тајни затвори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tajni-zatvori/ За подобро да се разбереме Sat, 04 Jun 2022 08:20:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тајни затвори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tajni-zatvori/ 32 32 Офицер на украинската Служба за безбедност обелоденува дека ЦИА имала тајни затвори во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/oficer-na-ukrainskata-sluzba-za-bezbednost-obelodenuva-deka-cia-imala-tajni-zatvori-vo-ukraina/ Sat, 04 Jun 2022 08:43:06 +0000 https://republika.mk/?p=510939

Поранешниот висок офицер на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Василиј Прозоров, изјави дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) формирала тајни затвори на територијата на Украина уште пред почетокот на конфликтот во Донбас.

Тајните затвори во Украина не се ништо ново. Во времето на претседателот Виктор Јушченко, кога Украина застана на страната на западниот свет, ЦИА формираше тајни затвори на територијата на земјата. Планот беше во нив да се вдомат лица осомничени за учество во меѓународен тероризам, но тоа не важи за Украинците. Од почетокот на операцијата против сепаратистите во Донбас, специјалните служби на Украина создадоа цела мрежа на тајни затвори на истокот на Украина - изјави Прозоров.

Тој објаснува дека соработниците на Службата за безбедност на Украина биле обучувани од американски инструктори, а обуките се одржувале на територијата на САД.

Таканаречената управа АКРЗ (Управа на Службата за безбедност на Украина за контраразузнавачки активности) е формирана во 2015 година. Експерти од САД обучуваа соработници на СБУ со „валкани методи на војна“. Обуките вклучуваа тортура, киднапирања, убиства.

 

Особено талентираните соработници беа испратени во САД, каде што имаа различни обуки. Откако се враќаа од обука, тие целосно ги прифаќаа и употребуваа американските методи на борба против неистомислениците - вели поранешниот офицер на Службата за безбедност на Украина.

The post Офицер на украинската Служба за безбедност обелоденува дека ЦИА имала тајни затвори во Украина appeared first on Република.

]]>

Поранешниот висок офицер на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Василиј Прозоров, изјави дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) формирала тајни затвори на територијата на Украина уште пред почетокот на конфликтот во Донбас.
Тајните затвори во Украина не се ништо ново. Во времето на претседателот Виктор Јушченко, кога Украина застана на страната на западниот свет, ЦИА формираше тајни затвори на територијата на земјата. Планот беше во нив да се вдомат лица осомничени за учество во меѓународен тероризам, но тоа не важи за Украинците. Од почетокот на операцијата против сепаратистите во Донбас, специјалните служби на Украина создадоа цела мрежа на тајни затвори на истокот на Украина - изјави Прозоров.
Тој објаснува дека соработниците на Службата за безбедност на Украина биле обучувани од американски инструктори, а обуките се одржувале на територијата на САД.
Таканаречената управа АКРЗ (Управа на Службата за безбедност на Украина за контраразузнавачки активности) е формирана во 2015 година. Експерти од САД обучуваа соработници на СБУ со „валкани методи на војна“. Обуките вклучуваа тортура, киднапирања, убиства.   Особено талентираните соработници беа испратени во САД, каде што имаа различни обуки. Откако се враќаа од обука, тие целосно ги прифаќаа и употребуваа американските методи на борба против неистомислениците - вели поранешниот офицер на Службата за безбедност на Украина.

The post Офицер на украинската Служба за безбедност обелоденува дека ЦИА имала тајни затвори во Украина appeared first on Република.

]]>