тајна служба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tajna-sluzba/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 19:50:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тајна служба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tajna-sluzba/ 32 32 Хотелот на Трамп во Вашингтон ги зголемувал цените кога во него престојувала Тајната служба на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hotelot-na-tramp-vo-vashington-gi-zgolemuval-tsenite-koga-vo-nego-prestojuvala-tajnata-sluzhba-na-sad/ Fri, 18 Oct 2024 19:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=828629

Хотелот „Трамп интернејшнл“ во Вашингтон честопати ги зголемувал цените кога во него престојувале агенти на Тајната служба а кога претседател на САД беше Доналд Трамп, се тврди во извештај на демократите од Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Тајната служба се состои од високо професионални телохранители кои се грижат за обезбедување на претседателот на САД и членовите на неговото семејство.

Неговиот хотел повеќепати извлекувал незаконски профити од агенцијата, и понекогаш наплаќал до 300 отсто повеќе од владините дозволени дневни рати. Хотелот на поранешниот претседател Трамп во Вашингтон не само што редовно ѝ наплаќал на Тајната служба повеќе од државната рата, туку често ѝ наплаќал повеќе и од другите клиенти, вклучувајќи и членови на странски кралски семејства, се вели во извештајот објавен денеска.

Главно, ова се однесува на случаи кога Тајната служба ги обезбедувала неговите возрасни синови Ерик и Доналд помладиот кога тие престојувале во хотелот. На пример, во ноември 2017 година, за некои соби агенцијата платила по 600 долари за ноќавање, додека на кинеска компанија ѝ било наплатено речиси 339 долари за ноќевање за истите соби.

Авторите на извештајот, заснован на хотелски записници од септември 2017 до август 2018 година, сметаат дека Трамп ги прекршил клаузулите за странски и домашни доходи за служба предвидени да спречат профитирање на претседателот и други федерални службени лица на сметка на даночните обврзници.

The post Хотелот на Трамп во Вашингтон ги зголемувал цените кога во него престојувала Тајната служба на САД appeared first on Република.

]]>

Хотелот „Трамп интернејшнл“ во Вашингтон честопати ги зголемувал цените кога во него престојувале агенти на Тајната служба а кога претседател на САД беше Доналд Трамп, се тврди во извештај на демократите од Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Тајната служба се состои од високо професионални телохранители кои се грижат за обезбедување на претседателот на САД и членовите на неговото семејство.
Неговиот хотел повеќепати извлекувал незаконски профити од агенцијата, и понекогаш наплаќал до 300 отсто повеќе од владините дозволени дневни рати. Хотелот на поранешниот претседател Трамп во Вашингтон не само што редовно ѝ наплаќал на Тајната служба повеќе од државната рата, туку често ѝ наплаќал повеќе и од другите клиенти, вклучувајќи и членови на странски кралски семејства, се вели во извештајот објавен денеска.
Главно, ова се однесува на случаи кога Тајната служба ги обезбедувала неговите возрасни синови Ерик и Доналд помладиот кога тие престојувале во хотелот. На пример, во ноември 2017 година, за некои соби агенцијата платила по 600 долари за ноќавање, додека на кинеска компанија ѝ било наплатено речиси 339 долари за ноќевање за истите соби. Авторите на извештајот, заснован на хотелски записници од септември 2017 до август 2018 година, сметаат дека Трамп ги прекршил клаузулите за странски и домашни доходи за служба предвидени да спречат профитирање на претседателот и други федерални службени лица на сметка на даночните обврзници.

The post Хотелот на Трамп во Вашингтон ги зголемувал цените кога во него престојувала Тајната служба на САД appeared first on Република.

]]>
Си-Ен-Ен: Дел од персоналот на американската Тајна служба од Питсбург префрлен на административни должности и работа од дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/si-en-en-del-od-personalot-na-amerikanskata-tajna-sluzhba-od-pitsburg-prefrlen-na-administrativni-dolzhnosti-i-rabota-od-doma/ Fri, 23 Aug 2024 20:48:05 +0000 https://republika.mk/?p=809610

Неколку членови на американската тајна служба од областа Питсбург, како и еден кому му беше доверено однапред да прегледа се што е поврзано со безбедноста на предизборниот митинг на Доналд Трамп, се префрлени во административни должности и наредено им е да работат од дома, изјави денеска за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата.

Дури и по оставката на нејзината директорка, Тајната служба продолжува да се соочува со критики за пропустите што доведоа до тоа што напаѓачот на 13 јули да испука осум куршуми кон поранешниот претседател, а сега повторно кандидат за функцијата, при што му го повреди увото и уби посетител на митинг на кампањата на Трамп во Батлер, Пенсилванија.

Тајната служба е под голем притисок од американски конгресмени да ги дисциплинира или отпушти оние кои беа вклучени во безбедносните подготовки за митингот на Трамп.

Вршителот на должноста директор на тајната служба Роналд Роу им рече на конгресмените дека неговата идеја е да почека да заврши истрагата пред да преземе какви било дисциплински мерки.

Тајната служба како агенција беше предмет на повеќе истраги, вклучително и внатрешна ревизија, конгресна истрага и истрага од независна комисија формирана по налог на американското Министерство за одбрана.

– Тоа е превид на Тајната служба. Тој кров требаше да биде обезбеден, им рече Роу на новинарите овој месец, што е јасна промена во тонот од деновите по обидот за атентат на Трамп, кога Тајната служба го впери прстот кон локалната полиција затоа што не внимавала на неуспешниот атентатор на Трамп, Томас Крукс.

Крукс пукаше со пушка од необезбеден кров на напуштена зграда на само 300 метри од бината. Претходно го истражувал теренот со дрон.

The post Си-Ен-Ен: Дел од персоналот на американската Тајна служба од Питсбург префрлен на административни должности и работа од дома appeared first on Република.

]]>

Неколку членови на американската тајна служба од областа Питсбург, како и еден кому му беше доверено однапред да прегледа се што е поврзано со безбедноста на предизборниот митинг на Доналд Трамп, се префрлени во административни должности и наредено им е да работат од дома, изјави денеска за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата. Дури и по оставката на нејзината директорка, Тајната служба продолжува да се соочува со критики за пропустите што доведоа до тоа што напаѓачот на 13 јули да испука осум куршуми кон поранешниот претседател, а сега повторно кандидат за функцијата, при што му го повреди увото и уби посетител на митинг на кампањата на Трамп во Батлер, Пенсилванија. Тајната служба е под голем притисок од американски конгресмени да ги дисциплинира или отпушти оние кои беа вклучени во безбедносните подготовки за митингот на Трамп. Вршителот на должноста директор на тајната служба Роналд Роу им рече на конгресмените дека неговата идеја е да почека да заврши истрагата пред да преземе какви било дисциплински мерки. Тајната служба како агенција беше предмет на повеќе истраги, вклучително и внатрешна ревизија, конгресна истрага и истрага од независна комисија формирана по налог на американското Министерство за одбрана. – Тоа е превид на Тајната служба. Тој кров требаше да биде обезбеден, им рече Роу на новинарите овој месец, што е јасна промена во тонот од деновите по обидот за атентат на Трамп, кога Тајната служба го впери прстот кон локалната полиција затоа што не внимавала на неуспешниот атентатор на Трамп, Томас Крукс. Крукс пукаше со пушка од необезбеден кров на напуштена зграда на само 300 метри од бината. Претходно го истражувал теренот со дрон.

The post Си-Ен-Ен: Дел од персоналот на американската Тајна служба од Питсбург префрлен на административни должности и работа од дома appeared first on Република.

]]>
Тајната служба на САД под истрага за обидот за атентат врз Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajnata-sluzhba-na-sad-pod-istraga-za-obidot-za-atentat-vrz-tramp/ Wed, 17 Jul 2024 20:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=797837

Генералниот инспектор на американскиот Секретар за внатрешна безбедност отвори истрага за начинот на кој Тајната служба го обезбедувала поранешниот претседател Доналд Трамп за време на митингот во Пенсилванија викендот на кој напаѓач се обиде да го убие.

Целта на истрагата, како што се наведува, е „да се разгледа процесот на американската Тајна служба за обезбедување на митингот на поранешниот претседател Трамп на 13 јули 2024 година“, без да се прецизира кога е отворена истрагата.

Претседателот Џо Бајден веќе наложи независна истрага за безбедносните мерки на митингот. Пукањето продуцира низа прашања за тоа како напаѓачот успеа да се качи на покрив од кој јасно го гледал поранешниот претседател кој беше погоден во уво.

Дваесетгодишниот Томас Метју Крукс беше на 135 метри од бината од која говореше Трамп кога отвори оган кон него. Во пресрет на митингот, Трамп доби засилено обезбедување поради закани од Иран.

Агенти на Тајната служба набрзо го обезбедија Трамп со жив штит и го симнаа од бината, а снајперист го ликвидира напаѓачот. Еден учесник на митингот беше убиен додека двајца други се наоѓаат во критична состојба.

Директорката на Тајната служба, Ким Читл порача дека ќе соработува и со конгресниот одбор кој го истражува пукањето. Нагласи дека и службата се обидува да утврди како дојде до нападот и да се осигура дека нема да се повтори.

The post Тајната служба на САД под истрага за обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>

Генералниот инспектор на американскиот Секретар за внатрешна безбедност отвори истрага за начинот на кој Тајната служба го обезбедувала поранешниот претседател Доналд Трамп за време на митингот во Пенсилванија викендот на кој напаѓач се обиде да го убие. Целта на истрагата, како што се наведува, е „да се разгледа процесот на американската Тајна служба за обезбедување на митингот на поранешниот претседател Трамп на 13 јули 2024 година“, без да се прецизира кога е отворена истрагата. Претседателот Џо Бајден веќе наложи независна истрага за безбедносните мерки на митингот. Пукањето продуцира низа прашања за тоа како напаѓачот успеа да се качи на покрив од кој јасно го гледал поранешниот претседател кој беше погоден во уво. Дваесетгодишниот Томас Метју Крукс беше на 135 метри од бината од која говореше Трамп кога отвори оган кон него. Во пресрет на митингот, Трамп доби засилено обезбедување поради закани од Иран. Агенти на Тајната служба набрзо го обезбедија Трамп со жив штит и го симнаа од бината, а снајперист го ликвидира напаѓачот. Еден учесник на митингот беше убиен додека двајца други се наоѓаат во критична состојба. Директорката на Тајната служба, Ким Читл порача дека ќе соработува и со конгресниот одбор кој го истражува пукањето. Нагласи дека и службата се обидува да утврди како дојде до нападот и да се осигура дека нема да се повтори.

The post Тајната служба на САД под истрага за обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>
Можни безбедносни пропусти на предизборниот митинг на Трамп во Пенсилванија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mozhni-bezbednosni-propusti-na-predizborniot-miting-na-tramp-vo-pensilvanija/ Sun, 14 Jul 2024 08:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=796575

Обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија иницира прашања како тој е заштитен и зошто имало безбедносни пропусти на Тајната служба.

Би-би-си објави дека едно лице се безуспешно се обидувало да ја предупреди полицијата и американската Тајна служба за наводен снајперист, кој се качува на кров на зграда во близина на местото каде се одржуваше предизборниот митинг.

- Забележавме како еден човек се качува на кровот на зградата оддалечена од нас околу 50 стопи (200 - 300 метри). Имаше пушка, јасно го видовме него и пушката. Помислив зошто Трамп сè уште зборува, зошто не е тргнат од бината? Следно што слушнав е пет истрели, изјави очевидецот именуван само како Грег за Би-би-си.

За безбедноста на Трамп, како поранешен претседател и републикански претседателски кандидат првенствено е задолжена Тајната служба, а при митинзите помага и локалната полиција во обезбедување на локацијата, а повремено помагаат и агенти од други агенции од Министерството за внатрешна безбедност, како што е Управата за транспортна безбедност.

Најголемиот број митинзи на Трамп се одржуваат на отворено, на кои приуствуваат илјадници поддржувачи, а траат со часови. Пред настанот, агентите го пребаруваат местото за бомби или други закани, а Трамп секогаш пристигнува во конвој со придружба.

Органите за спроведување на законот обично поставуваат бариери како периметар и бараат од сите учесници да поминат низ детектор за метал за да влезат во областа. Вооружени чувари ги претресуваат чантите, па дури и паричниците на сите учесници.

Според првичните извештаи во медиумите, нападот вчера го извршил вооружен снајперист, кој бил надвор од обезбедениот периметар.

Во меѓувреме, американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека го откри идентитетот на лицето кое пукаше врз Трамп

- ФБИ го идентификува 20-годишниот Томас Метју Крукс, од Бетал парк, Пенсилванија, како човек вмешан во обид за убиство на поранешниот претседател Доналд Трамп на 13 јули во Батглер, Пенсилванија, се наведува во соопштението на ФБИ.

Трамп е повреден во десното уво, но како што и самиот изјави, тој е добро.

Осомничениот за обид за атентат е елиминиран од американската Тајна служба.

The post Можни безбедносни пропусти на предизборниот митинг на Трамп во Пенсилванија appeared first on Република.

]]>

Обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија иницира прашања како тој е заштитен и зошто имало безбедносни пропусти на Тајната служба. Би-би-си објави дека едно лице се безуспешно се обидувало да ја предупреди полицијата и американската Тајна служба за наводен снајперист, кој се качува на кров на зграда во близина на местото каде се одржуваше предизборниот митинг. - Забележавме како еден човек се качува на кровот на зградата оддалечена од нас околу 50 стопи (200 - 300 метри). Имаше пушка, јасно го видовме него и пушката. Помислив зошто Трамп сè уште зборува, зошто не е тргнат од бината? Следно што слушнав е пет истрели, изјави очевидецот именуван само како Грег за Би-би-си. За безбедноста на Трамп, како поранешен претседател и републикански претседателски кандидат првенствено е задолжена Тајната служба, а при митинзите помага и локалната полиција во обезбедување на локацијата, а повремено помагаат и агенти од други агенции од Министерството за внатрешна безбедност, како што е Управата за транспортна безбедност. Најголемиот број митинзи на Трамп се одржуваат на отворено, на кои приуствуваат илјадници поддржувачи, а траат со часови. Пред настанот, агентите го пребаруваат местото за бомби или други закани, а Трамп секогаш пристигнува во конвој со придружба. Органите за спроведување на законот обично поставуваат бариери како периметар и бараат од сите учесници да поминат низ детектор за метал за да влезат во областа. Вооружени чувари ги претресуваат чантите, па дури и паричниците на сите учесници. Според првичните извештаи во медиумите, нападот вчера го извршил вооружен снајперист, кој бил надвор од обезбедениот периметар. Во меѓувреме, американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека го откри идентитетот на лицето кое пукаше врз Трамп - ФБИ го идентификува 20-годишниот Томас Метју Крукс, од Бетал парк, Пенсилванија, како човек вмешан во обид за убиство на поранешниот претседател Доналд Трамп на 13 јули во Батглер, Пенсилванија, се наведува во соопштението на ФБИ. Трамп е повреден во десното уво, но како што и самиот изјави, тој е добро. Осомничениот за обид за атентат е елиминиран од американската Тајна служба.

The post Можни безбедносни пропусти на предизборниот митинг на Трамп во Пенсилванија appeared first on Република.

]]>
Тајната служба на САД избришала пораки поврзани со упадот во Капитол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajnata-sluzba-na-sad-izbrishala-poraki-povrzani-so-upadot-vo-kapitol/ Fri, 15 Jul 2022 16:59:03 +0000 https://republika.mk/?p=529431

Владин ревизор ја обвини тајната служба на САД (УССС) дека избришала пораки датирани од 5. и 6 јануари 2021, откако равизорот ги побарал како дел од истрагата за упадот во американскиот Капитол, објави „Вашингтон пост“.

Повикувајќи се на писмо испратено до законодавците неделава од страна на Џозеф Куфари, раководител во Одделот на генералниот инспектор во Министерството за внатрешна безбедност (ДХЛ), весникот пишува дека пораките исчезнале и дека тоа направило пречки во истрагата за 6 јануари 2021 година.

Од одделот не информираа дека многу пораки на тајната служба на САД од 5. и 6 јануари 2021 година биле избришани како дел од програма на замена на апарати - напишал Куфари во писмото, пренесува весникот.

Тој истакнал дека бришењето се случило откако генералниот инспектор побарал копии од пораките за својата истрага за 6 јануари и сигнализирал на случаи кога од ДХС не одговарале на негови распрашувања.

Во изјавата се вели дека со тоа се прават задршки во добивањето податоци и се создава забуна дали некои од овие податоци всушност воопшто се направени, а со тоа се поткопува истрагата за случувањата од 6 јануари 2021 година.

Како што јави дописникот на МИА од вашингтон, пораките испраќани тогаш од тајната служба можат да дадат увид во акциите на агенцијата и најверојатно за тоа што правел поранешниот претседател ДоналдТрамп на денот на упадот во Капитол.

Поранешна официјална службеничка на Белата Куќа во сослушувањата пред комисијата на Претставничкиот дом, што почнаа во јуни, а која ги истражува настаните, изјави дека Трамп знаел дека неговите поддржуваче се вооружени и сакал да ја води толпата да влезе во Капитол. Таа исто така изјави дека поранешниот претседател, физички нападнал долгогодишен агент во тајната служба кој му кажал дека не треба да го прави тоа.

The post Тајната служба на САД избришала пораки поврзани со упадот во Капитол appeared first on Република.

]]>

Владин ревизор ја обвини тајната служба на САД (УССС) дека избришала пораки датирани од 5. и 6 јануари 2021, откако равизорот ги побарал како дел од истрагата за упадот во американскиот Капитол, објави „Вашингтон пост“. Повикувајќи се на писмо испратено до законодавците неделава од страна на Џозеф Куфари, раководител во Одделот на генералниот инспектор во Министерството за внатрешна безбедност (ДХЛ), весникот пишува дека пораките исчезнале и дека тоа направило пречки во истрагата за 6 јануари 2021 година.
Од одделот не информираа дека многу пораки на тајната служба на САД од 5. и 6 јануари 2021 година биле избришани како дел од програма на замена на апарати - напишал Куфари во писмото, пренесува весникот.
Тој истакнал дека бришењето се случило откако генералниот инспектор побарал копии од пораките за својата истрага за 6 јануари и сигнализирал на случаи кога од ДХС не одговарале на негови распрашувања. Во изјавата се вели дека со тоа се прават задршки во добивањето податоци и се создава забуна дали некои од овие податоци всушност воопшто се направени, а со тоа се поткопува истрагата за случувањата од 6 јануари 2021 година. Како што јави дописникот на МИА од вашингтон, пораките испраќани тогаш од тајната служба можат да дадат увид во акциите на агенцијата и најверојатно за тоа што правел поранешниот претседател ДоналдТрамп на денот на упадот во Капитол. Поранешна официјална службеничка на Белата Куќа во сослушувањата пред комисијата на Претставничкиот дом, што почнаа во јуни, а која ги истражува настаните, изјави дека Трамп знаел дека неговите поддржуваче се вооружени и сакал да ја води толпата да влезе во Капитол. Таа исто така изјави дека поранешниот претседател, физички нападнал долгогодишен агент во тајната служба кој му кажал дека не треба да го прави тоа.

The post Тајната служба на САД избришала пораки поврзани со упадот во Капитол appeared first on Република.

]]>