Тамара Стојаноска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tamara-stojanoska/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 10:36:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тамара Стојаноска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tamara-stojanoska/ 32 32 Претставата „Хинкеман“ во режија Тамара Стојаноска на 15 ноември го отвора 49. издание на МОТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-hinkeman-vo-rezhija-tamara-stojanoska-na-15-noemvri-go-otvora-49-izdanie-na-mot/ Mon, 11 Nov 2024 10:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=836275

Од 15 до 21 ноември во Младински културен центар (МКЦ) ќе се одржи 49. издание на Млад отворен театар (МОТ), а организаторот најавува театарски настани, претстави и работилница  кои ќе се реализираат со огромна поддршка на МОТ–овската мрежа која е создавана изминативе децении.

Фестивалот се отвора со минатогодишните победници, независната продукција, театарот „Златен Елец“ и премиера на претставата „Хинкеман“ по текст на Ернест Толер, во режија Тамара Стојаноска. Антивоената тема која се провлекува во нивната претстава го најавува и мотивот на годинешниот МОТ.

Во време кога светот се соочува со две војни, програмата на овој МОТ го изнесува својот активистички став со кој во фокус ги става темите кои го запалија светот, а во нашето општествено политичко секојдневие не добиваат соодветно значење.“ – вели Русе Арсов.

Претставата „Хинкеман“ ги истражува бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа. Таа ерупција на омразата меѓу луѓето и нациите е препознатлив знак на духот на времето во кое живееме и денес.

Осаменоста на човекот во таков пејзаж е доволно податлив, за со неа да се бави претставата „Без крв“, која е продукција на двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ копродукција на Драмски театар – Пловдив и Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ – Велес.

Воената тема пластично ќе ја доловат шесте брилијантни актерки од Украина кои ќе ги раскажат своите приказни распнати меѓу војната и нивните секојдневни животи и нивните семејства и за тоа како ова состојба го има променето нивниот однос кон животот во перформансот „Танцот на смртта“на Ле Пре/Дак Театар. Перформансот е создаден кратко по почетокот на руската воена агресија и во моментов овој музичко – театарски проект ужива огромна популарност, а негови членови се дел од музичкото фрик – кабаре „Ќерките на Дак“ (Dakh daughters) од Киев.

Додека светот гори во глобален контекст, на локално ниво ние водиме војна за МОТ. Се бориме и со минимум буџет покажуваме дека МОТ не е осамен, бидејќи солидарноста на глобалната МОТовска мрежа го овозможува и ова 49то издание на фестивалот. Инстинктот за преживување е силен, еднаков како љубовта која го шири овој МЛАД „средовечен“ фестивал“ – вели Арсов во името на тимот на МКЦ.

На МОТ годинава гостува „Скринејџери, втор дел“, рефлексивен мјузикл од Франција кој се обидува да одговори на прашањето каква трага остава дигиталниот хаос на нашата психа и фантазија, за да сме способни да го впиеме сето тоа „скролајќи“ надолу.

Потоа гостува најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско народно позориште „Ана Каренина“, во режија на Дејан Пројковски, која беше прогласувана за апсолутен победник на неколку регионални фестивали.

Присуството на Креативниот центар Крушче на Томи Јанежич, со делото „Куќа, дом“ на Катја Легин нѝ дава можност за доживување на театарот во автентичен простор за темата, овој пат куќа/дом на непозната локација во Скопје, за која публиката која има билет ќе добие адреса дополнително.

Театарот Промена, од Србија доаѓа со монодрамата „Мајорот и Хелена“, која е авторски проект на Алекса Јовиќ и ја обработува приказната на транс-родовата жена и нејзината храброст во конзервативното општество.

„Сé што е важно“ е интерактивна претстава на театарот Арисандмарта од Грција, кој ќе ги донесе белешките за изведување на пријателство, низ сценски движења на кои публиката ќе биде сведок.

Театарскиот режисер и драмски писател Јари Јутинен (уметнички дитектор на sadsongskomplex:fi, од Финска) ќе биде домаќин на разговорен мастерклас за професионалци во театарот и студенти што ги истражуваат „зошто“, „кој“ и „како“ на меѓународната соработка. Со него заедно ќе испитаме зошто глобалните партнерства се важни во театарскиот свет, или пак, дали се?

Целосната програма и распоред на фестивалот можат да се погледнат на официјалната страна на фестивалот mot.mk, а билетите можат да се набават преку билет сервисот на МКЦ bileti.mkc.mk.

Фестивалот МОТ е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам, Градот Скопје како и Францускиот културен центар во Скопје.

The post Претставата „Хинкеман“ во режија Тамара Стојаноска на 15 ноември го отвора 49. издание на МОТ appeared first on Република.

]]>

Независниот театар „Златен Елец“ со „Кенди“ денеска ќе настапи на вториот интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nezavisniot-teatar-zlaten-elets-so-kendi-deneska-ke-nastapi-na-vtoriot-internatsionalen-festival-na-duodrama-branko-gorchev-vo-negotino/ Fri, 12 May 2023 07:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=639978

Во петок(12.05) независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, ќе настапи на вториот интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино, со дуодрамата „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска според роман на Лук Дејвис и авторски материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.
Фестивалот е од натпреварувачки карактер, а претставата е селектирана во официјалната конкуренција. Во „Кенди“ играат актерите Лео Поповиќ и Бобан Алексоски, а музиката е на Лука Тошев.
Изведбите на „Кенди“ во Скопје се одржуваат во Младинскиот културен центар.

– Кенди е љубовна приказна, но истовремено е сурово истражување на животот со зависност и приказ на времето во кое живееме. Претстава што говори за младиот човек денес, за борбата со болеста зависност и дискриминацијата што доаѓа со неа, за недостатоците во здравството и за тие што немаат поддршка, за сите млади луѓе што се чувствуваат заглавено во машинеријата на системот – вели режисерката Тамара.
Наредната недела, во среда(17.05), дипломската претстава „Разнесени“ на режисерката Тамара Стојаноска ќе го отвори интернационалниот студентски фестивал „Фист“ во Белград, Р. Србија. Автор на „Разнесени“ е Сара Кејн, а користена е дел од поезијата на Милена Марковиќ и Силвија Плат, претставата е копродукција со универзитетот „Еуропа Прима“ од Скопје. Бобан Алексоски, Ива Петровска и Ане Блажовски се актерите во претставата, музиката е на Лука Тошев, а дизајнот на рекламниот материјал и во двете претстави е на Бојана Цилевска.

„Разнесени“ исто така посочува на системот кој се бори со една тажна, насилна и бесмислена епоха во која живеееме, кајшто владее секаква омраза и страв, од разисам до хомофобија, со една надеж за промена во светот и општеството воопшто. – се вели за претставата.

Освен фестивалските изведби, театар „Златен Елец“ периодов, редовно ги репризира сите претстави во Скопје и низ државата.

The post Независниот театар „Златен Елец“ со „Кенди“ денеска ќе настапи на вториот интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино appeared first on Република.

]]>

Во петок(12.05) независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, ќе настапи на вториот интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино, со дуодрамата „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска според роман на Лук Дејвис и авторски материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Фестивалот е од натпреварувачки карактер, а претставата е селектирана во официјалната конкуренција. Во „Кенди“ играат актерите Лео Поповиќ и Бобан Алексоски, а музиката е на Лука Тошев. Изведбите на „Кенди“ во Скопје се одржуваат во Младинскиот културен центар. – Кенди е љубовна приказна, но истовремено е сурово истражување на животот со зависност и приказ на времето во кое живееме. Претстава што говори за младиот човек денес, за борбата со болеста зависност и дискриминацијата што доаѓа со неа, за недостатоците во здравството и за тие што немаат поддршка, за сите млади луѓе што се чувствуваат заглавено во машинеријата на системот – вели режисерката Тамара. Наредната недела, во среда(17.05), дипломската претстава „Разнесени“ на режисерката Тамара Стојаноска ќе го отвори интернационалниот студентски фестивал „Фист“ во Белград, Р. Србија. Автор на „Разнесени“ е Сара Кејн, а користена е дел од поезијата на Милена Марковиќ и Силвија Плат, претставата е копродукција со универзитетот „Еуропа Прима“ од Скопје. Бобан Алексоски, Ива Петровска и Ане Блажовски се актерите во претставата, музиката е на Лука Тошев, а дизајнот на рекламниот материјал и во двете претстави е на Бојана Цилевска. „Разнесени“ исто така посочува на системот кој се бори со една тажна, насилна и бесмислена епоха во која живеееме, кајшто владее секаква омраза и страв, од разисам до хомофобија, со една надеж за промена во светот и општеството воопшто. – се вели за претставата. Освен фестивалските изведби, театар „Златен Елец“ периодов, редовно ги репризира сите претстави во Скопје и низ државата.