Талир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/talir/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Jun 2022 14:32:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Талир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/talir/ 32 32 Истечен е рокот за да се води Талир, поднесен е незаконито, Врховниот суд има одлука за тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/istechen-e-rokot-za-da-se-vodi-talir-podnesen-e-nezakonito-vrhovniot-sud-ima-odluka-za-toa/ Fri, 10 Jun 2022 14:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=513572

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека случајот Талир е поднесен незаконски со истечен рок за да се води воопшто постапка, но и дека е поднесен незаконито од неовластен тужител, Катица Јанева која сега е во затвор поради рекет и за истото Врховниот суд се има произнесено и има донесено одлука дека се незаконски.

Истечен е рокот за да се води било каква постапка за овој предмет. Овој кривичен предмет на почетокот мора да напоменеме дека е поднесен незаконито од неовластен тужител, надвор од рокот од 18 месеци, од страна на сега осудената со правосилна пресуда за рекет, поранешната СЈО Катица Јанева, односно обвинението е поднесено по истек на 16 месеци од овој рок. За ваквите процесни дејствија Врховниот суд веќе има заземено став дека истите се незаконити и практично водени од неовластен тужител - потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека случајот Талир е ништо друго освен политички процес и дефокус на власта, а истото може да се забележи што пресудата беше напишана веднаш по завршните зборови, за кои воопшто немаше време да се слушнат или прочитаат стенограмите.

Самата објава на оваа пресуда наликуваше на се освен на она што треба да биде, а тоа е процесно дејствие. Истата наликуваше на политички процес во режија на СДСМ, ДУИ, обвинителите и судиите. После завршните зборови, веднаш следниот ден, дури и не можеа да ги прочитаат стенограмите од завршните зборови, пресудата беше веќе напишана и следеше само да биде соопштена на јавноста - изјави Мицкоски.

Во насока на тоа дека е политички монтиран процес, посочи дека е и тоа што ВМРО-ДПМНЕ не е обвинет, односно не е странка во постапката, а со пресудата се одзема имотот на ВМРО-ДПМНЕ и притоа без можност да се слушнат аргументите на партијата.

Со тоа се повредува уставно загарантираното право на сопственост, без да при тоа се сослуша претставникот на политичката партија согласно одредбите од законот за кривичната постапка. Дури и во 1949 кога политички се отсекувале глави на политички неистомисленици и со еден или два сведоци се испраќале на Голи Оток или затворите на поранешната држава имало можност да биде сослушано лицето и странката. Во случајот воопшто не бевме сослушани, немавме право да си го кажеме нашето мислење и аргументи - изјави Мицкоски.

Мицкосски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ штом ја добие на писмено пресудата ќе достави жалба и ќе ги искористи сите механизми, па дури и ќе се разгледа опцијата за жалба пред Судот за човекови права во Стразбур.

Ние ќе продолжиме со нашата борба уште помотивирани, и уште поконцентрирани. Единствениот начин за победа над сиромаштијата, стопирање на инфлацијата, економијата да ни оди напред е смена на оваа власт. Затоа што премногу е. Затоа го повикувам секој еден граѓанин да се спротивстави и да се бориме за смена на власта на СДСМ и ДУИ. Гласно да го кажеме незадоволството - нагласи Мицкоски.

The post Истечен е рокот за да се води Талир, поднесен е незаконито, Врховниот суд има одлука за тоа appeared first on Република.

]]>