таки фити Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/taki-fiti/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jul 2024 09:37:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png таки фити Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/taki-fiti/ 32 32 Фити: Идејата на ВЛЕН е небулозна, во МАНУ има четворица вработени од албанска националност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fiti-idejata-na-vlen-e-nebulozna-vo-manu-ima-chetvoritsa-vraboteni-od-albanska-natsionalnost/ Mon, 29 Jul 2024 09:37:32 +0000 https://republika.mk/?p=801268

Ова е апсурдна идеја. Во ниту една современа земја, нема две национални академии. Постои само една која што е репрезент на научната мисла на конкретната земја. Тоа е небулозна идеја, вели за „Локално“ академик Таки Фити по најавите и барањето на коалицијата ВЛЕН за формирање на албанска Академија на науките и уметностите, паралелна со МАНУ.

Фити е дециден дека академија не може да се формира врз основа на етички принципи.

-Битна е науката и придонесот на потенцијалните членови на академијата во соодветната област. Во МАНУ се избираат академици врз база на вонредно-строги критериуми. Претпоследниот циклус на избори во Академијата беа дополнително засилени и така ќе остане. Академијата е национална, но тоа не значи само на Македонците, туку на сите други етникуми во Македонија. И порано и сега, имало академци кои биле високо почитувани со различна етничка припадност. Имало и Власи, Турци, Албанци, дури има и една Полјачка. Денес во Академијата имаме четири членови од албанска националност, од кои двајца се активни и работат. Академиците Беџети и Абази како редовни членови, додека како дописен член е академик Зеќири, истакнува Фити, потсетувајќи се и на Луан Старова кој почина во 2022 година.

-Вие знаете кој беше Луан Старова – еминентен писател, книжевник и писател. Не е проблем и нема да биде проблем да влезат и Албанци и Власи и Турци. Отсекогаш така било и ќе остане, категоричен е академикот, вели Фити за Локално.

Вели дека ги слушнал забелешките од политичките партии зошто нема ниту еден вработен Албанец.

-Луѓето ги мешаат работите. Во МАНУ, академиците нема статус на вработени, туку вработени во Академијата се административниот и техничкиот персонал во рамки на Секретаријатот и научни соработници со научни звања. Не бегаме од тоа да примиме Албанци, Власи или Турци – проблем е дали луѓето ќе се јават на конкурс. Имавме низа конкурси и ниту еден Албанец не ни се јавил, зборувам за техничкиот персонал. Ако ги исполнува условите и критериумите, сигурно ќе биде примен, нас не не интересира националност, потврдува Фити.

Академикот го повтори својот став дека е ова е небулозна идеја и ваквите најави, како што вели, немаат врска.

-Во наука не смеат да се инкорпираат етнички или политички принципи. МАНУ е независна, самостојна, највисока научна и уметничка институција – така е формирана по закон и така ќе опстои во иднина. Тука не правиме никакви компромиси, заклучува Фити.

The post Фити: Идејата на ВЛЕН е небулозна, во МАНУ има четворица вработени од албанска националност appeared first on Република.

]]>

Ова е апсурдна идеја. Во ниту една современа земја, нема две национални академии. Постои само една која што е репрезент на научната мисла на конкретната земја. Тоа е небулозна идеја, вели за „Локално“ академик Таки Фити по најавите и барањето на коалицијата ВЛЕН за формирање на албанска Академија на науките и уметностите, паралелна со МАНУ. Фити е дециден дека академија не може да се формира врз основа на етички принципи.
-Битна е науката и придонесот на потенцијалните членови на академијата во соодветната област. Во МАНУ се избираат академици врз база на вонредно-строги критериуми. Претпоследниот циклус на избори во Академијата беа дополнително засилени и така ќе остане. Академијата е национална, но тоа не значи само на Македонците, туку на сите други етникуми во Македонија. И порано и сега, имало академци кои биле високо почитувани со различна етничка припадност. Имало и Власи, Турци, Албанци, дури има и една Полјачка. Денес во Академијата имаме четири членови од албанска националност, од кои двајца се активни и работат. Академиците Беџети и Абази како редовни членови, додека како дописен член е академик Зеќири, истакнува Фити, потсетувајќи се и на Луан Старова кој почина во 2022 година.
-Вие знаете кој беше Луан Старова – еминентен писател, книжевник и писател. Не е проблем и нема да биде проблем да влезат и Албанци и Власи и Турци. Отсекогаш така било и ќе остане, категоричен е академикот, вели Фити за Локално. Вели дека ги слушнал забелешките од политичките партии зошто нема ниту еден вработен Албанец.
-Луѓето ги мешаат работите. Во МАНУ, академиците нема статус на вработени, туку вработени во Академијата се административниот и техничкиот персонал во рамки на Секретаријатот и научни соработници со научни звања. Не бегаме од тоа да примиме Албанци, Власи или Турци – проблем е дали луѓето ќе се јават на конкурс. Имавме низа конкурси и ниту еден Албанец не ни се јавил, зборувам за техничкиот персонал. Ако ги исполнува условите и критериумите, сигурно ќе биде примен, нас не не интересира националност, потврдува Фити.
Академикот го повтори својот став дека е ова е небулозна идеја и ваквите најави, како што вели, немаат врска.
-Во наука не смеат да се инкорпираат етнички или политички принципи. МАНУ е независна, самостојна, највисока научна и уметничка институција – така е формирана по закон и така ќе опстои во иднина. Тука не правиме никакви компромиси, заклучува Фити.

The post Фити: Идејата на ВЛЕН е небулозна, во МАНУ има четворица вработени од албанска националност appeared first on Република.

]]>
Буџетот е во лоша кондиција, висок јавен долг, корупција и сива економија: Академик Фити ги лоцираше приоритетите на новата влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/budhetot-e-vo-losha-konditsija-visok-javen-dolg-koruptsija-i-siva-ekonomija-akademik-fiti-gi-lotsirashe-prioritetite-na-novata-vlada/ Wed, 29 May 2024 10:13:55 +0000 https://republika.mk/?p=782747

Забрзување на економскиот раст и развој, продолжување на евроинтеграцискиот процес и борба против корупцијата, се трите клучни приоритети на кои треба да се фокусира новата влада, смета академик Таки Фити.

Тој денеска порача дека мора да продолжат и реформите, а треба, како што изјави, и да се отвори широк фронт на борба против сивата економија.

Фити не сакаше да го коментира најавениот заем од 1 милијарда евра зашто околу тоа, рече, се уште нема никакви информации.

Во однос на инфлацијата, рече дека монетарната и фискалната политика мора да се координираат. Ако има фискална недисциплина и ако буџетот троши многу, оцени, нема централна банка што може да ја спречи инфлацијата. Ние тука, рече академик Фити, имаме проблем – големи буџетски дефицити поради кризата, големи трошења, зголемување на просечната и минималната плата надвор од движењата на продуктивноста, голема увозна зависност и поголема инфлација во однос на земјите од регионот,…

Не може да одржиме висока ценовна, макроекономска и финансиска стабилност без дисциплинирана фискална политика. Новата влада мора да води сметка за тоа. Нејзиниот приоритет треба да биде, прво, да се забрза економскиот раст и развој, второ, да продолжи евроинтеграцискиот процес и трето, борба против корупцијата. Тоа се основните приоритети и се сосема добро профилирани или ставени на маса високо во агендата на програмата на идната влада. Голема врева меѓу економистите крена прашањето за едната милијарда. Често ме прашуваат за мислење, јас им реков – немам коментар околу тоа, а не е ни многу коректно. Новинарите инсистираат, ги прашуваат професорите, бидејќи немаме никакви информации што и како е тоа. Не е коректно многу да се прашува и за самата влада зашто веднаш почнаа да го врзуваат луѓето со милијардата од Тајван, незнаејќи за што станува збор. Не знаеме тоа што е, но ќе видиме. Тоа не би го коментирал, но се разбира дека владата треба да продолжи со реформите – подвлече Фити.

Според него, буџетот е во тешка ситуација.

Имаме висок долг, треба да се отвори широк фронт на борба против сивата економија. Таму има огромен потенцијал да ги зголемиме буџетските приходи за да може владата полесно да управува со фискалната политика, а тоа може да ја олесни координацијата со монетарната политика – истакна академик Фити.

Се што се случува надвор, на макроекономски план, укажа, има големо значење и висока релевантност за земјава.

Клучните предизвици за македонската економија се поврзани со она што се случи по кризата од 2007 – 2009 година. По оваа криза следуваа нови удари и падови. Кризата од 2007 – 2009 година во ЕУ се трансформираше во должничка криза, а потоа и во криза на еврото. ЕУ е битна за нас зашто е наше релевантно подрачје на увоз и извоз, но и курсот на денарот е врзан со еврото. Следуваше КОВИД-19 што направи големо затворање и на се тоа се надоврза енергетската криза. Македонија по 2008 година го изгуби фискалниот простор. До 2007-ма имавме учество на јавниот долг во БДП околу 23%, па за 5-6 години дојдовме на 26%. Денес, како резултат на двете кризи, преку 60% е учеството на јавниот долг. Прашањето е дали и колку е одржлив, што треба да правиме за да стане одржлив и кои фискални правила се применуваат – рече Фити.

Негова препорака е Фискаланиот совет да контролира како се трошат буџетските средства, дали и колку се почитуваат основните буџетски правила – долгот да не биде поголем од 60 отсто, буџетските дефицити да се сведат на два до три проценти, за пет-шест години да дојдеме до нормално ниво на задолженост,…

Како што рече Фити, монетарната политика нема голема зависност.

Врзани сме со централната банка, но тука има многу сериозни прашања. Кога се јави енергетската криза инфлацијата во светски размери се зголеми, каматните стапки пораснаа секаде, па и кај нас. Сега има големи дилеми кога ќе почнат да се намалуваат каматните стапки што е битно за бизнисот и за заживување на економијата. Американската централна банка е во големи тензии, тие имаат скоро 5,5 референтна каматна стапка, бизнисот таму очекуваше годинава да се намали за 1,5 процентен поен и да дојде до 4, но најавите се дека нема да се намали повеќе од 0,5 %. Европската централна банка рече дека ќе почне со намалување, но и тие се плашат да не проработи инфлацијата повторно. Ако тие почнат со намалување, нормално дека тоа нашата Централна банка ќе го следи. Од тоа што таму се случува, зависи каква ќе биде и нашата монетарна политика – објасни Фити.

Научната расправа на тема „Макроекономијата по Големата рецесија 2007 – 2009 година – релевантноста на промените за економската наука и за македонската економија“ ја организира Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Дискусиите од расправата, откако ќе бидат авторизирани од страна на учесниците, МАНУ ќе ги објави во посебен Зборник на трудови од научната расправа.

The post Буџетот е во лоша кондиција, висок јавен долг, корупција и сива економија: Академик Фити ги лоцираше приоритетите на новата влада appeared first on Република.

]]>

Забрзување на економскиот раст и развој, продолжување на евроинтеграцискиот процес и борба против корупцијата, се трите клучни приоритети на кои треба да се фокусира новата влада, смета академик Таки Фити. Тој денеска порача дека мора да продолжат и реформите, а треба, како што изјави, и да се отвори широк фронт на борба против сивата економија. Фити не сакаше да го коментира најавениот заем од 1 милијарда евра зашто околу тоа, рече, се уште нема никакви информации. Во однос на инфлацијата, рече дека монетарната и фискалната политика мора да се координираат. Ако има фискална недисциплина и ако буџетот троши многу, оцени, нема централна банка што може да ја спречи инфлацијата. Ние тука, рече академик Фити, имаме проблем – големи буџетски дефицити поради кризата, големи трошења, зголемување на просечната и минималната плата надвор од движењата на продуктивноста, голема увозна зависност и поголема инфлација во однос на земјите од регионот,…
Не може да одржиме висока ценовна, макроекономска и финансиска стабилност без дисциплинирана фискална политика. Новата влада мора да води сметка за тоа. Нејзиниот приоритет треба да биде, прво, да се забрза економскиот раст и развој, второ, да продолжи евроинтеграцискиот процес и трето, борба против корупцијата. Тоа се основните приоритети и се сосема добро профилирани или ставени на маса високо во агендата на програмата на идната влада. Голема врева меѓу економистите крена прашањето за едната милијарда. Често ме прашуваат за мислење, јас им реков – немам коментар околу тоа, а не е ни многу коректно. Новинарите инсистираат, ги прашуваат професорите, бидејќи немаме никакви информации што и како е тоа. Не е коректно многу да се прашува и за самата влада зашто веднаш почнаа да го врзуваат луѓето со милијардата од Тајван, незнаејќи за што станува збор. Не знаеме тоа што е, но ќе видиме. Тоа не би го коментирал, но се разбира дека владата треба да продолжи со реформите – подвлече Фити.
Според него, буџетот е во тешка ситуација.
Имаме висок долг, треба да се отвори широк фронт на борба против сивата економија. Таму има огромен потенцијал да ги зголемиме буџетските приходи за да може владата полесно да управува со фискалната политика, а тоа може да ја олесни координацијата со монетарната политика – истакна академик Фити.
Се што се случува надвор, на макроекономски план, укажа, има големо значење и висока релевантност за земјава.
Клучните предизвици за македонската економија се поврзани со она што се случи по кризата од 2007 – 2009 година. По оваа криза следуваа нови удари и падови. Кризата од 2007 – 2009 година во ЕУ се трансформираше во должничка криза, а потоа и во криза на еврото. ЕУ е битна за нас зашто е наше релевантно подрачје на увоз и извоз, но и курсот на денарот е врзан со еврото. Следуваше КОВИД-19 што направи големо затворање и на се тоа се надоврза енергетската криза. Македонија по 2008 година го изгуби фискалниот простор. До 2007-ма имавме учество на јавниот долг во БДП околу 23%, па за 5-6 години дојдовме на 26%. Денес, како резултат на двете кризи, преку 60% е учеството на јавниот долг. Прашањето е дали и колку е одржлив, што треба да правиме за да стане одржлив и кои фискални правила се применуваат – рече Фити.
Негова препорака е Фискаланиот совет да контролира како се трошат буџетските средства, дали и колку се почитуваат основните буџетски правила – долгот да не биде поголем од 60 отсто, буџетските дефицити да се сведат на два до три проценти, за пет-шест години да дојдеме до нормално ниво на задолженост,… Како што рече Фити, монетарната политика нема голема зависност.
Врзани сме со централната банка, но тука има многу сериозни прашања. Кога се јави енергетската криза инфлацијата во светски размери се зголеми, каматните стапки пораснаа секаде, па и кај нас. Сега има големи дилеми кога ќе почнат да се намалуваат каматните стапки што е битно за бизнисот и за заживување на економијата. Американската централна банка е во големи тензии, тие имаат скоро 5,5 референтна каматна стапка, бизнисот таму очекуваше годинава да се намали за 1,5 процентен поен и да дојде до 4, но најавите се дека нема да се намали повеќе од 0,5 %. Европската централна банка рече дека ќе почне со намалување, но и тие се плашат да не проработи инфлацијата повторно. Ако тие почнат со намалување, нормално дека тоа нашата Централна банка ќе го следи. Од тоа што таму се случува, зависи каква ќе биде и нашата монетарна политика – објасни Фити.
Научната расправа на тема „Макроекономијата по Големата рецесија 2007 – 2009 година – релевантноста на промените за економската наука и за македонската економија“ ја организира Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Дискусиите од расправата, откако ќе бидат авторизирани од страна на учесниците, МАНУ ќе ги објави во посебен Зборник на трудови од научната расправа.

The post Буџетот е во лоша кондиција, висок јавен долг, корупција и сива економија: Академик Фити ги лоцираше приоритетите на новата влада appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Одржливиот економски раст и развој е возможен само со структурни и системски промени какви што спроведува оваа влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-odrzhliviot-ekonomski-rast-i-razvoj-e-vozmozhen-samo-so-strukturni-i-sistemski-promeni-kakvi-shto-sproveduva-ovaa-vlada/ Tue, 31 Jan 2023 07:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=602815

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, го отвори третиот панел насловен „Инвестиции и економски раст во услови на кризи“ кој се одржа во рамките на годишната владина конференција „Година на нови можности“.

Вицепремиерот Битиќи во првиот дел говореше за клучните економски промени и предизвици со кои се соочи и ги презема оваа Влада.

Еден од клучните предизвици со кој се зафативме и на кој работиме е рестуктурирањето на нашата економија. Во 2018 година беше одобрен планот за економски раст којшто е првата мерка коишто ние како Влада ја поставивме со среднорочна развојна компонентна и којашто секако влијае на менување на реструктуирање на нашата економија. За прв пат тогаш почнавме наместо поддршка на инвестициите и само на странските инвестиции да ги поддржуваме сите видови на инвестиции без разлика дали се тие домашни или странски и можам со гордост да кажам денеска дека навистина имаме што да покажаме како исход на оваа променета политика. Ова покажува дека Владата не е фокусирана само во еден од параметрите во економијата, а тоа е растот на БДП како макроекономска категорија, туку клучно е дали се поддржуваат компаниите, бизнисот, дали бизнисот е спремен да одговори на предизвиците за да го донесе толку посакуваниот раст и развој. Сметам дека особено поддршката во производствениот сектор којшто изминатите пет години го имаме направено значително ја има променето целата структура, истакна Битиќи.

Системската работа, рече вицепремиерот влијае и на рамномерниот регионален развој наспроти креирање на економски кои го продлабочуваат јазот во регионите.

Вицепремиерот во своето обраќање се осврна и на странските директни инвестиции.

Минатата година, според Централната банка имавме 560 милиони евра странски инвестиции и тоа што ме радува е тоа што за тоа користиме нула средства на нашите граѓани за да се промовираме. Има една изрека на англиски, „најдобриот начин за да промовираш и да ги поттикнеш компаниите да инвестираат е добриот збор од уста. Тоа е тоа што го правиме, истакна Битиќи.

На дел од панелот беа и Кире Наумов, директор на Развојна банка на Македонија, Таки Фити, Академик - МАНУ, Илија Господинов од МАСИТ како претставник на Платформата за јавно приватен дијалог, и Бранко Азески потпретседател на Коморско инвестицискиот форум на Западен Балкан, кој се обрати на конференцијата преку видео обраќање.

Во своето видео обраќање тој потенцираше дека формалната соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор е во добра корелација но дека суштински може да се подобри. Тој истакна дека е важно да продолжат реформските процеси како и зголемуњето на регионалната конкурентност, развојот на производството со додадена вредност како и зголемување на квотите за увоз на работна сила.

Согласни сме со ставот на Владата за зголемување на квотите за увоз на работна сила, секако имајќи ги предвид националните интереси но и интересите на бизнис секторот и неговиот развој. На 100 годишнината од постоењето на Стопанската комора на Македонија, донесовме еден суштински документ, тоа е декларацијата за Општествен консензус за економските политики и мерки во наредниот период кој се совпаѓа со Националната развојна стратегија и ќе направиме сè за заедно со Владата да ги усогласиме тие два документи да станат окосница за нашето работење и утврдување на нашите приоритети, истакна Азески.

Во своето обраќање академикот Таки Фити се осврна на Националната развојна стратегија, инклузивниот процес на нејзиното креирање и значење.

Ова е многу значаен, визионерски стратегиски документ за основните развојни правци, предизвици и визии на Република Македонија во сите сфери на општественото живеење. Пристапот мора да биде научен и објективен и да се постигне широк консензус од сите релевантни чинители во Македонија, рече академик Фити.

Тој додаде дека кога МАНУ се вклучила во составувањето на Стратегијата во 2022 година вршела ревизија во студиите, преку актуелизација на податоците.

Извршниот директор на Развојната банка на Република Македонија, Кире Наумов зборуваше за важноста на Развојната Банка како финансиска поддршка на развојот.

За три години пласиравме речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти. Само во 2022 година пласирани се средства во износ од 107 милиони евра. Пласманите на кредитите се во различни дејности. НОколу 40% се за поддршка на микро, мали и средни компании во производствената дејност. Кредитните линии беа насочени кон поддржување на ликвидноста на компаниите, инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, зачувување и отворање на нови работни места, со што во изминатите три години, се зачуваа околу 40.800 и се отворија околу 1.500 нови работни места.

На оваа тема се осврна и вицепремиерот Битиќи кој потенцираше дека Владата умешно успеа во период на криза Развојната Банка да ја направи најдобрата алатка во финансискиот систем, која воведе нови механизми и инструменти кои би требало да го поддржуваат развојот на нашата земја.

Не само што ја докапитализиравме Развојната банка, туку тие успешно и умешно креираа механизми заедно со Владата во кој ги пилотираа и беа пионери во финансискиот пазар во нашата земја. Во секоја развиена земја токму развојната банка ја има таа улога и сум горд дека и во период на криза тоа го направивме и сметам дека имаме партнер кој го немавме пред пет години, потенцираше Битиќи.

Илија Господинов, претседател на управниот одбор на МАСИТ, како претставник на Платформата за јавно приватен дијалот се осврна на напорите на владата во однос на подобрување на продуктивноста на нашите работници, која секако треба да биде основа за зголемување на аутпутот на бизнисите, и секако на крај на денот да резултира со повисоки плати и повисок стандард за работниците.

Со луѓето кои ги имаме, добро образовани и добро тренирани можеме да постигнеме одлични резултати и веќе ги постигнуваме. Кога зборуваме за продуктивноста мораме двострано да ја гледаме. Продуктивноста на страна на приватниот сектор се покажува со обезбедување на добри услови, продуктивноста на страна на државата мора да биде фокусирана кон темелите за сè да може да расте. А темелите се инфраструктура и образование. Со што ќе се потрудиме да имаме национален пристап за задржување на добрите кадри во земјата, истакна Господинов.

The post Битиќи: Одржливиот економски раст и развој е возможен само со структурни и системски промени какви што спроведува оваа влада appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, го отвори третиот панел насловен „Инвестиции и економски раст во услови на кризи“ кој се одржа во рамките на годишната владина конференција „Година на нови можности“. Вицепремиерот Битиќи во првиот дел говореше за клучните економски промени и предизвици со кои се соочи и ги презема оваа Влада.
Еден од клучните предизвици со кој се зафативме и на кој работиме е рестуктурирањето на нашата економија. Во 2018 година беше одобрен планот за економски раст којшто е првата мерка коишто ние како Влада ја поставивме со среднорочна развојна компонентна и којашто секако влијае на менување на реструктуирање на нашата економија. За прв пат тогаш почнавме наместо поддршка на инвестициите и само на странските инвестиции да ги поддржуваме сите видови на инвестиции без разлика дали се тие домашни или странски и можам со гордост да кажам денеска дека навистина имаме што да покажаме како исход на оваа променета политика. Ова покажува дека Владата не е фокусирана само во еден од параметрите во економијата, а тоа е растот на БДП како макроекономска категорија, туку клучно е дали се поддржуваат компаниите, бизнисот, дали бизнисот е спремен да одговори на предизвиците за да го донесе толку посакуваниот раст и развој. Сметам дека особено поддршката во производствениот сектор којшто изминатите пет години го имаме направено значително ја има променето целата структура, истакна Битиќи.
Системската работа, рече вицепремиерот влијае и на рамномерниот регионален развој наспроти креирање на економски кои го продлабочуваат јазот во регионите. Вицепремиерот во своето обраќање се осврна и на странските директни инвестиции.
Минатата година, според Централната банка имавме 560 милиони евра странски инвестиции и тоа што ме радува е тоа што за тоа користиме нула средства на нашите граѓани за да се промовираме. Има една изрека на англиски, „најдобриот начин за да промовираш и да ги поттикнеш компаниите да инвестираат е добриот збор од уста. Тоа е тоа што го правиме, истакна Битиќи.
На дел од панелот беа и Кире Наумов, директор на Развојна банка на Македонија, Таки Фити, Академик - МАНУ, Илија Господинов од МАСИТ како претставник на Платформата за јавно приватен дијалог, и Бранко Азески потпретседател на Коморско инвестицискиот форум на Западен Балкан, кој се обрати на конференцијата преку видео обраќање. Во своето видео обраќање тој потенцираше дека формалната соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор е во добра корелација но дека суштински може да се подобри. Тој истакна дека е важно да продолжат реформските процеси како и зголемуњето на регионалната конкурентност, развојот на производството со додадена вредност како и зголемување на квотите за увоз на работна сила.
Согласни сме со ставот на Владата за зголемување на квотите за увоз на работна сила, секако имајќи ги предвид националните интереси но и интересите на бизнис секторот и неговиот развој. На 100 годишнината од постоењето на Стопанската комора на Македонија, донесовме еден суштински документ, тоа е декларацијата за Општествен консензус за економските политики и мерки во наредниот период кој се совпаѓа со Националната развојна стратегија и ќе направиме сè за заедно со Владата да ги усогласиме тие два документи да станат окосница за нашето работење и утврдување на нашите приоритети, истакна Азески.
Во своето обраќање академикот Таки Фити се осврна на Националната развојна стратегија, инклузивниот процес на нејзиното креирање и значење.
Ова е многу значаен, визионерски стратегиски документ за основните развојни правци, предизвици и визии на Република Македонија во сите сфери на општественото живеење. Пристапот мора да биде научен и објективен и да се постигне широк консензус од сите релевантни чинители во Македонија, рече академик Фити.
Тој додаде дека кога МАНУ се вклучила во составувањето на Стратегијата во 2022 година вршела ревизија во студиите, преку актуелизација на податоците. Извршниот директор на Развојната банка на Република Македонија, Кире Наумов зборуваше за важноста на Развојната Банка како финансиска поддршка на развојот.
За три години пласиравме речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти. Само во 2022 година пласирани се средства во износ од 107 милиони евра. Пласманите на кредитите се во различни дејности. НОколу 40% се за поддршка на микро, мали и средни компании во производствената дејност. Кредитните линии беа насочени кон поддржување на ликвидноста на компаниите, инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, зачувување и отворање на нови работни места, со што во изминатите три години, се зачуваа околу 40.800 и се отворија околу 1.500 нови работни места.
На оваа тема се осврна и вицепремиерот Битиќи кој потенцираше дека Владата умешно успеа во период на криза Развојната Банка да ја направи најдобрата алатка во финансискиот систем, која воведе нови механизми и инструменти кои би требало да го поддржуваат развојот на нашата земја.
Не само што ја докапитализиравме Развојната банка, туку тие успешно и умешно креираа механизми заедно со Владата во кој ги пилотираа и беа пионери во финансискиот пазар во нашата земја. Во секоја развиена земја токму развојната банка ја има таа улога и сум горд дека и во период на криза тоа го направивме и сметам дека имаме партнер кој го немавме пред пет години, потенцираше Битиќи.
Илија Господинов, претседател на управниот одбор на МАСИТ, како претставник на Платформата за јавно приватен дијалот се осврна на напорите на владата во однос на подобрување на продуктивноста на нашите работници, која секако треба да биде основа за зголемување на аутпутот на бизнисите, и секако на крај на денот да резултира со повисоки плати и повисок стандард за работниците.
Со луѓето кои ги имаме, добро образовани и добро тренирани можеме да постигнеме одлични резултати и веќе ги постигнуваме. Кога зборуваме за продуктивноста мораме двострано да ја гледаме. Продуктивноста на страна на приватниот сектор се покажува со обезбедување на добри услови, продуктивноста на страна на државата мора да биде фокусирана кон темелите за сè да може да расте. А темелите се инфраструктура и образование. Со што ќе се потрудиме да имаме национален пристап за задржување на добрите кадри во земјата, истакна Господинов.

The post Битиќи: Одржливиот економски раст и развој е возможен само со структурни и системски промени какви што спроведува оваа влада appeared first on Република.

]]>
Таки Фити: Кога расте цената на нафтата, расте и сѐ друго https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/taki-fiti-koga-raste-cenata-na-naftata-raste-i-s-drugo/ Wed, 23 Mar 2022 18:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=477323

Професорот и академик, Таки Фити, во емисијата „Топ тема“, зборуваше за светската инфлација во време на руската воена акција во Украина.

Од почетокот на војната рипна цената на барел. Еден барел содржи 158 литри нафта. Цената на енергенсите почна да расте пред руската агресија. Во октомври 2021, цената на природниот гас порасна за 450% во Европа, а во САД за трипати, а цената на јагленот порасна за петпати. Ја погоди и Кина, која е огромен потрошувач на јаглен - вели Фити.

Според него, големото покачување на цената на енергијата е поради брзото заздравување на светската економија во 2021 година.

Во екот на ковид-кризата, цените беа ниски, меѓутоа сега кога почна брз економски раст, сега е извесно дека растот ќе биде 5,5 на глобално ниво. Падот беше 3,1 %. Тоа е најголем раст во последните 80 години. Не сме доживеале вакво нешто. Расте побарувачката на цените затоа. Вториот фактор е преориентацијата од обновливи во необновливи извори - вели Фити.

Тој потенцира дека вкупната инфлација пораснала одеднаш.

Овие стапки на инфлација долги години не беа забележани. Сега борбата е како да се намали. Кога расте цената на нафтата, расте и се друго. Таа учествува како суровина во многу производи. Растат трошоците за живот и расте притисокот на работниците за поголеми плати. Сега се случи некаква реприза што порано беше случај со двата нафтени шокови во 1970-тите години од минатиот век - додава Фити.

The post Таки Фити: Кога расте цената на нафтата, расте и сѐ друго appeared first on Република.