАНЕЦ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dmm-2022-koncert-na-n-u-ansambl-za-narodni-igri-i-pesni-tanec/ Fri, 08 Apr 2022 15:02:17 +0000 https://republika.mk/?p=485406

Петок, 8 април, во Дом на АРМ, со почеток во 20 часот во рамките на манифестацијата „Денови на македонска музика“ ќе може да се погледне настапот на Танец- „Фолклорни минијатури од антологискиот репертоар на Н.У. Ансамбл за народни игри и песни „ТАНЕЦ“
Во периодот од седумдесет и три години постоење на професионалниот ансамбл ТАНЕЦ, народните игри и песни во Македонија оформија свој единствен, препознатлив музичко-сценски жанр. Ансамблот и денес продолжува да го стандардизира сценскиот фолклор пред македонската и меѓународната публика. „Танец“ ја фузионира и амалгамира богатата македонска фолклорна традиција, создавана во сите региони и на сите песнопојни и играорни подрачја преку врвен сценски репертоар кој брои повеќе од деведесет кореографски постановки. „Танец“ значел многу во минатото, значи и за сегашноста, но уште повеќе ќе значи за иднината, кога изворниот фолклор целосно ќе исчезне од неговата природна средина и ќе остане да опстојува единствено во архивите и на сцените. Во таа смисла, „Танец“ ќе стане еден од главните столбови, паметникот и фундаментот на македонскиот народен бит од кој ќе црпат знаења сите културно-уметнички друштва во земјава и светот, сите вљубеници во нашата игра и песна и сите истражувачи на македонскиот фолклорен идиом.

Програмата на концертот е конципирана врз фрагменти, односно избор од автентични фолклорни творби врз кои се темелат познатите кореографии на ансамблот. Опфатени се карактеристични напеви и ора од различни делови на земјата, кои имаат за цел да го претстават раскошот на македонските играорни и мелопоетски дијалекти кои егзистираат на наше тло, а кои низ овие седум децении се вешто вградувани во репертоарот на „Танец“. Низ овој концертен циклус, публиката ќе може да ги препознае изворните бисери кои со години ги слушала во рамките на антологиските кореографии на „Танец“, а тоа се ората како АданаТоскаПетруниноГлувонемоТрченицаСитна Лиса, но оние фолклорни добра кои нѐ мапираа на светската карта на нематеријално културно наследство на УНЕСКО, нашето пијанечкото оро Копачка и типичното машко двогласно пеење од Долни Полог.

Со овој проект ансамблот се враќа кон изворите, односно кон никулците од кои р’ти репертоарот на ансамблот „Танец“. Ова концертно потсетување на најстарите слоеви од македонскиот музички и музичко-сценски фолклор ќе биде изведено од соодветена традиционална изведувачка формација, составена од врвните играорци и музичари на македонски изворни инструменти од редот на вработените во НУ „Танец“.

Изведуваат: Оркестарот на традиционални инструменти, вокалните групи и играорниот кор на „Танец“.

За Ансамблот ТАНЕЦ

ТАНЕЦ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија, формиран во 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да го поставува и претставува она што е највредно од богатата ризница на македонскиот народ. ТАНЕЦ, чие име го симболизира македонскиот народен танц (оро) е амбасадор на македонската народна уметност и култура каде и да се појави - без разлика дали е на најоддалечените континенти или меѓу неговите сонародници и во странство и дома. Како конзерватор на уметноста и жив и подвижен музеј на нашето културно богатство. Танец ја шири низ светот убавината на македонските танци и песни, оставајќи свој белег на сцените во Азија, Америка, Австралија, Африка и секаде низ Европа. Во текот на своите 73 години постоење, ТАНЕЦ има учествувано на повеќе од 5000 концерти и фестивали, пред преполните концертни сали во: Њујорк, Сиднеј, Мелбурн, Тел Авив, Рим, Париз, Лондон, Монтреал, Торонто, Аделаида, Мелбурн и други градови. 

Ансамблот поседува уникатна збирка на повеќе од 2000 оригинални традиционални носии. Репертоарот се состои од повеќе од деведесет кореографии и неколку стотици вокални, инструментални и вокално-инструментални творби, преку кои ансамблот ги претставува богатите разновидни регионални музички и кореографски традиции и стилови на богатиот македонски фолклор. Ансамблот брои 40 игроорци, 20 пејачи и 20 инструменталисти, кои во зависност од потребите настапуваат во различни комбинаиции. ТАНЕЦ има добиено многу награди и признанија, како Гранд при на Интернационалниот фестивал во Ланголен, Велика Британија и државните награди „11 Октомври“, „13 Ноември“ „Св. Климент Охридски“ и „Орден за заслуги за Македонија“.

Влезот на концертот е слободен. Поради лимитиран број на седишта согласно со ковид протоколите за одржување на културни настани, задолжителна е претходна резервација на sokom@sokom.mk.

The post ДММ 2022: Концерт на Н.У. Ансамбл за народни игри и песни „ТАНЕЦ“ appeared first on Република.

]]>

Петок, 8 април, во Дом на АРМ, со почеток во 20 часот во рамките на манифестацијата „Денови на македонска музика“ ќе може да се погледне настапот на Танец- „Фолклорни минијатури од антологискиот репертоар на Н.У. Ансамбл за народни игри и песни „ТАНЕЦ“ Во периодот од седумдесет и три години постоење на професионалниот ансамбл ТАНЕЦ, народните игри и песни во Македонија оформија свој единствен, препознатлив музичко-сценски жанр. Ансамблот и денес продолжува да го стандардизира сценскиот фолклор пред македонската и меѓународната публика. „Танец“ ја фузионира и амалгамира богатата македонска фолклорна традиција, создавана во сите региони и на сите песнопојни и играорни подрачја преку врвен сценски репертоар кој брои повеќе од деведесет кореографски постановки. „Танец“ значел многу во минатото, значи и за сегашноста, но уште повеќе ќе значи за иднината, кога изворниот фолклор целосно ќе исчезне од неговата природна средина и ќе остане да опстојува единствено во архивите и на сцените. Во таа смисла, „Танец“ ќе стане еден од главните столбови, паметникот и фундаментот на македонскиот народен бит од кој ќе црпат знаења сите културно-уметнички друштва во земјава и светот, сите вљубеници во нашата игра и песна и сите истражувачи на македонскиот фолклорен идиом. Програмата на концертот е конципирана врз фрагменти, односно избор од автентични фолклорни творби врз кои се темелат познатите кореографии на ансамблот. Опфатени се карактеристични напеви и ора од различни делови на земјата, кои имаат за цел да го претстават раскошот на македонските играорни и мелопоетски дијалекти кои егзистираат на наше тло, а кои низ овие седум децении се вешто вградувани во репертоарот на „Танец“. Низ овој концертен циклус, публиката ќе може да ги препознае изворните бисери кои со години ги слушала во рамките на антологиските кореографии на „Танец“, а тоа се ората како АданаТоскаПетруниноГлувонемоТрченицаСитна Лиса, но оние фолклорни добра кои нѐ мапираа на светската карта на нематеријално културно наследство на УНЕСКО, нашето пијанечкото оро Копачка и типичното машко двогласно пеење од Долни Полог. Со овој проект ансамблот се враќа кон изворите, односно кон никулците од кои р’ти репертоарот на ансамблот „Танец“. Ова концертно потсетување на најстарите слоеви од македонскиот музички и музичко-сценски фолклор ќе биде изведено од соодветена традиционална изведувачка формација, составена од врвните играорци и музичари на македонски изворни инструменти од редот на вработените во НУ „Танец“. Изведуваат: Оркестарот на традиционални инструменти, вокалните групи и играорниот кор на „Танец“. За Ансамблот ТАНЕЦ ТАНЕЦ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија, формиран во 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да го поставува и претставува она што е највредно од богатата ризница на македонскиот народ. ТАНЕЦ, чие име го симболизира македонскиот народен танц (оро) е амбасадор на македонската народна уметност и култура каде и да се појави - без разлика дали е на најоддалечените континенти или меѓу неговите сонародници и во странство и дома. Како конзерватор на уметноста и жив и подвижен музеј на нашето културно богатство. Танец ја шири низ светот убавината на македонските танци и песни, оставајќи свој белег на сцените во Азија, Америка, Австралија, Африка и секаде низ Европа. Во текот на своите 73 години постоење, ТАНЕЦ има учествувано на повеќе од 5000 концерти и фестивали, пред преполните концертни сали во: Њујорк, Сиднеј, Мелбурн, Тел Авив, Рим, Париз, Лондон, Монтреал, Торонто, Аделаида, Мелбурн и други градови.  Ансамблот поседува уникатна збирка на повеќе од 2000 оригинални традиционални носии. Репертоарот се состои од повеќе од деведесет кореографии и неколку стотици вокални, инструментални и вокално-инструментални творби, преку кои ансамблот ги претставува богатите разновидни регионални музички и кореографски традиции и стилови на богатиот македонски фолклор. Ансамблот брои 40 игроорци, 20 пејачи и 20 инструменталисти, кои во зависност од потребите настапуваат во различни комбинаиции. ТАНЕЦ има добиено многу награди и признанија, како Гранд при на Интернационалниот фестивал во Ланголен, Велика Британија и државните награди „11 Октомври“, „13 Ноември“ „Св. Климент Охридски“ и „Орден за заслуги за Македонија“. Влезот на концертот е слободен. Поради лимитиран број на седишта согласно со ковид протоколите за одржување на културни настани, задолжителна е претходна резервација на sokom@sokom.mk.

The post ДММ 2022: Концерт на Н.У. Ансамбл за народни игри и песни „ТАНЕЦ“ appeared first on Република.

]]>
Концерт на „Танец“ во Центарот за култура во Кичево https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-tanec-vo-centarot-za-kultura-vo-kichevo/ Fri, 01 Apr 2022 06:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=481688

Во Центарот за култура во Кичево вечер концерт ќе одржи националниот ансамбл „Танец“. На програмата се повеќе игри, ора и песни од сите делови на земјава, а концертот ќе биде отворен со Поречките игри во кореографија на Тодор Јованов, по што играорците ќе го изведат Ајдучко оро.

Народните песни „Лено-Јелено“ и „Димитрија,деј,гиди,џанам“ ќе бидат во изведба на машката вокална група и оркестарот. Ансамблот Танец ќе ги изведе кореографските постановки Копачија и Малешевка, додека Сузана Спасовска ќе ја исполни народната песна „Бај Никола“, истакна Маја Николоска- Сиљаноска, портпаролка на Центарот за култура.

Женската вокална група и оркестарот ќе ги изведат народните песни „Задремала,џанам, млада невеста“,„Седна лудо да вечера“, а во завршницата на програмата ќе бидат изведени Гермијанско оро, кореографските постановки Сред село и Драчевка и оркестарскиот сплет „Разигран Танец“.

 

The post Концерт на „Танец“ во Центарот за култура во Кичево appeared first on Република.

]]>

Во Центарот за култура во Кичево вечер концерт ќе одржи националниот ансамбл „Танец“. На програмата се повеќе игри, ора и песни од сите делови на земјава, а концертот ќе биде отворен со Поречките игри во кореографија на Тодор Јованов, по што играорците ќе го изведат Ајдучко оро.
Народните песни „Лено-Јелено“ и „Димитрија,деј,гиди,џанам“ ќе бидат во изведба на машката вокална група и оркестарот. Ансамблот Танец ќе ги изведе кореографските постановки Копачија и Малешевка, додека Сузана Спасовска ќе ја исполни народната песна „Бај Никола“, истакна Маја Николоска- Сиљаноска, портпаролка на Центарот за култура.
Женската вокална група и оркестарот ќе ги изведат народните песни „Задремала,џанам, млада невеста“,„Седна лудо да вечера“, а во завршницата на програмата ќе бидат изведени Гермијанско оро, кореографските постановки Сред село и Драчевка и оркестарскиот сплет „Разигран Танец“.  

The post Концерт на „Танец“ во Центарот за култура во Кичево appeared first on Република.

]]>