Тајланд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tajland/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Jun 2024 15:49:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тајланд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tajland/ 32 32 Многу редок случај: Слончиња близнаци родени во Тајланд https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mnogu-redok-sluchaj-slonchina-bliznatsi-rodeni-vo-tajland/ Sun, 16 Jun 2024 15:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=788149

Азиска слоница чувана на фарма за слонови во средишен Тајланд, роди близнаци - машко и женско младенче. Вработените тоа го опишуваат како чудо, бидејќи важи за прилично редок случај, пренесуваат тамошните медиуми.

Чамчури - 36-годишната слоница, се чини, и самата се изненадила, бидејќи по второто раѓање, вработените во фармата морале да спречуваат мајката да не го згази женското младенче, откако слоницата ја фатило паника и повредила една негувателка. Близнаците се случуваат само кај еден отсто од окотувањата кај овие слонови, покажуваат податоците на истражувачката организација „Спасете ги слоновите“, а машко-женските близнаци се уште поредок случај.

Со тежина од 55 килограми, женското слонче е малку помало од вообичаеното и мора да стои на помошен стол додека се храни од својата мајка. Нејзиниот брат е потежок и има 60 килограми.

Отсекогаш сме сакале да видиме слончиња-близнаци, но не секој може да го види ова, бидејќи не се случува често, изјави ветеринарката Лардтонгтаре Мипан, која пораснала на оваа фарма за слонови и самата е мајка на близнаци.

Слонот е национално животно на Тајланд и се смета за свето животно, според будистичкото верувања. Тајланѓаните уште во древноста имале свештено-блиска поврзаност со слоновите, поради нивната употреба како воени животни на бојното поле, за пренос на земјоделски производи, исечени трупци од шумата и друг товар.

The post Многу редок случај: Слончиња близнаци родени во Тајланд appeared first on Република.

]]>

Азиска слоница чувана на фарма за слонови во средишен Тајланд, роди близнаци - машко и женско младенче. Вработените тоа го опишуваат како чудо, бидејќи важи за прилично редок случај, пренесуваат тамошните медиуми. Чамчури - 36-годишната слоница, се чини, и самата се изненадила, бидејќи по второто раѓање, вработените во фармата морале да спречуваат мајката да не го згази женското младенче, откако слоницата ја фатило паника и повредила една негувателка. Близнаците се случуваат само кај еден отсто од окотувањата кај овие слонови, покажуваат податоците на истражувачката организација „Спасете ги слоновите“, а машко-женските близнаци се уште поредок случај. Со тежина од 55 килограми, женското слонче е малку помало од вообичаеното и мора да стои на помошен стол додека се храни од својата мајка. Нејзиниот брат е потежок и има 60 килограми.
Отсекогаш сме сакале да видиме слончиња-близнаци, но не секој може да го види ова, бидејќи не се случува често, изјави ветеринарката Лардтонгтаре Мипан, која пораснала на оваа фарма за слонови и самата е мајка на близнаци.
Слонот е национално животно на Тајланд и се смета за свето животно, според будистичкото верувања. Тајланѓаните уште во древноста имале свештено-блиска поврзаност со слоновите, поради нивната употреба како воени животни на бојното поле, за пренос на земјоделски производи, исечени трупци од шумата и друг товар.

The post Многу редок случај: Слончиња близнаци родени во Тајланд appeared first on Република.

]]>
Тајланд: Над 30 починати годинава од топлотен удар, температурите над 52 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/tajland-nad-30-pochinati-godinava-od-toploten-udar-temperaturite-nad-52-stepeni/ Thu, 25 Apr 2024 12:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=770986

Во главниот град на Тајланд, Бангкок денеска е издадено ново предупредување поради екстремните температури на воздухот. Според метеоролозите денеска се очекува температурата да се искачи над 52 Целзиусови степени.

Министерството за здравство вчера соопшти дека 30 лица починале од топлотниот бран во периодот од 1 јануари до 17 април, што е многу загрижувачко во споредба со 37 смртни случаи во цела 2023 година.

Во Бангкок вчера беа измерени 40,1 степени Целзиусови.

Бран екстремна топлина зафати делови од Јужна и Југоисточна Азија оваа недела, принудувајќи ги училиштата ширум Филипини да ја прекинат наставата, а верниците во Бангладеш да се молат за дожд.

 

The post Тајланд: Над 30 починати годинава од топлотен удар, температурите над 52 степени appeared first on Република.

]]>

Во главниот град на Тајланд, Бангкок денеска е издадено ново предупредување поради екстремните температури на воздухот. Според метеоролозите денеска се очекува температурата да се искачи над 52 Целзиусови степени. Министерството за здравство вчера соопшти дека 30 лица починале од топлотниот бран во периодот од 1 јануари до 17 април, што е многу загрижувачко во споредба со 37 смртни случаи во цела 2023 година. Во Бангкок вчера беа измерени 40,1 степени Целзиусови. Бран екстремна топлина зафати делови од Јужна и Југоисточна Азија оваа недела, принудувајќи ги училиштата ширум Филипини да ја прекинат наставата, а верниците во Бангладеш да се молат за дожд.  

The post Тајланд: Над 30 починати годинава од топлотен удар, температурите над 52 степени appeared first on Република.

]]>
Мајмунски напад на Тајланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/majmunski-napad-na-tajland/ Sun, 04 Feb 2024 14:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=740193

Неколку илјади агресивни мајмуни ги принудија жителите на еден тајландски град да ги затворат своите продавници, а туристите и купувачите да избегаат.

Градот Лопбури, кој се наоѓа на околу стотина километри северно од главниот град Бангкок, е познат по населението макаки, ​​кое привлекува туристи од целиот свет. Сепак, градот кој некогаш имал силна локална економија сега е во опасност да стане град на духови бидејќи околу 3.500 мајмуни буквално го презеле.

Градските мајмуни се многу сакани, мештаните дури одржуваат годишен фестивал во нивна чест, но сега компаниите и малите бизниси ги затворија своите продавници, а туристите се држат настрана. Продавачите од трговскиот центар велат дека мајмуните често упаѓале во продавници и ги вознемирувале мештаните и туристите кои доаѓале да пазарат. Тие ги оштетија и тезгите, принудувајќи ги сопствениците да платат за поправки.

Палавите мајмуни станаа толкав проблем што локалниот трговски центар беше ставен на продажба пред две години, но сепак нема купувачи иако продажната цена во меѓувреме е намалена. Трговскиот центар првично се продаваше за околу 2 милиони евра, но цената сега е намалена за речиси 500.000. Трговскиот центар, исто така, ги намали кириите за да им помогне на сопствениците на продавниците да се справат со ударот на нивниот профит, но градот сè уште се бори да закрепне.

- Претходно, кинески инвеститор ја посети областа за да ја провери изводливоста на инвестицијата. Меѓутоа, кога инвеститорот сфатил дека проблемот со популацијата на мајмуните, кој го загрозува срцето на градот, не е решен, ја одложил инвестицијата на неодредено време - според локалните власти.

Мајмуните, кои имаат целосен недостаток на страв од луѓето, покажуваат исклучително храбро однесување, се качуваат преку шофершајбните на возилата во движење и скокаат на сите минувачи на улица. Локалните жители велат дека има дури и ривалски банди кои ја обележуваат нивната територија - што доведува до конфликт кога животните ќе се сретнат.

Владините претставници се обидоа да ја контролираат популацијата на дивите мајмуни во последниве години, но не успеаја да ја ограничат бројката бидејќи животните продолжуваат да се размножуваат.

Голем број мајмуни беа стерилизирани во 2020 година како дел од владината програма, откако нивниот број излезе од контрола за време на пандемијата. Службениците на одделот за диви животни ги намамиле животните во кафези со овошје и ги однеле во клиника каде што биле анестезирани и стерилизирани и оставени со тетоважа за да ја одбележат нивната стерилизација, но властите едноставно не можат да го следат тоа.

The post Мајмунски напад на Тајланд appeared first on Република.

]]>

Неколку илјади агресивни мајмуни ги принудија жителите на еден тајландски град да ги затворат своите продавници, а туристите и купувачите да избегаат.

Градот Лопбури, кој се наоѓа на околу стотина километри северно од главниот град Бангкок, е познат по населението макаки, ​​кое привлекува туристи од целиот свет. Сепак, градот кој некогаш имал силна локална економија сега е во опасност да стане град на духови бидејќи околу 3.500 мајмуни буквално го презеле. Градските мајмуни се многу сакани, мештаните дури одржуваат годишен фестивал во нивна чест, но сега компаниите и малите бизниси ги затворија своите продавници, а туристите се држат настрана. Продавачите од трговскиот центар велат дека мајмуните често упаѓале во продавници и ги вознемирувале мештаните и туристите кои доаѓале да пазарат. Тие ги оштетија и тезгите, принудувајќи ги сопствениците да платат за поправки. Палавите мајмуни станаа толкав проблем што локалниот трговски центар беше ставен на продажба пред две години, но сепак нема купувачи иако продажната цена во меѓувреме е намалена. Трговскиот центар првично се продаваше за околу 2 милиони евра, но цената сега е намалена за речиси 500.000. Трговскиот центар, исто така, ги намали кириите за да им помогне на сопствениците на продавниците да се справат со ударот на нивниот профит, но градот сè уште се бори да закрепне. - Претходно, кинески инвеститор ја посети областа за да ја провери изводливоста на инвестицијата. Меѓутоа, кога инвеститорот сфатил дека проблемот со популацијата на мајмуните, кој го загрозува срцето на градот, не е решен, ја одложил инвестицијата на неодредено време - според локалните власти. Мајмуните, кои имаат целосен недостаток на страв од луѓето, покажуваат исклучително храбро однесување, се качуваат преку шофершајбните на возилата во движење и скокаат на сите минувачи на улица. Локалните жители велат дека има дури и ривалски банди кои ја обележуваат нивната територија - што доведува до конфликт кога животните ќе се сретнат. Владините претставници се обидоа да ја контролираат популацијата на дивите мајмуни во последниве години, но не успеаја да ја ограничат бројката бидејќи животните продолжуваат да се размножуваат. Голем број мајмуни беа стерилизирани во 2020 година како дел од владината програма, откако нивниот број излезе од контрола за време на пандемијата. Службениците на одделот за диви животни ги намамиле животните во кафези со овошје и ги однеле во клиника каде што биле анестезирани и стерилизирани и оставени со тетоважа за да ја одбележат нивната стерилизација, но властите едноставно не можат да го следат тоа.

The post Мајмунски напад на Тајланд appeared first on Република.

]]>
Тајланд и Кина повеќе немаат визи за своите граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajland-i-kina-poveke-nemaat-vizi-za-svoite-gragani/ Sun, 28 Jan 2024 09:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=737669

Тајланд и Кина потпишаа договор да ги укинат визите за своите државјани за да го олеснат патувањето и туризмот меѓу двете земји, соопшти тајландскиот министер за надворешни работи Парнпри Бахида-нукара.

Взаемното откажување на визите ќе стапи во сила на 1 март.

Договорот е потпишан за време на посетата на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Тајланд.

The post Тајланд и Кина повеќе немаат визи за своите граѓани appeared first on Република.

]]>

Тајланд и Кина потпишаа договор да ги укинат визите за своите државјани за да го олеснат патувањето и туризмот меѓу двете земји, соопшти тајландскиот министер за надворешни работи Парнпри Бахида-нукара. Взаемното откажување на визите ќе стапи во сила на 1 март. Договорот е потпишан за време на посетата на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Тајланд.

The post Тајланд и Кина повеќе немаат визи за своите граѓани appeared first on Република.

]]>
На својата свадба во Тајланд уби 4 лица, меѓу кои и сопругата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-svojata-svadba-vo-tajland-ubi-4-litsa-megu-koi-i-soprugata/ Mon, 27 Nov 2023 09:32:13 +0000 https://republika.mk/?p=716622

Чатуронг Суксук (29) и Канчана Пачунтхуек (44) се венчаа во саботата во североисточниот дел на Тајланд, пренесува Yahoo News. Тајландски параспортист и поранешен војник на денот на својата венчавка ја убил невестата и три лица, а потоа си го одзел животот.

Според сведоците, младоженецот ненадејно ја напуштил свадбената веселба и се вратил со пиштол и ги застрелал сопругата, нејзината мајка (62) и нејзината сестра (38). Залутани куршуми погодиле двајца гости кои итно биле пренесени во болница. Еден од нив починал.

Полицијата соопшти дека Чатуронг во тоа време бил доста пијан, но точниот мотив за убиствата засега не е познат. Тој додава дека младоженецот минатата година легално купил оружје и муниција. Тајландските медиуми јавуваат дека парот се скарал за време на забавата, а младоженецот исто така бил несигурен поради разликата во годините.

Двојката живееше заедно три години пред да се венчаат. Чатуронг освои сребрен медал во пливање на Асеанските пара игри во Индонезија минатата година. Тој ја загубил десната нога додека бил на должност со паравоените пешадиски сили кои патролираат по границите на Тајланд.

The post На својата свадба во Тајланд уби 4 лица, меѓу кои и сопругата appeared first on Република.

]]>

Чатуронг Суксук (29) и Канчана Пачунтхуек (44) се венчаа во саботата во североисточниот дел на Тајланд, пренесува Yahoo News. Тајландски параспортист и поранешен војник на денот на својата венчавка ја убил невестата и три лица, а потоа си го одзел животот. Според сведоците, младоженецот ненадејно ја напуштил свадбената веселба и се вратил со пиштол и ги застрелал сопругата, нејзината мајка (62) и нејзината сестра (38). Залутани куршуми погодиле двајца гости кои итно биле пренесени во болница. Еден од нив починал. Полицијата соопшти дека Чатуронг во тоа време бил доста пијан, но точниот мотив за убиствата засега не е познат. Тој додава дека младоженецот минатата година легално купил оружје и муниција. Тајландските медиуми јавуваат дека парот се скарал за време на забавата, а младоженецот исто така бил несигурен поради разликата во годините. Двојката живееше заедно три години пред да се венчаат. Чатуронг освои сребрен медал во пливање на Асеанските пара игри во Индонезија минатата година. Тој ја загубил десната нога додека бил на должност со паравоените пешадиски сили кои патролираат по границите на Тајланд.

The post На својата свадба во Тајланд уби 4 лица, меѓу кои и сопругата appeared first on Република.

]]>
Синот на позната актерска двојка уби и распарчи хирург, го пронашле во кеси за ѓубре https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sinot-na-poznata-akterska-dvojka-ubi-i-rasparchi-hirurg-go-pronashle-vo-kesi-za-gubre/ Wed, 09 Aug 2023 07:46:10 +0000 https://republika.mk/?p=670196

Синот на шпанските филмски ѕвезди Родолфо Санчо и Силвија Брончало е уапсен во Тајланд под сомнение дека убил и распарчил колумбиски хирург на популарен туристички остров, соопшти локалната полиција. Даниел Санчо Брончало (29) бил однесен од Кох Фагнан, каде што биле пронајдени посмртните останки на Едвин Ариета Артеага (44), на друг остров Самуи, каде што бил приведен.

Санчо, готвач со популарен канал на Јутјуб, е обвинет за убиство со умисла и прикривање на телото, за што може да се соочи со смртна казна.

Тајландските медиуми објавија дека пластичните кеси со делови од телото на мажот биле пронајдени во депонија на островот Кох Фагнан. Според полицијата, Санчо го пријавил за исчезнат Едвин откако веќе биле пронајдени делови од неговото тело. Откако бил приведен, тој признал дека го убил и распарчил, а потоа ги фрлил деловите од неговото тело во депонија и во морето, но негираше дека злосторството било со предумисла, пренесува CBS News.

Жртвата и осомничениот се познавале пред да дојдат на Тајланд, извести полицијата, но на прашањата за мотивите на злосторството не дале јасен одговор.

Тајландските медиуми јавуваат дека Санчо наводно на сослушувањето рекол дека дошол на Тајланд на одмор, а со убиениот Едвин бил во романтична врска, која се обидел да ја прекине, но жртвата не сакала да ја прифати. Според Санчо, тој бил како заложник на убиениот хирург, кој, како што се пожали готвачот, бил опседнат со него.

Неколку дена пред убиството, безбедносните камери ги снимија двајцата мажи заедно на мотор. Во неделата убиецот ја однел полицијата на дури седум места каде наводно го фрлил распарченото тело на жртвата, кое го сокрил во пластични кеси. Регионалниот началник на полицијата рече дека Санчо бил виден како купува нож, кеси за ѓубре и средства за чистење пред смртта на Ариета.

The post Синот на позната актерска двојка уби и распарчи хирург, го пронашле во кеси за ѓубре appeared first on Република.

]]>

Синот на шпанските филмски ѕвезди Родолфо Санчо и Силвија Брончало е уапсен во Тајланд под сомнение дека убил и распарчил колумбиски хирург на популарен туристички остров, соопшти локалната полиција. Даниел Санчо Брончало (29) бил однесен од Кох Фагнан, каде што биле пронајдени посмртните останки на Едвин Ариета Артеага (44), на друг остров Самуи, каде што бил приведен. Санчо, готвач со популарен канал на Јутјуб, е обвинет за убиство со умисла и прикривање на телото, за што може да се соочи со смртна казна. Тајландските медиуми објавија дека пластичните кеси со делови од телото на мажот биле пронајдени во депонија на островот Кох Фагнан. Според полицијата, Санчо го пријавил за исчезнат Едвин откако веќе биле пронајдени делови од неговото тело. Откако бил приведен, тој признал дека го убил и распарчил, а потоа ги фрлил деловите од неговото тело во депонија и во морето, но негираше дека злосторството било со предумисла, пренесува CBS News.
Жртвата и осомничениот се познавале пред да дојдат на Тајланд, извести полицијата, но на прашањата за мотивите на злосторството не дале јасен одговор.
Тајландските медиуми јавуваат дека Санчо наводно на сослушувањето рекол дека дошол на Тајланд на одмор, а со убиениот Едвин бил во романтична врска, која се обидел да ја прекине, но жртвата не сакала да ја прифати. Според Санчо, тој бил како заложник на убиениот хирург, кој, како што се пожали готвачот, бил опседнат со него. Неколку дена пред убиството, безбедносните камери ги снимија двајцата мажи заедно на мотор. Во неделата убиецот ја однел полицијата на дури седум места каде наводно го фрлил распарченото тело на жртвата, кое го сокрил во пластични кеси. Регионалниот началник на полицијата рече дека Санчо бил виден како купува нож, кеси за ѓубре и средства за чистење пред смртта на Ариета.

The post Синот на позната актерска двојка уби и распарчи хирург, го пронашле во кеси за ѓубре appeared first on Република.

]]>
Тајландските власти пронашле украден радиоактивен цилиндар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajlandskite-vlasti-pronashle-ukraden-radioaktiven-tsilindar/ Mon, 20 Mar 2023 21:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=621753

Тајландските власти денеска соопштија дека метален цилиндар со радиоактивен материјал кој исчезна од термоцентралата овој месец е пронајден во фабрика за рециклирање лим и оти се чини дека нема општа закана за јавното здравје.

На 10 март од машина во електрана во провинцијата Прачинбури, 165 километри источно од Бангкок, исчезна мерниот цилиндар долг 30 сантиметри, кој го содржел радиоактивниот материјал цезиум-137.

Гувернерот на Прачинбури изјави дека траги од цезиум-137 биле откриени денеска во вреќи со прашина од топилница во леарница, на 10 километри од електраната од која е украден цилиндарот.

Гувернерот соопшти дека работата во топилницата е прекината, а извршен е увид на вработените и околните жители.

Здравствените власти рекоа дека медицинските досиеја за изминатиот месец во сите болници во покраината ќе бидат прегледани за да се види дали некои пациенти имале симптоми предизвикани од зрачење. Продолжен директен контакт со радиоактивен материјал може да предизвика осип на кожата, губење на косата, рани, замор и повраќање.

Краткорочно изложување на цезиум-137 можеби нема да покаже моментални симптоми, но може да доведе до поголем ризик од рак.

Исчезнатиот цилиндар, тежок 25 килограми, бил користен во електраната за мерење на содржината на пепел. Полицијата вели дека се сомнева дека цилиндарот бил украден за да се продаде како старо железо.

The post Тајландските власти пронашле украден радиоактивен цилиндар appeared first on Република.

]]>

Тајландските власти денеска соопштија дека метален цилиндар со радиоактивен материјал кој исчезна од термоцентралата овој месец е пронајден во фабрика за рециклирање лим и оти се чини дека нема општа закана за јавното здравје. На 10 март од машина во електрана во провинцијата Прачинбури, 165 километри источно од Бангкок, исчезна мерниот цилиндар долг 30 сантиметри, кој го содржел радиоактивниот материјал цезиум-137. Гувернерот на Прачинбури изјави дека траги од цезиум-137 биле откриени денеска во вреќи со прашина од топилница во леарница, на 10 километри од електраната од која е украден цилиндарот. Гувернерот соопшти дека работата во топилницата е прекината, а извршен е увид на вработените и околните жители. Здравствените власти рекоа дека медицинските досиеја за изминатиот месец во сите болници во покраината ќе бидат прегледани за да се види дали некои пациенти имале симптоми предизвикани од зрачење. Продолжен директен контакт со радиоактивен материјал може да предизвика осип на кожата, губење на косата, рани, замор и повраќање. Краткорочно изложување на цезиум-137 можеби нема да покаже моментални симптоми, но може да доведе до поголем ризик од рак. Исчезнатиот цилиндар, тежок 25 килограми, бил користен во електраната за мерење на содржината на пепел. Полицијата вели дека се сомнева дека цилиндарот бил украден за да се продаде како старо железо.

The post Тајландските власти пронашле украден радиоактивен цилиндар appeared first on Република.

]]>
Опасен радиоактивн материјал украден во Тајланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/opasen-radioaktivn-materijal-ukraden-vo-tajland/ Thu, 16 Mar 2023 07:55:09 +0000 https://republika.mk/?p=620127

Властите во Тајланд се во потрага на метален цилиндар со опасна радиоактивна содржина што исчезнал од електрана неделава. Надлежните ја предупредија јавноста на сериозни здравствени опасности што можат да настанат во случај на контакт со тој материјал.

Цилиндарот долг 30 сантиметри и широк 13 сантиметри бил пријавен за исчезнат за време на рутински проверки на 10 март во електрана за јаглен во Прачин Бури - област во средиштен Тајланд. Во предметот има цезиум-137, високо радиоактивна и потенцијално смртоносна супстанција.

Заменик-генералниот секретар Пенап Канчан изјави за Си-ен-ен дека надлежните лица користат посебна опрема за детектирање радиоактивност заради пронаоѓање на цилиндарот.

Ги претресуваме работилниците за рециклирање отпад во областа. Користиме и посебна опрема за откривање сигнали. Испративме и роботи и дронови во областите каде што немаме пристап, рече таа.

Монкол Топао, началник на полицијата, додаде дека има и видеоснимка, која сепак, не го покажува најдобро она што се случило.

The post Опасен радиоактивн материјал украден во Тајланд appeared first on Република.

]]>

Властите во Тајланд се во потрага на метален цилиндар со опасна радиоактивна содржина што исчезнал од електрана неделава. Надлежните ја предупредија јавноста на сериозни здравствени опасности што можат да настанат во случај на контакт со тој материјал. Цилиндарот долг 30 сантиметри и широк 13 сантиметри бил пријавен за исчезнат за време на рутински проверки на 10 март во електрана за јаглен во Прачин Бури - област во средиштен Тајланд. Во предметот има цезиум-137, високо радиоактивна и потенцијално смртоносна супстанција. Заменик-генералниот секретар Пенап Канчан изјави за Си-ен-ен дека надлежните лица користат посебна опрема за детектирање радиоактивност заради пронаоѓање на цилиндарот.
Ги претресуваме работилниците за рециклирање отпад во областа. Користиме и посебна опрема за откривање сигнали. Испративме и роботи и дронови во областите каде што немаме пристап, рече таа.
Монкол Топао, началник на полицијата, додаде дека има и видеоснимка, која сепак, не го покажува најдобро она што се случило.

The post Опасен радиоактивн материјал украден во Тајланд appeared first on Република.

]]>
Пет години по несреќата мистериозно почина едно од момчињата спасени од пештерата во Тајланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pet-godini-po-nesrekata-misteriozno-pochina-edno-od-momchinata-spaseni-od-peshterata-vo-tajland/ Wed, 15 Feb 2023 21:28:31 +0000 https://republika.mk/?p=609497

Едно од 12-те момчиња спасени од тајландска пештера во 2018 година почина во Велика Британија, каде што беше дел од фудбалска академија.

https://arhiva.republika.mk/936690

Момчето Дуангпех Промтеп (17) било пронајдено во несвест во студентски дом во Лестершир и било пренесено во болница, каде што починало, јави Би-Би-Си.

Причината за смртта е непозната, но локалната полиција соопшти дека неговата смрт не се третира како сомнителна.

Според тајландските медиуми, Промтеп се здобил со повреди на главата.

The post Пет години по несреќата мистериозно почина едно од момчињата спасени од пештерата во Тајланд appeared first on Република.

]]>

Едно од 12-те момчиња спасени од тајландска пештера во 2018 година почина во Велика Британија, каде што беше дел од фудбалска академија.

https://arhiva.republika.mk/936690

Момчето Дуангпех Промтеп (17) било пронајдено во несвест во студентски дом во Лестершир и било пренесено во болница, каде што починало, јави Би-Би-Си.

Причината за смртта е непозната, но локалната полиција соопшти дека неговата смрт не се третира како сомнителна.

Според тајландските медиуми, Промтеп се здобил со повреди на главата.

The post Пет години по несреќата мистериозно почина едно од момчињата спасени од пештерата во Тајланд appeared first on Република.

]]>
Почина едно од момчињата кои беа спасени од пештера во Тајланд во 2018 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-edno-od-momchinata-koi-bea-spaseni-od-peshtera-vo-tajland-vo-2018-godina/ Wed, 15 Feb 2023 09:27:17 +0000 https://republika.mk/?p=609205

Дуангпех Промтеп, едно од 12-те момчиња извлечени од пештера во Тајланд по неколкудневна спасувачка операција, почина во Велика Британија.

Причината за смртта се уште не е позната, но медиумите јавуваат дека тинејџерот се здобил со сериозна повреда на главата.

Промтеп присуствуваше на фудбалската академија на колеџот Брук Хаус во Лестер.

Починатиот тинејџер бил капитен на младински фудбалски клуб во Тајланд кога заедно со соиграчите и тренерот останал заробен во пештерата што тргнале да ја истражуваат. Спасувачката акција на 12 деца траеше две недели, а меѓу спасувачите беше и нуркач од Србија.

Момчињата кои беа заробени во пештерата со него објавија потресни статуси на Фејсбук откако дознале за смртта на нивниот пријател.

Од жртвата се прости и тајландската непрофитна фондација Зико, која му помогна на Промтеп да добие стипендија за студирање во Англија.

Промтеп, неговите соиграчи и тренерот од фудбалската репрезентација, беа заробени во пештерата Там Луанг во Тајланд во 2018 година откако навлезе вода поради обилните врнежи.

Промтеп тогаш имаше 13 години, а неговите пријатели од 11 до 16 години.

Тренерот и момчињата беа спасени од спасувачите по двенеделни операции за пребарување и спасување.

The post Почина едно од момчињата кои беа спасени од пештера во Тајланд во 2018 година appeared first on Република.

]]>

Дуангпех Промтеп, едно од 12-те момчиња извлечени од пештера во Тајланд по неколкудневна спасувачка операција, почина во Велика Британија. Причината за смртта се уште не е позната, но медиумите јавуваат дека тинејџерот се здобил со сериозна повреда на главата. Промтеп присуствуваше на фудбалската академија на колеџот Брук Хаус во Лестер. Починатиот тинејџер бил капитен на младински фудбалски клуб во Тајланд кога заедно со соиграчите и тренерот останал заробен во пештерата што тргнале да ја истражуваат. Спасувачката акција на 12 деца траеше две недели, а меѓу спасувачите беше и нуркач од Србија. Момчињата кои беа заробени во пештерата со него објавија потресни статуси на Фејсбук откако дознале за смртта на нивниот пријател. Од жртвата се прости и тајландската непрофитна фондација Зико, која му помогна на Промтеп да добие стипендија за студирање во Англија. Промтеп, неговите соиграчи и тренерот од фудбалската репрезентација, беа заробени во пештерата Там Луанг во Тајланд во 2018 година откако навлезе вода поради обилните врнежи. Промтеп тогаш имаше 13 години, а неговите пријатели од 11 до 16 години. Тренерот и момчињата беа спасени од спасувачите по двенеделни операции за пребарување и спасување.

The post Почина едно од момчињата кои беа спасени од пештера во Тајланд во 2018 година appeared first on Република.

]]>
Фатен во „жешка акција“ среде улица: Британец снимен со проститутка во Тајланд, го правеле тоа пред шокираните минувачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/faten-vo-zheshka-aktsija-srede-ulitsa-britanets-snimen-so-prostitutka-vo-tajland-go-pravele-toa-pred-shokiranite-minuvachi/ Sat, 14 Jan 2023 18:29:55 +0000 https://republika.mk/?p=596891

Тајландската полиција трага по „одвратен странец“ кој е снимен на надзорна камера како врши „срамен чин“ на јавно место со проститутка за време на пијанство.

Човекот, за кој се смета дека е британски турист, е снимен во Патаја, како оди покрај патот со платена сексуална работничка околу четири часот наутро, по што стапиле во интимни односи.

Тајландското одморалиште е познато како „Градот на гревот“ по своите „непристојни“ барови и салони за масажа.

Снимката од безбедносните камери покажува возбуден турист со проститутка како лежи на прометниот пат, навидум несвесен за сообраќајот околу нив. Се забележува и женско лице како му дава орален секс на мажот, додека автомобилите што поминувале застанавуаат поради шокантната глетка, пренесува „Њујорк пост“.

https://twitter.com/ASEANNOWTH/status/1607243446217064449?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1607243446217064449%7Ctwgr%5E36aeed7798ffb4757fab8b0e60dee0399eef8875%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4077542%2Fuhvaceni-u-vreloj-akciji-nasred-ulice-britanac-snimljen-s-prostitutkom-na-tajlandu-ocevidac-u-soku-radili-su-to-pola-sata-video

Во еден момент, русокосата девојка дури и мавта кон случаен минувач кој застанал да ја сними срамната сцена со својот телефон. Во меѓувреме и револтирант бездомник ја забележал безобразната двојка и веднаш го пријавил настанот во полиција.

50-годишниот очевидец го опишал човекот како „одвратен странец“, кој изгледал пијан.

Тие седеа таму и го правеа тоа 30 минути. Не им беше грижа за автомобилите што минуваат. Можеа дури и да ме видат како ги гледам, но беа премногу пијани за да се грижат. Го слушнав како зборува. Тој беше од Англија. Завршија, а потоа разговараа и тој и даде нешто, мислам дека беа пари и таа си замина. Уморен сум од одвратните странци кои го третираат мојот град како канта за ѓубре, изјавил очевидецот.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=U6r2Rb-BNYo&feature=emb_title

Началникот на полицијата, Јутапол Бункерд, изјавил дека полицијата ги испитува снимките од безбедносните камери за да го пронајде туристот. Како што истакнаву, на него му се заканува апсење поради јавна непристојност.

Добивме информации дека можеби е Британец, но нема да знаеме со сигурност додека не го најдеме. Има многу камери во областа што ги разгледуваме за да потврдиме дека злосторството е извршено во тој датум и време. Не би требало да биде тешко да бидат пронајдени и двајцата, изјавил Бункерд.

Безбедносните сили од Бангкок веќе неколку години се обидуваат да ја исчистат Патаја, која ја нарекуваат „модерна Содома и Гомора“.

Сепак, тие се соочуваат со тешка битка против нивната вкоренета 24-часовна секс-индустрија и ендемичната корупција што и дозволува да го продолжи својот тек. Баровите, кои функционираат како излози за проститутки, заедно со салоните за масажа и сексуалните работнички на улица се исто така профитабилен дел од туристичката индустрија во областа.

The post Фатен во „жешка акција“ среде улица: Британец снимен со проститутка во Тајланд, го правеле тоа пред шокираните минувачи appeared first on Република.

]]>

Тајландската полиција трага по „одвратен странец“ кој е снимен на надзорна камера како врши „срамен чин“ на јавно место со проститутка за време на пијанство. Човекот, за кој се смета дека е британски турист, е снимен во Патаја, како оди покрај патот со платена сексуална работничка околу четири часот наутро, по што стапиле во интимни односи. Тајландското одморалиште е познато како „Градот на гревот“ по своите „непристојни“ барови и салони за масажа. Снимката од безбедносните камери покажува возбуден турист со проститутка како лежи на прометниот пат, навидум несвесен за сообраќајот околу нив. Се забележува и женско лице како му дава орален секс на мажот, додека автомобилите што поминувале застанавуаат поради шокантната глетка, пренесува „Њујорк пост“. https://twitter.com/ASEANNOWTH/status/1607243446217064449?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1607243446217064449%7Ctwgr%5E36aeed7798ffb4757fab8b0e60dee0399eef8875%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4077542%2Fuhvaceni-u-vreloj-akciji-nasred-ulice-britanac-snimljen-s-prostitutkom-na-tajlandu-ocevidac-u-soku-radili-su-to-pola-sata-video Во еден момент, русокосата девојка дури и мавта кон случаен минувач кој застанал да ја сними срамната сцена со својот телефон. Во меѓувреме и револтирант бездомник ја забележал безобразната двојка и веднаш го пријавил настанот во полиција. 50-годишниот очевидец го опишал човекот како „одвратен странец“, кој изгледал пијан.
Тие седеа таму и го правеа тоа 30 минути. Не им беше грижа за автомобилите што минуваат. Можеа дури и да ме видат како ги гледам, но беа премногу пијани за да се грижат. Го слушнав како зборува. Тој беше од Англија. Завршија, а потоа разговараа и тој и даде нешто, мислам дека беа пари и таа си замина. Уморен сум од одвратните странци кои го третираат мојот град како канта за ѓубре, изјавил очевидецот.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=U6r2Rb-BNYo&feature=emb_title Началникот на полицијата, Јутапол Бункерд, изјавил дека полицијата ги испитува снимките од безбедносните камери за да го пронајде туристот. Како што истакнаву, на него му се заканува апсење поради јавна непристојност.
Добивме информации дека можеби е Британец, но нема да знаеме со сигурност додека не го најдеме. Има многу камери во областа што ги разгледуваме за да потврдиме дека злосторството е извршено во тој датум и време. Не би требало да биде тешко да бидат пронајдени и двајцата, изјавил Бункерд.
Безбедносните сили од Бангкок веќе неколку години се обидуваат да ја исчистат Патаја, која ја нарекуваат „модерна Содома и Гомора“. Сепак, тие се соочуваат со тешка битка против нивната вкоренета 24-часовна секс-индустрија и ендемичната корупција што и дозволува да го продолжи својот тек. Баровите, кои функционираат како излози за проститутки, заедно со салоните за масажа и сексуалните работнички на улица се исто така профитабилен дел од туристичката индустрија во областа.

The post Фатен во „жешка акција“ среде улица: Британец снимен со проститутка во Тајланд, го правеле тоа пред шокираните минувачи appeared first on Република.

]]>
Бројот на жртви во масакрот во градинката во Тајланд се искачи на 36, од нив 24 се деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zrtvi-vo-masakrot-vo-gradinkata-vo-tajland-se-iskachi-na-36-od-niv-24-se-deca/ Thu, 06 Oct 2022 11:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=557974

Најмалку 36 луѓе се убиени, од кои 24 се деца во масакрот кој во четвртокот го извел поранешен полициски службеник на североистокот на Тајланд, објави весникот Khaosod, според кој уште најмалку 12 луѓе се ранети.

Локалните медиуми наведуваат дека најмладата жртва во налудничавиот крвав поход во детската граница во местото Нонг Буа Ламфи имала само две години.

Полицијата соопшти дека сторителот е поранешен нејзини припадник, кој пред една година бил отпуштен од службата поради зависност од наркотици, пукал во Центарот за ран детски развој во провинцијата Нонгбуаламфу во североисточен Тајланд.

Се прецизира дека полицијата прво го пронашла пикапот на напаѓачот на паркингот пред неговиот дом. Безбедносните сили ја опколиле зградата, сметајќи дека тој е внатре и се обиделе да започнат преговори, но никој не реагирал на повиците.

Поради тоа, претпоставиле дека напаѓачот побегнал со друго возило или пешки, но кога припадниците на оперативната група влегле во домот го пронашле телото на поранешниот полицаец, на неговата сопруга е едно дете. Тие имале повреди од куршуми кои соодветствуваат на повредите нанесени по пукањето од огнено оружје во детската градинка.

Според телевизијата, таму било пронајдено и поголемо количество оружје. Засега не се познати мотивите за масакрот.

The post Бројот на жртви во масакрот во градинката во Тајланд се искачи на 36, од нив 24 се деца appeared first on Република.

]]>

Најмалку 36 луѓе се убиени, од кои 24 се деца во масакрот кој во четвртокот го извел поранешен полициски службеник на североистокот на Тајланд, објави весникот Khaosod, според кој уште најмалку 12 луѓе се ранети. Локалните медиуми наведуваат дека најмладата жртва во налудничавиот крвав поход во детската граница во местото Нонг Буа Ламфи имала само две години. Полицијата соопшти дека сторителот е поранешен нејзини припадник, кој пред една година бил отпуштен од службата поради зависност од наркотици, пукал во Центарот за ран детски развој во провинцијата Нонгбуаламфу во североисточен Тајланд. Се прецизира дека полицијата прво го пронашла пикапот на напаѓачот на паркингот пред неговиот дом. Безбедносните сили ја опколиле зградата, сметајќи дека тој е внатре и се обиделе да започнат преговори, но никој не реагирал на повиците. Поради тоа, претпоставиле дека напаѓачот побегнал со друго возило или пешки, но кога припадниците на оперативната група влегле во домот го пронашле телото на поранешниот полицаец, на неговата сопруга е едно дете. Тие имале повреди од куршуми кои соодветствуваат на повредите нанесени по пукањето од огнено оружје во детската градинка. Според телевизијата, таму било пронајдено и поголемо количество оружје. Засега не се познати мотивите за масакрот.

The post Бројот на жртви во масакрот во градинката во Тајланд се искачи на 36, од нив 24 се деца appeared first on Република.

]]>
Тајландскиот напаѓач кој уби 34 лица, меѓу кои сопругата и детето, се самоубил по нападот во градинка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajlandskiot-napagjach-koj-ubi-34-lica-megju-koi-soprugata-i-deteto-se-samoubil-po-napadot-vo-gradinka/ Thu, 06 Oct 2022 09:27:45 +0000 https://republika.mk/?p=557926

Напаѓачот кој денеска уби најмалку 34 лица, меѓу кои и деца во градинка во североисточниот дел на Тајланд, ги убил и својата сопруга и детето, а потоа се самоубил, изјави портпаролот на полицијата.

Тој рече дека напаѓачот бил поранешен полицаец, а меѓу жртвите имало најмалку 22 деца

Пукањето се случило во градинка во Нонг Буа Лампу.

Како што јави Би-Би-Си, напаѓачот денеска со огнено оружје и нож ги убил своите жртви.

The post Тајландскиот напаѓач кој уби 34 лица, меѓу кои сопругата и детето, се самоубил по нападот во градинка appeared first on Република.

]]>

Напаѓачот кој денеска уби најмалку 34 лица, меѓу кои и деца во градинка во североисточниот дел на Тајланд, ги убил и својата сопруга и детето, а потоа се самоубил, изјави портпаролот на полицијата. Тој рече дека напаѓачот бил поранешен полицаец, а меѓу жртвите имало најмалку 22 деца Пукањето се случило во градинка во Нонг Буа Лампу. Како што јави Би-Би-Си, напаѓачот денеска со огнено оружје и нож ги убил своите жртви.

The post Тајландскиот напаѓач кој уби 34 лица, меѓу кои сопругата и детето, се самоубил по нападот во градинка appeared first on Република.

]]>
Поранешен полицаец уби најмалку 23 деца во градинка во Тајланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshen-policaec-ubi-najmalku-23-deca-vo-gradinka-vo-tajland/ Thu, 06 Oct 2022 09:15:15 +0000 https://republika.mk/?p=557911

Најмалку 31 лице загинаа, меѓу кои 23 деца, во градинка во североисточниот дел на Тајланд откако поранешен полицаец почнал да пука и да боде секој што ќе излезел пред него. Според дел од тамошните медиуми напаѓачот е во бегство, а според некои тој извршил самоубиство по крвавиот поход.

На социјалните мрежи е објавена фотографија од бараниот напаѓач. Тој е идентификуван како 34-годишниот Пања Хамрап, кој лани добил отказ од полиција и претходно ги убил сопругата и синот.

 

The post Поранешен полицаец уби најмалку 23 деца во градинка во Тајланд appeared first on Република.

]]>

Најмалку 31 лице загинаа, меѓу кои 23 деца, во градинка во североисточниот дел на Тајланд откако поранешен полицаец почнал да пука и да боде секој што ќе излезел пред него. Според дел од тамошните медиуми напаѓачот е во бегство, а според некои тој извршил самоубиство по крвавиот поход. На социјалните мрежи е објавена фотографија од бараниот напаѓач. Тој е идентификуван како 34-годишниот Пања Хамрап, кој лани добил отказ од полиција и претходно ги убил сопругата и синот.  

The post Поранешен полицаец уби најмалку 23 деца во градинка во Тајланд appeared first on Република.

]]>
Илјадници Руси заглавени во Тајланд поради санкциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iljadnici-rusi-zaglaveni-vo-tajland-poradi-sankciite/ Tue, 08 Mar 2022 14:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=469708

Илјадници туристи од Русија во моментов се заглавени во Тајланд, изјавија официјални лица во вторникот, бидејќи санкцииите од Западот поради инвазијата на Украина ги натера Русите да се снаоѓаат за летови и финансии.

Откажувањето на летови, валутата на рубљата во слободен пад и проблемите со плаќањето од руските банки кои се отсечени од глобалниот систем SWIFT оставија повеќе од 7.000 Руси во неизвесност на локации како Пукет, Кох Самуи, Патаја и Краби, рече шефот на туристичката управа на Тајланд.

Мораме да бидеме добри домаќини и да се грижиме за сите. Сè уште има руски туристи на нивниот пат овде,  изјави Јутасак Супасорн за Ројтерс.

Руската амбасада во Бангкок не одговори веднаш на барањето за коментар на нејзините граѓани.

Во 2019 година, Тајланд прими 1,4 милиони руски посетители. Во јануари броеше околу 23.000 Руси, што претставува околу една петтина од вкупните пристигнувања.

Околу половина од блокираните беа на островот Пукет.

The post Илјадници Руси заглавени во Тајланд поради санкциите appeared first on Република.

]]>

Илјадници туристи од Русија во моментов се заглавени во Тајланд, изјавија официјални лица во вторникот, бидејќи санкцииите од Западот поради инвазијата на Украина ги натера Русите да се снаоѓаат за летови и финансии. Откажувањето на летови, валутата на рубљата во слободен пад и проблемите со плаќањето од руските банки кои се отсечени од глобалниот систем SWIFT оставија повеќе од 7.000 Руси во неизвесност на локации како Пукет, Кох Самуи, Патаја и Краби, рече шефот на туристичката управа на Тајланд. Мораме да бидеме добри домаќини и да се грижиме за сите. Сè уште има руски туристи на нивниот пат овде,  изјави Јутасак Супасорн за Ројтерс. Руската амбасада во Бангкок не одговори веднаш на барањето за коментар на нејзините граѓани. Во 2019 година, Тајланд прими 1,4 милиони руски посетители. Во јануари броеше околу 23.000 Руси, што претставува околу една петтина од вкупните пристигнувања. Околу половина од блокираните беа на островот Пукет.

The post Илјадници Руси заглавени во Тајланд поради санкциите appeared first on Република.

]]>
Еден повреден во серија експлозии на бомби во Тајланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eden-povreden-vo-serija-eksplozii-na-bombi-vo-tajland/ Sat, 29 Jan 2022 13:45:47 +0000 https://republika.mk/?p=451197

Најмалку едно лице е повредено во неколку бомбашки напади во јужната тајландска провинција Јала.

Околу 13 мали експлозии го погодија градот Јала доцна синоќа, најмногу на патиштата пред продавници, пазари, ветеринарски амбуланти и салони за автомобили - изјави заменик-портпаролот на полицијата Кисана Патаначароен.

Полицијата пронашла и најмалку три неексплодирани импровизирани експлозивни направи, направени од конзерви и метални цевки со прикачени тајмери.

Кисана истакна дека полицијата се сомнева оти експлозиите повеќе имале за цел да предизвикаат немири отколку да предизвикаат штета или да повредат луѓе.

The post Еден повреден во серија експлозии на бомби во Тајланд appeared first on Република.

]]>

Најмалку едно лице е повредено во неколку бомбашки напади во јужната тајландска провинција Јала.
Околу 13 мали експлозии го погодија градот Јала доцна синоќа, најмногу на патиштата пред продавници, пазари, ветеринарски амбуланти и салони за автомобили - изјави заменик-портпаролот на полицијата Кисана Патаначароен.
Полицијата пронашла и најмалку три неексплодирани импровизирани експлозивни направи, направени од конзерви и метални цевки со прикачени тајмери. Кисана истакна дека полицијата се сомнева оти експлозиите повеќе имале за цел да предизвикаат немири отколку да предизвикаат штета или да повредат луѓе.

The post Еден повреден во серија експлозии на бомби во Тајланд appeared first on Република.

]]>
Еколошка катастрофа во Тајланд: Од подводна цевка се излеале 50.000 литри нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ekoloshka-katastrofa-vo-tajland-od-podvodna-cevka-se-izleale-50-000-litri-nafta/ Sat, 29 Jan 2022 12:25:37 +0000 https://republika.mk/?p=451151

Плажа во источниот дел на Тајланд е прогласена зона на еколошка катастрофа, откако се излеала нафта од подводна цевка, а песокот поцрни.

Околу 50.000 литри нафта истекле во океанот.

Дел од нафтата стигнала до брегот, проширувајќи се на 47 квадратни километри.

Припадниците на тајландската морнарица разговараат со компанијата која е сопственик на нафтоводот за да се санира штетата.

The post Еколошка катастрофа во Тајланд: Од подводна цевка се излеале 50.000 литри нафта appeared first on Република.

]]>

Плажа во источниот дел на Тајланд е прогласена зона на еколошка катастрофа, откако се излеала нафта од подводна цевка, а песокот поцрни. Околу 50.000 литри нафта истекле во океанот. Дел од нафтата стигнала до брегот, проширувајќи се на 47 квадратни километри. Припадниците на тајландската морнарица разговараат со компанијата која е сопственик на нафтоводот за да се санира штетата.

The post Еколошка катастрофа во Тајланд: Од подводна цевка се излеале 50.000 литри нафта appeared first on Република.

]]>