таканакуј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/takanakuj/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Dec 2022 12:10:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png таканакуј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/takanakuj/ 32 32 Да се решат сите недоразбирања пред да заврши годината: Божиќен обичај на тепачки во Перу https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/da-se-reshat-site-nedorazbirana-pred-da-zavrshi-godinata-bozhiken-obichaj-na-tepachki-vo-peru/ Wed, 28 Dec 2022 12:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=590940

Стотици жители на околијата Чумбивилкас во областа Куско во Перу се собраа на Божиќ за да учествуваат во традиционалниот ритуал на тепачки. Целта на оваа традиција е луѓето физички да се пресметаат и да ги решат меѓусебните судири пред да заврши годината.

Борбите имаат за цел „да ги решат“ семејните, романтичните, па дури и имотните спорови со тупаници додека гледачите пеат, танцуваат и навиваат за нивните миленици. „Борците“ традиционално се мажи, но годиниве сѐ повеќе учествуваат и жени.

Традицијата е наречена Таканакуј, кечуански назив што во приближен превод значи „удирање“.

Тепачката вклучува само клоци и тупаници и завршува ако борецот крвари, падне на земја или не може веќе да се одбрани. Луѓе на „Рондерос“, како што е познат околниот правосуден систем на заедниците на Андите, стојат покрај бојното поле за да помогнат во растурањето на борбите кога тоа е потребно.

Борбите традиционално се проследени со јадење, пиење и поворка.

Овогодишниот настан имаше повеќе од 40 тепачки, од коишто секоја траеше приближно две минути. На крајот, со изедначување на резултатот, тепачките обично завршуваат со прегратка, насмевка и ракување.

The post Да се решат сите недоразбирања пред да заврши годината: Божиќен обичај на тепачки во Перу appeared first on Република.

]]>

Стотици жители на околијата Чумбивилкас во областа Куско во Перу се собраа на Божиќ за да учествуваат во традиционалниот ритуал на тепачки. Целта на оваа традиција е луѓето физички да се пресметаат и да ги решат меѓусебните судири пред да заврши годината. Борбите имаат за цел „да ги решат“ семејните, романтичните, па дури и имотните спорови со тупаници додека гледачите пеат, танцуваат и навиваат за нивните миленици. „Борците“ традиционално се мажи, но годиниве сѐ повеќе учествуваат и жени. Традицијата е наречена Таканакуј, кечуански назив што во приближен превод значи „удирање“. Тепачката вклучува само клоци и тупаници и завршува ако борецот крвари, падне на земја или не може веќе да се одбрани. Луѓе на „Рондерос“, како што е познат околниот правосуден систем на заедниците на Андите, стојат покрај бојното поле за да помогнат во растурањето на борбите кога тоа е потребно. Борбите традиционално се проследени со јадење, пиење и поворка. Овогодишниот настан имаше повеќе од 40 тепачки, од коишто секоја траеше приближно две минути. На крајот, со изедначување на резултатот, тепачките обично завршуваат со прегратка, насмевка и ракување.

The post Да се решат сите недоразбирања пред да заврши годината: Божиќен обичај на тепачки во Перу appeared first on Република.

]]>