Тачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tachi/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 08:33:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tachi/ 32 32 Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/menduh-tachi-go-napushta-evropskiot-front/ Thu, 03 Oct 2024 21:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=822418

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи и официјално го напушти Европскиот фронт, дознава порталот Тетова сот. За порталот тоа го потврдиле и од партијата на Тачи, ДПА, нагласувајќи дека остануваат во комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Да, нашиот лидер го напушти Европскиот фронт и веќе нема фронт, претседателот ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, истакнале од ДПА, нагласувајќи дека нивниот лидер наскоро во јавноста ќе ги објасни причините за напуштањето на Европскиот фронт.

Денеска, пак, Ахмети уверуваше дека Мендух Тачи е усогласен со Европскиот фронт.

„Господинот Тачи е на линија со Европскиот фронт, нема дилема, но сега за да се надополнат загубите, неуспесите, владиниот дел се држи за терциерни работи“, истакна Ахмети.

Тачи е пратеник од Демократската партија на Албанците, како дел од коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ. Коалицијата останува со 17 пратеници.

The post Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи и официјално го напушти Европскиот фронт, дознава порталот Тетова сот. За порталот тоа го потврдиле и од партијата на Тачи, ДПА, нагласувајќи дека остануваат во комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Да, нашиот лидер го напушти Европскиот фронт и веќе нема фронт, претседателот ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, истакнале од ДПА, нагласувајќи дека нивниот лидер наскоро во јавноста ќе ги објасни причините за напуштањето на Европскиот фронт.
  Денеска, пак, Ахмети уверуваше дека Мендух Тачи е усогласен со Европскиот фронт. „Господинот Тачи е на линија со Европскиот фронт, нема дилема, но сега за да се надополнат загубите, неуспесите, владиниот дел се држи за терциерни работи“, истакна Ахмети. Тачи е пратеник од Демократската партија на Албанците, како дел од коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ. Коалицијата останува со 17 пратеници.  

The post Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт appeared first on Република.

]]>
Тачи и Весели одбиле да се сретнат со косовската министерка за правда во Хаг https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tachi-i-veseli-odbile-da-se-sretnat-so-kosovskata-ministerka-za-pravda-vo-hag/ Tue, 29 Mar 2022 13:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=480359

Косовската министерка за правда, Аљбулена Хаџиу отпатува денеска за Хаг, каде што во наредните три дена ќе се сретне со поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои се наоѓаат во притворот на Специјалниот суд за Косово, но не и со поранешниот претседател н државата, Хашим Тачи и поранешниот собраниски спикер, Кадри Весели, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пред полетувањето од приштинскиот аеродром, Хаџиу им изјави на новинарите дека Тачи и Весели, исто како и на крајот од минатата година, одбиле да се сретнат со претставниците на косовското Министерство за правда при нивната посета на Хаг.

Ќе се сретнеме со Јакуп Красниќи, Реџеп Селими, Насим Харадинај, Хисни Гуцати и Пјетер Шаља. Хашим Тачи и Кадри Весели не нé прифатија, додека судот не ни овозможи средба со Салих Мустафа, изјави Хаџиу.

Покрај претставниците на Министерството за правда, член на делегацијата која отпатува за Холандија е и потпретседателката на Собранието на Косово, Саранда Богујевци.

Специјализираните комори за Косово, како што е официјалниот назив на трибуналот познат во косовската јавност како „Суд против ОВК“, подигнаа обвиненија против Тачи, Весели и другите споменати основачи и водачи на ОВК, под сомнение за извршени злосторства врз цивили Албанци, Срби и припадници на другите етнички заедници, во периодот од 1998 до почетокот на 2000 година, односно за време и непосредно по војната во Косово. 

The post Тачи и Весели одбиле да се сретнат со косовската министерка за правда во Хаг appeared first on Република.