таксисти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/taksisti/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Dec 2023 07:42:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png таксисти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/taksisti/ 32 32 Четиридневен штрајк на таксистите во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chetiridneven-shtrajk-na-taksistite-vo-grtsija/ Mon, 04 Dec 2023 07:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=719131

Таксистите во Грција од утрово започнаа два 48-часовни штрајкови, поради новиот предлог-закон за даноци и начин на оданочување, додека пак Атина, без такси ќе биде утре и задутре, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Федерацијата на такси возила во цела Грција соопштија дека штрајкот е од денеска во пет часот наутро и ќе трае до петок во исто време, а паралелно ги повикаа синдикатите на таксистите од земјата масовно да учествуваат.

- Да нема ниту едно такси на улиците, Владата мора да разбере дека нашата сектор се уништува, пишува во соопштението.

Таксистите во Атина, организирани од нивниот Синдикат, од своја страна донесоа едногласна одлука да одржат 48-часовен штрајк утре и задутре за, како што велат, да го изразат нивното незадоволство за новиот закон.

Ова е втор штрајк на таксистите во Грција за помалку од две седмици, со оглед на тоа дека 24-часовен штрајк, од истите причини, одржаа на 22 ноември.

The post Четиридневен штрајк на таксистите во Грција appeared first on Република.

]]>

Таксистите во Грција од утрово започнаа два 48-часовни штрајкови, поради новиот предлог-закон за даноци и начин на оданочување, додека пак Атина, без такси ќе биде утре и задутре, јави дописничката на МИА од Атина. Од Федерацијата на такси возила во цела Грција соопштија дека штрајкот е од денеска во пет часот наутро и ќе трае до петок во исто време, а паралелно ги повикаа синдикатите на таксистите од земјата масовно да учествуваат. - Да нема ниту едно такси на улиците, Владата мора да разбере дека нашата сектор се уништува, пишува во соопштението. Таксистите во Атина, организирани од нивниот Синдикат, од своја страна донесоа едногласна одлука да одржат 48-часовен штрајк утре и задутре за, како што велат, да го изразат нивното незадоволство за новиот закон. Ова е втор штрајк на таксистите во Грција за помалку од две седмици, со оглед на тоа дека 24-часовен штрајк, од истите причини, одржаа на 22 ноември.

The post Четиридневен штрајк на таксистите во Грција appeared first on Република.

]]>
Таксистите од Барселона на протест поради цените на горивото: Ем е прескапо, ем го нема на бензинските пумпи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/taksistite-od-barselona-na-protest-poradi-cenite-na-gorivoto-em-e-preskapo-em-go-nema-na-benzinskite-pumpi/ Thu, 24 Mar 2022 14:49:51 +0000 https://republika.mk/?p=477765

Таксистите во Барселона најавија серија организирани протести против поскапувањето на горивото, почнувајќи со бавна колона низ градот.

Зголемените цени на горивата вршат притисок врз нашето секојдневно работење - се вели во локалното професионално здружение на таксисти.

Во Барселона, но и ширум Шпанија, може да се забележи и дека некои бензински пумпи веќе воопшто немаат гориво.

https://www.youtube.com/watch?v=KLBBdiR44uo&feature=emb_title

Цената на бензинот силно удри по џебот на возачите и производството на големите компании трпи огромни загуби. Ширум Европа, по големиот скок на цените на горивото, расте бранот штрајкови на камионџиите. На масовните протести, освен Шпанија, се приклучија и Италија, Германија и Франција.

Така, со барањата да се запре поскапувањето на горивата, колона од 250 камиони помина низ улиците на Хамбург. Камиони ги блокираат главните патишта и во Шпанија. Камионџиите бараат да престане наглото поскапување на бензините и дизелот. За само еден месец горивата во Шпанија и Франција поскапе за 15%. Во Велика Британија, пак, цените на бензинот достигнаа историски максимум од над 1,67 фунти (2,2 долари) за литар.

Поради ваквите штрајкови, постепено почнаа да се појавуваат последиците изразени во недостиг на залихи, особено на свежи производи.

 

 

The post Таксистите од Барселона на протест поради цените на горивото: Ем е прескапо, ем го нема на бензинските пумпи appeared first on Република.

]]>

Таксистите во Барселона најавија серија организирани протести против поскапувањето на горивото, почнувајќи со бавна колона низ градот.
Зголемените цени на горивата вршат притисок врз нашето секојдневно работење - се вели во локалното професионално здружение на таксисти.
Во Барселона, но и ширум Шпанија, може да се забележи и дека некои бензински пумпи веќе воопшто немаат гориво. https://www.youtube.com/watch?v=KLBBdiR44uo&feature=emb_title Цената на бензинот силно удри по џебот на возачите и производството на големите компании трпи огромни загуби. Ширум Европа, по големиот скок на цените на горивото, расте бранот штрајкови на камионџиите. На масовните протести, освен Шпанија, се приклучија и Италија, Германија и Франција. Така, со барањата да се запре поскапувањето на горивата, колона од 250 камиони помина низ улиците на Хамбург. Камиони ги блокираат главните патишта и во Шпанија. Камионџиите бараат да престане наглото поскапување на бензините и дизелот. За само еден месец горивата во Шпанија и Франција поскапе за 15%. Во Велика Британија, пак, цените на бензинот достигнаа историски максимум од над 1,67 фунти (2,2 долари) за литар. Поради ваквите штрајкови, постепено почнаа да се појавуваат последиците изразени во недостиг на залихи, особено на свежи производи.    

The post Таксистите од Барселона на протест поради цените на горивото: Ем е прескапо, ем го нема на бензинските пумпи appeared first on Република.

]]>