такса Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/taksa/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Sep 2024 07:42:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png такса Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/taksa/ 32 32 Грција воведува нова такса: Туристите од крузерите на Миконос и Санторини ќе плаќаат по 20 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsija-voveduva-nova-taksa-turistite-od-kruzerite-na-mikonos-i-santorini-ke-plakaat-po-20-evra/ Mon, 09 Sep 2024 09:03:30 +0000 https://republika.mk/?p=814543

Грчкиот премиер, Киријакос Митотакис, најави дека Грција ќе воведе данок од 20 евра за посетителите од туристичките бродови кои пловат кон островите Санторини и Миконос за време на летната сезона, во обид да го спречи прекумерниот туризам.

Грција во голема мера се потпира на туризмот, главниот двигател на економијата на земјата, која сè уште се опоравува од децениската длабока економска криза која збриша четвртина од нејзиниот бруто домашен производ.

Сепак, некои од нејзините најпопуларни дестинации, како што е Санторини, идиличен остров кој поседува шармантни села и плажи со 20.000 постојани жители, се изложени на ризик да бидат уништени од масовниот туризам.

На прес-конференцијата, при претставувањето на неговите главни економски политики за 2025 година, Микотакис објасни дека преголемиот туризам е проблем само за неколку дестинации.

Грција нема структурен проблем со прекумерниот туризам. Некои од нејзините дестинации имаат голем проблем во одредени седмици или месеци од годината, со кои треба да се справиме. Крузерите ги оптоварија Санторини и Миконос и затоа интервенираме“, додаде Мицотакис објавувајќи го воведувањето на таксата.

Во Санторини, демонстранти повикаа на ограничување на туризмот, како што е случај во другите популарни дестинации за одмор во Европа, вклучувајќи ги Венеција и Барселона.

Владата, исто така, планира да го регулира бројот на бродовите за крстосување кои пристигнуваат на одредени дестинации во исто време, додека на островите мора да се воведат правила кои ќе ја заштитат животната средина и ќе го решат проблемот со недостигот на вода, посочи Мицотакис.

Грција сака да го зголеми и данокот за краткорочни изнајмувања и да забрани нови лиценци за такви изнајмувања во центарот на Атина за да го зголеми бројот станбени единици кои ќе бидат пристапни за постојаните жители, како што тоа го најавија градските власти на каталонската престолнина Барселона.

The post Грција воведува нова такса: Туристите од крузерите на Миконос и Санторини ќе плаќаат по 20 евра appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер, Киријакос Митотакис, најави дека Грција ќе воведе данок од 20 евра за посетителите од туристичките бродови кои пловат кон островите Санторини и Миконос за време на летната сезона, во обид да го спречи прекумерниот туризам. Грција во голема мера се потпира на туризмот, главниот двигател на економијата на земјата, која сè уште се опоравува од децениската длабока економска криза која збриша четвртина од нејзиниот бруто домашен производ. Сепак, некои од нејзините најпопуларни дестинации, како што е Санторини, идиличен остров кој поседува шармантни села и плажи со 20.000 постојани жители, се изложени на ризик да бидат уништени од масовниот туризам. На прес-конференцијата, при претставувањето на неговите главни економски политики за 2025 година, Микотакис објасни дека преголемиот туризам е проблем само за неколку дестинации.
Грција нема структурен проблем со прекумерниот туризам. Некои од нејзините дестинации имаат голем проблем во одредени седмици или месеци од годината, со кои треба да се справиме. Крузерите ги оптоварија Санторини и Миконос и затоа интервенираме“, додаде Мицотакис објавувајќи го воведувањето на таксата.
Во Санторини, демонстранти повикаа на ограничување на туризмот, како што е случај во другите популарни дестинации за одмор во Европа, вклучувајќи ги Венеција и Барселона.
Владата, исто така, планира да го регулира бројот на бродовите за крстосување кои пристигнуваат на одредени дестинации во исто време, додека на островите мора да се воведат правила кои ќе ја заштитат животната средина и ќе го решат проблемот со недостигот на вода, посочи Мицотакис.
Грција сака да го зголеми и данокот за краткорочни изнајмувања и да забрани нови лиценци за такви изнајмувања во центарот на Атина за да го зголеми бројот станбени единици кои ќе бидат пристапни за постојаните жители, како што тоа го најавија градските власти на каталонската престолнина Барселона.

The post Грција воведува нова такса: Туристите од крузерите на Миконос и Санторини ќе плаќаат по 20 евра appeared first on Република.

]]>
Бугарија ја укинува таксата за рускиот гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-ja-ukinuva-taksata-za-ruskiot-gas/ Tue, 12 Dec 2023 09:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=722024

Бугарија донесе одлука да го укине данокот за транзит на гас од Русија кој минува низ територијата на таа земја, со цел да ги подобри односите со членките на Европската унија и да се приклучи кон Шенген зоната.

Воведувањето на тој данок предизвика загриженост во цела Југоисточна Европа, поради што Унгарија го нарече потегот на Бугарија „непријателски“ и ја повика ЕУ да спроведе истрага. Овој данок неминовно доведува до поскапување на гасот, објави Блумберг.

Бугарија сега планира да ги промени законите за укинување на даноците, рекоа Бојко Борисов и Кирил Петков, поранешни премиери и лидери на двете најголеми партии во земјата. Ова го изјавија пред состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од Централна и Источна Европа што се одржува во Словенија, а на кој ќе се разговара и за Шенген и за борбата против нерегуларната миграција.

Не смееме да ја пропуштиме оваа шанса поради такса. Добрососедските односи секогаш ни биле многу важни - рече Борисов.

The post Бугарија ја укинува таксата за рускиот гас appeared first on Република.

]]>

Бугарија донесе одлука да го укине данокот за транзит на гас од Русија кој минува низ територијата на таа земја, со цел да ги подобри односите со членките на Европската унија и да се приклучи кон Шенген зоната. Воведувањето на тој данок предизвика загриженост во цела Југоисточна Европа, поради што Унгарија го нарече потегот на Бугарија „непријателски“ и ја повика ЕУ да спроведе истрага. Овој данок неминовно доведува до поскапување на гасот, објави Блумберг. Бугарија сега планира да ги промени законите за укинување на даноците, рекоа Бојко Борисов и Кирил Петков, поранешни премиери и лидери на двете најголеми партии во земјата. Ова го изјавија пред состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од Централна и Источна Европа што се одржува во Словенија, а на кој ќе се разговара и за Шенген и за борбата против нерегуларната миграција. Не смееме да ја пропуштиме оваа шанса поради такса. Добрососедските односи секогаш ни биле многу важни - рече Борисов.  

The post Бугарија ја укинува таксата за рускиот гас appeared first on Република.

]]>
Бектеши-Сијарто: Заедничка координација на Македонија и Унгарија за идни чекори за поставената такса на руски гас од Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-sijarto-zaednichka-koordinatsija-na-makedonija-i-ungarija-za-idni-chekori-za-postavenata-taksa-na-ruski-gas-od-bugarija/ Thu, 30 Nov 2023 10:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=717876

Министерот за економија Крешик Бектеши денеска оствари работен состанок со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто.

Тема на состанокот на кој што присуствуваа и генералниот директор на АД НОМА Гас, Бајрам Реџепи и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски беше таксата за руски гас која што ја наметна Република Бугарија.

Двајцата министри разговараа за следните чекори кои што ќе се превземат со цел отстранување на таксата на руски гас што ја наметна Бугарија, која како што се согласија е нелегална и е непријателски чин.

На состанокот беше договорена заедничка кородинација на владите на Македонија и Унгарија во насока на превземање на конкретни активности за обезбедување на енергетска безбедност на двете земји и сигурност во снабдувањето со гас.

„Целосно сме посветени во решавање на проблемот кој го наметна Бугарија со воведување на такса на рускиот гас и изнаоѓање на заедничко решение преку координирани активности на сите засегнати страни. Македонија ги поддржува сите иницијативи за решавање на настанатиот проблем“, кажа министерот Бектеши на состанoкот.

Министерот Бектеши и министерот Сијарто се согласија дека дивиерзификација на изворите за снабдување со гас се крајна цел на која двете земји ќе работат заеднички во наредниот период.

Унгарија е помеѓу првите 10 трговски партнери на Македонија е значаен политички и економски партнер и странски инвеститор во земјата, со нагорен тренд на трговската размена и континуиран суфицит на извозот од наша страна.

The post Бектеши-Сијарто: Заедничка координација на Македонија и Унгарија за идни чекори за поставената такса на руски гас од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешик Бектеши денеска оствари работен состанок со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто. Тема на состанокот на кој што присуствуваа и генералниот директор на АД НОМА Гас, Бајрам Реџепи и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски беше таксата за руски гас која што ја наметна Република Бугарија. Двајцата министри разговараа за следните чекори кои што ќе се превземат со цел отстранување на таксата на руски гас што ја наметна Бугарија, која како што се согласија е нелегална и е непријателски чин. На состанокот беше договорена заедничка кородинација на владите на Македонија и Унгарија во насока на превземање на конкретни активности за обезбедување на енергетска безбедност на двете земји и сигурност во снабдувањето со гас. „Целосно сме посветени во решавање на проблемот кој го наметна Бугарија со воведување на такса на рускиот гас и изнаоѓање на заедничко решение преку координирани активности на сите засегнати страни. Македонија ги поддржува сите иницијативи за решавање на настанатиот проблем“, кажа министерот Бектеши на состанoкот. Министерот Бектеши и министерот Сијарто се согласија дека дивиерзификација на изворите за снабдување со гас се крајна цел на која двете земји ќе работат заеднички во наредниот период. Унгарија е помеѓу првите 10 трговски партнери на Македонија е значаен политички и економски партнер и странски инвеститор во земјата, со нагорен тренд на трговската размена и континуиран суфицит на извозот од наша страна.

The post Бектеши-Сијарто: Заедничка координација на Македонија и Унгарија за идни чекори за поставената такса на руски гас од Бугарија appeared first on Република.

]]>
Владата се уште не добила одговор од Европската комисија за бугарската такса на рускиот гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-se-ushte-ne-dobila-odgovor-od-evropskata-komisija-za-bugarskata-taksa-na-ruskiot-gas/ Fri, 03 Nov 2023 14:02:57 +0000 https://republika.mk/?p=697843

Владата се уште нема добиено одговор по испратениот допис до Европската комисија за таксата што ја наметнува Бугарија за рускиот гас.

Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, се уште не е јасно дали „Гаспром“ ќе ја прифати таксата, но земјава е подготвена за тоа ако биде директно погодена.

Европската комисија го усвои барањето на Бугарија за таксата кон „Гаспром“. Таму состојбите се уште не се најјасни, дали „Гаспром“ ќе ја прифати таа такса и што ќе значи тоа. Ние инсистираме на ослободување на капацитети за да не бидеме директно погодени, но, секако, ако тоа се случи, како што најави премиерот, ние сме подготвени зашто последицата е поскапа струја и зголемени трошоци за компаниите. Затоа бараме ЕК да и помогне на нашата држава во совладување на оваа новонастаната ситуација - рече Битиќи, на новинарско прашање по настанот за проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени“.

Таксата што ја наметна Бугарија е 10 евра за мегават час. Владата од Европската комисија побара да се ослободи капацитет за да може да набавуваме гас од други извори, односно да нема оптоварување од оваа дополнителна такса.

The post Владата се уште не добила одговор од Европската комисија за бугарската такса на рускиот гас appeared first on Република.

]]>

Владата се уште нема добиено одговор по испратениот допис до Европската комисија за таксата што ја наметнува Бугарија за рускиот гас. Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, се уште не е јасно дали „Гаспром“ ќе ја прифати таксата, но земјава е подготвена за тоа ако биде директно погодена.
Европската комисија го усвои барањето на Бугарија за таксата кон „Гаспром“. Таму состојбите се уште не се најјасни, дали „Гаспром“ ќе ја прифати таа такса и што ќе значи тоа. Ние инсистираме на ослободување на капацитети за да не бидеме директно погодени, но, секако, ако тоа се случи, како што најави премиерот, ние сме подготвени зашто последицата е поскапа струја и зголемени трошоци за компаниите. Затоа бараме ЕК да и помогне на нашата држава во совладување на оваа новонастаната ситуација - рече Битиќи, на новинарско прашање по настанот за проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени“.
Таксата што ја наметна Бугарија е 10 евра за мегават час. Владата од Европската комисија побара да се ослободи капацитет за да може да набавуваме гас од други извори, односно да нема оптоварување од оваа дополнителна такса.

The post Владата се уште не добила одговор од Европската комисија за бугарската такса на рускиот гас appeared first on Република.

]]>
Бектеши: До крајот на ноември ќе чекаме одговор на нашето барање за таксата за транзит на руски гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-do-krajot-na-noemvri-ke-chekame-odgovor-na-nasheto-barane-za-taksata-za-tranzit-na-ruski-gas/ Wed, 01 Nov 2023 19:53:39 +0000 https://republika.mk/?p=697217

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека до крајот на ноември ќе се чека одговор на нашето барање до Европската комисија за таксата што ја воведе Бугарија за транзит на рускиот гас.

До крајот на месец ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисја за воведената такса за транзит на руски гас од страна на Бугарија. Нашето барање е да се ослободат дополнителни капацитети на гасоводот којшто го имаме со Бугарија и којшто е целосно закупен од „Гаспром“. Доколку не се ослободат потребните количини за нашите потреби, ќе бараме конпензирање на штетата од страна на Европската комисија за непочитување на нивните директиви, а зошто да не и да ја бараме правдата во меѓународен спор со Европската комисија и со „Булгаргастранс“, истакна Бектеши вечерва во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24.

Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекува годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра.

The post Бектеши: До крајот на ноември ќе чекаме одговор на нашето барање за таксата за транзит на руски гас appeared first on Република.