Та Неа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ta-nea/ За подобро да се разбереме Fri, 10 May 2024 09:37:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Та Неа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ta-nea/ 32 32 Грчките медиуми загрижени дали новата власт ќе го користи името „Македонија“ без географската одредница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkite-mediumi-zagrizheni-dali-novata-vlast-ke-go-koristi-imeto-makedonija-bez-geografskata-odrednitsa/ Fri, 10 May 2024 09:37:03 +0000 https://republika.mk/?p=776685

На употребата на името „Македонија“, без одредницата „Северна“, на почитувањето на Договорот од Преспа, но и на ставот на Грција за конкретното прашање, акцентот го ставаат дел од грчките медиуми во анализите по завчерашните избори кај нас, по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ и промената на политичката сцена, јави дописничката на МИА од Атина.

Весникот „Та неа“ во текстот под наслов „Нивна обврска е строго почитување на Договорот од Преспа“ пишува дека „Атина со зголемен интерес и смиреност ја следи промената на политичката сцена во Скопје“, а грчки дипломатски извори рекле дека изборите се демократски процес „чиј резултат ќе се почитува каков и да е“, а во исто време подвлекле дека „прилично поткопувачките позиции во однос на Договорот од Преспа, кои беа јавно изразени во предизборниот период од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не останаа незабележани и во никој случај не ја задоволуваат Атина“.

-Обврска на Скопје е строго да го почитува Договорот од Преспа, забележуваат дипломатските кругови од Грција, посочувајќи дека Македонија несомнено е важна земја во поширокиот регион со која сакаме да имаме добрососедски односи и која ја поддржуваме во однос на нејзината европска перспектива, пишува „Та неа“.

Весникот пренесува и дипломатски извори од Скопје, „кои ја отфрлаат можноста ВМРО-ДПМНЕ да го стави во опасност почитувањето на она што е вклучено во текстот на Договорот од 2018 година меѓу Грција и Македонија“.

-Кој и да е на власт во земјата, Договорот од Преспа ќе се почитува целосно, оценуваат од Скопје, потенцирајќи дека воопшто не е случајно што во текстот на Договорот од Преспа нема клаузула шо споменува рок на траење. „Тоа значи дека Договорот од Преспа е потпишан и е тука за да остане“, забележуваат истите дипломатски извори, пишува „Та неа“.

Весникот „Катимерини“ ги пренесува следните чекори по изборите, осврнувајќи се на инаугурацијата на новата претседателка в недела, коментирајќи дека тогаш ќе се види дали односите со Атина „ќе продолжат да се движат во умерена клима или ќе започне нов период на превирања, со Скопје да отвори нов фронт со Грција во моментот кога раздорот со Бугарија ја загрозува европската перспектива на Македонија“.

-Со оглед на тоа што во Македонија, Уставот не предвидува зголемени овластувања на претседателот, во нормални околности неделната инаугурација немаше да биде ништо повеќе од формална и можеби досадна процедура. Но, сега интересно е пред Уставот на која земја Силјановска ќе положи заклетва: на Македонија како уставно запишана со Договорот од Преспа или на непостоечка држава, „Република Македонија“, под кое самата чекореше кон високата функција и нејзината партија кон власт, иако со ниски тонови за време на предизборната кампања?, пишува грчкиот весник.

Исто како и „Та неа“ и „Катимерини“ пренесува грчки дипломатски извори кои неофицијално потенцирале дека новата власт во Скопје „има обврска строго да го почитува Договорот од Преспа кој е меѓународен договор, кој произведува обврски за соседната земја и е предуслов за развој на нејзиниот европски тек“.

Експертот и аналитичар за меѓународни прашања, професорот Константинос Филис, говорејќи за грчката телевизија Антена истакна дека односите меѓу двете земји „почнуваат од нула“.

-Ова е реалноста, бидејќи имаме Влада која е непријател на Договорот од Преспа, која се има закането дека ќе се обиде да го торпедира. Ова не е лесно. Зборуваме за меѓународен договор и ваквите договори се поништуваат само со согласност на двете држави. Грција би можела дури и да ја одведе Македонија пред меѓународниот суд во случај на неисполнување на обврските или заобиколување на делови од Договорот, истакна Филис.

Парламентарните и претседателските избори кај нас од вчера се една од главните теми во медиумите во Грција, кои пренесуваат ставови, изјави и анализираат каков би бил ставот на официјална Атина, додека пак како што вчера објави МИА, портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на редовниот брифинг со новинарите и министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во интервју за радио, излегоа со став за промената на политичката сцена.

Маринакис, на прашањето на дописничката на МИА од Атина, посочи дека чекаат прво да ги слушнат позициите на новата Влада во Скопје, а потоа ќе коментираат, додека пак Герапетритис говорејќи за „Скај“ изрази надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да направи промени во надворешната политика, но и дека земјата ќе го продолжи својот европски пат

The post Грчките медиуми загрижени дали новата власт ќе го користи името „Македонија“ без географската одредница appeared first on Република.

]]>

На употребата на името „Македонија“, без одредницата „Северна“, на почитувањето на Договорот од Преспа, но и на ставот на Грција за конкретното прашање, акцентот го ставаат дел од грчките медиуми во анализите по завчерашните избори кај нас, по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ и промената на политичката сцена, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот „Та неа“ во текстот под наслов „Нивна обврска е строго почитување на Договорот од Преспа“ пишува дека „Атина со зголемен интерес и смиреност ја следи промената на политичката сцена во Скопје“, а грчки дипломатски извори рекле дека изборите се демократски процес „чиј резултат ќе се почитува каков и да е“, а во исто време подвлекле дека „прилично поткопувачките позиции во однос на Договорот од Преспа, кои беа јавно изразени во предизборниот период од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не останаа незабележани и во никој случај не ја задоволуваат Атина“.
-Обврска на Скопје е строго да го почитува Договорот од Преспа, забележуваат дипломатските кругови од Грција, посочувајќи дека Македонија несомнено е важна земја во поширокиот регион со која сакаме да имаме добрососедски односи и која ја поддржуваме во однос на нејзината европска перспектива, пишува „Та неа“.
Весникот пренесува и дипломатски извори од Скопје, „кои ја отфрлаат можноста ВМРО-ДПМНЕ да го стави во опасност почитувањето на она што е вклучено во текстот на Договорот од 2018 година меѓу Грција и Македонија“.
-Кој и да е на власт во земјата, Договорот од Преспа ќе се почитува целосно, оценуваат од Скопје, потенцирајќи дека воопшто не е случајно што во текстот на Договорот од Преспа нема клаузула шо споменува рок на траење. „Тоа значи дека Договорот од Преспа е потпишан и е тука за да остане“, забележуваат истите дипломатски извори, пишува „Та неа“.
Весникот „Катимерини“ ги пренесува следните чекори по изборите, осврнувајќи се на инаугурацијата на новата претседателка в недела, коментирајќи дека тогаш ќе се види дали односите со Атина „ќе продолжат да се движат во умерена клима или ќе започне нов период на превирања, со Скопје да отвори нов фронт со Грција во моментот кога раздорот со Бугарија ја загрозува европската перспектива на Македонија“.
-Со оглед на тоа што во Македонија, Уставот не предвидува зголемени овластувања на претседателот, во нормални околности неделната инаугурација немаше да биде ништо повеќе од формална и можеби досадна процедура. Но, сега интересно е пред Уставот на која земја Силјановска ќе положи заклетва: на Македонија како уставно запишана со Договорот од Преспа или на непостоечка држава, „Република Македонија“, под кое самата чекореше кон високата функција и нејзината партија кон власт, иако со ниски тонови за време на предизборната кампања?, пишува грчкиот весник.
Исто како и „Та неа“ и „Катимерини“ пренесува грчки дипломатски извори кои неофицијално потенцирале дека новата власт во Скопје „има обврска строго да го почитува Договорот од Преспа кој е меѓународен договор, кој произведува обврски за соседната земја и е предуслов за развој на нејзиниот европски тек“. Експертот и аналитичар за меѓународни прашања, професорот Константинос Филис, говорејќи за грчката телевизија Антена истакна дека односите меѓу двете земји „почнуваат од нула“.
-Ова е реалноста, бидејќи имаме Влада која е непријател на Договорот од Преспа, која се има закането дека ќе се обиде да го торпедира. Ова не е лесно. Зборуваме за меѓународен договор и ваквите договори се поништуваат само со согласност на двете држави. Грција би можела дури и да ја одведе Македонија пред меѓународниот суд во случај на неисполнување на обврските или заобиколување на делови од Договорот, истакна Филис.
Парламентарните и претседателските избори кај нас од вчера се една од главните теми во медиумите во Грција, кои пренесуваат ставови, изјави и анализираат каков би бил ставот на официјална Атина, додека пак како што вчера објави МИА, портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на редовниот брифинг со новинарите и министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во интервју за радио, излегоа со став за промената на политичката сцена. Маринакис, на прашањето на дописничката на МИА од Атина, посочи дека чекаат прво да ги слушнат позициите на новата Влада во Скопје, а потоа ќе коментираат, додека пак Герапетритис говорејќи за „Скај“ изрази надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да направи промени во надворешната политика, но и дека земјата ќе го продолжи својот европски пат

The post Грчките медиуми загрижени дали новата власт ќе го користи името „Македонија“ без географската одредница appeared first on Република.

]]>
Спасовски за „Та неа“: Ние како регион припаѓаме во Европската Унија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-za-ta-nea-nie-kako-region-pripagjame-vo-evropskata-unija/ Thu, 05 May 2022 09:03:08 +0000 https://republika.mk/?p=497891

Ние како регион припаѓаме во Европската Унија, истакнува министерот за внатрешни работи Oливер Спасовски во интервјуто за грчкиот весник „Та неа“ во кое говори за соработката со Грција, за регионалните безбедносни прашања, но и за ЕУ перспективата на земјава, јави дописничката на МИА од Атина.

Интервјуто под наслов „Билатерална соработка за безбедносни прашања“ е по повод работната посета на Спасовски во Грција, неговото учество на министерската конференција во рамките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и средбата со неговиот грчки колега Такис Теодорикакос.

Министерот вели дека во сегашните околности, членството во ЕУ е важно не само за Македонија, туку и за целиот регион, а одговарајќи на прашањето дали пристапот станува поитен и како порака за ревизионистичките политики и како одговор на Русија, истакнува дека Европската Унија треба да ги прифати Албанија и Македонија како дел од нејзината стратегија, а не како одговор на никаква политика, „бидејќи ние како регион припаѓаме во ЕУ“.

Весникот пишува дека „зајакнувањето на соработката меѓу Скопје и Атина во сите области, меѓу кои и безбедноста и стабилноста е пораката што за време на неговата посета на Грција, ја испрати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски“.

Меѓународниот организиран криминал, тероризмот, илегалната миграција претставуваат предизвици кои ги засегаат не само нашите земји, туку и земјите од целиот регион и Европа, вели Спасовски во интервјуто и ги споменува двата договори за кои разговарале со Теодорикакос, едниот за полициска соработка во борбата против организираниот криминал, а другиот за договор за реадмисија.

За важноста на билатералната соработка во сенка на руската инвазија на Украина, истакнува дека е важно да се продолжи и во областа на безбедноста „за стабилноста во регионот“.

Се договоривме дека ќе имаме размена на информации и податоци на дневна основа со цел заштита на регионот. И двете земји, како членки на НАТО делиме исти вредности и исти можности за зајакнување на нашата соработка со цел стабилност на регионот, објасни министерот, додавајќи дека во моментов, заедничката оценката е дека нема „знаци на нарушување на мирот во регионот“.

Истакнува дека нашиот регион е од посебно стратешко значење, што е предност, но „ни носи доста предизвици“ и посочува дека секоја земја мора да биде посветена на одржување на мирот и стабилноста за граѓаните.

Осврнувајќи се на прашањето за илегалната миграција, Спасовски потенцира дека во моментов има намалување на протокот во двете земји и нагласува дека војната во Украина принуди многу луѓе да ја напуштат земјата, прашање што, како што рече, било покренато и на вчерашната министерска средба, при што сите земји учеснички се согласиле дека се подготвени да примат бегалци од Украина на своја територија.

The post Спасовски за „Та неа“: Ние како регион припаѓаме во Европската Унија appeared first on Република.

]]>

Ние како регион припаѓаме во Европската Унија, истакнува министерот за внатрешни работи Oливер Спасовски во интервјуто за грчкиот весник „Та неа“ во кое говори за соработката со Грција, за регионалните безбедносни прашања, но и за ЕУ перспективата на земјава, јави дописничката на МИА од Атина. Интервјуто под наслов „Билатерална соработка за безбедносни прашања“ е по повод работната посета на Спасовски во Грција, неговото учество на министерската конференција во рамките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и средбата со неговиот грчки колега Такис Теодорикакос. Министерот вели дека во сегашните околности, членството во ЕУ е важно не само за Македонија, туку и за целиот регион, а одговарајќи на прашањето дали пристапот станува поитен и како порака за ревизионистичките политики и како одговор на Русија, истакнува дека Европската Унија треба да ги прифати Албанија и Македонија како дел од нејзината стратегија, а не како одговор на никаква политика, „бидејќи ние како регион припаѓаме во ЕУ“. Весникот пишува дека „зајакнувањето на соработката меѓу Скопје и Атина во сите области, меѓу кои и безбедноста и стабилноста е пораката што за време на неговата посета на Грција, ја испрати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски“.
Меѓународниот организиран криминал, тероризмот, илегалната миграција претставуваат предизвици кои ги засегаат не само нашите земји, туку и земјите од целиот регион и Европа, вели Спасовски во интервјуто и ги споменува двата договори за кои разговарале со Теодорикакос, едниот за полициска соработка во борбата против организираниот криминал, а другиот за договор за реадмисија.
За важноста на билатералната соработка во сенка на руската инвазија на Украина, истакнува дека е важно да се продолжи и во областа на безбедноста „за стабилноста во регионот“.
Се договоривме дека ќе имаме размена на информации и податоци на дневна основа со цел заштита на регионот. И двете земји, како членки на НАТО делиме исти вредности и исти можности за зајакнување на нашата соработка со цел стабилност на регионот, објасни министерот, додавајќи дека во моментов, заедничката оценката е дека нема „знаци на нарушување на мирот во регионот“.
Истакнува дека нашиот регион е од посебно стратешко значење, што е предност, но „ни носи доста предизвици“ и посочува дека секоја земја мора да биде посветена на одржување на мирот и стабилноста за граѓаните. Осврнувајќи се на прашањето за илегалната миграција, Спасовски потенцира дека во моментов има намалување на протокот во двете земји и нагласува дека војната во Украина принуди многу луѓе да ја напуштат земјата, прашање што, како што рече, било покренато и на вчерашната министерска средба, при што сите земји учеснички се согласиле дека се подготвени да примат бегалци од Украина на своја територија.

The post Спасовски за „Та неа“: Ние како регион припаѓаме во Европската Унија appeared first on Република.

]]>
На Света Гора најмалку 40 монаси починале од Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-sveta-gora-najmalku-40-monasi-pochinale-od-kovid-19/ Thu, 20 Jan 2022 13:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=447147

Најмалку 40 монаси на Света Гора починале од Ковид-19, од вкупно 1.800 монаси, околу 1.000 се разболеле, а само 500 се вакцинирани, пишува грчкиот весник „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Игуменот од еден од манастирите, архимандритот Вартоломеј за весникот вели дека процените се дека над 40 монаси починале од Ковид-19, од кои двајца вчера и додава дека некои монаси се хоспитализирани и приклучени на апарати на интензивна нега.

Весникот пишува дека еден манастир е во карантин, два –три манастири, превентивно се затворени за верниците, а меѓу постојаните жители на Света гора има и 400 монаси од Србија, Романија, Бугарија и Русија, кои категорично одбиваат да се вакцинираат и кога дел од нив се разболеле, побарале лекари од Белград, бидејќи не сакале лекување од грчки лекари.

Според „Та неа“, но и според натписите во грчките медиуми од изминатиот период за време на пандемијата, на Света Гора постојат постари монаси кои се категорично против вакцинацијата и се најгласни меѓу антиваксерите, а воедно, ги советуваат и верниците кои ги посетуваат дека не треба да се вакцинираат.

По изјавите на монах од Света гора дека постојат монаси – антиваксери кои со нивната реторика ги повикуваат верниците да не се вакцинираат и се одговорни за многу смртни случаи, пред неколку дена реагираше Обвинителството во Солун и покрена истрага за евентуално ширење лажни вести.

The post На Света Гора најмалку 40 монаси починале од Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Најмалку 40 монаси на Света Гора починале од Ковид-19, од вкупно 1.800 монаси, околу 1.000 се разболеле, а само 500 се вакцинирани, пишува грчкиот весник „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина. Игуменот од еден од манастирите, архимандритот Вартоломеј за весникот вели дека процените се дека над 40 монаси починале од Ковид-19, од кои двајца вчера и додава дека некои монаси се хоспитализирани и приклучени на апарати на интензивна нега. Весникот пишува дека еден манастир е во карантин, два –три манастири, превентивно се затворени за верниците, а меѓу постојаните жители на Света гора има и 400 монаси од Србија, Романија, Бугарија и Русија, кои категорично одбиваат да се вакцинираат и кога дел од нив се разболеле, побарале лекари од Белград, бидејќи не сакале лекување од грчки лекари. Според „Та неа“, но и според натписите во грчките медиуми од изминатиот период за време на пандемијата, на Света Гора постојат постари монаси кои се категорично против вакцинацијата и се најгласни меѓу антиваксерите, а воедно, ги советуваат и верниците кои ги посетуваат дека не треба да се вакцинираат. По изјавите на монах од Света гора дека постојат монаси – антиваксери кои со нивната реторика ги повикуваат верниците да не се вакцинираат и се одговорни за многу смртни случаи, пред неколку дена реагираше Обвинителството во Солун и покрена истрага за евентуално ширење лажни вести.

The post На Света Гора најмалку 40 монаси починале од Ковид-19 appeared first on Република.

]]>