Талат Џафери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/talat-dzaferi/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 10:15:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Талат Џафери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/talat-dzaferi/ 32 32 Томовски: Маричиќ го барал владиниот авион да лета од Скопје до Ниш, Џафери го барал оти ќе се распаднела коалицијата СДСМ – ДУИ! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tomovski-marichik-go-baral-vladiniot-avion-da-leta-od-skopje-do-nish-dhaferi-go-baral-oti-ke-se-raspadnela-koalitsijata-sdsm-dui/ Mon, 23 Sep 2024 10:15:44 +0000 https://republika.mk/?p=818961

Ивица Томовски, директор на служба за општи и заеднички работи во „Дејли Клик“ на ТВ21 откри две злоупотреби на владиниот авион од минатата влада.

Првиот е кога тогашниот министер Бојан Маричиќ барал со него да лета од Скопје до Ниш, а вториот кога Талат Џафери го барал авионот додека е на сервис, и било побарано веднаш да биде вратен во Скопје, за да не се распаднела коалицијата СДСМ – ДУИ, открива Томовски.

„Има еден обид за злопотреба и една класична злоупотреба на авионот. Како на пример Бојан Маричиќ кога го барал авионот да лета од Скопје до Ниш, а побрзо и поекономично е да стигне до Ниш со возило. И за среќа е одбиен од службата. И вториот случај е кога од страна на Талат Џафери бил побаран владиниот авион во миговите кога бил тој на вонреден сервис во Нирнберг. И додека е авионот на сервис, пилотите одат во САД каде вежбаат на симулатор за летање, по што пилотот добил телефонски повик брзо да се врати во Скопје со авионот. Тој им одговорил дека е расклопен и дека е на сервис и дека не може да се врати, му рекле како знае да го склопи и веднаш да дојде во Скопје, во спротивно ќе се распаднела тогашната коалиција СДСМ – ДУИ. Значи има загрозување на безбедноста на пилотите, патниците кои понатаму ќе летаат со тој авион само да не се распадне коалиција“, рече Томовски.

The post Томовски: Маричиќ го барал владиниот авион да лета од Скопје до Ниш, Џафери го барал оти ќе се распаднела коалицијата СДСМ – ДУИ! appeared first on Република.

]]>

Ивица Томовски, директор на служба за општи и заеднички работи во „Дејли Клик“ на ТВ21 откри две злоупотреби на владиниот авион од минатата влада. Првиот е кога тогашниот министер Бојан Маричиќ барал со него да лета од Скопје до Ниш, а вториот кога Талат Џафери го барал авионот додека е на сервис, и било побарано веднаш да биде вратен во Скопје, за да не се распаднела коалицијата СДСМ – ДУИ, открива Томовски.
„Има еден обид за злопотреба и една класична злоупотреба на авионот. Како на пример Бојан Маричиќ кога го барал авионот да лета од Скопје до Ниш, а побрзо и поекономично е да стигне до Ниш со возило. И за среќа е одбиен од службата. И вториот случај е кога од страна на Талат Џафери бил побаран владиниот авион во миговите кога бил тој на вонреден сервис во Нирнберг. И додека е авионот на сервис, пилотите одат во САД каде вежбаат на симулатор за летање, по што пилотот добил телефонски повик брзо да се врати во Скопје со авионот. Тој им одговорил дека е расклопен и дека е на сервис и дека не може да се врати, му рекле како знае да го склопи и веднаш да дојде во Скопје, во спротивно ќе се распаднела тогашната коалиција СДСМ – ДУИ. Значи има загрозување на безбедноста на пилотите, патниците кои понатаму ќе летаат со тој авион само да не се распадне коалиција“, рече Томовски.

The post Томовски: Маричиќ го барал владиниот авион да лета од Скопје до Ниш, Џафери го барал оти ќе се распаднела коалицијата СДСМ – ДУИ! appeared first on Република.

]]>
На техничкиот премиер му врие https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-tehnichkiot-premier-mu-vrie/ Sat, 22 Jun 2024 12:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=789745

На техничкиот премиер Талат Џафери му врие додека денеска во Собранието се одвива пленарната седница за избор на владата предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На фотографијата што се појави на социјалните мрежи, Талат Џафери може да се види како се разладува со ладен пијалак.

The post На техничкиот премиер му врие appeared first on Република.

]]>

На техничкиот премиер Талат Џафери му врие додека денеска во Собранието се одвива пленарната седница за избор на владата предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На фотографијата што се појави на социјалните мрежи, Талат Џафери може да се види како се разладува со ладен пијалак.

The post На техничкиот премиер му врие appeared first on Република.

]]>
Џафери доби премиерски портрет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-dobi-premierski-portret/ Sun, 16 Jun 2024 08:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=788049

Со функција од привремен карактер, но со фотографија која вечно ќе стои во низата премиери на Македонија. Талат Џафери доби портрет кој ќе стои закачен на ѕидот во влада. Во друштво на Кљусев, Црвенковски, Георгиевски, Груевски и сите останати на оваа функција, техничкиот премиер во заминување ја доби фотографијата рамномерно со нив.

Џафери за овој гест „се пофали“ на својот Фејсбук профил, а упати благодарност до уметникот Едмонд Драми.

Талат Џафери е во заминување од оваа функција, а сега заминува во опозиција. Ќе биде пратеник од редовите на ДУИ.

The post Џафери доби премиерски портрет appeared first on Република.

]]>

Со функција од привремен карактер, но со фотографија која вечно ќе стои во низата премиери на Македонија. Талат Џафери доби портрет кој ќе стои закачен на ѕидот во влада. Во друштво на Кљусев, Црвенковски, Георгиевски, Груевски и сите останати на оваа функција, техничкиот премиер во заминување ја доби фотографијата рамномерно со нив. Џафери за овој гест „се пофали“ на својот Фејсбук профил, а упати благодарност до уметникот Едмонд Драми. Талат Џафери е во заминување од оваа функција, а сега заминува во опозиција. Ќе биде пратеник од редовите на ДУИ.  

The post Џафери доби премиерски портрет appeared first on Република.

]]>
Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-vo-chest-na-kurban-bajram-solidarnosta-ja-oblagoroduva-dushata-i-mu-dava-vrednost-na-zhivotot/ Sun, 16 Jun 2024 07:12:36 +0000 https://republika.mk/?p=788024

Техничкиот премиер Талат Џафери, упати честитка за празникот Курбан Бајрам до поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, како и до членовите на Ријасетот, муфтиите и до верниците од исламска вероисповед, во која истакна:

„Задоволство ми е во име на Владата на Република Македонија и во мое лично име, да упатам искрени честитки по повод големиот муслимански празник, Курбан Бајрам, и да ја изразам радоста што овој свет ден го дочекуваме живи и здрави.

Ви посакувам лично Вам, на членовите на Ријасетот, муфтиите, припадниците на Исламската верска заедница, како и на сите верници од муслиманска вероисповед, над сѐ добро здравје, широкоградост, солидарност и правење добри дела кои ќе им ја облагородат душата и ќе му дадат вредност, мотив и квалитет на вашиот живот.

Во исто време, посакувам аџиите кои актуелно се молат и ја оддаваат потребната почит на светиот пат на аџилакот, да упатат молитви и за сите граѓани и за Република Македонија, нашата заедничка држава, за успешна година, во мир, во благосостојба и виден напредок во секое поле од општествениот и меѓународниот живот. Покрај молитвите, сите заедно да го направиме тоа што можеме за да осигуриме мир, благосостојба, и сигурен живот за оние што во ова време се засегнати од војни, болести и природни несреќи, затоа што животот е свет и сите треба да му се радуваат подеднакво.

Курбан Бајрам нека биде причина за собирање околу семејното огниште, за споделување на радостите, успесите, меѓутоа и грижите и проблемите, затоа што семејството е суштинското јадро и клетка од која почнува и се гради здраво општество со позитивни вредности и стандарди. Нека е честит и за многу години празникот Курбан Бајрам!“, напиша премиерот Џафери во честитката до поглаварот на ИВЗ, Фетаи.

The post Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот appeared first on Република.

]]>

Техничкиот премиер Талат Џафери, упати честитка за празникот Курбан Бајрам до поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, како и до членовите на Ријасетот, муфтиите и до верниците од исламска вероисповед, во која истакна: „Задоволство ми е во име на Владата на Република Македонија и во мое лично име, да упатам искрени честитки по повод големиот муслимански празник, Курбан Бајрам, и да ја изразам радоста што овој свет ден го дочекуваме живи и здрави. Ви посакувам лично Вам, на членовите на Ријасетот, муфтиите, припадниците на Исламската верска заедница, како и на сите верници од муслиманска вероисповед, над сѐ добро здравје, широкоградост, солидарност и правење добри дела кои ќе им ја облагородат душата и ќе му дадат вредност, мотив и квалитет на вашиот живот. Во исто време, посакувам аџиите кои актуелно се молат и ја оддаваат потребната почит на светиот пат на аџилакот, да упатат молитви и за сите граѓани и за Република Македонија, нашата заедничка држава, за успешна година, во мир, во благосостојба и виден напредок во секое поле од општествениот и меѓународниот живот. Покрај молитвите, сите заедно да го направиме тоа што можеме за да осигуриме мир, благосостојба, и сигурен живот за оние што во ова време се засегнати од војни, болести и природни несреќи, затоа што животот е свет и сите треба да му се радуваат подеднакво. Курбан Бајрам нека биде причина за собирање околу семејното огниште, за споделување на радостите, успесите, меѓутоа и грижите и проблемите, затоа што семејството е суштинското јадро и клетка од која почнува и се гради здраво општество со позитивни вредности и стандарди. Нека е честит и за многу години празникот Курбан Бајрам!“, напиша премиерот Џафери во честитката до поглаварот на ИВЗ, Фетаи.  

The post Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот appeared first on Република.

]]>
Собранието одлучи: Талат ќе биде и премиер и пратеник додека се избере нова влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-odluchi-talat-ke-bide-i-premier-i-pratenik/ Tue, 04 Jun 2024 18:38:22 +0000 https://republika.mk/?p=784780

На конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 28 мај 2024 година, уредно беа верификувани мандатите на новоизбраните пратеници во eдинаесеттиот состав на Собранието. Притоа Собранието констатираше дека „на претседателот на Владата и на одреден дел на членовите на Владата со верификацијата на мандатот за пратеник, согласно член 8 став 1 од Изборниот законик им престануваат функциите во Владата. Заради обезбедување континуитет во работата на Владата, Владата ќе ги врши само најнеопходните функции до изборот на нова влада, соопшти попладнево Кабинетот на претседателот на Собранието.

Оваа практика, како што е посочено во соопштението, не се случува за прв пат, а записите за минатите собраниски состави укажуваат на слични констатации и тоа за мандатните периоди 1998-2002, 2002-2006 година и 2006-2008 година.

- Имено, кога не станува збор за оставка на претседателот на Владата, односно на Владата, кога и е изгласана недоверба на Владата или кога е распуштено Собранието, во Уставот, Законот за пратениците, Законот за Собранието и Изборниот законик, не постои одредба која што го уредува прашањето за функционирањето и престанокот на мандатот на Владата, во периодот по конституирањето на Собранието до изборот на нова Влада. Во конкретниот случај треба да се има предвид дека во членовите 43, 44 и 46 во Законот за Владата уредено е прашањето за престанок на мандатот само на министерот за внатрешни работи и на министерот за труд и социјална политика и за престанокот на функциите на дополнителните министри, а за претседателот на Владата и за останатите членови на Владата во законот не постои решение ниту постапка за престанок на функцијата, се вели во соопштението.

На овој начин, како што е посочено во соопштението, и на 28 мај годинава преставниците на политичките партии во Собранието пред конститутивната седница и на самата конститутивна седница останале конзистентни, односно останале на ставот на Собранието од наведените мандатни периоди, заради обезбедување континуитет во работата на Владата, таа да ги врши само најнеопходните функции до изборот на нова влада.

Пратеничката група на „Левица“ денеска соопшти дека до претседателот на Собранието поднела  писмено барање за констатирање престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери од ДУИ - по основ на неспојливост на функцијата пратеник и премиер

The post Собранието одлучи: Талат ќе биде и премиер и пратеник додека се избере нова влада appeared first on Република.

]]>

На конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 28 мај 2024 година, уредно беа верификувани мандатите на новоизбраните пратеници во eдинаесеттиот состав на Собранието. Притоа Собранието констатираше дека „на претседателот на Владата и на одреден дел на членовите на Владата со верификацијата на мандатот за пратеник, согласно член 8 став 1 од Изборниот законик им престануваат функциите во Владата. Заради обезбедување континуитет во работата на Владата, Владата ќе ги врши само најнеопходните функции до изборот на нова влада, соопшти попладнево Кабинетот на претседателот на Собранието. Оваа практика, како што е посочено во соопштението, не се случува за прв пат, а записите за минатите собраниски состави укажуваат на слични констатации и тоа за мандатните периоди 1998-2002, 2002-2006 година и 2006-2008 година.
- Имено, кога не станува збор за оставка на претседателот на Владата, односно на Владата, кога и е изгласана недоверба на Владата или кога е распуштено Собранието, во Уставот, Законот за пратениците, Законот за Собранието и Изборниот законик, не постои одредба која што го уредува прашањето за функционирањето и престанокот на мандатот на Владата, во периодот по конституирањето на Собранието до изборот на нова Влада. Во конкретниот случај треба да се има предвид дека во членовите 43, 44 и 46 во Законот за Владата уредено е прашањето за престанок на мандатот само на министерот за внатрешни работи и на министерот за труд и социјална политика и за престанокот на функциите на дополнителните министри, а за претседателот на Владата и за останатите членови на Владата во законот не постои решение ниту постапка за престанок на функцијата, се вели во соопштението.
На овој начин, како што е посочено во соопштението, и на 28 мај годинава преставниците на политичките партии во Собранието пред конститутивната седница и на самата конститутивна седница останале конзистентни, односно останале на ставот на Собранието од наведените мандатни периоди, заради обезбедување континуитет во работата на Владата, таа да ги врши само најнеопходните функции до изборот на нова влада. Пратеничката група на „Левица“ денеска соопшти дека до претседателот на Собранието поднела  писмено барање за констатирање престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери од ДУИ - по основ на неспојливост на функцијата пратеник и премиер

The post Собранието одлучи: Талат ќе биде и премиер и пратеник додека се избере нова влада appeared first on Република.

]]>
Џафери сака и да се вози и со владиниот „мерцедес“ и да биде пратеник, само ги омаложуваат Албанците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-saka-i-da-se-vozi-i-so-vladiniot-mertsedes-i-da-bide-pratenik-samo-gi-omalozhuvaat-albantsite/ Tue, 04 Jun 2024 11:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=784630

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, во „Дејли Клик“ на ТВ21 го коментираше односот на ДУИ, кој потпиша Декларација која најави дека ќе ја испрати до сите меѓународни институции, со цел, како што велат, со коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ВЛЕН „не е испочитувана волјата на Албанците“.

Сметам дека ДУИ не се грижи толку Албанците и за нивниот стандард и за нивниот начин на живот, колку што се грижи за удобноста на функционерските фотељи во кои ДУИ беа заседнати во изминатите 20 години. И реакциите кои ги произведува се реакции каде се препознава загриженоста на ДУИ од статусот на опозиција. Тоа е проблем на ДУИ, и тоа е дел од демократската игра. Уставот вели дека секој кој има мнозинство од 61 пратеник, има уставно право да формира влада. Ние ќе имаме широка влада поддржана од најмалку 78 пратеници со коалиција со ВЛЕН и ЗНАМ. ДУИ да го прифати ова како политичка реалност, и да престане да ги користи Албанците и да ги омаловажува. Во 2016 година ДУИ тврдеше дека 61 пратеник е уставниот минимум за формирање на влада и ништо друго не е потребно, и треба да си ги видат своите изјави пред 4 и 8 години и дека немаат право да се жалат, рече Милошоски.

Милошоски рече дека кога нивниот градочалник Рамиз Мерко бил ставен на црна листа, тогаш не реагирале, туку сега кога се во опасност да одат во опозиција, тогаш да испраќаат писма.

Талат Џафери сака да се вози и со владиниот мерцедес и да биде премиер, и да биде пратеник. Тоа не може така. Му порачувам да ги почитува законите, и уставот, и да си поднесе оставка од едната функција, рече Милошоски.

Тој кажа дека сите министри од СДСМ веќе си поднесоа оставки, додека министрите од ДУИ и натаму сакаат да седат на две фотељи, и да бидат министри и да бидат пратеници.

The post Џафери сака и да се вози и со владиниот „мерцедес“ и да биде пратеник, само ги омаложуваат Албанците appeared first on Република.

Антикорупциска ќе ги казни Џафери и Демири до 500 евра ако не се откажат од двојните функции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-ke-gi-kazni-dhaferi-i-demiri-do-500-evra-ako-ne-se-otkazhat-od-dvojnite-funktsii/ Mon, 03 Jun 2024 16:21:01 +0000 https://republika.mk/?p=784466

Државната комисија за спречување корупција уште во саботата ги предупреди Талат Џафери и Илир Демири дека треба да ги почитуваат законите и затоа што се дел од новиот пратенички состав мора да се откажат од другите функции - технички премиер и технички министер за здравство, досега тоа не е направено.

Како што дознава „Телма“, и денеска двајцата барале документи со нивен потпис во министерството што јасно укажува дека се уште во забранета позиција на неспојливост на државни функции.

Од ДКСК велат дека ќе добијат и казна ако не се откажат од една функција.

Во случјаот де факто постои неспојливост односно една институција или едно лице извршува двојство на функции. Во тој случај, ДКСК има законска обврска да покрене прекршочна постпка согласно член 105 каде е уредено дека се изрекува глоба од 300 до 500 евра во денарска противвредност на избраното и именуваното лице каде што имаме утврдено неспојливост на функција, изјави Татјана Димитровска, претседател на ДКСК.

Крајниот рок е завршување на денешниот ден, рече Димитровска која ги потсетува пратениците дека треба да ги почитуваат законите, а не да работат спротивно на нив.

Второто решение е и во рацете на Собранието кое мора да ги почитува законите, тврди претседателката на ДКСК.

Собранието е тоа кое ја избира владата и има контролна функција. Треба да ги примени законските одредби, да констатира неспоива функција на пратеник со било која друга фунокија од извршната власта. И на сите пратеници да им укаже на неспоивост и во случај на непостапување од страна на пратениците Собранието треба да постапи согласно член 6 од Законот за Собрание и по член 8 од Законот на пратеници каде е уредено дека на пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран ако настапи случај на неспоивост со функцијата пратеник, изјави за телевизијата Димитровска.

Токму првиот човек на Собранието денеска ги собра на координација претставниците на пратеничките групи, но не за она што го бара ДКСК туку за да испреговара брзо менување на законот за влада со нова структура на министерства. Претседателот на Собранието, Африм Гаши кој пред да биде избран на функцијата си поднесе оставка на лидерската позиција во партијата, сега не сака да ги чепка колегите од Европскиот фронт, па во Топ тема на Телма во петокот немаше одговор ниту на прашањето кој ќе им даде плата на двајцата функционери со по две функции.

Како оправдување за состојбата, Џафери и Демири рекоа дека ќе ги замрзнат пратеничките функции до нивна смена со новата влада, но такво решение не е предвидено во Уставот и законите.

The post Антикорупциска ќе ги казни Џафери и Демири до 500 евра ако не се откажат од двојните функции appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување корупција уште во саботата ги предупреди Талат Џафери и Илир Демири дека треба да ги почитуваат законите и затоа што се дел од новиот пратенички состав мора да се откажат од другите функции - технички премиер и технички министер за здравство, досега тоа не е направено. Како што дознава „Телма“, и денеска двајцата барале документи со нивен потпис во министерството што јасно укажува дека се уште во забранета позиција на неспојливост на државни функции. Од ДКСК велат дека ќе добијат и казна ако не се откажат од една функција.
Во случјаот де факто постои неспојливост односно една институција или едно лице извршува двојство на функции. Во тој случај, ДКСК има законска обврска да покрене прекршочна постпка согласно член 105 каде е уредено дека се изрекува глоба од 300 до 500 евра во денарска противвредност на избраното и именуваното лице каде што имаме утврдено неспојливост на функција, изјави Татјана Димитровска, претседател на ДКСК.
Крајниот рок е завршување на денешниот ден, рече Димитровска која ги потсетува пратениците дека треба да ги почитуваат законите, а не да работат спротивно на нив. Второто решение е и во рацете на Собранието кое мора да ги почитува законите, тврди претседателката на ДКСК.
Собранието е тоа кое ја избира владата и има контролна функција. Треба да ги примени законските одредби, да констатира неспоива функција на пратеник со било која друга фунокија од извршната власта. И на сите пратеници да им укаже на неспоивост и во случај на непостапување од страна на пратениците Собранието треба да постапи согласно член 6 од Законот за Собрание и по член 8 од Законот на пратеници каде е уредено дека на пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран ако настапи случај на неспоивост со функцијата пратеник, изјави за телевизијата Димитровска.
Токму првиот човек на Собранието денеска ги собра на координација претставниците на пратеничките групи, но не за она што го бара ДКСК туку за да испреговара брзо менување на законот за влада со нова структура на министерства. Претседателот на Собранието, Африм Гаши кој пред да биде избран на функцијата си поднесе оставка на лидерската позиција во партијата, сега не сака да ги чепка колегите од Европскиот фронт, па во Топ тема на Телма во петокот немаше одговор ниту на прашањето кој ќе им даде плата на двајцата функционери со по две функции. Како оправдување за состојбата, Џафери и Демири рекоа дека ќе ги замрзнат пратеничките функции до нивна смена со новата влада, но такво решение не е предвидено во Уставот и законите.

The post Антикорупциска ќе ги казни Џафери и Демири до 500 евра ако не се откажат од двојните функции appeared first on Република.

]]>
Професорот по уставно право, Денис Прешова за Талат Џафери: Во типично војнички манир долови дека неговиот ментален склоп е неспоив со демократија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/profesorot-po-ustavno-pravo-denis-preshova-za-talat-dhaferi-vo-tipichno-vojnichki-manir-dolovi-deka-negoviot-mentalen-sklop-e-nespoiv-so-demokratija/ Sat, 01 Jun 2024 09:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=783750

Не стивнуваат реакциите во јавноста околу одлуките кои ги носат политичките претставници кои се во заминување.

Последна реакција пристигнува од професорот по уставно право Денис Прешова кој на својот Фејсбук профил го повика Собранието да реагира и да го опомени Талат Џафери дека не може сам да си бира функции, и истакнува дека не може согласно законите во земајва во исто време да биде и премиер и пратеник. Ако Џафери одбие, Собранието, посочува Прешова, треба да констатира престанок на пратеничкиот мандат на Талат Џафери.

Судејќи по фактот дека некако јавноста почна да го заборава проблемот со акумулираните функции на Талат Џафери и дека одново како да се попушта во доследното третирање на овие правни прашања пред агресивноста во изнесувањето на наводните, а лажни, „правни“ аргументи почувствував потреба кратко да се произнесам околу неспојливоста на пратеничката функција. Одново дотичната особа сака да ни продаде самоволие и силеџиство како правно толкување како и во редица на претходни ситуации како на пример со изборот, вонредната состојба, гласањето за недоверба, ветото и слично. Лажно претставувајќи ни се како некаков врвен правен авторитет и величина, тој всушност во крајно арогантен манир ни укажува дека нема што институциите да постапуваат и да ги применуваат правилата бидејќи правно правило е она што Талат ќе ви каже. Во типично војнички манир – наређење, извршење - ни долови дека неговиот ментален склоп всушност е неспојлив со демократија, парламентаризам и владеење на правото, исто како што пратеничката функција е неспојлива со функцијата претседател на Владата. Институциите мора веднаш да постапат и да ги почитуваат и соодветно да ги спроведуваат правните правила. Едноставно треба да сфатиме дека правилата мора да се почитуваат од сите, а особено кога станува збор за носители на највисоките функции во државата, бидејќи тие треба да бидат пример за сите останати. Но како стојат работите со вистинските правни аргументи на кои сосема исправно се упатуваше во јавниот дискурс во изминатите денови - пишува Прешова.

Понатаму професорот посочува дека „демонстрирајќи класично самоволие Џафери одлучи самиот да си избере која функција ќе му мирува, пратеничката, иако таква можност за мирување кај пратениците апсолутно не постои, а која ќе ја извршува, претседател на Влада, и на кој закон тој ќе се повикува со сопствено толкување“. Прешова дополнува дека ако согалсно оваа одлука на Џафери секој од нас да може сам да си одлучува кои се функции сака да си ги извршува без оглед на правните правила.

Можеби утре Џафери ќе сака во ист момент да биде и претседател на Републиката бидејќи претседателката заминала во странство па ќе потпишува укази за прогласување на закони или самиот да одлучи дека ќе биде претседател на Уставен суд бидејќи ете таму бил блокиран процесот на избор, а тој е најсоодветниот кандидат за таа позиција како една неспорна правно-експертска величина - напоменува тој во постот.

Тој истакнува дека Собранието мора веднаш да го извести Џафери за постоењето на неспојливост на неговата пратеничка функција со функција во извршна власт и ќе му укаже дека престанала неговата функција претседател на Влада, а не нему да му остава да си толкува правни норми како сака и како му одговара.

Воедно потенцира дека согласно законите, ако Џафери остане на премиерското столче, да му биде укинат пратеничкиот мандат кој никако не може да се стави во мирување согласно законите во Македонија.

The post Професорот по уставно право, Денис Прешова за Талат Џафери: Во типично војнички манир долови дека неговиот ментален склоп е неспоив со демократија appeared first on Република.

]]>

Не стивнуваат реакциите во јавноста околу одлуките кои ги носат политичките претставници кои се во заминување. Последна реакција пристигнува од професорот по уставно право Денис Прешова кој на својот Фејсбук профил го повика Собранието да реагира и да го опомени Талат Џафери дека не може сам да си бира функции, и истакнува дека не може согласно законите во земајва во исто време да биде и премиер и пратеник. Ако Џафери одбие, Собранието, посочува Прешова, треба да констатира престанок на пратеничкиот мандат на Талат Џафери.
Судејќи по фактот дека некако јавноста почна да го заборава проблемот со акумулираните функции на Талат Џафери и дека одново како да се попушта во доследното третирање на овие правни прашања пред агресивноста во изнесувањето на наводните, а лажни, „правни“ аргументи почувствував потреба кратко да се произнесам околу неспојливоста на пратеничката функција. Одново дотичната особа сака да ни продаде самоволие и силеџиство како правно толкување како и во редица на претходни ситуации како на пример со изборот, вонредната состојба, гласањето за недоверба, ветото и слично. Лажно претставувајќи ни се како некаков врвен правен авторитет и величина, тој всушност во крајно арогантен манир ни укажува дека нема што институциите да постапуваат и да ги применуваат правилата бидејќи правно правило е она што Талат ќе ви каже. Во типично војнички манир – наређење, извршење - ни долови дека неговиот ментален склоп всушност е неспојлив со демократија, парламентаризам и владеење на правото, исто како што пратеничката функција е неспојлива со функцијата претседател на Владата. Институциите мора веднаш да постапат и да ги почитуваат и соодветно да ги спроведуваат правните правила. Едноставно треба да сфатиме дека правилата мора да се почитуваат од сите, а особено кога станува збор за носители на највисоките функции во државата, бидејќи тие треба да бидат пример за сите останати. Но како стојат работите со вистинските правни аргументи на кои сосема исправно се упатуваше во јавниот дискурс во изминатите денови - пишува Прешова.
Понатаму професорот посочува дека „демонстрирајќи класично самоволие Џафери одлучи самиот да си избере која функција ќе му мирува, пратеничката, иако таква можност за мирување кај пратениците апсолутно не постои, а која ќе ја извршува, претседател на Влада, и на кој закон тој ќе се повикува со сопствено толкување“. Прешова дополнува дека ако согалсно оваа одлука на Џафери секој од нас да може сам да си одлучува кои се функции сака да си ги извршува без оглед на правните правила.
Можеби утре Џафери ќе сака во ист момент да биде и претседател на Републиката бидејќи претседателката заминала во странство па ќе потпишува укази за прогласување на закони или самиот да одлучи дека ќе биде претседател на Уставен суд бидејќи ете таму бил блокиран процесот на избор, а тој е најсоодветниот кандидат за таа позиција како една неспорна правно-експертска величина - напоменува тој во постот.
Тој истакнува дека Собранието мора веднаш да го извести Џафери за постоењето на неспојливост на неговата пратеничка функција со функција во извршна власт и ќе му укаже дека престанала неговата функција претседател на Влада, а не нему да му остава да си толкува правни норми како сака и како му одговара. Воедно потенцира дека согласно законите, ако Џафери остане на премиерското столче, да му биде укинат пратеничкиот мандат кој никако не може да се стави во мирување согласно законите во Македонија.

The post Професорот по уставно право, Денис Прешова за Талат Џафери: Во типично војнички манир долови дека неговиот ментален склоп е неспоив со демократија appeared first on Република.

]]>
Џафери останува да ја извршува функцијата до избор на новата Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-ostanuva-da-ja-izvrshuva-funktsijata-do-izbor-na-novata-vlada/ Tue, 28 May 2024 16:37:18 +0000 https://republika.mk/?p=782491

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието на Република Македонија, на Конститутивната седница на новиот парламентарен состав, најави дека ќе ја извршува функцијата премиер до изборот на новата Влада, и до тогаш нема да учествува во работата и одлуките на Собранието. Премиерот Џафери, се повика на Уставот, законите и досегашните пракси.

Ја известувам јавноста да ги извести соодветните институции официјално дека како Премиер и како владин состав, врз основа на заклучокот на овој владин состав, ќе продолжам да ги вршам должностите и обврските што извираат од функцијата Премиер на земјата до изборот на идната Влада од овој владин состав, и нема да учествувам во работата на Собранието и со тоа, врз основа на Законот за спречување или превенција на корупција и заради спречување на корупција и конфликт на интереси, затоа што не може во исто време да носам две должности, две функции, и поради оваа причина, до изборот на идната Влада, нема да учествувам во работата на Собранието и во одлучувањето во Собранието, за да ги исполнам законските одредби на Законот за спречување на корупција и конфликт на интерес. Ова е за да се информираат сите, за да се надминат сите дилеми во однос на прашањето на понатамошното функционирање на институциите“.

The post Џафери останува да ја извршува функцијата до избор на новата Влада appeared first on Република.

Џафери во чест на Свети Кирил и Методиј: Упорноста и вербата на просветителите, се патоказ кон напредок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-vo-chest-na-sveti-kiril-i-metodij-upornosta-i-verbata-na-prosvetitelite-se-patokaz-kon-napredok/ Fri, 24 May 2024 09:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=781342

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, во името на Владата и во свое име, го честиташе 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Свети Кирили и Методиј“ во Скопје, на ректоката, проф.д-р Биљана Ангелова, на деканите, продеканите, професорите, сенаторите, на студентите на универзитетот и на граѓаните.

– Во името на Владата на Република Македонија и во мое име, го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Свети Кирили и Методиј“ во Скопје, на Вас, на деканите, продеканите, професорите, сенаторите и на сите студенти на универзитетот. Денешниот двоен празник, повикува на упорност и верба во науката и во образованието, како стожерни двигатели на развојот на современа и европска држава, каква што сите посакуваме и целиме да биде Република Македонија. Таквата водечка улога во овој процес му доликува на првиот државен универзитет „Свети Кирил и Методиј“, еден од столбовите на македонската државност и на вас како продолжувачи, и сегашни и идни наследници, на просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј, се вели во честитката од Џафери.

Затоа што, посочува Џафери, како што вели и Свети Климент Охридски за неговите учители „тие со добар подвиг и со цврста вера, минаа како сонце, осветлувајки ги темните места со своите стапки“.

-Не била лесна битката на Браќата Кирил и Методиј, кои во времето кога постоеле само три привилигирани јазици, успеале да го внесат словенскиот јазик на рамнправно рамниште со нив. Со тоа започнува да се развива и современата македонска писменост. И нивното инспиративно дело е и треба да биде патоказ како може и треба да се работи во остварувањето свети цели. Како генерации на денешнината и посебно последниве неколку години, успеавме во заложбите македонскиот стандарден јазик да биде рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици и во Европската Унија и се продолжи и делото на Свети Кирил и Методиј како темелници на европскиот интеркултурализам, нагласува Џафери.

На вас е, продолжува во честитката Џафери, со поголеми сили и да продолжите да се вложувате во науката и образованието. Споделувајте го знаењето и бидете гласни и храбри пред политиката, во развојот на научнообразовната дејност и во нејзиното место во општеството, затоа што вашето влијание е потребно во одржувањето на демократските текови на современа и европска Република Македонија.

-Честит и вековит нека е 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје!“, напиша премиерот Џафери во честитката до ректорката Ангелова.

The post Џафери во чест на Свети Кирил и Методиј: Упорноста и вербата на просветителите, се патоказ кон напредок appeared first on Република.

ДИК рeагира што Џафери им се меша во работата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-reagira-shto-dhaferi-im-se-mesha-vo-rabotata/ Fri, 17 May 2024 12:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=779202

Петседателот на ДИК Александар Даштевски и членовите на ДИК Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш Демири денеска преку соопштение изразуваат загриженост за, како што велат, настаните кои во јавноста се продуцирани од изјави на политички партии и носители на високи владини функции, кои се однесуваат на работата на ДИК за постапувањето по приговорите за парламентарните избори.

- Ве известуваме дека покрај тоа што сме лично понижувани и навредувани, исто така како членови во највисоката институција за организирање и спроведување на изборите, сме изложени и на неосновани и непримерени јавни политички притисоци и на закани за кривична одговорност поради донесените одлуки на ДИК, се вели во реакцијата.

Следејќи го контекстот и интензитетот на нападите, прозивките и навредите, како што наведуваат, исто така сме загрижени и дека е можно да преминат и во лични напади на нашата сигурност.

- Ве известуваме дека ДИК во целост професионално, транспаретно и само врз основа на закон ги спроведе изборите што е потврдено од сите домашни и меѓународни фактори. Исто така и покрај сите непријатности кои ги имаме, сепак со највисок степен на интегритет врз основа на јавна проверка на изборниот материјал ДИК ги утврди фактите и одлучуваше по приговори поднесени од различни учесници за 110 избирачки места, од кои врз основа на образложени докази усвои приговори за само 7 избирачки места за кои имаше правен основ, додека сите останати 103 избирачки места, беа одбиени како неосновани и за нив немаше поднесено тужби ниту еден учесник на изборите, стои во реакцијата.

Според тоа за ДИК, како што се наведува, се неприфатливи и недопуштени нападите, притисоците и мешањето на одредени политички партии и на поединци од техничката Влада во изборните процедури, како и во работата и одлучувањето на ДИК и на Управниот суд.

Посочуваат дека за сето ова денеска на средбата во ДИК била известена и амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР Џилијан Стирк.

Премиерот на техничката Влада Талат Џафери вчера на прес-конференција соопшти дека имало договор за надгласување во Државната изборна комисија за прифаќање на одредени приговори за изборните резултати и прегласување и оти на ваков начин се прави обид за изборен инженеринг за менување на бројките во Собранието и изигрување на волјата на граѓаните. Изборниот процес кој беше оценет како кредибилен и демократски, сега е во рацете на Управниот суд, рече Џафери и повика сите институции да постапуваат согласно закон без партиски директиви од која било страна.

Управниот суд вчера одржа јавна седница по тужба на Коалицијата „Вреди“ по одлуката на ДИК за одбивање на нивниот приговор за избирачко место 0511, во Долна Бањица во Општина Гостивар на Парламентарните избори 2024 година. Постапката беше прекината, откако претставникот на Коалицијата „Вреди“ изјави дека ја повлекува тужбата во целост.

До Државната изборна комисија беа поднесени вкупно 27 приговори за парламентарните избори - девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Прифатени беа седум и тоа шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица. Во Изборната единица 5 прифатени беа приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Во Изборната единица 6 прифатен е еден приговор за избирачкото место 2101 во Желино.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението.Управниот суд, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот

The post ДИК рeагира што Џафери им се меша во работата appeared first on Република.

]]>

Петседателот на ДИК Александар Даштевски и членовите на ДИК Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш Демири денеска преку соопштение изразуваат загриженост за, како што велат, настаните кои во јавноста се продуцирани од изјави на политички партии и носители на високи владини функции, кои се однесуваат на работата на ДИК за постапувањето по приговорите за парламентарните избори.
- Ве известуваме дека покрај тоа што сме лично понижувани и навредувани, исто така како членови во највисоката институција за организирање и спроведување на изборите, сме изложени и на неосновани и непримерени јавни политички притисоци и на закани за кривична одговорност поради донесените одлуки на ДИК, се вели во реакцијата.
  Следејќи го контекстот и интензитетот на нападите, прозивките и навредите, како што наведуваат, исто така сме загрижени и дека е можно да преминат и во лични напади на нашата сигурност.
- Ве известуваме дека ДИК во целост професионално, транспаретно и само врз основа на закон ги спроведе изборите што е потврдено од сите домашни и меѓународни фактори. Исто така и покрај сите непријатности кои ги имаме, сепак со највисок степен на интегритет врз основа на јавна проверка на изборниот материјал ДИК ги утврди фактите и одлучуваше по приговори поднесени од различни учесници за 110 избирачки места, од кои врз основа на образложени докази усвои приговори за само 7 избирачки места за кои имаше правен основ, додека сите останати 103 избирачки места, беа одбиени како неосновани и за нив немаше поднесено тужби ниту еден учесник на изборите, стои во реакцијата.
Според тоа за ДИК, како што се наведува, се неприфатливи и недопуштени нападите, притисоците и мешањето на одредени политички партии и на поединци од техничката Влада во изборните процедури, како и во работата и одлучувањето на ДИК и на Управниот суд. Посочуваат дека за сето ова денеска на средбата во ДИК била известена и амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР Џилијан Стирк. Премиерот на техничката Влада Талат Џафери вчера на прес-конференција соопшти дека имало договор за надгласување во Државната изборна комисија за прифаќање на одредени приговори за изборните резултати и прегласување и оти на ваков начин се прави обид за изборен инженеринг за менување на бројките во Собранието и изигрување на волјата на граѓаните. Изборниот процес кој беше оценет како кредибилен и демократски, сега е во рацете на Управниот суд, рече Џафери и повика сите институции да постапуваат согласно закон без партиски директиви од која било страна. Управниот суд вчера одржа јавна седница по тужба на Коалицијата „Вреди“ по одлуката на ДИК за одбивање на нивниот приговор за избирачко место 0511, во Долна Бањица во Општина Гостивар на Парламентарните избори 2024 година. Постапката беше прекината, откако претставникот на Коалицијата „Вреди“ изјави дека ја повлекува тужбата во целост. До Државната изборна комисија беа поднесени вкупно 27 приговори за парламентарните избори - девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Прифатени беа седум и тоа шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица. Во Изборната единица 5 прифатени беа приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Во Изборната единица 6 прифатен е еден приговор за избирачкото место 2101 во Желино. Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението.Управниот суд, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот

The post ДИК рeагира што Џафери им се меша во работата appeared first on Република.

]]>
Џафери чита свечена изјава со „Република Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-chita-svechena-izjava-so-republika-makedonija/ Mon, 13 May 2024 09:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=777524

На социјалните мрежи се појави видео од претседателот на Собранието Талат Џафери како чита свечена заклетва изговарајќи го името „Република Македонија“. Од видеото се гледа дека Џафери носи маска што значи дека е од периодот на короната кога Македонија веќе го имаше сменето името.

The post Џафери чита свечена изјава со „Република Македонија“ appeared first on Република.

Џафери се огради од Груби: Тој не е ниту Влада, ниту е партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-se-ogradi-od-grubi-toj-ne-e-nitu-vlada-nitu-e-partija/ Fri, 10 May 2024 10:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=776710

Ниту Европскиот фронт, ниту ДУИ не повикуваа, ниту мотивираа на бојкот, беше оставено на слободната волја на граѓаните да ја изразат на гласачкото место, кажа премиерот Талат Џафери на денешната прес-конференција.

Во однос на бојкотот на Артан Груби, на вториот круг на претседателските избори, Џафери кажа дека неговиот став е индивидуален и дека не став ниту на Владата, ниту на партијата.

Индивидуалните ставови не можат да се претставуваат како генерални ставови на субјектот. Груби ниту е Влада, ниту е партија. Јас имав изјава како премиер на избирачкото место и потврдив дека ги земав двете ливчиња и гласав. Индивидуалниот став не е општ став по кој може да се извлече заклучок. Нека си е министер, индивидуа е во однос на Владата, не е став на Владата, ниту на партиски органи. Индивидуално може да каже што сака, тоа е слобода и на мисла и на изразување - одговори Џафери и додаде дека не може да се повикува на одговорност.

The post Џафери се огради од Груби: Тој не е ниту Влада, ниту е партија appeared first on Република.

]]>

Ниту Европскиот фронт, ниту ДУИ не повикуваа, ниту мотивираа на бојкот, беше оставено на слободната волја на граѓаните да ја изразат на гласачкото место, кажа премиерот Талат Џафери на денешната прес-конференција. Во однос на бојкотот на Артан Груби, на вториот круг на претседателските избори, Џафери кажа дека неговиот став е индивидуален и дека не став ниту на Владата, ниту на партијата.
Индивидуалните ставови не можат да се претставуваат како генерални ставови на субјектот. Груби ниту е Влада, ниту е партија. Јас имав изјава како премиер на избирачкото место и потврдив дека ги земав двете ливчиња и гласав. Индивидуалниот став не е општ став по кој може да се извлече заклучок. Нека си е министер, индивидуа е во однос на Владата, не е став на Владата, ниту на партиски органи. Индивидуално може да каже што сака, тоа е слобода и на мисла и на изразување - одговори Џафери и додаде дека не може да се повикува на одговорност.

The post Џафери се огради од Груби: Тој не е ниту Влада, ниту е партија appeared first on Република.

]]>
Џафери: Спроведовме европски избори и придонесовме во европското поведение на земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-sprovedovme-evropski-izbori-i-pridonesovme-vo-evropskoto-povedenie-na-zemjata/ Fri, 10 May 2024 10:12:03 +0000 https://republika.mk/?p=776705

Спроведовме европски избори во слободни, мир, фер и демократски изборни процеси во двата изборни круга. Со тоа, со право можам да оценам дека придонесовме во европското поведение на земјата, која што стреми да биде членка на ЕУ, порача на денешната прес-конференција техничкиот премиер Талат Џафери.

Тој на прес-конференцијата на којашто се осврна на работата на Владата во изминатите 100 дена, посочи дека овие избори ќе се спомнуваат по тоа како може и како треба да се работи во интерес на граѓаните и државата.

Се обврзав пред граѓаните дека ќе овозможиме слободно изразување на граѓанската волја на претседателските и парламентарни избори. Ова е обврска доверена согласно Уставот и законите и јас како премиер и Владата доследно ја исполнивме. Потврда на моите зборови се и честитките и изразите на почит на нашите европски партнери. Ако по нешто се оценуваат европските и демократските капацитети на една власт, тогаш тоа се изборите - рече Џафери.

Тој изрази благодарност до институциите и до граѓаните затоа што, како што рече, беа на висина на одговорноста и придонесуваат кон заложбите државата да напредува според европските вредности.

Токму вака, на дело се работи за големата европска идеја. Очекувам овој процес да го следи и следниот владин состав, затоа што иднината на Македонија, мирот, спокојот и перспективите на граѓаните се директно поврзани со напредокот во евроинтеграциите и реализацијата на полноправното членство во динамичен процес до 2030 година - додаде Џафери.

Според Џафери, сега треба и мора да се продолжи по европскиот пат, со преточување на граѓанската волја во новата извршна власт.

Граѓаните очекуваат реализација на ветеното, но и стабилно, предвидливо и стабилно општество, во кое ќе се чувствуваат сигурно и во чекор со развиениот демократски свет. Со чист образ, мирна совест и можна почит кон сите граѓани можам да оценам дека тоа што го најавив кога стапив на должност дека ќе работам во интерес на сите граѓани и државата, и го спроведов. Потврдив дека моето именување за премиер, како прв премиер Албанец е уште еден придонес во демократијата. Продолживме по стратешки евроантлански колосек, реализирав бројни средби на значајни меѓународни настани - додаде Џафери.

Како што рече, ги донеле сите други потребни одлуки кои се значајни за квалитетот на животот на граѓаните, согласно надлежностите од Уставот и законите.

Овде мислам на решенија кои ги изнајдовме за приоритетните проблеми, и во таа насока, спроведена е ефикасна координација со и помеѓу институциите. Доаѓајќи од Законодавниот дом, имав прилика да се насочам и на прашањата кои што беа иницирани од поодамна, а за кои имав можност да најдам решение во својство на премиер - потенцираше Џафери.

The post Џафери: Спроведовме европски избори и придонесовме во европското поведение на земјата appeared first on Република.

]]>

Спроведовме европски избори во слободни, мир, фер и демократски изборни процеси во двата изборни круга. Со тоа, со право можам да оценам дека придонесовме во европското поведение на земјата, која што стреми да биде членка на ЕУ, порача на денешната прес-конференција техничкиот премиер Талат Џафери. Тој на прес-конференцијата на којашто се осврна на работата на Владата во изминатите 100 дена, посочи дека овие избори ќе се спомнуваат по тоа како може и како треба да се работи во интерес на граѓаните и државата.
Се обврзав пред граѓаните дека ќе овозможиме слободно изразување на граѓанската волја на претседателските и парламентарни избори. Ова е обврска доверена согласно Уставот и законите и јас како премиер и Владата доследно ја исполнивме. Потврда на моите зборови се и честитките и изразите на почит на нашите европски партнери. Ако по нешто се оценуваат европските и демократските капацитети на една власт, тогаш тоа се изборите - рече Џафери.
Тој изрази благодарност до институциите и до граѓаните затоа што, како што рече, беа на висина на одговорноста и придонесуваат кон заложбите државата да напредува според европските вредности.
Токму вака, на дело се работи за големата европска идеја. Очекувам овој процес да го следи и следниот владин состав, затоа што иднината на Македонија, мирот, спокојот и перспективите на граѓаните се директно поврзани со напредокот во евроинтеграциите и реализацијата на полноправното членство во динамичен процес до 2030 година - додаде Џафери.
Според Џафери, сега треба и мора да се продолжи по европскиот пат, со преточување на граѓанската волја во новата извршна власт.
Граѓаните очекуваат реализација на ветеното, но и стабилно, предвидливо и стабилно општество, во кое ќе се чувствуваат сигурно и во чекор со развиениот демократски свет. Со чист образ, мирна совест и можна почит кон сите граѓани можам да оценам дека тоа што го најавив кога стапив на должност дека ќе работам во интерес на сите граѓани и државата, и го спроведов. Потврдив дека моето именување за премиер, како прв премиер Албанец е уште еден придонес во демократијата. Продолживме по стратешки евроантлански колосек, реализирав бројни средби на значајни меѓународни настани - додаде Џафери.
Како што рече, ги донеле сите други потребни одлуки кои се значајни за квалитетот на животот на граѓаните, согласно надлежностите од Уставот и законите.
Овде мислам на решенија кои ги изнајдовме за приоритетните проблеми, и во таа насока, спроведена е ефикасна координација со и помеѓу институциите. Доаѓајќи од Законодавниот дом, имав прилика да се насочам и на прашањата кои што беа иницирани од поодамна, а за кои имав можност да најдам решение во својство на премиер - потенцираше Џафери.

The post Џафери: Спроведовме европски избори и придонесовме во европското поведение на земјата appeared first on Република.

]]>
Koмандант Форина го бакна знамето на УЧК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komandant-forina-go-bakna-znameto-na-uchk/ Mon, 06 May 2024 18:40:11 +0000 https://republika.mk/?p=774794

Талат Џафери го бакна знамето на УЧК, која во 2001 година се бореше против македонската армија.Тој отиде во Тропоја во Албанија за да го слави  Тахир Синани, борец за Голема Албанија.

Кој еТахир Синани

Тахир Синани е борец за „обединување на албанските етнички територии“ и „командант“  на УЧК.Во Македонија во 2001 стигнал и до „титулата“ „командант“ на 116-та бригада „Џемо Хаса-Гостивари“.

The post Koмандант Форина го бакна знамето на УЧК appeared first on Република.

Џафери: Обединети да продолжиме да ја унапредуваме државата и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-obedineti-da-prodolzhime-da-ja-unapreduvame-drzhavata-i-da-osigurame-blagosostojba-denes-i-za-idnite-pokolenija/ Sun, 05 May 2024 09:05:20 +0000 https://republika.mk/?p=774421

Претседателот на Техничката Влада, Талат Џафери, во име на Владата и во свое име, испрати телеграма со честитки за најголемиот христијански празник, Воскресение Христово - Велигден, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, до православните верници и до сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.

Задоволство ми е во име на Владата на Република Македонија и во мое име, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово - Велигден, Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот. Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата, се наведува во честитката.

Како што се посочува во честитката, особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит.

Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија, стои во честитката од Џафери до поглаварот на МПЦ - ОА, г.г. Стефан.

The post Џафери: Обединети да продолжиме да ја унапредуваме државата и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија appeared first on Република.

Џафери: Убеден сум дека ќе ги отстраниме предрасудите дека Албанците не можат и не знаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-ubeden-sum-deka-ke-gi-otstranime-predrasudite-deka-albantsite-ne-mozhat-i-ne-znaat/ Sat, 04 May 2024 14:36:48 +0000 https://republika.mk/?p=774182

Кандидатот за пратеник во Шестата изборна единица на Европскиот фронт предводен од ДУИ, Талат Џафери, кој ја извршува и функцијата премиер во техничката Влада, денеска на прес-конференција во Скопје рече дека должноста премиер ја извршувал доследно и дека Албанците, како што посочи, имаат потенцијал и се подготвени за еден премиер за сите.

Ви се обраќам со мирна совест, затоа што тоа што го ветив кога ја преземав одговорната должност на премиер, го спроведував и продолжувам да го спроведувам доследно. Работев посветено и професионално. Убеден дека ќе ги отстраниме еднаш и засекогаш всадените предрасуди и стереотипи во широкиот менталитет дека Албанците не можат, не знаат и немаат право, рече Џафери.

Посочи дека Владата, под негово водство, иако прв приоритет и бил одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори на фер и демократски начин, во ниту еден момент не била надвор од рамката на функционална и доверлива институција.

Докажавме дека одговорноста и водењето на државата ги носиме на еднаков начин, станувајќи пример на зрелоста и взаемната почит. Докажавме дека можеме да владееме одговорно во целата земја, во сите околности и со сите граѓани. Тоа се вредности што ги негуваме уште од независноста на државата, за градење на рамноправна држава и општество, рече Џафери.

Прашан дали настапува како технички премиер или како претставник на ДУИ, Џафери рече дека настапува како кандидат за пратеник, но и дека една од точките во изборната програма на Европскиот фронт е еден премиер за сите.

Јас сум втор на кандидатската листа за пратеници во Шестата изборна единица и како кандидат за пратеник одржувам прес денеска. Впрочем една од точките во програмата е премиер за сите така што во тој контекст нема никаква пречка да сум овде пред вас, пред сите граѓани, изјави Џафери.

Не откри кој од двајцата кандидати за претседател ќе ја добие поддршката од Европскиот фронт. Упати одговорот да се бара кај раководството на Европскиот фронт.

The post Џафери: Убеден сум дека ќе ги отстраниме предрасудите дека Албанците не можат и не знаат appeared first on Република.

Џафери: Гласот на граѓаните ќе го потврди европскиот пат на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-glasot-na-graganite-ke-go-potvrdi-evropskiot-pat-na-drzhavata/ Wed, 24 Apr 2024 17:08:57 +0000 https://republika.mk/?p=770296

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, утрово во родното Форино го оствари своето гласачко право на денешните претседателски избори.

Во изјавата дадена за медиумите по гласањето, премиерот Џафери посака мирен изборен ден во кој граѓаните ќе ја искажат својата сопствена волја, а должност на државните институции е тоа да го овозможат.

Премиерот порача дека, овие избори се од голема важност бидејќи од нив зависи во кој правец ќе се движи државата.

Во овие три децении од самостојноста на државата, основна определба е дека земјата и граѓаните претендираат членство во ЕУ и ние сме должни тоа да го обезбедиме. Секако, граѓаните преку својата волја, со гласање тоа ќе го потврдат. Имајќи ги предвид глобалните состојби, но и состојбите во регионот, сметам дека мнозинството граѓани тоа ќе го искажат и низ процесот на гласање", изјави претседателот на Владата, Џафери.

The post Џафери: Гласот на граѓаните ќе го потврди европскиот пат на државата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, утрово во родното Форино го оствари своето гласачко право на денешните претседателски избори. Во изјавата дадена за медиумите по гласањето, премиерот Џафери посака мирен изборен ден во кој граѓаните ќе ја искажат својата сопствена волја, а должност на државните институции е тоа да го овозможат. Премиерот порача дека, овие избори се од голема важност бидејќи од нив зависи во кој правец ќе се движи државата.
Во овие три децении од самостојноста на државата, основна определба е дека земјата и граѓаните претендираат членство во ЕУ и ние сме должни тоа да го обезбедиме. Секако, граѓаните преку својата волја, со гласање тоа ќе го потврдат. Имајќи ги предвид глобалните состојби, но и состојбите во регионот, сметам дека мнозинството граѓани тоа ќе го искажат и низ процесот на гласање", изјави претседателот на Владата, Џафери.

The post Џафери: Гласот на граѓаните ќе го потврди европскиот пат на државата appeared first on Република.

]]>
Талат Џафери: Овие избори се од особено значење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/talat-dhaferi-ovie-izbori-se-od-odobeno-znachene/ Wed, 24 Apr 2024 17:04:14 +0000 https://republika.mk/?p=769981

Техничкиот премиер Талат Џафери, оценува дека овие избори се од особено значење особено, бидејќи се избира власт која ќе даде правец во кој земјава ќе оди по изборите.

Тој во родното село Форино го исполни своето гласачко право и порача дека денеска граѓаните го користат своето уставно и законско право за слободно изразување на својата волја, низ процес на гласање.

Секако сметам дека учесниците во изборниот процес, и во кампањата предизборна, успеале да допрат до волјата на граѓаните да ги убедат по однос на определбите на секој од нив, програмските определби за пристап кон гласањето, изјави тој.

Според Џафери, од почетокот на денот, првите информации што ги добил е дека изборите течат нормално без никаков проблем.

На сите избирачки места отпочна процесот на време и тече онака како што е предвидено и со закон, и како што би требало да биде. Тоа е апел да продолжи во текот на денот во ваквиот ритам, мирно без никакви проблеми, без никакви влијанија, да можат граѓаните да ја изразат својата волја, рече Џафери.

Оцени дека овие избори се од особено значење.

Значењето на овие избори е особено и поради фактот што ова не се избори со коишто ќе се добие нова власт или кој ќе биде носителот на власта, туку е битно од контекстот во кој правец земјава ќе оди после изборите. Во крајна инстанца тоа е слобода на волја, ние сите сме должни тоа да го обезбедиме за граѓаните, и јас сум убеден дека тоа така ќе биде до крајот на денот, рече Џафери.

The post Талат Џафери: Овие избори се од особено значење appeared first on Република.

]]>

Техничкиот премиер Талат Џафери, оценува дека овие избори се од особено значење особено, бидејќи се избира власт која ќе даде правец во кој земјава ќе оди по изборите. Тој во родното село Форино го исполни своето гласачко право и порача дека денеска граѓаните го користат своето уставно и законско право за слободно изразување на својата волја, низ процес на гласање.
Секако сметам дека учесниците во изборниот процес, и во кампањата предизборна, успеале да допрат до волјата на граѓаните да ги убедат по однос на определбите на секој од нив, програмските определби за пристап кон гласањето, изјави тој.
Според Џафери, од почетокот на денот, првите информации што ги добил е дека изборите течат нормално без никаков проблем.
На сите избирачки места отпочна процесот на време и тече онака како што е предвидено и со закон, и како што би требало да биде. Тоа е апел да продолжи во текот на денот во ваквиот ритам, мирно без никакви проблеми, без никакви влијанија, да можат граѓаните да ја изразат својата волја, рече Џафери.
Оцени дека овие избори се од особено значење.
Значењето на овие избори е особено и поради фактот што ова не се избори со коишто ќе се добие нова власт или кој ќе биде носителот на власта, туку е битно од контекстот во кој правец земјава ќе оди после изборите. Во крајна инстанца тоа е слобода на волја, ние сите сме должни тоа да го обезбедиме за граѓаните, и јас сум убеден дека тоа така ќе биде до крајот на денот, рече Џафери.
 
The post Талат Џафери: Овие избори се од особено значење appeared first on Република.

]]>
Семејството му дојде на Талат во Влада за да му прослават роденден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/semejstvoto-mu-dojde-na-talat-vo-vlada-za-da-mu-proslavat-rodenden/ Tue, 16 Apr 2024 12:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=766757

Благослов е на 62 години да имаш со кого да споделиш радост, на кого да се гордееш, од кого да примиш честитки за роденден. Ви благодарам!“.

Ова го напиша техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук откако семејството му организираше роденденско изненадување додека тој беше на работа.

Освен подароци, Џафери доби и роденденска торта на која на албански јазик пишуваше: „Среќен роденден, премиере“.

The post Семејството му дојде на Талат во Влада за да му прослават роденден appeared first on Република.

]]>

Благослов е на 62 години да имаш со кого да споделиш радост, на кого да се гордееш, од кого да примиш честитки за роденден. Ви благодарам!“. Ова го напиша техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук откако семејството му организираше роденденско изненадување додека тој беше на работа. Освен подароци, Џафери доби и роденденска торта на која на албански јазик пишуваше: „Среќен роденден, премиере“.