СВР Тетово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svr-tetovo/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 15:47:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СВР Тетово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svr-tetovo/ 32 32 СВР Тетово предупредува – казните се и до пет години затвор, затоа внимавајте! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/svr-tetovo-predupreduva-kaznite-se-i-do-pet-godini-zatvor-zatoa-vnimavajte/ Thu, 07 Nov 2024 16:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=834670

Последните неколку дена, особено во утринските и доцните вечерни часови, во тетовско-гостиварскиот регион има релативно ниски температури, кои ја интензивираа грејната сезона, не само во домовите, туку и во стопанските, јавните и други објекти. Поради ова, значително се зголемува можноста за пожари, пред се како резултат на човечко невнимание, застарени и дотраени електрични инсталации во зградите, неисправни печки и навреме неисчистени оџаци во куќите или станбените згради, потсетуваат од Секторот зa внатрешни работи-Тетово.

Повторно апелираме до граѓаните на максимална внимателност, поточно да не ги оставаат вклучени грејните тела кога подолго време не се дома или во работните простории, а особено не греалки, клима уреди или печки на дрва. Затоа што е потребна само мала искра за да се запали голем пожар со сериозни материјални и други последици. Ова особено се однесува на станбените згради, каде локализирањето на пожарите е многу потешко, поради недостиг на потребна опрема во многу од нив и отежнатиот пристап до зградите, главно поради градежни или други причини, велат од СВР Тетово.

На сопствениците и станарите во зградите им се препорачува да ги проверуваат и чистат оџаците најмалку двапати годишно, но и да не ги преоптоваруваат инсталациите со вклучување на неколку електрични апарати одеднаш.

Според член 288 од Кривичниот законик, предизвикување јавна опасност е кривично дело за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години, а ако е сторено од небрежност, казната е до три години. Затоа, се молат граѓаните да продолжат да ги почитуваат овие апели и упатства, да спречат евентуални пожари и да спречат посериозни последици по нивниот живот и имот, велат од СВР Тетово.

The post СВР Тетово предупредува – казните се и до пет години затвор, затоа внимавајте! appeared first on Република.

]]>

Не оставајте стаклени шишиња надвор, апелираат од СВР Тетово поради пожарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-ostavajte-stakleni-shishina-nadvor-apeliraat-od-svr-tetovo-poradi-pozharite/ Wed, 10 Jul 2024 08:15:07 +0000 https://republika.mk/?p=794991

Со енормното зголемување на температурите, во голема мерка се зголемени и потенцијалните ризици за настанување и ширење на пожарите во полошкиот регион, велат од СВР Тетово, додавајќи дека дотолку повеќе што овој регион се карактеризира со бујна вегетација, поради што е неопходна максимална претпазливост, будност и одговорно однесување на секој поединец.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да бидат будни и максимално внимателни, доколку се движат и работат во нивните ниви или шуми, да не палат ѓубре, сено и слама во нивните ниви и да не ја фрлаат пепелта без добро изгаснат и запалени цигари. Дополнително, се предупредуваат оние кои ќе престојуваат на излетничките места за време на викендот да не палат пожари, кои во ситуации кога не се добро изгаснати, може брзо да се прошират на пошироката околина и со тоа да предизвикаат штети со неповратни последици. Се советува да не се оставаат стаклени шишиња или други материјали на отворени места, што може да предизвикаат пожар при подолг престој на сонце, велат оттаму.

Потсетуваат дека доколку настане пожар предизвикан намерно или од невнимание, за сторителите предвидени се ригорозни законски санкции, кои во краен степен опфаќаат и затворски казни од 6 месеци до 8 години, во зависност на видот на пожарот, последиците и други околности.

Секторот за внатрешни работи Тетово, велат оттаму, презема различни и координирани превентивни мерки за навремено откривање на можните причини за пожари, а планираните контролни активности во поширокиот регион ќе бидат засилени.

The post Не оставајте стаклени шишиња надвор, апелираат од СВР Тетово поради пожарите appeared first on Република.

]]>

Со енормното зголемување на температурите, во голема мерка се зголемени и потенцијалните ризици за настанување и ширење на пожарите во полошкиот регион, велат од СВР Тетово, додавајќи дека дотолку повеќе што овој регион се карактеризира со бујна вегетација, поради што е неопходна максимална претпазливост, будност и одговорно однесување на секој поединец.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да бидат будни и максимално внимателни, доколку се движат и работат во нивните ниви или шуми, да не палат ѓубре, сено и слама во нивните ниви и да не ја фрлаат пепелта без добро изгаснат и запалени цигари. Дополнително, се предупредуваат оние кои ќе престојуваат на излетничките места за време на викендот да не палат пожари, кои во ситуации кога не се добро изгаснати, може брзо да се прошират на пошироката околина и со тоа да предизвикаат штети со неповратни последици. Се советува да не се оставаат стаклени шишиња или други материјали на отворени места, што може да предизвикаат пожар при подолг престој на сонце, велат оттаму.
Потсетуваат дека доколку настане пожар предизвикан намерно или од невнимание, за сторителите предвидени се ригорозни законски санкции, кои во краен степен опфаќаат и затворски казни од 6 месеци до 8 години, во зависност на видот на пожарот, последиците и други околности. Секторот за внатрешни работи Тетово, велат оттаму, презема различни и координирани превентивни мерки за навремено откривање на можните причини за пожари, а планираните контролни активности во поширокиот регион ќе бидат засилени.

The post Не оставајте стаклени шишиња надвор, апелираат од СВР Тетово поради пожарите appeared first on Република.

]]>
Иселениците ќе паркираат по училишните дворови, за да се избегне гужвата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/iselenitsite-ke-parkiraat-po-uchilishnite-dvorovi-za-da-se-izbegne-guzhvata/ Fri, 05 Jul 2024 17:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=793717

Со почетокот на месец јули, во поширокиот Полошки регион, подрачје кое административно го покрива СВР Тетово, се забележува зголемениот интензитет на враќање на иселениците кои живеат и работат во странство, додека во втората половина од овој и почетокот на идниот месец се очекува нивниот број уште повеќе да се зголемува, поради што редовно се преземаат сите мерки и засилени активности за да се овозможи нормално и непречено одвивање на сообраќајот низ централните подрачја на градовите Тетово и Гостивар, а посебно околу превенирањето
и санкционирањето на погрешното и непрописното паркирање на возилата, велат од СВР Тетово.

Додаваат дека во соработка со локалните самоуправи веќе се отворени дворовите на неколку основни и средни училишта во централните градски подрачја за да се овозможи паркирање на
возилата и да се избегне двојното, односно паралелно паркирање, како и паркирање во зона на раскрсници, на тротоари, пешачки премини и слично.

Потенцираат дека возилата што го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот ќе бидат подигнати до општинските „пајак“ служби кои ќе бидат интензивирани активности и со подолго работно време.

Над 2.500 мерки се изречени во минатите шест месеци во однос на непрописно и погрешно паркирање на возила, а со „пајак служба“ биле подигнати над 1.000 возила кои директно го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот, додека за прекршителите се издадени соодветни платни налози и тие ќе се соочат со парични казни предвидени со закон. Секторот за внатрешни работи Тетово, поради веќе дојдените иселеници и очекуваното зголемена фреквенцијата на сообраќајот, апелира до возачите да ги почитуваат правилата и законските прописи во сообраќајот за да се избегнат сериозни последици и застој во сообраќајот, да бидат свесни, да не ги паркираат нивните возила кај што ќе стигнат и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, велат од СВР Тетово.

The post Иселениците ќе паркираат по училишните дворови, за да се избегне гужвата appeared first on Република.

]]>

Со почетокот на месец јули, во поширокиот Полошки регион, подрачје кое административно го покрива СВР Тетово, се забележува зголемениот интензитет на враќање на иселениците кои живеат и работат во странство, додека во втората половина од овој и почетокот на идниот месец се очекува нивниот број уште повеќе да се зголемува, поради што редовно се преземаат сите мерки и засилени активности за да се овозможи нормално и непречено одвивање на сообраќајот низ централните подрачја на градовите Тетово и Гостивар, а посебно околу превенирањето и санкционирањето на погрешното и непрописното паркирање на возилата, велат од СВР Тетово. Додаваат дека во соработка со локалните самоуправи веќе се отворени дворовите на неколку основни и средни училишта во централните градски подрачја за да се овозможи паркирање на возилата и да се избегне двојното, односно паралелно паркирање, како и паркирање во зона на раскрсници, на тротоари, пешачки премини и слично. Потенцираат дека возилата што го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот ќе бидат подигнати до општинските „пајак“ служби кои ќе бидат интензивирани активности и со подолго работно време.
Над 2.500 мерки се изречени во минатите шест месеци во однос на непрописно и погрешно паркирање на возила, а со „пајак служба“ биле подигнати над 1.000 возила кои директно го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот, додека за прекршителите се издадени соодветни платни налози и тие ќе се соочат со парични казни предвидени со закон. Секторот за внатрешни работи Тетово, поради веќе дојдените иселеници и очекуваното зголемена фреквенцијата на сообраќајот, апелира до возачите да ги почитуваат правилата и законските прописи во сообраќајот за да се избегнат сериозни последици и застој во сообраќајот, да бидат свесни, да не ги паркираат нивните возила кај што ќе стигнат и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, велат од СВР Тетово.

The post Иселениците ќе паркираат по училишните дворови, за да се избегне гужвата appeared first on Република.

]]>
Одделот за внатрешна контрола да утврди што се случувапе во СВР Тетово, побара Тошковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/oddelot-za-vnatreshna-kontrola-da-utvrdi-shto-se-sluchuvape-vo-svr-tetovo-pobara-toshkovski/ Wed, 24 Apr 2024 19:01:13 +0000 https://republika.mk/?p=770423

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека на советник од неговиот кабинет, упатен со писмена наредба, не му било дозволено присуство во рамки на оперативниот штаб на СВР Тетово и најави дека ќе се преземат сите соодветни мерки, согласно Закон за Влада и можностите во рамки на МВР.

Согласно информациите кои ги имам постапено е од страна на началникот на СВР Тетово, по добиена наредба од страна на директорот на БЈБ, но дали е така или како е конкретно постапено е би сакал сега да навлегувам во детали. Би сакал Одделот за внатрешна контрола во рамки на МВР да утврди како е точно постапено и што е точно преземено и за сите овие детали ќе информираме дополнително, изјави Тошковски.

Според Тошковски, не би сакал денот да ги обременува со настани, поврзани со внатрешното работење на МВР, а не се однесуваат на делот на загрозување на изборниот процес.

Претходно коалицијата Вреди, на прес-конференција обвини дека началникот на Секторот за внатрешни работи во Тетово, Шефик Бајрами продолжува да работи незаконски, и денеска од СВР Тетово го избркал советникот на министерот за внатрешни работи, кој со допис бил поставен од министерот да биде дел од штабот на СВР-Тетово.

Прашан во однос на обвинувањата од коалицијата Вреди за полнење кутии во Липково, Тошковски рече дека таков настан, до моментот на напуштање на оперативниот штаб, формално не е евидентиран.

The post Одделот за внатрешна контрола да утврди што се случувапе во СВР Тетово, побара Тошковски appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека на советник од неговиот кабинет, упатен со писмена наредба, не му било дозволено присуство во рамки на оперативниот штаб на СВР Тетово и најави дека ќе се преземат сите соодветни мерки, согласно Закон за Влада и можностите во рамки на МВР.
Согласно информациите кои ги имам постапено е од страна на началникот на СВР Тетово, по добиена наредба од страна на директорот на БЈБ, но дали е така или како е конкретно постапено е би сакал сега да навлегувам во детали. Би сакал Одделот за внатрешна контрола во рамки на МВР да утврди како е точно постапено и што е точно преземено и за сите овие детали ќе информираме дополнително, изјави Тошковски.
Според Тошковски, не би сакал денот да ги обременува со настани, поврзани со внатрешното работење на МВР, а не се однесуваат на делот на загрозување на изборниот процес. Претходно коалицијата Вреди, на прес-конференција обвини дека началникот на Секторот за внатрешни работи во Тетово, Шефик Бајрами продолжува да работи незаконски, и денеска од СВР Тетово го избркал советникот на министерот за внатрешни работи, кој со допис бил поставен од министерот да биде дел од штабот на СВР-Тетово. Прашан во однос на обвинувањата од коалицијата Вреди за полнење кутии во Липково, Тошковски рече дека таков настан, до моментот на напуштање на оперативниот штаб, формално не е евидентиран.

The post Одделот за внатрешна контрола да утврди што се случувапе во СВР Тетово, побара Тошковски appeared first on Република.

]]>
Хасани: Началникот на СВР – Тетово продолжува да работи незаконски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hasani-nachalnikot-na-svr-tetovo-prodolzhuva-da-raboti-nezakonski/ Wed, 24 Apr 2024 17:58:17 +0000 https://republika.mk/?p=770342

Началникот на Секторот за внатрешни работи во Тетово, Шефик Бајрами продолжува да работи незаконски, изјави попладнево на прес-конференција, Башким Хасани, член на Централниот штаб на коалицијата Вреди.

- Иако според „Пржинскиот“ договор за формирање техничка влада, изборите се организираат во координација меѓу функционерите на партиите од власта и опозицијата, началникот на СВР-Тетово тоа не го почитува, го прекршува Законот за организација на избори и ја одбива секоја писмена наредба на министерот за внатрешни работи. Тој денеска од СВР Тетово го избркал советникот на министерот за внатрешни работи, кој со допис бил поставен од министерот да биде дел од штабот на СВР-Тетово, за да се грижи за безбедноста на изборниот процес и да ја следи работата на овој сектор. Откако советникот на министерот со писмо од самиот министер, добил наредба да го надгледува изборниот процес, тој се појавил во штабот на СВР-Тетово, но, началникот Шефик Бајрами ја зел писмената наредба од министерот, ја сликал, а потоа телефонски разговарал со некое лице, од кое добил наредба сите оние полицајци, кои не се контролирани од ДУИ, да го напуштат штабот. Тогаш Шефик Бајрами се обратил на советникот на министерот со зборовите дека итно мора да го напушти седиштето, бидејќи не е посакуван да биде тука, појасни Хасани.

Тој го повика министерот за внатрешни работи итно да преземе мерки против Шефик Бајрами и Секторот за внатрешни работи во Тетово, но, како што рече, итно да постапи во Тетово и во Шестата изборна единица, врз основа на неговите законски овластувања како министер, но и врз основа на Законот за организација на изборите, за да има што подемократски и коректен процес.

- Доколку министерот не постапи, тогаш ќе се подразбира дека и тој е соучесник во овие постапки. Доколку ваквите однесувања на Шефик Бајрам и ДУИ продолжуваат и понатаму, тогаш ние ќе ги разгледаме и ќе донесеме одлука како ќе постапиме понатаму. Од друга страна, ги повикуваме сите амбасади во земјава и меѓународните организации, што се акредитирани за мониторинг на изборите, како ОБСЕ/ОДИХР, да се фокусираат во Тетово и во Шестата изборна единица и внимателно да го следат развојот на изборниот процес, подвлече Хасани.

The post Хасани: Началникот на СВР – Тетово продолжува да работи незаконски appeared first on Република.

]]>

Началникот на Секторот за внатрешни работи во Тетово, Шефик Бајрами продолжува да работи незаконски, изјави попладнево на прес-конференција, Башким Хасани, член на Централниот штаб на коалицијата Вреди. - Иако според „Пржинскиот“ договор за формирање техничка влада, изборите се организираат во координација меѓу функционерите на партиите од власта и опозицијата, началникот на СВР-Тетово тоа не го почитува, го прекршува Законот за организација на избори и ја одбива секоја писмена наредба на министерот за внатрешни работи. Тој денеска од СВР Тетово го избркал советникот на министерот за внатрешни работи, кој со допис бил поставен од министерот да биде дел од штабот на СВР-Тетово, за да се грижи за безбедноста на изборниот процес и да ја следи работата на овој сектор. Откако советникот на министерот со писмо од самиот министер, добил наредба да го надгледува изборниот процес, тој се појавил во штабот на СВР-Тетово, но, началникот Шефик Бајрами ја зел писмената наредба од министерот, ја сликал, а потоа телефонски разговарал со некое лице, од кое добил наредба сите оние полицајци, кои не се контролирани од ДУИ, да го напуштат штабот. Тогаш Шефик Бајрами се обратил на советникот на министерот со зборовите дека итно мора да го напушти седиштето, бидејќи не е посакуван да биде тука, појасни Хасани. Тој го повика министерот за внатрешни работи итно да преземе мерки против Шефик Бајрами и Секторот за внатрешни работи во Тетово, но, како што рече, итно да постапи во Тетово и во Шестата изборна единица, врз основа на неговите законски овластувања како министер, но и врз основа на Законот за организација на изборите, за да има што подемократски и коректен процес. - Доколку министерот не постапи, тогаш ќе се подразбира дека и тој е соучесник во овие постапки. Доколку ваквите однесувања на Шефик Бајрам и ДУИ продолжуваат и понатаму, тогаш ние ќе ги разгледаме и ќе донесеме одлука како ќе постапиме понатаму. Од друга страна, ги повикуваме сите амбасади во земјава и меѓународните организации, што се акредитирани за мониторинг на изборите, како ОБСЕ/ОДИХР, да се фокусираат во Тетово и во Шестата изборна единица и внимателно да го следат развојот на изборниот процес, подвлече Хасани.

The post Хасани: Началникот на СВР – Тетово продолжува да работи незаконски appeared first on Република.

]]>
Банди се тепаат секој ден, затвореници шетаат слободно, а началникот на СВР-Тетово од ДУИ врши насилство и притисок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bandi-se-tepaat-sekoj-den-zatvorenitsi-shetaat-slobodno-a-nachalnikot-na-svr-tetovo-od-dui-vrshi-nasilstvo-i-pritisok/ Fri, 19 Apr 2024 12:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=768036

Криминалците и корумпираните на власт последниве денови го користат секој механизам за притисок врз граѓаните кои не ги поддржуваат или не излегуваат на собирите на ДУИ и нивниот Фронт. Оваа појава е уште поизразена во шестата ИЕ, соопштија денеска од коалицијата ВРЕДИ.

Повеќе од еден месец Тетово се претвори во град во кој бандите се борат меѓу себе среде бел ден, каде што затворениците слободно се движат. Додека одредени полицајци секојдневно ги притискаат граѓаните од шестата ИЕ, дури и преку телефонски јавувања, да излезат на митинзи на ДУИ и да гласаат за ДУИ на претстојните избори. Сето ова се случува откако ДУИ на незаконски начин, го држи на функција шеф на Секторот за внатрешни работи, Шефик Бајрами, кој е познат како злобната и одмаздничка рака на ДУИ. Граѓаните во Тетово се изразително потресени од криминалот и настаните што се случија во Тетово откако Шефик Бајрами незаконски беше именуван шеф на Секторот за внатрешни работи. Имајќи ги предвид секојдневните инциденти и случувања, директно го прашуваме министерот за внатрешни работи: Дали Секторот за внатрешни работи во Тетово и началникот Шефик Бајрами се под контрола на министерот за внатрешни работи? Дали ситуацијата и вработените во СВР Тетово се под контрола на началникот? Зошто началникот доброволно го прифати сопственото деградирање од функцијата ‘помошник директор’ во ‘началник на СВР Тетово’ и тоа само неколку дена пред формирањето на техничката влада?, се вели во соопштението.

Од друга страна, наведено е таму, ја прашуваме и ДУИ:

Министерот бара Владата да го разреши првиот човек на СВР – Тетово, но Владата незаконски го задржува на функцијата. Зошто? Која е улогата на началникот на СВР Тетово назначен од страна на ДУИ?! Што очекува власта од овој началник?! Да обезбеди безбедност за време на изборниот процес или или да контролира камионите на јавните претпријатија во Тетово и Гостивар?! Или да создаде паника и небезбедност кај граѓаните? Додека ДУИ ќе ни даде одговори на овие прашања, ние ќе им ги образложиме точните задачи на овој началник на СВР Тетово, именуван од страна на ДУИ! Снимките и фотографиите од собирите на ДУИ на социјалните мрежи и медиумите докажуваат дека овој началник има задача да менаџира со полицајците и полициските инспектори, одредувајќи кој треба да отиде во кој штаб на ДУИ треба да оди, имајќи ги лично под контрола тие полицајци дури и на собирите на ДУИ! Ви прикажуваме само дел од тие фотографии на кои можете лично да го видите првиот човек на СВР Тетово како се шета по партиски активности и врши притисок врз граѓаните но и врз вработените во полицијата. ОВИЕ СЕ САМО НЕКОЛКУ ФОТОГРАФИИ НА САМИОТ НАЧАЛНИК НА СВР ТЕТОВО И НА НЕКОИ ОД ИНСПЕКТОРИТЕ КОНТРОЛИРАНИ ОД НЕГО ВО НЕКОИ ШТАБОВИ НА ДУИ ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР, КАДЕ ПРИСУТНИ БИЛЕ И АРИФ АСАНИ И АРДИТ ЏАФЕ, кои, исто така, се советници во кабинетот на заминик министерот Назим Буши.

Овие фотографии, додаваат од ВРЕДИ, ќе ги испратиме до сите амбасади и релевантни меѓународни институции, за да имаат појасна слика за ситуацијата за време на кампањата и колку демократски и коректни ќе бидат изборите во регионот на Тетово и пошироко.

Но, уште еднаш испраќаме прашања до министерот за внатрешни работи: Што мислите господине министер, дали ќе имаме мирни и регуларни избори во 6-та изборна зона?! Дали треба да бидеме загрижени поради овој човек, кој што само се ‘омаловажи’ во Тетово, се случија убиства и инциденти и никој не го испрашуваше за одговорноста, напротив вие го штитите?! Или сакате целата изборна единица да ги оставите во рацете на ДУИ и на нејзините криминалци?, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

The post Банди се тепаат секој ден, затвореници шетаат слободно, а началникот на СВР-Тетово од ДУИ врши насилство и притисок appeared first on Република.

Не само малолетниците зад воланот, туку казна ќе добијат и оние што им го дале возилото на возење https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-samo-maloletnitsite-zad-volanot-tuku-kazna-ke-dobijat-i-onie-shto-im-go-dale-voziloto-na-vozene/ Wed, 20 Mar 2024 15:54:28 +0000 https://republika.mk/?p=756697

Во изминативе нешто повеќе од два и пол месеци од годинава, заклучно со денеска на поширокото тетовско подрачје вкупно се откриени и санкционирани 300 лица кои ги управувале возилата без претходно положен возачки испит и валидна дозвола, велат од СВР Тетово.

Триесетина од нив биле малолетници кои претежно управувале патнички моторни возила, сопственост на нивни родители или блиски. На сите им биле изготвени предвидените поднесоци со парична глоба од 250 евра во денарска, а со толкава глоба ќе се соочат и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека не го положиле теоретскиот и практичниот дел од возачкиот испит, велат од тетовската полиција.

Според нивните статистики, во истиот период на гостиварското подрачје адекватно биле санкционирани 115 лица без возачки дозволи, од кои 8 биле малолетници.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да не седнуваат зад управувачот беа возачки дозволи, не само кога станува збор за патнички или товарни возила, туку и мотоцикли кои во наредниот период ќе бидат се побројни на тетовските и гостиварските улици. Зашто, ќе се засилат планираните контроли и ќе се санкционираат сите оние кои без положен испит учествуваат во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје, велат оттаму.

The post Не само малолетниците зад воланот, туку казна ќе добијат и оние што им го дале возилото на возење appeared first on Република.

]]>

Во изминативе нешто повеќе од два и пол месеци од годинава, заклучно со денеска на поширокото тетовско подрачје вкупно се откриени и санкционирани 300 лица кои ги управувале возилата без претходно положен возачки испит и валидна дозвола, велат од СВР Тетово. Триесетина од нив биле малолетници кои претежно управувале патнички моторни возила, сопственост на нивни родители или блиски. На сите им биле изготвени предвидените поднесоци со парична глоба од 250 евра во денарска, а со толкава глоба ќе се соочат и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека не го положиле теоретскиот и практичниот дел од возачкиот испит, велат од тетовската полиција. Според нивните статистики, во истиот период на гостиварското подрачје адекватно биле санкционирани 115 лица без возачки дозволи, од кои 8 биле малолетници. Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да не седнуваат зад управувачот беа возачки дозволи, не само кога станува збор за патнички или товарни возила, туку и мотоцикли кои во наредниот период ќе бидат се побројни на тетовските и гостиварските улици. Зашто, ќе се засилат планираните контроли и ќе се санкционираат сите оние кои без положен испит учествуваат во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје, велат оттаму.

The post Не само малолетниците зад воланот, туку казна ќе добијат и оние што им го дале возилото на возење appeared first on Република.

]]>
Не договарајте трговски или угостителски услуги преку интернет, апелира СВР Тетово по зголемениот број на измами https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-dogovarajte-trgovski-ili-ugostitelski-uslugi-preku-internet-apelira-svr-tetovo-po-zgolemeniot-broj-na-izmami/ Tue, 12 Mar 2024 13:53:16 +0000 https://republika.mk/?p=754056

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел и предупредување до граѓаните од тетовско-гостиварското подрачје да бидат докрај внимателни кога стапуваат во телефонски или непосредни контакти со непознати лица, за деловни или други цели.

СВР Тетово посебно укажува да се избегнуваат е-контактите и нарачките на угостителски или трговски услуги, кои во најголем број се лажни и завршуваат со измама, а која претставува кривично дело казниво по член 247 од Кривичниот законик.

Во изминатите два и пол месеци годинава на ова подрачје вкупно пријавени се 11 измами (ТЕ-9 и ГВ-2), кои претежно се целосно расветлени, а сторителите се откриени, односно идентификувани и кои се и ќе бидат заокружени со соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.

The post Не договарајте трговски или угостителски услуги преку интернет, апелира СВР Тетово по зголемениот број на измами appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел и предупредување до граѓаните од тетовско-гостиварското подрачје да бидат докрај внимателни кога стапуваат во телефонски или непосредни контакти со непознати лица, за деловни или други цели. СВР Тетово посебно укажува да се избегнуваат е-контактите и нарачките на угостителски или трговски услуги, кои во најголем број се лажни и завршуваат со измама, а која претставува кривично дело казниво по член 247 од Кривичниот законик.
Во изминатите два и пол месеци годинава на ова подрачје вкупно пријавени се 11 измами (ТЕ-9 и ГВ-2), кои претежно се целосно расветлени, а сторителите се откриени, односно идентификувани и кои се и ќе бидат заокружени со соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.

The post Не договарајте трговски или угостителски услуги преку интернет, апелира СВР Тетово по зголемениот број на измами appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Однесувањето на премиерот Џафери кон вработените во МВР е недозволиво и несоодветно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-odnesuvaneto-na-premierot-dhaferi-kon-vrabotenite-vo-mvr-e-nedozvolivo-i-nesoodvetno/ Sat, 24 Feb 2024 18:41:35 +0000 https://republika.mk/?p=747938

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку соопштение реагира во однос на вчерашното видео кое се појави во јавноста, а на кое се гледа како техничкиот премиер Талат Џафери, ненајавено упадна во просториите на Отсекот за управни работи Тетово каде што во моментот овластените службени лица ги извршуваа своите работни задачи.

Како министер за внатрешни работи, а пред се како човек сметам дека секој вработен во МВР заслужува максимална почит, без оглед на неговата позиција во рамки на хиерархијата или било каква припадност и таа почит треба да биде изразена од страна на секого, независно дали е премиер, министер или извршува било каква друга функција. Таквото однесување на премиерот спрема вработените, особено спрема една колешка сметам дека е недозволиво, несоодветно и не доликува на човек кој извршува таква функција, а уште повеќе и поради фактот што таа жена според информациите што ги добив е сопруга на човек кој го дал својот живот во извршување на работни задачи, токму како припадник на Министерството за внатрешни работи, се наведува во реакцијата на Тошковски.

Воедно, тој бара од техничкиот премиер Џафери да се извини за неговото однесување во СВР Тетово.

Во таа насока сметам дека најмалку што може техничкиот премиер Талат Џафери да направи во овој момент е да се извини за ваквото однесување и во иднина да се воздржи од вакви постапки кои сигурно нема да придонесат за подобрување на работата на институциите, стои во реакцијата на министерот Тошковски.

Техничкиот премиер Џафери вчера беше во ненајавена посета во СВР Тетово и ги посети канцелариите каде што се поднесуваат барања и се врши фотографирање на граѓаните за лични карти, пасоши и возачи дозволи со новото уставно име на државата.

The post Тошковски: Однесувањето на премиерот Џафери кон вработените во МВР е недозволиво и несоодветно appeared first on Република.

Казната за предизвикување пожар е затвор, ги потсетува СВР Тетово граѓаните што деновиве си ги чистат нивите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kaznata-za-predizvikuvane-pozhar-e-zatvor-gi-potsetuva-svr-tetovo-graganite-shto-denovive-si-gi-chistat-nivite/ Thu, 08 Feb 2024 14:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=741832

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња и опушоци. Покрај ова, на оние кои деновиве ги чистат нивите, им се укажува да се воздржат од палење огнови, кои неизгаснати брзо можат да пламнат и да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и материјални и други последици од поголеми размери, на околни ниви, објекти и слично.

Зашто, во спротивно тие што од невнимание или намерно ќе предизвикаат пожар ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни пријави и затворски казни кои се движат од 6 месеци до 5, односно 8 години, зависно од видот на пожарот, околности и крајните последици, потсетуваат од СВР Тетово.

Додаваат дека деновиве преземаат координирани превентивни и други мерки, навреме да се пресретнат можните причини за пожари, особено во полето каде и се најчести овој месец, а ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје.

The post Казната за предизвикување пожар е затвор, ги потсетува СВР Тетово граѓаните што деновиве си ги чистат нивите appeared first on Република.

„Заклучувајте ги возилата, не оставајте ни очила за сонце во нив“: СВР Тетово ги предупредува туристите на Маврово и Попова Шапка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zakluchuvajte-gi-vozilata-ne-ostavajte-ni-ochila-za-sontse-vo-niv-svr-tetovo-gi-predupreduva-turistite-na-mavrovo-i-popova-shapka/ Mon, 22 Jan 2024 10:43:22 +0000 https://republika.mk/?p=735394

На зимско туристичките центри Маврово и Попова Шапка, посебно за викендите, зголемен е бројот на гостите и посетителите, а кои најчесто пристигнуваат со нивни возила, потсетуваат од Секторот за внатрешни работи Тетово од каде уште еднаш апелираат до сопствениците на возилата задолжително да ги заклучуваат и на седиштата да не оставаат вредни предмети, чанти, паричници, мобилни телефони, лаптоп компјутери, очила за сонце и друго, зашто, ваквите предмети се мета за крадци кои со оштетување на стаклата стигнуваат до целта.

На возачите им се советува, исто така, задолжително да поседуваат зимска опрема, што претставува и нивна законска обврска до 15-ти март годинава. Покрај тоа, им се укажува и на потребата да не ги оставаат возилата каде ќе стигнат и на тој начин да го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, туку исклучиво на наменски определените локации во овие два центри. Секторот за внатрешни работи Тетово и со апел сопствениците на возилата да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници кои секојдневно го регулираат сообраќајот на овие дестинации, со цел да се избегнат, односно превенираат можни поголеми мешаници со несакани последици, велат од СВР Тетово.

The post „Заклучувајте ги возилата, не оставајте ни очила за сонце во нив“: СВР Тетово ги предупредува туристите на Маврово и Попова Шапка appeared first on Република.

Се истепале полицајци во станицата во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-istepale-politsajtsi-vo-stanitsata-vo-tetovo/ Fri, 05 Jan 2024 11:42:57 +0000 https://republika.mk/?p=729994

Вчеравечер во 21:30 часот, Ф.Х.(44) од тетовското село Пирок во СВР Тетово пријавил дека околу 16 часот, пред влезот во дворот на СВР Тетово, физички бил нападнат од Д.Л.(39) од Тетово поради нивни претходни приватни недоразбирања.

Со двајцата полициски службеници на СВР Тетово, инволвирани во овој случај, извршен е службен разговор, велат од институцијата, додавајќи дека во расчистување на случајот вклучен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

The post Се истепале полицајци во станицата во Тетово appeared first on Република.

СВР Тетово ќе бара кој го вееше знамето со картата на „Голема Албанија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/svr-tetovo-ke-bara-koj-go-veeshe-znameto-so-kartata-na-golema-albanija/ Sat, 12 Aug 2023 19:33:08 +0000 https://republika.mk/?p=671489

Тетовската полиција најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на тн. Голема Албанија вчера на концертот во Тетово организиран за пречек на косовскиот премиер Албин Курти.

Оваа фотографија е поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук. На настанот беа и Иџет Меџити и Африм Гаши.

Пред концертот на публиката и се обратија и Албин Курти и Биљал Касами.

- Македонија треба да биде што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија која не се дистанцира ни од Милошевиќ, ни од Путин. Вака Македонија ќе биде што поблиску до зачленувањето во ЕУ, а нашиот регион на Балканот ќе биде побезбеден. Поради ова ние треба да и помагаме и ќе ја поддржиме Македонија, истакна од говорницата Албин Курти.

Претходно, во текот на вчерашниот ден Курти беше во посета на Општина Тетово, а потоа со градоначалникот Билал Касами заедно потоа го посетија планинското село Вејце. Двајцата се заложија за побрза изградба на патниот правец Тетово - Призрен кој би минувал низ Шар Планина.

The post СВР Тетово ќе бара кој го вееше знамето со картата на „Голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>

Тетовската полиција најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на тн. Голема Албанија вчера на концертот во Тетово организиран за пречек на косовскиот премиер Албин Курти. Оваа фотографија е поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук. На настанот беа и Иџет Меџити и Африм Гаши. Пред концертот на публиката и се обратија и Албин Курти и Биљал Касами. - Македонија треба да биде што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија која не се дистанцира ни од Милошевиќ, ни од Путин. Вака Македонија ќе биде што поблиску до зачленувањето во ЕУ, а нашиот регион на Балканот ќе биде побезбеден. Поради ова ние треба да и помагаме и ќе ја поддржиме Македонија, истакна од говорницата Албин Курти. Претходно, во текот на вчерашниот ден Курти беше во посета на Општина Тетово, а потоа со градоначалникот Билал Касами заедно потоа го посетија планинското село Вејце. Двајцата се заложија за побрза изградба на патниот правец Тетово - Призрен кој би минувал низ Шар Планина.

The post СВР Тетово ќе бара кој го вееше знамето со картата на „Голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>
Приведен агресивен 20-годишник од Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-agresiven-20-godishnik-od-tetovo/ Fri, 10 Feb 2023 09:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=607276

Вчеравечер околу 23 часот и 10 минути, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 20-годишниот тетовец Ш.Р. Тој се однесувал агресивно додека преземале службени дејствија.

Се расчистува и документира случајот и Ш.Р. ќе се соочи со поднесок, велат од СВР Тетово.

The post Приведен агресивен 20-годишник од Тетово appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер околу 23 часот и 10 минути, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 20-годишниот тетовец Ш.Р. Тој се однесувал агресивно додека преземале службени дејствија. Се расчистува и документира случајот и Ш.Р. ќе се соочи со поднесок, велат од СВР Тетово.

The post Приведен агресивен 20-годишник од Тетово appeared first on Република.

]]>
Уценувачи се претставуваат како полицајци, велат дека имаат компромитирачки педофилски материјали против вас https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/utsenuvachi-se-pretstavuvaat-kako-politsajtsi-velat-deka-imaat-kompromitirachki-pedofilski-materijali-protiv-vas/ Tue, 10 Jan 2023 11:37:11 +0000 https://republika.mk/?p=595346

Предупредување дека се можни жртви на измама денеска испрати до јавноста СВР Тетово по неколкуте пријави до нив дека граѓани и правни лица добивале наводни пораки од српско Министерство за внатрешни работи. Од граѓаните било барано да ги контактираат испраќачите со цел да не бидат регистрирани како сексуални престапници.

-Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните дека во последно време до физички и правни лица од тетовско-гостиварското подрачје зачестено се испраќаат пораки од лица кои во пораките им се претставуваат како наводни функционери на српското Министерство за внатрешни работи и ги известуваат дека против нив се покренати наводни судски постапки за педофилија, сајбер порнографија или други кривични дела. Покрај ова, во испратените пораки од нивните приматели се бара во рок од 72 часа да контактираат со испраќачите за да не бидат процесуирани кај Јавен обвинител, да не бидат регистрирани како сексуални претстапници и да не бидат медиумски експонирани, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Граѓаните да не ги отвораат ваквите пораки, апелира СВР Тетово, а ако веќе ги отвориле, да се обратат во најблиската полициска станица за преземање соодветни мерки.

The post Уценувачи се претставуваат како полицајци, велат дека имаат компромитирачки педофилски материјали против вас appeared first on Република.

Во CV има само две години искуство и сопруга пратеничка од СДСМ – како од пумпаш се станува началник во СВР Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-cv-ima-samo-dve-godini-iskustvo-i-sopruga-pratenichka-od-sdsm-kako-od-pumpash-se-stanuva-nachalnik-vo-svr-tetovo/ Fri, 16 Dec 2022 08:18:13 +0000 https://republika.mk/?p=586295

Сериозна епидемија на непотизам во СВР Тетово, алармираат од Левица, објавувајќи дека сопругот на пратеничката од СДСМ Фаница Николовска, Јованче Николовски со само 2 години работно искуство е назначен за началник на ОКРА во СВР Тетово од страна на Оливер Спасовски.

Имено за таа позиција, втора по хирархија во СВР Тетово, е потребно 6 години работно искуство!
Но, дотичната пратеничка си го вработи својот сопруг според "сите протоколи за вработување во рамките на законските прописи".
Јованче со своето долгогодишно искуство како обичен пумпаш, стана началник во СВР Тетово. Со среќа!
Обвинувате други за непотизам а за својот не одговарате!, потенцираат од Левица.

The post Во CV има само две години искуство и сопруга пратеничка од СДСМ – како од пумпаш се станува началник во СВР Тетово appeared first on Република.

]]>

Сериозна епидемија на непотизам во СВР Тетово, алармираат од Левица, објавувајќи дека сопругот на пратеничката од СДСМ Фаница Николовска, Јованче Николовски со само 2 години работно искуство е назначен за началник на ОКРА во СВР Тетово од страна на Оливер Спасовски.
Имено за таа позиција, втора по хирархија во СВР Тетово, е потребно 6 години работно искуство! Но, дотичната пратеничка си го вработи својот сопруг според "сите протоколи за вработување во рамките на законските прописи". Јованче со своето долгогодишно искуство како обичен пумпаш, стана началник во СВР Тетово. Со среќа! Обвинувате други за непотизам а за својот не одговарате!, потенцираат од Левица.