Тамара Котевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tamara-kotevska/ За подобро да се разбереме Sun, 31 Dec 2023 11:34:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тамара Котевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tamara-kotevska/ 32 32 Уметност, памет и хуманост е тоа што ни треба: „Република“ ги избра личностите за 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/umetnost-pamet-i-humanost-e-toa-shto-ni-treba-republika-gi-izbra-lichnostite-za-2023-godina/ Sun, 31 Dec 2023 07:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=728093

Светот ќе го спаси убавината. Омилениот цитат на многумина е извадок од „Идиот“, ремек-делото на рускиот писател Фјодор Достоевски. Ја испраќаме 2023 во која беше тешко да се избере личност или настан кој ќе ја одбележи годината. Ние во „Република“ се решивме за убавината, добрината, хуманоста и уметноста. Бидејќи тие ќе го спасат светот. Личностите кои ги избравме се наш, личен, субјективен избор.

Пијанистот со светски глас, Симон Трпчески, математичарот Дамајан Давков, кој освои прво место на Интернационалната олипијада за математика, режисерката Тамара Котевска, Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ и писателот Влада Урошевиќ се изборот на личности за 2023 година за кои се одлучи редакцијата на „Република“. Сите петмина се еднакво важни и успешни.

Симон Трпчески 

Врвниот македонски пијанист Симон Трпчески во 2023 година покрај многуте успешни концерти кои ги изведе на светските сцени, оваа година заедно со ВДР Симфонискиот оркестар од Келн и романскиот диригент Кристијан Мачелару ги сними монументалните концерти на Јоханес Брамс. Двојниот албум со двата концерти за пијано и оркестар од Јоханес Брамс го издаде британскиот „Лин рекордс“, а светските медиуми пишуваа блескави критики. Новото издание на Трпчески беше прогласено за албум на неделата на познатото лондонско радио „Класик ФМ“.

Пијанистот со светски глас, летово, во родното село на неговата мајка, Секирник, Струмичко настапи со „Македонисимо“, проект на кој тој е неизмерно горд. Со „Македонисимо“ тој имаше балканска турнеја, а за него се значајни изведбите на двата Брамсови концерта со Лондонскиот симфониски оркестар.

Трпчески во јуни првпат гостуваше во Грција, каде што имаше концерт со државниот Солунски симфониски орекстар.

Дамјан Давков

2023 година беше мошне успешна 15-годишниот математичар Дамјан Давков. Штипјанецот, кој како основец освојуваше високи пласмани во повисоки категории, сега е средношколец во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Освен математиката, одлично му оди и инфоррамтиката. Тој го освои првото злато за Македонија на 64. Интернационална математичка олимпијада што летово се одржа во Чиба, Јапонија. Давков беше дел од македонкиот тим во кој Алексиј Тасиќ освои сребрен медал, Никола Цветаноски и Никола Спировски – бронзи, а Јан Стојановски и Бранко Јангеловски пофалници за успешно учество. Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски.

Дамјан на 27. Јуниорска балканска математичка олимпијада освои златен медал со максимален број поени.

Давков оваа година освои златен медал на 7. Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2023) која се одржа во Кутаиси, Грузија. Тоа беше прво злато за Македонија и најголем досегашен успех за нашите млади информатичари на престижниот интернационален натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години. Покрај златото на Давков, забележително претставување имаа и останатите тројца членови на македонскиот тим: Владимир Грчев, сега осмоодделенец од Кочани, кој освои олимписка пофалница, како и Никола Стојковски и Андрија Младеновиќ од Скопје кои ги делеа само 5 поени од освојување на олимписка пофалница.

Тамара Котевска 

Во 2020 година македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска ја испиша историјата кога доби две номинации за престижната награда „Оскар“, за најдобар документарец и најадобар странски филм. Три години подоцна Костевска стана првата македонска авторка која доби покана да одржи говор на престижниот Венециски филмски фестивал. Котевска зборуваше за филмови кои имаат моќно социјално влијание и прават општествена промена. На Фестивалот Котевска го претстави својот нов долгометражен документарец „The Walk“ (Патешествието), кој премиерно беше прикажан на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC). „Патешествието“ (The Walk), е филм за глобалната сензација Амал – триметарската кукла што претставува дете-бегалче од Сирија, која го обиколила светот подигнувајќи ја свеста за бегалците.

Борче Стаменов 

Здружението „Донирај компјутер“ на Борче Стаменов од Кавадарци недамна го прослави седмиот роденден. За тоа време Борче и екипата успеале да подарат 2.710 компјутери, да израдуваат деца со новогодишни пакетичиња, украси, елки, лампиони, гардероба и друго.

Хуманизмот на Стаменов беше препознаен конечно и од државата, па тој неодамна ја доби државната награда „Мето Јовановски“ за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Иницијативата стари, па потоа надградувани компјутери да се донираат на семејства кои не можат да си дозволат да купат почнала сосема случајно, кога една самохрана мајка го замолила Стаменов да ѝ помогне со половен компјутер за нејзините деца. Оттогаш Борче со свој тим, ентузијастички и волентерски работат на тоа секое дете чие семејство не е во можност да му обезбеди компутер, тој да му го донира. Стар, но надграден и сосема солиден. Откако во 2016 година сам поправил и подарил 20 компјутери без никаква логистика, упатил апел за стари компјутери. На апелот се пријавуваат компании и физички лица. Денес Борче е херој кој е идеен творец на благородната иницијатива која израдувала мноу деца, но и нивните родители.

Влада Урошевиќ 

Академик Влада Урошевиќ (89) е еден од најзначајните македонски книжевни и културни дејци. Во 2023 година тој стана добитник на две мошне значајни и престижни литературни награди, „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата (СВП) и „Роман на годината“ за романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ во издание на „Арс Ламина“.

Во 2023 тој ја доби и наградата „13 Ноември“ која ја доделува Град Скопје и наградата автор на годината од Македонската асоцијација на издавачи.

Академик Урошевиќ твори во речиси секој жанр и секоја форма: поезија, расказ, роман, есеј, патопис, книжевна и ликовна критика, книжевна теорија и превод. Зад себе има три книги записи и патописи, повеќе книги во кои се собрани критиките и есеите за македонските писатели и две книги за фантастиката во сликарството. Се афирмира и како антологичар на повеќе изданија. За своите дела и преводи е добитник на многубројни награди и признанија: трипати на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на „Струшките вечери на поезијата“, двапати на наградата „Стале Попов“, двапати на наградата „Григор Прличев“ за најдобар препев. Освен домашните, носител е и на неколку странски признанија. За својот книжевен и преведувачки опус, пак, именуван е првин за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот Ред од Владата на Република Франција. Книгите на Влада Урошевиќ се преведени на повеќе јазици: англиски, бугарски, германски, дански, полски, руски, словенечки, српски, хрватски, француски и шпански.

The post Уметност, памет и хуманост е тоа што ни треба: „Република“ ги избра личностите за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Светот ќе го спаси убавината. Омилениот цитат на многумина е извадок од „Идиот“, ремек-делото на рускиот писател Фјодор Достоевски. Ја испраќаме 2023 во која беше тешко да се избере личност или настан кој ќе ја одбележи годината. Ние во „Република“ се решивме за убавината, добрината, хуманоста и уметноста. Бидејќи тие ќе го спасат светот. Личностите кои ги избравме се наш, личен, субјективен избор. Пијанистот со светски глас, Симон Трпчески, математичарот Дамајан Давков, кој освои прво место на Интернационалната олипијада за математика, режисерката Тамара Котевска, Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ и писателот Влада Урошевиќ се изборот на личности за 2023 година за кои се одлучи редакцијата на „Република“. Сите петмина се еднакво важни и успешни. Симон Трпчески  Врвниот македонски пијанист Симон Трпчески во 2023 година покрај многуте успешни концерти кои ги изведе на светските сцени, оваа година заедно со ВДР Симфонискиот оркестар од Келн и романскиот диригент Кристијан Мачелару ги сними монументалните концерти на Јоханес Брамс. Двојниот албум со двата концерти за пијано и оркестар од Јоханес Брамс го издаде британскиот „Лин рекордс“, а светските медиуми пишуваа блескави критики. Новото издание на Трпчески беше прогласено за албум на неделата на познатото лондонско радио „Класик ФМ“. Пијанистот со светски глас, летово, во родното село на неговата мајка, Секирник, Струмичко настапи со „Македонисимо“, проект на кој тој е неизмерно горд. Со „Македонисимо“ тој имаше балканска турнеја, а за него се значајни изведбите на двата Брамсови концерта со Лондонскиот симфониски оркестар. Трпчески во јуни првпат гостуваше во Грција, каде што имаше концерт со државниот Солунски симфониски орекстар. Дамјан Давков 2023 година беше мошне успешна 15-годишниот математичар Дамјан Давков. Штипјанецот, кој како основец освојуваше високи пласмани во повисоки категории, сега е средношколец во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Освен математиката, одлично му оди и инфоррамтиката. Тој го освои првото злато за Македонија на 64. Интернационална математичка олимпијада што летово се одржа во Чиба, Јапонија. Давков беше дел од македонкиот тим во кој Алексиј Тасиќ освои сребрен медал, Никола Цветаноски и Никола Спировски – бронзи, а Јан Стојановски и Бранко Јангеловски пофалници за успешно учество. Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски. Дамјан на 27. Јуниорска балканска математичка олимпијада освои златен медал со максимален број поени. Давков оваа година освои златен медал на 7. Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2023) која се одржа во Кутаиси, Грузија. Тоа беше прво злато за Македонија и најголем досегашен успех за нашите млади информатичари на престижниот интернационален натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години. Покрај златото на Давков, забележително претставување имаа и останатите тројца членови на македонскиот тим: Владимир Грчев, сега осмоодделенец од Кочани, кој освои олимписка пофалница, како и Никола Стојковски и Андрија Младеновиќ од Скопје кои ги делеа само 5 поени од освојување на олимписка пофалница. Тамара Котевска  Во 2020 година македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска ја испиша историјата кога доби две номинации за престижната награда „Оскар“, за најдобар документарец и најадобар странски филм. Три години подоцна Костевска стана првата македонска авторка која доби покана да одржи говор на престижниот Венециски филмски фестивал. Котевска зборуваше за филмови кои имаат моќно социјално влијание и прават општествена промена. На Фестивалот Котевска го претстави својот нов долгометражен документарец „The Walk“ (Патешествието), кој премиерно беше прикажан на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC). „Патешествието“ (The Walk), е филм за глобалната сензација Амал – триметарската кукла што претставува дете-бегалче од Сирија, која го обиколила светот подигнувајќи ја свеста за бегалците. Борче Стаменов  Здружението „Донирај компјутер“ на Борче Стаменов од Кавадарци недамна го прослави седмиот роденден. За тоа време Борче и екипата успеале да подарат 2.710 компјутери, да израдуваат деца со новогодишни пакетичиња, украси, елки, лампиони, гардероба и друго. Хуманизмот на Стаменов беше препознаен конечно и од државата, па тој неодамна ја доби државната награда „Мето Јовановски“ за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Иницијативата стари, па потоа надградувани компјутери да се донираат на семејства кои не можат да си дозволат да купат почнала сосема случајно, кога една самохрана мајка го замолила Стаменов да ѝ помогне со половен компјутер за нејзините деца. Оттогаш Борче со свој тим, ентузијастички и волентерски работат на тоа секое дете чие семејство не е во можност да му обезбеди компутер, тој да му го донира. Стар, но надграден и сосема солиден. Откако во 2016 година сам поправил и подарил 20 компјутери без никаква логистика, упатил апел за стари компјутери. На апелот се пријавуваат компании и физички лица. Денес Борче е херој кој е идеен творец на благородната иницијатива која израдувала мноу деца, но и нивните родители. Влада Урошевиќ  Академик Влада Урошевиќ (89) е еден од најзначајните македонски книжевни и културни дејци. Во 2023 година тој стана добитник на две мошне значајни и престижни литературни награди, „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата (СВП) и „Роман на годината“ за романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ во издание на „Арс Ламина“. Во 2023 тој ја доби и наградата „13 Ноември“ која ја доделува Град Скопје и наградата автор на годината од Македонската асоцијација на издавачи. Академик Урошевиќ твори во речиси секој жанр и секоја форма: поезија, расказ, роман, есеј, патопис, книжевна и ликовна критика, книжевна теорија и превод. Зад себе има три книги записи и патописи, повеќе книги во кои се собрани критиките и есеите за македонските писатели и две книги за фантастиката во сликарството. Се афирмира и како антологичар на повеќе изданија. За своите дела и преводи е добитник на многубројни награди и признанија: трипати на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на „Струшките вечери на поезијата“, двапати на наградата „Стале Попов“, двапати на наградата „Григор Прличев“ за најдобар препев. Освен домашните, носител е и на неколку странски признанија. За својот книжевен и преведувачки опус, пак, именуван е првин за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот Ред од Владата на Република Франција. Книгите на Влада Урошевиќ се преведени на повеќе јазици: англиски, бугарски, германски, дански, полски, руски, словенечки, српски, хрватски, француски и шпански.

The post Уметност, памет и хуманост е тоа што ни треба: „Република“ ги избра личностите за 2023 година appeared first on Република.

]]>
„Патување пеш“ на Котевска е приказна раскажана преку силата на светските симболи за моќ, но директно укажува на нивните ограничувања, пишува во рецензијата „Холивуд Репортер“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/patuvane-pesh-na-kotevska-e-prikazna-raskazhana-preku-silata-na-svetskite-simboli-za-mok-no-direktno-ukazhuva-na-nivnite-ogranichuvana-pishuva-vo-retsenzijata-holivud-reporter/ Wed, 29 Nov 2023 10:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=717475

Вториот долгометражен документарен филм на Тамара Котевска ги преплетува приказните на децата бегалци со слики од проект што ја користи уметноста на кукларството за да ја подигне свеста за младите животи нарушени од војна и прогон, пишува филмската критичарка Шери Линден во „Холивуд Репортер“ за новиот филм на Котевска „Патување пеш“.

Со нејзиниот прв долгометражен документарен филм номиниран за Оскар, чудото „Медена земја“, Тамара Котевска ja делеше режијата заедно со Љубомир Стефанов за да осветлат еден далечен дел од светот. Со вториот филм, таа го врти вниманието кон приказна од насловните страници што се одвива пред нашите очи, глобалната бегалска криза. Иако овој пат темата е малку подиректно политичка, режисерката ја филтрирала низ креативни леќи, прикажувајќи една поинаква бајка. Како и со сите добри бајки, и оваа нуди повисока верзија на реалноста, спојувајќи го фантастичното со секојдневието. Во центарот на приказната е Малата Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри сопственост на десетгодишно девојче-бегалец од Сирија.

„Патување пеш“ го добил своето име од меѓународен проект креиран да ја крене свеста и да собере средства за помош на раселени деца. Амал и нејзините куклари, предводени од уметничкиот директор, Амир Низар Зуаби, пропатувале илјадници километри во повеќе од десетина земји од јули 2021 година и сега се во Мексико, по нивното пропатување пеш низ САД. Но документарецот на Котевска не е толку многу за тој проект, колку што е негова дестилација, затоа што го испреплетува патувањето на Амал ширум Европа со една симболична приказна за реално девојче што останало сираче во војната.

Движејќи се низ градските улици и селските плоштади и низ ненаселени пејзажи, Малата Амал е механички и уметнички подвиг кој не може да се игнорира. Котевска и монтажерот Мартин Иванов умешно ја склопуваат сцената на градењето на куклата Амал во три минути. Сцените на дизајнирање, сликање, работата со алатки и тестовите на кукларите во компанијата „Хендспринг Папет Компани“ , јужноафриканска компанија што е одговорна за изработката на Амал се испресечени со погледите на младата девојка која ја црта малата Амал, како некој вид на автопортрет.

Откако ги изгубила домот и семејството во Алепо, тоа девојче сега се наоѓа на спротивната страна од границата, под закрила на Фондацијата „Карам“ во Турција, со надеж дека можеби ќе ја поврзат со некој преостанат жив роднина. Сличните кадри меѓу куклата и вистинската девојка ја нагласуваат нивната симболична врска. Работејќи на разговорите со Асил и другите деца бегалци, режисерката креирала нарација која е слободна, поетска и остра. „Морам да најдам место каде што ќе ги оставам кошмарите зад себе“, вели Амал.

Тие лоши сништа продираат во будните часови низ звук и визуелни слики, со неколку кратки рафални снимки што покажуваат бомби што експлодираат и луѓе кои се бегаат од воените подрачја во Алепо. Додека прошетката на Амал напредува, од Турција преку Грција, Италија, Франција и Британија, каде завршува со трогателна оперска кулминација на Англискиот Канал, Котевска вметнува сцени од училница: Асил и другите деца бегалци учат за европската култура. Нивните очајни претпоставки за доминантната религија во Италија се бесценет потсетник на извештаченоста на многуте општествени поделби до кои се држиме.

Самата Амал има контакт со природата, како и со луѓето. Камерата предводена од Жан Дакар и Самир Љума ни ја презентира убавината на се’ околу нас, од трепетот на гулабите на минарињата до струењето на ветерот по пустинските дини, но и шаторите со раселени луѓе по градските улици, болната надеж во погледот на Амал и психичките рани што ги носат сите бегалци кои ги среќава по пат. Огромното девојче, толку очигледно нечовечко, а сепак, толку симпатично, е многу постара од она што навистина е, таа е олицетворение на сочувство, исповедник на децата и возрасните во бегалскиот камп, а како ед од најмачните исповеди е на бегалецот од Гамбија кој го опишува своето речиси смртоноснпатување до Европскиот континент.

Трите главни куклари ја контролираат Амал и ги насочуваат нејзините движења. Оној во отворениот кафез на нејзиниот корсет над здолништето со бранови управува со неа обично со сигурен, а некогаш неодлучен чекор. За нејзините раце се потребни двајца куклари за кои, што е најважно, патувањето на Амал низ Европа, има длабоко лично значење: Фида Зидан од Палестина и Муад Румие, од Сирија. Котевска посветува време на секој од нив и интимно навлегува во нивните приказни, оставајќи трогателен впечаток.

Како што патешествието на Амал доаѓа до момент на очај (откако наидува на анти-имиграциски протести во Грција, на пример), лицата на кукларите откриваат колку силно тие ја чувствуваат својата борба – Фида во однос на загубата на земјата и слободата на Палестина и нејзините луѓе, а Муад за тоа дека е откинат од својот дом во Сирија и како неговите спомени од таму му исчезнуваат пред очи. Во гласната нарација што не може, а да не потсети на тековното уништување во Газа, Амал се прашува: „Кога се што ќе остане од нашите животи е пустош, прав и рушевини, дали некој ќе знае дека некогаш постоевме?“

Свесен за размерот и театралноста на патувањето на Амал и нејзината улога како замена за милиони (речиси половина од светските бегалци се помлади од 18 години), „Патување пеш“ е приказна раскажана преку силата на светските симболи за моќ, но директно укажува на нивните ограничувања. Посетата на Амал на Папата во Ватикан во текот на церемонијата со која се слават децата, ги зафаќа двата краеви на тој спектар, а пак посетата на организацијата за човекови права на Советот на Европа во Стразбург болно ги покажува ограничувањата на Европа: се што можат претставниците на групата да и дадат на Амал е знамето на Европа и лажен пасош, поттикнувајќи ја да го сподели со останатите деца кои ги среќава по пат.

Настрана од ваквите празни гестови, децата пак со кои се сретнува Амал обично ја пречекуваат со чудење и одушевување. Некои возрасни ја гледаат како Тројански коњ, некои искажуваат лутина, а други копнежливо се придружуваат на нејзината цел да ја прошират веста. Осветлувајќи ја приказната која го добива вниманието на медиумите, „Патување пеш“ не се одлучува за завземање политичка страна или предизвикување конфликт. Овој филм ја содржи сржта на животот отелотворен во дрвена кукла - бегалец и е приказна излезена директно од срцето.

The post „Патување пеш“ на Котевска е приказна раскажана преку силата на светските симболи за моќ, но директно укажува на нивните ограничувања, пишува во рецензијата „Холивуд Репортер“ appeared first on Република.

]]>

Вториот долгометражен документарен филм на Тамара Котевска ги преплетува приказните на децата бегалци со слики од проект што ја користи уметноста на кукларството за да ја подигне свеста за младите животи нарушени од војна и прогон, пишува филмската критичарка Шери Линден во „Холивуд Репортер“ за новиот филм на Котевска „Патување пеш“. Со нејзиниот прв долгометражен документарен филм номиниран за Оскар, чудото „Медена земја“, Тамара Котевска ja делеше режијата заедно со Љубомир Стефанов за да осветлат еден далечен дел од светот. Со вториот филм, таа го врти вниманието кон приказна од насловните страници што се одвива пред нашите очи, глобалната бегалска криза. Иако овој пат темата е малку подиректно политичка, режисерката ја филтрирала низ креативни леќи, прикажувајќи една поинаква бајка. Како и со сите добри бајки, и оваа нуди повисока верзија на реалноста, спојувајќи го фантастичното со секојдневието. Во центарот на приказната е Малата Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри сопственост на десетгодишно девојче-бегалец од Сирија. „Патување пеш“ го добил своето име од меѓународен проект креиран да ја крене свеста и да собере средства за помош на раселени деца. Амал и нејзините куклари, предводени од уметничкиот директор, Амир Низар Зуаби, пропатувале илјадници километри во повеќе од десетина земји од јули 2021 година и сега се во Мексико, по нивното пропатување пеш низ САД. Но документарецот на Котевска не е толку многу за тој проект, колку што е негова дестилација, затоа што го испреплетува патувањето на Амал ширум Европа со една симболична приказна за реално девојче што останало сираче во војната. Движејќи се низ градските улици и селските плоштади и низ ненаселени пејзажи, Малата Амал е механички и уметнички подвиг кој не може да се игнорира. Котевска и монтажерот Мартин Иванов умешно ја склопуваат сцената на градењето на куклата Амал во три минути. Сцените на дизајнирање, сликање, работата со алатки и тестовите на кукларите во компанијата „Хендспринг Папет Компани“ , јужноафриканска компанија што е одговорна за изработката на Амал се испресечени со погледите на младата девојка која ја црта малата Амал, како некој вид на автопортрет. Откако ги изгубила домот и семејството во Алепо, тоа девојче сега се наоѓа на спротивната страна од границата, под закрила на Фондацијата „Карам“ во Турција, со надеж дека можеби ќе ја поврзат со некој преостанат жив роднина. Сличните кадри меѓу куклата и вистинската девојка ја нагласуваат нивната симболична врска. Работејќи на разговорите со Асил и другите деца бегалци, режисерката креирала нарација која е слободна, поетска и остра. „Морам да најдам место каде што ќе ги оставам кошмарите зад себе“, вели Амал. Тие лоши сништа продираат во будните часови низ звук и визуелни слики, со неколку кратки рафални снимки што покажуваат бомби што експлодираат и луѓе кои се бегаат од воените подрачја во Алепо. Додека прошетката на Амал напредува, од Турција преку Грција, Италија, Франција и Британија, каде завршува со трогателна оперска кулминација на Англискиот Канал, Котевска вметнува сцени од училница: Асил и другите деца бегалци учат за европската култура. Нивните очајни претпоставки за доминантната религија во Италија се бесценет потсетник на извештаченоста на многуте општествени поделби до кои се држиме. Самата Амал има контакт со природата, како и со луѓето. Камерата предводена од Жан Дакар и Самир Љума ни ја презентира убавината на се’ околу нас, од трепетот на гулабите на минарињата до струењето на ветерот по пустинските дини, но и шаторите со раселени луѓе по градските улици, болната надеж во погледот на Амал и психичките рани што ги носат сите бегалци кои ги среќава по пат. Огромното девојче, толку очигледно нечовечко, а сепак, толку симпатично, е многу постара од она што навистина е, таа е олицетворение на сочувство, исповедник на децата и возрасните во бегалскиот камп, а како ед од најмачните исповеди е на бегалецот од Гамбија кој го опишува своето речиси смртоноснпатување до Европскиот континент. Трите главни куклари ја контролираат Амал и ги насочуваат нејзините движења. Оној во отворениот кафез на нејзиниот корсет над здолништето со бранови управува со неа обично со сигурен, а некогаш неодлучен чекор. За нејзините раце се потребни двајца куклари за кои, што е најважно, патувањето на Амал низ Европа, има длабоко лично значење: Фида Зидан од Палестина и Муад Румие, од Сирија. Котевска посветува време на секој од нив и интимно навлегува во нивните приказни, оставајќи трогателен впечаток. Како што патешествието на Амал доаѓа до момент на очај (откако наидува на анти-имиграциски протести во Грција, на пример), лицата на кукларите откриваат колку силно тие ја чувствуваат својата борба – Фида во однос на загубата на земјата и слободата на Палестина и нејзините луѓе, а Муад за тоа дека е откинат од својот дом во Сирија и како неговите спомени од таму му исчезнуваат пред очи. Во гласната нарација што не може, а да не потсети на тековното уништување во Газа, Амал се прашува: „Кога се што ќе остане од нашите животи е пустош, прав и рушевини, дали некој ќе знае дека некогаш постоевме?“ Свесен за размерот и театралноста на патувањето на Амал и нејзината улога како замена за милиони (речиси половина од светските бегалци се помлади од 18 години), „Патување пеш“ е приказна раскажана преку силата на светските симболи за моќ, но директно укажува на нивните ограничувања. Посетата на Амал на Папата во Ватикан во текот на церемонијата со која се слават децата, ги зафаќа двата краеви на тој спектар, а пак посетата на организацијата за човекови права на Советот на Европа во Стразбург болно ги покажува ограничувањата на Европа: се што можат претставниците на групата да и дадат на Амал е знамето на Европа и лажен пасош, поттикнувајќи ја да го сподели со останатите деца кои ги среќава по пат. Настрана од ваквите празни гестови, децата пак со кои се сретнува Амал обично ја пречекуваат со чудење и одушевување. Некои возрасни ја гледаат како Тројански коњ, некои искажуваат лутина, а други копнежливо се придружуваат на нејзината цел да ја прошират веста. Осветлувајќи ја приказната која го добива вниманието на медиумите, „Патување пеш“ не се одлучува за завземање политичка страна или предизвикување конфликт. Овој филм ја содржи сржта на животот отелотворен во дрвена кукла - бегалец и е приказна излезена директно од срцето.

The post „Патување пеш“ на Котевска е приказна раскажана преку силата на светските симболи за моќ, но директно укажува на нивните ограничувања, пишува во рецензијата „Холивуд Репортер“ appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на документарецот на Тамара Котевска „Патување пеш“ на фестивал во Њујорк https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svetska-premiera-na-dokumentaretsot-na-tamara-kotevska-patuvane-pesh-na-festival-vo-nujork/ Thu, 09 Nov 2023 07:50:16 +0000 https://republika.mk/?p=699712

Новиот документарен филм на режисерката Тамара Котевска, насловен „Патување пеш“ (The Walk), денеска ќе има светска премиера во Њујорк, на DOC NYC - најголем американски фестивал за документарни филмови.

Филмот е посветен на бегалците од Сирија и Палестина, сниман е две години на територија од повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во реализацијата на филмот учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев.

Главен продуцент на филмот е Grain Media - една од најголемите наградувани британски филмски компании фокусирана на документарните филмови. Македонски копродуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од Агенцијата за филм на Македонија.

Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом.

Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, која ја следи одисејата на Амал преку два континента. Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект, а ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле се, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште. Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар, информира продукцијата.

Режисерката Тамара Котевска постигна огромен успех како ко-режисер на документарниот филм „Медена земја“ во 2019 година, кога филмот доби три награди на култниот американски филмски фестивал „Санденс“, а следната година имаше номинации за Оскар во две категории.

 

The post Светска премиера на документарецот на Тамара Котевска „Патување пеш“ на фестивал во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Новиот документарен филм на режисерката Тамара Котевска, насловен „Патување пеш“ (The Walk), денеска ќе има светска премиера во Њујорк, на DOC NYC - најголем американски фестивал за документарни филмови. Филмот е посветен на бегалците од Сирија и Палестина, сниман е две години на територија од повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во реализацијата на филмот учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Главен продуцент на филмот е Grain Media - една од најголемите наградувани британски филмски компании фокусирана на документарните филмови. Македонски копродуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од Агенцијата за филм на Македонија. Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом.
Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, која ја следи одисејата на Амал преку два континента. Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект, а ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле се, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште. Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар, информира продукцијата.
Режисерката Тамара Котевска постигна огромен успех како ко-режисер на документарниот филм „Медена земја“ во 2019 година, кога филмот доби три награди на култниот американски филмски фестивал „Санденс“, а следната година имаше номинации за Оскар во две категории.  

The post Светска премиера на документарецот на Тамара Котевска „Патување пеш“ на фестивал во Њујорк appeared first on Република.

]]>
Документарецот на Тамара Котевска ќе има светска премиера во Њујорк на 9 ноември https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dokumentaretsot-na-tamara-kotevska-ke-ima-svetska-premiera-vo-nujork-na-9-noemvri/ Tue, 31 Oct 2023 14:26:23 +0000 https://republika.mk/?p=696726

Документарниот филм „The Walk“ на македонската режисерка Тамара Котевска ќе ја има својата светска премиера во Њујорк, САД на 9 ноември годинава на DOC NYC, најголемиот американски фестивал за документарни филмови.

Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом. Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза која ја следи одисејата на Амал преку два континенти.

Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект, а ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште. Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар.

Филмот се снимаше две години, на територија од повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во реализацијата на филмот, покрај режисерката Котевска учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев.

Тамара Котевска постигна огромен успех како ко-режисер на документарниот филм „Медена Земја“ во 2019 година, кога филмот доби 3 награди на култниот американски филмски фестивал „Санденс“, а следната година имаше номинации за Оскар во две категории.

Главен продуцент на филмот е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, GRAIN MEDIA. Kако македонски копродуцент се јавува ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенцијата за Филм.

 

The post Документарецот на Тамара Котевска ќе има светска премиера во Њујорк на 9 ноември appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм „The Walk“ на македонската режисерка Тамара Котевска ќе ја има својата светска премиера во Њујорк, САД на 9 ноември годинава на DOC NYC, најголемиот американски фестивал за документарни филмови. Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом. Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза која ја следи одисејата на Амал преку два континенти. Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект, а ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште. Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар. Филмот се снимаше две години, на територија од повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во реализацијата на филмот, покрај режисерката Котевска учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Тамара Котевска постигна огромен успех како ко-режисер на документарниот филм „Медена Земја“ во 2019 година, кога филмот доби 3 награди на култниот американски филмски фестивал „Санденс“, а следната година имаше номинации за Оскар во две категории. Главен продуцент на филмот е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, GRAIN MEDIA. Kако македонски копродуцент се јавува ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенцијата за Филм.  

The post Документарецот на Тамара Котевска ќе има светска премиера во Њујорк на 9 ноември appeared first on Република.

]]>
Гордост и чест ми е што сум препознаена како авторка која има моќно влијание во своите филмови во светот, вели режисерката Тамара Котевска која одржа говор на Фестивалот во Венеција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gordost-i-chest-mi-e-shto-sum-prepoznaena-kako-avtorka-koja-ima-mokno-vlijanie-vo-svoite-filmovi-vo-svetot-veli-rezhiserkata-tamara-kotevska-koja-odrzha-govor-na-festivalot-vo-venetsija/ Mon, 04 Sep 2023 08:28:45 +0000 https://republika.mk/?p=678529

Гордост и чест ми е што толку млада сум препознаена како авторка кој има моќно влијание со своите филмови во светот. Тоа само ми дава мотив да продолжам во иста насока”, рече режисерката Тамара Котевска, која на Филмскиот фестивал во Венеција одржа предавање на кое го претстави нејзиниот нов документарен филм „Патешествието“ („The Walk“).

Котевска како една од двајцата режисери на „Медена земја“ има две номинации за Оскар - за најдобар странски филм и за најдобар документарен филм во 2020 година.

Ексклузивниот настан „Lights Camera Impact“ секоја година кани три светски реномирани автори чие последователно творештво се филмови, кои имаат потенцијал да влијаат на општеството и да ја менуваат свеста на луѓето за одредени важни социјални теми.

Како главен продуцент на филмот „The Walk“ се потпишува една од најголемите филмски компании за документарни филмови во Англија, GRAIN MEDIA, која зад себе има многу награди, меѓу кои и неколку Оскари. Позади неа стојат познати оскаровски имињата како: Orlando von Einsiedel (Virunga, Learning how to skateboard in a war zone if you are a girl), Stephen Daldry (The Hours, The Reader) и Tracey Steward (Slum-dog Millionaire, 2 Popes etc).

Котевска говореше и го претстави новиот документарец „Патешествието“ (The Walk), за глобалната сензација Амал – триметарската кукла што претставува дете-бегалче од Сирија, која го обиколила светот подигнувајќи ја свеста за бегалците.

Филмот е поддржан и од македонската Агенцијата за филм како малцинска копродукција, а како македонски копродуцент се јавува ОХО продукција.

Настанот го организираше модната икона и активистка, Дајан фон Фурстенберг, која преку својата фондација од 2010 година ги доделува наградите DVF на жени кои покажале водство, сила и храброст во својата посветеност на женските прашања во светот. Добитнички на оваа награда годинава беа: Амал Клуни, како адвокат за човечки права која ги брани злоставуваните жртви жирум светот, потоа заменичката на главниот секретар на Обединетите нации, Амина Ј. Мохамед, бранителката на животната средина и човечките права, Хелен Гуалинг, стручњакот за вештачка интелигенција, д-р Џој Буоламвини и поборникот за родова еднаквост, Лили Синг.

[caption id="attachment_678539" align="alignnone" width="472"] фото: Инстраграм профил на Тамара Котевска[/caption]

Талентираната режисерка сподели неколку фотки од настанот.

Тамара изгледаше совршено во бели панталони и кроп-топ блуза на која пишува Амал, со златни реси, во комбинација со црни сандали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kotevska (@tamarakotevska)

The post Гордост и чест ми е што сум препознаена како авторка која има моќно влијание во своите филмови во светот, вели режисерката Тамара Котевска која одржа говор на Фестивалот во Венеција appeared first on Република.

]]>

Гордост и чест ми е што толку млада сум препознаена како авторка кој има моќно влијание со своите филмови во светот. Тоа само ми дава мотив да продолжам во иста насока”, рече режисерката Тамара Котевска, која на Филмскиот фестивал во Венеција одржа предавање на кое го претстави нејзиниот нов документарен филм „Патешествието“ („The Walk“). Котевска како една од двајцата режисери на „Медена земја“ има две номинации за Оскар - за најдобар странски филм и за најдобар документарен филм во 2020 година. Ексклузивниот настан „Lights Camera Impact“ секоја година кани три светски реномирани автори чие последователно творештво се филмови, кои имаат потенцијал да влијаат на општеството и да ја менуваат свеста на луѓето за одредени важни социјални теми. Како главен продуцент на филмот „The Walk“ се потпишува една од најголемите филмски компании за документарни филмови во Англија, GRAIN MEDIA, која зад себе има многу награди, меѓу кои и неколку Оскари. Позади неа стојат познати оскаровски имињата како: Orlando von Einsiedel (Virunga, Learning how to skateboard in a war zone if you are a girl), Stephen Daldry (The Hours, The Reader) и Tracey Steward (Slum-dog Millionaire, 2 Popes etc). Котевска говореше и го претстави новиот документарец „Патешествието“ (The Walk), за глобалната сензација Амал – триметарската кукла што претставува дете-бегалче од Сирија, која го обиколила светот подигнувајќи ја свеста за бегалците. Филмот е поддржан и од македонската Агенцијата за филм како малцинска копродукција, а како македонски копродуцент се јавува ОХО продукција. Настанот го организираше модната икона и активистка, Дајан фон Фурстенберг, која преку својата фондација од 2010 година ги доделува наградите DVF на жени кои покажале водство, сила и храброст во својата посветеност на женските прашања во светот. Добитнички на оваа награда годинава беа: Амал Клуни, како адвокат за човечки права која ги брани злоставуваните жртви жирум светот, потоа заменичката на главниот секретар на Обединетите нации, Амина Ј. Мохамед, бранителката на животната средина и човечките права, Хелен Гуалинг, стручњакот за вештачка интелигенција, д-р Џој Буоламвини и поборникот за родова еднаквост, Лили Синг. [caption id="attachment_678539" align="alignnone" width="472"] фото: Инстраграм профил на Тамара Котевска[/caption] Талентираната режисерка сподели неколку фотки од настанот. Тамара изгледаше совршено во бели панталони и кроп-топ блуза на која пишува Амал, со златни реси, во комбинација со црни сандали.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Tamara Kotevska (@tamarakotevska)

The post Гордост и чест ми е што сум препознаена како авторка која има моќно влијание во своите филмови во светот, вели режисерката Тамара Котевска која одржа говор на Фестивалот во Венеција appeared first on Република.

]]>
Македонска премиера на „Соло мод“ на Тамара Котевска вечерва на „Синедејс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonska-premiera-na-solo-mod-na-tamara-kotevska-vecherva-na-sinedejs/ Fri, 08 Jul 2022 07:57:38 +0000 https://republika.mk/?p=525773

Новиот краткометражен филм „Соло мод“ на режисерката Тамара Котевска ќе има македонска премиера вечер од 21 часот во Младинскиот културен центар во склоп на програмата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Како што информира ОХО-продукција, „Соло мод“ е независен краткометражен филм инспириран од Ковид-19, снимен e во 2020 година за време на рестриктивните мерки и строгиот карантин.

Главните улоги ги толкуваат Александар Микиќ, Весна Микиќ, а првпат на филм се појавуваат Иво Микиќ, Ена Микиќ, Павлина Димеска и Гоце Димески.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија. Котевска го снимила заедно со Фејми Даут, кој работел и на колор-корекција. Монтажата е на Мартин Иванов, дизајн на звук на Дарко Спасовски, а продуценти се Тамара Котевска и Илија Тирицовски.

Котевска заедно со Љубо Стефанов го режираше документарниот филм „Медена земја“ во 2019 година, кој е единствен македонски филм досега со две номинации за Оскар.

Светската премиера на нејзиниот нов филм „Соло мод“ беше минатата година на 27. Филмски фестивал во Сараево, во официјалната селекција на кратки филмови.

По проекцијата на „Соло мод“, на програмата на „Синедејс“ ќе биде филмот „Оркестар“. Во 20.30 часот во Гала програмата ќе биде прикажан „Последен рез“ на Мишел Азанависиус на кино кров на ГТЦ. Во киното „Милениум“ во 22.30 часот ќе биде прикажан последниот филм на Кирил Серебреников „Сопругата на Чајковски“.

 

The post Македонска премиера на „Соло мод“ на Тамара Котевска вечерва на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

Новиот краткометражен филм „Соло мод“ на режисерката Тамара Котевска ќе има македонска премиера вечер од 21 часот во Младинскиот културен центар во склоп на програмата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Како што информира ОХО-продукција, „Соло мод“ е независен краткометражен филм инспириран од Ковид-19, снимен e во 2020 година за време на рестриктивните мерки и строгиот карантин. Главните улоги ги толкуваат Александар Микиќ, Весна Микиќ, а првпат на филм се појавуваат Иво Микиќ, Ена Микиќ, Павлина Димеска и Гоце Димески. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија. Котевска го снимила заедно со Фејми Даут, кој работел и на колор-корекција. Монтажата е на Мартин Иванов, дизајн на звук на Дарко Спасовски, а продуценти се Тамара Котевска и Илија Тирицовски. Котевска заедно со Љубо Стефанов го режираше документарниот филм „Медена земја“ во 2019 година, кој е единствен македонски филм досега со две номинации за Оскар. Светската премиера на нејзиниот нов филм „Соло мод“ беше минатата година на 27. Филмски фестивал во Сараево, во официјалната селекција на кратки филмови. По проекцијата на „Соло мод“, на програмата на „Синедејс“ ќе биде филмот „Оркестар“. Во 20.30 часот во Гала програмата ќе биде прикажан „Последен рез“ на Мишел Азанависиус на кино кров на ГТЦ. Во киното „Милениум“ во 22.30 часот ќе биде прикажан последниот филм на Кирил Серебреников „Сопругата на Чајковски“.  

The post Македонска премиера на „Соло мод“ на Тамара Котевска вечерва на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>