табла Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tabla/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Feb 2024 20:43:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png табла Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tabla/ 32 32 Бени Шаќири прво што направи го тргна написот „Ние сме од Скопје“ поставен на предната страна од МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/beni-shakiri-prvo-shto-napravi-go-trgna-napisot-nie-sme-od-skopje-postaven-na-prednata-strana-od-mkts/ Mon, 19 Feb 2024 20:37:03 +0000 https://republika.mk/?p=745899

Речиси еден месец од назначувањето на новиот директор на МКЦ, Бени Шаќири, првата новина е неговата одлука да се тргне написот „Ние сме од Скопје“ кој беше поставен во 2018 година на предната страна од зградата на МКЦ, објави Нова тв.

Музичарот беше назначен за нов директор на 22 јануари годинава со потпис на градоначалничката Данела Арсовска.

https://republika.mk/vesti/kultura/bogoev-me-smenija-od-direktor-na-mkts-bidejki-ne-sakav-da-potpisham-reshenie-za-vrabotuvane-na-beni-shakiri/

The post Бени Шаќири прво што направи го тргна написот „Ние сме од Скопје“ поставен на предната страна од МКЦ appeared first on Република.

]]>

Речиси еден месец од назначувањето на новиот директор на МКЦ, Бени Шаќири, првата новина е неговата одлука да се тргне написот „Ние сме од Скопје“ кој беше поставен во 2018 година на предната страна од зградата на МКЦ, објави Нова тв. Музичарот беше назначен за нов директор на 22 јануари годинава со потпис на градоначалничката Данела Арсовска. https://republika.mk/vesti/kultura/bogoev-me-smenija-od-direktor-na-mkts-bidejki-ne-sakav-da-potpisham-reshenie-za-vrabotuvane-na-beni-shakiri/  

The post Бени Шаќири прво што направи го тргна написот „Ние сме од Скопје“ поставен на предната страна од МКЦ appeared first on Република.

]]>
Традиционален натпревар во играње на табла во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/traditsionalen-natprevar-vo-igrane-na-tabla-vo-kavadartsi/ Sun, 10 Sep 2023 12:40:31 +0000 https://republika.mk/?p=680592

Традиционален натпревар во играње на табла се реализира во Кавадарци, во рамки на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер“.

Годинава имаме 46 заинтересирани играчи за одмерување на „силите“ во оваа древна игра, од нашата, но и од други општини. Наша цел е во иднина натпреварот да прерасне во меѓународен, велат за МИА од кавадаречката локална самоуправа.

Меѓу натпреварувачите има и млади и повозрасни, а меѓу нив се и две припаднички на понежниот пол. Најдобрите, ќе бидат наградени.

Дел од натпреварувачите, споделија дека се разликуваат по тоа како започнале да играат таблијада. Но, нагласија дека дошле со иста цел, да се забавуваат и да си ги одмерат вештините.

The post Традиционален натпревар во играње на табла во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Традиционален натпревар во играње на табла се реализира во Кавадарци, во рамки на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер“.
Годинава имаме 46 заинтересирани играчи за одмерување на „силите“ во оваа древна игра, од нашата, но и од други општини. Наша цел е во иднина натпреварот да прерасне во меѓународен, велат за МИА од кавадаречката локална самоуправа.
Меѓу натпреварувачите има и млади и повозрасни, а меѓу нив се и две припаднички на понежниот пол. Најдобрите, ќе бидат наградени. Дел од натпреварувачите, споделија дека се разликуваат по тоа како започнале да играат таблијада. Но, нагласија дека дошле со иста цел, да се забавуваат и да си ги одмерат вештините.

The post Традиционален натпревар во играње на табла во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Османи одбележа 20 дена од цртањето на таблата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-odbelezha-20-dena-od-tsrtaneto-na-tablata/ Thu, 24 Aug 2023 10:31:26 +0000 https://republika.mk/?p=675325

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес преку видео порака се обрати до граѓаните заблагодарувајќи се за коментарите и дискусијата која се поттикна од видеото кој тој сними пред 20 дена. Во тоа видео, министерот сликовито ја објаснуваше суштината на преговарачката рамка со Европската Унија. Договорите со соседите, особено Договорот со Бугарија и прегледите од член 12 од Договорот не се дел преговарачката рамка, рече тогаш Османи. Во денешното видео, министерот вели дека и по дваесет дена се уште нема аргументи против ова тврдење и уште еднаш потврдува дека овие сегменти не се дел од преговарачката рамка и за нив нема гласање од страна на земјите-членки на Европската Унија.

Според Османи, неговиот обид искрено да ја претстави преговарачката рамка, преку визуелно испишување на нејзините составни делови, бил со цел да поттикне дебата која ќе биде фокусирана на вистината и преку која објективно ќе се презентираат фактите.

„Сепак, забележливо е дека иако имаше бројни коментари, ниту еден не даде опиплив аргумент за да ги побие фактите што ги презентирав. Основната порака останува непроменета: договорите со соседите и прегледите не се дел од посебните сегменти на преговарачката рамка, каде што има писмено известување и гласање од страна на земјите членки“, вели Османи во видеото.

Министерот Османи уште еднаш повика доколку постојат спротивставени ставови, тие да бидат презентирани со аргументи и со искрен пристап преку кој ќе се покаже дека навистина се грижиме за иднината на државата.

„Искрениот дискурс ја зајакнува нашата демократија. Го почитувам секој од вас, без разлика дали сте се согласиле со методот или не. Нашата крајна цел е посветла европска иднина за Македонија и верувам дека заедно со отворен дијалог и со факти можеме тоа да го постигнеме“, вели Османи.

The post Османи одбележа 20 дена од цртањето на таблата appeared first on Република.

МНР на Османи го пофали Бујар за таблата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-na-osmani-go-pofali-bujar-za-tablata/ Sun, 06 Aug 2023 13:05:20 +0000 https://republika.mk/?p=669239

ВМРО - ДПМНЕ не може да прифати дека нивните лаги и пропаганда за преговорите се разоткрија во само едно детално видео во кое прецизно беше објаснета содржината на преговарачката рамка, како и процедурите и принципите на преговарачкиот процес. На граѓаните им стана јасно дека ниту договорот со Бугарија ниту прегледите од член 12 нема да бидат пречка за напредок во европските интеграции, затоа што тие ниту се дел од поглавјата, ниту во одредниците содржани во акциските планови, ниту пак било каде во специјалниот дел од преговарачката рамка за кој ќе бидат изготвувани извештаи и по кои ќе се гласа.,велат од МНР.

Европската интеграција на земјава претставува стратешки државен интерес за кој граѓаните, без разлика на политичката припадност, имаат право да бидат јасно и прецизно информирани за прашањата од кои зависи во каква земја ќе живееме во иднина. Граѓаните заслужуваат аргументирана политичка дебата, а не паушални и шпекулативни обвинувања за кои нема никаква основа. За жалење е што опозицијата наместо да ги изложи своите аргументи и јавно да ги објасни своите политички ставови, избира да се вклучи во измислени приказни со кои се обидува да ја избегне одговорност за политичкиот инает со кој настапува.

The post МНР на Османи го пофали Бујар за таблата appeared first on Република.

Османи сака да биде како Вучиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-saka-da-bide-kako-vuchik/ Sat, 05 Aug 2023 17:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=669029

Mинистерот за надоворешни работи Бујар Османи денеска со табла и креда црташе и објаснуваше колку е добро да ги ставивме Бугарите во Устав.

Како учениче кое моли за преодна двојка пред професорот што испрашува од најтешкото, министерот на „Северна“ не успеа никого да убеди дека само ова да го направиме и сме пред портите на рајот, т.е на ЕУ.

Мислам дека и самиот не верува во она што го пишува бидејќи доволно е само да се слушнат изјавите на претседателот на Бугарија Радев, неговата заменичка Јотова, па едно чудо премиери, веќе и не ги паметите како се викаат.

Тие се јасни, внесувањето на Бугарите е само почеток, а не крајот на барањата, т.е отстапките кои Македонија ќе мора да ги направи кон Бугарија. Сега ќе биде Уставот, после Илинденското востание за кое ќе мора да прифатиме дека е бугарско.Впрочем тоа ни го порача Радев во честитката за 2 август.

А тоа дека освен Бугарите друг услов немало Бујар нека им кажува на неговите во Мала Речица. Целиот Договор за доброседство на Заев и Борисов во кој има „само“ заедничка историја , која во бугарски превод е бугарска го има во преговарачката рамка и целиот францунски предлог.

Затоа не е само до таблата, за да бидеш како Вучиќ мораш да ги штитиш македонските, како што тој ги штити српските интереси. Згора на тоа Вучиќ пишува на дигитална кинеска табла а Османи на обична, училишна. Значи и во таблите не сте исти.

Затоа препорачуваме израелските „пиарџии“ кои ја прават стратегијата на владата на ДУИ и на нивното братче СДСМ, но и на Вучиќ, да ви ги вратат парите.

Вучиќ има со што да се пофали...

The post Османи сака да биде како Вучиќ appeared first on Република.

]]>

Mинистерот за надоворешни работи Бујар Османи денеска со табла и креда црташе и објаснуваше колку е добро да ги ставивме Бугарите во Устав. Како учениче кое моли за преодна двојка пред професорот што испрашува од најтешкото, министерот на „Северна“ не успеа никого да убеди дека само ова да го направиме и сме пред портите на рајот, т.е на ЕУ. Мислам дека и самиот не верува во она што го пишува бидејќи доволно е само да се слушнат изјавите на претседателот на Бугарија Радев, неговата заменичка Јотова, па едно чудо премиери, веќе и не ги паметите како се викаат. Тие се јасни, внесувањето на Бугарите е само почеток, а не крајот на барањата, т.е отстапките кои Македонија ќе мора да ги направи кон Бугарија. Сега ќе биде Уставот, после Илинденското востание за кое ќе мора да прифатиме дека е бугарско.Впрочем тоа ни го порача Радев во честитката за 2 август. А тоа дека освен Бугарите друг услов немало Бујар нека им кажува на неговите во Мала Речица. Целиот Договор за доброседство на Заев и Борисов во кој има „само“ заедничка историја , која во бугарски превод е бугарска го има во преговарачката рамка и целиот францунски предлог. Затоа не е само до таблата, за да бидеш како Вучиќ мораш да ги штитиш македонските, како што тој ги штити српските интереси. Згора на тоа Вучиќ пишува на дигитална кинеска табла а Османи на обична, училишна. Значи и во таблите не сте исти. Затоа препорачуваме израелските „пиарџии“ кои ја прават стратегијата на владата на ДУИ и на нивното братче СДСМ, но и на Вучиќ, да ви ги вратат парите. Вучиќ има со што да се пофали...

The post Османи сака да биде како Вучиќ appeared first on Република.

]]>
Османи на табла ја нацрта преговарачката рамка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-tabla-ja-natsrta-pregovarachkata-ramka/ Sat, 05 Aug 2023 08:55:59 +0000 https://republika.mk/?p=668892

Министерот за надворешни работи Бујар Османи објави видео на својот профил на Фејсбук со кратко објаснување, како што посочува, на суштината на преговарачката рамка за преговори со ЕУ, како одговор на бројните шпекулации поврзани со нејзината содржина.

Прво, преговарачката рамка е поделена во два дела – општ и специјален дел. Во општиот дел се т.н. општи одредби од преговарачката рамка за коишто ниту се прави писмен извештај од Европската Комисија, ниту е потребно гласање од страна на Европскиот совет, т.е., од стана на земјите-членки на Унијата. Во специјалниот дел се наоѓаат 35-те поглавја, за кои постојат одредници кои мора да се исполнат и за кои Европската Комисија подготвува извештај, а земјите- членки со гласање го одобруваат. Овие одредници се содржани во трите патокази што ќе ги подготвиме после скринингот, а ќе ги усвои Европската Унија. Toa се: патоказ за владеење на право, патоказ за јавна администрација и патоказ за демократски институции. Во еден од овие патокази, патоказот за владеење на право, се наоѓа акциски план за малцинства, за сите малцинства, етнички или неетнички, наведува Османи.

Она што е поважно, потенцира тој, е што во ниту едно од овие одредници, патокази или скалила во специјалниот дел од преговарачката рамка нема никаква референца или поврзаност со Договорот за пријателство со Бугарија, никакви референци по прашањето на работата на Историската комисија, ниту пак прегледите од член 12 од истиот Договор.

Напротив – и Договорот за пријателство и прегледите од член 12 од Договорот, како и Договорот со Грција се нотирани во општиот дел од рамката, делот за кој ниту се изготвува извештај од страна на Европската Комисија, ниту претставува предмет на гласање, или одобрување од страна на Советот на ЕУ, односно земјите-членки на Унијата. Тоа не значи дека ние нема да работиме на нивната имплементација, ние секако ја имаме преземено таа обврска, но и тоа ќе го правиме во добра волја, но тие не се одредници за кои ќе се изготвува Извештај или ќе се гласа и оттука не можат да бидат основа за нова пречка на патот, вели во објаснувањето Османи.

The post Османи на табла ја нацрта преговарачката рамка appeared first on Република.